Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

Screenshot-2024-05-16-at-12.21.58

Првата ноќ на Палчо во притвор: ладнокрвно однесување, со себе имал мемориски дискови, камери и картици

Со ладнокрвно однесување, без никакви поплаки, Љупчо Палевски-Палчо е сместен во притворското одделение на затворот во Шутка. „Скопје1“ дознава дека тој не приговарал на ништо, ниту разговарал со спроводниците и полицајците кои го преземаа по екстрадицијата од Турција. Со него, носел повеќе работи, со кои бил затекнат при бегството во Баликесир.Извори за „Скопје1“ откриваат дека со во него, освен пари, имал документи, мемориски дискови, но и картици и камери. Овие материјали турските власти ги предале на македонските, при екстрадицијата. Непознато е дали истите завршиле во МВР, Обвинителство или со него во затворот во Шутка.Првите две локации во Македонија каде ќе биде носен Палчо се очекува да бидат Кривичниот суд, а потоа и на сослушување во Обвинителство.Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов кажа дека посебни протоколи важат за Палевски-Палчо. Од начинот на негово обезбедување со лица кои се посебно одредени, до крилото каде се наоѓа, но и неговата исхрана.При приемот се извршени редовни проверки кои се прават за сите притвореници, Палчо немал поплаки на неговото здравје.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Укината и пресудата за пожарот во ковид-болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот на слобода

Укината е пресудата изречена за двајцата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Артан Етеми и Флорин Бесими кои добија условни казни затвор, а потврдена за докторот Бобан Вучевски кој доби ослободителна пресуда, во случајот за пожарот во тетовскиот Ковид центар во кој загинаа 14 луѓе. Одлуката ја донела гостиварска Апелација. Според истата, предметот ќе се суди одново. Судиите од Апелација-Гостивар велат дека првостепениот суд не постапил со должно внимание и додаваат: „за да биде во можност со сигурност да ги утврди сите правно релевантни факти, со единствена цел да даде одговор на сите спорни прашања и да ги утврди сите решителни факти за постоење на кривичните дела и кривичната одговорност на страна на обвинетите Флирин Бесими, Артан Етеми“.„Судот ги разгледа жалбените наводи на ОЈО Т. за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 од ЗКП, меѓутоа истите не ги прифати за основани со оглед да обжалената пресуда во делот под точка II не содржи такви недостатоци поради кои не би можела да се испита по однос на нејзината правилност и законитост. Изреката на пресудата е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за утврдените решителни факти и завземените правни ставови на судот. Советот на овој суд смета дека сите погоре наведени жалбенинаводи наведени во жалбата на Основното јавно обвинителство Т. се неосновани“, стои во образложението за ослободувањето на докторот Вучевски.Второстепените судии образложуваат и зошто ги ослободиле Етеми и Бесими кои беа осудени.Основани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда на одредбите на постапката од член 415 став 1 точка 11 од ЗКП, наведени вожалбите на обвинетите во делот на сегаобжалената пресуда пдо точка I од истата, кои се однесуваат на отсуство на образложени причини за решителните факти и наполна нејасност на дадените причини, што ја прави првостепената пресуда во делот под точка I нејасна, неразбирлива и противречна сама на себе си, па како таква и неподобна за целосно испитување по однос на нејзината правилност и законитост. Ваквата воопштена и нејасна констатација на првостепениот суд, укажува на постапување на судот спротивно на член 408 став 6 од ЗКП, според кој во образложението на пресудата судот е должен да ги изнесе причините за секоја точка од изреката, а особено фактите што ги цени како докажани или недокажани и од кои докази ги утврдил тие факти, од кои причини не уважил одделни предлози на странките, од кои причини се раководел при решавање на правните прашања и кои околности ги зел предвид при одмерувањето на санкцијата, односно отсуството на образложени причини за решителни факти, ја прави обжалената пресуда нејасна, неразбирлива и неподобна за целосно испитување по однос на нејзината правилност, на што основано се укажува во изјавените жалби на обвинетите“, стои во образложението за ослободувањето на директорите Етеми и Бесими.Минатата година кога се изрече првостепената пресуда, условни казни добија поранешниот директор на тетовската болница Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми, кои беа обвинети за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој во 2021 година загинаа 12 пациенти кои се лекуваа од Ковид-19 и уште двајца посетитиели. Докторот Бобан Вучевски беше ослободен од вина, а на Клиничката болница во Тетово ѝ е изречна парична казна од еден милион денари.

Македонија | пред 1 година

slaveski45123531

(Видео) Славески во „Претрес“: Ќе нема нов Сашо Мијалков, блиски роднини доведоа до криза во партијата и државата

Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во „Претрес со Ландов“ кажа дека Сашо Мијалков нема да се повтори, а ниту да се дозволи, партијата да биде раководена од лица со роднински испреплетени релации.„Грешките оние покрупните, произлегуваа од начинот на раководење со партијата, кој што премина во автократски, еден тесен круг на луѓе кои стапија и во роднински врски, дали станаа кумови, да се коптираат блиски роднини, братучеди, нешто што ми непоимливо. Блиски роднини да ве поклопат и да ја поклопат партијата, да доведат до таква криза во партијата и државата е адекватно на казната која уследи и персонална, а за жал и за партијата и до некаде за државата Република Македонија“, рече Славески во „Претрес со Ландов“. Тој додаде: „Тоа нема да се повтори, ќе нема нов Сашо Мијалков и другите околу неговата свита, не смее да се повтори, тоа е прво и единствено, јас верувам во Мицкоски, дури тој покажа дека тоа не е негов стил на раководење“.Во подкастот тој објасни и низ личен пример за тоа како семејните реалции не дозовлил да влијаат во професионалниот живот, говореше за Мицкоски и за владеењето на Груевски.?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d&t=7375

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-11-08-141044

(Видео) Арсовска е одамна во политичка пензија, резултатите од изборите се мерило колку вреди, рече Славески во „Претрес“

Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во подкастот „Претрес со Ландов“ кажа дека скопската градоначалничка одамна е во политичка пензија. „И пред да стане градоначалник имав некои индикации дека таа има амбиции за повисока функција. Го имам кажано ова и на друго место, ова е сигурно. Уште во 2019, 2020 година, имаше амбиции за потпретседателско место. Сега ќе се покаже вистинската вредност на ова гласање, имаше дилема во некои јавни настапи кажуваше дека сама ги освоила гласовите“, рече Славески во „Претрес“ и додаде:„Сега еве ви мерило колку вредите. Мислам дека таа одамна е во политичка пензија“.Славески зборуваше и други актуелни случувања, теми, како и за ВМРО-ДПМНЕ, а го спомена и Сашо Мијалков.?t=7377

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-04-at-22.20.21

Уапсен бегалецот, кондовецот Агим Крсничи во Урошевац

Кондовецот Агим Крсничи, бегалец од штипскиот затвор, е уапсен во Урошевац, дознава „Скопје1“ од свои извори. Според информации на нашата редакција, тој бил уапсен откако учествувал во кривично-правен настан. Освен него, во рацете на тамошната полиција „паднале“ уште двајца бегалци од македонската права. Крсничи четири години е во бегство откако беше на слободен викенд, по кој, никогаш не се врати.Тој беше во затвор од 2008 година, каде отслужуваше 15 години затвор. Одлежа 12 години, а му остануваат уште 3 години. Осуден е за нерегуларности и предизвикување на неправилности на избори, злосторничко здружување, неовластено поседување оружје и други дела. Крсничи е познат и како водач на кондовската група, која ја сочинуваа седум членови.Засега ништо не навестува за негова екстрадиција. Одреден му е 48 часовен притвор, заедно со останатите уапсени. За нивна екстрадиција е рано да се одлучува, бидејќи прво треба да одговараат за делата кои таму ги сториле.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-02-at-12.59.10

(Видео) Спасовски во „Претрес“: Не можам да се согласам дека Палчо избегал!

Ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски смета дека Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за планирање и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, не избегал.Тој во подкастот „Претрес со Ландов“ посочи: „Апсолутно не можам да се согласам со констатацијата дека тој избегал. Тој заминал пред утврдување односно обезбедување на докази. Во моментот кога се утврдиле доказите, кога се пристапи кон претреси, се утврдило дека не се наоѓа во државата и секако за многу кратко време се обезбеди каде се наоѓа“, вели Спасовски.На обвинувањата дека Палчо го враќаат од Турција токму пред парламентарните избори заради политички поени, Спасовски рече: „Кој очекува дека политички поени ќе добива на вакви настани, тој се лаже. Екстрадицијата е одобрена пред неколку дена, а тоа што вчера било објавено во јавноста е политика на министерството (за правда).Повеќе на оваа тема и други актуелности, Спасовски говореше во подкастот:?t=5947

Македонија | пред 1 година

sdfghjkjgrfd

(Видео) Сите 17 полицајци од „Идризово“ добија мерки: шест што чувале празен кревет одат во притвор, 11 добија забрани

Шест полицајци од затворот „Идризово“ добија притвори, а 11 други нивни колеги добија мерки на претпазливост, откако обвинителката Ивана Трајчева покрена предистрагата и истрага затоа што пуштиле затвореник да избега, дознава „Скопје1“. Судија на претходна постапка смета дека се оправдани сомневањата дека шестте полицајци можат да избегаат се оправдани, а другите 11 не смеат да го извршуваат истото работно место за да не го повторат делото или да влијаат врз доказната постапка. Шефицата на полициското одделение при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева, посочува дека има цврсти докази против полицајците од „Идризово“ кои дозволиле осуден за убиство да избега од болницата во која се лекувал. Таа посочува дека снимките од видео надзорот кажуваат сѐ и покажуваат како се одвивало бегството. Посочува дека очекува мерките на претпазливост да и бидат уважени. Осуденото лице е најдено. „Би ја почекала официјално одлуката, но со оглед на тоа што беше презентирано како докази и кажано пред судот, очекувам во целост да ни бидат уважени предлозите односно шест предлози за притвор и 11 предлози за определување на мерки на претпазливост“, рече обвинителката Трајчева.Истражната постапка почнува од денеска.„За лицата за кои се побарани определување на мерки на претпазливост (лица кои го пуштале да излегува и да се враќа во болница) предметот е во фаза на предистрага. Не би сакала да навлегувам во деталите на доказите, со цел да не ја осуетам истрагата и предистрагата, но да кажам дека во овој поглед сме сигурни дека имаме доволно докази за постоење на основано сомневање за делата за кои им ги ставаме на товар. Воедно, обезбедени се и снимки од болницата каде престојувало осуденото лице“, додаде Трајчева.Пет полицајци помогнати од колега овозможиле бегство на лице кое е осудено за убиство. Ова го покажала истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Осудениот бил на лекување во приватна болница, па од болничката соба отишол во пушална. Полицајците заминале од просторијата, а осуденикот со автомобил избегал. За шест полицајци се бара притвор оти можат да избегаат, да кријат траги или влијаат врз сведоци.„Според дејствијата опишани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка, на 26.10.2023 година во приватна здравствена установа во Скопје, петмината осомничени – затворски полицајци при КПУ – КПД Идризово Скопје, како група, со умисла помогнати од шестиот осомничен затворски полицаец – приправник, овозможиле бегство на лице осудено за кривично дело „Убиство“ по чл.123 ст.1 од КЗ. Додека осуденото лице било на медицински третман, согласно прописите било обезбедувано од затворската полиција на КПУ-КПД Идризово. Критичниот ден со придружба на двајца осомничени затворски полицајци, лицето се упатило во просторијата за пушење во непосредна близина на болницата. Таму, заедно со придружбата поминало околу половина час, по што осомничените затворски службеници заминале, овозможувајќи му на осуденикот да излезе од просторијата и со ПМВ да се даде во бегство. Осомничените не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во КПУ- КПД Идризово, ниту тоа го сториле осомничените од втората смена, туку седеле без осуденото лице во празниот апартман во болницата каде биле затекнати од полициски службеници од ЕИП при МВР-СВР Скопје.“, стои во соопштението на ОЈО-ГОКК.Предистрагата се води за други 11 лица, дека го ослободувале осуденикот од болницата, а тој шетал и се враќал.„Воедно, јавниот обвинител против 11 лица води предистражна постапка заради постоење на основи на сомнение дека, во временскиот период од 19 – 26.10.2023 година, сториле продолжено кривично дело Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода по чл.373 в.в. со чл.22 од КЗ. Осомничените во текот на престојот на осуденикот како соизвршители, додека биле на смена, го ослободувале осуденото лице кое им било доверено на чување, кое непречено без придружба ја напуштало здравствената установа и по повеќечасовно отсуство се враќало назад.“, се додава во соопштението.За овие 11 лица, се бара забрана за напуштање на живеалиште, привремено јавување на суд и одземање на патна исправа.

Македонија | пред 1 година

ivana-trajceva

(Видео) Снимки од болницата од каде бил пуштен осудениот за убиство, покажуваат која улога ја имале полицајците

Шефицата на полициското одделение при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева, посочува дека има цврсти докази против полицајците од „Идризово“ кои дозволиле осуден за убиство да избега од болницата во која се лекувал. Таа посочува дека снимките од видео надзорот кажуваат сѐ и покажуваат како се одвивало бегството. Посочува дека очекува мерките на претпазливост да и бидат уважени. Осуденото лице е најдено. „Би ја почекала официјално одлуката, но со оглед на тоа што беше презентирано како докази и кажано пред судот, очекувам во целост да ни бидат уважени предлозите односно шест предлози за притвор и 11 предлози за определување на мерки на претпазливост“, рече обвинителката Трајчева.Истражната постапка почнува од денеска.„За лицата за кои се побарани определување на мерки на претпазливост (лица кои го пуштале да излегува и да се враќа во болница) предметот е во фаза на предистрага. Не би сакала да навлегувам во деталите на доказите, со цел да не ја осуетам истрагата и предистрагата, но да кажам дека во овој поглед сме сигурни дека имаме доволно докази за постоење на основано сомневање за делата за кои им ги ставаме на товар. Воедно, обезбедени се и снимки од болницата каде престојувало осуденото лице“, додаде Трајчева.Обвинителката кажа дека осуденикот е најден и однесен на издржување на затворската казна во еден од затворите во Македонија.

Македонија | пред 1 година

zfgnhsrht

„Скопје1“ дознава: Два тунели откриени во Идризово, машина за бетонирање влезе во затворот

Машина за бетонирање е влезена попладнево во затворот „Идризово“, по претресите кои ги извршија специјалците, дознава „Скопје1“. Според наши извори од затворот, ќе се затвораат два стари канализациски тунели, кои не се користат, а за кои постоеле информации дека постои можност да бидат користени за бегства.„Скопје1“ дознава дека групата која ги знаела тунелите кроела план за да ги искористи. Но, затворската управа, во координација со МВР, ги претркала во планот. Веќе попладнево, тие ќе бидат целосно затворени.Утрово, како што објавивме, биле претресувани само одредени делови од затворот, односно долните катови – како што се, затворениот и хашкиот дел. Веќе излегоа информации дека се пронајдени куп недозволени предмети кои биле внесувани.Тунелите во Идризово не се новина. Во март минатата година беше откриена ископана дупка, а во неа имаше и светло, а се укажувало да подготовка за бегство. Од неа беше извадена земја која во нормални услови би се транспортирала со над десет трактори. Неофицијално, го копале лица осудени за тешки дела и високи затворски казни. Одговорност – ни до овој момент немаше.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.58

Големи претреси во затворот „Идризово“, стотина специјалци - познати детали

Стотина полицајци влегоа во Идризово утрово, каде во тек се големи претреси, дознава „Скопје1“. Според нашите извори, се претресува полуотворениот дел на затворот, но и останатите крила, поради добиени информации дека може да ескалира состојбата помеѓу членови на две криминални банди, кои издржуваат казна во истата установа.Инспектори, специјалци со маскирни оделали кои се вооружани бараат недозволени предмети кои биле внесени во затворот. Акцијата била планирана неколку денови, а доаѓа после големиот муслимански празник Бајрам, за кога имало проценки дека состојбата може да ескалира.Повеќе информации за подоцна.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-04-at-11.07.31

Османи се најави како победник уште на првиот ден од кампањата за претседател

Бујар Османи, како претседателски кандидат, смета дека трката е негова важна мисија. Тој смета дека предводи победнички караван.„Доаѓам од НАТО, на денот од основањето на НАТО и членството на Северна Македнија во НАТО. Јас почнувам од НАТО, се надевам дека ќе ја завршам мисијата во ЕУ како претседател. Овие избори се народен референдум кој ќе ја определи иднината на оваа држава. Имајќи ја можноста од граѓаните да бидат дел од најважните интегративни процеси, сметам дека ги имам контактите, имам посветеност, за да го остварам сонот на секој граѓанин за европска иднина“, додаде Османи.Тој кажа дека е поддржан од девет партии. Кампањата ќе биде осврната на делот Македонија да стане членка на ЕУ.„Го почнуваме победничкиот караван, слушајќи ги барањата на граѓанините“, додаде Османи.Ќе раскажува и како во наредните пет години, Македонија ќе стане членка во ЕУ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-21-at-22.49.37

(Видео) Три најголеми грешки на СДСМ, три најважни политики на ВМРО-ДПМНЕ и дали во партијата има заедништво

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, тврди дека поделби во партијата нема, а ниту фракции. Според неа, се делува кохезивно. Во интервју за „Скопје1“ таа говореше за тоа што нѐ чека во изборната кампања. Посочи и три најголеми грешки на СДСМ, но и три политики на ВМРО-ДПМНЕ поради кои очекуваат најголема поддршка.„ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период покажа дека одлучува и делува самостојно. Нема дилема за кохезивоноста која владее, како политичка партија, пуслираме во еден ритам. Доволно јасно е за принципот и ставот на ВМРО-ДПМНЕ и колку сме останале истрајни по однос на нашите политички делувања“, вели Митева за „Скопје1“.Посочува дека фракции – нема.„Нема ни мини група, ако зборувате за изолирани случаи и индивидуи, не сметам дека треба да зборуваме за луѓе кои се таму каде што се поради нивна определена потреба и некоја нивна цел“, додава таа.Прашана кои се трите најголеми грешки на СДСМ, Митева вели: економија, криминал и корупција и ниско и ужасно, лошо водење на надворешна политика.За тоа што ќе му донесе гласови на ВМРО-ДПМНЕ вели: „силна економија, развој на економија во делот на инфраструктурата и многу работа.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-21-at-23.23.57

(Видео) Црната кампања не носи гласови, СДС без „м“ е прекар одраз на нивните постапки, вели Митева

Низ годините сите кампањи за време на изборите поминуваа со објава на низа прислушувани разговори, објавување на приватни животни детали, па дури и снимки од секс-скандали. За овие зборови се очекува ова да кулминира во трката по гласови. Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ваква црна кампања не носи гласови, па тие тврди дека нема да водат.„Мислам дека црната кампања ќе влијае кон нив негативно. Таа црна кампања не носи раст на желбата на граѓаните да се вклучат во изборниот процес. Ние не одбираме да настапуваме со негативна кампања. Ќе имаме целосна позитивна кампања, ќе ги промовираме нашите афирмативни мерки кои што навистина сметаме дека треба да ги реализираме како идна Влада“, кажа Митева.Прашана дали да се очекува да се открива и долниот веш на кандидатите, рече: „Тоа од ВМРО-ДПМНЕ не треба да го очекуваат граѓаните“. На прашањето, што со останатите партии во овој дел, додаде: „Се надевам дека ќе ја надминат таа своја политичка некоректност и дека ќе имаме фер и демократски избор, дека ќе им се овозможи на граѓаните да одлучат помеѓу платформи, а не помеѓу ниски кампањи“.Околу прекарот СДС без „м“, Митева вели дека тоа не е политичка некултура, туку одраз на постапките на партијата.„Јас сметам дека политичка некултура е кога од една страна зборувате за Европа, а од друга страна ја крадете Македонија. Мислам дека политичка некултура е да направите пустош во образованието, во економијата, да немате одлично здравство како што заслужуваат граѓаните. Мислам дека тоа е најголемата некултура. Ако споменуваме прекари, би било фер да кажеме дека прекарите доаѓаат согласно постапките. Така што, СДС е одраз на тоа што тие го направија на Македонија“, рече Митева.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-22-at-09.13.10

(Видео) „Колку пониско ќе одат, толку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пообединето“ – интервју со Митева од ВМРО-ДПМНЕ, за тоа што носат изборите

Во победа се уверени, валкана кампања очекуваат од СДСМ, за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова посочуваат дека ќе е првата жена-претседател на Македонија. Ова се ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои во интервју за „Скопје1“ ги посочи Марија Митева, портпаролка на партијата. Се крои стратегијата, ќе има десетици митинзи. Не гледаат закана во помалите политички партии, а наведе и што е предноста на ВМРО-ДПМНЕ, но и зошто СДСМ ќе изгуби куп гласови.„Нема сомнеж дека ќе бидеме победници и ќе ја составиме следната Влада. ВМРО-ДПМНЕ нуди нова платформа, нов пристап во политиката. Време е за промени“, посочува Митева.Таа во интервјуто зборува и за тоа дали треба да се стравува што Силјановска-Давкова не е дел од партијата и е независен кандидат на изборите. Ги искоментира и споредбите на претседателскиот кандидат со градоначалничката на Данела Арсовска која се одметна од партијата која ја донесе на власт.„Колку пониско ќе одат (СДСМ), толку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пообединето“, порача Митева.„Уште еден доказ за тоа каде се креираат лажните вести е прес центарот на СДС. Да имате кристално јасна изјава на професорката, а вие врз основа на таква изјава прво да креирате лага и таа лага да ја продлабочувате на прес-конференции е доказ за тоа колку сте политички нестабилни, колку ги потценувате граѓаните и колку сакате да направите штета на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го прави само една слаба власт во заминување“, рече Митева.Објасни и како е избрана Силјановска-Давкова и како ќе се слави победата во која се уверени дека ќе ја имаат. Посочи и од што ќе зависи коалицирањето и со кои партии е тоа можно.„Граѓаните одлучуваат, нашата желба е ДУИ да биде дел од идната опозиција“, додаде Митева.Сценаријата дека со месеци нема да има Влада – за неа не се опција. Митева, беше прашана и дали имињата на Милошоски, Ѓорчев, Димовски ќе се најдат на пратеничките листи.Погледнете го целото интервју:

Македонија | пред 1 година

AHMETI-GRUBI-DZAFERI-1

Ахмети со војната „купува“ гласови: Албанското тло е распарчено, да ги реализираме соништата на нашите предци

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, продавајќи флоскули за војната во 2001 година и споменувајќи ги „соништата на нашите предци“, без да прецизира дали тоа е т.н. „Голема Албанија“ купува гласови за Бујар Османи. Тој ги повика Албанците да се обединат. Ја искритикува одново Русија која ја посочи за закана.„Секогаш сме сонувале како Албанците се обединети во еден фронт. Зошто се навраќам во историјата – зошто тоа се моите соништа. Во тоа време (војната 2001 година) бевме маргинализирани, единствениот универзитет отворен со крв е Тетовскиот универзитет, сега имаме три универзитети. Овој сон го продолживме по војната, со цел Албанците да бидат обединети, но не успеа. Но по 23 години, ние успеавме, постепено, сите заедно“, рече Ахмети.Во говорот на албански јазик ги повика сите заедници во Македонија, но не ги спомена Македонците, да гласаат за ДУИ и Османи. Рече: „албанското тло е распарчено“.„Нештата во глобалната политика чекорат лошо. Ништо немаме против малите политички партии, но немаат капацитети да се соочат со сите настани кои се случуваат околу нас, во Европа и Блискиот Исток. Затоа оваа држава, ова обединување, е повеќе од потребно, за да се поддржи не само од албанската заедница, туку и од турската, ромската заедница. Овој фронт ќе им излезе во пресрет со сите интелектуални капацитети. Албанците историски изгубиле во одлучни моменти кога не биле обединети, албанското тло е распарчено, затоа од денеска па натаму да сме еден народ, едно тело, да ги реализираме соништата на нашите предци, да ги јакнеме нашите позиции, да не паѓаме во заседа на малите партии, туку да ја гледаме нашата историска мисија, да ја држиме во живот и на 24 април да го поддржиме нашиот кандидат за претседател, Бујар Османи и како едно тело да продолжиме на 8 мај, да победи Европскиот фронт“, додаде Ахмети.Говорот го заврши со: „Господ нека ни е на помош, нека живее албанскиот народ“.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) ГТЦ доби барака, а бараката донесе револт: „Го гушнаа, го задушија, душа му извадија…“

И покрај купот празни и затворени дуќани во Градскиот трговски центар (ГТЦ), нов објект никна на излезот кон кејот, во редот на сендвичарите. Потегот предизвика револт и низа реакции, бидејќи дел од граѓаните сметаат дека местото не му е таму. Но непознато е кој и зошто го поставил, како и која му е намената. „Скопје1“ побара одговори од менаџментот, но не доби. Реакција има и од Софија Куновска, поранешна пратеничка.„Па имате ли трошка совест, знаење или одговорност? За ова треба кривична одговорност“, напиша Куновска.Има и потсетувања дека пред десетина година, кога ГТЦ требаше да добие барокни фасади беше „гушкан“ од активисти за да се спречи акцијата.„Го гушкаа гтц да не било барок за после 10 години да го добијат ова“, коментира корисник на „Х“. И друг граѓанин смета дека на објектот, кој има и струја – не му е местото таму.„ГТЦ Скопје 2024г. Го гушнаа, го задушија, душа му извадија…“, напиша тој. Има и иронични коментари.„Елате да го гушнеме ГТЦ, не ме оставајте сам“, напиша друг корисник на „Х“. Директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски не одговори на прашањата од „Скопје1“ поврзани со објектот. Го прашавме кој и зошто, но и со чија дозвола го постави, зошто имаше потреба од него и која е намената. Меѓудругото, не добивме одговор ниту што мисли за низата реакции и критики и дали по нив, објектот ќе биде отстранет. ГТЦ – Градски трговски центар – Скопје е почнат со изградба во 1973 година. Нa конкурсот, распишан 1967 година пристигнати се 23 архитектонски решенија, меѓу кои победува решението на тимот предводен од Живко Поповски. Покрај овој голем македонски архитект, во тимот учестуваат: Тихомир Арсовски,Живко Гелевски, Димитар Димитров, Благоја Колев, Радомир Лајовиќ и Лидија Маркова.Денеска, ГТЦ пропаѓа. Дел од подрумските простории мирисаат на измет и се полни со смет.

Скопје | пред 2 години

GInxr8UXQAAuoDL

(Фото) Доктор од Прилеп ги посрамоти колегите од Битола во извештај: „За срамота, при 10 хирурзи во Битола да се праќа пациентот во Прилеп за катетер!“

Пациент од Битола бил пратен во Прилеп за да му биде ставен катетер. Ваквиот чекор на битолските доктори е причина за остра реакција од страна на нивните колеги во Прилеп. Во специјалистичкиот извештај, докторот ѝ се обраќа и на директорката на Клиничката болница „Битола“ и ѝ посочува дека крајно време е да преземе мерки. За овој случај „Скопје1“ исконтактира со в.д. директорката на битолската болница, Елизабета Ивановска. Таа не беше запознаена со случајот. Ѝ го испративме извештајот.„Ставен катетер. За срамота при 10 хирурзи во Клиничката болница Битола се праќа пациент во Прилеп, за поставување на катетер на пациент со ретенција, крајно време директорот да си преземе и повеќе мерки да не се случуваат вакви работи. Здравството во Битола го допре дното“, стои во извештајот.Откако ја прочита препораката во која се бара да преземе мерки за нејзиниот кадар, директорката одговор ни достави преку лицето за односи со јавност во ЈЗУ Клиничка болница-Битола. Оттаму потврдуваат дека лицето било пратено во Прилеп, не поради катетерот, туку бидејќи требало да биде третиран.„Причината поради која пациентот кој што беше примен во Клиничка болница Битола на 03.03.2024 година од страна на доктор супспецијалист кардиолог во Оддел за интерни болести и беше препратен на доктор специјалист Уролог во општа болница Прилеп бил под специфична состојба и тоа со 24 часовна ретенција на урина. Причината поради која беше пратен при Општа болница Прилеп е да истиот биде понатаму прегледан и третиран од доктор специјалист уролог, со цел да се спречи понатамошна компликација на неговата специфична состојба, која може да биде и живото-загрозувачка“, вели Ивона Трифунов - лице за односи со јавност при ЈЗУ Клиничка болница Битола.Оваа здравствена установа е честопати споменувана во медиумите. Таму почина шестгодишната Јана Христова, случај кој ја потресе јавноста. Потоа, почина новороденче непосредно по раѓањето, откако на родилката и била дадена таблета за провокации по што била пуштена дома. По сето ова, директорот Александар Обедниковски денеска ја депонираше оставката, а Елизабета Ивановска беше назначена за в.д. директор.Во болницата влегоа и јавни обвинители со истражители. Ревизорскиот извештај покажа малверзации и неправилности, а тоа беше причина да се отвори предистрага.Последен во низата скандали беше на почеток од месецов, кога докторка од одделението за Психијатрија нападнала колешка, исто така специјалист психијатар при Клиничката болница Битола.

Македонија | пред 2 години

IMG_9013.00_00_15_13.Still002

(Видео) Возачот на Палчо бил ослободен од притвор по предлог на обвинител, вели Судот

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска која ја води истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побарала Стефан Димковски да биде пуштен од притвор. Ова го тврдат од Кривичниот суд, од каде велат дека постапиле по тој предлог.„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за с.д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престокувалиште, одземање пстна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола“, велат од Кривичен суд.Во Обвинителството прашавме – дали Димковски и натаму има статус на осомничено лице, како и дали има нови моменти во истрагата, со оглед дека има и прво ослободување од притвор. Оттаму до овој момент нема одговор.Претходно, „Скопје1“ објави дека Димковски пред неколку дена бил пуштен од притвор. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димковски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Димковски во декември, пред да влезе во судот каде му беше одреден притвор, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.(Видео) Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка - Скопје1.мк (skopje1.mk)„Скопје1“ во декември објави детали за осомничениот и неговиот исказ.Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаност - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 2 години

stefan-dimkovski

(Видео) Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка

Укинат му е ефективниот притвор на Стефан Димковски, осомничен за помагање при бегство на Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димовски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.„Скопје1“ побара став од судот на што ја темелат ваквата одлука и што ги убедило дека Димковски нема да влијае на сведоци или да се даде во бегство, особено ако се има во предвид дека претходно по овие основи го држеа зад решетки. Во Обвинителството прашавме – дали Димковски и натаму има статус на осомничено лице, како и дали има нови моменти во истрагата, со оглед дека има и прво ослободување од притвор. Од двете места очекуваме одговори.Димковски во декември, пред да влезе во судот каде му беше одреден притвор, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.Димковски го возеше Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, па се врати во Македонија. Беше уапсен на граница.Ова е прв укинат притвор за овој предмет. Во притвор, остануваат осомничените за реализација на убиството и таткото Александар Ѓорчевски, осомничен за помагање со тоа што дал информации за тоа кога Вања ќе ја напушти зградата.„Скопје1“ во декември објави детали за осомничениот и неговиот исказ.Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаност - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 2 години

417513002_10161446156892138_8456261493709764993_n

(Видео) Груби го „срцкаат“ од Виетнам, Ангола, Замбиа, тој знае кој му ги нарачува и зошто

Министерот Артан Груби од ДУИ важи за политичар кој сака да се промовира на социјалните мрежи, а на некои од објавите се гледаат илјадници лајкови во знак на поддршка. Најголемо внимание привлече фотографијата со 5.500 лајкови, од промоцијата на Бујар Османи за претседателски кандидат. Од нив, 2.200 се „срциња“, но голем дел од профилите не се од Македонија туку од Виетнам, Ангола, Замбиа. Груби за „Скопје1“ посочи дека знае чие масло е тоа. „Пред месец дена, на ТВ21 беше Касами и имаше илјадници лајкови од Азија, медиумите го провалија и сега истото се обидуваат да го прават кај мене и кај нас во ДУИ преку нарачка на платени лајкови срца итн, за да го релативизираат нивното фијаско“, вели Груби за „Скопје1“.На социјалнит емрежи постојат алатки кои овозможуваат со плаќање да добиете повеќе лајкови во знак на поддршка. Таква е страницата „order.aladinseo.com“ каде има и ценовник колку се плаќа, а колку лајкови се добиваат. Може да ги нарача било кој, за било кој профил.Груби и преку социјалните мрежи се обрати до албанската опозиција.„Глас да не ви чујам, молчете, и голема благодарност на некреативните и патетични деривати на ДУИ во опозиција за сите фанови од Русија, Кина, Индија, Бангладеш, цела Азија што ми ги донесовте на профилот со парите што сте ги украле, само продолжете Ве сакам сите, освен Русофилите од опозиција“, вели Груби во објавата на социјалната мрежа „Фејсбук“, која има над 800 лајкови.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-07-at-10.54.58

Политичарите лажат, бројките - не, ако нема законски измени до 18 мај - 100.000 граѓани нема да можат да гласаат, кажа Тошковски

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, порача дека освен измена на Изборниот законик, нема друг начин како 100.000 граѓани да го остварат правото на глас. Според него, ако до 18 март нема законски измени, тоа ќе значи дека тие граѓани не можат да го остварат нивното право да бираат, загарантирано со Устав.„Несериозна е изјавата имајќи во предвид дека станува збор за потреба од утврдување на можност со патните исправи со старото име, а важечки датум, да македонските граѓани го остварат правото на глас. Немаме 50 дена, бидејќи на 18 март се затвора Избирачкиот список. Ако до тој ден нема измена на законските измени, ќе биде прекршено второ човеково право - правото на глас. Се надевам дека премиер и останатите фактори во оваа држава, ќе најдат заеднички јазик и ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за барем да не го кршиме ова право, а тоа е над 100.000 граѓани да можат да гласаат“, вели Тошковски.Според него, согласно сегашните количини, обрасци има до прва половина од мај - ако продолжи истата динамика на печатење.„Ако месечно произведуваме 75 до 80 илјади патни исправи, бројка драстично зголемена со претходните месеци кога имало 50 илјади, ако продолжиме така, до средината на мај ќе се исцрпат обрасците“, додаде Тошковски.Тој кажа дека работат во насока да се обезбедат обрасци до мај, за да не се прекине процесот на производство на пасоши.„Политичарите лажат, бројките не лажат. Бројките рапидно растат во споредба со претходниот месец, граѓаните можат да ги видат. Тоа значи дека со реорганизација можело да се зголемат бројките и да има ред. Сега не е хаотично со јамболии пред полициска станица во 12 часот на полноќ“, додаде Тошковски кој тврди дека драстично се зголемува бројот на издавање на документи.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

„Беса транс“ четири години не смее да превезува патници, газдата година и осум месеци во затвор

„Беса транс“ доби четиригодишна забрана за вршење дејност, а сопственкот на превозникот, Беким Хаџиу, доби 1 година и 8 месеци затвор. Оваа пресуда ја донесе судијата Ивица Стефановски. Според него, сопственикот и превозникот се виновни, бидејќи знаеле, а немале извод од лиценца која треба да ја издаде Министерство за транспорт и врски - а границата се поминувала со лажен документ. Пресудата не е правосилна, бидејќи обвинетите имаат право на жалба до Апелација.Адвокатот Асмир Алиспахиќ најави жалба на пресудата бидејќи според него, не може да се донесе ваква пресуда бидејќи не е исполнето битието на кривичното дело. Обвинетиот е осуден за фалсификување на документ, односно документ со кој автобусите на „Беса транс“ поминувале нелегално граница.„Со оглед на образложението, ќе се жалиме на пресудата. Ова кривично дело не е поврзано со несреќата која се случи во Бугарија. Ова е кривично дело во делот на работењето на правното лице 'Беса Транс'. Ако се направи компарација со други направени вакви сличаи, сметам дека во оваа ситуација, казната е превисоко одмерена“, вели Алиспахиќ Асмир, адвокат на „Беса Транс“ и сопственикот на превозникот, Беким Хаџиу.„Сите бевте сведоци на одлуката на судот и целосно беше прифатено обвинението. Она што можам да го кажам е дека ќе чекаме писмена одлука на судот, за да видиме што ќе преземеме понатаму. Обвинителството во обвинението посочува дека Министерството за транспрот и врски нема издадено извод од лиценца, тоа значи дека автобусот покажувал пред надлежните органи извод од лиценца, а за тој автобус воопшто немало“, вели обвинителот Владимир Милошевски.Овој предмет не е за причините за сообраќајната незгода, бидејќи тој случај се водеше во Бугарија.

Македонија | пред 2 години

kovacevski-azeski-2

(Видео) Ако коза лаже, рог не лаже, што кажа навистина Азески за Ковачевски

По написите во јавноста и цитирање на изјавата на Азевски, Стопанската комора на Северна Македонија известува дека претседателот на СКСМ Бранко Азески јавно ја негира информацијата која се појави во одредени медиуми.Тој, велат, никогаш не изјавил дека актуелниот претседател на СДСМ и поранешен претседател на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски му рекол „Имам итен состанок“, а на тоа господинот Азески прокоментирал „а после го гледаш во Трибека кафеана“.„Нагласуваме дека господинот Ковачевски бил премиер кој секогаш и во секое време бил на располагање на бизнис- заедницата, обединета во СКСМ“, велат од Комората.А еве што всушност кажа Азевски со што се демантира демантот на Комората.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Инспектор Џафери „упадна“ во канцеларија во СВР Тетово: Колку луѓе работите овде?!

Во улога на инспектор, техничкиот премиер, Талат Џафери беше во посета на СВР Тетово. Тој во една канцеларија затекна куп луѓе, а на прашање колкумина работат во таа просторија, доби одговор дека станува збор за седуммина. Кога праша еден од присутните што чека, тој на албански одговори дека му треба финансиска потврда.Кога Џафери ја праша службеничката каде се документите за потврдата, таа беше збунета, па и одговори: „20 години сум поминал во војска, 22 години сум во Собрание и знам што е барањето и потребата. Каде ви е барањето на колегата му треба потврда?“, рече Џафери, а службеничката му возврати: „Не ве разбирам“.„Затоа што не ме разбирате, тој кажува дека му треба ппотврда финансиска, а не му треба. Ни ти ни тој не кажувате тоа што треба. Јас знаеш колку такви потврди сум потпишал? Он не треба да дојде овде, треба да поднесе таму кај што треба, а ти ќе го повикаш и ќе дојде“, рече Џафери алудирајќи дека го лажат.

Македонија | пред 2 години

Untitled-1-2

(Видео) Најчевска за „инспектор“ Џафери: Ма будалата нема појма што треба да прави и оди наоколу и манифестира моќ на најпримитивен начин

Професорката по право, Мирјана Најчевска со низа критики за потегот на техничкиот премиер Талат Џафери, кој влета во СВР Тетово во улога на инспектор, каде караше вработена и ѝ раскажуваше како тој пола живот го има поминато во војска, а пола во Собрание. Најчевска смета дека ова не смее да се дозволи ни во најнесериозна држава.„Ох будала невидена. Тој сакал инспектор да биде а го ставиле премиер. Ма будалата нема појма што треба да прави и оди наоколу и манифестира моќ на најпримитивен начин.Ова не смее да се дозволи ни во најнесериозна држава“, напиша Најчевска.Лавина коментари од јавноста, а реакција имаше и од пратеникот Драган Ковачки кој рече дека Џафери не смее да врши самостојни посети во полициските станици, а смета и дека со потегот кој го направил лечел фрустрации врз вработените.Џафери вчера беше во СВР Тетово и во една од канцелариите влезе со камери. Таму воспоставуваше ред и бркаше луѓе од просторијата.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања