Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кристијан Ландов

media-libraryl5r8ekvdotj1cSZCEQ4

Завршена евакуацијата: 605 македонски државјани извлечени од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека денеска е планирано реализирање на третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, кој воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонски државјани од погодените земји од Блискиот Исток.Претходно беа реализирани евакуациски летови од Шарм ел Шеик и Ријад, како дел од координираните активности за враќање на граѓаните во земјава.Според најавите, авионот треба да полета во 16 часот по локално време, а пристигнувањето на Меѓународниот аеродром во Скопје е предвидено во 20:10 часот. За летот се пријавени вкупно 147 патници, од кои 119 се македонски државјани, а 28 се странски државјани.Со реализацијата на денешниот лет, вкупниот број евакуирани македонски државјани ќе достигне 605.Од Министерството потенцираат дека безбедноста на граѓаните останува највисок приоритет, нагласувајќи дека евакуацијата на сите македонски државјани кои изразиле интерес за враќање е целосно завршена.Воедно, информираат дека дежурниот СОС телефонски број, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму остануваат достапни за македонските граѓани.

Македонија | пред 6 минути

soobrakajka-5001

Робија од пет години доби Викторија, која во сообраќајка го усмрти Марјан возејќи во спротивен правец, па избега во Германија

Пет години робија доби Викторија З., која во 2025 година предизвика сообраќајка со тешки последици на патот Кавадарци-Неготино, каде загина Марјан Петровски од Велес. Таа од ноември минатата година е избегана во Германија, каде е уапсена и ќе биде екстрадирана.Таа несреќата ја стори на 18 години, а пресудата е правосилна бидејќи адвокатот кој и е поставен по службена должност не поднел жалба до Апелација. Според истата, таа не возела внимателно и возела во спротивен правец. Испитувањата не покажале дека била алкохолизирана ил под дејство на опијати.Во несреќата животот го загуби 40-годишниот Марјан, кој во автомобилот беше со две лица.

Македонија | пред 9 минути

media-libraryjnv0ee90ju848iMOaZx

Кабинетот на Нетанјаху објави фотографија: „Ова е моментот кога се наредени ликвидациите“

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави фотографија за која тврди дека го прикажува премиерот во моментот кога наредува ликвидација на високи ирански функционери.Според израелските власти, во нападот врз Техеран изведен претходната вечер била таргетирана и ликвидирана клучна фигура во иранскиот безбедносен апарат. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека во нападот е убиен Али Лариџани, претседател на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Израелски воен претставник потврди за Би-Би-Си дека Израелските одбранбени сили го имале Лариџани како конкретна цел на операцијата.Кратко по објавувањето на овие информации, на канал на платформата Телеграм што се поврзува со Лариџани беше објавена рачно напишана порака по повод погребот на загинати припадници на иранската морнарица.Во истиот напад е убиен и Голам Реза Солeјмани, кој шест години беше на чело на иранската паравоена формација Басиж. Оваа формација со години е обвинувана за задушување на протести, прогон на опозициски активисти и употреба на сила против цивили.Израелската армија соопшти дека десетици борбени авиони учествувале во координирани напади врз повеќе цели во Техеран, Шираз и Тебриз. Во главниот град биле погодени командни центри на иранските безбедносни сили, вклучително објекти на Министерството за разузнавање и бази на милицијата Басиж.Цел на нападите биле и локации за складирање и лансирање беспилотни летала и ракети, како и системи за противвоздушна одбрана. Според израелската армија, во Шираз бил погоден штаб на иранската внатрешна безбедност и складиште за ракети, додека во Тебриз биле уништени системи за противвоздушна одбрана.

Свет | пред 18 минути

media-library9hgvvo1eq8ub52ZiCEb

Лажна несреќа, вистинска измама: Се претставил како инспектор и измамил жена за илјадници евра

Полициската станица од општа надлежност Прилеп поднесе кривична пријава против М.А. (46) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 4 ноември 2025 година, пријавениот измамил жена од Прилеп, одземајќи 2.000 евра и 1.000 американски долари. Тој лажно се претставил како инспектор во странство и ѝ соопштил дека нејзините внуци биле вмешани во сообраќајна несреќа во која загинало дете.Со цел да ја доведе во заблуда, побарал пари за наводно да издејствува ослободување на нејзиниот внук од кривична одговорност и избегнување затворска казна. Жената, верувајќи во изнесеното, ги оставила парите на претходно договорена локација.По преземени оперативни мерки од страна на полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција, осомничениот е лишен од слобода, а од надлежен судија му е определена мерка притвор.

Македонија | пред 43 минути

media-libraryuplk2n188a6j0zQBtCh

(Видео) Пожртвуваноста не се заборава: По 40 часа спасување животи – Делчево со траен белег за Иле Гоцевски, херојот од Кочани

Општина Делчево ќе уреди парк во чест на Иле Гоцевски, возач во Итната медицинска помош во Кочани, кој почина по повеќечасовна исцрпувачка работа при спасување на повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Истовремено, веќе е поставена и спомен-плоча во негова чест, информираше градоначалникот Иван Гоцевски.Тој посочи дека Иле Гоцевски бил меѓу првите на теренот утрото на 16 март, кога се одвивала драматичната борба за спас на младите повредени. По 40 часа непрекината, напорна и трауматична работа, Гоцевски починал на 17 март во својот дом.„Со длабока почит се сеќаваме на нашиот сограѓанин, кој беше на првата линија во спасувањето животи. Во негова чест поставивме спомен-плоча веднаш до влезот на Итната медицинска помош во Делчево – место што ќе нè потсетува на неговото тивко херојство“, наведува градоначалникот.Според него, Гоцевски во текот на интервенциите дури 11 пати возел до Клиничкиот центар во Скопје, помагајќи не само во транспортот, туку и во пронаоѓањето и идентификацијата на повредените деца.„Неговата пожртвуваност е симбол на хуманоста и наша обврска е да го чуваме споменот на неговото дело. Тој ќе остане запаметен како ‘херојот од нашето маало’ – човек кој спасувал животи“, истакнува Гоцевски.Во негова чест, во дворот на Здравствениот дом во Делчево ќе се уреди парк што ќе го носи неговото име, како траен белег за идните генерации и сведоштво за пожртвуваноста и професионалноста во спасувањето човечки животи.

Настани | пред 47 минути

kili-intervju-02-602x3201

Театарската сцена се простува од Кили: последна почит во МНТ

Утре во 11 часот во просториите на Македонскиот народен театар во Скопје ќе се одржи комеморативен собир во чест на актерот Кирил Поп Христов – Кили. На настанот, неговите најблиски, колеги и почитувачи на театарската уметност ќе имаат можност достоинствено да се простат и да му оддадат последна почит.Од театарот посочуваат дека Поп Христов зад себе остава значајно уметничко наследство, обележано со силна сценска енергија, препознатлив актерски израз и посебна топлина што ја носеше во секоја своја улога. Неговата непосредност, духовитост и човечност, наведуваат од МНТ, го направија не само впечатлив уметник, туку и ценет колега кој со искрена посветеност ја споделуваше љубовта кон театарот.Кирил Поп Христов – Кили почина на 11 март во Еквадор на 58-годишна возраст. Роден е на 30 јули 1967 година во Скопје, а дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година.Својот професионален пат најмногу го врза за сцената на Македонскиот народен театар, каде работеше од 1993 до 2014 година. По неколкугодишна пауза, во 2018 година повторно се врати на истата сцена. Со својот талент, харизма и сценско присуство, Поп Христов остави длабока и трајна трага во македонската театарска и филмска уметност.

Македонија | пред 54 минути

media-librarycfubpv6eb7drcU99KXl

(Видео) Систем што испукува 4.500 куршуми во минута – одбраната на амбасадата во Багдад

Небото над Багдад ноќе повремено се осветлува од густите траги на светлечки куршуми, дел од одбранбениот систем што го штити комплексот на американската амбасада од ракетни и минофрлачки напади.Во центарот на овој систем, познат како Ц-РАМ, се наоѓа 20-милиметарски топ од типот „Гатлинг“, способен да испука до 4.500 куршуми во минута. Системот претставува интегрирана платформа која комбинира радарски уреди, сензори и комуникациски модули за брзо откривање и неутрализирање на заканите.Ц-РАМ, што значи систем за противракетна, противартилериска и противминофрлачка одбрана, е поставен на мобилна платформа тешка околу 35 тони, што овозможува негово релативно брзо преместување и оперативна флексибилност на терен.Според производителот „Џенерал Дајнамикс“, муницијата што ја користи овој систем е комбинирана – пробојна и високоексплозивна, што овозможува дејствување против воздушни и копнени цели на растојание до 2.000 метри. Куршумите имаат и механизам за самоуништување во случај да не ја погодат целта, со цел да се намали ризикот од несакана штета.Копнената верзија на системот е изведена од морнаричкиот систем „Фаланкс“, кој се користи како последна линија на одбрана на воените бродови од крстосувачки ракети и други закани. Овој систем привлече внимание и во 2024 година, кога беше искористен за соборување на проектил во Црвеното Море.Според податоците, копнената варијанта на Ц-РАМ е употребена илјадници пати за заштита на американските бази во Ирак и Авганистан, а првпат била распоредена во Ирак во 2004 година.

Свет | пред 55 минути

media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Шефот на Меѓународната поморска организација повика: Бродовите да не пловат низ Ормутскиот теснец

Челникот на Меѓународната поморска организација, Арсенио Домингез, ги повика бродските компании да се воздржат од испраќање пловни објекти низ Ормутскиот теснец, предупредувајќи дека ниту воената придружба не може целосно да ја гарантира нивната безбедност.Во изјава за „Фајненшл тајмс“, Домингез посочи дека воената заштита не претставува долгорочно и одржливо решение за нормализирање на пловидбата низ овој стратешки важен морски коридор.Ормутскиот теснец, низ кој поминуваат околу 20 проценти од светските количини на нафта и течен природен гас, останува во голема мера затворен, што веќе влијае врз растот на цените на енергенсите и ги засилува стравувањата од инфлација на глобално ниво.Затворањето на теснецот предизвикува и сериозни нарушувања во синџирите на снабдување, принудувајќи компаниите на скапи и итни алтернативи, како пренасочување на товарот, копнен транспорт и спречување на расипување на лесно расипливи производи.Домингез предупреди дека бродскиот сектор станува „колатерална штета“ на конфликтот, нагласувајќи дека причините за кризата немаат директна врска со поморството. Тој изрази загриженост и за бродовите заглавени во Персискиот Залив, каде на екипажите им недостигаат храна и основни залихи.Советот на Меѓународната поморска организација ќе одржи вонредна седница во Лондон, на која ќе се разгледуваат последиците од конфликтот на Блискиот Исток врз поморството и безбедноста на морнарите.„Апелирам до операторите да не пловат и да не ги изложуваат на ризик ниту екипажите, ниту бродовите“, порача Домингез.

Свет | пред 57 минути

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Иран: Ормутскиот теснец никогаш повеќе нема да биде ист

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Калибаф, изјави дека Ормутскиот теснец, еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта, влегува во нова фаза на нестабилност и дека безбедносната состојба повеќе не може да се врати на претходното ниво.Во телевизиско интервју, Калибаф нагласи дека американските бомбардери и борбени авиони не се способни да ги уништат иранските капацитети за производство на оружје, и покрај честите напади врз воени цели од почетокот на конфликтот.„Ормутскиот теснец повеќе не може да биде како порано, ниту да се врати во поранешната состојба. Безбедност повеќе нема“, изјави Калибаф, додавајќи дека причината за тоа е, како што рече, американското и израелското присуство во регионот на Персискиот Залив.Тој посочи дека Иран извлекол поуки од минатогодишниот дванаесетдневен конфликт и значително ги изменил своите воени системи и дизајнот на ракетните лансери.„Тие мислат дека можат да ги уништат нашите постројки со бомбардери, но не знаат дека целосно го сменивме нивниот дизајн“, рече Калибаф.Иран, според него, нема да попушти под притисок и нема да се предаде, а крајот на конфликтот ќе донесе промени во регионот кои нема да бидат во согласност со интересите на Соединетите Американски Држави.„Кога војната ќе заврши, лицето и поредокот на Блискиот Исток ќе се променат, но нема да се случи ништо што Америка го посакува“, изјави Калибаф, додавајќи дека исламските земји ќе воспостават сопствен регионален поредок и безбедносен систем.Тој исто така оцени дека единственото што го постигнале САД и Израел е убиството на поранешниот врховен лидер Али Хамнеи, но, како што рече, системот не се распаднал и бил наследен од ново раководство.

Свет | пред 1 час

media-libraryuqumnfftt5cq4MSIpcu

(Видео) Иранската Револуционерна гарда му се потсмева на Трамп: „Војната не се добива со твитови“

Портпаролот на иранската Револуционерна гарда, Ебрахим Золфагари, испрати порака на англиски јазик упатена до американскиот претседател Доналд Трамп, во која отворено ги исмева неговите јавни настапи на социјалните мрежи.„Исходот на војната се одредува на терен, а не со твитови. Токму таму каде што вие и вашите сили не се осмелувате ни да се приближите, а за тоа можете само да зборувате на социјалните мрежи“, порача Золфагари. Тој додаде дека конфликтот повеќе прилега да се нарече „епски страв“ отколку „епски гнев“.Иранската Револуционерна гарда претставува елитна гранка на вооружените сили на Иран, формирана по исламската револуција во 1979 година како паралелна безбедносна структура покрај редовната армија. Првично нејзината улога била заштита на револуционерната власт, но со текот на времето израсна во влијателен систем со силно присуство во безбедносниот сектор, политиката и економијата.Командантот на гардата директно одговара пред врховниот верски лидер на Иран, а организацијата има значително влијание во повеќе сектори, вклучително градежништво, телекомуникации, автомобилска индустрија и енергетика. Во нејзин состав делува и формацијата Басиж, која беше ангажирана во задушување на антивладините протести во 2009 година.Во 2019 година, администрацијата на Трамп ја прогласи Револуционерната гарда за терористичка организација. Како одговор, Иран ги означи САД како „државен спонзор на тероризмот“, а американските сили во регионот како терористички групи.Револуционерната гарда и понатаму се смета за сериозна безбедносна закана од страна на американските сојузници на Блискиот Исток. Бахреин и Саудиска Арабија ја ставија на листата на терористички организации во 2018 година, додека Европската Унија го направи тоа оваа година, по насилното задушување на протестите во Иран.

Свет | пред 1 час

media-library9j0sjc808gv13jOtLM8

Запален џипот на градоначалникот Курто Дудуш од Шутка

Автомобилот кој го управувал градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, а е сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска, бил запален во текот на ноќта, дознава „Скопје1“.Според нашите информации, ова се случило околу 3 часот по полноќ, а постои и снимка од подметнувањето на пожарот.Неофицијално, сигурносни камери го забележале маскираното лице кое истурило течност на возилото, по што се запалило. Ова го забележале сопствениците на возилото.Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.Увид направила полицијата.

Скопје | пред 1 час

media-libraryk2rhrdf4kass4CNcJgW

Охрид добива нови авиолинии: директни летови до Братислава и Милано

Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ до Братислава, а од 29 март ќе биде воспоставена и нова линија до Милано. Ова го соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски преку објава на социјалните мрежи.Тој нагласи дека развојот на авиосообраќајот е еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт, при што преку конкретни политики и мерки се работи на унапредување на цивилниот авиосообраќај и проширување на мрежата на дестинации.„Остануваме силно посветени на унапредување на авиосообраќајот, со цел развој и подобро поврзување на Македонија со големите европски центри“, посочи вицепремиерот.

Охрид | пред 1 час

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп: Израел никогаш не би употребил нуклеарно оружје против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Израел би употребил нуклеарно оружје во евентуален конфликт со Иран, и покрај тоа што оваа држава никогаш официјално не признала дека поседува таков арсенал.Во изјава за новинарите, Трамп беше запрашан за ставовите на неговиот советник Дејвид Сакс, кој во еден подкаст изнел претпоставка дека Израел би можел да ја ескалира војната и да размисли за употреба на нуклеарно оружје. Трамп на тоа одговори дека такво сценарио е малку веројатно.„Израел тоа не би го направил. Израел никогаш не би го направил“, изјави Трамп.Израел со години води политика на намерна нејасност кога станува збор за неговата нуклеарна програма, избегнувајќи директна потврда или негирање на постоењето на нуклеарно оружје. Високи израелски претставници во повеќе наврати истакнале дека земјата нема да биде првата на Блискиот Исток што ќе употреби нуклеарно оружје.Според проценките на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм, Израел располага со околу 90 нуклеарни боеви глави.

Свет | пред 1 час

media-library1n74ta7gag2r6xMwa6Q

Израел удри во срцето на иранските безбедносни сили, убиен Голам Реза Солeјмани

Израел ликвидирал командант на Басиж во Техеран, погодени и безбедносни центри и воени капацитетиКомандант на иранските сили Басиж, Голам Реза Солeјмани, е убиен во прецизен воздушен напад извршен од израелските сили во Техеран. Тој шест години се наоѓал на чело на оваа паравоена формација која делува во рамки на иранскиот безбедносен систем.Израелската армија соопшти дека десетици борбени авиони учествувале во координирани напади изведени врз повеќе цели во Техеран, Шираз и Тебриз. Според нивните информации, во главниот град биле погодени командни центри на иранските безбедносни структури, вклучително и објекти на Министерството за разузнавање и бази на Басиж.Цел на нападите биле и локации за складирање и лансирање беспилотни летала и ракети, како и системи за противвоздушна одбрана.Израелската армија наведе дека во Шираз бил погоден штаб на иранската внатрешна безбедност и складиште за ракети, додека во Тебриз биле уништени системи за противвоздушна одбрана.

Свет | пред 1 час

islam-abazi-2

Кои се кандидатите: Двајца од СЈО, тројца од Скопско и пет бараат реизбор за да гонат организиран криминал кај Абази

Двајца обвинители кои беа во згаснатото СЈО, а сега се во Вишото скопско обвинителство, и тројца обвинители од скопското Обвинителство, заедно со пет актуелни обвинителки од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, се борат за мандат во ова обвинителство. За пет места пријавени се десет обвинители. Непознато е дали изборот ќе се направи утре (среда), бидејќи истиот ден треба да се избере новиот републички обвинител, Ненад Савески. Во спротивно, ќе треба на седницата да присуствува и да бира в.д. обвинителката.Во трката за нов мандат во Обвинителството за гонење организиран криминал влегува Марија Ѓоргева, позната како внука на пензионираниот претседател на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев. Таа го презема и го водеше случајот „Ликвидација“ против новинарот Томислав Кежаровски. Во кариерата ѝ се впишува искуството како стручен соработник во Кривичниот суд, па виш соработник во друг суд.Нов мандат бара и Валентина Беслимовска, која од приправник во Граѓанскиот суд станала обвинител во скопското Обвинителство. Во 2022 година беше негативно оценета од Русковска, па потоа реоценета и избрана во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Таа во 2018 година го смени обвинението за „Поткуп“ против Заев. Беслимовска подолго време е на боледување, а на нејзино место предметите ги застапува друг обвинител.Енѓелуше Кадриу-Леши е позната по тоа што се кандидираше за шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по што ја повлече кандидатурата, а функцијата ја доби актуелниот шеф Ислам Абази. Таа во декември 2024 година беше избрана за заменик-член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.Ивана Алексова-Трајчева ги работеше предметите против Драги Рашковски, кој беше генерален секретар во Владата на Заев, а го гонеше и Исмет Гури од ДУИ, кој беше заменик-управник во УЈП. Пред суд ги застапуваше предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“. Моментално е шефица на полициското одделение во Обвинителството и покрена три обвиненија против полицајци и началници за трагедијата во кочански „Пулс“.Сузана Мирческа-Кузмановска е исто така меѓу кандидатите. Таа ја гонеше ексдиректорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова. Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција има од прилика 4 мандати. Во јавните архиви со нејзинот име нема известувања за предметите кои ги водела, а може да се најде само коментар за тоа дека корупцијата најтешко се докажува.Меѓу кандидатите се и двајцата виши обвинители Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои пред да бидат избрани во Вишото скопско обвинителство дојдоа токму од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Овие обвинители беа дел и од згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО).Тројцата останати обвинители доаѓаат од Скопското обвинителство.Александар Маркоски, познат како Брада, го застапуваше предметот против Васил Јовановски, кој ја усмрти Фросина на пешачки премин кај Универзална. Нема други случаи од висок јавен интерес за кои е известувано во медиумите.Обвинителката Ана Гоговска-Јакимовска го води случајот „Онкологија“, каде обвинети се доктори заедно со ексдиректорот на установата. Нема други случаи од висок јавен интерес за кои е известувано во медиумите.И обвинителката Ана Стојановиќ-Димитровска сака да гони организиран криминал. Таа беше една од двете обвинителки кои го водеа случајот за малата Вања, истрага која беше мета на многу критики од страна на правници.Мандатот на обвинителите во ова обвинителство е четири години, а со него раководи обвинителот Ислам Абази.Пред половина година мандат во ова обвинителство добија и обвинителките Наташа Поп-Трајкова и Катерина Коларевиќ.

Македонија | пред 1 час

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

Серија напади низ Скопје – малолетници, соседи и сообраќајни расправии

Полицијата регистрирала повеќе одвоени случаи на физички напади и нарушување на јавниот ред и мир на различни локации во Скопје.И.Б. (42) пријавил дека бил физички нападнат од лице со иницијали Н.Н. на подрачјето на Центар.Во Аеродром, М.Б. (22) од Битола, Б.Ќ. (23) од Струмица и Б.С. (20) од Скопје пријавиле дека биле физички нападнати од група малолетници кои ги гаѓале и со јајца.На подрачјето на Чаир, Р.С. (56) пријавил дека неговиот 16-годишен син бил нападнат со остар и тврд предмет од друг малолетник.Во селото Црешево, пак, по претходно недоразбирање дошло до физичка пресметка помеѓу И.Ц. (35), А.Ц. (40) и Б.Ц. (71), при што биле употребени и тврди предмети.Дополнително, во Кисела Вода Б.В. (38) пријавил дека бил нападнат со тврд предмет од неговиот сосед Е.Н. (50), додека на подрачјето на Ѓорче Петров Б.С. (46) пријавила дека била физички нападната од Е.Т. (38) по недоразбирање во сообраќајот.По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 1 ден

media-library05ol27tftfj1crMAwXz

Закани со пиштол во Штип

На 14 март 2026 година во 20:15 часот во СВР Штип, В.Х. (42) од Штип пријавил дека на 11 март, по претходно недоразбирање, лицето С.П. од Штип му упатило закани со огнено оружје.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Кривична пријава за маж од Крива Паланка кој ѝ се заканувал на партнерката

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела кривична пријава против И.М. (50) од Крива Паланка поради сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста“.Според пријавата, на 21 февруари 2026 година во стан во Крива Паланка, тој се обидел физички да ја нападне својата вонбрачна партнерка и ѝ упатувал закани со остар предмет.При обид да се одбрани, жената се повредила.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Тешка сообраќајна несреќа на патот кон граничниот премин „Дојран“

На 15 март 2026 година во 03:48 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат 1105, пред граничниот премин „Дојран“, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки излетало од коловозот.Возилото го управувал Г.А. (55) од Нов Дојран, кој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди. Повредите му биле констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија.За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Македонија | пред 1 ден

apsenje

Полицијата уапси четири лица со наркотични супстанци во главниот град

Во текот на ноќта меѓу 14 и 15 март 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода четири лица на различни локации во главниот град поради поседување наркотични супстанци.Приведени се Е.И. (20), В.Н. (26) и 17-годишен малолетник, сите од Скопје, како и А.Р. (27) од Штип. Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, како и грутчеста и прашкаста материја.По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 1 ден

media-libraryrghkitqrlkr5ebIrDx5

(Видео) Хари Стајлс им одговори бакна маж во живо

Поп-ѕвездата Хари Стајлс во најновото издание на „Saturday Night Live“ се осврна на обвинувањата за т.н. „queerbaiting“ и тоа на начин што веднаш го крена студиото на нозе – со бакнеж со маж пред публика, во живо.Во монологот Стајлс со иронична дистанца зборуваше за периодот во кој дел од фановите, следејќи го неговиот сценски стил и јавен имиџ, го обвинуваат дека намерно остава нејаснотии околу сопствената сексуалност за да привлече внимание. Тој, пак, ја сврте целата тема во комедија – потсетувајќи дека никој не може да знае „сè“ за него само од она што го гледа однадвор.Кулминацијата дојде во скеч поврзан со неговиот нов албум, при што на сцената му се придружи комичарот и актер Бен Маршал. По кратка размена на реплики, Стајлс му пријде и го бакна Маршал, а потоа целата сцена ја „запечати“ со поента на сопствена сметка – дека токму тоа, во рамки на шегата, е „queerbaiting“.Во истата епизода беше споменато и дека Стајлс неодамна го објави својот четврти соло-албум „Kiss All the Time. Disco, Occasionally.“, а во изјава за медиуми зборуваше за поголема отвореност и подготвеност да им каже „да“ на нови искуства – пристап што, барем на сцената на „SNL“, го претвори во централна порака и во главна шега на вечерта.

Магазин | пред 1 ден

kazni-policija-policaec

Алкохол, возење без дозвола и забрана: 13 возачи приведени во еден ден

Полициски службеници на Министерство за внатрешни работи на Македонија вчера на подрачјето на целата држава лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило.Според МВР, четворица возачи од Скопје, Свети Николе, Радовиш и Богданци управувале возила под дејство на алкохол. Шест возачи од Скопје, Македонски Брод, Гостивар и Струга возеле без да поседуваат возачка дозвола, додека двајца возачи од Кичево управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување.Во еден случај во Скопје бил запрен возач кој управувал такси возило без да поседува возачка дозвола, при што вршел превоз на патници.Полицијата соопшти дека во два од случаите возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни незгоди. Лице од Свети Николе со измерени 1,96 промили алкохол во крвта удрило во бетонски ѕид, додека возач од Богданци со 1,99 промили алкохол излетал од патот.Од МВР информираат дека биле одземени шест возила, а по целосното документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Министерството апелира дека безобѕирното управување со возило, особено под дејство на алкохол, без возачка дозвола или и покрај изречена забрана, претставува сериозно прекршување на законите и директна закана за безбедноста во сообраќајот. Полицијата најави дека ќе продолжи со засилени контроли и доследна примена на законските мерки.

Македонија | пред 1 ден

media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW

Пентагон демантира: „Авраам Линколн“ е оперативен, тврдењата на иранската Револуционерна гарда – „рециклирани лаги“

Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека ударната група на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ продолжува да дејствува во регионот и ги оцени како невистинити тврдењата на иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (IRGC) дека бродот бил „онеспособен“.Во реакција објавена на платформата Икс, од CENTCOM наведуваат дека станува збор за повторување на претходни, веќе пласирани тврдења, оценувајќи дека IRGC „рециклира лаги“ и дека со новите наводи си противречи со други сопствени изјави.Според американската страна, ударната група на „USS Abraham Lincoln“ останува ангажирана во актуелното распоредување, во време кога Вашингтон го засилува военото присуство на Блискиот Исток поради ескалацијата на регионалните тензии.Покрај „Линколн“, во поширокиот регион дејствува и носачот на авиони „Џералд Форд“, а американските медиуми известуваат и за испраќање дополнителни сили во Персискиот Залив.Во таа рамка се споменува и можноста за пристигнување на амфибиска група со неколку илјади маринци и морнари, како и приклучување на амфибискиот јуришен брод „Tripoli“ кон веќе распоредениот контингент.

Свет | пред 1 ден

media-library2abvppvc32k80wxTyrs

Анкета во Унгарија: мнозинството се против влез на Украина во ЕУ и имаат недоверба кон Зеленски

Мнозинството возрасни граѓани во Унгарија се против приклучување на Украина кон Европската унија и имаат изразено негативен став кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, покажуваат резултати од најнова анкета објавена на 15 март 2026 година.Истражувањето е спроведено на почетокот на март од Институтот „Незопонт“ во соработка со јавната медиумска компанија МТВА. Според презентираните наоди, 64% од испитаниците изразиле негативно мислење за Зеленски.Во истиот контекст, 79% од анкетираните негативно ја оцениле наводната „закана“ што Зеленски ја упатил кон унгарскиот премиер Виктор Орбан. Одделно, податоците укажуваат дека 35% се противеле на истрага за тоа како Украина располагала со средствата добиени како помош.Анализата наведува и значајни разлики во перцепцијата зависно од партиската припадност. Кај гласачите на владејачката партија „Фидес“ и кај поддржувачите на „Ми Хазанк“ доминира отфрлање на споменатата „закана“, додека кај гласачите на опозициската „Тиса“ ставовите биле поделени, со наведување дека мнозинството од нив гледале позитивно на потегот.Во изјавата што ја пренесуваат унгарските медиуми, се посочува и дека меѓу гласачите на „Тиса“ има пошироко позитивно расположение кон Украина, поради што партиското раководство настапува внимателно во прашањата што, според оценките, може да имаат долгорочно влијание врз внатрешнополитичките приоритети и надворешната позиција на земјата.Анкетата дополнително нотира дека значителен дел од испитаниците сметаат оти унгарската држава треба да преземе конкретни мерки и да инсистира на проверка на начините на кои се користат средствата што Украина ги добива како помош.

Свет | пред 1 ден

media-librarykq3gs2lb45i4fI1OI4z

Политички препукувања го блокирале правосудниот испит, тврди Левица

Од Левица обвинија дека стотици млади правници се оставени во неизвесност поради, како што велат, неодговорност на Министерството за правда на Северна Македонија и министерот Игор Филков.Според партијата, иако постојат јасни законски процедури за организирање на правосудниот испит, кандидатите кои навремено се пријавиле и ги уплатиле потребните средства не добиле можност да полагаат во февруарската испитна сесија, која требало да се одржи од 2 до 20 февруари 2026 година.Од Левица велат дека до денес нема официјално образложение зошто Министерството не ја формирало Комисијата за полагање на правосудниот испит, без која, како што посочуваат, самата постапка не може ни да започне.Партијата тврди дека наместо институционална одговорност, јавноста сведочи на меѓупартиски препукувања во рамки на Владата, додека младите правници остануваат, како што наведуваат, заложници на политичките калкулации.Дополнително, според нив, под знак прашање е доведена и априлската испитна сесија. Пријавувањето за неа требало да започне на 1 март и да трае до 15 март, но тоа, како што тврдат, не се случило.Од Левица оценуваат дека ваквата состојба отвора сериозни дилеми за функционирањето на системот за влез во правосудните професии и бараат Министерството за правда и Владата итно да дадат одговор зошто не е формирана комисијата, кога ќе се организира пропуштената испитна сесија и како ќе се надомести штетата за младите правници.

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања