Скопје1.мк

deponija-44

Ќе запалеле цела депонија во обид да извадат метални федери од душеци-кривична пријава за прилепчанец и стружанец

Во градската депонија во Струга, Е.В. (38) од Прилеп со привремен престој во Струга и Ф.Н. (61) од Струга запалиле душеци за да извадат федери и бакарни жици за продажба; по интервенција на Територијалната противпожарна единица биле пријавени во ОВР Струга, а против нив е поднесена кривична пријава за „предизвикување општа опасност“.-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.В.(38) од Прилеп, со привремен престој во Струга и против Ф.Н.(61) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. На 02.08.2025 во Градската депонија во Струга, пријавените запалиле душеци за да ги извадат федерите и бакарните жици за да ги продадат, но биле затекнати од вработените во Територијалната противпожарна единица Струга и биле пријавени во ОВР Струга, соопшти МВР.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-02-at-10.53.27

Катерина Цаневска ќе ја предводи советничката листа на СДСМ во Град Скопје

Новинарката Катерина Цаневска ќе биде носителка на листата на советници во Град Скопје како независен кандидат поддржан од СДСМ, дознава „Скопје1“.Официјална потврда на одлуката се очекува од партиските тела и претседателот Венко Филипче. Кандидат за градоначалник на СДСМ во Скопје, е Каја Шукова.Цаневска беше долгогодишен новинар во МРТВ и А1 телевизија, а потоа работеше како одговорна за односи со јавност и правни работи во Општина Центар, Собрание и кај претседателот Стево Пендаровски.

Скопје | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

Во Лојане пронајден повреден мигрант; тврди дека бил нападнат во Србија

Во село Лојане, општина Липково, бил пронајден повреден 38-годишен мигрант од Авганистан. Екипа на Итна медицинска помош му укажала помош, а според неговата изјава бил физички нападнат на територија на Србија. Полицијата го расчистува случајот.-На 04.09.2025 во 20:43 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Лојане, општина Липково, со повреди било пронајдено едно лице мигрант. Екипа на Итна медицинска помош му укажала помош, а полициски службеници констатирале дека лицето е М.Р.Н.(38) од Авганистан и според негово кажување бил физички нападнат на територија на Република Србија. Се работи на расчистување на случајот, соопшти МВР.

Македонија | пред 5 месеци

57B15D7B-C699-4722-81D5-A3A2DD3815A0_1_105_c

Кирков: Пред три дена угинало младо мајмунче во ЗОО Скопје – бара итен целосен преглед и можeн привремен застој на работата

„Уште колку животни треба да угинат за институциите да постапат?“ – со оваа порака советникот во Град Скопје, Стефан Кирков, објави дека пред три дена во Зоолошката градина во Скопје угинало младо мајмунче од видот гибон, повикувајќи на итна интервенција и целосен преглед на установата.Кирков оцени дека скопјани ги одбројуваат деновите до крајот на „најлошата и најнеспособна“ локална власт и дека, покрај уништувањето на градот и јавните претпријатија, јавноста денес се соочува со „уште еден голем инцидент“. За ЗОО Скопје рече дека внатре владее „општ хаос“, дека установата е препознатлива како „куќа на стравот“ и дека зад затворени врати се случуваат инциденти кои се обидуваат да се сокријат.Тој потсети дека пред околу месец и половина угинале три лами поради туберкулоза, а кај уште две е детектирана истата болест, „која може да биде пренослива од животно на животно и од човек на човек“. Според него, тоа било замолчано, но „по допрен глас“ од него и по пријава до Агенцијата за храна и ветеринарство, случајот бил „набрзина“ обелоденет, со опомена за установата и казни за директорот.Во врска со угинувањето на младото гибонче, Кирков наведе дека, според неговите сознанија, патолошкиот наод повторно укажува на истиот тип туберкулозна инфекција како кај ламите. Оттука, тој праша колку животни починале од оваа „болест и епидемија“ во Зоолошката градина, колку се болни, и дали постои сериозна опасност за посетителите и вработените.Кирков апелира институциите веднаш да формираат координативно тело и да извршат целосен преглед во ЗОО Скопје, а доколку е потребно – привремено затворање сè додека не се обезбеди дека сите животни се здрави и дека безбедноста на посетителите и вработените е гарантирана.Како советник во Град Скопје, најави дека ќе иницира свикување вонредна седница на Советот со една точка на дневен ред – ситуацијата со „епидемијата“ во Зоолошката градина и барање одговорност од менаџментот. На таа седница, рече, ќе побара присуство на директорот на установата и на градоначалничката Данела Арсовска како негов претпоставен.Кирков информираше дека побарал информации од јавен карактер од установата и дека како одговор добил бројка од околу 30 угинати животни за три и пол години, но според неговите информации, таа бројка е двојно повисока. „Сето ова на седница на Советот јавно ќе го обелоденам, детално и прецизно, за јавноста да има увид во сè што се случува во оваа установа,“ додаде тој.

Скопје | пред 5 месеци

Bitola

СВР Битола: Пријави за петмина тинејџери за насилно одземање маица

СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице во Битола на 28 август, следува пријава против пет лицаПо преземени мерки и активности, СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице од Шведска, со престој во Дебар, ги идентификуваше сторителите и изврши службени разговори со нив во полициска станица. Имено, по преземени мерки, полициските службеници ги идентификуваа сторителите, четворица 17-годишници и еден 14-годишник, сите од Битола.Со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, а во службен разговор во полициска станица го признале делото. Имено, на 28.08.2025 во 19:50 часот во СВР Битола, С.Х.Д.(32) од Шведска, со престој во Дебар, пријавил дека на улица „Широк сокак” во Битола, лицата му пристапиле и сакале да му ја соблечат маицата, која ја носел, а на која што имало исцртанo глава на орел од предната и задната страна. Според пријавеното, тој ја соблекол и им ја дал маицата откако увидел дека не може да се одбрани.По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 319 од Кривичниот законик - „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-05-at-09.57.39

(Ажурирано) На „Тик-ток“ по тепачката се појави и видео со сексуална содржина: го гледаат деца, еве како да ја пријавите

Видеото кое привлече илјадници прегледи и лајкови и има над 15 илјади споделувања и стотици коментари е отсранеото од социјалните мрежи. Целта е секако постигната, но доколку се уште е некаде споделено, да се пријави!По снимката со тепачката, на „Тик-ток“ се појави и снимка со сексуална содржина каде една од главните протагонистки е истата тиктокерка. Снимката е вирална и ја гледаат деца. Доколку Ви се појави, ова е процедурата за „репорт“ односно пријавување.Најчесто, овие содржини ги гледаат најмладите на кои мрежата „Тик-ток“ им е главна занимација. Некои се исмејуваат, други се згрозуваат. Реакција стигна и до нашата редакција. На снимката се гледаат и евидентно малолетни лица кои стојат од страна. Снимката има илјадници прегледи и лајкови, над 15 илјади споделувања и стотици коментари.[caption id="attachment_347496" align="alignnone" width="1192"] Screenshot[/caption]Претходно:

Македонија | пред 5 месеци

simonida

„Цел живот го посветив на пациентите, жртва се моите деца на кои не им се посветив“, доктори негираат вина за „Онкологија“

Доктор Драган Јакимовски, специјалист од одделението за малигни генитални тумори кај жени, пред судот изјави дека воопшто не се чувствува виновен за делото што му се става на товар.„Како лекар од 1998 година сум вработен на Клиниката за онкологија и од самиот почеток најавив дека најодговорно ќе ги извршувам моите професионални задачи. Секогаш се борам за секој човечки живот како за мој најблизок. Никогаш не сум имал финансиски мотив или намера да направам штета на пациентите“, изјави Јакимовски, додавајќи дека досега не сторил лекарска грешка и дека како единствен вработен во семејството нема никаков мотив „да уништува други луѓе“.Професор доктор Симонида Црвенкова, специјалист по радиотерапија и онкологија, исто така ја отфрли вината.„Сигурна сум дека јас и мојот адвокат ќе ги побиеме сите невистини изнесени против мене. Целиот мој живот сум го посветила на едукација и лекување пациенти, а најголема жртва на тоа се моите деца, на кои не можев доволно да им се посветам“, рече Црвенкова.Адвокатот Владимир Туфегџиќ истакна дека обвинението е неосновано и дека одбраната ќе го докаже тоа преку предлог-докази и вештачења.„Ќе докажеме дека т.н. вештачења на обвинителството се нецелосни, паушални и недоволно поткрепени. Не станува збор за криминално работење или несовесно лекување“, рече Туфегџиќ.„Мене не ме плаши правдата, туку неправдата која некој сака да ми ја нанесе“, додаде доктор Јакимовски.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2023-10-02-at-20.45.41

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор на АНБ

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека бара уште веднаш да се свика седница на Комисијата за надзор на АНБ, а веќе следниот работен ден – во вторник во 09 часот – да се изврши увид во просториите на Агенцијата за национална безбедност.Партијата оцени дека СДС „докажува“ оти го следел Христијан Мицкоски, откако, како што наведуваат, „се излетаа“ на прес-конференција.Во однос на одложената седница, ВМРО-ДПМНЕ упати порака до СДС „причината да ја побараат кај нивните коалициони партнери“ – Скендер Реџепи и ДУИ.

Македонија | пред 5 месеци

divogradbi

СДСМ: Мицкоски одбива рушење дивоградби во Чаир

СДСМ соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски „уште еднаш го покажале вистинското лице“ – заштита на криминалот со дивоградбите во Чаир и урбаното дивеење.Партијата наведува дека со изјавата оти нема да го следи примерот на албанскиот премиер Еди Рама и нема да руши дивоградби во Чаир, Мицкоски јавно признал дека нема намера да стави ред во хаосот со бесправната градба во Скопје, туку и понатаму ќе ги штити.„Ова е истата матрица која ја гледаме со години: Орце Ѓорѓиевски, Мицкоски и нивните градоначалници се дел од проблемот, а не од решението,“ порачува СДСМ. Наместо да се справат со криминалните дивоградби, тие ги легализирале и охрабрувале, создавајќи уште поголем урбан хаос, уништувајќи паркови и јавни површини и загрозувајќи го квалитетот на живот.„Глас за Орце и ДПМНЕ е глас за претворање на Скопје во дивоградба,“ предупредува партијата, додавајќи дека граѓаните на Скопје и на Македонија заслужуваат ред, закон и контрола над урбанистичкиот хаос, „а не влада и градоначалници кои ги штитат криминалните структури“.СДСМ најавува дека ќе продолжи гласно да се спротивставува на урбаното дивеење, криминалот и дивоградбите што го уништуваат Скопје.

Македонија | пред 5 месеци

nino-vasev-sud

Почна судењето „Онкологија“: Не станува збор за пропусти, туку за криминално несовесно лекување, рече обвинителката

На отворањето на постапката за случајот Онкологија, обвинителката Ана Гоговска Јакимовска изјави дека Нино Васев и тројца онколози не направиле само грешки, туку „криминално несовесно лекувале“. Таа посочи дека пациентите и нивните семејства имале доверба во обвинетите, очекувале соодветна грижа и терапија, а „не ни помислувале“ дека нивното здравје ќе биде нарушено.Според обвинителството, доказите ќе покажат дека Васев – како лекар, онколог и физотерапевт – свесно и систематски постапувал спротивно на основните етички начела и на онколошките правила, со што предизвикал сериозни нарушувања на здравјето на пациенти. Во посочениот период, велат од ОЈО, преземал низа временски и содржински дејствија искористувајќи ја својата позиција и пропустите во системот, при што грубо ги нарушил европските и светските стандарди и препораки за онколошко лекување. Без конзилијарни одлуки и без потребна медицинска документација одобрувал и спроведувал неподобни терапии – надвор од индикација, со недозволени дози, со несоодветно темпирање и без процена на перформанс-статус и биохемиски параметри. Дел од терапиите, според обвинението, се давале и кога било очигледно дека се бесцелни, па дури и штетни, вклучително и случаи на употреба на имунотерапија кај пациенти без можност.Во однос на Мери Пешевска, обвинителката наведе дека несовесното постапување било овозможено и преку нејзина директна соработка со Васев: му ставила на располагање свој факсимил, лични акредитации и корисничко име и лозинка за болничкиот систем за онколошки терапии, со што обезбедила административен пристап без соодветна контрола. За седум пациенти, рече таа, Пешевска дозволила финализирање на терапија од страна на Васев. Судот, додаде, ќе биде запознаен со детални медицински белешки и вештачења за секој поединечен случај.ОЈО најави дека ќе презентира докази оти Васев, Црвенкова и Јакимовски во критичниот период сториле кривично дело несовесно лекување болни: преку низа поврзани дејствија, спротивно на стручните онколошки упатства и без документација, давале неподобни терапии, често и со неточни дози, кај пациенти кај кои тие биле не само неефективни туку и штетни. Биле користени и лекови од нови генерации кај болни во крајна состојба, кога поради кратко време за дејство и лоша општа состојба не можел да се очекува ефект, со што дополнително се влошувала нивната здравствена состојба. „Ќе бараме правдата да биде задоволена во име на пациентите, на лекувањето и на хуманоста,“ го заврши воведниот збор обвинителката.Претходно, Кривичниот суд не го прифати спојувањето на двата предмета за Онкологија – првиот за несовесно лекување на пациенти и предметот за финансиски злоупотреби на клиниката. Во двата постапки првообвинет е Нино Васев – поранешен директор, а во еден од предметите е обвинет и организацискиот Нехат Нухи. Судот ги одби и приговорите на одбраната дека словенечкиот вештак немал соодветна лиценца, констатирајќи дека согласно договорите се е законски, па вештачењата можат да се ценат како докази.Обвинетите се товарат за кривични дела „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“. Според наводите, кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на состојбата.Паралелно, против Васев и поранешниот економски директор е поднесено уште едно обвинение – за злоупотреба на службена положба и проневера, со наводно причинета штета на државниот буџет од над 2,2 милијарди денари.

Македонија | пред 5 месеци

nino

Докторката Пешевска призна вина во „Онкологија“, ексдиректорот Васев не се чувствува виновен

Специјалист докторката Мери Пешевска од одделението за малигни тумори на дојка призна вина во случајот „Онкологија“, додека поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев, изјави дека не се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар.„Слушам да, за што сум обвинет. Не се чувствувам за кривичните дела кои ми се ставаат на товар од страна на обвинителството“, изјави Васев.Неговиот адвокат, Никола Ставров, оцени дека постапката се водела со пропусти и со, како што рече, „емотивен пристап на обвинителката“, оставајќи впечаток на, според него, еден вид заговор против обвинетиот. „Ние како одбрана ќе се фокусираме на побивање на наводите и доказите на обвинителството преку основани и законити докази, како и преку вештачењето кое го обезбедивме“, изјави Ставров.Бидејќи судот го одби барањето за неприфаќање на вештачењата од Србија и Словенија, одбраната на Васев побара вештаците да бидат директно сослушани, а како сведоци ќе бидат повикани и лекари онколози од Клиниката.Докторката Пешевска, пак, со изјава пред судот ја прифати одговорноста. „Да се извинам според обвинението доколку сум постапила небрежно или невнимателно. И доколку за овие седум пациенти не сум сигурна дека јас сум ја продолжувала, иако бил користен мој печат и факсимил. Тој беше оставен на шалтер за побрзо да минуваат пациентите. Ја прифаќам вината, затоа што моето корисничко име и лозинка сум ги оставила за да има пристап за давање терапија“, рече Пешевска.

Македонија | пред 5 месеци

Aleksandar-Nacev-GLAVNA-SLIKA-PRESS-18JAN2018

Обвинение против Александар Нацев, реалниот сопственик на обезбедувањето во „Пулс“: Познато за што се гони

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против уште едно лице за сторени – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 3 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт кој е во фаза на оценка, како и со други за сега непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери.Поради нивните пропусти во еден подолг временски период, како и поради конкретните дејствија на дел од обвинетите, на 16.03.2025 година во угостителскиот објект во Кочани бил предизвикан пожар на место каде што биле собрани поголем број луѓе, при настап на музичката група ДНК, во целосно небезбедни и опасни услови, поради што настапила смрт кај 62 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 157 лица, а со телесна повреда се здобиле 65 лица.Последниот обвинет, во временскиот период од септември 2022 година до денот на пожарот, во Скопје и Кочани, како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, заеднички со веќе обвинетиот управител, раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата за обезбедување.Тие, иако имале сопственичка одговорност, не постапиле согласно чл.3 од Закон за приватно обезбедување, со тоа што не презеле мерки и активности заради спречување и откривање на штетни појави и противправни дејствија кои го загрозуваат телесниот интегритет и достоинството на личноста и имотот што се обезбедува и согласно чл.6 од Закон за приватно обезбедување, односно обезбедувањето го вршеле без да имаат склучено писмен договор за приватно – физичко обезбедување со корисникот на услугата –угостителски објект „Клуб Пулс“ и без воопшто да водат грижа, контрола и надзор при исполнување на обврските на лицата кои вршеле обезбедување на имот и лица.На критичниот ден, тројца вработени во агенцијата со важечки лиценци за приватно обезбедување и со легитимации на обвинетото правно лице, како и еден обвинет без лиценца за вршење на работи на физичко обезбедување, биле задолжени да го обезбедуваат објектот во Кочани без да утврдат претходна безбедносна проценка со проверка по однос на сигурносните услови на објектот, опасностите и можностите за евакуација во случај на опасност, без проверка на влезови и излези и нивна исправност, во услови на преполнетост на капацитетот на посетители. Притоа, спротивно на законските обврски, правното лице не изготвило и не доставило План за обезбедување при одржување на јавен ред на настан од забавен карактер со присуство на поголем број на посетители и не биле ангажирани повеќе работници на обезбедување како што налагале условите во објектот.Вработените распоредени од Агенција за обезбедување „Рубикон“ не постапиле по одредбите од Закон за приватно обезбедување и не извршиле проверка на идентитетот и возраста на лица при влез на објектот што го обезбедувале и со тоа овозможиле влез на деца – лица кои не наполниле 18 години и нивно присуство во објектот по 00.00 часот. Не постапиле и согласно законската обврска да извршат преглед на лица при влез во објектот што се обезбедува, а заради пронаоѓање предмети кои може да се користат заради уништување или оштетување на имотот, како и предизвикување опасност по животот, со што не го спречиле внесот и користењето на експлозивни материии – пиротехнички средства со кои бил предизвикан пожарот.Од доказите обезбедени во текот на истрагата произлезе дека сега обвинетиот имал главна улога во обвинетото правното лице, фактички раководел со агенцијата и давал директни инструкции на обвинетите кои критичната вечер биле ангажирани како обезбедувачи. Исто така, обезбедени се докази дека по пожарот во Кочани тој презел активности во насока на формирање ново правно лице со седиште во Струмица, чија основна дејност му е исто така физичко обезбедување на имот и лица, а со цел да ја продолжи дејноста повторно затскривајќи се формално-правно во раководењето зад друго одговорно лице.Од тие причини, иако истрагата за ова лице е завршена и доказите се обезбедени, јавните обвинители кои постапуваат проценија дека се уште постојат одредени ризици за негово целосно обезбедување во текот на постапката. Имајќи предвид дека Судот, одлучувајќи по жалба на обвинетиот, веќе ја заменил претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор и со дополнителни забрани за напуштање на живеалиштето, за комуникација со одредени лица и одземање на патна исправа, јавното обвинителство до судот достави и предлог за продолжување на сите определени мерки и забрани.

Македонија | пред 5 месеци

dui-

ДУИ: Во комисијата за наградата „8 Септември“ само еден Албанец – си ја додели наградата самиот на себеси

ДУИ реагира дека во комисијата за доделување на државната награда „8 Септември“, составена од 12 члена, има само еден Албанец – Хамид Бакија – кој, наместо да предложи албански спортист, одлучил наградата да си ја додели на самиот себеси. Партијата вели дека станува збор за „невиден скандал“ и „флагрантен судир на интереси“ кој ја понижува правичноста на највисокото спортско признание во државата.„Денеска сакаме да ја алармираме јавноста за еден невиден скандал кој го загрозува не само интегритетот на државните награди ‘8 Септември’, туку и духот на граѓанска еднаквост гарантиран со Охридскиот договор.Денеска, во Кристалната сала на Парламентот, Комисијата за доделување на државната награда ‘8 Септември’ ќе ги додели највисоките признанија за животно дело и за достигнувања во областа на спортот. Ова е највисоката државна награда во спортот, големо признание што треба да претставува правичност, меритократија и почит за сите наши спортисти.Но, што гледаме денес?Комисијата, формирана со потпис на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е составена од 11 Македонци и само 1 Албанец.И, за иронија на судбината, единствениот Албанец Хамид Бакија наместо да предложи еден албански спортист, решил наградата да си ја додели самиот на себеси.Ова не е само судир на интереси, ова е срам и чиста неправда! Апсурдна и навредлива ситуација за албанските спортисти кои со децении придонесуваат со труд и успеси во спортот на Северна Македонија, но остануваат исклучени од државно признание и почит.Ова не е изолиран случај. Минатата година имавме идентичен пример кога брат на еден градоначалник од ВМРО, како член на комисија, сам на себе си додели награда. И тогаш сè помина во тишина. Дали повторно ќе молчиме?Ова прашање веднаш ќе биде адресирано пред Државната комисија за спречување на корупцијата, бидејќи претставува флагрантен судир на интереси и отворена дискриминација.Нашата порака е јасна:Спортот треба да обединува, а не да дели.Спортот треба да гради мостови, а не етнички бариери.Охридскиот договор и принципот на еднаквост не се празни букви на хартија, туку темели врз кои мора да функционира секоја државна институција.ДУИ останува решителна да ја брани еднаквоста, правдата и достоинството на секој граѓанин, во секоја институција и во секоја област на животот, вклучително и спортот. Ова не е само апел ова е повик за правда и еднаквост!“

Македонија | пред 5 месеци

stojan-nikolov

Незаконски работи и најмладиот градоначалник? Стојан Николов заработи кривична пријава

Кривични пријави за градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов, и претседателот на Советот на општината Ристо Јошев. Против Николов е поднесена пријава поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување “ како и поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење “, додека за Јошев е поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување “.Николов во јавноста е познат и како најмладиот градоначалник во Македонија, бидејќи на функцијата стапи на само 24-годишна возраст.Како што информира МВР, Одделот за внатрешни работи Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднел кривична пријава против Николов (28) и Јошев (61). На седница на Советот на општината, одржана на 28 февруари годинава, било утврдено дека Програмата за изработување на урбанистички планови и локална урбанистичка документација за 2023 година, која била изгласана на 30 јануари со 39 точки и без потпис на претседателот на Советот, подоцна била изменета. Допишана е уште една, 40-та точка, која Јошев ја потпишал, овозможувајќи Урбанистички проект за производство на асфалт во катастарската општина „Манастирец“ да се внесе во програмата без одобрение и гласање од советниците.Покрај оваа пријава, ОВР Кавадарци поднесе и уште една против Николов, поради сомневање за „бесправно градење“. Според наводите, тој во својство на градоначалник овозможил да започне реконструкција – промена на сообраќајниот режим на влезот во Росоман – без решение за реконструкција, без одобрение за изградба на линиски инфраструктурни објекти и без основен проект – фаза градежништво, спротивно на Законот за градење.

Македонија | пред 5 месеци

Bogdanka-Kuzeska-SDSM-3

„Вистината за случајот АНБ, дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?“, праша пак СДСМ

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, побара од премиерот Христијан Мицкоски и директорот на АНБ, Бојан Христовски, веднаш да ја започнат процедурата за декласификација на документите поврзани со аферата за наводно прислушкување.„Вистината за случајот АНБ: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за следење на Христијан Мицкоски ниту директорот на АНБ, Бојан Христовски, ниту премиерот Христијан Мицкоски не ја отпочнаа процедурата за декласификација на документите кои би ги докажале наводите на власта? Зошто самиот тој не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен? Од што се плаши Христијан Мицкоски?Дали можеби Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи затоа што ќе ги потврдат индициите за милионски криминал во случајот со т.н. „Делчевски ниви“? Да ја потсетиме јавноста дека во случајот „Делчевски ниви“ беа инволвирани најблиските соработници на Мицкоски меѓу кои член на неговото лично обезбедување како и тогашниот директор на Белата палата, односно Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Дали овие документи кои Мицкоски одбива да ги декласифицира покажуваат дека шефот на организираната криминална група која се стекнала со корист во илјадници евра е токму Христијан Мицкоски? Дали во овие документи има сериозни индиции за повторно нелегало финансирање на ВМРО-ДПМНЕ како и индиции за организиран криминал и корупција? Постапката за декласификација на овие документи е едноставна и би ги разрешила сите дилеми кои ги има во јавноста. Одбивањето на декласификација на овие документи ќе биде доказ дека Мицкоски како тогаш така и денес не може да излезе од криминалната матрица и негова единстгвена цел е личното богатење“., изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-05-at-10.31.07

(Видео) Од утрово започнаа гужвите на граничниот премин „Богородица“ за излез кон Грција

Од рано утринава, започнаа гужвите за излез од Македонија кон Грција преку граничниот премин „Богородица“. Граѓаните објавуваат фотографии на кои се гледаат колони возила како чекаат да поминат граница. Оваа фотографија е направена утрово во 08 часот:[caption id="attachment_347506" align="alignnone" width="1038"] Screenshot[/caption]Следната снимка е направена во 10:30 минути:Ова навестува дека голем број Македонци, продолжениот викенд ќе го продолжат покрај море.

Македонија | пред 5 месеци

vardariste-OJO

Вардариште и денеска гори – жителите на Аеродром трет ден по ред блокираат безуспешно

Старата депонија Вардариште повторно е зафатена од пожар, ширијќи густ чад кон населбите во Скопје и претставувајќи сериозна закана за здравјето на граѓаните.Жителите на општина Аеродром веќе три дена го блокираат пристапот до депонијата, во обид да спречат дополнителен истовар на отпад и да го насочат вниманието кон проблемот. И покрај нивните протести, институциите не преземаат мерки, па загадувањето продолжува да расте.Граѓаните се оставени сами на себе, додека токсичниот чад се шири низ Скопје, загрозувајќи го здравјето на илјадници жители.Граѓаните предупредуваат дека ќе останат на блокадите сè додека не се обезбеди трајно решение за Вардариште – депонија која со години претставува симбол на еколошката криза во главниот град.

Скопје | пред 5 месеци

vmro_dpmne

СДС се обидува да ги спаси организаторите на следењето на опозицијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на најавата на СДС за прес-конференција, обвинувајќи ја партијата за обид да ги „спаси нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата“ и да го дефокусира јавното мислење.„Тоа е власт која додека крадела и пљачкала, правела предавства и ги уништувала институциите како што правеа тие и ДУИ, ја држела опозицијата тогашна ВМРО-ДПМНЕ под присмотра и ја следеле базирано на фабрикувани основи,“ соопштија од партијата.Во реакцијата се додава: „Одговорот е, ем шуто ем боде. Македонија нема да ви прости! Македонија памети и нема да ви заборави.“

Македонија | пред 5 месеци

ohridskoezeromart

16 години од најтешката бродска несреќа во Македонија – 15 загинати во Охридското Езеро

На 5 септември 2009 година, туристичкиот брод „Илинден“ со 57 бугарски туристи потона во Охридското Езеро, при што животите ги загубија 15 лица. Трагедијата се смета за најголемата бродска несреќа во историјата на Македонија.Несреќата се случила околу 11 часот наутро, на стотина метри од брегот кај кампот Елешец. Бродот, изграден во 1924 година со дозволен капацитет од 45 патници, потонал за само неколку минути. Повеќето од патниците биле постари лица, кои тешко можеле да се снајдат во водата. Жртвите потекнувале од градовите Пирдоп, Златица, Челопеч и Антон.На местото на несреќата најпрво пристигнале малите бродчиња „Александрија“ и „Кристина“, чија екипаж и патници помогнале во спасувањето.Веднаш по трагедијата, највисоки државни претставници од Македонија го посетија местото, а бугарскиот премиер тогаш испрати воен авион „Спартан“ за транспорт на телата на загинатите во татковината.

Македонија | пред 5 месеци

Ivanov

Иванов од Единбург : „Само со државничко и стратешко лидерство народите можат да изградат доверба“

Поранешниот претседател на Република Македонија (2009–2019), д-р Ѓорге Иванов, учествуваше на меѓународниот форум „Местото на Шкотска во Европа: Поттикнување на меѓународната соработка и разбирање“ (Scotland Forum 2025), кој се одржа од 1 до 4 септември во Единбург. Настанот се реализираше на Универзитетот Хериот-Ват, а дел од сесиите беа одржани и во шкотскиот парламент и замокот Единбург, градби кои симболизираат дијалог, демократија и заедништво.Во своето обраќање, д-р Иванов говореше за улогата на Македонија и регионот во современите глобални процеси, притоа споделувајќи искуства од својот претседателски мандат. Зборувајќи за потребата од визионерско лидерство и искрена соработка меѓу народите, тој нагласи дека токму таквото визионерско, државничко и стратешко лидерство надополнети со интезивна и континуирана меѓународна соработка претставуваат клучни предуслови за успешно справување со предизвиците и надминување на неизвесностите на денешницата.Претседателот Иванов се обрати и на специјална сесија во шкотскиот парламент, која ја отвори претседателката на парламентот Алисон Џонстон, а на која учествуваа бројни пратеници и јавни личности. Во оваа пригода, Иванов се наврати на своето искрено пријателство со поранешниот прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд, зборувајќи за неговата љубов кон татковината и силната посветеност на просперитетот на својата земја и на благосостојбата на неговите сограѓани. Тој истакна дека Салмонд уживаше голема почит и имаше бројни следбеници не само во Шкотска, туку и надвор од неа, нешто што се потврди и при неговото последно обраќање во Охрид минатата година, кога голем број луѓе дојдоа за да го слушнат неговото излагање.За време на форумот, д-р Иванов оствари повеќе средби со истакнати учесници како поранешни премиери, министри, дипломати, пратеници, универзитетски професори од различни европски земји и јавни личности. Меѓу нив беа поранешните премиери на Ирска - Бертие Ахерн, на Шкотска - Хенри Меклиш, на Велс - Марк Дрејкфорд, поранешниот Државен секретар за Шкотска - Лорд Малком Офорд, поранешни министри за надворешни работи на Финска, Шведска, Естонија, поранешни министри од различни ресори од Шкотска, Велс, Естонија, Хрватска, Кипар, Финска, како и актуелни парламентарци од Обединетото Кралство, Шведска, Велс, Финска, Полска, Кипар, Литванија, Турција, Пакистан и др. Меѓу учесниците на форумот, со кои претседателот Иванов оствари средба, беше и легендарниот фронтмен и текстописец на Deep Purple, Иан Гилан, чија појава и денес буди восхит и почит кај љубителите на рок-музиката ширум светот. Средбата ја заокружи културната и духовната димензија на форумот, потсетувајќи дека уметноста и музиката се еднакво важни градители на мостови меѓу народите, како и политиката и дипломатијата.Со своето учество на Scotland Forum 2025, д-р Иванов уште еднаш ја потврди својата активна улога на меѓународната сцена, придонесувајќи за зајакнување на дијалогот, градење мостови на доверба и промовирање на разбирањето меѓу народите.

Македонија | пред 5 месеци

aleksandar-nikoloski

Министерот Николоски: Раст на БДП од 3,4% – градежништвото и транспортот главни двигатели на економијата

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, објави дека македонската економија во вториот квартал од годинава бележи раст на бруто домашниот производ од 3,4 проценти.„Особено ми е драго што секторите градежништво, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија,“ напиша Николоски.Податоците покажуваат дека секторот градежништво пораснал за 7,3 проценти, што е посилен раст од првиот квартал кога изнесувал 7,1 проценти. Секторот транспорт и складирање, пак, бележи раст од 6,0 проценти.Министерот најави уште поголема динамика во третиот квартал, поради засилената активност во изградба на патишта, инвестиции во железничка инфраструктура и локални проекти. „Растот ќе биде уште посилен благодарение на вредните работници кои работат во секакви временски услови и јасните политики и стратегија на Владата и Министерството за транспорт. Ја градиме Македонија“, порача Николоски.

Свет | пред 5 месеци

levica

Левица: Вработените во јавниот сектор остануваат без додатоци до избори

Партијата Левица денеска обвини дека Министерството за финансии, предводено од Гордана Кочоска Димитриеска, донело одлука со која на вработените во јавниот сектор ќе им бидат укинати сите додатоци и надоместоци на плата до завршување на локалните избори.Според нивното соопштение, оваа мерка ќе ги погоди работниците кои треба да добијат исплати за работа на празници, недела, ноќна работа, прекувремена работа, како и за јубилејни награди, теренски надоместоци и обештетувања во случај на смрт на член од семејство.Од Левица велат дека голем број вработени веќе добиле известување оти сите исплати ќе бидат стопирани до изборите, што тие го нарекуваат „неуставна и незаконска одлука“. Тие потсетуваат дека работничките права се гарантирани со закон и колективни договори, а не можат да бидат ограничени со акт на работодавецот.Партијата ја обвини власта на ВМРО-ДПМНЕ дека истовремено додека ги кратела примањата на работниците, троши „милионски суми за службени возила, луксузни патувања и тендери за блиски фирми“, со цел, како што наведуваат, да ја финансира сопствената предизборна кампања.Левица ја повика министерката Кочоска да ја повлече оваа одлука и да „престане да организира избори на грбот на работниците“.

Македонија | пред 5 месеци

putin-vojna

Москва остро до Западот: Секој војник во Украина е цел за уништување

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека доколку западни воени сили бидат распоредени во Украина, тие ќе се сметаат за легитимни цели на руските напади.„Ако се појават некакви трупи таму, особено сега за време на воените операции, ние тргнуваме од тоа дека тие ќе бидат легитимни цели за уништување,“ рече Путин на економскиот форум во Владивосток.„А доколку се донесат одлуки што водат кон мир, долгорочен мир, тогаш едноставно не гледам никаква смисла во нивното присуство на украинска територија, точка,“ додаде тој.Оваа изјава доаѓа еден ден по изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој во Париз соопшти дека 26 земји се обврзале да ѝ дадат на Украина посвоени безбедносни гаранции по завршувањето на војната, меѓу кои и меѓународни сили на копно, море и воздух.Иако Макрон не откри кои држави конкретно се понудиле да испратат свои трупи, познато е дека Франција и Велика Британија се меѓу нив. Во исто време, Германија најави зголемување на поддршката преку обука и вооружување на украинските сили, но остана воздржана за можноста да испрати војници. Италија и Полска, пак, јасно соопштија дека нема да распоредат свои трупи во Украина.Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ исто така потврди дека хрватски војници нема да бидат испратени во Украина, нагласувајќи дека таква опција никогаш не била разгледувана, иако земјата е дел од Коалицијата на волни, која вклучува околу триесетина држави, меѓу кои и Канада и Австралија.

Свет | пред 5 месеци

elem-esm

Ревизија: ЕСМ работи со огромни загуби – струјата се продава под производната цена

Државната компанија АД ЕСМ систематски работела со загуби бидејќи била принудена да ја продава произведената електрична енергија на универзалниот снабдувач по цени значително пониски од производствените, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) во својот последен извештај за енергетската транзиција.Ревизорите наведуваат дека најдраматични се податоците за 2024 година: Производствената цена на електричната енергија изнесувала 113 евра за мегават-час; Продажната цена, наметната кон универзалниот снабдувач, била само 59 евра. Истата состојба се повторувала и во претходните години:Во 2023 година производствената цена била 91 евро, а продажната 55 евра; Во 2022 година производствената цена била 70 евра, а продажната 54 евра.Ревизијата заклучува дека ваквото работење го загрозува опстанокот на компанијата и ја доведува под знак прашање способноста на ЕСМ да инвестира во зелената транзиција и модернизација на енергетскиот сектор.Како директна последица на акумулираните загуби: државата морала директно да ја поддржува компанијата од Буџетот; во 2023 година ЕСМ се задолжила со 100 милиони евра заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за да ја одржи ликвидноста.„Работењето во услови на системска загуба го загрозува континуитетот на работењето на акционерското друштво и ја ограничува можноста за ефикасно спроведување на јавните инвестиции во енергетиката,“ стои во извештајот на ДЗР.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-01-at-10.01.08

Студентите во Нови Сад повикаа на масовен протест веќе за вечерва

Студентите кои веќе неколку дена блокираат факултети на Универзитетот во Нови Сад ги повикаа граѓаните на Србија вечерва во 19 часот да им се придружат на голем протест во градот. Тие предупредуваат дека со неодамнешните упади на деканите и полицијата во факултетските објекти е сериозно нарушена автономијата на Универзитетот.„Србија, можеме ли да се слушнеме?“ – гласи пораката што студентите ја споделија на социјалните мрежи. Како што најавуваат, протестот ќе биде фокусиран во рамките на универзитетскиот кампус, а деталите ќе бидат објавени неколку часа пред почетокот. Тие очекуваат поддршка и од колегите од другите универзитети во земјата.Незадоволството на студентите избувна поради упадот на полицијата во Филозофскиот факултет и на Факултетот за физичка култура и спорт (ФФК), каде деканите и дел од вработените се наоѓаат со денови.Пред девет дена, деканот на Филозофски, Миливој Алановиќ, со колеги влегол во зградата, ги сменил бравите и им се заканил на студентите со дисциплински постапки. На негово барање, објектот е обезбеден од полицијата во опрема за разбивање демонстрации.Во понеделникот, деканот на ФФК, Патрик Дрид, со полиција и неколку маскирани лица насилно влегол во факултетот, кршејќи прозорци.Во двата случаи имало судири меѓу полицијата, студентите и граѓаните.Полицијата и жандармеријата во понеделникот употребија шок-бомби за да растераат граѓани кои се враќаа во кампусот по комеморативен собир за трагедијата на железничката станица.По најавениот протест, Здружението на професионални полицајци апелираше сите учесници – граѓани, студенти и припадници на службата – да се воздржат од понатамошна ескалација и да се свртат кон дијалог.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања