Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

cipras

Анкета: На повидот предвремени избоди во Грција, СИРИЗА на Ципрас го губи мнозинството

Поголем дел од Грците, 62 проценти, сакаат во земјата да се одржат предвремени парламентарни избори, пишува во неделното издание весникот „Етнос”, повикувајќи се на резултатите од анкетата спроведена од социолошката агенција „Капа рисрч”.Според резултатите, 44 проценти сакаат парламентарните избори да се одржат пред мај, а 18 отсто – заедно со локалните и европските избори во мај.Опозициската Нова демократија и натаму ужива најголема доверба, со 25 проценти поддршка, додека владејачката СИРИЗА е на второ место со 20,3 проценти. На трето место е екстремно десничарската Златна зора, која има доверба на 7,9 отсто испитаници, а по неа следува левичарско „Движење за промена“ со 6,4 отсто и Комунистичката партија на Грција со 5,6 отсто. Другите партии, според истражувањето, нема да влезат во парламентот.Во анкетата е испитан и ставот на Грците кон движењето на „жолтите елеци” во Франција, па 47 отсто декларирале поддршка за движењето.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

МЗ: Министерот Филипче обезбеди лекови за починатот пациент, но тој не дојде да ја прими терапијата

Министерството за здравство соопшти дека преку Здружението „Момент плус“, било информирано за состојбата на пациентот, кој почина пред неколку дена од пулмонална хипертензија. Оттаму велат дека министерот Венко Филипче обезбедил лекови за пациентот, поради неговата претходно влошена здравствена состојба, но како што објаснуваат, тој воопшто не дошол да ја прими терапијата и починал.„Напоменуваме дека пациентот не боледувал исклучиво од пулмонална хипертензија, која ја сметаме за ретка болест, и за оваа болест министерството ги има обезбедено сите лекови кои се потребни за третман и лекување, туку таа била само последица од неговите примарни кардиолошки заболувања.Во моментов во Македонија има 6 (шест) пациенти со ваква ретка болест и  за сите нив се обезбедени терапиите кои им се неопходни. За сите пациенти кои ја добиваат оваа болест како последица од други заболувања, овие лекови ќе бидат достапни на позитивната листа.Но, како што веќе граѓаните се информирани, измените на позитивната листа на лекови е се во тек и се во Собраниска процедура“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

merkel-11

Наследничката на Меркел новоизбраната лидерка на ЦДУ именува 33-годишник за генерален секретар на партијата

33-годишниот Паул Цимјак е нов генерален секретар на владејачката партија ЦДУ.Тој на функцијата ја заменува новоизбраната лидерка на партијата Анегрет Крамп-Каренбауер и важи за кандидат по нејзина желба. Новата лидерка како знак дека сака да избегне подлабоки поделби во партијата и на конзервативците и на помладите членови да им даде посилен глас за генерален секретар на партијата го предложи Цимјак за шеф на партиското младинско крило.Инаку на изборите на ЦДУ од 1.001 делегат, 517 кренаа рака за Анегрет Крамп-Каренбауер да ја наследи Ангела Меркел на најголема германска партија. Крамп-Каренбауер (56), позната под акронимот АКК, го остави зад себе во вториот круг фаворитот на конзервативното крило Фридрих Мерц, кој доби 482 гласа од делегатите.Во првиот круг Крамп-Каренбауер доби 450, Мерц 392, а третиот противник, министерот за здравство Јенс Шпан, доби 157 гласа.Така за ЦДУ почнува нова ера по цели 18 години, колку што ја водеше партијата Ангела Меркел. Кога таа дојде на чело, ЦДУ уште беше длабоко во опозиција на тогашниот социјалдемократски канцелар Герхард Шредер. Подемот на Меркел тргна токму преку плеќите на Фридрих Мерц, кого во 2002 година практично го истисна од местото шеф на пратеничкиот клуб во Бундестагот.

Свет | пред 7 години

koza-poklon-2

Саша Поповиќ на Марија Шерифовиќ за роденден и подари коза

По повод роденденот на Марија Шерифовиќ, таа побарала подарок од директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ. Тој и ја исполни желбата, но со чуден подарок.Саша одлучи на Марија да и подари коза која се вика Бијонсе. Марија кога ја виде го праша што планира да прави со животното, a Саша и објасни на пејачката дека може да ја чува козата пред зграда за да им помага на соседите. Марија констатираше дека овој подарок треба да биде на Јелена бидејќи таа секојдневно се бори за правата на животните.А Карлеуша паак му се закани на Поповиќ доколку нешто и се случи на козата ќе одговара тој лично. 

Магазин | пред 7 години

pat-magla

Густа магла на Пресека

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози на целата територија на државата.„На планинскиот премин Пресека поради  појава на магла, видливоста е намалена до 50 метри. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија пат.Исто така оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

belgrad

Во Белград се одржа протест поради нападот на опозициски лидер

Неколку илјади граѓани протестираа во Белград под слоганот „Стоп на крвавите кошули“. Прво се собраа на платото пред Филозофскиот факултет каде им се обрати актерот Бранислав Трифуновиќ, по што без инциденти се прошетоа до Народното Собрание и Радио Телевизија на Србија.Повод за протестот беше нападот на лидерот на српската левица, Борко Стефановиќ, на 23 ноември во Крушевац.На чело на колоната, предводена од лидерите на опозицискиот Сојуз за Србија беа и актерите Мирјана Карановиќ, Бранислав Трифуновиќ, Никола Којо, како и кошаркашкиот тренер Душко Вујошевиќ.„Драго ми е што сте овде, а не на Твитер и Фејсбук. Важно е што сте сфатиле дека оваа борба не може да се води со палец, туку со нозе, раце и грло“, рече Трифуновиќ во говорот пред присутните.На протестот беа присутни и водачите на поголемиот дел од опозицијата.Стефановиќ беше нападнат пред две недели пред одржување на партиски собир во Крушевац. Поради повредите на главата опозиционерот завршил во болница, а полицијата приведе три лица на кои им е одреден 30-дневен притвор.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Ахмети: Имам немир за уставните измени

Како да имам еден немир за уставните измени, затоа што ова е еден многу важен процес, се плашам да не се повреди од невниманијата на институциите, вели претседателот на ДУИ Али Ахмети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.Според Ахмети, овој процес се уште е во развој и треба сите државни институции, законодавни институции, институциите кои ги спроведуваат законите, да бидат внимателни.Целото интервју тука.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Изложба по повод 40 години од првите археолошки истражувања во Тумба Маџари

На 11 декември 2018 год. (вторник) во 13.30 часот, во НУ Археолошки музеј на Македонија ќе се одржи отворање на изложбата „40 години од првите археолошки истражувања во неолитската населба Тумба Маџари во Скопје”.Со оваа изложба воедно се одбележуваат три јубилеи кои се поврзани со локалитетот Тумба Маџари: 80 години од раѓањето на Воислав Санев, првиот истражувач и промотор на овој локалитет, 40 години од почетокот на археолошките истражувања во 1978 год. и 10 години постоење на комплексот „Неолитското село”, како прв музеј под отворено небо во рамките на Тумба Маџари.Преку презентираниот археолошки материјал во изложбата, НУ Археолошки музеј на Македонија уште еднаш потсетува на големото научно и културно значење на оваа неолитска населба, стара 8.000 години. Изложбата е посветена на сите истражувачи и учесници во археолошките ископувања кои дадоа свој придонес во афирмацијата и промоцијата на Тумба Маџари и неолитската култура ширум светот.Автор на изложбата е кустос советникот м-р Елена Стојанова Канзурова, a промотор е кустос советникот Ирена Настева Колиштркоска.НУ Археолошки музеј на Македонија ја организира оваа изложба како дел од традиционалната манифестација „Недела на археологијата”, финансирана преку годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија.

Магазин | пред 7 години

IMG_1828

(ВИДЕО) Костадинов: Расте БДП, растат платите, се намалува невработеноста

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат. Растот на економијата, растот на БПД од 3 отсто во третиот квартал од оваа година потврдува: економијата е стабилизирана, расте, се движи во вистинска, нагорна линија, изави Костадин Костадинов на денешната прес-конференција.„Граѓаните може да очекуваат дека ова придвижување и обезбеден раст ќе допринесе за дополнително потикнување на економијата, за поголемо производство и отворање на нови и подобро платени работни места.Се намалува и невработеноста. Стапката на невработеност во третиот квартал во 2018 година изнесува 20,8 отсто. (На крајот на 2017 година стапката на невработеност била 22,4 отсто).Третиот економски параметар е растот на платите.За период од две години, просечната плата бележи раст од над 2.000 денари.  Тоа значи повеќе пари за работниците, повеќе пари во семејството, кај граѓаните.Паралелно со растот на платите, растат и пензиите. Просечната пензија во 2018 година е за околу 1.400 денари повисока во однос на просечната пензија во 2016 година“, вели Костадинов.Тој додаде и дека ваквиот тренд на зголемување на расположливиот доход за домаќинствата ќе продолжи и во следната, 2019 година.„За пет отсто повисока плата добиваат вработените во здравството, образованието, судството, детските градинки, одбраната, полицијата, културата. 10 отсто зголемување ќе добијат докторите специјалисти.Со рефрмата на системот за социјална заштита корисниците на соцјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош, а околу 60.000 деца ќе добиваат детски и образовен додаток.Обезбедуваме социјална правда за финансиски најзагрозените сограѓни.Преку зголемената државна поддршка за претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор.Преку чесен и домаќински пристап, обезбедуваме економски раст и повеќе пари кај граѓаните. Се грижиме за подобра живејачка на нашите граѓани и социјалната праведност“, изјави Костадинов.

Македонија | пред 7 години

slika-2-1

Ѓорчев во посета на Херитиџ фондацијата и најгледаната ТВ Фокс Њуз

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев за време на својата посета на САД се сретна со Џејмс Карафано, директор на Херитиџ центарот за надворешна политика и заменик директор на Дејвис институтот за надворешна политика.На средбата Ѓорчев го запозна соговорникот со актуелните состојби во Македонија, политичкиот прогон, секојдневните закани врз опозицијата, притисоците врз медиумите, инстументализацијата на судството и влошената економска ситуација.Херитиџ фондацијата ќе продолжи со интерес да ги следи состојбите во Македонија, како и случувањата во поширокиот регион на Балканот и Европа.Херитиџ фондацијата е меѓу водечките тинк тенкови во САД, покривајќи ги областите од внатрешната политика и економијата, до надворешната политика и одбраната.Во Конгресот на САД Ѓорчев се сретна со конгресменот Роберт Адерхолт. На средбата стана збор за актуелната политичка состојба во Македонија, а конгресменот Адерхолт е долгогодишен пријател на Македонија и познавач на состојбите.Ѓорчев оствари посета на „Фокс Њуз“, најгледаната кабелска телевизија во САД. За време на посетата Ѓорчев имаше можност да се запознае со начинот на нивната работа во Вашингтон и нивното покривање на политичките настани. 

Македонија | пред 7 години

erdogan

Ердоган: Европа падна на испитот за демократија и човекови права и слободи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во врска со протестите на „жолтите елеци“ во Франција, Белгија и Холандија, за време на кои дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата, оцени дека Европа падна на испитот за демократија, човекови права и слободи.Ердоган изрази загриженост поради настаните на улиците на европските градови.„Ние сме против хаосот кој го предизвикуваат демонстрантите, но и против насилството кое се врши врз нив“, изјави турскиот претседател вчера во Истанбул.Тој нагласи дека тие се оние кои заради политички популизам поттикнале антисемитизам и антимигрантски ставови.

Свет | пред 7 години

ARSOVSKI

(ВИДЕО) Арсовски: Повик до граѓаните да се приклучат на протестот во Кочани

Македонија ги живее најцрните денови во својата понова историја од своето осамостојување па навака. Република Македонија доживува секојдневни порази и понижувања на секое поле, изјави Димче Арсовски на денешната прес-конференција.„На удар се граѓаните, на кои им ветуваа живот од страна на СДСМ, а истите тие кои што им ветуваа живот им донесоа само црнила. Наместо ветената плата од 500 евра граѓаните добија повисоки цени на лебот и горивото. Наместо 600 километри автопат, граѓаните добија реализација на капитални инвестиции од катастрофални 30 проценти до сега. Најмалку во историјата до сега.Економијата тоне, граѓаните осиромашуваат, даноците и акцизите се покачуваат, стандардот опаѓа, народот едвај крпи крај со крај.Правосудниот систем се претвори во партиска испостава на СДСМ која служи единствено за политички прогон на неистомислениците на Зоран Заев. Наместо правда и правдина граѓаните добија, двојни аршини и добија политички монтирани процеси кои верувајте ќе остават трајни последици во нашето општество.Изминативе 2 години македонските граѓаните се понижени, омаловажени и обесчестени, спротивно на нивната јасно изразена волја, силувајќи ја Заев и СДСМ демократијата во нашата држава“, изјави Арсовски.Според него, наместо чесно работење и Влада која работи за интересите на граѓаните, добивме Влада која единствено се занимава со криминални тендери и грантови доделени на партиски и државни функционери на СДСМ.„Македонските улици се небезбедни имаме низа на нерасчистени убиства, случаи во кои сторителите сеуште не се изведени пред лицето на правдата. Граѓаните секојдневно се гушат поради енормното аерозагадување, се гушат во неспособноста на власта на СДСМ која ветуваше дека ќе го реши веднаш откако ќе дојде на власт.Граѓаните знаат дека оваа цела црнила во нашата држава ја создава токму Владата предводена од единствениот аболициран премиер Зоран Заев и власта на СДСМ која претставува рак рана на нашето општество.Македонскиот народ се погласно се крева против политиките на одродената и криминална власт.Затоа ги повикуваме сите граѓани да се приклучат на нашиот протест денес во Кочани во 15 часот, збирно место Градски парк, заедно одиме преку улиците на Кочани до градскиот трговски центар и сите заедно да го искажеме нашиот револт и да ја навестиме зората која ќе ги порази црнилата во Република Македонија создадени од СДСМ и Зоран Заев“, вели Арсовски.

Македонија | пред 7 години

Mila_Carovska_Minister

МТСП: Негата за трето лице и понатаму ќе се исплаќа, се унапредуваат и други права на лицата со попреченост

Министерството за труд и социјална политика во Предлог- законот за социјална заштита којшто е во завршна фаза на подготовка не ги крати, туку ги унапредува правата на лицата со попреченост. Исто така, при подготовка на истите направени се конултации со засегнатите страни и разговарано е со здруженијата на лица со попреченост, самите лица со попреченост како и со родителите на децата со попреченост и земени се во предвид нивните барања и сугестии.Она што сакаме да го нагласиме во врска со законското решение е следното:Лицата со попреченост ќе продолжат да го остваруваат правото на надосместок за помош и нега од друго лице,  заедно со второто право, односно правото за пореченост.Се воведуваат две нови услуги во Законот , односно услугата за Лична асистенција и услугата Домашна нега. Ови две услуги ќе може да се користат без разлика дали лицето користи некое од паричните права споменати погоре.Правото за попреченост кое досега го користеа само лицата со телесна попреченост, потполно слепите и потполно глувите лица, со новиот Закон ќе можат да го користат и лицата со интелектуална попреченост.Се зголемува висината на надоместокот на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост. Истата се покачува на 50% од просечна нето плата во државата.Висината на Гарантираната минимална помош се зголемува за  0,5 % за  првиот член, ако е лице со попреченост, односно за 0,2% за секое следно лице со попреченост во семејството, но најмногу за три члена. На овој начин се добива поголем износ на средства.Се проширува правото на траен надоместок за самохран родител кој се грижел за дете со попреченост. Со новиот Закон правото  ќе важи за сите родители, не само за самохраните. Правото на траен надоместок го остварува  родител кој се грижел за детето до неговата 26 годишна возраст, без истото да биде сместено во установа за социјална заштита, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж.Се воведува нова услуга за одмена на семејна грижа. Истата ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмена, одмор и задоволување на лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив. Ќе се зајакнува услугата за самостојно живеење со поддршка. Се воведуваат нови форми на згрижување , како што се привременото згрижување и роднинското згрижување.Сите овие новини значително ќе ги зголемат правата на лицата со попречност, ќе се зголеми обемот на услуги до коишто истите ќе имаат пристап,  ќе се преземат сериозни активности и ќе се вложат зголемени финансиски средства во индивидуалните услуги кои ќе овозможат независен  и живот на лицата во нивното место на живеење и нивно поголемо социјално вклучување.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Скопјанец каснат од куче-скитник

Вчера во 22,30 часот во Полициската станица Центар И.К.(49) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу околу 11,00 часот додека се движел по улицата “Македонија“ бил каснат од куче-скитник, по што се упатил во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Скопје | пред 7 години

pozar-1

Пожар во фирма во Скопје додека вработените работеле внатре

Вчера во 16,25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека во кругот на „МЗТ“ во фирма (погон ковачница и заварување) додека вработените работеле, од непознати причини настанал пожар под плочата, при што бил опожарен доводен кабел за струја.Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.На местото на настанот излегле полициски службеници од Полициската станица Гази Баба. Се работи на целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајка во Куманово, еден со тешки телесни повреди

Вчера околу 05,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во с.Љубодраг се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шевролет спарк“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Б.Ј.(46) од Куманово, и патничко моторно возило „Фиат Браво“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.Н.(27) од Куманово.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото моторно возило „Шевролет спарк“ Д.Н. (49) од Куманово, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани од лекар од Општата болница во Куманово.Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka

Тешко повреден битолчанец кој со автомобил удрил во бетонски столб

Вчера во 02,05 часот било пријавено дека во с.Могила-битолско патничко моторно возило “Хјундаи акцент“ со битолски регистерски таблици, управувано од Д.С.(22) од с.Могила-битолско, удрило во бетонски столб.Д.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола.Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

zavod-za-statistika

Попис без графа националност, прво официјално бришење на македонската нација во македонската држава

Пописот недвосмислено ќе потврди дека нема веќе Македонци не само формално туку и официјално, објави breitbart.mkДоговорот со Грција формално не избриша, а пописите секогаш се главен официјален доказ за постоењето на некој народ. Така ќе се исправи една историска кражба. Речиси сите лидери на Грција јасно ни порачаа дека брендот „Македонија“ сме го украле од нив и дека крајно време е да им го вратиме. Софија беше уште подиректна – во ЕУ само без македонизмот.Иако мотивите на Атина (брендот…) и на Софија (народот…) се различни, целта им е идентична. Тоа целосно не се поклопува ниту со политиките и интересите на Вашингтон, ама кој од балканските политичари мисли на утре“, пишува амбасадорот Ристо Никовски во колумна насловена „ Избришаните Македонци не смеат да воскреснат во новиот попис“ во која во старт констатира дека „пописот што ќе следува е извонредна измислица и генијален потег за дефинитивна елиминација на Македонците“.(…) Со пописот што се подготвува, којзнае по кој пат (ОРД; тиранска платформа; „консензуален“ претседател…), македонското мнозинство ќе се брише, бидејќи тоа не се совпаѓа со интересите на најголемото малцинство и, се разбира, на странците. Сепак, ова се последните игри околу судбината на Македонците.Кога ќе се активира договорот со Грција, нив веќе ќе ги нема и нема да бидат потребни нови акробации за нивно анулирање. Мораме да издржиме уште малку, да проголтаме уште некоја кнедла, колку и да се тие големи, додека целосно не станеме зомби“, пишува амбасадорот Никовски.извор: breitbart.mk

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

МВР со зајакната контрола во сообраќајот во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 08.12.2018 година во периодот од 06,00 до 22,00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.Шест возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 47 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Издадени се 53 мандатни налози.Откриени се и 45 останати прекршоци за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози.

Скопје | пред 7 години

otpor-komiti

Комитите со “жолти елеци” излегуваат на улица

„Почекавме малку, за да не реагираме импулсивно и со тоа да испратиме погрешна порака, но наша реакција никогаш не изостанала, па така и ќе биде... Нов режим го замени предходниот, повторно репресии, малтретирања, и повторно угнетувања врз Комити“, објвија на својот ФБ профил Kомити Скопје.Во продолжение еве го нивниот ФБ Статус во целост:Не демне државната апаратура со целиот свој капацитет, со целата своја моќ (не)дадена во доверба од народот, а злоупотребена од платеници кои го продаваат својот род за грст грошеви, за шака лажна надеж за подобро утре за себеси и своите чеда, а за сметка на нашите и ваши страдања...Ја очекуваат нашата реакција, по можност да е што порадикална за да ја продолжат својата приказна започната од нивните предходници (а и тие од оние пред нив), дека сме збироштина без концепт, пијани хулигани кои не знаат каде тераат. Тоа се тие стереотипи, но кога ќе налетаат на организација која има став, која брани принципи и вредности, која знае што сака и како да дојде до тоа, тогаш стануваме опасни, вон контрола и непожелни, тогаш им недостигаат оние наивни Комити кои пеат националистички песни, пијани и дрогирани шетаат по улиците и прават проблеми...Замислете, како такви не гледаат! А кои се тоа они?Профитерска влада клекната на колена чекајќи команда од оние кои ги поставија да бидат таму однадвор, се додека имаат употребна вредност, додека служат за туѓите интереси а против оние на својот народ...Опозиција која како дувло хиени го демне тронот занемарувајќи го фактот дека ја губи нацијата, фокусирани со животински инстикт да ја придобијат наклонетоста од странските господари и да докажат дека тие а не првите нечесници подобро ќе ги осигураат нивните интереси за сметка на Македонските, да добијат зелено светло да присвојат дел од нашето заради зголемување на нивното, да украдат што е можно повеќе од нашата чест за да имаат повеќе за себе, додека притоа тоне се она што се градело со децении, векови, милениуми...Као, економијата е топ тема сега нели?Тоне сонцето со шеснаесет краци, слободен пад од небото до бесконечноста, а дното сеуште не е допрено, сеуште не се слушна тој пад кој треба да не отрезни...тоне и она со осум краци, во калта и црнилото кое се таложат од нивните измеќарски гардероби на скитници кои не знаат кои се и што се, а кои навидум изгледаат скапо и отмено...Се мирисаат со најскапите парфеми а смрдат на предавство, трула миризба на луѓе кои се распаѓаат, нивните лица се сушат пред чадот создаден од нагонот за пироманство да гори се што потсеќа на Македонија, Македонско, Македонци...И повторно кутрите слуги на режимот по налог на олигархијата и предавниците вршат упади во нашите домови !Што ли се обидуваат да пронајдат? А во иднина ништо чудно и да подметнат!Мора да има причина зошто толку упорно си ја сакаме својата земја, тоа не може да е едноставно нагон на родољубие, да си го сакаме она кое го имаме, да мечтаеме за она што е наше а е одземено на неправеден начин, затоа што посилните така одлучиле...Не, не никако тоа, мора да има причина...Мора да има некоја мрачна сила која не храни со зли намери за да бидеме толку упорни и при сите притисоци повторно да ни е природен само еден пат, патот кон самопочитта, патот кон вечноста кој не води преку ископаните ровови од нашите предци каде сеуште не е исушена крвта која ја пролеаа за да имаме парче земја кое можеме гордо да кажеме дека е наша, Македонска...Тоа е нашиот пат браќа Комити, тоа е нашата судбина наши браќа и сестри Македонци и Македонки, одбрани сме да страдаме за својата земја, за своите, па дури и за оние кои сега не предаваат свесно и несвесно...Но нашиот пат е зацртан, нашите цели се јасни, плачот на нашите срца не може ништо да го смири освен целосна победа и прегазување на надворешните и внатрешни непријатели, компромисот тешко дека е возможен.Зарем историјата не е прочитана? Зарем не знаат или не чуле за Комитите и Војводите? Зарем помислија дека оние кои заминаа на Мечкин камен веруваа дека ќе ја добијат битката? Колку се само наивни и мали...не научија дека тие тие свесно заминаа во својата смрт затоа што тоа беше единствената алтернатива на Слободата. Тие не можат да го разберат нашиот фанатизам затоа што не се препознаваат во нашата историја, не ги ценат своите предци и газат врз нивните мошти за да донесат и да ни продадат погрешни вредности, вредности кои за нас не значат ништо доколку ја нема нашата Македонија, онаква каква што ја имаме, онаа за која сонуваме, за која се будиме и легнуваме, за која дишеме, за која живееме...Дигнете се браќа Комити, и бидете спремни да го одбраниме нашиот вечен идеал за Слобода, затоа што ако нема Слобода има само Смрт !!!Во меѓувреме да ве прашаме, каде се набавуваат оние жолти елечиња?, напишаа комитите од Скопје на ФБ.

Скопје | пред 7 години

IMG_1752

Кошаркарките на „Бадел“ остануваат непоразени во лигата, вчера ја победија екипата на „Вардар“

По синоќешниот дерби натпревар помеѓу двете непоразени екипи од првата женска кошаркарска лига ЖКК „Бадел 1862“ и „Вардар“, клубот од Кисела Вода на гостински терен во СРЦ „Кале“ извојува голема победа, со резултат 71-84 (20:21,19:15, 14:27 и 18:21).-И покрај тоа што полувремето заврши со водство на домашната екипа со 3 поени разлика, нашите кошаркарки во второто полувреме одиграа значително поквалитетно, поагресивно во одбрана и поефикасно  во напад, така да за кратко време  го преземаа водството и не го испуштија до крајот на натпреварот. Со оваа победа остануваме единствената непоразена екипа во лигата. Со сигурност можам да кажам дека нашиот клуб ќе биде лидер на првиот дел од натпреварувачката сезона - изјави Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК „Бадел 1862“.За овој голем успех на „Бадел“ најефикасни на теренот беа Александра Стојановска, со постигнати 26 поени и 16 годишната репрезентативка Наталија Секуловска со 17 поени. Заслужни за победата се и Сања Адамовска 15, Цветанка Димова 15, Сандра Лазареска 8, Сара Петровска 3, Катерина Поп Димитрова, Сара Максимовска, Наталија Гаревска и Ева Анастасова.

Спорт | пред 7 години

ivanob-pred-makedonskoto-sobranie-696x479

На 28 декември Иванов за последен пат ќе се обрати пред пратениците во Собранието

Претседателот на државата Ѓорге Иванов упатил барање до претседателот на Собранието Талат Џафери годишното обраќање пред пратениците да биде на 28 декември.„Почитуван господине Џаефери во согласност со член 45, став 1 од Уставот на Република Македонија, би сакал да се обратам пред пратениците на Собранието на Република Македонија и да ги известам за одредени прашања од моја надлежност.Ве молам тоа да ми се овозможи на 28 декември 2018 година, петок во 12 часот“н, пишува во барањето кое Иванов го испратил до Џафери.Џафери веќе ја закажал пленарната седница за обраќањето на шефот на државата на 28 декември.Претседателот на Собранието на последниот брифинг со новинарите рече дека Иванов ако не закаже термин можно е да не се обрати во Собранието, бидејќи веќе се планирани неколку пленарни седници до крајот на годината.Ова обраќање на Иванов, може да биде последно обраќање на Претседател на Република Македонија во Собранието. Со уставните измени, кои се очекува да стапат на сила на почетокот на 2019, државата ќе се преименува во Северна Македонија, со тоа ќе се преименува и функцијата на Претседателот – кој ќе биде Претседател на Северна Македонија.

Македонија | пред 7 години

48275649_195279844748324_1062521178989527040_o

(ФОТО) Три возила излетаа во канал поради замрзнатите патишта

За само три часа се слчиле ти сообраќајни незгоди на излезот од Пробиштип. Според информациите вода истекува од фабрика која се наоѓа во близина и поради ниските температури мрзне.„Во новата епизода на #Македонија_пат_повторно_изненадени ќе гледате: „Три сообраќајки за само три саати“. Во оваа епизода сум и јас еден од каскадерите.Ако возите Кратово-Штип внимавајте на излезот од Пробиштип непосредно пред бензинската бидејќи има вода која од фабрика истекува директно на асфалт и мрзне, а не се приметува наутро.Саат ипол пред ја да излетам (а се вртев ко рингишпил) некој со кола на истото место се превртел два пати и завршил со #Летиф_на_кроф за подоцна ја да завршам кај што завршив, а среќа што ледот не ме исрфли на другата страна, парампарче ќе бев. У меѓувреме додека чекав да дојдат по мене и додека полицијата ги успоруваше возилата за да не завршат ко мене, еден со BMW на истото место почна де лево, де десно, де у едно југо, де у мојата кола... југото избегна некако, а овој се влечеше се влечеше и заврши на две метри од мене, у канал ко и јас, ама незгодно ми беше да го сликам.Така да, ако овие од „Македонија пат“ немаат у тоа машините сол вие барем имајте у глава и возете паметно“, напиша едно од лицата кое излетало од патот на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

NG_elka_-ohrid

Охрид и годинава исполнет за Нова Година

Сместувачките капацитети во хотелите на Охридско-струшкото крајбрежје се целосно исполнети за новогодишните празници, инфорира претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески. Традиционално, според него гостите ќе бидат од Бугарија, Грција и Албанија и дел од Србија и Црна Гора.-Последните години интересот е многу голем кај гостите од Бугарија. Ние сме сакана дестинација, но и евтина дестинација. Не е само за Нова година, туку и преку цела година. Повеќето хотели се полни. Има некои мали хотели кои не можат да примаат поголеми групи и продаваат соба по соба, изјави Блажески за МИА.Блажески потенцираше дека добро помина и измината туристичка сезона на Охридско-струшката ривиера, со зголемување на бројот на туристи во однос на 2017 година. Имало и период кога сместувачките капацитети на крајбрежјето биле исполнети до последното легло.Инаку во Охрид групи туристи се шетаат и овој перид. Ги имаа од Холандија, Полска, Израел, Норвешка ,Турција, Кина и Јапонија, а годинва за Охрид интерес покажаа и Белгијците.За подобра туристичка сезона, позитивна слика кај туристите, но и нивната безбедност, првиот човек на хотелиерите на Македонија, смета дека е потребно итензивирање на работата на автопатот Кичево – Охрид, со акцент на забрзување на градежните работи од Охридскиот аеродром до Охрид и Струга.

Македонија | пред 7 години

1-7

Од оваа година, 8 декември во Романија се прославува како Ден на македонскиот јазик

Во присуство на високи претставници на романските државни институции, сенатори, пратеници, претставници на Друштвото на македоците во Романија и други поканети гости,  претставници на други национални малцинства, заедно со македонската делегација предводена од министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми се прослави „Денот на македонскиот јазик во Романија“, во просториите на Дипломатскиот клуб во Букурешт.На настанот свое излагање имаа пратеничката на Македонците во парламентот на Романија, Мариана Венера Попеску, министерот Едмонд Адеми, поранешниот министер за правда и надворешни работи на Романија и актуелен сенатор, Титус Корлатеан, директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, Амбасадорот на Република Македонија во Букурешт, Габриел Атанасов и претседалката на Друштвото на македонците, Лаура Елен Рогобете Кристеску.Од излагачите беше констатирано дека Македонците во Романија претставуваат мост за соработка и зачувување на традиционалното пријателство меѓу двете земји и двата народи, како на институцинален така и на национален, културен, јазичен план, за вистинско зачување на националниот идентитет, култура и изворното зачувувањето на традицијата.Министерот Едмонд Адеми, нагласи дека Македонците во Романија, се мотивирани со верба во знаењата на Конески, но и од духовната упорност и од трпението на Свети Климент, како и од визионерството на Крсте Петков Мисирков и на целата редица македонски дејци и просветители, кои го одбранија заслуженото место на македонскиот јазик како посебност во светската ризница на јазиците.Министерот Адеми изрази надеж дека Денот на македонскиот јазик во Романија, ќе продолжи да биде традиционален настан секоја наредна година, превземените обврски денес беспрекорно ќе ја играат својата историска мисија во просперитетот на Македонците во Романија, за сегашните и идните генерации.На свеченоста, се истакна дека Романија претставува постојан поддржувач на фундаменталните национални интереси на Република Македонија во насока на евроинтеграциите, регионалната соработка и целокупната стабилност, економскиот и социјалниот просперитет на сите земји од Западниот Балкан.Беше нагласено дека Романија од 1 јануари 2019 година за време на шестомесечното претседавање со ЕУ, ќе биде главен соговорник за членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Посебно се истакна поддршката за активностите на Владата на РМ во реформските активности како и добивање на датум за започнување на процес за преговори на Македонија за полноправно членство во ЕУ.За време на настанот „Ден на македонскиот јазик“, од членовите на Друштвото на македонците во Романија имаше богата културно-уметничка програма со изворни народни песни и ора и изложба на слики со мотиви од Македонија.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања