Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

Screenshot-2022-02-27-120002

Литванското разузнавање предупредува: Русија се подготвува за можен судир со НАТО

Литванската разузнавачка служба предупредува дека Русија систематски ги зајакнува своите воени сили долж источната граница на НАТО и се подготвува за можен идeн конфликт со Алијансата.Во годишниот извештај за националните безбедносни закани за 2026 година се наведува дека Москва ги проширува своите воени капацитети, ги претвора постојните бригади во дивизии, формира нови единици и интензивно развива воена инфраструктура, особено во ексклавата Калининград.Според литванските аналитичари, дел од единиците и воената опрема се испраќаат директно на фронтот во Украина за да стекнат борбено искуство, што, како што се наведува, создава основа за формирање поголема и поефикасна воена сила во иднина.Извештајот предупредува дека Русија би можела да изгради армија која ќе биде за 30 до 50 проценти поголема отколку пред почетокот на војната во Украина, со модернизиран арсенал и обновени стратешки резерви на оружје и муниција, способни за конвенционален судир со НАТО.Како клучен фактор за можна ескалација се посочува евентуалното укинување на западните санкции, по што Москва, според проценките, би можела да биде подготвена за поширок конфликт со Алијансата во рок од шест години.Посебно внимание во извештајот се посветува на таканаречениот Сувалкиски коридор меѓу Полска и Литванија, кој ја раздвојува Белорусија од Калининград и се смета за најранливата точка во одбраната на НАТО на истокот од Европа.Литванските служби оценуваат дека долгорочните цели на Кремљ остануваат непроменети – потчинување на Украина и промена на рамнотежата на силите во Европа во корист на Москва. Во меѓувреме, НАТО продолжува да ја зајакнува одбраната на источниот фронт, а Литванија повикува на дополнително зајакнување на военото присуство на Алијансата во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-library87p9hckhhseu4e9WSUJ

Од њујоршките улици до светски симбол: како 8 Март стана Меѓународен ден на жената

Меѓународниот ден на жената, кој се одбележува на 8 март, денес е еден од најпрепознатливите датуми поврзани со борбата за рамноправност, работнички и политички права на жените и пошироката идеја за социјална правда. Но патот до тоа 8 Март да стане глобален симбол не започнал со свечености и честитки, туку со организирани протести, синдикални барања и отпор против неправедните услови во кои живееле и работеле жените на почетокот на 20. век.Еден од пресвртните моменти што често се посочува во историјата на овој ден е протестот на 8 март 1908 година во Њујорк, кога околу 15.000 текстилни работнички излегле на улица со барања за подобри работни услови, пократко работно време и право на глас. Токму ваквите масовни работнички движења го поставиле темелот на идејата дека женските права не се „приватно“ прашање, туку јавна и политичка тема.Неколку години подоцна, во 1910 година, на Меѓународната социјалистичка женска конференција во Копенхаген, германската активистка Клара Цеткин предложила да се воведе посебен ден посветен на женските права, како средство за меѓународно обединување на движењата за еднаквост и за правото на глас. Веќе следната година, во 1911, Денот на жената бил одбележан во повеќе европски земји, но тогаш на 19 март, со масовни собири и демонстрации.Клучниот чекор кон конечното „врзување“ на празникот за 8 март се случил во 1917 година во Русија, во услови на Првата светска војна, глад и општествена криза. Тогаш, на 8 март според грегоријанскиот календар (односно 23 февруари според јулијанскиот), работнички во Петроград организирале големи протести против војната и недостигот од храна. Овие настани се сметаат за еден од катализаторите на Февруарската револуција, по која дошло до големи политички промени, а 8 март подоцна бил прогласен за национален празник во чест на женскиот придонес.Во текот на 20. век, одбележувањето се ширело во сè повеќе земји, добивајќи различни локални облици, но задржувајќи ја истата порака: потсетување дека еднаквоста не се подразбира, туку се гради. Важна меѓународна потврда дошла во 1975 година, кога Обединетите нации официјално го признале 8 март во рамки на Меѓународната година на жената. Оттогаш, датумот се одбележува ширум светот како ден што ги истакнува и постигнатите поместувања, и предизвиците што остануваат.Денес, 8 Март се прославува на повеќе начини: некаде со протести и кампањи, некаде со јавни настани и институционални пораки, а некаде и со гестови како подарување цвеќе. Но неговото историско јадро останува исто — сеќавање на организираната борба на жените за достоинство, глас и еднакви можности, и повик тие вредности да не се сведат на симболика, туку да се претворат во секојдневна практика.

Магазин | пред 1 седмица

media-library6ck8967kbffs3ThJe8F

Иран избра нов врховен лидер, се чека официјална објава

Во Иран е избран нов врховен лидер, изјави Ахмад Аламолхода, член на иранското Собрание на експерти, телото задолжено за избор на највисокиот верски и политички авторитет во државата.Според неговите зборови, изборот веќе е одржан, а новиот лидер е избран, но официјалната објава сè уште се очекува.Како што пренесува полуофицијалната иранска новинска агенција „Мехр“, Аламолхода изјавил дека сега сè зависи од шефот на Секретаријатот на Собранието на експерти, Хосеини Бушехри, кој е задолжен јавно да ја соопшти одлуката.Собранието на експерти е тело составено од високи верски претставници во Иран, кое има уставна надлежност да го избере врховниот лидер и да ја објави неговата наследничка позиција.Засега не се објавени детали за идентитетот на избраниот лидер, ниту кога точно ќе биде објавена официјалната одлука.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

„Аксиос“: САД размислувале за заземање на иранскиот нафтен остров Харк

Американски претставници разгледувале можност за заземање на иранскиот остров Харк, стратешки терминал преку кој се извезува околу 90 проценти од иранската сурова нафта, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на извори од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.Според информациите, во рамки на дискусиите за можни сценарија во конфликтот, била разгледувана и опцијата за преземање контрола врз островот, кој претставува клучна точка за извоз на иранската нафта.Островот Харк се наоѓа во Персискиот Залив, на околу 25 километри од југозападниот брег на Иран, спроти провинцијата Бушер. Позициониран е во северниот дел на заливот, во близина на главните поморски рути што се користат за транспорт на нафта кон светските пазари.Поради неговата улога во извозот на енергенси, островот се смета за една од најважните енергетски инфраструктурни точки во Иран. Контролата врз оваа локација би можела сериозно да влијае врз иранската нафтена индустрија и врз економијата на земјата.

Свет | пред 1 седмица

media-library18np12uq4nc24DBX83h

(Видео) Си-Ен-Ен од Техеран: „Црн дожд“ паѓа врз градот по нападите врз нафтени складишта

Речиси десет милиони жители на Техеран утрово се разбудиле под густи црни облаци, откако израелски напади погодиле нафтени складишта во иранската престолнина, јави од терен новинарот на Си-Ен-Ен, Фред Плајтген.Според неговото сведоштво, во градот паѓал дожд кој изгледал темен и загаден со нафта по пожарите што избувнале на погодените објекти.„Може да се види дека дождот, односно дождовницата, е всушност црна – изгледа како да е заситена со нафта. Тоа е она што утрово паѓа врз иранската престолнина, своевиден дожд помешан со нафта, по нападите што се случија“, изјави Плајтген во јавувањето од Техеран.Израелската војска претходно соопшти дека погодила складишта за гориво во Техеран кои, според нивните информации, дистрибуирале гориво до различни корисници, меѓу кои и воени структури во Иран.„Станува збор за значаен напад кој претставува дополнителен чекор во продлабочување на штетата нанесена врз воената инфраструктура на иранскиот режим“, соопштија Израелските одбранбени сили.Нападите врз нафтената инфраструктура се дел од пошироката ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, кој во последните денови се прошири со напади и контранапади низ целиот регион на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

izbori-britanija

Иран му се закани на Лондон: Бидете многу внимателни со вклучување во војната

Иранскиот амбасадор во Лондон, Сејед Али Мусави, ја предупреди Велика Британија да биде „многу внимателна“ со евентуално подлабоко вклучување во војната, истакнувајќи дека Техеран ќе има право на самоодбрана доколку британските сили директно се приклучат на американско-израелските напади.Во интервју за Би-Би-Си, Мусави изјави дека Иран очекува британската влада, како и другите западни влади, да постапуваат „многу внимателно и претпазливо“ во сегашната ескалација на конфликтот.Велика Британија им дозволи на Соединетите Американски Држави да користат британски воени бази за, како што велат британските министри, одбранбени удари врз ирански цели, но официјално не се приклучи директно на нападите. Иранскиот амбасадор оцени дека е „добро“ што Лондон не е директно вклучен во конфликтот, додавајќи дека британската влада, според него, извлекла поука од инвазијата врз Ирак во 2003 година.Сепак, Мусави нагласи дека секоја база што ќе се користи за напади врз Иран ќе се смета за легитимна цел.„Доколку објекти, имот или бази се користат против иранскиот народ, тие ќе се сметаат за легитимни цели“, изјави тој.На прашањето дали Иран ќе ги прекине нападите врз воени бази надвор од Израел, Мусави одговори дека тоа ќе зависи од потезите на САД и Израел.„Ако агресијата продолжи, нема сомнеж дека ќе се браниме. Ако тие сакаат да ги користат тие воени бази, иако ние тоа не го сакаме, нема сомнеж дека ќе се браниме во согласност со тоа“, рече иранскиот амбасадор.Конфликтот влезе во втората недела откако САД и Израел извршија напади врз цели во Иран, по што Техеран возврати со удари на повеќе локации во регионот, меѓу кои и во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Бахреин, Оман и Ирак, како и во близина на британска воздушна база на Кипар. И покрај извинувањето што иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го упати до соседните земји во Персискиот Залив, иранските власти најавуваат дека нападите врз американските воени бази ќе продолжат сè додека траат нападите врз Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-library5gvscj926j5d7ZNyFee

План во сенка на војната: Можно испраќање специјални сили во Иран по нуклеарен материјал

Соединетите Американски Држави и Израел разговарале за можноста во подоцнежна фаза од војната да испратат специјални сили во Иран со цел да ги обезбедат резервите на високо збогатен ураниум, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на четири извори запознаени со разговорите.Спречувањето Иран да дојде до нуклеарно оружје е една од целите на војната што ја истакна американскиот претседател Доналд Трамп. Според проценките, Техеран располага со околу 450 килограми ураниум збогатен на 60 проценти, кој може да се дообогати до ниво погодно за изработка на нуклеарно оружје за неколку недели.Секоја операција за заплена на овој материјал најверојатно би барала присуство на американски или израелски војници на иранска територија, кои би морале да навлезат во силно утврдени подземни објекти во услови на војна. Засега не е јасно дали евентуалната мисија би ја спровеле американските сили, израелските сили или би станувало збор за заедничка операција.Американскиот државен секретар Марко Рубио, запрашан во Конгресот дали иранскиот збогатен ураниум ќе биде обезбеден, изјави дека „некој ќе мора да оди таму и да го преземе“, без да прецизира кој би ја извршил таквата задача.Според израелски одбранбен претставник, администрацијата на Трамп сериозно ја разгледува можноста за испраќање единици за специјални операции во Иран за одредени мисии. Еден американски функционер навел дека се разгледуваат две опции – целосно отстранување на нуклеарниот материјал од Иран или испраќање нуклеарни експерти кои би го разредиле материјалот на самото место.Мисијата, според информациите, би можела да вклучува специјални оперативци заедно со научници, а можно е во неа да бидат вклучени и експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија.Американскиот претседател Трамп изјави дека испраќањето копнени сили во Иран е можно, но само доколку постои „многу добра причина“. На прашањето дали војници би можеле да бидат испратени за обезбедување на нуклеарниот материјал, тој не ја исклучи таа можност, додавајќи дека таква одлука евентуално би можела да се донесе во подоцнежна фаза.

Свет | пред 1 седмица

media-librarydjd4ip6k155j9UOKaHX

(Видео) Пожар во нафтено складиште во Русија по напад со дрон, Москва ја обвинува Украина

Пожар избувна доцна синоќа во складиште за нафта во Краснодарската област во Русија, откако, според руските власти, бил извршен напад со украински дрон.Регионалниот кризен штаб соопшти дека огнот избувнал во складишно и претоварно постројување на Јужната нафтена компанија во градот Армавир. Засега нема официјален коментар од украинските власти за овие наводи.Руското Министерство за одбрана тврди дека во текот на ноќта над Краснодарската област биле соборени четири украински дрона. Пожарот во нафтеното складиште го потврдија и локални канали на Телеграм, како и очевидци од местото на настанот.Жителите на Армавир изјавиле дека непосредно пред избувнувањето на пожарот слушнале неколку експлозии и забележале дејствување на противвоздушната одбрана.На снимки и фотографии што се шират на социјалните мрежи се гледаат големи пламенови над индустрискиот објект, додека на местото пристигнуваат противпожарни и спасувачки екипи.Краснодарската област, која се наоѓа на југозападот на Русија покрај Црното Море, повеќепати била цел на напади со беспилотни летала во рамки на украинската кампања насочена кон руската енергетска и воена инфраструктура. Украина во изминатиот период често изведува напади длабоко во руската територија, користејќи беспилотни летала произведени во сопствен развој.

Свет | пред 1 седмица

02

Кичевец фатен при предавање кокаин, поднесена кривична пријава

ОВР Кичево поднела кривична пријава против А.А. (44) од Кичево поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Полициски службеници го затекнале пријавениот на улицата „Рудничка“ во Кичево при предавање пакување со кокаин на друго лице од Кичево.Пакувањето било пронајдено и одземено.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Албански државјанин нападнал 26-годишна девојка од Чиле во Охрид

На 7 март 2026 година во 13:53 часот во СВР Охрид било пријавено дека во апартман на улицата „11 Октомври“ во Охрид, К.Х. од Албанија физички ја нападнал Д.А.С. (26) од Чиле.По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 1 седмица

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Семејно насилство во Охридско – сопруга нападната со пластичен предмет

На 7 март 2026 година во 18:30 часот во село во Охридско, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.Б. (39) од истото село, постапувајќи по претходна пријава за семејно насилство.Според пријавата, тој во семејниот дом агресивно се однесувал кон својата сопруга и ја нападнал со пластичен предмет.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 1 седмица

izrael-vojska

Израелската војска му се закани на Иран: Ќе го прогонуваме секој наследник на Хамнеи

Израелската војска предупреди дека ќе продолжи да го прогонува секој што ќе се обиде да го наследи убиениот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.Во објава на платформата Икс, на официјалниот профил на Израелските одбранбени сили, се наведува дека иранското Собрание на експерти наскоро ќе одржи состанок во градот Ком, на кој би можело да се разговара за избор на нов врховен лидер.„Иранското Собрание на експерти, кое со децении не се состанувало, наскоро ќе се собере во градот Ком. Сакаме да порачаме дека раката на Државата Израел ќе продолжи да го прогонува секој наследник и секое лице што ќе се обиде да именува наследник“, се наведува во објавата.Во пораката се упатува и директно предупредување до сите кои би учествувале на таков состанок.„Ги предупредуваме сите кои имаат намера да учествуваат на состанок за избор на наследник дека нема да се двоумиме и вас да ве ставиме на мета. Ова е предупредување“, се додава во објавата на израелската војска.Заканата доаѓа во период на ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, по серијата напади и контранапади во регионот на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

Филипче предупредува: Под знак прашање исплатата на плати и пензии

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на регионална средба со општинските организации од изборната единица 4 во Струмица оцени дека економската состојба во државата е сериозно влошена и дека постојат значајни проблеми во јавните финансии кои веќе се одразуваат врз работењето на компаниите.Филипче посочи дека буџетскиот дефицит се продлабочува, а државата продолжува да се задолжува.„Ја следиме ситуацијата со финансиите. Владата бара заеми. Последниот е околу 300 милиони евра. Дупката во Буџетот е некаде околу 2 милијарди евра. Една милијарда евра беше обезбедена преку еврообврзница, но тоа не е доволно“, рече Филипче.Тој додаде дека власта доцни со подмирување на обврските кон приватниот сектор, што, според него, создава дополнителни проблеми за компаниите.„Се доцни со исплатата кон економските субјекти, некаде околу 500 до 600 милиони евра. Околу 100 милиони евра е долгот по основ на повратот на ДДВ за компаниите. Има компании кои затвораат бидејќи не можат да издржат, земаат кредити. Луѓето живееле од повратот на ДДВ, а сега земаат кредити, заглавуваат и ги затвораат компаниите“, истакна Филипче.Според него, ваквата состојба може да ја доведе во прашање и редовната исплата на платите и пензиите.„Под сериозен знак прашање е редовната исплата на платите и пензиите. Кога наесен ќе се наталожат последиците од енергетската криза, случувањата на Блискиот Исток, финансиската криза, долговите и дупките во Буџетот и во Фондот за пензиско осигурување, економската состојба во земјава ќе биде блиску до катастрофа“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarya7bnog9i4cce4gLRA7U

(Вознемирувачки фотографии!) Улично куче нападна 4-годишно девојче во Битола: искасано по лицето, со повреди и на телото

Четиригодишно девојче е тешко повредено откако било нападнато од куче скитник, кое ја искасало во пределот на лицето. Спроед објавата на Сафет Бајрамов, девојчето било нападнато во дворот.„Ве молам за помош ако некој знае некој број од шинтерска служба Битола-Комуналец, денес во дворот влезе куче скитник и ми го нападна внучето 4 годишно, кој знае број уште е тука низ маалата, кој знае дека прати, чупето се наоѓа во болница“, стои во објавата, за потоа да објави „Кучето е фатено, а внуката заврши на операција“.Од фотографиите кои ги објави семејството Бајрамови, јавно, се гледаат повредите на девојчето кое ги има и по рацете и во пределот на градите.Случајот, како што наведуваат, е пријавен и во полиција.Инцидентот предизвика вознемиреност кај жителите од населбата, кои апелираат до надлежните институции да преземат поефикасни мерки за справување со проблемот со уличните кучиња, со цел да се спречат слични случаи во иднина.

Македонија | пред 1 седмица

toskovski

СДСМ бара оставка од Тошковски: „Доста е од жртви и трагедии“

СДСМ побара итна оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оценувајќи дека институциите потфрлиле во повеќе случаи на насилство и трагедии во државата.Од партијата посочуваат дека последната трагедија во скопската населба Карпош, во која животите ги загубија мајка и нејзината малолетна ќерка, силно ја потресла јавноста.„Уште колку животи треба да згаснат за да има одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка? Јавноста е во тага, во шок, но и во огромен бес“, се наведува во реакцијата на СДСМ.Според партијата, во случајот со Ивана, која подолг период пријавувала семејно насилство, биле поднесени 12 пријави во период од две години, но, како што велат, институциите не реагирале навреме.СДСМ потсетува и на други случаи на насилство, меѓу кои убиствата во Велес, случајот во кумановско Старо Нагоричане, како и трагедијата во Кочани, оценувајќи дека сите тие, според нив, укажуваат на системски пропусти.„Сите овие трагедии имаат заедничка точка – систем што потфрла и МВР што не реагира навреме“, наведуваат од партијата.Од СДСМ обвинуваат дека наместо да преземе одговорност, министерот Тошковски се обидува да ја префрли вината, додавајќи дека јавноста заслужува одговори.„Нема да молчиме. Доста е од жртви и трагедии. Одговорност мора да има. Оставка од Панче Тошковски – веднаш“, порачаа од СДСМ.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarye0764dubr9hl9qRB2ka

Пекинг повика на прекин на огнот: Светот не смее да се врати на „законот на џунглата“

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека војната на Блискиот Исток „никогаш не требаше да се случи“, повикувајќи на итен прекин на воените операции и политичко решение на конфликтот.Говорејќи на прес-конференција во Пекинг, тој нагласи дека употребата на сила не може да биде оправдување за конфликт.„Ова е војна која никогаш не требаше да се случи. Силната тупаница не значи и силна причина. Светот не смее да се врати на законот на џунглата“, изјави Ванг.Кинескиот министер ги критикуваше американско-израелските напади врз Иран, оценувајќи дека обидите за промена на режимот нема да добијат поддршка од народот.Пекинг повика на прекин на огнот и запирање на војната, предупредувајќи дека конфликтот не носи корист за никого. Кина, која е еден од најголемите увозници на иранска нафта, претходно ги осуди нападите и побара безбедност во Ормускиот теснец поради значењето за глобалната економија.Ванг истакна и дека е неопходно да се почитува суверенитетот на државите на Блискиот Исток, да се избегнува употребата на сила и мешањето во внатрешните работи на други земји, како и конфликтите да се решаваат преку политички дијалог.По нападите, кинескиот министер за надворешни работи телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, како и со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи и други високи дипломати.

Свет | пред 1 седмица

media-librarybc7rjo6ceq1i1Lz3n3I

(Фото) Ограничување на дизел два дена пред новите цени: известување од „ЛУКОИЛ“ предизвика реакции

Известување за потрошувачи од компанијата „Луколил Македонија“ се појави на социјалните мрежи, а со кое се ограничува точењето на дизел, трактори, автобуси. Ова се случува во период кога граѓаните и онака се во паника дека цените драстично ќе се покачат веќе од вторник, бидејќи секој понеделник Регулаторна комисија ги утврдува новите цени на дериватите.Според известувањето, врз основа на одлука за привремено ограничување на продажбата на дизел гориво – Евро дизел БС и ЕКТО дизел – за камиони, трактори и автобуси е ограничена на најмногу 50 литри. Граѓани пак, кои со автомобили биле на пумпите, посочуваат дека не биле ограничени колку гориво да наточат.Во документот се наведува и дека е забрането точење гориво во садови, односно туби и канистри, кои не ги исполнуваат пропишаните безбедносни стандарди.Ограничувањето, како што стои во известувањето, не се однесува на возила кои точат гориво согласно склучени договори со ЛУКОИЛ Македонија.Од компанијата наведуваат дека мерката се воведува како дел од, како што се наведува, општествено одговорното работење и со цел еднаква заштита на интересите на сите потрошувачи.На известувањето има печат од подружницата „Б.С. Прилеп 004“, која според податоците на нинвниот веб-сајт се наоѓа на патот Прилеп-Битола, на влез од градот.„Скопје1“ испрати прашања до компанијата дали ова известување е пратено до сите подружници, зошто се решиле на ограничување на точење на дизел два дена пред да стапат на сила новите цени, но и дали компанијата очекува да се „збогати“ доколку ја сочува нафтата и ја продава по новите цени од Регулаторна. На прашањата очекуваме одговор, како и официјален став за ова објавено извстувањеВчера, премиерот Христијан Мицкоски уверуваше дека инсппекциските служби се на терен, бидејќи ограничување на продажбата или затворање на пумпи, граѓаните јавуваат дека се случува и кај други компании.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryuj95t2g02vpfbGwnSq9

Иранската Револуционерна гарда: Подготвени сме за шестмесечна интензивна војна

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека вооружените сили на земјата се подготвени да водат интензивна војна против Соединетите Американски Држави и Израел најмалку шест месеци, доколку конфликтот продолжи со сегашното темпо.Портпаролот на гардата, Али Мохамад Наини, изјави дека иранските вооружени сили имаат капацитет да го одржат интензитетот на борбите во подолг временски период. Според него, Иран досега користел ракети од „прва и втора генерација“, но во наредниот период би можеле да бидат употребени и понапредни ракети со долг дострел.Изјавата доаѓа во момент кога конфликтот меѓу Иран од една страна и САД и Израел од друга страна влезе во втората недела, со напади врз воена и енергетска инфраструктура и одмазднички ракетни и беспилотни напади низ регионот.Иранските власти истовремено предупредија дека ќе продолжат со одговор на нападите, додека американскиот и израелскиот политички врв најавуваат продолжување на воените операции против иранските воени и безбедносни структури.Аналитичарите предупредуваат дека во моментот не постои јасен дипломатски пат за завршување на конфликтот, а проценките се дека војната може да трае со недели или подолго доколку ескалацијата продолжи.

Свет | пред 1 седмица

filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ширеше паника за мигранти, демантиран од британскиот амбасадор

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче во изминатиот период ширеле паника во јавноста со, како што велат, „измислени теми“, меѓу кои и наводите за можен прием на мигранти од Велика Британија во Македонија.Од владејачката партија велат дека ваквите тврдења биле демантирани од релевантните институции, а дополнителен демант, како што наведуваат, стигнал и од британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон.Според ВМРО-ДПМНЕ, амбасадорот Лосон изјавил дека владата на Велика Британија нема ниту намера, ниту пак водела преговори за решение кое би подразбирало испраќање мигранти во Северна Македонија.„Лосон особено нагласи дека таков договор не постои и никогаш не постоел“, се наведува во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека со ова, како што велат, се разобличува „фабрикувана приказна“ на СДСМ која имала за цел да внесе страв и да ја манипулира јавноста. Партијата додава дека, според нив, опозицијата повторно се служи со методи на ширење лажни вести и дезинформации.

Македонија | пред 1 седмица

media-library2lk17cb1nuhm0zuQ6gG

Осмомартовски протест во Скопје: Без партиски обележја, со порака против системското игнорирање на жените

Осмомартовскиот марш ќе започне денеска во паркот „Жена борец“ од 12 часот. Овогодишното мото е „Нема да нѐ снема“, а одборот им посочи на сите кои ќе присуствуваат да понесат цвеќе.„Утре ќе положиме цвеќе ан споменикот на Жена-борец и на украдената биста на Вера Јоциќ за да им се заблагодари на сите паднати борки што си го посветиле животот на жесната слобода но и на сите кои ја изгубиле борбата во овој немилосрден систем“, стои во најавата.Тие посочија дека маршот е граѓански порив против системско и долгогодишно бришење и игнорирање на жените.„Забранети се партиски и институционални обележја, протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира“, додадоа тие.

Македонија | пред 1 седмица

izrael-napadnat

Израелската армија тврди дека ликвидирала команданти на Иранската револуционерна гарда

Израелските одбранбени сили соопштија дека извеле целен напад врз клучни команданти на Иранската револуционерна гарда, по извештаите за израелски воздушен напад врз хотел во Бејрут во кој загинаа најмалку четири лица.Според израелската војска, мета на нападот биле припадници на либанскиот корпус на единицата „Кудс“, надворешното оперативно крило на Иранската револуционерна гарда.Од израелската страна тврдат дека овие лица дејствувале од либанска територија со цел да спроведуваат, како што наведуваат, „терористички планови против државата Израел и нејзините граѓани“.Во соопштението израелската војска го обвини иранското раководство дека, како што се наведува, систематски делува меѓу цивилното население и во Иран и во Либан, користејќи ги цивилите како заштита за спроведување на своите операции.Израелските одбранбени сили наведуваат дека при операцијата биле преземени мерки за намалување на ризикот за цивилите, вклучително и употреба на прецизно оружје и воздушен надзор.

Свет | пред 1 седмица

bejrut-napad1

Израелски напад врз хотел во Бејрут: четворица загинати, десет повредени

Најмалку четири лица загинаа, а десет се повредени во израелски напад врз хотел во центарот на Бејрут, соопшти либанското Министерство за здравство.Според информациите на новинската агенција Ројтерс, во хотелот биле сместени лица кои биле раселени поради борбите во јужен Либан и во јужните предградија на Бејрут.Дел од луѓето кои престојувале во објектот претходно ја напуштиле зградата поради страв од нови напади.Нападот се случил во текот на ноќта и претставува дел од пошироката ескалација на конфликтот во регионот, при што Израел изведува операции врз цели во Либан.

Свет | пред 1 седмица

media-library3suv56c2v1800W0xezb

ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ: Сценографијата на Шукова копирана од Србија

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ ја користи последната трагедија во земјата за политичка промоција, реагирајќи на прес-конференцијата на претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова.Според владејачката партија, настапот на Шукова претставувал копирање на кампањи кои веќе биле видени во регионот, оценувајќи дека станува збор за обид трагедијата да се искористи за привлекување внимание во јавноста.„СДС покажа дека повеќе не е политичка партија туку постепено се претвора во шоу за имитација. На вчерашната прес-конференција Каја Шукова копираше кампањи кои се веќе видени во регионот и се обиде последната трагедија во земјата да ја искористи како повод за внимание“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата посочуваат дека сценографијата и пораките биле преземени од настани во Србија, додавајќи дека тоа, според нив, покажува недостаток на автентичност, идеи и визија во СДСМ.Во соопштението се додава дека темата за насилството врз жените е премногу сериозна за, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, да се користи за политички перформанси во пресрет на 8 Март.„Жените во Македонија заслужуваат повеќе од некреативен и ископиран ПР и сценарија преземени од други земји“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykqli5jaus2lidXFvLj6

(Видео) Ескалација на конфликтот: Израел гаѓа енергетски ресурси во Иран

Израелската офанзива врз Иран влезе во нова фаза, во која како цели се наведуваат енергетските ресурси во земјата.На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат огнени експлозии и густ чад над Техеран. На една од снимките, направена од автомобил во движење низ градска улица, се гледа како големи облаци чад се издигнуваат над делови од иранската престолнина.Снимките беа објавени откако Израелските одбранбени сили соопштија дека погодиле „неколку комплекси за складирање гориво“ во Техеран.Нападите претставуваат дел од засилените воени операции меѓу Израел и Иран, кои во последните денови доведоа до значителна ескалација на тензиите на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Иранските државни медиуми: Постигнат „поголемински консензус“ за нов врховен водач

Иранските државни медиуми објавија дека е постигнат договор околу изборот на нов врховен водач на земјата, по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.Изборот на врховниот водач формално е во надлежност на т.н. Совет на експерти – тело составено од 88 исламски ученици, избрани поради лојалност кон режимот. Еден од членовите на Советот, ајатолахот Мохамадмехди Мирбагери, изјавил дека „повеќе или помалку“ е постигнато мнозинско усогласување, но посочил дека сè уште треба да се надминат „неколку пречки“ поврзани со самата постапка.Како можна точка на несогласување се наведува прашањето дали конечната одлука мора да биде донесена на лична седница или може да се објави и без тој формален чекор. Иранските медиуми сугерираат дека токму ваквите процедурални дилеми ја одложуваат јавната потврда на името на новиот врховен водач, иако, според нив, политичкиот консензус веќе е во голема мера оформен.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања