Скопје1.мк

flajt

Флајтрадар: Авионот со Урсула фон дер Лајен не го изгубил GPS-от

Флајтрадар ги негираше извештаите на социјалните медиуми за дефект на GPS-системот во авионот со кој се превезуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Бугарија.„Летот со Урсула фон дер Лајен пренесе сигнал со добар квалитет од полетувањето до слетувањето“, беше објавено на X.Flightradar, исто така, се осврна на извештаите дека авионот поминал околу еден час во воздух пред слетувањето, наведувајќи дека летот траел 1 час и 57 минути, во споредба со првично планираните 1 час и 48 минути. Претходно, британскиот весник Financial Times објави дека навигацискиот систем откажал кога авионот со кој се превезувала лидерката на ЕК слетал во Бугарија. Според весникот, пилотите морале да користат хартиени мапи за да слетаат на аеродромот во Пловдив.Според портпаролката на Европската комисија, Аријана Подеста, бугарските власти го нарекоа инцидентот „заглавување од страна на Руската Федерација“, но таа додаде дека Бугарија не доставила никакви докази.Три анонимни службеници запознаени со инцидентот изјавија за „Фајненшл тајмс“ дека постои сомневање за руско попречување на сигналот.Русија остро негираше каква било вмешаност. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, отворено и јасно ги отфрли обвинувањата во изјава за „Фајненшл тајмс“. „Вашите информации се неточни“, рече Песков.

Свет | пред 5 месеци

8901d99c-8d55-47b6-aaac-e64453b35a21

Шукова: Ќе изградиме Конгресен центар и нови содржини за младите во Скопје

Скопје мора да понуди повеќе можности за младите, но и за сите генерации преку дискотеки, културни и музички настани, и центри за забава, порача Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ, во гостување на Сител телевизија.„Градот мора да биде целина која нуди квалитетен живот за сите, за децата, младите, возрасните и пензионерите. Нашата визија е да создадеме град отворен за сите, без политички поделби,“ истакна Шукова.Таа најави дека еден од клучните проекти во нејзината програма е изградба на современ Конгресен центар, кој ќе биде домаќин на културни, спортски и музички настани, какви што во моментов нема каде да се одржуваат во градот.„Овој Конгресен центар ќе понуди и простор со повеќе дискотеки и кафетерии, но нема да се наоѓа во централното градско подрачје туку ќе биде во близина на Скопје, со цел да се избегне дополнителен метеж во градското јадро,“ објасни Шукова.Таа нагласи дека градот ќе работи во партнерство со угостителите и граѓаните за да креира современи решенија кои ќе го вратат културниот и забавниот живот во Скопје.

Скопје | пред 5 месеци

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

Се истражуваат незаконските следења и прислушувања: Обвинителството со став

Обвинителството засега не може да открие кои се лицата кои биле таргет на Агенцијата за национална безбедност, односно дали во известувањата за незаконско следење и прислушување се и имињата на премиерот Христијан Мицкоски, разрешената јавна обвинителка Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.„Известувањата од АНБ за кои покажувате интерес се доставени до ОЈО ГОКК на почетокот на минатиот месец. Обвинителството веднаш отвори предмет по кој активно се постапува во насока на испитување на наводите од известувањата, што подразбира дека во моментов станува збор за спроведување на предистражна постапка,“ велат од ОЈО-ГОКК.Оттаму нагласуваат дека, поради тајноста на предистражната постапка, во моментов не можат да се споделат детали за преземените и идните мерки и активности што ги спроведува надлежниот обвинител.

Македонија | пред 5 месеци

189145_peskov_f

Москва негира вмешаност во GPS-инцидентот со авионот на Урсула фон дер Лајен

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, категорично негираше дека Русија има каква било вмешаност во нарушувањето на GPS-навигациските системи на авионот кој ја превезувал претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен при нејзината посета на Бугарија.„Информациите ви се невистинити,“ изјави Песков за британскиот Financial Times, пренесе агенцијата ТАСС.Според извештаите, при слетувањето на аеродромот во Бургас навигацискиот систем на авионот бил нарушен, поради што пилотите морале да се ориентираат со хартиени карти.Портпаролката на Европската комисија, Ариана Подеста, на брифинг во Брисел потврди дека бугарските власти ги информирале институциите на ЕУ за сомнеж во „груба интервенција од страна на Русија“. На прашање дали Софија доставила конкретни докази, таа одговори негативно.„Можеме да потврдиме дека имаше нарушувања во GPS-сигналот, но авионот безбедно слета во Бугарија. Информацијата што ја добивме од бугарските власти е дека тие имаат сомнеж за груба намеса од Русија,“ изјави Подеста.

Свет | пред 5 месеци

bujar-osmani

Новинарите го прашаа Османи дали се сретнал со Груевски во Будимпешта, еве што одговори тој

Откако ВЛЕН денови наназад бара одговори, но и го критикува кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи од ДУИ за можна средба со Никола Груевски во Унгарија, тој денеска беше конкретно прашан и од новинарите, дали имал или немал средба со поранешниот премиер.А еве што одговори Османи:-Средбите на министрите за надворешни работи се класифицирани средби и по закон не можат да се откријат. Дури и да имало нешто такво, тоа ќе било во рамките на функцијата на министерот за надворешни работи – рече Османи.

Македонија | пред 5 месеци

20221121072608

Ексдиректорот на АНБ денес ќе слави, а утре ќе одговори за наводите дека незаконски се следени и прислушувани политичар, јавен обвинител и новинари

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, се огласи по повод наводите дека додека раководел со институцијата, се вршело незаконско следење и прислушување. Во кратка објава на социјалните мрежи, тој порача:„Денес е ден за славење, а од утре аргументиран одговор на наводите од брифинг во АНБ одржан деновиве...“.Оваа негова изјава доаѓа во контекст на најновите информации од АНБ, според кои до Јавното обвинителство биле доставени три известувања за поранешен директор и група вработени поради индиции за незаконско и непрофесионално постапување во периодот 2019–2024 година. Порталот „Плусинфо“ веќе објави дека таргети биле премиерот Христијан Мицкоски, обвинителката Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.Димовски најави дека веќе од утре ќе излезе со став и аргументиран одговор на изнесените тврдења. 

Коментари | пред 5 месеци

aleksandar-nikoloski

Александар Николоски за нелегалното прислушување: „Повикувам Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани“

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира одговорните за наводната злоупотреба на тајните служби, оценувајќи дека расчистувањето е клучно за демократијата.-ОДГОВОРНОСТ И ПРОЦЕСУИРАЊЕ НА ОДГОВОРНИТЕ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ДЕМОКРАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!Во опозиционите денови искажувавме сомнежи дека сме следени од тајните служби кои беа злоупотребувани од власта на СДСМ и ДУИ, а со нив и Стево Пендаровски.Имавме сомнеж дека Агенцијата за разузнавање пишува клеветнички лажни извештаи до западните партнери и сојузници, а АНБ следела и прислушувала.Тоа беше начин за политичка дискредитација кој не им успеа! Промените се случија на минатогодишните избори, а со тоа и патот кон расчистување во тајните служби и одговорност за оние кои ги злоупотребуваа!Повикувам Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани. Доста е од злоупотреби на тајните служби!!!

Македонија | пред 5 месеци

sledeni

Плусинфо: Мицкоски, Русковска, новинарите Ландов и Златев биле таргети - списокот на незаконски следени и прислушувани јавни личности е многу поголем

По известувањето на АНБ дека до Обвинителството пријавиле незаконско и непрофесионално постапување и следење на лидер на опозициска партија, како и група новинари, „Плусинфо“ објави дека на списокот за незаконско следење бил и јавен обвинител. Порталот, повикувајќи се на свои извори, пишува дека во периодот од 2019 до 2024 година, мета биле лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поранешната обвинителка Вилма Русковска и новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев.„Плусинфо“ пишува дека Вилма Русковска во изјава им потврдила дека била незаконски следена.„Немам информации дали сум била прислушувана, но извор во кој имам доверба ми кажа дека сум била незаконски следена од страна на Јовче Ременски, сопругот на поранешната пратеничка Фросина Ременски, против која во тоа време поведов обвинение,“ изјави Русковска.Плусинфо со Русковска ja споделиле и информацијата дека била незаконски прислушувана, во еден или повеќе разговори со новинарот Кристијан Ландов, на што искоментирала: „Јас за тоа немам информации, но не би ме изненадило да било така. Можно е јас да сум била таргет, а можно е и новинарот да бил таргет. Се надевам дека и тоа прашање ќе се расветли“.Ландов: „Не сум имал причина да се сомневам“Порталот побарал коментар и од новинарот Ландов, кој рекол: „Не сум имал причина да се сомневам. Дали било можно или не, тоа треба да го кажат службите. Со Русковска сум имал комуникација, како и со други обвинители што работеа на предмети од јавен интерес. Таа комуникација датира од 2020 година наваму, кога Русковска беше шеф на ОЈО-ГОКК“.Златев: „Се отвораа апсурдни предмети, целта беше да бидам следен“Новинарот Љупчо Златев, пак, тврди дека уште во 2019 година добил информации од свиркачи во АНБ дека бил ставен под посебни истражни мерки.„Во периодот 2019–2024 година за мене се отвораа апсурдни предмети, со единствена цел да бидам следен и прислушуван. Се користеа белешки со измислени содржини, од луѓе кои случајно ги познавав и кои постојано се обидуваа да стапат во контакт со мене. Еден од нив е осуден за убиство, друг е подкастер и уредник, трет е измамник кој пропадна една од најголемите градежни компании,“ изјави Златев.За контрола на посебните истражни мерки, според „Плусинфо“, за целиот период бил задолжен сегашниот републички обвинител, Љупчо Коцевски.Целиот текст на Плусинфо

Македонија | пред 5 месеци

prvacinja-ohrid

Нова учебна година и ново училиште за охридските ученици

Првиот училишен ден во Охрид започна и во новоотворената зграда на училиштетот „Кочо Рацин“, каде градоначалникот Кирил Пецаков им посака успешна година на учениците.Особено ми е мило што имав можност да ја почувствувам радоста на 1-ви септември во новата училишна зграда на ООУ „Кочо Рацин“ и да упатам најубави желби за успешен почеток на новата учебна година.‎Драги ученици, најдраги првачиња, нека вашите чекори бидат сигурни, вашите насмевки искрени, а вашите срца отворени за училишни успеси. Вие сте наша радост, наша гордост и мотив да работиме уште повеќе за да ви обезбедиме подобри услови за среќно и безгрижно детство.‎‎Нека е честит првиот училишен ден, нека е среќна и успешна новата учебна година во Охрид! Да славиме и да се радуваме заедно на големи училишни успеси.

Охрид | пред 5 месеци

benzinska-benzin-nafta-

Дизелот ќе поскапе, цената на бензините останува иста

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување.на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена наЕкстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,128 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 38,393 ден/кг.

Македонија | пред 5 месеци

mucunski4-2

Муцунски: Преговорите со ЕУ не се блокирани – тие никогаш не започнаа поради СДСМ и ДУИ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, реагираше на изјавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за процесот на евроинтеграции, посочувајќи дека преговорите со Европската Унија не можат да бидат блокирани затоа што – како што вели – „никогаш и не започнале, благодарение на СДСМ и ДУИ“.„Од нас нема да слушнете големи зборови без покритие и празни чекори. Нашата задача не е да нудиме изговори, туку резултати. Затоа ја движиме државата напред – таму каде што ѝ припаѓа: во Европа. Тоа не е слоган, туку реалност што ја градиме преку конкретни проекти: бесплатен роаминг за нашите граѓани во ЕУ, зелени ленти за превозниците, пристап до европскиот единствен систем за плаќање, партнерство во безбедноста и одбраната со ЕУ. Тоа се вистински реформи, а не празни флоскули,“ истакна Муцунски.Тој додаде дека зборува и работи за поевтин роаминг, но и за зачуван идентитет, достоинство и гордост. „Не зборувам за виткање кичма, за администратори, за договори под маса, за прифаќање уцени или ултиматуми, како што тие го правеа тоа. Тука има разлика – и граѓаните ја гледаат таа разлика,“ нагласи министерот.Муцунски ја повика опозицијата да дејствува рационално и разумно и да не го саботира европскиот процес. „Ова не е борба за лични или партиски интереси. Ова е борба за граѓаните, за државата, за иднината. Ќе напредуваме само ако сите заедно ги ставиме државните пред партиските интереси,“ заврши тој.

Македонија | пред 5 месеци

3

Исчезнаа 11 лични карти – полицаец од Чаир под истрага

Внатрешната контрола на МВР поднесе кривична пријава против полицаец од ПС Чаир, осомничен дека подигнал 11 лични карти и не ги доставил до полициcка подстаница Мирковци Мирковци, со што граѓаните останале без документи. Службеникот е суспендиран и му е одземено службеното оружје додека трае дисциплинската постапка.-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Д.С. на работно место полицаец во ПС Чаир при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од КЗ.Пријавениот полициски службеник како службено лице во просториите на Одделението за управни работи Скопје се потпишал и подигнал 11 лични карти и список-извештај за скенирани лични карти за лица кои живеат на станично подрачје на ПО Мирковци во Општина Чучер Сандево, по што со пропуштање на должен надзор над преземените лични карти, пријавениот не ги доставил во ПО Мирковци за понатаму граѓаните да ги подигнат, ниту пак пријавил дека личните карти недостасуваат, со што на граѓаните им е причинета материјална штета и им го ограничил правото за користење, како и за навремено изготвување и подигање на личните карти.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и да се отстрани од работното место- суспендира до завршување на дисциплинската постапка, соопшти МВР.

Скопје | пред 5 месеци

fon-der-lajen

Авионот на Фон дер Лајен останал без ГПС – сомнежи за руско мешање

Авионот со кој патувала претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен останал без ГПС навигација при слетување во Бугарија, а во Брисел се сомневаат дека зад инцидентот стои Русија.„Можеме да потврдиме дека имало блокирање на ГПС сигналот, но авионот безбедно слета,“ изјави Аријана Подеста, заменичката на портпаролот на ЕК.Настанот се случил за време на турнејата на Фон дер Лајен низ Летонија, Финска, Естонија, Полска, Литванија, Бугарија и Романија. Таа вчера пристигна во Бугарија, каде што ја посети фабриката за оружје во Сопот.Според „Фајненшл тајмс“, авионот што ја превезувал до Пловдив не можел да користи електронски навигациски помагала како резултат на пречките, што го принудило пилотот да се потпре на хартиени мапи за слетување.Подеста изјави дека Европската комисија добила информации од бугарските власти врз основа на кои се сомнева дека попречувањето било извршено од Русија.Блокирањето и лажирањето на ГПС сигналот ги оневозможува авионите да користат навигациски системи како американскиот „ГПС“ или европскиот „Галилео“, или пак ги нарушува добиените податоци за локација. Европските влади веќе предупредија дека оваа форма на намерно мешање се забележува во регионот на Балтичко Море од 2022 година.

Свет | пред 5 месеци

trajko09112022

Гувернерот Славески најави: Ќе се намалува учеството за купување прв стан

Народната банка најавува мерки со кои ќе се олесни купувањето прв стан за граѓаните. Согласно изјавата на гувернерот Трајко Славески, дадена во интервју за „Радио Слободна Европа“, новите мерки предвидуваат дека лицата кои за првпат купуваат стан за живеење ќе можат да поднесат барање за кредит со значително намалено сопствено учество од проценетата вредност на станот.„Целта е да се поддржат граѓаните кои купуваат свој дом, додека кај оние кои купуваат стан како инвестиција, учеството ќе се зголеми, заради намалување на притисокот врз цените и за зголемување на финансиската одговорност“, појаснува гувернерот.Гувернерот нагласува дека банките веќе ги препознаваат граѓаните кои купуваат прв стан како помал ризик, бидејќи тие се поодговорни и кредитот го користат за сопствено живеалиште. Се очекува дека банките ќе понудат подобри услови и пониски каматни стапки за оваа категорија.Во однос на сегашните каматни стапки, гувернерот истакнува дека тие се релативно ниски во споредба со другите пазари и дека со стабилизирањето на инфлацијата под 3%, кредитирањето ќе стане уште поедноставно и поодржливо.Народната банка ја следи состојбата на пазарот на недвижности и кредитирањето, со цел да обезбеди одржлив раст и да ги заштити интересите на граѓаните и на банкарскиот сектор.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2023-09-22-at-08.21.48

Почна судењето за „Геријатрија“ – обвинетите го отфрлаат обвинението за мито

Пред Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето за случајот „Геријатрија“. Обвинетите Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, и Блерим Амити, се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.Арифи се гони за примање поткуп, додека Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание.Според обвинителниот акт, Арифи побарал 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, по што бил фатен од полицијата.Обвинителката Искра Хаџи Василева во воведните зборови истакна дека случајот е пример за длабоко вкоренета корупција.„Пропорциите и интензитетот на корупцијата се толку многу длабоки што нè потсетуваат дека ја засегаат секоја сфера од живеењето,“ рече таа. Таа додаде дека станува збор за грубо барање мито од страна на директор на јавна здравствена установа – износ кој бил предмет на преговори, а потоа прифатен како минимален за извршување службено дејствие што инаку морало да се изврши без надомест.Обвинителката нагласи дека обвинетите дејствувале исклучиво за лично богатење, искористувајќи ја ранливоста на пациентката и нејзината потреба за итен медицински третман.Одбраната на обвинетите најави дека во текот на постапката ќе презентира докази, меѓу кои статути, процедури и законски одредби поврзани со институцијата, со цел да се докаже дека Арифи и Амити не можеле, ниту имале намера да извршат кривично дело.„Убедени сме дека доказите ќе укажат на недоразбирање што настанало во овој т.н. кривично правен настан,“ соопштија одбраната.Случајот го водат судиите Ленка Давиткова и Илија Трпков. Судењето е закажано да продолжи на 16 септември, во 13 часот.

Скопје | пред 5 месеци

venko

Филипче: Инвестициите во образованието се клучни, секое дете мора да има еднаква шанса

„Вложувањето во образованието е најважната инвестиција која не трпи импровизации“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на почетокот на новата учебна година. Тој нагласи дека во времето на владата предводена од СДСМ бил ставен силен фокус на изградба и реконструкција на училишта, како и на зголемувањето на наставничките плати.„Изградивме и реконструиравме над 80 училишта. Направивме значајна инвестиција во платите на наставниците – зголемување од над 50%, нешто што сега сериозно недостасува“, рече Филипче.Како пример го посочи училиштето „Киро Глигоров“ во Скопје, каде што денеска присуствуваше на настан заедно со градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. „Герасимовски покажа дека знае да менаџира – неколку години по ред за сите првоодделенци има униформи и бесплатни ранци, а од следната година ќе има и бесплатен оброк“, додаде тој.Филипче истакна дека и во програмата за претстојните локални избори СДСМ ќе даде приоритет на обезбедувањето квалитетна настава и поддршка за учениците и родителите. „Програмата се темели на тоа да се обезбеди квалитетна настава, безбедни улици за децата и сè што може да се направи на локално ниво за поддршка на семејствата,“ нагласи тој.На сите ученици, родители и наставници, Филипче им посака успешна и мирна учебна година исполнета со нови знаења, радост и трпение

Скопје | пред 5 месеци

prvacinja

Општина Ѓорче Петров со ранци и учебници за сите првачиња

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денес присуствуваше на свечената приредба во ООУ „Ѓорче Петров“ во Дексион, по повод почетокот на новата учебна година и запишувањето на најмладите ученици.„Радост, насмевки и желба за другарување ги исполнија училишните клупи – местото каде што се создаваат најубавите спомени, првите петки и најискрените пријателства. На првачињата им посакувам многу среќа и успех во учењето. Верувам дека токму тие ќе бидат двигателите на нашето општество во иднина,“ порача Стојкоски.Тој истакна дека општината обезбедила анатомски ранци и прибор за сите првачиња, а комплетите со учебници биле навреме доставени. „Како градоначалник, но и како родител, моја должност е да создадам најдобри услови за образование, спорт и здрав живот за најмладите жители на нашата општина,“ додаде Стојкоски.„Драги првачиња, бидете храбри и вредни – вие сте нашата радост и иднина. Среќно!“, заврши тој.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-01-at-11.29.08

(Видео) Неверојатна сцена во ЗОО Скопје: родител му вика на негувател „Понашај се малку покултурно“, додека децата му висат на ограда

Негувателот во ЗОО Скопје, Војо Иванов направи снимка на која се гледа како голем број деца се качени на оградата на едно од живеалиштата на животните и покрај јасните насоки дека тоа не е дозволено. Откако Иванов како вработен во Зоолошката градина Скопје им пристапува и им укажува дека не смеат тоа да го прават, имаше контра реакција од родител.„Господо, господо, доле. Доле господо“, рече Иванов, а родител врати: „Полека бе полека“. На реакцијата на Иванов кој рече „Децата ви се горе“, родителот врати: „Ако де што има врска? Да не се внатре?“.Иванов му врати на родителот „Господо, мора доле да бидете!“, а родителот пак возврати: „Понашај се малку покултурно“. Зоо негувателот на ова му вели „Јас култура, а вие сте на ограда?“, а родителот вели „Ако мое право“.Под ова виде, иванов напиша „Ризик јак, недела со гостите“.

Скопје | пред 5 месеци

avgan-zemjotres

(Видео) Деца има под урнатините! Бројот на жртви во земјотресот во Авганистан надмина 800

Бројот на жртви од разорниот земјотрес што ја погоди источна Авганистан надмина 800, а повеќе од 2.800 луѓе се повредени, соопшти портпарол на владата на Талибанците.Земјотресот со јачина од 6 степени по Рихтер се случи во недела навечер, околу 23:30 часот по локално време, во покраината Кунар. Епицентарот бил во близина на градот Џалалабад, во близина на границата со Пакистан, на длабочина од десет километри.Министерството за внатрешни работи на Талибанците информира дека повеќе од 600 загинати се регистрирани токму во Кунар, а најмалку десет жртви има во соседната провинција Нангархар. Многу села се целосно уништени.Очевидци опишуваат сцени на очај: „Децата се под урнатините, старите лица, младите…“ изјави жител на Нургал, една од најтешко погодените области. Луѓето со голи раце копаат низ урнатините во обид да ги пронајдат своите блиски. „Ни треба помош. Ни требаат луѓе да дојдат и да ни помогнат да ги извлечеме нашите мртви,“ велат локалните жители. Спасувачките екипи се распоредени на повеќе локации во источниот дел од земјата, додека хеликоптери се користат за евакуација и транспорт на повредените.Меѓународните тимови веќе обезбедуваат итна хуманитарна помош, а Обединетите нации соопштија дека нивните екипи во Авганистан се на терен со цел да спасуваат животи. „ОН во Авганистан е длабоко ожалостена од разорниот земјотрес што одзеде стотици животи и повреди многу повеќе. Нашите мисли се со погодените заедници,“ се наведува во изјавата.Високиот комесар за бегалци на ОН, Филипо Гранди, во интервју за „Скај њуз“ оцени дека земјотресот е „совршена бура“ за една земја која веќе страда од повеќекратни кризи. „Во моментов имаме многу малку информации, но веќе имаме извештаи за стотици смртни случаи и многу луѓе кои останале без покрив над главата,“ рече Гранди, нарекувајќи ја ситуацијата „многу трагична“.Регионите Кунар и Нангархар се познати по честите земјотреси, што дополнително го отежнува животот на локалното население.фото: Х

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-01-at-10.25.28

Си Џинпинг испрати порака до САД без да ја спомене

Кина повика на поголемо единство меѓу земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС), меѓу кои се Русија, Индија, Иран и други држави надвор од НАТО-системот.„Треба да најдеме заеднички јазик, а истовремено да ги занемариме разликите“, порача кинескиот претседател Си Џинпинг на самитот што се одржува во кинескиот пристанишен град Тјанџин.Во своето обраќање, Си остро се спротивстави на менталитетот на Студената војна и на блоковските поделби во светот. „Треба да се спротивставиме на менталитетот на Студената војна и на конфронтацијата на блокови, како и на актите на заплашување“, изјави тој, во јасна алузија на САД, кои не ги спомена директно.Кинескиот претседател нагласи дека ШОС треба да ја преземе одговорноста за обезбедување мир, стабилност и развој во регионот. Тој посочи и на економскиот потенцијал на организацијата, истакнувајќи дека земјите-членки заедно создаваат годишен економски учинок од речиси 30 билиони долари.ШОС е основана пред 24 години со цел зајакнување на безбедносната и економската соработка. Денес брои 10 членки: Кина, Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан, Индија, Пакистан, Иран и Белорусија.Иако организацијата често се претставува како противтежа на западните сојузи, таа не еднаш се соочува со тешкотии да изгради заеднички став за глобалните конфликти, особено поради нерешените територијални спорови меѓу Кина и Индија и тензиите меѓу Индија и Пакистан.

Свет | пред 5 месеци

ursula-1

Фон дер Лајен од Бугарија: Проширувањето на ЕУ останува процес заснован на заслуги

Проширувањето на Европската Унија е и останува процес базиран на заслуги, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на брифингот при нејзината посета на фабриката за инженерство „ВАЗ – Сопот“ во Бугарија.„Постојат јасни барања и подобрувања што треба да се постигнат. Секој кандидат ќе биде оценет според неговите заслуги и ова е исклучително важно и за процесот и за Унијата“, нагласи таа.Фон дер Лајен истакна дека иако проширувањето бара време, тоа е од суштинско значење за регионалната безбедност и стабилност, како и за европските граѓани.„Успешното проширување е во интерес на ЕУ, бидејќи поголема Унија значи поконкурентна економија, поголема безбедност и посилен глас во светот“, додаде претседателката на ЕК.

Свет | пред 5 месеци

uapsen-rusin

Украинците уапсија осомничен за убиство на истакнат политичар, објавија фотографии: „Злосторството има руски траги“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во раните утрински часови на 1 септември објави дека осомничениот за убиството на Андриј Парубиј, поранешен претседател на парламентот и истакнат политичар, кој беше убиен на 30 август во Лавов, е уапсен.„Осомничениот го даде своето првично сведочење. Во тек се итни истражни дејствија за да се утврдат сите околности на ова убиство“, рече Зеленски, заблагодарувајќи им се на полицијата и на Службата за безбедност на Украина за нивната брза акција.Иван Вихивски, шефот на украинската полиција, нагласи дека злосторството не е случајно и дека „има руска трага“. Според министерот за внатрешни работи Игор Клименко, напаѓачот бил уапсен во регионот Хмелницки откако се обидел да ги скрие трагите со пресоблекување и фрлање на оружјето, објавува Киев Индепендент.Парубиј, 54, беше застрелан пред својот дом во Лавов во саботата. Напаѓачот, преправен како доставувач, испукал осум истрели од огнено оружје. Полицијата соопшти дека нападот бил внимателно испланиран: напаѓачот ги следел движењата на жртвата, испланирал рута и планирал бегство.„Во рок од 24 часа од убиството, веќе бевме на трагата на сторителот, а во рок од 36 часа беше уапсен“, рече Клименко.Парубиј беше една од клучните политички фигури на модерна Украина. Роден во 1971 година во близина на Лавов, тој се вклучил во политичкиот живот за време на советската ера, кога двапати бил апсен за организирање протести. Откако Украина доби независност, тој беше избран во парламентот во 2007 година, а учествуваше и во најважните проевропски движења - „Портокаловата револуција“ во 2004 година и протестите на Мајдан во 2013/2014 година, каде што водеше групи за самоодбрана.Тој беше секретар на Советот за национална безбедност и одбрана од февруари до август 2014 година, во времето кога Русија го анектираше Крим и започна војна во источна Украина. Поради неговата улога во тој период, тој беше честа цел на руската пропаганда и дезинформациски кампањи.Парубиј беше претседател на парламентот помеѓу 2016 и 2019 година. Властите сега истражуваат дали тој добил закани во периодот пред неговото убиство.фото: Украинска полиција

Свет | пред 5 месеци

izbori-makedonija-Copy

Истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури, има дури 22-јца независни кандидати за градоначалник

На полноќ завршува периодот предвиден за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври.Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата поддршка за градоначалнички кандидатури се собираше во 16 општини за вкупно 22 кандидати. Најмногу пријавени има во Демир Хисар – четворица, додека по двајца кандидати има во Македонска Каменица, Битола и Новаци. Потписи се прибираат и во Куманово, Дебарца, Охрид, Струга, Дебар, Центар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Могила, Гостивар и за Град Скопје.За советнички листи, пак, потписи се собираат во 11 општини за вкупно 12 кандидатури. Меѓу нив се Македонски Брод, Кочани, Чешиново-Облешево, Битола (две листи), Могила, Свети Николе, Лозово, Карпош, Дебар, Куманово и Старо Нагоричане.Рокот за поднесување листи со кандидати за градоначалници и советници истекува на 13 септември. До 11 септември граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список во подрачните канцеларии и одделенијата на ДИК. Паралелно е отворен и процесот на пријавување за набљудувачи и известувачи за изборите.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-01-at-10.01.08

(Видео) Протести во Нови Сад: Граѓани на улица, студенти преку прозор влегуваат на факултет

Во Нови Сад продолжуваат протестите поради обележувањето на десет месеци од трагедијата на Железничката станица. Голем број граѓани се собираат пред факултетските објекти, каде атмосферата е напната.Студентите, кои со месеци се во блокада, денеска решија на необичен начин да влезат во зградата на Факултетот за спорт и физичко воспитување – преку прозорци. Очевидци велат дека заедно со нив во зградата бил внeсен и деканот Патрик Дрид, кој со помош на тројца мажи и под асистенција на полицијата успеал да влезе во својот кабинет. Пред влезот во факултетот ситуацијата се заострила – полицијата со штитови ги туркала присутните, а граѓаните возвраќале со негодување. На терен е присутно и засилување од Жандармеријата и Интервентната полиција.И покрај тензиите, студентите и граѓаните најавуваат дека нема да се откажат од своите барања и дека протестите ќе продолжат и во наредните денови.

Свет | пред 5 месеци

avganistan-helikopter

(Видео) Трагедија во Пакистан: Падна воен хеликоптер, има загинати

Најмалку пет лица загинаа денеска при пад на воен хеликоптер во северниот дел на Пакистан, соопшти портпаролот на владата. Несреќата се случила во областа Диамер во регионот Гилгит-Балтистан, каде сите членови на екипажот – двајца пилоти и три техничари – го загубиле животот. Портпаролот Фаизулах Фирак изјави за Anadolu дека хеликоптерот бил користен за спасувачки и хуманитарни мисии поради неодамнешните обилни дождови и поплави во регионот. Хеликоптерот изведувал пробно слетување на новоизграден хелидром кога дошло до несреќата. Спасувачките екипи веднаш стигнале на местото и започнале операции за извлекување.Иако официјална истрага е во тек, властите првично наведуваат дека причината за падот најверојатно е „технички дефект“.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања