Скопје1.мк

Screenshot-2025-09-08-095145

Нови детали: Убиен е таткото кој избегал со деца во дивината, децата се пронајдени

Пo речиси четиригодишна потрага низ Нов Зеланд, бегалецот Томас Филипс, кој се криел во дивината со своите три деца, бил смртно застрелан во престрелка со полицијата. Неговите деца, за кои се верува дека имаат 9, 10 и 12 години, се пронајдени и сега се безбедни, со што се стави крај на долгогодишната драма, објавува CNN.Драматична потера и пукањеБегството на Филипс заврши во раните утрински часови денеска откако полицијата одговори на пријава за упад во фармерска продавница во руралниот град Поипој. Тие забележале фармерски квадрицикл со две лица како го напуштаат градот и почнале да го бркаат. Полицијата поставила таканаречени „ежови“ околу 30 километри по земјен пат.„Квадрициклот ги прегазил ежовите. Имало две лица на возилото и кое застанало на овој селски пат. Кратко време подоцна, првиот полицаец што пристигнал на местото на настанот наишол на запрениот квадрицикл и се соочил со истрели од блиску“, изјави вршителката на должноста заменик-комисар Џил Роџерс.Полицаецот бил застрелан во главата кога излегувал од возилото и побегнал да се скрие. Втор полицаец, кој пристигнал неколку секунди подоцна, возвратил на оган, убивајќи го човекот, за кој се верува дека е Филипс. Повредениот полицаец бил однесен во болница со сериозни, но не опасни по живот повреди. Едно од децата било пронајдено на местото на настанот.Потрага по другите децаПо пукањето започнала масовна и итна потрага по преостанатите две деца, момче и девојче. Во потрагата биле вклучени хеликоптери и специјални полициски сили. Неколку часа подоцна, полицијата потврдила дека и тие биле пронајдени живи и неповредени во оддалечен камп во густа вегетација во близина на градот Марокопа.„Тие сега се со полицајци и се отстрануваат од локацијата“, им рекол Роџерс на новинарите. „Можам да потврдам дека децата се безбедни и неповредени и ќе бидат однесени на медицински проценки вечерва.“фото: YouTube/Print screen

Свет | пред 5 месеци

pozar-vincini2

Вознемирувачки снимки од големиот пожар во „Макпрогрес“ – обвинителство ќе го испитува настанот

Јавноста трет ден говори за пожарот што целосно зафати дел од производствените погони на фабриката „Макпрогрес“ во Виница. На видеата објавени од локалната телевизија ТВ Стар може да се види интензитетот на пламените јазици и големите облаци чад кои се издигаа над градот, додека пожарникарите се бореа со огнената стихија.Според информациите, во пожарот изгоре еден производствен погон со три линии за наполитанки, вафел барови и тортички, заедно со два магацини – еден за суровини и еден за готови производи.Обвинителството ќе спроведе истрагаОсновното јавно обвинителство од Кочани соопшти дека јавен обвинител бил на лице место, но увидот не можел да започне затоа што пожарот не бил целосно изгаснат и сè уште траеле активностите за обезбедување на локацијата.„Во меѓувреме, издадени се насоки и наредби за други дејствија поврзани со целосното испитување на настанот“, информираат од Обвинителството.Повредени лица и интервенција на пожарникаритеВо пожарот беа повредени 18 лица, од кои 13 се хоспитализирани, но сите се во стабилна здравствена состојба. Осум вработени добија медицинска помош на Клиниката за токсикологија во Скопје, четворица пожарникари беа примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка е згрижена во Клиничката болница во Штип.Во гаснењето учествуваа противпожарни екипи од Виница и неколку соседни општини, кои со часови се бореа да ја стават ситуацијата под контрола.

Македонија | пред 5 месеци

zname

Македонија слави 34 години независност

На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија со убедливо мнозинство ја запишаа најважната страница во современата историја на земјата. На референдумот организиран во предвечерјето на распадот на поранешна Југославија, 95 отсто од излезените граѓани одговорија „за“ на прашањето: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“Од вкупно 1.495.626 запишани избирачи, на гласање излегоа 1.132.981 граѓанин или 71,85 отсто. Од нив, 1.079.308 гласачи, односно 95,09 отсто, се изјаснија за независна и суверена Македонија. Според официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на референдумот, немало поднесени приговори или жалби, што ја потврдува успешноста на процесот.Овој историски чин го означи раѓањето на современата македонска држава и почетокот на патот кон меѓународно признавање, демократски развој и евроатлантска интеграција.Честитки по повод Денот на независностаПо повод 34-годишнината од независноста, честитка од претседателката Гордана Сиљановска-ДавковаНа 8 Септември 1991 година, легално и легитимно, врз основа на неотуѓивото и непотрошно право на самоопределување на секој народ, на референдумот за самостојна и независна Македонија излегоа 75,74% од електоратот, а „за“ гласаа 72,16% од запишаните!Така, ние, македонските граѓани, ја крунисавме вековната борба на илинденците и партизаните со унитарна, независна и самостојна држава!Денес, 34 години потоа, во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија.Изминативе три децении се соочивме со бројни внатрешни поделби и кризи, со надворешни притисоци и предизвици, со отстапки и компромиси неусогласени со референдумската одлука од 1991 година, па и со меѓународното и национално право.Политиката, за жал, нè учи дека неправдите не се отстрануваат со потег на перото, туку со макотрпна домашна и меѓународна борба, со правни аргументи и внимателни политички активности, со макотрпно градење пријателски сојузи, а не со непромислени и избрзани акти, со внатрешно единство, а не со поделби, со самопочит, но и со меѓусебна почит.Патот кон правото и правдата води преку европеизирана држава, втемелена на копенхагенски критериуми, преку демократска власт, ограничена со систем на ефикасни спреги и кочници, преку компетитивна и просперитетна економија, преку партиципативна политичка култура, преку силно граѓанско општество и слободни медиуми.Младите не се задржуваат и стимулираат со партизација и политизација, туку со образование и наука што стимулираат, почитуваат и наградуваат знаење, труд и заслуги.Ако домата ни е европска, сигурна сум дека нашите деца и внуци ќе сакаат да работат, творат и растат семејства тука, во нивната дома, или постојано да соработуваат со татковината, ако се надвор, привремено или трајно. Само во европски амбиент се креира европска иднина!Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, упати честитка до граѓаните нагласувајќи:„Вековниот стремеж за самостојна, независна, суверена и демократска Македонија стана стварност на 8 септември 1991 година. Денес вистинската љубов кон татковината значи да се гради правната држава. Чин на врвен патриотизам е посветеноста на владеењето на правото.“Во својата порака, претседателот на Собранието, Џафери Гаши, истакна дека независноста е „завет наследен од минатото, обврска за сегашноста и водич за иднината“. Тој повика на единство околу вредностите на сплотеност и посветеност за исполнување на државните аспирации:„Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот. Да работиме заедно за посилна, поправедна и пообединета држава, каде што нашите разлики ќе бидат богатство, а не пречка.“Македонија денесТриесет и четири години по прогласувањето на независноста, Македонија е стабилен сојузник во НАТО и држава кандидат за членство во Европската Унија. Во овие децении земјата изгради институции, се стекна со меѓународна почит и продолжува да чекори по патот кон посветла иднина за идните генерации.Честит 8 Септември – Ден на независноста на Република Северна Македонија!

Македонија | пред 5 месеци

studenti

„Сè запира во понеделник“ - нов голем протест во Белград

Студентите во блокадата најавија нов голем студентски протест за понеделник во Белград поради, според организаторите, полициската репресија во Нови Сад. Протестот ќе започне во 14 часот пред Владата на Србија под слоганот „Индексот е посилен од пендрек“. Студентите во блокадата, кои го координираат собирот преку социјалните медиуми, најавија дека по Владата, колоната ќе се движи низ градот до Секторот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.Овој протест следеше по бурните настани во Нови Сад, каде што минатиот петок полицијата употреби сила врз граѓаните и студентите собрани пред Филозофскиот факултет. Во тоа време беа употребени шок бомби, солзавец, топовски истрели... Студентите тврдат дека станува збор за однапред планиран чин на репресија, а не за реакција на наводното насилство, како што тврдеше Министерството за внатрешни работи во своето соопштение. View this post on Instagram A post shared by Samoorganizovana grupa studenata - Blokada (@studenti_u_blokadi)Во соопштението што студентите го објавија по интервенцијата, се наведува дека полицијата извршила „најбрутални напади врз сопствените граѓани“, додека сцените на тепања и рации на факултетите беа оценети како доказ дека државата се справува со мирни демонстранти.Тие додадоа дека однесувањето на студентското движење во последните недели имало за цел смирување на тензиите, но дека настаните во Нови Сад покажале дека мирно решение „не е можно ако само едната страна го сака тоа“.Во меѓувреме, дел од приведените демонстранти во Нови Сад веќе се слушнати, додека протести се организирани и во други градови на Србија. Во исто време, минатата недела се одржаа собири против блокадите, организирани од поддржувачи на Српската напредна партија, а во некои градови имаше директни конфронтации меѓу двете групи. Според Министерството за внатрешни работи, ситуацијата главно се смирила до доцна навечер.„Сè запира во понеделник. Се гледаме“, рекоа студентите пред денешниот протест.

Свет | пред 5 месеци

545369603_806325741902431_8190156664741523166_n

Херојство со последици: Пожарникар од Кочани изгорен при интервенцијата во Виница

Доброволното противпожарно друштво Кочани информира дека нивни екипи синоќа биле дел од гаснењето на големиот пожар што избувна во фабриката „Мак Прогрес“ во Виница.По барање на Територијалната противпожарна единица Виница, со 12 пожарникари и три возила тие интервенирале на терен и останале до доцна во ноќта со максимални напори за локализирање на пожарот и спречување на негово ширење.Од ДПД Кочани соопштија дека за време на интервенцијата еден нивни член се здобил со изгореници од растопен шеќер. По укажаната лекарска помош пожарникарот е во стабилна состојба и пуштен на домашно лекување. Од друштвото му посакаа брзо и целосно закрепнување.

Македонија | пред 5 месеци

petrusevski

Петрушевски: СДС призна дека преку АНБ и АР го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, попусти се обидите на Виктор Димовски да се извлече

„СДС призна дека преку АНБ и АР го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, попусти се обидите на Виктор Димовски да се извлече“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски и додаде:СДС призна дека 5 години го следеле претседателот Мицкоски. Тоа значи дека не само тој, туку и неговото семејство биле предмет на следење на тајните служби.Овие служби, наместо да го штитат интегритетот на државата и граѓаните, тие биле маша за политичка борба и притисок на СДС. Главен извршител бил Виктор Димовски и свесен за последиците од признанието на СДС во паника негира и бега од последиците на своето делување.Виктор Димовски многу добро знае што правел, и какви кривично правни последици има тоа.Виктор Димовски да признае што правел и по чија наредба од врвот на политиката.Следењето и прислушкувањето не би било можно без директна дозвола од Зоран Заев, затоа што во целиот систем бил вклучен и Љупчо Коцевски од ЈО, кој подоцна е избран за Републички ЈО и Врховниот суд.Овој скандал на злоупотреба на службите не смее да остане не санкциониран.Одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори.

Македонија | пред 5 месеци

sukova

Шукова: ЗОО во Скопје ќе биде модерна и едукативна со хуман третман за животните

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска ја посети Зоолошката градина и ја претстави својата визија за нејзина целосна трансформација во современ, едукативен и хуман јавен простор.„Зоолошката градина треба да биде многу повеќе од место за прошетка. Таа треба да биде простор каде децата учат за животните и природата, каде семејствата се чувствуваат безбедно и пријатно, а животните живеат во достоинствени услови“, изјави Шукова.Шукова истакна дека моменталната состојба на ЗОО не одговара на потребите и потенцијалот што оваа институција го има. Дел од живеалиштата се дотраени, едукативната функција не е доволно развиена, а зеленилото не е соодветно одржувано, хигиената пак е на загрижувачко ниво.Шукова најави, обнова и модернизација на живеалиштата, според највисоки стандарди за благосостојба на животните, како и Еко-центар, во кој децата и младите ќе можат да учат за природата, климатските промени и заштитата на живиот свет. Засилување на зеленилото и инвестиции во чисти, одржливи извори на енергија, Според Шукова, Зоолошката градинатреба да биде на ниво на современа урбана средина која спојува едукација, екологија, заштита на животните и семејни вредности.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

Трамп му се закани на Чикаго со воена интервенција, гувернерот го нарече диктатор

Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе го употреби новоименуваното Министерство за војна во Чикаго.„Чикаго ќе разбере зошто сега се нарекува Министерство за одбрана“, рече Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.Објавата на Трамп вклучува негова фотографија генерирана од вештачка интелигенција и цитат: „Го обожавам мирисот на депортација наутро“, реплика од филмот од Виетнамската војна од 1979 година „Апокалипса сега“. Во филмот, репликата ја изговара потполковник Бил Килгор, кој вели дека му се допаѓа мирисот на „напалм“ додека американската војска фрла запалливо оружје врз виетнамски цели.Демократскиот гувернер на Илиноис, каде што се наоѓа Чикаго, изрази негодување поради најавата на Трамп.Демонстрантите против Трамп вчера излегоа на улиците на Чикаго, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Стоп на овој фашистички режим!“ и „Не за Трамп, нема војници“. Протестната рута минуваше и покрај Трамповата кула во Чикаго, при што демонстрантите правеа навредливи гестови кон зградата на претседателот додека минуваа.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Бујар Османи ќе прави нов сектор во Чаир, за одржување на верските објекти

Кандидатот за градоначалник од ДУИ за општина Чаир, Бујар Османи, утрово преку видео-порака најави нова мерка од својата изборна програма – формирање посебен сектор во рамките на општинското комунално претпријатие кој ќе се грижи за хигиената и одржувањето на верските објекти во општината.Османи ја објави иницијативата за време на посетата на џамија и црква на територијата на Чаир, истакнувајќи дека идејата произлегла од разговорите со граѓаните и веќе добила широка поддршка.„Ова е чекор за зачувување на духовните простори на нашата заедница. Верските објекти конечно ќе се ослободат од оваа обврска со која досега сами се справуваа,“ порача Османи.Мерката, според него, е поздравена и од верските претставници на двете заедници кои се појавуваат во видеото објавено денес.Кандидатот нагласи дека сеопфатната грижа за духовните простори е клучен дел од зачувувањето на заедничките вредности и почитувањето на различностите во Чаир.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-07-at-09.34.06

Лина Ѓорческа освои прво место во Романија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше на турнирот во романскиот град Слобозија, со награден фонд од 40.000 долари. Таа во финалето ја совлада домашната претставничка Елена Бертеа со 2-1 во сетови (3:6; 6:3; 6:4), по два часа и 15 минути игра.Финалниот меч започна подобро за Романката, која со два брејка го освои првиот сет (6:3). Во вториот сет Бертеа поведе со 3:1, но тука започна големиот пресврт на Ѓорческа – со пет последователни гема ја доби делницата со 6:3 и изедначи на 1-1.Во решавачкиот сет Лина водеше со 4:2, но противничката израмни на 4:4. Сепак, Ѓорческа покажа цврстина во клучните моменти и со два добиени гема ја осигура конечната победа (6:4).Ова е 15. титула во поединечна конкуренција за Ѓорческа, која досега има одиграно 39 финалиња. Покрај тоа, во својата кариера таа има освоено и 47 титули во конкуренција на двојки.Со трофејот од Слобозија, Ѓорческа добива 50 ВТА поени и ќе напредува на светската ранг-листа.Македонската тенисерка следната недела ќе настапи на турнир во Букурешт, каде ќе се обиде да продолжи со одличната форма.

Спорт | пред 5 месеци

dzim-dzarmus

Венецијанскиот „Златен лав“ во рацете на култниот режисер Џармуш

„Татко, мајка, сестра, брат“, филмот на режисерот Џим Џармуш е добитник на наградата „Златен лав“ на 82-то издание на Венецискиот филмски фестивал.Филмот има импресивна актерска екипа: Кејт Бланшет, Том Вејтс, Адам Драјвер и Шарлот Ремплинг и е приказна за отуѓени браќа и сестри кои повторно се обединуваат по долги години и се принудени да се соочат со нерешени тензии.Филмот наскоро ќе биде прикажан и во Северна Америка, каде што е избран како „Centerpiece“ на престижниот 2025 New York Film Festival.Гилемиот фаворит, „Гласот на Хинд Раџаб“ на туниската режисерка Каутер Бен Ханија мораше да се задоволи доби со Сребрениот лав. Филмот за смртта на шестгодишно палестинско девојче во Газа не остави никого рамнодушен, по премиерата доби 23 минути овации, како што велат познавачите, најдолги во историјата на фестивалот.Македонија оваа година се претстави со два филма и освои една награда. „Мајка“ на Теона Стругар Митевска ја отвори натпреварувачката програма Хоризонти, а „Силјан“ на Тамара Котевска се прикажа вон конкуренција во програмата за документарци и ја освои независната паралелна награда „Филм и уметност“ за најдобар филм, наречена и „Награда за муза“.Венецијанскиот фестивал го означува почетокот на сезоната на доделување награди и ги открива големите фаворити за Оскарите.

Магазин | пред 5 месеци

IMG_1006

Индексот-посилен од пендрекот: Утре нов студентски протест во Белград

Студентите во блокада на Универзитетот во Белград, револтирани од однесувањето на власта, најавија за в понеделник нов протест под мотото:„Индексот е посилен од пендрекот“.„Нови Сад не го простуваме“, порачуваат студентите во најавата на нови протести, како одговор на полициското насилство на протестите во Нови Сад.На социјалните мрежи, студентите напишаа дека протестот почнува во 14 часот.Тие објавија и план на протестот:првата точка е зградата на Владата на Србија, потоа Палатата на правдата, зградата на Одделот за обезбедување одредени лица и објекти и на крај Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.

Свет | пред 5 месеци

filipce-ck-sdsm

СДСМ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

“Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која самите се ставија, откако се заиграа со наводни шпионски афери за да дефокусираат од сопствената неспособност. Наводната афера која очигледно со месеци ја спремале за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, им пукна како бомба во раката”, велат од СДСМ и додаваат:Им порачуваме јасно и гласно: Декласифицирајте! Не чекајте ни истрага, ни ништо. Нека видат граѓаните дали бил вистински следен премиерот, кој бил следен, со кого комуницирал тој. Бидете еднаш во вашето 30-годишно постоење храбри и чесни, барем тоа му го должите на овој народ. Па сите кои злоупотребиле – нека одговараат.Ова е чесна понуда од СДСМ и ние немаме од што да се плашиме. Прашањето е, дали имате вие?Неспособноста со која ја водите државата ве бутка секој ден во сѐ поголеми лаги, во сѐ поголеми измислени крими-скандали, жолти комбиња, дронови што го следат премиерот, дестабилизации. Цели 15 месеци не видовме разрешница на ниедно од овие сценарија. Вашите криминални романи никогаш немаат крај.Затоа сега имате шанса – декласифицирајте! Тоа можете да го направите за еден ден, согласно закон. Секако, ако имате храброст.

Македонија | пред 5 месеци

dodik-putin-585x388-1

Додиќ го впери прстот: Сорос е негативец и стои зад обоените револуции

Поранешниот претседател на Република Српска, на кој му е одземен мандатот, Милорад Додик, изјави дека американскиот милијардер Џорџ Сорос и неговите организации стојат зад обоените револуции што се спроведуваат денес во Србија и во некои други земји.Ова за Додик е криминален потфат.„Значи, тие ги користеа легалните средства на американските даночни обврзници за да се справат со државите и властите низ целиот свет, бидејќи тие не им одговараа“, изјави Додик. Според него Сорос е негативец кој треба да биде забранет, а неговите организации се еднакви на фашистите.Додик инаку повеќе не е претседател на ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина, по пресудата на Судот на Босна и Херцеговина и одлуката на Централната изборна комисија, со која му беше одземен мандатот.Сепак, министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој се сретна со Милорад Додик во Будимпешта му се обрати со „г-дине претседателе“, и покрај официјално одземениот мандат.Унгарскиот шеф на дипломатијата изјави дека Унгарија ја почитува волјата на народот кој ги избра своите лидери демократски на изборите.

Свет | пред 5 месеци

kocani-puls-protest-2

До кога ќе се чека обвинетите да седнат на обвинителна клупа, прашаа роднините на загинатите ви “Пулс”

Родителите и семејствата на младите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска по 21 пат излегоа на улиците на Кочани, барајќи побрза реакција на институциите и правда за своите најблиски.Протестниот „Марш за ангелите“ повторно ја помина добро познатата траса – од „Паркот на револуцијата“, покрај Трговскиот центар, Општината, Управата за јавни приходи и полициската станица, до Основниот суд и Обвинителството.Пред зградата на институциите, роднините јавно се обратија до судиите и обвинителите, потсетувајќи дека веќе три месеци се чека на оценка на обвинителниот акт.„Одолговлекување без оправдана причина е спротивно на законот и претставува основ за реакција од страна на оштетените и јавноста. Ние ве прашуваме – постои ли рок во кој Советот мора да донесе одлука? Ако не постои, барем кажете кога може да се очекува завршување на оваа постапка,“ изјави Розета Џамова, сестра на една од жртвите.Протестот се одржа само еден ден откако Обвинителството ја прошири истрагата за трагедијата. Поднесено е ново обвинение против реалниот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити Солушн“, кој се товари за тешки дела против општата сигурност поради сериозни пропусти во организацијата и мерките за заштита во дискотеката.Истовремено, до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на сите претходно определени мерки за обезбедување присуство на обвинетиот.

Македонија | пред 5 месеци

ukraina-4121-odesa

Едногодишно дете убиено во руски воздушни напади врз Киев, погодена и владината зграда

Русија започна масовен и страотен напад преку ноќ со стотици беспилотни летала и ракети. Цели се украински градови, а погодени се бројни станбени згради во Киев. Во нападите врз Киев загинаа најмалку три лица, вклучувајќи и едногодишно дете, а 18 беа повредени. Владината зграда, исто така, беше погодена.,,За првпат од почетокот на војната зградата на владата е оштетена во непријателски напад покривот и горните катови“, рече премиерката Јулија Свириденко.Покрај дронови, кон градот биле испукани и крстосувачки ракети.Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ја потврди трагичната вест, додавајќи дека најмалку пет лица се хоспитализирани, меѓу кои и една бремена жена.Според градоначалникот, остатоци од руски беспилотни летала погодиле три станбени згради во Свјатошински округ и една во Дарнички округ, што предизвикало пожари.

Свет | пред 5 месеци

IMG_1005

Пожарот во Винчини под контрола, пожарникари со изгореници

Пожарот во Винчини под контрола, пожарникари со изгореници, чизмите им останале заглавени во стопен шеќерСпоред информацијата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, страотниот оган во ,, Макпрогрес”, Виница, позната како Винчини е ставен под контрола, а производствените линии од 1 до 5 се спасени.Од пожарот во фабриката се опожарени три линии означени како 6,7 и 8, од кои два магацини. Сите имале сончеви панели на кровот.Во драмата за гасење на огнот, неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата, откако нивните чизми останале заглавени во стопен шеќер во еден од погоните.,,Чизмите им останаа во смолата и изгореа во стопената маса“, изјави Стојанче Ангелов.Екипи од Виница, Кочани, Македонска Каменица, Делчево, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес со сите расположливи капацитети се вклучија во борбата со пожарот.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-06-201330

МВР за пожарот во Виница каде гори фабрика

“Денеска (06.09.2025) во 18:36 часот во ОВР Виница е пријавено дека настанал пожар во погони и магацини на фабрика во Виница.За гасење на пожарот ангажирани се поголем број на противпожарни екипи од Виница и соседните градови, како и полициски службеници. До сега нема повредени лица”, велат од МВР.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-06-223055

Пожар од невидени размери во Винчини, Виница

Денеска избувна голем пожар во Винчини – Виница, кој за кратко време зафати широка површина.Според првичните информации, три лица се здобиле со изгореници, меѓу кои и едно лице од ТППЕ Штип. Повредените веднаш се префрлени на итна медицинска интервенција во болница.На терен се пожарникарски екипи и служби за спасување, а борбата со огнената стихија сè уште трае.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_6897

Малолетник осомничен дека се обидел да го убие сопствениот татко

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен судија за деца поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема 17-годишно дете во судир со законот, за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие што со закон е определено како  кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Вршејќи семејно насилство во сопствениот дом на улицата “Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје, малолетникот со умисла се обидел да го лиши од живот својот татко.Додека таткото бил во спалната соба, детето му пришло зад грб и со остар предмет му нанело 10 убодни рани. Во близина била мајката, која успеала да го оттурне детето и веднаш да повика медицинска помош.И по извршен оперативен зафат на Клиничкиот центар „Мајка Тереза”, таткото е во живото-загрозувачка состојба.Со барањето за поведување подготвителна постапка во согласност со Законот за правда за децата, јавниот обвинител предложи на малолетникот да му биде определена и мерка притвор.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-06-201330

(Видео) Голем пожар во фабриката "Макпрогрес“

Голем пожар изби во фабриката "Макпрогрес“, позната по брендот "Винчини“. Во моментов со огнот е зафатен еден погон а локалните винички пожарникари со подршка на пожарникари од Кочани се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон останатите погони.На помош тргнаа пожарникари од Штип, Св. Николе, Струмица и Пробиштип.

Македонија | пред 5 месеци

Cvetan-Tripunovski-06.09.2025

Трипуновски: Очекуваме рекордна берба од над 100 милиони килограми винско грозје, веќе откупени 30 милиони до 4 септември

„Денеска сме на манифестацијата организирана од Општина Кавадарци – „Тиквешки гроздобер” и посакувам успешна манифестација, бидејќи го отсликува почетокот на бербата на винското грозје од Тиквешкиот регион”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Кавадарци.„Ние како Министерство остануваме силно фокусирани да го враќаме квантитетот и квалитетот на производство на винско грозје. Оваа година очекуваме над 25 милиони килограми повеќе за разлика од ланската берба. Се очекува целата берба да биде над 100 милиони килограми”, посочи министерот.Тој додаде дека оваа година има значаен прогрес во лозарството.„Министерството изминатиот период посвети сериозно внимание на системите за наводнување, што е круцијално во делот на производство на винско грозје”, појасни министерот Трипуновски.Министерот истакна дека според податоците кои ги има Министерството од Државниот инспекторат за земјоделство, заклучно со 4-ти септември откупени се околу 30 милиони килограми винско грозје, околу 11 милиони килограми црвено винско грозје е откупено, а остатокот е бело винско грозје.„Инспекторатот и Министерството, Владата во целина ќе го следи секојдневно откупот на винското грозје за да се спречат било какви отстапувања од законските норми и прописи кои важат”, посочи тој.Министерот Трипуновски истакна дека Македонија е лидер во производство на квалитетно вино во светот.

Македонија | пред 5 месеци

e69b1b68-501b-4594-9831-6782a6becb54

Филипче за Слободен печат: Мицкоски треба да одговори дали комуницирал со групи кои биле следени и зошто?

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју за Слободен печат, укажа дека можеби една од причините поради кои власта се противи на декласификација на документацијата поврзана со случајот во Агенцијата за национална безбедност е стравот да не излезат на виделина информации за сомнителни странски финансиски извори поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.„Имаше сомнителни извори на унгарскиот кредит, дали се тоа кинески или руски пари, никој не знае. Гледате каков е сојузот помеѓу Русија и Кина на светско ниво. Дел од сознанијата во врска со финансии коишто доаѓаа за време на нашето владеење кон некои структури – исто така. Можеби е тоа една од темите коишто ќе излезат ако се декласифицираат овие податоци сега од АНБ.Мислам дека власта нема да го направи, поради тоа што сметам дека ќе избега од таа тема“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче повторно повика на декласификација на документацијата, велејќи дека тоа е единствениот начин за расчистување на аферата, без потреба од судски одлуки.„Во законот јасно пишува дека дека одговорен за декласификација на документите, доколку постои сомнеж за криминал или злоупотреба, е самата институција, односно АНБ Значи, од Агенцијата за национална безбедност и од директорот зависи дали тие материјали ќе се декласифицираат или не. Ние бараме да се декласифицираат, да видиме кои луѓе биле пратени, кои групации и зошто, да видиме дали имало прекршување од било кој – ако треба некој да понесе одговорност“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, постои едно специфично прашање, а тоа е дали со тие групи кои што биле пратени и биле обработувани материјали согласно капацитетот и ингеренциите на Агенцијата за национална безбедност, комуницирал и премиерот и зошто комуницирал.„Дали тој бил директно пратен или комуницирал со некој кои што биле пратени заради сомнителни активности? И тоа е исклучително прашање. Апелирам да во што пократок рок тие документи се декласифицираат и јавноста да знае за што станува збор“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

mickoski-filipce

Можеби со странски финансиски извори е финансирана ВМРО-ДПМНЕ, вели Филипче праша: „Зошто Мицкоски комуницирал со следени групи?“

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју за Слободен печат, укажа дека можеби една од причините поради кои власта се противи на декласификација на документацијата поврзана со случајот во Агенцијата за национална безбедност е стравот да не излезат на виделина информации за сомнителни странски финансиски извори поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.„Имаше сомнителни извори на унгарскиот кредит, дали се тоа кинески или руски пари, никој не знае. Гледате каков е сојузот помеѓу Русија и Кина на светско ниво. Дел од сознанијата во врска со финансии коишто доаѓаа за време на нашето владеење кон некои структури – исто така. Можеби е тоа една од темите коишто ќе излезат ако се декласифицираат овие податоци сега од АНБ. Мислам дека власта нема да го направи, поради тоа што сметам дека ќе избега од таа тема“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче повторно повика на декласификација на документацијата, велејќи дека тоа е единствениот начин за расчистување на аферата, без потреба од судски одлуки.„Во законот јасно пишува дека дека одговорен за декласификација на документите, доколку постои сомнеж за криминал или злоупотреба, е самата институција, односно АНБ Значи, од Агенцијата за национална безбедност и од директорот зависи дали тие материјали ќе се декласифицираат или не. Ние бараме да се декласифицираат, да видиме кои луѓе биле пратени, кои групации и зошто, да видиме дали имало прекршување од било кој – ако треба некој да понесе одговорност“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, постои едно специфично прашање, а тоа е дали со тие групи кои што биле пратени и биле обработувани материјали согласно капацитетот и ингеренциите на Агенцијата за национална безбедност, комуницирал и премиерот и зошто комуницирал.„Дали тој бил директно пратен или комуницирал со некој кои што биле пратени заради сомнителни активности? И тоа е исклучително прашање. Апелирам да во што пократок рок тие документи се декласифицираат и јавноста да знае за што станува збор“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

5-2

(Видео) Продолжен викенд на плажа во Грција

Продолжениот викенд и денеска донесе метеж на граничните премини кон Србија и Грција. На преминот Табановце утринава за влез и излез од земјава се чека околу 30 минути, а на преминот Богородица за излез од државата колони возила чекаат од 40 минути до еден час, информира Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).Ова е втор ден по ред како патниците се соочуваат со поголеми задржувања, особено на излез кон Грција.На останатите гранични премини нема подолги чекања, велат од АМСМ.Зголемена фреквенција на возила се бележи и на патиштата низ земјата, што се должи на летните одмори и дополнителниот слободен ден од продолжениот викенд.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања