„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Кристијан Ландов

media-libraryp7gaduiomondeWRp1zE

Во Македонија 31 пожар за едно деноноќие – два сѐ уште активни

До утрово, 19 септември 2025 година, во 07:00 часот, на територијата на Република Македонија се евидентирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Од нив, два се сѐ уште активни, два се ставени под контрола, додека 27 се целосно изгаснати.Активни пожари има во општина Гази Баба, во атарот на селото Виниче (место викано Муратица), каде што гори нискостеблеста шума, како и во општина Гевгелија, на Кожуф планина, во близина на селото Петрово, каде е зафатена букова шума.Под контрола се пожарите на депонијата „Дрисла“ во општина Студеничани и на депонијата „Острец“ во Делчево, каде што гореше отпад.Истовремено, во изминатите 24 часа целосно се изгаснати 27 пожари на различни локации низ државата – меѓу кои во Трубарево, Вражале, Љуботен, Глуво, Кадино, Лажец, Дабиле, Старо Балдовци, Долна Белица, Рајчица, Другово, Ореовец, Абланица, Подлог, Лезово, Пуковско и Никуштак. Гореле стрништа, ниска вегетација, грмушки, како и отпад на повеќе диви и градски депонии.Надлежните апелираат за претпазливост и воздржување од активности кои можат да предизвикаат нови пожари, особено во услови на високи температури и суво време.

Македонија | пред 5 месеци

Ниту дождот не помогна – Дрисла и понатаму чади!

Ниту дождот што утринава заврна во скопската котлина не помогна да се изгасне пожарот на депонијата „Дрисла“. Чадењето продолжува, и покрај тоа што претходните денови, како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, биле исфрлени големи количини вода на депонијата. Тој најави и дополнителни мерки за конечно да се сопре горењето, кое веќе неколку дена го влошува квалитетот на воздухот во главниот град.Последниве денови граѓаните алармираат дека мирисот на изгорена пластика и густ чад се чувствуваат во повеќе скопски населби – од Аеродром и Ново Лисиче, до Кисела Вода, Пинтија и Драчево. На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии и видеа, со пораки дека „Скопје е отруено“ и дека „секоја вечер Дрисла гори“. Дел од жителите побараа постојано полициско обезбедување и камери на депониите, а некои дури ја споредија ситуацијата со „Чернобил“.

Скопје | пред 5 месеци

dzambazpv

(Видео) Џамбазов ја отвори душата на Антички: Емотивна вечер со „Гуру Харе“, Тамара и Пере од Нокаут

Античкиот театар во Охрид синоќа беше преполн со емоции, смеа, солзи и аплаузи – сето тоа на концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“. Во магичната атмосфера под отворено небо, џамбазовскиот дух и харизмата како да ја прегрнаа целата публика. Од шеги за охриѓани, до збор-два за битолчани, многу досетки.Концертот започна нежно, со песни што ги носат сеќавањата, а кулминацијата стигна со изведбата на „Време за плачење“, која ја располави тишината на камените трибини. „Диши длабоко“ беше отпеана како молитва – искрена, болна, човечка. Секој стих, секој збор беше одраз на животот што Џамбазов го дели со народот.Публиката имаше можност да ужива и во специјалните музички гости: Тамара Тодевска, која со својата моќна интерпретација внесе нова димензија на вечерта. Ја отпеаја „Гушни ме“, текст напишан од Џамбазов, а отпеана со незаборавениот Влатко Илиевски. На сцената излезе Пере од Нокаут, чие присуство донесе доза на носталгија, рок-енергија, па публиката направи ѕвездено небо за „Лебедот бел“.Концертот беше повеќе од музички настан – беше интимно патување низ животот, времето и вредностите. Џамбазов уште еднаш покажа дека не е само актер, пејач или поет – тој е огледало на македонската душа.На крајот, со раце кон небото и аплауз од срце, Охрид стоеше во чест на еден човек што отсекогаш стоел со народот – искрен, ранлив, свој.

Магазин | пред 7 месеци

puls-1

Сите детали за обвинетите за пожарот во „Пулс“: Се гонат 34 лица, запрена е постапката за 11 лица, меѓу кои ексминистри и ексдиректори

Обвинителството поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, меѓу нив и шест деца. Според обвинителниот акт, со години наназад се кршеле закони, се прикривале неправилности и се дозволувало објектот да функционира, иако не ги исполнувал ниту минималните услови за безбедност. Обвинети се сопственици на дискотеката, членови на нивните семејства, архитектка, ексградоначалници, инспектори, обезбедувачи и државни функционери како министри – сите посочени како дел од системскиот колапс кој доведе до една од најголемите трагедии во историјата на земјава. За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат со обвинение, бидејќи немало доволно докази, меѓу нив се ексдиректорите на Државниот пазарен инспекторат, двајца ексминистри за економија. За Владимир Блажев-Панчо има прекин на постапката додека е на лекување, како и за Александар Карадаковски кој бил управител на фирмата, а почина на болничко лекување.Тројца обвинети, во својство на сопственици и управители вршеле угостителска дејност, иако објектот не ги исполнувал минимално техничките услови за угостителска дејност, немале решение за реконструкција од градоначалникот на Кочани, објектот не бил предвиден за намена Б3 односно големи угостителски единици, за објектот немало основен проект за реконструкција за пренамена, немале елаборати, како и посебен елаборат за заштита од пожари, експлозии, опасни материи. Не донеле и не изготвиле план за заштита и спасување.„Првообвинетиот, во временскиот период во 2012 година и 2024 година, преземал градежни дејствија со кои извршил реконструкција на објектот и пренамена, без стручен надзор вградувал несоодветни материјали, синтетички сунѓер, кои носат ризик за лесно започнување и лесно ширење на пожар. Не биле исполнети минимално технички услови за да се врши угостителска дејност. Во објектот не бил испочитуван ниту еден пропис за вградените материјали, бројот на излезите за евакуација, бројот на паркинг места, но и немало инсталации против пожари. Обвинетиот, сопственик на објектот во кој функционирал клубот, учествувал со тоа што дозволил реконструкција, иако знаел дека објектот нема дозвола за тоа“, рече Коцевски.Обвинет е и братот на газдата на „Пулс“ оти тој ги продавал билетите.„Континуирано во договор со својот брат, не постапувал со техничките правила за заштита, не водел сметка и продавал поголем број на влезници, со што овозможувал влез на поголем број на посетители од дозволениот број, дозволувал во објектот да влезат помлади од 18 години иако бил свесен дека објектот не исполнува никакви безбедносни услови за заштита од пожари и знаел за незаконските дејствија на реконструкцијата“, додаде Коцевски.Обвинета е и сопственичка на правно лице од Кочани, односно архитектката.„Бил изготвен проект за пренамена на објектот, без елаборати кои мора да ги содржи основниот проект. Во 2023 година, таа, пак, му изготвила основен проект, користејќи го претходниот проект, а ја смениле насловната страна како документот да е изготвен во 2023 година, за да може инвеститорот да го користи незаконито како основа да врши угостителска дејност и добивање лиценца“, додаде тој.Градежните инспектори (три лица) иако биле самостојни во вршењето на инспекциски надзор, спротивно на правата и должностите во целиот период кога биле овластени градежни инспектори не воделе постапка и не покренале инспекциски надзор по службена должност за утврдување на состојбата, не наредиле отстранување на неправилностите и не го задолжиле да го врати објектот во првобитна состојба.„Тие овозможиле Пулс да работи како кабаре“, додаде Коцевски.Обвинети се и три лица, кои од 2012 до 2025 година, работеле како градоначалници. Тие се гонат бидејќи, иако на местото каде е „Пулс“ не смеело да има кабаре, тоа функционирало, а не иницирале ниту постапка за инспекциски надзор. Ги обвинуваат и дека не ги известиле другите институции дека објектот работи без дозвола.„Ја застапувале и претставувале општината, биле должни за почитување на Деталниот урбанистички план, знаеле дека објектот претставува безбедносно опасен објект оти не ги исполнувал условите, а ДУП-от не дозволувал на таа локација да постои кабаре и не презеле никакви презеле дејствија за затворање на кабарето. Без овој објект да биде запишан во регистарот на Општината, овозможиле првообвинетиот да плаќа надоместок за угостителска дејност во износ од 4 илјади евра“, додаде Коцевски.Обвинение е поднесено против управителот на агенцијата за обезбедување и четири припадници на обезбедувањето, а еден од нив немал ниту лиценца за обезбедувач. Тие се гонат и бидејќи дозволиле во објектот да влезат малолетни лица, а не спречиле ниту внес на пиротехниката од страна на музичката група „ДНК“.„Истрагата против реалниот газда е во тек и не е дел од обвинението. Тие не презеле активности за откривање на штетни појави. Клубот „Пулс“ го обезбедувале без писмен договор, без претходна безбедносна проценка, без проверка на влезови и излези и нивна исправност, како и преполнетост на објектот. Агенцијата требала да изготви план за одржување на јавен ред“, додаде Коцевски.Директорите на Дирекцијата за заштита и спасување, како и генералниот инспектор кој бил раководител на инспекциската служба на ДЗС, се гонат дека, иако биле свесни дека може да настапи штетна последица со нивно непостапување, тие не преземале мерки за заштита на луѓето и имотот од пожари.„Не организирале надзор. Директорите како службени лица не постапиле и во целиот период не делегирале инспектор за заштита и спасување во Кочани. Никогаш не бил испланиран и спроведен инспекциски надзор врз ниту еден објект на територија на државата. Овозможиле Пулс да работи како кабаре, иако не ги исполнувал условите“, кажа Коцевски.Обвинети се пет државни службеници, двајца министри и генерален секретар од Министерството за економија.„Во континуитет издавале лиценци за вршење инспекциска дејност, објектот спаѓал во категорија диско клуб, а не ги исполнувал условите. Имало нецелосна документација, а не иницирале вонреден инспекциски надзор за проверка на условите. Детално се наведени кај секоја од лиценците поединечно. Во оваа група, за двајца поранешни министри постапката е запрена, бидејќи нема доволно докази за да се покрене обвинение против нив. Се обезбедија докази и за државен службеник кој ги изготвувал лиценците, а за себе барал и обезбедувал подарок. Тој побарал и добил 12.000 денари парична награда, кои биле исплатени на банкарска сметка, во 2024 година за поголема имотна корист за 226.000 денари му изработил две лажни лиценци, а на кои своерачно се потпишал како да се потпишала обвинетата државна секретарка“, додаде Коцевски.Опфатени се четири службени лица, инспектори од ДПИ. Тие не постапиле според прописите и мерките за заштита. Кај директорите кои беа опфатени, не е лоцирана директна одговорност.„Иако биле свесни дека со нивното несторување може да настапи штетна последица, се согласиле со нејзиното настанување“, кажа Коцевски.Според него, секоја од овие алки имала моќ да ја спречи трагедијата или да го намали потенцијалот на загуба на животите.„Како резултат на севкупноста на пропустите, на усно договорен настап, без формален договор, заради сценските ефекти, била договорена употреба на пиротехнички средства. Пропуштани биле и деца во клубот. Обвинетите го утврдија потеклото, начинот на влез, поставување и активирање на пиротехниката, на три базни уреди со телескопска антена кои се активирале истовремено. Пиротехниката била набавена без одоборение“.И синот на газдата е обвинет во делот на пиротехниката.„Пиротехниката била употребена во небезбедни услови. Фонтаните исфрлале искри кон кровот. Пожарот се проширил по плафонот, а потоа и по целиот објект. Вградените материјали не биле противпожарно заштитени. Меѓу присутните имало панично бегање преку единствениот излез за евакуација кој не бил безбеден, бидејќи имало двокрилна врата која била пречка за движење. Самата надворешна врата немала систем за кочење. Настанало масовно паѓање на посетителите, излезот бил попречен. Единствената последица која ги врзува сите кривично правни дејствија е катастрофалниот пожар, каде загинаа 62 лица, меѓу кои шест деца, на сите им се става кривично дело тешки дела против општата сигурност“, додаде Коцевски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-18.39.01

„Скопски пазар“ и „кебапите“ ја следат судијката Гајдова на патот кон Стразбур

Случајот „Скопски пазар“ каде се пресудило во корист на сопругот на Весна Дамева, казната за „ќебапите“, но и партиската обоеност на сопругот се најспоменувани изминатиов период, кога во прашање е судијката Габриела Гајдова. Таа е предлог за да биде судија во Стразбур, кој ќе се најде на владина седница. Истовремено, највисокиот суд за човекови права, прво што бара е висок морален интегритет. Судијката смета дека истиот го поседува и дека е отпорна на влијанија, но обвинувања за нејзината работа трпи и додека се чека конечната одлука по нејзината апликација. За Стразбур пак, доволно е да постои легитимен сомнеж, за да утврди повреда на правата заштитени со Конвецијата.Се чини дека најголемата „дамка“, со која во јавноста и се оспорува интегритетот, е токму предметот „Скопски пазар“. Гајдова во него, постапувала како судија известител во скопска Апелација. А за да биде избрана во овој второстепен суд, била гласана од Весна Дамева, чиј сопруг е оштетена страна во тој предмет. Интересен факт е дека предметот чиј известител е Гајдова, е одлучен токму во корист на Дамев, но потоа, Врховен суд ја укинува одлуката со неколку забелешки – меѓу кои и погрешно применета судска пракса. „Скопје1“ праша дали со ваква одлука, а како известител во предметот, Гајдова ѝ се оддолжила на Дамева, на што таа рече дека нема никаков долг, а и без нејзиниот глас би била избрана за судија во Апелација. Ако се видат новинарските известувања, сепак, може да се заклучи дека Дамева не штедела комплименти при изборот и рекла: „Таа не само што учествува на конференции и тркалезни маси, туку е храбра и да го креира казненото право”.  Сепак, судијката за „Скопје1“ вели дека било побарано нејзино изземање, но барањето било отфрлено.„Во предметот се бараше мое изземање и не беше уважено од страна на претседателот на судот“, вели Гајдова.За истиот предмет, Врховниот суд забележува дека во моментот кога Гајдова со колегите во Апелација, одлучуваат да пресудат во корист на оштетениот сопруг на Дамева, во образложението пишуваат дека обвинетите  делото го вршеле во континуитет 10 години, иако осум години обвинетиот не презел никакво дејствие. За да си ја поткрепат одлуката, се повикале на пресуда од Врховен суд, кој пак им ја укина со образложение: „Пресудата на која се повикува Апелација може да се примени само ако постои континуитет“. Сепак, судијката Гајдова вели дека пресудата е согласно праксата.„По однос на ставовите на советот кој постапуваше по предметот, сите аргументи за донесената одлука се содржани со судската пракса на Врховниот суд, што исто така може да се уверите со увид во списите“, вели Гајдова и негира влијание поради Весна Дамева која е дел од Судскиот совет.Судијката Гајдова, ја има донесено и затворската пресудата за украдените ќебапи и алкохол, често споменувана кога се критикува правосудството. Сепак, судијката стои зад тоа што го досудила и вели дека е според законите, кои не ги носат судиите, туку ги почитуваат. Појаснува дека во минатото постоел Правилник на одмерување казни, кој имал категоризации колку треба да се досуди. Таа, посочува дека судела според него, а подоцна бил укинат.„Интегритетот на еден судија е да биде независен од секакви влијанија, притисоци и да суди врз основа на закон и подзаконски акти. Пресудата за ќебапите е донесена врз основа на Кривичниот законик, Законот за кривична постапка и Правилникот за одмерување на казни кој важеше во тоа време и секако дека стојам зад секоја моја одлука“, рече Гајдова за „Скопје1“.Уште една поврзаност меѓу судијката Гајдова и Дамева која е дел од Судскиот совет, што остава простор да се помисли дека имало пристрасност при одлучување во предметот „Скопски пазар“ е политиката. Според новинарските написи, Кирил Гајдов, сопруг на Гајдова бил советник во Велес и координатор на советниците на СДСМ. Дамева пак, била член на правната комисија на истата партија.„Мојот сопруг беше член на НСДП. Никогаш не бил член на СДСМ. Така што познанство немале. И не само член на НСДП, туку беше и претседател на општинската организација на НСДП во Велес, сѐ додека не се повлече од Советот на Општина Велес и од политика, воопшто“, рече Гајдова за оваа поврзаност, па на укажувањето дека медиумите го пишувале како советник од СДСМ додаде: „Не знам како стои, јас Ви кажувам отворено и тоа лесно може да се провери. Можеби дека биле во коалиција како ВМРО и ЗНАМ сега. Побарајте увид во евиденцијата на членови на двете партии, СДСМ и НСДП и ќе видите“. Инаку, во Стразбур постои така наречен објективен и субјективен тест за непристрасност. Објективниот тест предвидува, „трибуналот“ да биде составен од независни и непристрасни судии, но се осврнува и на перцепцијата на разумен набљудувач, кој треба да има перцепција дека „трибуналот“ е независен. Пред девет години, Стразбур ја врати листата и не избра ниту еден од предложените кандидати за судии – што претставува и срам за државата. Ова не е единствен ваков случај. Во 2018 година, поради роднински односи со премиерот Еди Рама, Стразбур не прифати да го избере Даиран Павли за судија. Во 2021 година, таков случај имаше Украина, чии кандидати беа одбиени поради сомнителен морален интегритет.Гајдова, пред да биде избрана за судијка во Апелација, судеше во Велес. Таму има низа пресуди кои беа поздравени од јавноста како исправни. Таа досуди 18 години затвор за Ангелче Николов кој усмрти девојче на пешачки, ја повреди мајката и избега. Истовремено, досуди и ослободителна пресуда за Павлинка Иловска која го уби партнерот по низа години малтретирања, а истото го направила во самоодбрана.Во телефонски разговор, Гајдова вели дека за нејзе е големо признание и фактот што е дел од трите имиња предложени за судии во Стразбур од Комисијата до Владата. Освен таа, предложени се и обвинителката Ленче Ристоска, како и адвокатот Јордан Апостолски.Претходно:

Македонија | пред 9 месеци

lence-ristoska

Интегритетот клучен за Стразбур, Ристоска опфатена со предметот за бонусите во СЈО, а комисијата ја предложил министерот чија сопруга е братучедка на кандидатката

Реакции покрена името на Ленче Ристоска, обвинителка за врски со Европравда, а порано дел од тимот на Специјалното јавно обвинителство, кога се најде на листата за судии во Стразбур. Покрај значајните предмети кои ги водела и позитивните критики, се фрла сомнеж на целата постапка поради нејзина далечна, но сепак роднинска врска со сопругата на министерот Тимчо Муцунски. Вклученоста на Муцунски во процесот е само како предлагач на членовите на Комисијата која ги оценува кандидатите, а што Владата ја избира на седница.Истовремено, првиот услов за предлог и избор на судиите во Стразбур е највисок морален углед, а Ристоска е опфатена во предметот за бонусите во СЈО. „Скопје1“ побара став од неа, околу овие прашања, како и тоа кога последен пат работела обвинителски предмет, со оглед на нејзиниот ангажман во Европравда – но не добивме одговор.Да станеш судија во Стразбур, за голем дел од правниците е највисоката функција која би можел да ја добиеш во кариерата. Но, во Стразбур, каде се бира еден од трите предлози кои ќе дојдат, пред сѐ се бара: „Судиите треба да уживаат висок морален углед“. Тоа, меѓу другото би значело личност против која не се водат никакви постапки, која не е инкриминирана во било какви незаконски дејанија, за која нема ниту сомнеж за корупција.За обвинителката Ристоска е познато дека е опфатена во предметот за бонусите кои биле исплаќани во СЈО. За овој случај се бараше и разрешување на републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски. „Скопје1“ инсистираше Обвинителството да даде одговор до каде е овој случај и каква одлука е донесена – но залудно. До овој момент, оттаму молк. За него се покрена и „војна“ помеѓу обвинители, откако Вишото обвинителство побара предметот да се реотвори, а републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ја сметаше ваквата одлука за незаконска. Ја прашавме и Ристоска, дали тоа што е опфатена во овој предмет, придонесува кон тоа да ѝ е нарушен моралниот углед – но до овој момент не добивме одговор.Потоа, успеавме да ја потврдиме информацијата дека Ристоска е во роднинска врска со Симона Муцунска, сопруга на Тимчо Муцунски. Ова ни го потврдија и од Министерството за надворешни работи, од каде велат дека: „не се блиски роднини“. Сепак, токму МНР предлага членови на Комисијата до Влада, а истата е составена од претставници на министерството, Врховен и Уставен суд, Судски совет, Совет на јавни обвинители, Министерство за правда, универзитети. Владата има улога на одобрувач на предложениот состав, што ѝ го сторила. Ристоска не одговори на прашањето дали Муцунски имале удел во тоа предлогот со нејзино име за судија да допатува до Влада. Истовремено, МНР велат дека нема конфликт на интереси.„Во однос на прашањето за роднинската поврзаност на сопругата на министерот со еден од кандидатите, посочуваме дека станува збор за сродство од четврти степен по странична линија – однос кој, согласно позитивната законска регулатива, пред сè во контекст на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, не се смета за правно релевантен. Таквиот степен на сродство не создава обврска за изземање, не се пријавува како близок роднински однос и не претставува основ за преземање мерки за заштита од потенцијален судир на интереси. Министерот ниту има надлежност, ниту влијание врз процесот. Во конкретниот случај не постои основ за изземање, ниту за пријава на судир на интереси, ниту пак, постои ризик од нарушување на принципите на објективност и непристрасност“, велат од МНР.Сепак, за Европскиот суд за човекови права, доволно е да постои легитимен сомнеж дека судот не е непристрасен, за да утврди повреда на правото заштитено со Конвенцијата. Таму постои т.н. објективен и субјективен тест. Во случајот, Комисијата на МНР (орган кој заседава за апликантите) не го применува објективниот тест, поради сомнеж дека на листата селектира апликант кој е роднински поврзан со блиско лице на министерот. Тука е од второстепено значење, во кој степен се тие роднини. Во еден од стандардите на Европскиот суд за човекови права се содржи и т.н. објективен и субјективен тест, при што објективниот тест педвидува,  „трибуналот“ да биде составен од независни и непристрасни судии, но се осврнува и на перцепцијата на разумен набљудувач, кој треба да создаде слика дека „трибуналот“ е независен.Од МНР не добивме одговор на прашањето во однос на тоа дали според нив, обвинителката Ристоска го исполнува условот на Стразбур да ужива висок морален интегритет.Ристоска е обвинителката која го водеше еден од најголемите и најтешки случаи во Македонија, „Таргет-тврдина“, за прислушувањето, против Сашо Мијалков. Но и „Талир“ против челници на ВМРО-ДПМНЕ за незаконско финансирање на партијата, каде им го замрзна имотот. Сегашниот премиер, а тогаш само претседател на ВМРО-ДПМНЕ рече бил и уценуван со одмрзнувањето на имотот со продолжување на мандатот на СЈО. Истовремено, од обвинителката кандидат за во Стразбур не добивме одговор, дали тој интегритет е компромитиран поради случајот „Талир“ и начинот на распит на сведоците кој се коментираше во јавност.Пред девет години, Стразбур ја врати листата и не избра ниту еден од предложените кандидати за судии – што претставува и срам за државата. Ова не е единствен ваков случај. Во 2018 година, поради родниниски односи со премиерот Еди Рама, Стразбур не прифати да го избере Даиран Павли за судија. Во 2021 година, таков случај имаше Украина, чии кандидати беа одбиени поради сомнителен морален интегритет.Предлогот со името на Ристоска, но и судијката Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски, треба да се најде на владина седница. Членовите ќе одлучуваат, по што листата ја доставуваат во Стразбур, а таму, конечната одлука ја носи Парламентарното собрание на Советот на Европа со мнозинство гласови.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-05-12-at-15.30.17

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Осудениот поранешен врховен судија, Наќе Георгиев, кој е осуден за земање на мито, сега се вработи како магационер, дознава „Скопје1“. Ова пак, му овозможува денот да го поминува излезен од зад решетките, но треба да се враќа таму и да преспива. Погодноста му е овозможена бидејќи тој издржа нешто повеќе една година од тригодишната затворска казна. Од затворот „Скопје“, беше префрлен во струмичкиот затвор.„Осуденикот редовно користи погодности, викенд од три дена, излез од седум часа. Од денес е работно ангажиран во приватна фирма, со дадена согласност од директорот на Управата за извршување санкции“, вели директорот на затворот, Зоран Ристов за „Скопје1“.Но, и изминатата година, тој користел поволности. Според информациите на „Скопје1“, Георгиев излегувал на викенди, кои му се давани согласно правилникот на затворот. Сите привилегии ги уживал, благодарение на доброто поведение.Инаку, Георгиев се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција по случајот за земање мито од синот на ексградончалникот на Ново Село, Боро Стојчев и прифати да му биде изречена казна затвор во траење од три години, како и Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-29-at-21.48.14

Рускоска на маршот на семејствата од Кочани: Чиста емпатија, присуството не значи критика кон Обвинителството

Вилма Рускоска била на денешниот марш пред Обвинителството на маршот на семејствата на загинатите во Кочани, потврди таа за „Скопје1“, додавајќи дека тоа е поддршка за семејствата.Прашана за критиките кон истата институција за време на нејзиниот мандат, каде кабелот бил крив наместо конкретни лица, посочува дека нејзиното присуство на маршот не било критика на работата на Обвинителството.„Да, бев, за да дадам поддршка на семејствата. Чиста емпатија. Како и цело општество, така и јас, длабоко сочувствувам со семејствата на загинатите млади луѓе. Тоа не значи дека ја критикувам работата на Обвинителството. Што се однесува до кабелот, тоа го работеше ОЈО Тетово, со помош на колеги од ОЈО Скопје. Не го работеше ОЈО-ГОКК, кое тогаш јас го раководев“, вели Русковска за „Скопје1“.

Македонија | пред 10 месеци

puls-roditeli

(Видео) „Кој нѐ чува? Имате ли вие деца бе?“, родителите ги прашаа пратениците, дел од нив се симнаа и меѓу нив

Солзи, тага и пораки до сите политичари. Вака изгледаше денешниот марш на семејствата од Кочани кои ги загубија децата во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Сѐ започна од пред Обвинителството, продолжи пред Собранието, заврши пред МВР. Уште на стартот кажаа дека пробуваат да ги контанимираат протестите. На стартот посочија дека Обвинителството„Државата се луѓето, Обвинителството е партиско дувло. Ова не е државна институција. Преку ботови нѐ убедуваат дека правнот систем е тешко да ја докаже верижната одговорност. Децата не се статистика, тие се деца! Најодговорни се МВР и Обвинителството. Јавното обвинителство дали еднаш излегло по допрен глас? Ниту еднаш. Дали фраерот така наречен јавен обвинител, кој е за партиски постави, дали кога седна на фотелјата, направи ревизија?“, рече кочанчанец кој во трагедијата загубил посинок.Затворени очи, отворени гробови - ова е само една од праките испратена до обвинителите од семејствата на жртвите кои загинаа во дискотеката Пулс.Пред Собранието ги побараа сите пратеници да излезат меѓу нив.„Има ли некој да ни објасни нешто? Каква е оваа држава, што плаќам јас 22 години данок? 22 години приватно работам! Трпам! Вчера платив еден тон пари, на нив им ги дадов, за да нѐ чуваат. Кој нѐ чува? Имате ли вие деца бе?“, рече татко на загинато дете.Потоа јасно порачаа „сакаме правда!“.„Не ние да влеземе, тие да излезат!“, рече мајка на загинато дете.Надвор излегоа пратениците од СДСМ, преводени од претседателот Венко Филипче. Група млади лица извикуваа „убијци“, додека дел од мајките побараа да нѐ го прават тоа бидејќи им предизвикуваат тензија и стрес. Им укажаа дека семејствата побарале тие да излезат меѓу нив.Потоа, родителите добија покана да одат на средба кај министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.ПРОДОЛЖУВА

Македонија | пред 10 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Времето неделава: Дожд, ветер и пустинска прашина

Во текот на оваа работна седмица во Македонија следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд, повремено и локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.И во Скопје и околината следува период на променливо бреме со услови за појава на повремен локален дожд, повремено пороен и со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.Сето ова е поради влијанието на циклонската активност (поле со низок возушен притисок) со потекло од западна Европа, а потоа и над Џеновскиот Залив.Сепак, и покрај ова останува топло времето, односно со пролетни температури на воздухот кои преку ден на многу места ќе се искачуваат до близу, или околу 20 степени. На повеќе места тие ќе надминуваат и 20 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие повремено ќе се искачуваат и до околу 25 степени, а повремено истите би можеле да надминуваат и 25 степени.Во Скопје и околината во текот на оваа работна седмица останува пролетно топло со температура која ќе надминува 20 степени.Поради изразеното јужно воздушено струење, оваа работна седмица се очекува сахарска прашина и во Македонија.

Македонија | пред 10 месеци

spasovski-vanja513512

Таткото учествувал во киднапирањето на Вања, целта била да се изнудат пари од мајката - девојчето било закопано, вели Спасовски

Вања Ѓорчевска освен убиена, била и закопана во околината на Скопје. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Според него, МВР ги има извршителите на двете убиства.„Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, за три лица има мерка притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице, таткото на малолетничката, приведено е, извршен е распит, ќе се преземаат мерки по насока на Обвинителството. Мотивот е користољубие, при што едно од лицата, во договор и со знаење на член на семејството, го организирало извршувањето на кривичното дело, за да се изнудат пари од мајката, за понатаму, сите инволвирани да имаат материјална корист“, вели Спасовски.Било одземено возилото на Панче Жежовски, исто така убиен од групата, и била киднапирана Вања.„Поради нерасчистени односи со еден од осомничените, неговото возило е одземено за извршување на кривичното дело, за потоа да биде опожарено. Токму со тоа возило е земена малолетничката, од влезот на живеалиштето, откако претходно, според исказите на осомничените, таткото споделил информација со организаторот за излегувањето на малолетничката сама од дома“, додаде Спасовски.Главниот организатор, бил Љупчо Палески-Палчо кој е избеган.„Ќе сториме се за да го најдеме, му ја следиме трагата“, додаде Спасовски.

Македонија | пред 10 месеци

vjolca-4141

Обвинителка барала пониска казна за возачот кој ја усмрти Теодора по првата пресуда, иако претходно бил даден предлог да се потврди затворот од 3,6 години

Вишата обвинителка од Гостивар, Вјолца Елмази, прво барала да му се потврди казната од три години и шест месеци, а потоа се предомислила и барала пониска казна за обвинетиот Менсур Пајазити, кој ја усмрти Теодора Ристовска на пешачки премин. Ова го покажува пресудата на гостиварска Апелација, која беше изречена, а потоа Врховен суд ја укина. Обвинителката до судот доставила писмен предлог за одбивање на жалбата на обвинетиот возач, а потоа на јавна седница предложила делумно да се уважи и тоа во  делот на санкцијата. Па така, судиите Шефајет Хајдари, Даут Рустеми и Емине Мурати одлучиле да ја намалат казната на две години затвор. Од Обвинителството за „Скопје1“ потврдуваат дека барале да се намали казната, па се правдаат дека не очекувале дека ќе му намалат толку многу. Сепак, пресудата се темели и на предлогот.  Но немаат одговор зошто тоа не било направено преку писмениот предлог, туку прво Вишото обвинителство барала да се потврди казната, па се предомислило.„Вишото јавно обвинителство Гостивар, до овој суд достави писмен предлог со кој се предлага да се одбие како неоснована жалбата на обвинетиот Менсур Пајазити, изјавена преку бранителот Александра Богданоски, против пресудата на Основниот суд Тетово. На јавната седница Јавниот обвинител од ВЈО Гостивар, изврши измена на писмениот предлог со тоа што предложи делумно да се уважи жалбата на обвинетиот Менсур Пајазити изјавена преку бранителот Александра Богданоски адвокат и тоа во делот на изречената кривична санкција спрема обвинетиот на начин што на обвинетиот да му се изрече поблага кривична санкција, имајќи ги во предвид олеснителните околности што стојат на страна на обвинетиот, а кои околности не биле во доволна мера ценети од страна на првостепениот суд“, стои во сега укинатата пресуда на Апелација, по која се водеше судијата во претходната постапка.Ваквиот обвинителски предлог, кој е ист како на адвокатот на обвинетиот, го олеснило патот за пониска казна за возачот. Па судиите решиле дека тоа што обвинетиот е семеен човек и неосудуван, притоа тоа што после несреќата одел на психијатар, не биле доволно ценети околности, по што, му ја намалиле казната на две години.„Овој суд смета дека наведените олеснувачки околности упатуваат на тоа дека во конкретниот случај постојат услови да на обвинетиот му се изрече поблага казна затвор, имајќи го во предвид и држењето на обвинетиот во текот на јавната седница пред овој суд, а воедно и предлогот од страна на Вишото јавно обвинителство Гостивар, во конкретниот случај оправдано би можело да се очекува дека и со поблага казна и тоа со казна затвор во траење од 2- две години“, стои во пресудата од гостиварска Апелација.„Скопје1“, вчера испрати прашања до Обвинителството. Оттаму признаваат дека побарале намалување на казната, па се правдаат дека не очекувале тоа да биде речиси за половина од претходно изречената.„Во однос на претходната постапка пред Апелацискиот суд, јавната обвинителка од ВЈО Гостивар на рочиште дала свој предлог во однос на попрецизно одмерување на казната, имајќи ја предвид пред сѐ околноста дека обвинетиот непосредно пред завршување на првостепената постапка признал вина, како и претходната пракса во слични предмети. Меѓутоа, предлогот на обвинителката не е задолжителен за Апелацискиот суд и тој предлог во ниту еден момент не се однесувал на намалување на казната за речиси половина од првостепената пресуда, како што досуди Апелација во својата одлука“, стои во одговорот на Обвинителството до „Скопје1“.Прашани дали ќе се жалат на сегашната казна, од Обвинителството одговорија дека има основ.„Основното јавно обвинителство Тетово сѐ уште не го примило писменото образложение на донесената пресуда. Меѓутоа, имајќи ја предвид висината на изречената казна, надлежниот јавен обвинител смета дека има основ за жалба. Конечната одлука ќе биде донесена по разгледување на образложението“, одговараат од Обвинителството за „Скопје1“.Сепак, судијата од Тетовскиот суд, Ељведин Ферати, при донесување на пресудата во повторената постапка, која е две години затвор за возачот, не требало да се води од претходната пресуда и постапка. Истата е укината од Врховен суд. Истовремено, возачот кој ја усмрти Теодора, веќе две и пол години и натаму е на слобода.

Македонија | пред 10 месеци

porse

(Видео) Газда на „Поршето“ во Дебар маало е ексамбасадорот Срѓан Керим: Нема потреба од никакви коментари, постапено е според прописите

Поршето паркирано во Дебар маало не е на полицаец, туку е во сопственост на Срѓан Керим, ексминистер за надворешни работи, амбасадор на Македонија во Обединетите нации и во Германија, дознава „Скопје1“. Неговите иницијали се најдоа и во информацијата од МВР, од каде може да се заклучи дека тој го управувал возилото бидејќи стои: „на возачот на возилото С.К. издаден му е платен налог“.„Скопје1“ се обрати до Керим. Откако не ни одговори на телефонскиот повик, ни испрати порака „Ве молам пишете порака“. Па му се обративме писмено. Испративме повеќе прашања, меѓу кои и: „Зошто полицаецот требаше да влезе во кафеаната каде седевте и да разговара со вас, за да може да постапи согласно законот?“. Потоа го прашавме: „Бевте министер, амбасадор во ОН и Германија, имате меѓународна кариера. Зар вака се паркира ширум светот и вака се постапува кога полицијата го спроведува законот?“.На ова, тој не одговори конкретно. До „Скопје1“ испрати став во кој стои: „Нема потреба од никакви коментари. Постапено е според позитивните прописи што важат во вакви случаи“.Снимката со неговиот автомобил наиде на бура реакции од јавноста, особено бидејќи полицаецот се симна, па се повлече со екипата од ПОЦ со намера да не го санкционира Керим. По жестока реакција на граѓани, полицаецот влезе до кафеаната, па го крена возилото. Сега, полицаецот е под истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола на МВР за да се утврди дали направил пропусти.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-02-03-at-09.10.21

Заврши истрагата за возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки, посебен предмет има за тоа како дошол до автомобилот

Истрагата за возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, прегазувајќи ја додека поминуваше на пешачки премин е завршена. Обвинителот ги собрал сите докази, а завршени се и сите вештачења, според кои е утврдена вина кај Јованов. На ред е обвинетиот и неговиот адвокат Сашко Дуковски да направат увид во доказите, по што ќе следува обвинение.„Истрагата е завршена. Течат законските рокови за увид во доказите“, велат кусо од Обвинителството за „Скопје1“.Јованов е осомничен дека со усмртувањето на Кулакова, под дејство на алкохол, неприлагодена брзина и со поминување на црвено светло сторил кривично дело - тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, според кое, најниската казна е четири, а може да добие и најмногу 20 години.Предметот за тоа како дошол до возилото кое било сопственост на неговата мајка, се води засебно, дознава „Скопје1“ и е во тек. До негово отворање дојде откако се дозна дека Васил Јованов има повеќе казни за сообраќајни прекршоци, односно дека повеќе пати го управувал возилото без дозвола. Родителите на прес-конференција кажаа дека го земал без нивно знаење и дозвола. Ова наиде на многу реакции, со оглед дека истото се случувало во повеќе наврати.Истрагата за усмртувањето на Фросина, е завршена за месец и половина. Досега Обвинителството кажа дека Јованов возел со зголемена брзина, а вештачењето точно утврдило и со колку.„Не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка. Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала“, соопштија од Обвинителството по несреќата.Јованов е во притвор во затворот во Шутка.

Македонија | пред 11 месец

frosina-jovanov

Возачот Јованов се противел на притворот, се бранел дека не може да го повтори делото оти бил психички паднат

Возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, преку неговиот адвокат барал Кривичен суд да не му одреди притвор, дознава „Скопје1“. Тој вчера го убедувал судот дека нема да бега, ни да влијае на сведоци, ниту да го повтори делото.Јованов, преку адвокатот Сашко Дуковски, посочил дека не може да влијае на постапката бидејќи сите докази потребни на истрагата веќе се собрани. За можноста да избега, посочил дека е невозможно бидејќи пасошот му бил во судот. Тврдел и дека не може да го повтори делото, бидејќи, бил психички паднат, како и дека го погодил настанот, дознава „Скопје1“.Овие аргументи не го убедија Кривичен суд, каде судија на претходна постапка одлучи да му одреди 30-дена притвор на Јованов. Тој е спроведен на издржување на притворот во затворот во Шутка.Ова не му е првпат на Јованов да оди во затворска ќелија. Тој минатиот април завршил во притвор, кој му бил изречен додека траела истрагата за дрогата пронајдена во неговиот дом. По три и пол месеци, односно крајот на јули, тој излегува во притвор со одлука на судијката Даниела Алекосвска-Стојановска.

Македонија | пред 1 година

ljupco

Ди-џејот Љупчо во Радишани починал од насилна смрт: Семејството гневно, по пет месеци обвинителката сега пак ќе вештачи

Младиот ди-џеј Љупчо Лешко загинал од насилна смрт додека пуштал музика на приватна забава во скопско Радишани. Ова е конечниот став на Судска медицина по скоро пет месеци откако ја започнаа обдукцијата. Со ова, се потврди тврдењето на родителите дека нивниот син не починал од срцев удар како што, им тврдел вработен инспектор од МВР. Иако е утврдена причината за смртта, и натаму, не е утврдено од што е предизвикана и што било неисправно. Нема осомничени, ниту лица кои биле во притвор. Родителите, Раде и Кети Лешко, го вперија прстот во сопствениците на приватниот објект. Обвинителката Тања Трајчевска наредила нови вештачења.„Обезбедени се сите апарати кои биле поставени за пуштање на музика. Испитани се сведоци заради разјаснување. На сите прашања е дадена наредба за електро-техничко вештачење пред една недела. Дадена е наредбата за вештачењето да биде завршено во рок од 30 дена“, кажа обвинителката Трајчевска на брифинг со новинарите.На забелешката од „Скопје1“ зошто требало да поминат пет месеци за да се даде наредба за ново вештачење дури сега, кога за пет месеци може да се смени цела инсталација во објектот – таа одговори: „ Кога се случи настанот имаше електро-инженер присутен, беше направен увид, и вештото лице сега ќе има во предвид се од настанот, сликани се таблите. Нема да има проблеми. Мислам дека ќе има соодветно електро-техничко вештачење“, додаде обвинителката.Болката на семејството Лешко е уште поголема. Неговата сестра, Стефанија Лешко, ги прашува институциите што планираат понатаму, бидејќи се сигурни дека постојат доволно докази за да се покрене кривична постапка против газдите на објектот.„Денес,по нецели 5 месеци добивме извештај од судска медицина во кој сомнежите на мене и моето семејство се потврдија. Причината за смрт на мојот брат е струен удар.Покрај сите докази и изјави би сакала јавно да ги прашам институциите "понатаму што?". Уверени сме и сигурни дека не е несреќен случај и мислиме дека ЈО има доволно докази за да поведе кривична постапка против сопствениците на објектот. Исто така,сакам да упатам апел до јавноста,особено до родителите дека во Скопје и цела Македонија има премногу објекти кои работат без дозвола за вршење на таква дејност,со кои државата и инспекторатите би требало да се позанимаваат најмногу поради постоење на голем ризик од вакви случаи со смртен исход“, вели Стефанија Лешко за „Скопје1“.Во поткастот „Претрес“, родителите на Љупчо, отворено зборуваа за сѐ што се случило кобната ноќ. Сметаат дека постојат пропусти при увидот, но имаат и сомневање дека не се преземени сите мерки за да се утврди точната причина, па потенцираа дека објектот никогаш не бил запечатен. Тие посочија дека дури им била вратена миксетата од која Љупчо пуштал музика, па ја донесоа во студио. Иако тоа е возможно, останува отворено прашањето, зошто миксетата им била вратена од МВР, кога, истата е дел од доказен материјл, кој подоцна, може да биде предмет и на ново вештачење. Целиот разговор погледнете го тука:?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d&t=5108

Македонија | пред 1 година

sudski-sovet-2-2-copy-pretresi

Претреси во Судски совет

МВР влезе во Судски совет и врши претреси, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, во моментов се прават контроли, а кои се поврзуваат со постапувањето на членовите во делот на предметите.„Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело“, велат од МВР за „Скопје1“Ова доаѓа откако Владата најави реформи во правосудството, а премиерот Христијан Мицкоски најави негово распуштање. Притоа, дел од составот на Судски совет е истиот кој изгласа апелациониот судија Енвер Беџети да не биде разрешен поради чувањето во фиока на предметот „Таргет-тврдина“, туку само да му биде намалена платата.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Потврдени се сомнежите за несоодветно лекување на Онкологија, а опостојуваат и сомнежите дека пациенти не добивале терапија, вели Обвинителството

Пациенти биле несоодветно лекување на Онкологија, потврдиле вештачењата кои Обвинителството ги добило од соседна Србија. Ова на брифинг со новинарите, го соопшти скопското Обвинителство, кои посочија дека се чека и второ вештачење кое се прави во Словенија. И натаму опстојуваат сомнежите дека на некои пациенти не им е давано терапија, иако е препишувана на нивно име.„Испративме истории во Србија, околу 16 истории со што тоа вештачење е изготвено и ние доставено на нас. Другото вештачење по однос на останатите 51 историја – тоа се уште не е готово и имаме прелиминарен извештај дека до крајот на јануари ќе биде готов и тој извештај“, велат од скопското Обвинителство и додаде:„Нашите сомнежи по однос на несоодветно лекување се потврдени со вештачењето од Србија, а другото вештачење не можам да го коментирам. Се надевам дека тогаш би ја затвориле истрагата“.Непотврдени останале сомнежите дека имало продажба на скапата биолошка терапија во странство. Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, посочи дека истрагата за овој случај е при крај.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-12-02_11-01-55-637

(Видео) Претседателката на Судскиот совет, Дамева, поднесе оставка од функцијата

Весна Дамева, претседателка на Судскиот совет, поднесе оставка од функцијата. Таа се заблгодари на членовите на Советот, за кои рече дека имаат интегритет. Според неа, мнозинство во советот се професионалци. Најголем респект посочи дека има за судиите кои не се додворуваат на политичарите. За неа, клучно за повлекувањето биле текстови по портали, со кои се оцрнувала. Текстовите биле за постапка во која странка е компанија на нејзниот сопруг.„Изминатиот период нема слух кај извршната и законодавната власт за да се обезбеди брза и ефикасна власт, која треба да се обезбеди со финансии, согласностите за 2024 година беа одбиени, финансиите скратени. Политичарите, претсдателот на Владата, изразуваат критики за Судскиот совет, негативен став за судиите.. И сметам дека единственото нешто што ми останува е да го зачувам мојот мир и спокојство. Затоа, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата. Од политичарите, од собраниска говорница се правеа обиди да се наруши мојот интегритет. Мицкоски изнесе наводи дека во Судскиот совет има кланови и се фалсификуваат записници“, рече Дамева.Според неа, пратеник во Собрание, Антонијо Милошоски, биле изнесени закани со кривична одговорност, толкувајќи правна ситуација. Посочи дека од политичар во власта било најавено дека треба да има измени во Судски совет, а на место на сегашните членови да бидат донесени „нивни луѓе“.Дамева рече дека кога незакоски ја разрешиле, се мислела дали воопшто да се врати во Судскиот совет.„Долго, многу долго се мислев дали да се вратам како претседател и да останам на функцијата, бидејќи знаев дека поради однесувањето на одредени членови на советот, ќе има критики и опструкции. На тие членови, ставот не им бил самостоен, иако преку образложенијата, изгледало така“, посочи Дамева.Според неа, политичарите треба да сфатат, дека судската власт е самостојна и независна.„Длабоко во себе верувам дека судиите се професионални и непристрасни. На тие кои не се, им порачувам: не си играјте со огнот, ја девалвирате судиската функција која не е занает и трговија, туку значи правораздавање. Очекувано е голем број судии кои правораздаваат сами да се огласуваат, а кацерот од нивните редови, сами да го отстрануваат“, рече Дамева.Таа ги пофали медиумите за реалното информирање врз основа на факти. Според неа, Судскиот совет бил транспарентен и отчетен во изминатата година.„Пред вас и само за вас, застанува јавноста, која вистинито треба да се информира. Недозоволиво е да се објави напишан текст од политичар, адвокат, со цел некому да му нарушите углед, да го претставите како нечесен, а уште повеќе да обвинувате судии и јавни обвинители и да влијаете врз нив. Тоа не е дозволиво во секоја демократска држава. Не го зборувам ова бидеќи и јас бев изложена на таква ситуација, туку од почит кон судиите и обвинителите, како и јавноста. Слободата на изразување да се почитува треба од секого“, рече Дамева.

Македонија | пред 1 година

stef-dimovski-velesani-1

(Видео) Велешаните за трговија со дете и силување добија вкупно 31 година затвор: Слушавме алиби на обвинетите како никогаш претходно

Групата велешани кои сексуално злоупотребувале малолетничка, се осудени на затворски казни, освен еден обвинет кој доби условна осуда. Пет лица се осудени за „трговија со дете“, шест се осудени за кривично дело „силување“, а едно лице за „Прикажување на порнографски материјал на дете“. Вкупно 13 обвинети седнаа на обвинителна клупа, само еден обвинет призна вина. Пред почетокот на објавувањето на пресудата, обвинетите се бунтуваа против снимањето на медиумите и бараа да излезат надвор. Судечкиот совет рече дека Врховниот суд го дозволил снимањето и дека немаат намера да ги попречуваат снимателите: „Дали ќе останете или излезете е ваша работа, не можеме ние да одговараме за вашето однесување“.По ова, дел од обвинетите ја напуштија судницата, па влегоа кога камерманите излегоа. Највисоката казна е за обвинетиот Димовски кој доби пет години и шест месеци кој беше обвинет дека со закани врз жртвата која имала 15 години, овозможил на другите обвинети да вршат полови дејствија врз неа.1. Првообвинетиот Стефан Димовски доби казна затвор од пет години и шест месеци.2. Дејан Спасиќ кој има малолетно дете, судот го осуди на четири години и шест месеци.3. Димитар Наков кој има 27 години судот го осудува на четири години и шест месеци.4. Тино Илиевски кој има 24 години судот го осудува на четири години затвор.5. Савен Неделковски кој има 26 години го осудува судот на четири години.6. Александар Филиповски кој има 24 години го осудува судот на 1 година и шест месеци.7. Бојан Филиповски кој има 27 години судот го осудува на една година и шест месеци.8. Антонио Зогравски кој има 27 години судот го осудува на една година и шест месеци.9. Трајче Лазов кој има 28 години, судот го осудува на затвор од една година и шест месеци.10. Ристо Вељанов кој има 22 години, судот го осудува на една година и шест месеци.11. Кристијан Дончев судот го осудува 1 година и три месеци.12. Борче Коцев кој има 32 години, судот го осудува на условна казнаСудечкиот совет рече и: „Како никогаш претходно слушнавме алиби на обвинетите. Овој предмет има многу повеќе од една жртва“, па додаде:„Овој предмет покрена многу прашања, каде се движат малолетните деца, дали кокаинот е единствено нешто што ги прави среќни. Пред овој суд се изведоа многу докази. Техниките кои овие обвинети ги користат се со метод на “љубовник”, кога жртвата емоционално ќе се поврзе, се користат сите други методи“.Во овој случај, Обвинителството според Кривичен суд докажа дека во декември 2021 година осомничениот Димоски од Велес остварил комуникација со жртвата преку Инстаграм и по неколку дена континуирана комуникација, стекнал доверба кај неа, доведувајќи ја во заблуда да започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед.Обвинителката Милица Гаврилова докажа дека првоосомничениот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите, како што се наведуваше во соопштението за истрага, присуствувале осомничени и други машки лица, кои прво консумирале наркотична дрога и алкохолни пијалаци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги, иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе.Диспозитивот нема да биде јавно објавен, за да се заштити детето-жртва.„Судот ја имаше во предвид помеѓу обвинетите и жртвата која била на возраст од 15 години. Судот го имаше во предвид дека сите биле неосудувани“, рече судечкиот совет при соопштување на одлуката.Според Кривичниот законик, за кривичното дело „трговија со дете“ се предвидува минимална казна од осум години. Според истиот член, став 3, тој што користи или овозможува на друг сексуални услуги, се казнува со најмалку осум години. За кривично дело „силување“ казната е најмалку три години. За „прикажување на порнографски материјал на дете“ казната е од три до пет години затвор.

Македонија | пред 1 година

rade-stekli

Штекли е вон животна опасност по експлодираната бомба во неговиот дом

Раде Трајковски-Штекли е надвор од животна опасност и нема тешки повреди, дознава „Скопје1“ од извори во болницата. Според нив, тој поминал со помали телесни повреди по експлозијата на бомба, фрлена во неговата семејна куќа. Сепак, директорот на болницата „св. Наум Охридски“, Небојша Настов, каде бил пренесен Трајковски-Штекли, вели дека се прават и дополнителни анализи.„Стабилна здравствена состојба, вон животна опасност, доиследувања се прават во моментов“, вели доктор Настов за „Скопје1“.Засега не се фатени лицата кои ја фрлија бомбата во семејната куќа. Според МВР, други повредени нема. Ова е трет напад врз Штекли.Претходно, во него два пати беше пукано додека шеташе низ трговскиот центар „Ист гејт мол“. Беше погоден и во белодробното крило, но се спаси. Двете ликвидации биле добро планирани, а од беа објавени и снимки од моментот на пукање.Штекли е добро познат во скопското подземје и криминалните кругови. Еден период се поврзуваше со т.н. група „Барон“ од Чаир.

Македонија | пред 1 година

gjorce-park

Драма во паркот во Ѓорче: Мајка пријавила дека жена се обидела да и го киднапира детето

Драма се одвивала во паркот во Ѓорче Петров во текот на вчерашниот ден. Мајка пријавила обид за киднапирање на нејзиното дете, од страна на жена која седела на една од клупите во парк. Според информациите кои „Скопје1“ ги доби и од очевидци, жената прво го викнала детето и му дала да јаде, потоа го фатила за рака и го носела со неа, надвор од паркот.Кога мајката забележала што прави, почнала да вика да застане, а поради сомнежот дека се обидува да и го киднапира детето, почнала да вика и „полиција, полиција“. Жената застанала и и рекла да престане да се дере. Случајот е пријавен и во полиција, а жената која го земала детето посочила дека целта и била да го однесе кај нејзините деца додека го најде родителот - иако мајката била цело време близу со детето.„Ддодека била со нејзините две деца, М.М.(46) од Скопје, која била со своето дете, викнала едно од децата на А.Б. да седи со нејзиното дете и им дала да јадат. Потоа М.М. со детето на А,Б. тргнала накај пазарот, по што А.Б. истрчала по нив и си го земала детето. Со М.М. е извршен службен разговор во ПС Ѓорче Петров и посочила дека сакала да го однесе детето кај своите деца додека да го најде родителот“, велат од МВР за „Скопје1“За случајот е известен и јавен обвинител.

Скопје | пред 1 година

B630A5ED-6BF9-4200-ACFE-74B8D3D5B613_1_105_c

На Зоолошка и се заканува клуч на врата, без Управниот одбор, кажа и Јанчева

Советничката на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, рече дека лошите состојби во Зоолошка градина се нешто ново, а не стара состојба. Со изгласување на оставките на Управниот одбор, Зоолошката ќе остане без орган на управување и тоа според неа е клуч на врата.„Со тоа што го изгубивме кандидатскиот статус на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) имаме мораториум, а денеска со изгласување на оставките на Управниот одбор - сами ќе и ставиме мораториум. Со ова приморано, ќе ставиме катанец на Зоолошка, без орган на управување. Ако сакате мерка и ја нарекувате мораториум, треба да дадете рок. Вака, во преносна смисла е катанец на Зоолошка. Не можеме да одиме против актот на основање. Нема потреба од квалификации кој сака и не сака животни, тоа е лично. Зоолошка е бренд и овде беше кажано дека ќе слави 100 години, прва е на Балканот“, рече Јанчева.Според неа, Советот има одговорност за состојбата во Зоолошка градина.„Укажувавме дека имаме директори кои законски не смеат да бидат в.д. директори, не слушнав од членовите на Советот кој не се партиски определени - аргумент да нѐ поддржат дека вршителот на должност е противзаконски поставен, траеше тоа еден или два мандати“, додаде Јанчева.

Скопје | пред 1 година

utkovski-sutka

Бегство и пукање во затворот во „Шутка“: Осуденик враќан од суд, ги избуткал полицајците и прескокнал ограда

Осуденик од затворот „Скопје“ во Шутка избега при спровод од суд во ќелија. Ова се случило попладнево и тоа откако полицајците кои го обезбедувале го извадиле од затворското комбе и се доближувале кон црната капија, дознава „Скопје1“. Според нашите информации, осуденикот се движел пред тројцата полицајци кои го обезбедувале, но успеал да им се оттргне и да избега. Директорот Бобан Утковски не споделува детални информации за случајот, бидејќи истиот се уште е во фаза на проверки.„Информацијата за бегството е точно. Се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот. Лицето избегало при спровод од суд во полуотворениот дел од затворот. Доколку бидат утврдени пропусти при спроводот, ќе следуваат санкции“, вели директорот Бобан Утковски за „Скопје1“.Станува збор за осуденик кој издржува пет годишна затворска казна, но истовремено, се гони и за други пет дела за кои постапките му се во тек. При враќање од суд, тој се движел пред полицајците, но во дел од секунда скренува десно и почнува да трча кон затворската ограда. Според информации на „Скопје1“, сите тројца полицајци кои го обезбедувале трчале кон него, но ниту еден не го стигнал. Еден од полицајците пукал и во воздух за да го заплаши, но осуденикот не се поколебал.Доброупатени извори за „Скопје1“ тврдат дека иако го бркале, а само еден кој бил на чекор до него, во моментот кога се обидува да го фати, се сопнува и паѓа. Во овој дел од затворот има видео-надзор, кој ќе треба да го прегледа управата, но и МВР каде бегството е пријавено.Истото лице во текот на месецот, барало да биде спроведен од затвор на погреб, но тоа не било дозволено, бидејќи управата проценила дека ризикот за бегство е голем. Спроводите во суд се задолжителни, по налог на судија.Пријава за бегството има и во МВР, потврдија од таму за „Скопје1“. Посочуваат дека активно се трага и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Македонија | пред 1 година

ljupco

(Видео) По „Претрес“ ќе се вештачи миксетата на починатиот Љупчо: од што почина? Родителите талкаат по одговори

Институциите се размрдаа откако мајката и таткото на 19-годишниот диџеј Љупчо Лешко јавно во поткастот „Претрес со Ландов“ ги изнесоа сите сомнежи и чудни околности за смртта на нивниот син. Три месеци не знаат што е причината за смртта бидејќи Судска медицина нема изработено обдукциски наод. Љупчо почина во приватна вила во Радишани. МВР објави дека причината е струен удар. Но, миксетата наместо на вештачење - останала кај сопственикот на вилата, кој ја вратил кај родителите, а родителите ја донесоа и во студиото на „Претрес“. Осум дена по поткастот - таа е одземена од нив.Раде Лешко, татко на диџејот Љупчо Лешко, за „Скопје1“ откри дека од нив била побарана медицинска документација и комплетната опрема на неговиот син, за која претходно се разговараше во „Претрес“. Од нив се одземени шест предмети, меѓу кои и лаптопот и ДЈ-контролерот преку кои Љупчо пуштал музика критичната ноќ.„По налог на јавен обвинител доставивме целокупна медицинска документација на Љупчо и неговата комплетна опрема, земена за вештачење во Крвни деликти“, вели Лешко за „Скопје1“.?t=4915Сепак, и натаму недостига причината за смртта. Семејството Лешко и натаму талка по одговорот - како почина Љупчо. Три месеци чекаат за обдукцискиот наод, кој Судска медицина не го изготвија. Наместо тоа, добија најава за можна кривична пријава, оти честото јавување со прашања, за директорот е притисок.Според директорот на Судска медицина, Александар Станков, ова е само укажување, а не закана.„Родителите и блиски роднини на покојниот во повеќе наврати се примени на разговор во Институтот за судска медицина, со нив е дополнително разговарано и им е дадено објаснување. Закани за кривична пријава кон нив немало од ниту еден вработен во Институтот, туку им е укажано дека вршењето на притисок врз службено лице може да резултира со кривична пријава. Работата на нашиот Институт не е брзо завршување на обдукционите наоди, туку нивно прецизно, точно и со докази и анализи поткрепено изготвување“, вели директорот Станков за „Скопје1“.Сепак, родителите тврдат дека не биле на никаков разговор. Единствено таму била сестрата на Љупчо, Стефанија. Тие пак, посочуваат дека секојпат кога ќе се јавеле им велеле да ги побараат за два-три дена. Кети Лешко, мајка на починатиот Љупчо, бара Судска медицина да го докаже ова со снимки од надзорните камери, дека тие навистина биле таму на разговор.„Како одговор на изјавата на директорот на судска медицина сакам да ви потврдам дека ние како родители никогаш не сме биле физички во судска медицина, туку од страна на доктор беше повикана нашата ќерка на информативен разговор само околу срцето на нашиот син, но не и за информации за причината за смртта, што беше изречито кажано од истата докторка. Понатаму, ако зборовите 'Дека ако повторно пратиме блиско лице, или досаѓаме по телефон', дека како службено лице вработено во таа институција има право да поднесе кривична пријава за вршење притисок и мешање во истрагата не е закана, тогаш не знам што е, ама укажување секако не е. Ако прашањата дали има резултати се мешање во истрагата или вршење притисок, во ред, ќе прифатиме. Сепак, мислиме дека не се. И ако е така, тогаш би го замолил директорот да им укаже на неговите вработени, кога ќе се јавиме да не ни викаат јавете се за два дена, три дена, другата недела итн. Нашата ќерка беше таму и имаше краток разговор за кој она ќе ви пише и ќе ви каже каков одговор добила“, вели Раде Лешко, татко на починатиот Љупчо.Родителите посочија и дека вработен во МВР, уште на стартот на истрагата која го бара одговорот од што починал Љупчо, им кажал дека случајот ќе се затвори како незнајна смрт.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања