Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

2021-08-02-16-38-42-426

Стружанец изградил куќа и гаража без одобрение, поднесена пријава

Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против М.М. (58) од Струга поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.Според наводите, пријавениот, во својство на инвеститор, на катастарска парцела лоцирана во Струга, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежниот општински орган, изградил објект за домување и една гаража.Надлежните институции преземаат мерки за понатамошно постапување согласно законските прописи.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Охриѓанка градела куќа без одобрение, инспекторатот наложил уривање

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.П. (46) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „бесправно градење“, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.Според информациите, пријавената, во својство на инвеститор, на катастарска парцела во охридското село Љубаништа изградила објект за домување без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при Општина Охрид.По констатирањето на состојбата, надлежниот инспекторат донел решение за отстранување на бесправно изградената градба.

Охрид | пред 2 седмици

soobrakajka

Три возила учествувале во сообраќајка: Повредени возачи и сопатничка во несреќа на патот Кичево–Гостивар

На 28 февруари 2026 година во 12:30 часот, на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај „Осломешка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила со кичевски регистарски ознаки, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.Во несреќата учествувале автомобил „ауди А3“, управуван од Ф.А. (24) од селото Зајас, „ауди Q5“, управуван од Г.С. (31) од селото Длапкин Дол и „сеат“, управуван од Н.Р. (56) од селото Бачишта.Со телесни повреди се здобиле возачот на „ауди А3“, сопатничката С.А. (51) од Зајас, како и возачот Г.С. Од Министерството информираат дека увид на местото на настанот извршиле полициски екипи, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

Охрид | пред 2 седмици

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Скопјанец повреден во напад во Струга, полицијата трага по сторителот

На 28 февруари 2026 година во Одделението за внатрешни работи Струга било пријавено дека на улицата „Скопска“ во Струга едно лице најнапред физички, а потоа и со остар предмет, го нападнало и повредило Б.Е. (46) од Скопје, соопшти СВР Охрид.Надлежните полициски служби преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

(Видео) Филипче: Власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела, тоа треба да го знаат САД

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја спореди актуелната македонска власт со режимите во Иран и Венецуела, оценувајќи дека земјата се движи во опасна насока на авторитарност и институционално разградување. Тој има разбирање за нападот на САД кон Иран, со помош на Израел.„Тоа е за доброто на иранскиот народ, како што беше за доброто на народот во Венецуела. Очекувам да има деескалација на работите. САД како наш стратешки партнер треба да знаат дека во нашата земја има власт со многу слични карактеристики како властите во земјите со кои се соочуваат“, изјави Филипче.Тој обвини дека актуелната власт одржува отворени контакти со Москва.„Оваа власт има отворени контакти со Путин, преку контактите на вицепремиерот со ‘Ноќните волци’. Вториот човек во Владата не ги крие контактите со луѓе блиски до Путин“, рече Филипче откако претходно му замеруваа на министерот Иван Стоилковиќ за средбите во Белград.Според него, постои сериозно влијание врз судството, а институциите се под директна политичка контрола.„Премиерот преку телевизија именува и разрешува обвинители. Портпаролката објавува судски одлуки пред тие официјално да бидат донесени. Имавме враќање на бегалецот Груби по договор. Имавме случај со пет тони марихуана што поминала низ граница – нешто што не може да се случи без знаење на високи функционери. Се задушува слободата на говорот“, истакна тој.Филипче оцени дека ваквите состојби ја приближуваат земјата кон модел на управување што, како што рече, наликува на тоталитарни режими со кои се соочуваат Соединетите Американски Држави на глобално ниво.„Имаме работа со терминално неспособен премиер и терминално неспособна влада, кои се грижат само за себе“, додаде лидерот на СДСМ.

Настани | пред 2 седмици

media-libraryh1a0pvf66pfuaUCkkFs

(Видео) За нив раководењето на државата е само приватен бизнис, вели Филипче за Владата на Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека во земјата има драматичен пад на странските директни инвестиции од 61 отсто, повикувајќи се на извештај на Народна банка на Република Северна Македонија.Според него, во 2024 година, како резултат на економските политики спроведувани во изминатите седум години, биле реализирани рекордни 1 милијарда и 196 милиони евра странски инвестиции, додека во 2025 година таа бројка изнесува 467 милиони евра. „Тоа е резултатот на економската политика – дебакл“, рече Филипче.Тој нагласи дека бројките не се само статистика, туку претставуваат конкретни работни места и квалитет на живот за илјадници семејства. Посочи дека за време на мандатите на СДСМ биле отворени 16 фабрики и биле создадени над 10.000 работни места во технолошко-индустриските развојни зони.„Сега има губење на работни места. Голема германска компанија најави повлекување и околу 500 лица остануваат без работа. Разликата е јасна – ние отворававме фабрики и работни места со добри и високи плати, а сега работниците се оставени во неизвесност“, изјави Филипче, додавајќи дека според него „има средства само за тендери што водат до високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ“.Филипче оцени дека состојбата во буџетот е загрижувачка и дека „дупката во буџетот е огромна“. Тој потсети дека СДСМ предложил зголемување на минималната плата, но, како што рече, тој предлог бил одбиен од актуелното парламентарно мнозинство.

Настани | пред 2 седмици

media-libraryl3amt296gal0cy9JM1j

Воздушниот сообраќај во колапс: Патници заглавени по ескалацијата на кризата

Судирот доведе до затворање на клучните аеродроми во Дубаи, Абу Даби и Доха и до откажување на повеќе од 1.800 летови на големите блискоисточни авиопревозници, според податоците на аналитичката компанија Cirium. Од околу 4.218 планирани летови за сабота, откажани се 966, односно 22,9 проценти.За недела се откажани 716 од вкупно 4.329 планирани летови. Во меѓувреме, платформата за следење летови FlightAware објави дека до недела во 3:30 часот по средноевропско време, глобално биле одложени повеќе од 19.000 летови, а над 2.600 целосно откажани.Неизвесноста за патниците расте, бидејќи засега не е јасно колку долго ќе траат прекините во воздушниот сообраќај. Џонатан Ескот и неговата свршеница во саботата пристигнале на аеродромот во Њукасл во Англија, за да дознаат дека нивниот директен лет за Дубаи со „Емирати“ е откажан. Ескот се вратил кај семејството, кое живее на околу еден час од аеродромот, но не знае кога ќе може да отпатува.„Никој не знае“, изјавил Ескот. „Никој навистина не знае што се случува со судирот. Дури ни ‘Емирати’, ни тие немаат одговор. Никој нема јасна слика.“Како одмазда за нападите на САД и Израел, Иран започна серија напади врз Израел и врз заливските држави во кои се наоѓаат американски воени бази – Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Трите главни заливски авиопревозници – „Емирати“, „Етихад“ и „Катар ервејс“ – вообичаено превезуваат околу 90.000 патници дневно преку своите центри.Два аеродрома во Обединетите Арапски Емирати пријавиле инциденти. Властите во Дубаи соопштија дека четири лица се повредени, додека од Меѓународниот аеродром „Зајед“ во Абу Даби информираа дека едно лице загинало, а седум се повредени во напад со беспилотно летало. Напади биле регистрирани и на Меѓународниот аеродром во Кувајт.Иако Иран официјално не презеде одговорност, обемот на нападите, кои заливските држави му ги припишуваат, се прошири и надвор од американските бази што претходно беа посочени како цели.Аналитичарот за воздухопловство Хенри Хартевелд предупредува дека ситуацијата нема да се нормализира веднаш. „Патниците треба да се подготват за доцнења и откажувања во следните неколку дена, сè додека нападите траат и, се надеваме, не завршат“, изјавил тој.Аеродромите низ Блискиот Исток останаа затворени и во неделата, втор ден по ред. Управата на аеродромите во Дубаи потврди дека операциите на „Дубаи интернешнл“ и „Дубаи ворлд сентрал“ се суспендирани до понатамошно известување. „Емирати“ привремено ги прекина сите летови до и од Дубаи до недела во 15 часот по локално време.Летовите на Меѓународниот аеродром „Хамад“ во Катар исто така беа суспендирани, а „Катар ервејс“ најави дека ќе продолжи со работа откако катарските воздухопловни власти ќе го прогласат воздушниот простор за безбеден.Според FlightAware, најмалку 145 авиони што во саботата летале кон Тел Авив и Дубаи биле пренасочени кон Атина, Истанбул или Рим, додека дел се вратиле на полетната точка. Еден авион поминал речиси 15 часа во воздух откако полетал од Филаделфија, стигнал до Шпанија, па се вратил назад.Картата на FlightRadar24 покажува дека главниот воздушен коридор исток–запад над Ирак, еден од најпрометните што ја поврзува Азија со Европа, е речиси целосно празен, што ја нагласува сериозноста на нарушувањата.Заливските превозници „Емирати“ и „Етихад“ во саботата откажале 38, односно 30 проценти од своите летови, додека „Катар ервејс“ суспендирал 41 процент од летовите од Доха. Голем број европски и светски авиокомпании исто така ги прекинаа летовите кон и од регионот.Поради вонредните околности, патниците нема да имаат право на класична финансиска отштета за доцнењата, но авиокомпаниите се должни да обезбедат грижа – храна, пијалаци и, доколку е потребно, сместување. Во случај на откажан лет, патниците имаат право на целосен поврат на средствата.Експертите предупредуваат дека доколку кризата продолжи, летовите ќе мора да се пренасочуваат околу зоните на судир, што ќе го продолжи времетраењето на патувањата, ќе ги зголеми трошоците за гориво и можно е да доведе до поскапување на авионските билети.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryb4qo0tcifdlm6AcbCOF

(Видео) „Трајчо не е виновен, селаните ни љубоморат затоа што имаме 250 овци“, се огласи мајката на лицето осомничено дека е сериски убиец во кумановско

Мајката на осомничениот за двојното убиство во Челопек и Драгоманце не сакала да застане пред камера, но во изјава за Радио Бум тврдела дека нејзиниот син не е виновен за делата што му се ставаат на товар.Според медиумот, таа навела дека нејзиниот син имал психички проблеми, тешко комуницирал и дека го носела на лекар. Вели дека напасувал овци, бил мирен и повлечен, но дека мештаните биле љубоморни затоа што семејството имало 250 овци. Според неа, селаните често го пријавувале во полиција за наводни кражби.„Под притисок ќе каже дека сторил нешто за што не е виновен“, тврди мајката, изразувајќи страв дека истрагата може да доведе до изнудено признание.Од друга страна, дел од жителите на Драгоманце и Челопек, според истиот медиум, сметаат дека осомничениот не можел сам да ги испланира и изврши убиствата. Претседателот на месната заедница во Челопек, Стојан Станковски, изјавил дека мештаните се „под клуч“ и дека владее страв за безбедноста.Соседот на семејството, Трајче Спиридоновски, тврди дека со години имал проблеми со нив и дека осомничениот го нападнал и него.Истрагата за двојното убиство е во тек. Надлежните институции засега не изнесуваат детали за можни соучесници, ниту за психичката состојба на осомничениот.

Настани | пред 2 седмици

media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

(Видео) Најмалку девет загинати на протест пред американскиот конзулат во Карачи, пробиена оградата

Најмалку девет лица загинаа во пакистанскиот град Карачи за време на протестите пред американскиот конзулат, кои избувнаа поради американско-израелските напади врз Иран, јавуваат агенциите повикувајќи се на спасувачките служби.Според информациите, пакистанската полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите, откако тие ја пробиле надворешната ограда на американскиот конзулат во Карачи. Новинар на Ројтерс пријавил и истрели, а видеоснимки од местото покажуваат запалени возила пред главниот влез на објектот.Локалните власти соопштија дека демонстрантите биле оттурнати од конзулатот, додека состојбата во градот останува тензична.Протести се одржаа и во други делови на Пакистан. Во северниот град Скарду, во покраината Гилгит-Балтистан, демонстранти ја запалиле зградата во која се сместени канцеларии на Обединети нации. Локалните власти информираа дека нема жртви во тој инцидент.Во Лахоре, стотици луѓе се собрале пред американскиот конзулат, но без сериозни инциденти. Според очевидци, полицијата ги спречила обидите за оштетување на безбедносната ограда без употреба на сила.Паралелно, протести се одржаа и во ирачкиот главен град Багдад, каде проирански демонстранти се собраа пред Зелената зона, во која се наоѓа и американската амбасада.Тензиите се прелеаја и во индискиот дел на Кашмир, каде илјадници шиити излегоа на улиците во знак на жалост и протест. Во регионалниот центар Сринагар се слушаа антиамерикански и антиизраелски пароли, но собирот минал без поголеми инциденти.Ескалацијата на протестите доаѓа во време на засилени регионални тензии по најновите воени случувања на Блискиот Исток.

Свет | пред 2 седмици

media-librarynqbhi42s8v7q4fO4iea

Нов член на привременото Водечко тело во Иран по смртта на врховниот лидер

Иранските власти денеска го именуваа Алиреза Арафи за правен член на привременото Водечко тело, кое ќе ги извршува должностите на врховниот лидер сè додека Собранието на експерти не избере нов водач, јави агенцијата ИСНА, повикувајќи се на официјални извори.Арафи, влијателен клерик и член на Советот на чувари, ќе биде дел од привременото Водечко тело заедно со претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, и претседателот на судската власт, Голамхосеин Мохсени Еџеи.Привременото Водечко тело има задача да ја обезбеди институционалната континуитет и стабилност на државата во периодот по смртта на врховниот лидер, додека Собрание на експерти не го избере неговиот наследник. Ова тело, составено од исламски правници, има уставна надлежност да го именува или разреши врховниот лидер на Исламската Република.Именувањето на Арафи доаѓа во чувствителен момент за Иран, во услови на ескалирани регионални тензии и внатрешна политичка неизвесност.

Свет | пред 2 седмици

policija-policaec-35-450x270-1

Одземено возило по сообраќајна контрола во Гостивар

Полициски службеници од Министерство за внатрешни работи, односно од ОВР Гостивар, на 1 март 2026 година во 00:45 часот во Гостивар го лишиле од слобода Г.Н. (26) од Гостивар.При сообраќајна контрола на улицата „Гоце Делчев“ било сопрено патничко возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Г.Н., при што по преземените мерки било утврдено дека тој нема возачка дозвола.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

IMG_6897

Полицијата одзеде „Опел корса“ со скопски таблички, возачот без дозвола си возел од Тетово кон Скопје

Полициски службеници од СВР Тетово на 28 февруари 2026 година во 23:05 часот на регионалниот пат Тетово–Скопје го лишиле од слобода А.Ј. (32) од село Глумово.Како што информираат од полицијата, при контрола било сопрено патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ј., при што по преземените мерки било утврдено дека тој нема возачка дозвола.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

market-4

Жена уапсена оти крадела во маркет во гостиварско

Полициски службеници од СВР Тетово, односно од ОВР Гостивар, на 28 февруари 2026 година во 10:10 часот во маркет во Гостивар ја лишиле од слобода Х.М. (31) од село Добри Дол.Како што информира полицијата, таа е приведена поради сомнение дека извршила кражба на повеќе производи.По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrdcpjq7imuphbcxNp4u

Семејна драма во Гостивар: по заканувачки пораки и обид за напад реагирала полицијата

Полициски службеници од СВР Тетово, односно од ОВР Гостивар, на 28 февруари 2026 година во 21:25 часот во Гостивар го лишиле од слобода Ј.З. (27) од село Долна Бањица.Како што информира полицијата, приведувањето следувало по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга, со која се наоѓаат во бракоразводна постапка. Таа пријавила дека ѝ испраќал пораки со заканувачка содржина, по што ја повикал пред нејзината зграда во Гостивар.Според пријавата, тој почнал агресивно да се однесува и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од други лица.По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Уапсен 23-годишник од Боговиње за напад со остар предмет

Полициски службеници од СВР Тетово на 28 февруари 2026 година околу 20:45 часот во селото Боговиње го лишиле од слобода Ј.М. (23) од истото село.Како што информираат од полицијата, приведувањето следувало по претходна пријава од А.Т. (18), исто така од Боговиње, дека пред колонијал во селото бил физички нападнат од Ј.М., кој притоа употребил и остар предмет.По целосно документирање на настанот, против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 седмици

media-library5dcc8n3212ja6bMRB41

(Видео) Иран подигна црвено знаме и се заканува: „Денес ќе ги погодиме Израел и САД со сила каква никогаш не сте искусиле“

Висок ирански безбедносен функционер упати жестока закана до Соединетите Американски Држави и Израел, најавувајќи нови напади.Али Лариджани на платформата Икс напиша дека Иран веќе испукал проектили кон двете држави и дека им биле нанесени штети.„Денес ќе ги погодиме со сила каква што никогаш досега не искусиле“, порача тој.Неговата изјава следи по предупредувањето од американскиот претседател Доналд Трамп, кој на социјалните мрежи напиша дека Иран најавил силен удар и дека „подобро е да не го сторат тоа“, бидејќи во спротивно САД ќе возвратат со сила „каква што никогаш не била видена“.Во меѓувреме, Иран подигна црвено знаме над џамијата Џамкаран во градот Ком. Во шиитската традиција, црвеното знаме симболизира крв на неправедно убиените и повик на одмазда, а се крева по ликвидација на важни лидери или по големи напади.Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се заколна на одмазда, оценувајќи дека атентатот врз ајатолахот Али Хаменеи претставува објава на војна против муслиманите.Размената на закани дополнително ја зголемува неизвесноста во регионот и ја продлабочува кризата што веќе предизвика сериозни воени и дипломатски последици.

Свет | пред 2 седмици

media-library74qlh6uir92e7hkc6bG

Кардиологија и кардиохирургија под еден покрив – Владата формира единствен центар

Владата на последната седница одржана на 24 февруари 2026 година, на предлог на Министерство за здравство на Република Северна Македонија, донесе одлука за спојување на Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со што се формира единствен центар на терциерно ниво за кардиоваскуларна медицина.Целта на одлуката е зголемена интегрираност, подобра координација и поголема ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, преку рационално искористување на човечките, просторните и технолошките ресурси на двете установи.Министерот за здравство Азир Алиу појасни дека со оваа одлука се обезбедува континуитет на дијагностичко-терапевтскиот процес – од превенција и дијагностика, до интервентен и хируршки третман.„Со укинување на административните дупликати и оптимизација на организациската структура создаваме предуслови за заштеда на средства, кои ќе се реинвестираат во унапредување на квалитетот на услугите, модернизација на медицинската опрема и професионална едукација на кадарот“, истакна Алиу.Спојувањето треба да овозможи подобра искористеност на капацитетите и зголемен број интервенции преку интеграција на лабораториските, стерилизациските и операционите служби. Пациентите ќе добиваат комплетна кардиолошка и кардиохируршка грижа во рамки на една институција, без административни пречки и без потреба од трансфери, што значи поголема достапност и континуитет на здравствените услуги.Дополнително, се очекува новиот обединет центар да придонесе за развој во областа на едукацијата и научно-истражувачката дејност, со создавање академски амбиент за обука на специјализанти и супспецијализанти, како и за развој на научни програми во кардиоваскуларната медицина.

Македонија | пред 2 седмици

media-library22fh9h15tdjlcIcu0Re

Нападнат нафтен танкер кај брегот на Оман, четворица повредени

Нафтен танкер бил нападнат во неделата на околу пет наутички милји од брегот на Масандам во Оман, соопшти поморскиот безбедносен центар на земјата.Во нападот се повредени четири лица, а целата екипаж од 20 членови е евакуирана, пренесува Си-Ен-Ен. Станува збор за пловило со име „Скајлајт“, кое пловело под знамето на Палау, островска држава во западниот Пацифик.Во спасувачката акција учествувале оманската морнарица и вооружените сили, што според соопштението ја одразува подготвеноста на државата за справување со поморски инциденти.Инцидентот се случува во време кога Оман има важна посредничка улога во регионот. Земјата неодамна посредуваше во преговорите меѓу Иран и Соединетите Американски Држави со цел постигнување нов нуклеарен договор.Засега нема информации за одговорноста за нападот, ниту детали за причините и начинот на кој бил изведен. Надлежните служби започнале истрага.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryj2f4nmd2nj5r57JUWyQ

Нови детали за ликвидацијата на Хаменеи: ЦИА ја лоцирала точната позиција

Израелски одбранбени сили објавија нови информации за нападите во кои беше убиен врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи.Во соопштението се наведува дека израелските воздухопловни сили, врз основа на прецизни разузнавачки податоци од военото разузнавање и во координација со Мосад, го погодиле комплексот на раководството во центарот на Техеран, каде што Хаменеи присуствувал на состанок со високи функционери.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разузнавачките служби го откриле движењето на Хаменеи и дека состанокот бил поместен од вечерните часови за сабота наутро, по што бил забрзан нападот.Според извештај на Њујорк тајмс, повикувајќи се на извори запознаени со случајот, ЦИА непосредно пред координираниот напад ја утврдила точната локација на Хаменеи и обезбедила „високо доверливи“ информации што биле клучни за операцијата. Наводно, американските служби со месеци го следеле неговото движење и безбедносните рутини.Информациите биле споделени со Израел, по што двете земји го прилагодиле времето на нападот. Наместо првично планираниот ноќен термин, ударот бил изведен во 9:40 часот по локално време, во моментот кога се одржувал состанокот.Белата куќа и ЦИА одбиле официјално да го коментираат извештајот.Сателитска снимка од компанијата Ербас, направена во 11:06 часот по локално време, покажува густ чад и сериозни оштетувања во комплексот во централниот дел на Техеран. Според достапните информации, погодени се најмалку четири објекти.Во соопштението, ИДФ оцени дека Хаменеи „промовирал екстремистичка идеологија против државата Израел и Западот“ и дека бил „архитект на планот за уништување на Израел“. Со неговата смрт, израелската војска порача дека е „затворен историски круг со елиминацијата на лидерот на иранската терористичка оска“.

Свет | пред 2 седмици

puls-38

Со тродневна програма ќе се одбележи годишнината од „Пулс“

Кочани од 14 до 16 март со тридневна програма ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“, во која животот го загубија 62 млади лица. Градот најавува денови на тишина, благодарност и достоинствено сеќавање.На 14 март, под мотото „Молитвен шепот“, ќе се одбележи Ден на тишина. Во храмовите ќе се палат свеќи за упокојување на душите на прерано згаснатите животи. Организаторите посочуваат дека духовното единство треба да биде мелем за раните што сè уште болат.Следниот ден, 15 март, ќе биде посветен на хероите. Под наслов „Кочани Ви благодари“, градот ќе им оддаде признание на лекарите, медицинските тимови и сите кои во критичните моменти помогнаа во спасувањето на повредените. Ќе бидат доделени статуетки на благодарност, а ќе се одржи и културна програма во чест на оние кои беа светлина во најтешките часови.На 16 март, точно на денот на трагедијата, ќе се одбележи Денот на вечното сеќавање. Кочани ќе застане во мир и сплотеност, со оддавање почит на младите чии имиња, како што велат организаторите, засекогаш се врежани во темелите на градот.Градоначалникот Грозданов до младите кои ја преживеаја кобната ноќ. Тој ги повика лично да ги поканат лекарите и медицинскиот персонал што се бореле за нивните животи.„Ве охрабрувам сами да ги поканите вашите доктори, вашите ангели чувари. Општината ќе ги пречека со отворено срце и со сите почести, но вашата лична покана е она што ја прави разликата. Тоа е чин на жива благодарност“, истакна Грозданов.Со оваа програма, Кочани испраќа порака дека болката не е заборавена, но дека благодарноста и сплотеноста остануваат трајна вредност.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryccdsakbp475idFLxmQG

Израелската војска со нови детали: Хаменеи убиен по прецизни разузнавачки информации

Израелски одбранбени сили објавија нови детали за нападите во кои, според нивните наводи, е убиен врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи.Во соопштението се наведува дека израелските воздухопловни сили, врз основа на „прецизни разузнавачки информации“ обезбедени од Воената разузнавачка служба и во координација со Мосад, го погодиле комплексот на раководството во центарот на Техеран, каде што се наоѓал Хаменеи заедно со други високи функционери.Според израелската верзија, разузнавачките служби го откриле неговото движење и информацијата дека состанокот што требало да се одржи вечерта е поместен за сабота наутро, по што бил забрзан нападот. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Хаменеи и другите лидери „не можеле ништо да направат“ откако биле лоцирани.Сателитска снимка на компанијата Ербас, направена во 11:06 часот по локално време, прикажува густ чад и значителна штета на комплексот во централниот дел на Техеран. Според достапните информации, погодени се најмалку четири објекти.ИДФ во соопштението оценува дека Хаменеи „промовирал екстремистичка идеологија против државата Израел и Западот“ и дека бил „татко на планот за уништување на Израел“.Со неговата смрт, израелската војска тврди дека е „затворен историски круг со елиминацијата на лидерот на иранската терористичка оска“.Иранските власти претходно потврдија дека врховниот водач е убиен, а во земјата е прогласена жалост. Ескалацијата на конфликтот продолжува со нови ракетни удари и закани од двете страни.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryh732tl1r088fcUjk6hA

Ирански медиуми: Убиени ќерката, зетот и внукот на Али Хаменеи

Новинската агенција Фарс, поврзана со Корпус на исламската револуционерна гарда, објави дека во нападите биле убиени ќерката, зетот и внукот на врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи.Агенцијата, повикувајќи се на „добро информирани извори“ од кабинетот на врховниот водач, наведува дека во нападите наводно загинала и една од неговите снаи. Претходно веќе се појавија информации за смртта на членови од семејството, но дел од нив подоцна беа демантирани.Иранските власти сè уште немаат официјално потврдено ниту смртта на самиот Хаменеи.Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп јавно изјави дека Хаменеи е мртов, оценувајќи дека станува збор за „правда за иранскиот народ и за жртвите ширум светот“. Тој најави продолжување на воените операции и ги повика припадниците на иранските безбедносни структури да се откажат од борбата и да побараат имунитет.На профилот на Хаменеи на социјалната мрежа Икс претходно беше објавена порака со религиозна симболика, во која се споменува имамот Али, што дополнително ги поттикна шпекулациите за неговата судбина.И покрај тврдењата од израелски и американски извори, од Техеран и натаму нема официјална реакција која би ги потврдила овие информации. Ескалацијата на реториката и наводите за ликвидации на највисокото раководство ја продлабочуваат неизвесноста во регионот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryc5304n0jjhdu1r4TP2Z

(Видео) Погледнете го моментот кога Иран објави дека врховниот лидер Али Хамнеи е мртов, водител плачеше

Фарс и други државни медиуми во Иран објавија дека врховниот водач ајатолах Али Хаменеи бил убиен во својот комплекс во главниот град Техеран.Според информациите, Хаменеи загинал рано утрото во саботата „во својата канцеларија во резиденцијата на лидерот“, додека ги извршувал своите должности.Сателитски снимки на компанијата Ербас, направени по нападите, покажуваат густ црн чад кој се издига од комплексот во центарот на Техеран. На снимките се гледа дека повеќе објекти во рамките на комплексот се сериозно оштетени.Комплексот се наоѓа во централниот дел на градот, во близина на универзитетот, и претставува клучен центар за одлучување и седиште на теократското раководство на Исламската Република.Водителот на државната телевизија, кој ја соопшти веста за смртта, заплака додека го читаше официјалното соопштение.Поради смртта на врховниот водач, во Иран се прогласени 40 дена жалост.

Свет | пред 2 седмици

media-librarytbm8sqq2pmd263aVMqL

(Видео) Шестмина загинаа во пад на хеликоптер во Кенија, меѓу нив и пратеник

Шест лица, меѓу кои и еден пратеник во парламентот, загинаа во саботата при пад на хеликоптер во западна Кенија, потврдија полициски и владини претставници.Несреќата се случила во округот Нанди, во регионот Норт Рифт, а причините за падот засега не се познати, пренесува Ројтерс.Командантот на окружната полиција Самуел Мукуси за телевизијата Citizen TV изјави дека во несреќата загинале пилотот, пратеникот и уште четири лица.Претседателот на Кенија, Вилијам Руто, на социјалната мрежа Икс потврди дека станува збор за пратеникот Јохана Нгену од изборната единица Емуруа Дикир.„Нашите мисли и молитви се со неговото семејство, пријателите, жителите на Емуруа Дикир и сите жртви и семејства погодени од падот на хеликоптерот во Мосоп, во округот Нанди“, напиша Руто.Идентитетите на останатите патници сè уште не се објавени. Надлежните служби започнале истрага за утврдување на причините за несреќата.

Свет | пред 2 седмици

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Трамп со директна закана до Иран: „Ќе возвратиме со невидена сила, подобро ви е тоа да не го правите“

Корпус на исламската револуционерна гарда ѝ се закани на Израел и на Соединетите Американски Држави со „најжестока офанзивна операција во историјата“ на Исламската Република, откако во американско-израелските напади, според израелски извори, беше убиен врховниот водач ајатолах Али Хаменеи.ИРГЦ соопшти дека „против окупираните територии и базите на американските терористи“ наскоро ќе започне најсилната офанзива досега. Иранската влада порача дека „овој голем злостор никогаш нема да остане без одговор“ и дека ќе отвори „нова страница во историјата на исламскиот свет“.Се огласи и Врховниот совет за национална безбедност на Иран, кој оцени дека заедничките американско-израелски напади ќе предизвикаат „масовно востание против светските угнетувачи“ и дека Иран и неговите сојузници ќе станат „поотпорни и поодлучни“.На заканите реагираше и американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалната мрежа Truth Social. Тој напиша дека Иран најавил силен удар, „посилен од кога било досега“, и упати директна порака:„Подобро да не го прават тоа, затоа што ако го направат, ќе возвратиме со сила каква што досега не е видена.“Ескалацијата на заканите и воените дејствија дополнително ја продлабочува кризата и го зголемува ризикот од поширок регионален конфликт.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања