Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кристијан Ландов

media-libraryols4h4h7f31h9ucU4a9

Муцунски го осуди иранскиот напад врз Катар во разговор со катарскиот министер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи, информира Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија.Во разговорот, Муцунски го осудил отворениот ирански напад насочен кон територијата на Катар, оценувајќи го како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет. Тој изразил цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар, потврдувајќи ја поддршката за мерките и одлуките преземени со цел заштита на безбедноста и стабилноста на државата.Муцунски нагласил дека во услови на зголемени регионални тензии неопходни се воздржаност, одговорност и засилен дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на мирот и стабилноста во регионот.

Свет | пред 2 седмици

media-library6j29nkh44eeibZGByrb

(Видео) „Ситуацијата во Дубаи е сериозна, експлозиите се од пресретнати проектили, животот продолжува“, вели Македонецот Јовановски кој живее таму

Македонецот Марио Јовановски, кој живее и работи во Дубаи, каде е сопственик на бренд за персонални фитнес-тренинзи, за „Скопје1“ говори за актуелната безбедносна состојба во градот и за, како што вели, ширењето на бројни дезинформации на социјалните мрежи.Тој посочува дека во текот на вчерашниот ден имало повеќе експлозии над Дубаи, но објаснува дека станува збор за пресретнување на проектили и ракети што пристигнувале од правец на Иран. Според него, експлозиите што се слушаат се резултат на активирањето на одбранбените механизми на Обединетите Арапски Емирати, кои ги неутрализираат ракетите во воздух.Јовановски наведува дека, според официјалните податоци, безбедносните сили на Емиратите пресретнале околу 165 ракети и приближно 530 ирански беспилотни летала. Дел од остатоците од пресретнатите проектили, како што појаснува, паѓаат на различни локации, што довело до појава на пожари, вклучително и во близина на аеродромот во Дубаи и во дел од областа Палм Џумеира.Тој нагласува дека ситуацијата не е за потценување, но дека досега безбедносните сили успешно се справуваат со заканите и дека градот останува релативно безбеден, иако звукот од експлозиите предизвикува вознемиреност кај населението.Аеродромите во Дубаи, Абу Даби и Шарџа се превентивно затворени, а летовите кон и од Емиратите се привремено прекинати. Сепак, секојдневниот живот, според Јовановски, продолжува, иако со намалена динамика во споредба со претходните денови.Тој апелира јавноста да не им верува на сите видеа, фотографии и објави што кружат на интернет, оценувајќи дека значителен дел од нив содржат неточни или непроверени информации кои не ја отсликуваат реалната состојба во Дубаи.

Настани | пред 2 седмици

media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Ескалација во Ормускиот Теснец: Напад врз танкер ја зголеми неизвесноста на клучната нафтена рута

Во Ормускиот Теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на сурова нафта, повторно растат тензиите по зачестените напади во регионот на Блискиот Исток. По неделниот напад врз нафтен танкер, германската бродска компанија Hapag-Lloyd соопшти дека до понатамошно известување го прекинува сообраќајот на своите пловила низ теснецот.Ормускиот Теснец, кој ги поврзува Персискиот и Оманскиот Залив, на најтесниот дел е широк околу 21 морска милја и претставува единствен поморски коридор за извоз на нафта од регионот кон светските пазари. Неговата стратешка важност го прави чувствителен на секоја безбедносна закана.Оманскиот Центар за поморска безбедност соопшти дека танкерот „Скајлајт“ бил нападнат на околу пет морски милји од брегот на Масандам во Оман, при што четири лица биле повредени. Иранската новинска агенција Mehr објави дека танкерот бил погоден по наводен „неовластен премин низ Ормускиот Теснец“ и дека поради оштетувањата почнал да тоне, но засега нема официјална потврда дали станува збор за истото пловило.И покрај инцидентите, UKMTO соопшти дека преку официјалните канали за поморска безбедност не е најавено формално затворање на теснецот. Сепак, организацијата предупреди дека зголемените воени активности во регионот претставуваат сериозна закана за трговскиот поморски сообраќај и апелираше бродовите да пловат со зголемена претпазливост и да пријавуваат секоја сомнителна активност.Според податоците за пловидба, најмалку 150 танкери се задржани надвор од клучниот пловен коридор, додека десетици други бродови мируваат и од спротивната страна на теснецот. Пловилата се концентрирани во отворени води покрај бреговите на големите производители на нафта во Заливот, меѓу кои Ирак, Саудиска Арабија и Катар.Ормускиот Теснец е под контрола на Иран, кој претходно се закани со негово затворање. Секое евентуално блокирање би имало сериозни последици врз глобалните пазари на енергенси и би предизвикало дополнителна нестабилност во веќе тензичниот регион.

Свет | пред 2 седмици

media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p

Филипче: Сè е договорено, уште Мицкоски фалеше да го пречека Груби на граница

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека случајот со враќањето на Артан Груби и одлуката за определување куќен притвор претставуваат јасен показател за политички договор и директно влијание врз судството и обвинителството од страна на власта.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче посочи дека уште од моментот на враќањето на Груби се поставуваат исти прашања без да се добие одговор. „Како е можно на тој начин да се врати бегалец од правдата, да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор? Сте слушнале ли одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не. Ниту ќе слушнете. Поради тоа што има договор. Тоа е вистината“, рече Филипче.Тој оцени дека премиерот избегнува конкретни одговори на суштинските прашања и дека, наместо појаснувања, нуди дефокус и несоодветни коментари. Како пример го наведе прашањето за новопоставениот конзул на Македонија во Србија, Душан Адамовиќ, за кое, според него, не бил даден одговор.Филипче нагласи дека ваквиот развој на настаните не може да се случи без политичка координација и контрола врз институциите. „Такви политички договори во коишто судството и обвинителството се послушници никому не носат добро. Уште премиерот фалеше дека ќе го пречека Артан Груби на граница“, изјави тој.Според него, наместо институциите да функционираат независно и согласно законите, јавноста сведочи на координирани чекори – од медиумското покривање на враќањето, до експресното определување куќен притвор.

Македонија | пред 2 седмици

semejno-nasilstvo

Жена пријавила физички напад од поранешниот сопруг

Дваесет и петгодишна жена пријавила во СВР Скопје дека на 25 февруари 2026 година во скопско била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг М.В. (26), соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Пријавата била поднесена на 28 февруари 2026 година во 11:30 часот, по што надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

policija

Се расправале, па се степале: двајца кумановци со тврди предмети тепале млад скопјанец

На 28 февруари 2026 година во 19:20 часот во СВР Скопје, И.Ј. (21) од Скопје пријавил дека на 27 февруари 2026 година на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Н.Ј. (56) и Џ.Ј. (26), двајцата од Куманово, кои при нападот употребиле и тврди предмети, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.По целосно документирање на случајот, против пријавените ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 седмици

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

Масовна тепачка во Карпош: Седум лица приведени од пред угостителски објект

На 1 март 2026 година во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје привеле седум лица поради нарушување на јавниот ред и мир, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Станува збор за Е.Ф. (23), С.С. (26), М.М. (25), К.Т. (26), Д.В. (22) и К.Н. (23), сите од Скопје, како и К.Ј. (21) од Крива Паланка. Според информациите, околу 00:30 часот пред угостителски објект тие влегле во меѓусебна физичка пресметка.По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 2 седмици

media-library1k51ac2rpjn51SIcTri

Гневен скопјанец фрлал кон општинската зграда на Шутка и искршил неколку стакла, па бил уапсен

На 28 февруари 2026 година во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.И. (49) од Скопје, по претходна пријава дека со употреба на тврд предмет оштетил влезна врата и скршил повеќе стакла на зградата на Општина Шуто Оризари, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 седмици

DSC_0289

Малолетничка од Делчево пријавила малолетник за обљуба: тинејџерот лишен од слобода

На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, по претходна пријава од 17-годишна малолетничка дека, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а бил контактиран и родител на малолетникот. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна постапка согласно законските прописи.

Македонија | пред 2 седмици

granata

Пронајдена минофрлачка граната од Првата светска војна во битолско

На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од селото Добромири, битолско, пријавил дека во своето дворно место пронашол стара граната, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната, при што било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри од Првата светска војна. Надлежните апелираат граѓаните при пронаоѓање на вакви експлозивни направи веднаш да ги известат службите и да не ги допираат.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Пронајдени кокаин и синтетичка дрога во спортски центар во Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ж.К. (40) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Според информациите, на 24 октомври 2025 година во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и таблети метилен-диоксиметафетамин.По целосно документирање на случајот, поднесена е кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

Тешко повреден малолетен мотоциклист во сообраќајка во Битола

На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.В. (42) од Битола и мотоцикл „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Битола, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Увид на местото на настанот извршила увидната екипа на СВР Битола, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryh83q5vtmc9j99SeSIkV

Инцидент во Боговиње: млад човек нападнат со остар предмет

На 28 февруари 2026 година околу 20:45 часот во селото Боговиње, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.М. (23) од истото село, постапувајќи по претходна пријава од А.Т. (18), исто така од Боговиње, дека пред продавница во селото бил физички нападнат, при што напаѓачот употребил и остар предмет, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.По целосно документирање на настанот, против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

Tabanovce

Приведен албански државјанин на Табановце, се обидел да излезе со туѓа лична карта

На 28 февруари 2026 година во 18:30 часот на Граничниот премин Табановце, при излез од државата, полициски службеници го привеле Р.Д. (75) од Република Албанија, затоа што при гранична контрола дал на увид туѓа лична карта, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и целосно документирање на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

soobrakajka-634

Сообраќајна несреќа на автопатот Скопје–Штип: 44-годишна жена со тешки повреди

На 28 февруари 2026 година во 07:15 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на автопатот Скопје–Штип, во близина на Свети Николе, патничко возило „опел“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од А.К. (20) од селото Вевчани, струшко, излетало надвор од коловозот, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.К. (44) од Вевчани, додека возачот се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе, а се работи на целосно расчистување на околностите.

Македонија | пред 2 седмици

motori2

Сообраќајка по удар во куче скитник, 29-годишник од скопско со тешки повреди

На 28 февруари 2026 година околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Р’жаничино и Таор, скопско, Р.И. (29) од селото Орешани, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, удрил во куче скитник, по што паднал на коловозот, соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија.Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfdvu0vbd3h6l2aFFODu

Полицијата уапси тројца скопјани и прилепчанец

На 28 февруари и 1 март 2026 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје ги лишиле од слобода А.И. (24), Ф.М. (27) и И.Р. (35), сите од Скопје, како и М.М. (30) од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 2 седмици

krazba

Провала во основно училиште во Велешта, украдени 400 денари

На 28 февруари 2026 година во 14:50 часот во Одделението за внатрешни работи Струга било пријавено дека во основно училиште во струшкото село Велешта, засега непознат сторител насилно отворил прозорец, оштетил дел од инвентарот и одзел 400 денари, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.Од ОВР Струга информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот, по што против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

2021-08-02-16-38-42-426

Стружанец изградил куќа и гаража без одобрение, поднесена пријава

Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против М.М. (58) од Струга поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.Според наводите, пријавениот, во својство на инвеститор, на катастарска парцела лоцирана во Струга, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежниот општински орган, изградил објект за домување и една гаража.Надлежните институции преземаат мерки за понатамошно постапување согласно законските прописи.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Охриѓанка градела куќа без одобрение, инспекторатот наложил уривање

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.П. (46) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „бесправно градење“, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.Според информациите, пријавената, во својство на инвеститор, на катастарска парцела во охридското село Љубаништа изградила објект за домување без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при Општина Охрид.По констатирањето на состојбата, надлежниот инспекторат донел решение за отстранување на бесправно изградената градба.

Охрид | пред 2 седмици

soobrakajka

Три возила учествувале во сообраќајка: Повредени возачи и сопатничка во несреќа на патот Кичево–Гостивар

На 28 февруари 2026 година во 12:30 часот, на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај „Осломешка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила со кичевски регистарски ознаки, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.Во несреќата учествувале автомобил „ауди А3“, управуван од Ф.А. (24) од селото Зајас, „ауди Q5“, управуван од Г.С. (31) од селото Длапкин Дол и „сеат“, управуван од Н.Р. (56) од селото Бачишта.Со телесни повреди се здобиле возачот на „ауди А3“, сопатничката С.А. (51) од Зајас, како и возачот Г.С. Од Министерството информираат дека увид на местото на настанот извршиле полициски екипи, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

Охрид | пред 2 седмици

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Скопјанец повреден во напад во Струга, полицијата трага по сторителот

На 28 февруари 2026 година во Одделението за внатрешни работи Струга било пријавено дека на улицата „Скопска“ во Струга едно лице најнапред физички, а потоа и со остар предмет, го нападнало и повредило Б.Е. (46) од Скопје, соопшти СВР Охрид.Надлежните полициски служби преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

(Видео) Филипче: Власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела, тоа треба да го знаат САД

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја спореди актуелната македонска власт со режимите во Иран и Венецуела, оценувајќи дека земјата се движи во опасна насока на авторитарност и институционално разградување. Тој има разбирање за нападот на САД кон Иран, со помош на Израел.„Тоа е за доброто на иранскиот народ, како што беше за доброто на народот во Венецуела. Очекувам да има деескалација на работите. САД како наш стратешки партнер треба да знаат дека во нашата земја има власт со многу слични карактеристики како властите во земјите со кои се соочуваат“, изјави Филипче.Тој обвини дека актуелната власт одржува отворени контакти со Москва.„Оваа власт има отворени контакти со Путин, преку контактите на вицепремиерот со ‘Ноќните волци’. Вториот човек во Владата не ги крие контактите со луѓе блиски до Путин“, рече Филипче откако претходно му замеруваа на министерот Иван Стоилковиќ за средбите во Белград.Според него, постои сериозно влијание врз судството, а институциите се под директна политичка контрола.„Премиерот преку телевизија именува и разрешува обвинители. Портпаролката објавува судски одлуки пред тие официјално да бидат донесени. Имавме враќање на бегалецот Груби по договор. Имавме случај со пет тони марихуана што поминала низ граница – нешто што не може да се случи без знаење на високи функционери. Се задушува слободата на говорот“, истакна тој.Филипче оцени дека ваквите состојби ја приближуваат земјата кон модел на управување што, како што рече, наликува на тоталитарни режими со кои се соочуваат Соединетите Американски Држави на глобално ниво.„Имаме работа со терминално неспособен премиер и терминално неспособна влада, кои се грижат само за себе“, додаде лидерот на СДСМ.

Настани | пред 2 седмици

media-libraryh1a0pvf66pfuaUCkkFs

(Видео) За нив раководењето на државата е само приватен бизнис, вели Филипче за Владата на Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека во земјата има драматичен пад на странските директни инвестиции од 61 отсто, повикувајќи се на извештај на Народна банка на Република Северна Македонија.Според него, во 2024 година, како резултат на економските политики спроведувани во изминатите седум години, биле реализирани рекордни 1 милијарда и 196 милиони евра странски инвестиции, додека во 2025 година таа бројка изнесува 467 милиони евра. „Тоа е резултатот на економската политика – дебакл“, рече Филипче.Тој нагласи дека бројките не се само статистика, туку претставуваат конкретни работни места и квалитет на живот за илјадници семејства. Посочи дека за време на мандатите на СДСМ биле отворени 16 фабрики и биле создадени над 10.000 работни места во технолошко-индустриските развојни зони.„Сега има губење на работни места. Голема германска компанија најави повлекување и околу 500 лица остануваат без работа. Разликата е јасна – ние отворававме фабрики и работни места со добри и високи плати, а сега работниците се оставени во неизвесност“, изјави Филипче, додавајќи дека според него „има средства само за тендери што водат до високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ“.Филипче оцени дека состојбата во буџетот е загрижувачка и дека „дупката во буџетот е огромна“. Тој потсети дека СДСМ предложил зголемување на минималната плата, но, како што рече, тој предлог бил одбиен од актуелното парламентарно мнозинство.

Настани | пред 2 седмици

media-libraryl3amt296gal0cy9JM1j

Воздушниот сообраќај во колапс: Патници заглавени по ескалацијата на кризата

Судирот доведе до затворање на клучните аеродроми во Дубаи, Абу Даби и Доха и до откажување на повеќе од 1.800 летови на големите блискоисточни авиопревозници, според податоците на аналитичката компанија Cirium. Од околу 4.218 планирани летови за сабота, откажани се 966, односно 22,9 проценти.За недела се откажани 716 од вкупно 4.329 планирани летови. Во меѓувреме, платформата за следење летови FlightAware објави дека до недела во 3:30 часот по средноевропско време, глобално биле одложени повеќе од 19.000 летови, а над 2.600 целосно откажани.Неизвесноста за патниците расте, бидејќи засега не е јасно колку долго ќе траат прекините во воздушниот сообраќај. Џонатан Ескот и неговата свршеница во саботата пристигнале на аеродромот во Њукасл во Англија, за да дознаат дека нивниот директен лет за Дубаи со „Емирати“ е откажан. Ескот се вратил кај семејството, кое живее на околу еден час од аеродромот, но не знае кога ќе може да отпатува.„Никој не знае“, изјавил Ескот. „Никој навистина не знае што се случува со судирот. Дури ни ‘Емирати’, ни тие немаат одговор. Никој нема јасна слика.“Како одмазда за нападите на САД и Израел, Иран започна серија напади врз Израел и врз заливските држави во кои се наоѓаат американски воени бази – Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Трите главни заливски авиопревозници – „Емирати“, „Етихад“ и „Катар ервејс“ – вообичаено превезуваат околу 90.000 патници дневно преку своите центри.Два аеродрома во Обединетите Арапски Емирати пријавиле инциденти. Властите во Дубаи соопштија дека четири лица се повредени, додека од Меѓународниот аеродром „Зајед“ во Абу Даби информираа дека едно лице загинало, а седум се повредени во напад со беспилотно летало. Напади биле регистрирани и на Меѓународниот аеродром во Кувајт.Иако Иран официјално не презеде одговорност, обемот на нападите, кои заливските држави му ги припишуваат, се прошири и надвор од американските бази што претходно беа посочени како цели.Аналитичарот за воздухопловство Хенри Хартевелд предупредува дека ситуацијата нема да се нормализира веднаш. „Патниците треба да се подготват за доцнења и откажувања во следните неколку дена, сè додека нападите траат и, се надеваме, не завршат“, изјавил тој.Аеродромите низ Блискиот Исток останаа затворени и во неделата, втор ден по ред. Управата на аеродромите во Дубаи потврди дека операциите на „Дубаи интернешнл“ и „Дубаи ворлд сентрал“ се суспендирани до понатамошно известување. „Емирати“ привремено ги прекина сите летови до и од Дубаи до недела во 15 часот по локално време.Летовите на Меѓународниот аеродром „Хамад“ во Катар исто така беа суспендирани, а „Катар ервејс“ најави дека ќе продолжи со работа откако катарските воздухопловни власти ќе го прогласат воздушниот простор за безбеден.Според FlightAware, најмалку 145 авиони што во саботата летале кон Тел Авив и Дубаи биле пренасочени кон Атина, Истанбул или Рим, додека дел се вратиле на полетната точка. Еден авион поминал речиси 15 часа во воздух откако полетал од Филаделфија, стигнал до Шпанија, па се вратил назад.Картата на FlightRadar24 покажува дека главниот воздушен коридор исток–запад над Ирак, еден од најпрометните што ја поврзува Азија со Европа, е речиси целосно празен, што ја нагласува сериозноста на нарушувањата.Заливските превозници „Емирати“ и „Етихад“ во саботата откажале 38, односно 30 проценти од своите летови, додека „Катар ервејс“ суспендирал 41 процент од летовите од Доха. Голем број европски и светски авиокомпании исто така ги прекинаа летовите кон и од регионот.Поради вонредните околности, патниците нема да имаат право на класична финансиска отштета за доцнењата, но авиокомпаниите се должни да обезбедат грижа – храна, пијалаци и, доколку е потребно, сместување. Во случај на откажан лет, патниците имаат право на целосен поврат на средствата.Експертите предупредуваат дека доколку кризата продолжи, летовите ќе мора да се пренасочуваат околу зоните на судир, што ќе го продолжи времетраењето на патувањата, ќе ги зголеми трошоците за гориво и можно е да доведе до поскапување на авионските билети.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања