Скопје1.мк

orce-gjorgievski142

Ѓорѓиевски со културните работници: „Скопје мора да добие ново лице во културниот живот“

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со културни работници, професори од Драмската и Музичката академија, претставници од Друштвото на ликовни уметници, Националниот џез оркестар, директорот на МНТ, филмски автори, МКЦ и независната културна сцена.„Разговаравме за иднината на културниот развој на Скопје, за поддршката на уметниците, зачувувањето на културното наследство, отворањето на нови простори за културна експресија, како и за соработката со младите таленти и независната сцена, но и со докажаните автори и институции“, изјави Ѓорѓиевски, кој на средбата беше придружуван од својот советник за култура, Лазе Трипков.Тој нагласи дека Скопје е „град на слоеви – град на историја, уметност и визии“ и додаде дека ваквите средби претставуваат мост помеѓу институциите и културните работници, преку кои се создаваат заеднички стратегии и проекти.„Сите идеи и иницијативи што денес ги слушнавме ќе бидат интегрирани во новите културни политики на Град Скопје“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 5 месеци

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

Скандалот со прислушкувањето е многу сериозен и се граничи со државен удар, вели Стојаноски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во гостувањето во телевизиско гостување изјави дека аферата со прислушкувањето на политичари, новинари и бизнисмени претставува еден од најсериозните скандали во земјата и „се граничи со државен удар“.„Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање во периодот од пет години, меѓу 2019 и 2024, злоупотребувале државни ресурси за оперативно следење и обработка на лидерот на опозицијата, на новинари, на медиуми и на бизнисмени. Ако тоа се прави без дозвола од обвинителството, тогаш тоа не е само скандал туку и државен удар“, изјави Стојаноски.Тој додаде дека Јавното обвинителство одбива да даде информации дали ќе отвори предмет и побара одговорност за сите кои учествувале во, како што го нарече, „злоупотреба на ресурсите на државниот систем“.„Треба да се одговори на неколку клучни прашања – кој ја дал наредбата за следење, зошто токму тие лица биле избрани, каде завршувале информациите и која била целта на наредбодавачот. Ова е еден од најсериозните скандали во режија на разузнавачките служби во државата“, потенцираше Стојаноски.

Македонија | пред 5 месеци

57B15D7B-C699-4722-81D5-A3A2DD3815A0_1_105_c

„Менаџментот на ЗОО Скопје потфрли, постои ризик од епидемија на туберкулоза“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку обвини дека во скопската Зоолошка градина владее хаос и сериозна закана по здравјето на животните, вработените и посетителите поради ширење на туберкулоза.„Животни во ЗОО Скопје постојано угинуваат поради разни болести, а менаџментот и градските власти ги кријат инцидентите од јавноста. Така се доведува во опасност не само здравјето на останатите животни, туку и на луѓето“, велат од партијата.Според нивните информации, пред еден и пол месец починале три лами поради туберкулоза, а кај уште две е потврдена истата инфекција.„Пред само три дена почина и младо мајмунче од видот гибон, а патолошкиот наод повторно покажува присуство на туберкулоза“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата оценува дека станува збор за алармантна состојба која бара итна институционална реакција.„Ова отвора сериозни прашања: колку животни досега загинале од оваа болест, колку се загрозени останатите и дали посетителите и вработените се безбедни? Време е за одговорност и итна реакција“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Засега нема официјално соопштение од скопската Зоолошка градина и Град Скопје за овие наводи на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 5 месеци

suport1

(Видео) „Гледате што направивме ние за шест месеци за Кочани, што направивте вие?“, остар говор на Ивановски од „Support Kocani“ пред функционерите од градот

На доделувањето на признанија по повод Денот на ослободувањето на Кочани, Иван Ивановски од „Support Kocani“ им се обрати директно на присутните функционери, советници, директори и пратеници со остри зборови. View this post on InstagramA post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Многу ми е жал што за ваква работа треба да добиеме награда. Морам да бидам искрен малку. Сите сме криви за ова што ни се случи. Да, некој е повеќе крив, некој е помалку крив. Вие што седите тука и сте на функција сте малку повеќе криви од нас. Така што, запрашајте се сите, мислам дека е време да ги тргнете партиите на страна и од срце да правите работи. Ова е она што ние за шест месеци успеавме да направиме за нашиот град. Вие што направивте? Не викам дека ништо не сте направиле, ама дајте, седнете, за луѓето правете сите работи. Дајте да покажеме срце за Кочани. Ни се иселуваат луѓе, ни гинат, а ние партиски се препукуваме кој од која партија бил“, кажа Ивановски во име на „Support Kocani“ кои изминативе месеци собраа илјадници евра донации, обезбедуваа целосна логистика за купување на медицински помагала кои тие ги финансираа, помагаа на семејства погодени од трагедијата во „Пулс“.Ивановски додаде: „Дајте сега вие што сте при крај со мандатот и нови што ќе дојдат, размислувајте за Кочани, па после сите други работи. Можеби ова не беше ова добра прилика да ви го кажам, на ова место, но сега ми лежеше на срце“.

Македонија | пред 5 месеци

anb-komisija-za-nadzor-na-ar

Си прават зажани-откажи: Аферата со прислушување ја тресе државата, Собранието не успева да одржи седница

Во Собранието веќе неколку дена се одложува седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање, закажана по аферата со прислушувањето и следењето на премиерот Христијан Мицкоски, обвинителката Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев, повеќе редакции и бизнисмени.Првпат седница била закажана за вчера во 11 часот: „Третата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е закажана за 05 септември 2025 (петок) во 11:00 часот, во Сала 6“.Исто вчера, била одложена: „Третата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е одложена“.Повторно вчера била закажана седница: „Четвртата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е закажана за 10 септември 2025 (среда) во 11:00 часот, во Сала 6“, па одложена.Истото се повторило: „Петтата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е закажана за 05 септември 2025 (петок) во 17:00 часот, во Сала 6“. Ни од оваа седница ништо, бидејќи до пратениците стигнала порака дека се одлага. Добиле нова најава, овојат за седница во среда.„Четвртата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е презакажана за 10 септември 2025 (среда) во 10:00 часот, во Сала 6“, стои во пораката.Закажување на седница прави претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање Скендер Реџепи денеска. Тој нема ниту безбедносен сертификат за да може да раководи со оваа комисија. Прашан за тоа како сака да раководи со седница а без безбедносен сертификат, раскажа дека моделот во Македонија треба да е како во Словенија, сертификат да се добива со добивање на мандат за пратнеик.

Македонија | пред 5 месеци

pecakov

Охрид без долгови и со нови проекти – изградени училиште и спортска сала, започната постапка за катна гаража и пречистителна станица, вели ВМРО-ДПМНЕ

Од општина заглавена во милионски долгови со блокирана сметка, Охрид за четири години прерасна во град на развој и просперитет, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.Со наследен долг од 14,5 милиони евра, локалната власт предводена од оваа партија, според нивните податоци, целосно ја раздолжила општината. Ова, како што велат, овозможило реализација и започнување на низа инфраструктурни проекти кои го менуваат ликот на градот.По повеќегодишни ветувања, во Охрид конечно е започната постапка за изградба на катна гаража која треба да го намали сообраќајниот метеж. За првпат по половина век е изградено ново училиште со современи услови за учениците, а во Лескоец е пуштена во употреба нова спортска сала.Инвестиции се насочени и кон заштитата на животната средина. Во Трпејца е подготвен проект за изградба на пречистителна станица со примарна и секундарна канализациска мрежа, а отпадната вода преку пумпа ќе се носи до станицата и ќе се испушта како техничка вода од прва класа во езерото. Слична станица е планирана и за Љубаништа, со што речиси целото крајбрежје ќе биде покриено.Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека во изминатите четири години се инвестирало во сите области на општествениот живот и дека секое населено место во општината добило подеднакво внимание.

Охрид | пред 5 месеци

kocevski1111

Кој го прислушкувал Мицкоски и по чија наредба?, прашува ВМРО-ДПМНЕ и бара истрага

ВМРО-ДПМНЕ побара итна истрага за, како што го нарекуваат, најголемиот скандал со прислушкување и следење на претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Од партијата обвинуваат дека Јавното обвинителство и неговиот прв човек Љупчо Коцевски со денови молчат и не преземаат ништо по објавените информации.„Јавното обвинителство досега веќе требаше да отвори истрага за да ги истражи сите наводи за скандалозното следење на Мицкоски, новинари и бизнисмени од страна на безбедносните служби во времето на владеење на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според опозициската партија, молкот на обвинителството и на Коцевски отвора сомнежи дека тој знаел за активностите, бидејќи во истиот период бил задолжен за следење на издавањето на посебни истражни мерки.„СДС ги вплетка не само службите, туку и јавното обвинителство во својата шема за опстанок на власт. Потребна е итна истражна постапка која ќе ја открие вистината и ќе ги идентификува сите инволвирани – од извршителите и помагачите, до оние кои ја дале наредбата“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека одговорност мора да има и за извршителите и за наредбодавците.

Македонија | пред 5 месеци

partii-pari

Државата финансира над 60 партии без реална политичка тежина, од државната каса се делат милиони без гаранција за резултати, велат Независни за Карпош

„Во држава која важи за сиромашна, задолжена и со масовна емиграција, политичките партии добиваат милиони евра од нашиот буџет — без никаква гаранција за резултати, отчетност или реална корист за граѓаните“, објавија од иницијативата Независни за Карпош.Тие потсетуваат дека според Законот за финансирање на политички партии, државата издвојува 0,15% од вкупните изворни приходи на буџетот. Од таа сума, 30% се делат рамномерно на сите партии што освоиле најмалку 1% од гласовите, а 70% се распределуваат пропорционално според бројот на пратеници и советници.Според анализата, токму овој модел создава систем на „платено постоење“, бидејќи многу мали партии со само неколку десетици гласови добиваат пари од државата. Како пример се наведува Општина Ранковце, каде што партијата Интегра со само 43 гласа или 1,93% влегла во групата за финансирање, како и Општина Демир Капија, каде Единствена Македонија со 37 гласа (1,5%) го исполнила условот.„Големите партии добиваат најмногу, но многу мали партии опстојуваат финансиски, иако немаат ниту реална политичка тежина, ниту препознатливост во јавноста. Над 60 партии земале пари, а најголем дел од нив немаат пратеник или советник“, велат од Независни за Карпош, оценувајќи дека ова е модел на одржување на статус-кво и купување на влијание.Од иницијативата предлагаат целосно укинување на државното финансирање за локални избори, а за парламентарни да остане само скромен износ – во висина на три просечни плати по освоен пратеник. „Така, за 120 пратеници годишно би се издвојувале околу 150 илјади евра, или 100 илјади ако бројот се намали на 90, што е драстично помалку од планираните 8,3 милиони евра за 2025 година“, додаваат.

Коментари | пред 5 месеци

244534560_394741452364824_2373118067928516247_n

Очевидец опиша вознемирувачка сцена во Скопје: Мајка со аутистично дете сама се борела, луѓето на автобуска станица се смееле

Вознемирувачка сцена се случила на автобуската станица кај „Рекорд“ во центарот на Скопје, кога млада мајка со своето аутистично дете се соочила со сериозна криза, а наместо помош од присутните граѓани, добила потсмев и навреди.Според сведоштвото на очевидецот Елена Доленц, детето, видно вознемирено, настојувало да се качи во автобус кој не бил нивниот, вриштејќи и клоцајќи, додека мајката се обидувала да го смири и да му објасни. Најтешкиот момент настанал кога детето истрчало на улица, а мајката тргнала по него. Еден случаен минувач и помогнал да го извлечат од коловозот, каде автомобили кочеле и свиреле.„Се вртам кон луѓето, кон мажите што стоеја на станицата и ги молам некој да и помогне на мајката, а тие сите до еден гледаа и се смееја“, напиша Доленц. Таа додаде дека наместо поддршка, еден постар човек и пријде на мајката со зборовите „А да му ја залепиш една?“, сугерирајќи дека детето треба да се тепа за да не прави проблеми.Мајката се расплакала, што уште повеќе го вознемирило детето, кое повторно се обидело да истрча на улица. Дури откако еден млад човек се вмешал и ја смирил мајката и детето, ситуацијата била ставена под контрола.„Луѓето си гледаа претстава, се смееја сите до еден“, заврши Доленц во своето сведоштво, опишувајќи го инцидентот како длабоко вознемирувачки пример за недостиг на емпатија во општеството.

Коментари | пред 5 месеци

vucic-brnabic

По хаосот, Вучиќ: Полицијата работеше професионално; Опозицијата: Брутална злоупотреба на сила

По полноќ српската полиција упадна во зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад, придружена од ректорот Дејан Мадиќ. Според сведоштва на студенти, професори и граѓани, присутните биле собрани во амфитеатарот каде што полицијата им наредила да останат со часови. Студентите објавија дека припадник на жандармеријата нападнал студент кој во живо пренесувал од местото на настанот и му го одзел телефонот. Утринава околу три часот присутните биле пуштени.Полицијата претходно постави кордони околу Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование, користејќи солзавец, шок-бомби и палки за да го растера протестот организиран под мотото „Србијо, дали се слушаме?“. Според Министерството за внатрешни работи, акцијата била потребна поради сознанија дека демонстрантите планирале напад врз полицијата.Претседателот Александар Вучиќ по акцијата изјави дека полицијата постапила „строго професионално“, притоа најавувајќи дополнителни апсења. Тој соопшти дека биле повредени 11 полицајци и остро ги нападна европските политичари присутни на протестот, нарекувајќи ги „олош“.Опозицијата жестоко реагираше. Милош Павловиќ од Националното движење на Србија потсети дека според Законот за високо образование полицијата нема право да влегува во факултети без сериозна закана за безбедност. Мариника Тепиќ од ССП го обвини Вучиќ дека „видно алкохолизиран“ ликувал на полициската бруталност, а партијата Србија Центар (СРЦЕ) оцени дека акцијата е „непотребна, брутална и злоупотреба на органите против мирни граѓани“.Опозициските партии предупредија дека Нови Сад стана симбол на поделби и репресија, а невидениот степен на употреба на хемиски агенси и шок-бомби го нарекоа „намерно труење на граѓаните“.

Свет | пред 5 месеци

maksim-dimitrievski-91234

ЗНАМ со листи во над 50 општини, Димитриевски и Лабудовиќ кандидати за градоначалници

„Движењето ЗНАМ започнува ново и силно поглавје во своето политичко делување. Преку нашите претставници во локалната самоуправа ќе покажеме како вистински се управува со општините – чесно, одговорно и со визија“, изјави Мемов.Одлуките што беа донесени се: ЗНАМ ќе настапи самостојно со листи за советници во повеќе од 50 општини; ќе има взаемна соработка со ВМРО-ДПМНЕ околу поддршка на кандидатите за градоначалници, при што ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во сите општини, вклучително и во Скопје, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ во определени општини; за Куманово кандидат е актуелниот градоначалник и претседател на движењето Максим Димитриевски, а за Центар – Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика и претседател на градската организација на ЗНАМ во Скопје.Мемов нагласи дека нивните кандидати се личности со „чист образ, интегритет и визија“, а преку советниците и градоначалниците ќе се погрижат секоја општина да стане подобро место за живеење, со вложувања во инфраструктура, образование, социјална заштита, култура и спорт.На новинарско прашање зошто имаат само два кандидати за градоначалници, Мемов рече дека ЗНАМ настапува „релаксирано, без притисок да има кандидати по секоја цена“. Тој не ја исклучи можноста во наредниот период да бидат објавени и други кандидатури за градоначалници, но потврди дека сериозен акцент ќе биде ставен на советничките листи во над 50 општини.

Македонија | пред 5 месеци

zelenski-putin

Зеленски до Путин: „Во Киев дојди, во Москва не одам“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одби повикот на рускиот лидер Владимир Путин за преговори во Москва, предлагајќи наместо тоа рускиот претседател да дојде во Киев. Во интервју за ABC News, Зеленски истакна дека не може да патува во главниот град на земја која секојдневно ја напаѓа Украина.„Тој може да дојде во Киев… Јас не можам да одам во Москва додека мојата земја секој ден е под руски напади. Не можам да одам во главниот град на овој терорист. И Путин тоа го разбира“, изјави Зеленски.Тој додаде дека понудата на Путин ја гледа како обид за одложување на вистински состанок.„Ако некој не сака да се сретне за време на војна, тогаш предлага нешто што мене или на другите не може да им биде прифатливо“, нагласи украинскиот претседател.Потсетуваме, Путин претходно изјави дека нема намера да патува надвор од Русија за средба со Зеленски, но дека е подготвен да разговара во Москва. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха веќе го оцени овој предлог како „неприфатлив“.

Свет | пред 5 месеци

42c5595a-c4cd-49f0-8823-ce2b88d9fca2

Смртоносен напад од ајкула на популарна плажа во Сиднеј

Маж загина утрово по напад од ајкула на плажата Лонг Риф во Сиднеј, јави Би-Би-Си. Спасувачките и итните служби успеале да го извлечат од морето, но и покрај обидите за реанимација, тој починал на самото место. Полицијата соопшти дека нашле два делови од даска за сурфање кои се испратени на вештачење.Инцидентот предизвика затворање на повеќе плажи во областа Северни плажи, популарна дестинација за сурфери и туристи. Нападот се случил нешто по 10 часот наутро по локално време, а жртвата се здобила со критични повреди. Засега идентитетот на мажот не е официјално објавен. Експерти ќе утврдат за која вид ајкула станува збор.Ова е првиот смртоносен напад од ајкула во Сиднеј од 2022 година, кога живот го загуби британскиот инструктор за нуркање Сајмон Нелист по напад од голема бела ајкула. Претходно, последен ваков случај бил забележан во 1963 година.Иако Австралија годишно регистрира околу 20 напади од ајкули, главно во Нов Јужен Велс и Западна Австралија, смртните исходи се ретки. Според повеќе од еден век статистика, просечно помалку од една личност годишно умира од вакви напади, што ја прави денешната трагедија уште пошокантна за локалната заедница.

Свет | пред 5 месеци

avganistan-zemjotres

Нов силен земјотрес го погоди Авганистан, спасувачките акции се уште траат

Авганистан синоќа повторно беше погоден од силен земјотрес, само неколку дена по разорниот потрес на истокот на земјата. Според Американскиот геолошки завод (USGS), земјотресот имал магнитуда од 5,2 и се случил во источната провинција Кунар, на длабочина од 10 километри.Тресењето на тлото беше почувствувано и во главниот град Кабул, изјавил еден жител за германската агенција DPA. Засега нема информации за жртви или материјална штета.Источниот дел на Авганистан во последните денови е повеќекратно погоден од силни земјотреси. Во неделата непосредно пред полноќ беше регистриран првиот потрес со магнитуда од 6 степени, по што следеа бројни афтершокови и уште еден силен земјотрес во четвртокот навечер. Според податоците на властите и на Авганистанскиот Црвен полумесечина, досега има околу 2.200 загинати и над 3.600 повредени.Спасувачките акции продолжуваат, но во многу погодени региони пристапот е речиси невозможен, што ја отежнува итната помош и закрепнувањето на населението. Организацијата Human Rights Watch посочи дека строгите ограничувања за жените наметнати од талибанците дополнително ја комплицираат ситуацијата.„Талибанците треба да обезбедат жените да бидат вклучени во сите активности за помош“, се наведува во нивното соопштение на платформата X.

Свет | пред 5 месеци

brod-venecuela

Венецуела испраќа ловци F-16 над американски разурнувач – расте тензијата со Вашингтон

Венецуела по вторпат во два дена испратила воени авиони во близина на американскиот разурнувач USS Jason Dunham, кој се наоѓал во меѓународни води. Американскиот Пентагон овој потег го оцени како „опасна игра на нерви“.Според американски одбранбени извори, се работи за борбени авиони F-16 кои ноќта меѓу четврток и петок прелетале над разурнувачот опремен со систем Aegis. Иако авионите биле во домет на бродското оружје, американската морнарица не возвратила со оган. Засега не е познато дали венецуелските авиони биле вооружени.Првиот инцидент се случил ден претходно, кога два F-16 прелетале над истиот брод. Тогаш Пентагон оцени дека се работи за „многу провокативен потег“ насочен кон попречување на американските операции против нарко-тероризмот.USS Jason Dunham е дел од флотата американски воени бродови распоредени во регионот за борба против криминални организации и трговија со дрога. Како дополнително засилување, САД испратија и десет борбени авиони F-35 на Карибите.Американскиот претседател Доналд Трамп остро порача дека секое ново приближување на венецуелските авиони ќе има последици: „Ако летаат во опасна позиција, ќе бидат во неволја“, изјави тој. Трамп ја донесе оваа изјава по брифинг со министерот за одбрана Пит Хегсет и со началникот на Генералштабот, генерал Дан Кејн.Тензијата дополнително порасна откако Белата куќа претходно потврди дека американската војска извела напад врз брод осомничен за криумчарење дрога од Венецуела, при што биле убиени 11 лица. Според Вашингтон, бродот го контролирала криминалната група Tren de Aragua, која САД ја имаат прогласено за странска терористичка организација.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-05-at-22.57.59

(Видео) Брутална полициска акција во Нови Сад, фрлен солзавец и шок-бомби - хаос по улциите

Во Нови Сад вечерва од 19 часот се одржа масовен студентски протест под мотото „Србијо, дали се слушаме?“ кај крстосницата на ул. Стражиловска и бул. Цар Лазар, во близина на универзитетскиот кампус. Повод беа, како што наведоа организаторите, нарушувањето на автономијата на универзитетот и неодамнешниот упад на полицијата на Филозофскиот факултет и на Факултетот за спорт и физичко воспитување (ДИФ), кога беа користени шок-бомби и пендреци.Протести вечерва се одржаа и во други градови низ Србија – Ниш, Крагуевац, Ваљево, Кралево, Ужице, Пријепоље, Лесковац, Нови Пазар, Прокупље...Иако протестот во Нови Сад траеше мирно, Министерството за внатрешни работи објави дека има информации оти демонстрантите ќе ја нападнат полицијата. Кога граѓаните почнаа да се оддалечуваат од Филозофскиот факултет и ДИФ, следеше полициска акција.Според сведоци, полицијата започнала да ги потиснува собраните, по што дошло до инциденти. Од зградата на Ректоратот, како што јавува Н1, излетале полициски сили и нападнале мирни демонстранти. На терен се слушнале топовски удари и бил фрлен солзавец, а употребени биле и пендреци.Новинарите на Н1 јавуваат дека полицијата го исчистила кампусот не само од граѓаните и студентите, туку и од екипите кои укажувале прва помош. Еден снимател на Н1, и покрај тоа што носел кацига, бил погоден со предмет.„Сосема непотребно предизвикан инцидент од страна на полицијата. Стоевме пред зградата, кога одеднаш дваесетина полицајци излегоа и почнаа да удираат луѓе. Подоцна дојдоа возила преполни со полицајци и две бригади. Спремен сум за ова да сведочам пред сите судови во светот.“, изјави граѓанин кој сведочел пред Ректоратот.

Свет | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Осомничен 24-годишник за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик.Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете со кое е во роднинска врска. Тој го користел моментот додека девојчето било во неговиот дом затоа што живееле во одвоени куќи во ист двор, а потоа и се заканувал да не му кажува на татко и бидејќи ќе ја караат и ќе ја тепаат.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, особено имајќи ја предвид можноста за остварување контакт со детето и потребата за заштита на жртвата од осомничениот. Воедно, обвинителството ги ценеше и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да влијае врз постапката. Судот ја прифати ваквата аргументација и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 5 месеци

rade-stekli

Штекли тврди: Бев желка во минатиот живот!

Судскиот процес против Раде Трајковски-Штекли, обвинет за трговија со дрога, денеска се најде пред клучна дилема: дали тој е ментално способен да учествува во постапката. Пред судот беа презентирани две целосно спротивставени психијатриски вештачења, оставајќи го судот да одлучи за неговата процесна способност.Одбраната, преку наодот на психијатарот Ѓорѓија Хаџи Ангелковски, тврди дека Трајковски е психотичен и покажува шизофрени карактеристики. Според ова вештачење, верувањето на обвинетиот во реинкарнација и постоењето на имагинарен учител кој му дава насоки, го прават неспособен да ја следи судската постапка.Спротивно на ова, вештакот на обвинителството изнесе наод дека кај Трајковски не е нотирана психоза, ниту за време на прегледот, ниту во минатото додека бил во притвор. Според овој експерт, иако Трајковски имал „паранормални искуства“, како што е изјавата дека во минат живот бил желка, тој е целосно способен да учествува во судењето и да ја изнесе својата одбрана.Додека трае битката со вештачења за лидерот на групата, случајот за останатите обвинети се разјаснува. На денешното рочиште, четворица од нив признаа вина. Ова следува откако претходно уште седуммина се спогодија со обвинителството за затворски казни од 3 до 5 години, со што бројот на обвинети кои се судат заедно со Трајковски се сведе на шестмина.Судијата Илија Трпков најави дека ќе ги соочи двајцата вештаци пред да донесе одлука дали ќе прифати еден од наодите или ќе нареди ново вештачење. Судењето за овој случај, во кој Трајковски е во притвор од јануари по апсењето кај Гевгелија, ќе продолжи во октомври.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-05-at-22.53.50

(Видео) Жена се соблече гола среде улица пред малолетници кај „Млечен“ во Карпош

Жена се соблече гола среде булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“. Сведоци на ваквиот нејзин потег биле минувачи, меѓу кои и малолетници кои ја снимале и извикувале од страна. Од снимките кои ги доставија, се гледа дека таа прво го соблекла долниот дел од облеката, а потоа се соблекува и целосно гола.Засега не е познато дали реагирала полицијата, како и дали случајот бил пријавен. Нејасен е и мотивот за ваивкиот потег. Снимките покажуваат дека таа застанувала пред возила кои ја одминувале.

Скопје | пред 5 месеци

dragi-raskovski

Драги Рашковски задржан на граница со непријавени 20.000 евра?

Поранешниот генерален секретар на Владата во времето на Зоран Заев, Драги Рашковски, бил задржан на граница при обид да изнесе готовина во висина од 20.000 евра од МакедонијаПри детална контрола на возилото, царинските служби пронашле пари за кои Рашковски немал соодветна потврда ниту истите биле пријавени согласно законските прописи. Дел од сумата, која надминува дозволен лимит, е одземенa, а тој ќе биде прекршочно казнет.Институциите досега немаат излезено со официјално соопштение за конкретниот случај, ниту пак се огласил самиот Рашковски.Инаку, Рашковски во првостепена постапка, заедно со уште шест лица, беше осуден на затворски казни од три до осум години во предметот „Софтвери“, кој се однесува на злоупотреби со јавни набавки.

Македонија | пред 5 месеци

Нема фотографија

Одбележан јубилејот – 90 години од основањето на Хидробиолошкиот завод во Охрид

Со свечена академија која се одржа денеска напладне во црквата „Св. Софија“ во Охрид, ЈНУ Хидробиолошки завод одбележува 90-годишнина од основањето.На свечноста свое обраќање пред присутните гости имаше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Почестен сум и горд што денеска сум тука со вас, во древниот храм на духовноста, за да прославиме еден исклучително значаен јубилеј за Охрид и науката во Македонија, а тоа се 90 години од основањето на Хидробиолошкиот Завод.Овој голем јубилеј не е само бројка, овој јубилеј е сведоштво за едно патување низ времето, исполнето со истражувања, откритија, научни трудови и пожртвувана работа на генерации научници, кои својата љубов кон природата ја преточиле во знаење и дела.Хидробиолошкиот Завод е темел на научното проучување на Охридското Езеро, нашето непроценливо богатство. Од своето основање до денес, тој ја носи мисијата да ја чува неговата уникатна флора и фауна, да ја објаснува неговата тајна долговечност и да создава мост помеѓу науката и општеството.Во овие девет децении е вграден трудот на нашите научници, нивната визија и верба дека знаењето е најсилната алатка за зачувување на природата. Дозволете ми да упатам благодарност до сите оние кои го градеа овој центар на знаењето, од првите визионери, до денешните истражувачи и вработени.Благодарение на нив, денес со гордост можеме да кажеме дека Охридското Езеро не е само наше богатство, туку е дар за целото човештво, како светско природно наследство.Oвој јубилеј е и потсетник дека науката нема крај. Таа е патека што секогаш води кон нови прашања, нови одговори и нови предизвици. Затоа, денес со интерес се навраќаме на минатото, но уште посвесно гледаме кон иднината, кон новите генерации кои ќе ја продолжат оваа благородна мисија.‎Големиот светски научник Алберт Ајнштајн рекол „Погледнете длабоко во природата и ќе го разберете подобро светот.“ Оваа мисла не потсетува дека преку природната реткост на нашето езеро може подобро да го разбереме светот, а преку науката да ја сочуваме неговата уникатност и убавина.Посакувам овој јубилеј да ни покаже дека науката е најголемиот светилник на патот по кој чекориме, а природата е нашата најголема инспирација.Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам искрени честитки за овој голем јубилеј, со надеж дека ќе продолжиме и во иднина да соработуваме, да се поддржуваме и да ги менаџираме сите предизвици на новото време.Верувам дека Хидробиолошкиот завод ќе продолжи да расте и да се развива и дека во иднина ќе прославува уште многу значајни годишнини и јубилеи, истакна Пецаков во своето обраќање.На свечената академија сво еобраќање имаше претседателката на Република Македонја, Гордана Силјаноска Давкова и директорката на Хидробиолошкиот завод, д-р Орхидеја Тасевска.Хидробиолошкиот Завод е основан во 1935 година и е јавна владина високо образовна и научно-истражувачка организација од национален интерес. Заводот претставува најстарата научно-истражувачка установа од областа на лимнологијата во Македонија чија главна преокупација е лимнологијата на природните езера на (Охридското, Преспанското и Дојранското), со особена нагласеност на Охридското Езеро – најстарото езеро во Европа и најголемото и најдлабоко во Македонија.Хидробиолошкиот Завод активно придонесува во проучувањето и заштитата на Охридското Езеро и природните ресурси, со што се вбројува меѓу најзначајните научни институции во регионот.  Во текот на долгогодишните истражувања на Охридското Езеро повеќе од 800 трудови се публицирани и презентирани. 

ОО | пред 5 месеци

markica

Одржана шеесет и првата седница на Советот на Општина Охрид

На денешната одржана седница зелено светло советниците дадоа за предлог – одлуките за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООМУ„Методи Патчев“ – Охрид за учебната 2024/2025 година, за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Братство – единство“ – Охрид за учебната 2024/2025 година, за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец за учебната 2024/2025 година, за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Григор Прличев“ – Охрид за учебната 2024/2025 година, за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Живко Чинго“ с.Велгошти за учебната 2024/2025 година, за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Кочо Рацин“ – Охрид за учебната 2024/2025 година, за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2024/2025 година, за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Св. Наум Охридски“ с.Пештани за учебната 2024/2025 година, за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ООУ„Христо Узунов“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.Советниците ги усвоија и предлог-одлуките за усвојување на Годишната програма за работа на OОМУ„Методи Патчев“ – Охрид за учебната 2025/2026 година, за усвојување на Годишната програма за работа на OОУ„Братство-единство“ – Охрид за учебната 2025/2026 година, за усвојување на Годишната програма за работа на OОУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец за учебната 2025/2026 година, за усвојување на Годишната програма за работа на OОУ„Григор Прличев“ – Охрид за учебната 2025/2026 година, за усвојување на Годишната програма за работа на OОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти за учебната 2025/2026 година, за усвојување на Годишната програма за работа на OОУ„Кочо Рацин“ – Охрид за учебната 2025/2026 година, за усвојување на Годишната програма за работа на OОУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2025/2026 година, за усвојување на Годишната програма за работа на OОУ„Св.Наум Охридски“ с.Пештани за учебната 2025/2026 година, за усвојување на Годишната програма за работа на OОУ„Христо Узунов“ – Охрид за учебната 2025/2026 година, за усвојување на годишната програма за работа на ОЈУ„Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2025/2026 година, за усвојување на годишниот извештај за работа на јавната општинска установа за деца детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид за учебната 2024/2025 година, за усвојување на годишната програма за згрижување и воспитно образовната работа на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид за учебната 2025/2026 годинa, за давање согласност на одлуката за утврдување на работното време на вработените во јавната општинска установа за деца – детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид, за давање согласност на одлуката за работа на групи со поголем, односно помал број деца од законски утврдениот број во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“- Охрид, за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.На денешната седница беа разгледани и извештаните за работењето на Јавните претпријатија по што советниците ги усвоија предлог – одлуките за усвојување на извештајот за работaтa на ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид за периодот од 01.04. до 30.06. 2025 година, за усвојување на извештајот за работата на ЈП „Водовод“ Охрид за периодот од 01.04. – 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.04. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот oд работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.04. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот од 01.04. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП„Охридски Комуналец“ – Охрид за периодот од 01.04. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за финансиските потреби на Територијалната противпожарна единица – Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година.Советниците ги усвоија и предлог – одлуките за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025-2027 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за работењето на Oдделението за даноци за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, усвојување на извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за спорт и рекреација за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за млади и невладини организации за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за културни манифестации и творештво за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година (Н1) за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2025-2027 (НА) за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2025 година (Н2) за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2025-2027 (НБ) за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2025 година (В1) за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2025-2027 (ВА) за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за здравствена и социјална заштита за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма на општинскиот совет за превенција на малолетничко престапништво на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.04. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата други комунални услуги за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за енергетска ефикасност за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата урбана опрема – изградба и одржување за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување јавна чистота за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2025 година за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година за период од 01.01. до 30.06.2025 година, за усвојување на извештајот за реализација на програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година Подпрограма ЈДА реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект на пристапните патеки кои се во рамките на Градските гробишта во град Oхрид за периодот од 01.01 до 30.06.2025 година, за усвојување на извештај за реализација на програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – Подпрограма ЈДБ – реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект – локален пат до крстосица за село Рамне до црква Св. атанасиј општина Охрид за периодот од 01.01 до 30.06.2025 година, за усвојување на извештај за реализација на програма ЈД -изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година Подпрограма ЈДД – реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект локален пат во село Куратица, општина Охрид за периодот од 01.01 до 30.06.2025 година, за усвојување на извештај за реализација на програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година Подпрограма ЈДФ – реализација на основен проект за реконструкција на инфраструктурен објект за улица во село Подмоље во град Охрид, за периодот од 01.01 до 30.06.2025 година, за усвојување на извештај за реализација на програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година-Подпрограма ЈДГ – реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект улица во село Долно Лакочереј во град Охрид за периодот од 01.01 до 30.06.2025 година, за усвојување на извештај за реализација на програма ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2025 година – Подпрограма ЈГА реализација на проект за замена на постоечка опрема во пумпена станица „Метропол“ во општина Охрид за периодот од 01.01 до 30.06.2025 година, за усвојување на извештај за реализација на програма ЈГ изградба на системи за водоснабдување за 2025 година – Подпрограма ЈГБ – реализација на основен проект за реконструкција на водоводна линија на ул. Кленоец – ЛТХ Леарница, за периодот од 01.01 до 30.06.2025 година, за усвојување на извештај за реализација на програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година Подпрограма ЈДЦ – реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект за локалниот пат во село Опеница кој води до црквата Св. Кузман и Дамјан – општина Охрид, за периодот од 01.01 до 31.03.2025 година, за усвојување на извештај за реализација програма ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – Подпрограма ЈДЕ – реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект за улици во село Пештани за периодот од 01.01 до 31.03.2025 година, за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година, за прифаќање донација на движни ствари – специјално товарно противпожарно возило-комбе, наменето за територијална противпожарна единица на општина Охрид, за давање на времено користење на недвижен имот по имотен лист број 101433 во КО Охрид 4, за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025-2027, за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП а1 и ГП 2 во ДУП измени и дополнување за 3-та УЕ – МЗ2 – Воска – дел, МЗ 6 Кошишта – дел Охрид, општина Охрид за 10-та урбана единица – Охрид, општина Охрид, за донесување на техничка исправка за ГП 2.3.24 и ГП 2.3.25 во ДУП за УЗ 2 дел од блок 2.3 опфат 2 – плански период 2015 – 2020 Охрид, општина Охрид, за определување на ширина на крајбрежен појас на водотек опфатен со изменување и дополнување на ГУП за УЗ 15 УБ 15.1 и ДУП за УЗ 15 УБ 15.1, општина Oхрид, за измена и дополнување на одлуката за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Kп.бр.5563/2, Kп.бр. 5593/2, Kп.бр.5593/6, Kп.бр.6470/2, Kп.бр.5583/9, Kп.бр.5583/10, Kп.бр.6470/2 сите во КО Oхрид 4.

ОО | пред 5 месеци

FB_IMG_1756018732536-1440x1080-1

Прекрасен концерт на Павле Камилоски во рамки на втората вечер од Охрид џез фестивал

Вистинско музичко патување со џез евергрини приреди вчеравачер познатиот македонски баритон Павле Камилоски, во рамки на втората вечер од Охрид џез фестивал. ‎Предворјето на црквата Света Софија  беше исполнето со последно место, што покажува дека Фестивалот се издигнува на едно повисоко ниво и дека Охрид полека но сигурно го добива приматот- центар на џез музиката во месец август.Помеѓу бројните љубители на музиката, гостин на концертот беше и Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

ОО | пред 5 месеци

dimitar-apasiev-levica

Професор, адвокат, директор, инженер: кандидатите на Левица за скопските општини

Левица најави втор бран кандидати за градоначалници на претстојните локални избори во скопските општини. По долги анализи на Президиумот, партијата соопшти дека настапува со кандидати со висок професионален кредибилитет, познати во јавноста и подготвени да ги водат локалните самоуправи.Кандидати:Кисела Вода: проф. д-р Јане Ацевски, поранешен декан на Шумарски факултет при УКИМ, актуелен раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија.Ѓорче Петров: адвокат Александар Димитријевиќ, сопственик на адвокатска канцеларија, борец за социјална правда, координатор на Трудов сектор на Левица.Карпош: Антонио Димитров, директор на Културно-информативниот центар – Скопје, со оценка дека обезбедил богата и редовна програма на институцијата.Гази Баба: Златко Тренчевски, металуршки инженер со долгогодишно раководно искуство во повеќе компании.Во прес-изјавата е наведено и дека Марјан Димитриев е дипломиран економист со повеќегодишно искуство во банкарскиот сектор, консултант за претприемништво и бизнис развој, со фокус на одржливи економски политики.

Македонија | пред 5 месеци

aerodrom-vardariste

(Видео) Каде се зградите? Шест дена Вардариште гори, населбата не се гледа од чадот!

Граѓани од Аеродром преку локални Фејсбук-групи пријавуваат дека шести ден по ред се издига густ чад од правец на депонијата Вардариште и најавуваат нов протест со продолжување на блокадите.Во објави со пораки „Изгасете ја депонијата… 6-ти ден гори!“ жителите опишуваат утринска слика во која „целата населба е прекриена со чад“. Во коментарите се наведува дека по 22 часот ги затвораат прозорците и вратите поради мирис и намалена видливост.Во друга објава стои: „Утре повторно на протест… Ова е неподносливо и нема да прекинеме со блокадите!“, со тврдење дека и покрај приведувањето на три лица, чадот продолжува.Во дел од коментарите бараат трајно решение и затворање на локацијата која ја посочуваат како извор на чадот: „Ќе се собираме и нема да отстапиме до решение за проблемот и затворање на депонијата“, пишува една жителка, изразувајќи револт поради, како што тврди, незаинтересираност за проблемот.Жителите најавуваат дека ќе продолжат со протести и блокади додека, како што велат, не се биде изгасне пожарот и не се најде трајно решение.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања