Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

mitko-jancev

(ВИДЕО) Јанчев го пронајде спасот од загадениот воздух

Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци синоќа на својот Фејсбук профил се пофали дека се општина која пронајде спас од загадувањето. Тој објави дека градот е третиран со аеросолизација, метода која прв пат е применета во таа Општина, а се применуваше неколку пати и во Куманово.„Оваа метода за прв пат се применува во Општина Кавадарци“, информираше градоначалникот Митко Јанчев на својот Фејсбук профил.Прскањето со аеросоли се врши во вечерните часови, а со оваа метода се врши зафаќање на ПМ10 честичките кои се таложат на улиците.https://www.facebook.com/MitkoJanchev/videos/298287817480468/

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: 11 години ВМРО ДПМНЕ го игнорираше проблемот со загадениот воздух и дозволи да достигне загрижувачки граници

Цели 11 години наместо превземање на конкретни мерки кои ќе влијаат на намалувањето на загадувањето на воздухот , ВМРО ДПМНЕ не презеде ништо, го игнорираше проблемот со загадениот воздух и дозволи да достигне загрижувачки граници, велат од СДСМ.„За разлика од таквиот несериозен и неодговорен однос кон овој проблем денес, владата предводена од СДСМ, заедно со општините,надлежните институции и ресорните министерства сериозно пристапуваат и се преземаат  конкретни мерки.Пошумување, обновување на зеленилото, засадување на нови садници и замена на старите се дел од мерките кои континирано и интезивно се спроведуваат.Акција за пошумување започна и општина Велес. На површина од 3 хектари се засадуваат 6.000 садници .Планот е освен есенското пошумување, да се засадуваат дрвја и на пролет, и со вакви силни акции да се придонесе за почист воздух и поздрава средина.Во град Скопје во тек е есенската акција на засадување на 3.500 дрвја. Претходно во пролетната акција беа засадени 4.000 нови садници.Сазадувањето нови дрвја продолжува. Нови 1.700 нови садници се планирани за засадување во дворовите на градинките , со што би се освежил просторот каде што најмалите го поминуваат најголемиот дел од денот.Во таа насока и општина Аеродром ја спроведува акцијата за зазеленување на дворовите на училиштата.Нов парк позади Македонската филхармонија и зелен кров на Градкиот трговски центар е она што се планира да се реализира наредниот период како дел од планот на градските власти за позелено Скопје.Гасификацијата, за која во Буџетот за 2019 година обезбедени  се 40 милиони евра, набавката на нови 40 еколошки автобуси, субвенциите за набавка на хибридни и електрични автомобили и велосипеди, потоа  субвенционирање на трошоци за вградување еколошко гориво во автомобилите, субвенции за набавка напечки на пелети и инвертори, се само дел од мерките кои ги превзема владата предводена од СДСМ заедно со надлежните институции за решавање на проблемот со загадувањето на долг рок.Свесни сме дека постои уште многу работа, но за прв пат институциите здружено и посветено делуваат, врз основа на план, со чија реализација ќе се намали загаденоста во Скопје до 50 проценти а во градовите низ внатрешноста од 30 до 50 проценти“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

esma

По големи пртисоци од јавноста кренат споменикот на Есма Реџепова, но згреши епитафот

По две години од смртта на Есма Реџепова-Теодосиевска, неофицијалната ,,кралица на ромската песна, нејзиното вечно почивалиште конечно доби достоинствено обележје-споменик, објави ако.мк.Откако никој од нејзините наследници, нејзините многубројни ,,деца“, не се договорија кој ќе ја преземе грижата за гробното место каде почива легендарната македонска пејачка на ромски песни, Владата ја презеде таа обврска и конечно финансираше изградба на споменик.Навистина е штета што посветата не е според стандардите на македонскиот литературен јазик, па всушност треба да стои Споменикот го подигНа Влада на РМ, а не подига како што е напишано сега.(Подигна -свршен глагол, подига-несвршен глагол.)Инаку неодамна за недоразбирањата меѓу наследниците на Есма сведочеше и Симеон Атанасов, едно од посвоените деца на Реџепова. Тој во изјава за Сител рече дека уште по 40-те дена од нејзината смрт сакал да направи споменик, но во тоа бил спречен од внуците на Есма.– Кој си ти да правиш нешто. Ние сме Реџепови, ти си Атанасов и немаш никакво право на ништо. Брутално бев тргнат на страна , изјави Атанасов.За наследството на Есма се води судски спор. Според двата тестамента кои таа ги оставила, домот во кој живееше треба да е Музеј во сопственост на државата. Авторските права за нејзината музика да ги добие нејзиниот посвоен син Симеон. Но, и двата тестамента се оспорени од внуците на Есма од нејзините браќа и сестри.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Само функционерите на СДСМ можат да си приуштат во најзагадените денови да ја напуштат државата

Македонија е државата со најзагаден воздух во Европа, а власта предводена од аболицираниот Заев не превзема ништо да го реши овој горлив проблем на граѓаните. На листата од десетте најзагадени градови во Европа, Македонија има дури три, Скопје, Битола и Тетово. Граѓаните секојдневно буквално се гушат во неспособноста на локалната и централната власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев не ја интересираат животите на илјадниците македонски граѓани кои се директна жртва на енормно загадениот воздух. Власта не ја интересираат животите на нашите најмили, животите на најранливите категории, на нашите деца, хронично болните и старите и изменоштени лица на кои аерозагадувањето особено штетно влијае.Власта и натаму на темата аерозагадување калкулира и собира дневно политички поени, тера политикaнтство и си игра со животите на нашите најмили. Власта и натаму не ги прифаќа итните мерки за справување со аерозагадувањето кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ, мерки кои што живот значат за нашите граѓани. Апелираме, прифатете ги нашите предлози и не си играјте со животите на нашите граѓани“, се вели во партиското соопштение.Според нив, животот дојде единствено за одбраните партиски и државни функционери на СДСМ кои ги полнат своите џебови преку криминални грантови и тендери и на наш грб можат да си приуштат во најзагадените денови да ја напуштат државата, да дишат чист алпски воздух додека обичните граѓани се гушат во црнила.“Црнилата надвиснаа над нашата држава, црнилата се во воздухот кој го дишеме, во власта која не превзема ништо. Црнила кои ги завија семејствата на оние чие најблиски се жртвите на загадувањето. Македонскиот народ знае дека актуелната власт нема ниту капацитет, ниту волја да го реши овој проблем, народот знае дека е потребна зората за да ги истераат црнилата, зора која ќе донесе здравје и почист воздух за сите“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Повредени повеќе од 100 лица во Париз, 1000 зад решетки

На протестите на „жолтите елеци“ во Франција уапсени се 1.385 лица, а 985 од нив се задржани на распит. Силни полициски сили се обидоа да ги запрат демонстрантите кои се движат низ центарот на Париз. На улиците на француската престолнина има 8.000 полицајци, дури и оклопни возила за прв пат по повеќе децении, за да се спречи насилството кое ги одбележа протестите минатата сабота.Францускиот минстер за внатрешни работи Кристоф Кастнер изјави дека 135 лица се повредени во протестите во Париз, а меѓу нив се и 17 полицајци. Според него на улиците во Париз имало 10 000 протестанти, а во цела Франција нивниот број бил околу 125 000.https://twitter.com/Conflicts/status/1071444073414836226?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1071444073414836226&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b6%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d1%2582%25d0%25b5%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2584%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bd%25d1%2586%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d1%2583%25d0%25b0%25d0%25bf%25d1%2581%2FМоже да се забележи чад, оган и барикади по улиците на Париз, како и оклопни возила. Полицијата испали солзавец кон демонстрантите на плоштадот во Париз, а протестите се одвиваат на неколку стотина метри од Елисејската палата, резиденцијата на претседателот Емануел Макрон. Демонстрантите возвратија со боци и метални шипки, петарди. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Почина Људмила Алексеева, најстарата руска активистка за човекови права

На 92 години во Москва почина најстарата руска автивистка за заштита на човековите права и поранешна советска дисидентка Људмила Алексеева.Комунистичкакта власт на Советскиот Сојуз ја протерал Алексеева од земјата во 1977 година, поради основање на најстарата руска организација за заштита на човековите права - Московска хелсиншка група. Во 1993 година таа се вратила во Русија и продолжила да се бори за почитување на човековите праваСоветот за човекови права при претседателот на Русија на својата Интернет страница соопшти за смртта на Алексеева, руска активистка за човекови права, една од основачите на Московската Хелсиншка група во 1976 година. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Без вода Автокоманда и Маџари

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради уличен дефект од ф-150 мм на булеварот Александар Македонски бб (спроти бензиската пумпа на Макпетрол), со намален притисок од 9 часот па  до завршување на работите ќе бидат населбите Автокоманда и Маџари.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Студено и облачно, со врнежи од снег

Во утринските часови времето ќе биде облачно со локален дожд, на повисоките места со дожд и снег, а на планините со снег. Во текот на денот ќе има разведрување и ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ноќта ќе има нови врнежи кои поради спуштање на постуден воздух од север, на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а на некои пониски места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.Утринските температури ќе се движат во интервал од -1 до 3 степени, а дневните од 6 до 13 степени. Во Скопје температурата ќе се движи од 1 до 9  степени.Во наредните денови времето ќе биде претежно облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Македонија | пред 7 години

kuba-11

(ВИДЕО) Колкаво е загадувањето во Охрид?

Деновиве многу актуелни се натписите за аерозагадувањето во Скопје, Битола, Тетово. Прашање кое се наметнува дали и колку е загадувањето во Охрид?Мерната  станица кај плажата Куба Либре покажува на околу 415 пм10 загадување.За потсетување социјалните мрежи вријат од коментари и критики за загадувањето во Скопје кога изнесува околу или над 200 пм10.Како и да е треба надлежните да се произнесат со точни бројки, официјални податоци дали и Охрид спаѓа во градовите со големо аерозагадување и се разбира да се превземат најитни чекори да се намали загадувањето ширум земјава.

Македонија | пред 7 години

miss-2018

(ВИДЕО) Која од која поубави, но мексиканката Ванеса де Леон прогласена за Мис светот за 2018

Мексиканката Ванеса де Леон во конкуренција од 117 учеснички од целиот свет  е избрана за победничка на изборот за убавина Мис светот 2018 што се одржа во Санја, Кина.„Не ми се еврува, навистина не ми се верува... сметам дека сите девојки го заслужија ова. Горда сум што ќе ги застапувам. Ќе направам најмногу што можам во периодот што е пред мене. Многу ви благодарам на сите“, рече Ванеса откако беше прогласена за Мис свет 2018.Ванеса по влезот во првите пет, убавицата од Мексико ги освои срцата со нејзините одговори на клучните прашања, како и со шармот, насмевката и совршената гардероба црвениот фустан со сребрени детали.Таа е првата Мексиканка која ја освоила оваа престижна титула. За најубава жена од Европа е прогласена претставничката на Белорусија.Македонија немаше своја претставничка на овој избор. 

Магазин | пред 7 години

prilep-22

Општина Прилеп одбележувајќи го св. Климент цвеќе положи на спомен одбележјето на Ченто !

„По повод патрониот празник на ООУ „Климент Охридски“, делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски и од училиштето денеска положи цвеќиња пред споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ,Методија Андонов Ченто и Могилата на непобедените. Во ООУ„Климент Охридски“ се одржаа и бројни активностии соодветна програма“, оваа вест е објавена на официјалната страна на Општина Прилеп.Останува нејасно зошто цвеќе на овој ден се полагало на спомен одбележјето на Ченто? 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

19 годишен охриѓанец нападнат од четири лица

 Д.К.(19) од Охрид утринававо 2:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавил дека дента околу 00:50 часот физички бил  нападнат од страна на четири лица пред угостителски објект на улицата „Живко Чинго“.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Македонија | пред 7 години

47682567_10155483803521706_7375708712779907072_n

Од утре нов сообраќаен режим пред Сити мол

Во недела (09.12.2018), започнува да функционира новото сообраќајно решение за потегот околу Карпош 4. Станува збор за новопоставената хоризонтална и вертикална сигнализација која ќе овозможи поголема безбедност и намалување на сообраќајниот метеж.-Токму оттука, од Карпош 4 од овој викенд започнува нов режим на сообраќај, со цел побезбедно движење на граѓаните и превентивно да ги заштитиме граѓаните, првенствено младите, од сообраќајниот метеж околу Сити Мол и во овој дел на Карпош 4, изјави денес градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.Според новиот режим на сообраќај, возилата кои се движат од ул. „Московска„“ и бул. „Партизански одреди“ во правец на „Љубљанска“, а сакаат да завртат лево за „Волгоградска“, сега ќе продолжуваат право и ќе можат да завртат лево на „Разловечко востание“.Новиот сообраќаен режим овозможува побрз проток на сообраќајот пред ТЦ Скопје Сити мол, а значително ќе ја зголеми безбедноста на движење на возила и пешаци и внатрешно, во населбата (долж сервисните улици).Сообраќајното решение е подготвено и одобрено од страна на повеќе надлежни институции и стручни субјекти: Општина Карпош, Градот Скопје, Министерството за внатрешни работи преку СВР Скопје и стручни лица – сообраќајни инжинери.За побрза и полесна имплементација на новото сообраќајно решение, градоначалникот Богоев најави дека ќе има присутни лица од СВР Скопје и од Општина Карпош, кои ќе ги упатуваат возачите и граѓаните како треба да се движат.-Ние како Општина остануваме на нашата заложба за побезбеден сообраќај и се надевам на уште поуспешна соработка во таа насока со СВР Скопје и со Министерството за внатрешни работи, а апелирам сите граѓани да ја почитуваат новата сообраќајна сигнализација, изјави Богоев.

Скопје | пред 7 години

italijata

Семејствата кои не трошат 1000 евра месечно се сиромашни во Италија

Во оваа држава сиромашни се семејствата кои не трошат 1000 евра месечноЛани во земјата имало 1.6 милиони вакви семејства. Тоа значи дека околу 4.7 милиони луѓе се сиромашни.Овие податоци ги објави Државниот завод за статистика на Италија. Едно лице треба да троши најмалку 819,13 евра месечно.Оние кои живеат во помалите места, месецот можат да го поминат со помалку пари. На Италијанците кои живеат на југот од Италија месечно им се потребни 500 евра по лице.

Магазин | пред 7 години

Komemorativna-sednica-2

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ со комеморативна седница во чест на Георгиевски: Аналитичкиот центар на партијата ќе го носи негово име

Денес во седиштето ВМРО-ДПМНЕ се одржа комеморативна седница во чест на Неговата екселенција, професорот, Љубиша Георгиевски.При самата комеморативна седница се обрати Роберт Вељаноски, кој посочи дека да се биде современик на безвремениот Љубиша Георгиевски е привилегија со која човекот Љубиша Георгиевски не почести сите нас.-Неговата татковска трпеливост и бескрајна духовитост, ја чинеше секоја средба празник за умот и душата. Беше ласерски прецизен во мислата и зборот, умерен кога нудеше и бескрајно дарежлив кога даваше совет. Љубиша Георгиевски беше човек доследен на својот професионална определба. Беше човек сега и овде. А, беше присутен секаде каде што требаше и секогаш кога требаше. Љубиша Георгиевски достоинствено и ненаметливо, беше активен учесник, поддржувач и еден од креаторите на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кој несебично се вложуваше себеси во идеологијата во која безрезервно веруваше, идеологија која тој длабоко ја чувствуваше во своите дамари и која ја препознаваше во сопствениот ген. Би требало да се истакне дека е непроценлив неговиот придонес во политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваа на македонската култура, каде на располагање го стави сиот свој раскошен интелектуален и човечки потенцијал и капацитет.По завршување на обраќањето на Роберт Вељаноски, свое обраќање имаше и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Во продолжение го пренесуваме неговиот говор:„Што туку дознав од госпоѓата Георгиевска дека сакал да ми каже да имаме конвенција за избор на претседател. Епа драг професоре, ќе имаме таква конвенција во Струга во февруари месец. И тоа беше одлука на последниот Извршен Комитет на партијата.Мартин Лутер Кинг велеше можеме да го прифатиме конечното разочарување, но никогаш не смееме да ја загубиме бесконечната надеж. А луѓето не умираат кога престануваат нивните животи, туку живеат се додека се паметат нивните дела.Професорот Љубиша Георгиевски беше еден од ретките интелектуални и плодоносни синови на оваа земја кој остави зад себе неизбришлива трага која ќе се памети низ годините и децениите што следат.Луѓе растеа, живееја и остаруваа со неговото творештво. Неговите сестрани дела се додадена вредност во културната, театарската, филмската и научната сфера на нашата мила татковина. Неговиот бистар ум и течна мисла ги доловуваше најсуштествените аспекти на човечкиот живот. Неговите филмови остануваат историско благо за нашата татковина. Синовите на една нација не се забораваат, тие продолжуваат да живеат, да се споделуваат, да се сеќава нацијата на нив.Ниче велеше најтивките зборови носат бура, а мислите кои доаѓаат тивко на прсти, управуваат со светот. Таков беше професорот, тивок, иако ненаметлив, но доминантен, и впечатлив човек кој умееше со неговата ненаметливост да стане предводник на процесите, да биде вистински предводник на една генерација која со себе носеше мудрост, знаење но и визија.Тој воедно беше и исклучителен патриот, непоправлив оптимист, но и сведок на сите историски премежја низ кои што поминала неговата татковина Република Македонија. Неговата грамадна големина во битисувањето на македонската држава, неговата исклучителна љубов кон нашата земја и нашиот народ ќе биде запаметена.Секогаш се ставаше над ситуацијата и ја гледаше големата слика. Тоа го чинеше неговото животно и професионално искуство. Јас можам да кажам дека ја имав приликата во последниот период да поминам повеќе часови во разговори во кој најчеста тема беше токму состојбата во Република Македонија, за нашата татковина.Загрижен ќе му речев, државата ни ја разграбуваат, ја уништуваат. Со секој поминат ден, се помалку ја има. Ќе се насмееше и ќе одговореше Македонија е претседателе, поголема од сите неправди, прогони и наказувања, и таа сепак ќе воскресне и победи, бидејќи таа е идеја, емоција и наша судбина.Ми велеше Бог секогаш има план. Македонија не постои за да биде уништена, туку да им пркоси на оние кои сакаат да ја уништат. Особена чест ми беше кога присуствуваше во МНТ при одбележувањето на празникот 23-ти октомври, денот на Внатрешната револуционерна организација. Иако во поодминати години тој сепак дојде, беше дел од манифестацијата. За мене тоа беше чест, а за него исто така беше одавање на почит кон светите букви ВМРО, но и кон партијата ВМРО-ДПМНЕ за која посвети значаен дел од својот живот.„Ако понекогаш блескав, тоа е само затоа што горев“, беа негови зборови, но тој 23-ти, и секогаш порано постојано блескаше со својот карактер и големина.И ми пренесе еден негов претходен цитат, велеше – „Христијан, знам дека има многу невистини, многу напади врз тебе, но знај дека сите оние кои низ животот ми ги вадеа очите, ми ги цртаа веѓите после тоа“.Тоа е големиот професор, а ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе го паметиме и негуваме неговото дело.Во негова чест ќе предложам пред органите на партијата, партиско истражувачкиот аналитички центар да го носи токму името на професорот Љубиша Георгиевски, како скромен допринос за неговото големо дело и посветеност кон партијата ВМРО-ДПМНЕ.Македонија го почитува безвременското дело неговото. Таа 94-та година ги започнав моите политички активности во ВМРО-ДПМНЕ за време на тие претседателски и парламентарни избори, како претседател професорот Љубиша Георгиевски го напушти современиот живот но ќе остане безвремен помеѓу нас.И затоа наместо едноминутно молчење, мислам дека е соодветно да станеме сите и да му дадеме почит со огромен аплауз.Почивај во мир професоре“-заврши Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Девојче нападнато од разбојници во Скопје

Вчера во 16,50 часот во СВР Скопје Д.М. Р. (38) од с.Визбегово-скопско пријавила дека околу 15,30 часот на улицата „Гиго Михајловски“ од  непознато лице било извршено разбојништво врз нејзината ќерка,при што и бил одземен мобилен телефон.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

policija-3-640x382

Ограбена трафика во Центар

Вчера во 19,55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата “11-ти Октомври“ во тобако непознат сторител извршил разбојништво и одзел околу 15.000 денари.Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

134301833

Им ветил евтини дрва за огрев, но ги измамил и им зел 4000 денари

Вчера во 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Велес А.М.(55) од Велес пријавила дека истиот ден во нејзиниот дом дошло непознато лице и на неа и нејзиниот сопруг им понудил дрва по цена од 2000 денари по кубен метар. Откако се договориле за купопродажба, лицето заедно со сопругот на пријавителката заминале за да ги видел дрвата. По кратко време лицето се вратило и и рекло дека се договориле со нејзиниот сопруг и дека требало да му даде 4000 денари. Откако му ги дала парите лицето си заминало, а по кратко време пријавителката и нејзиниот сопруг сфатиле дека биле измамени. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

DSC_1591

(ВИДЕО) Заев: Договорот со Грција ја гарантира иднината на Македонија

Премиерот Заев во Лисабон, во рамки на дводневната работна посета на Португалија и неговото учество на Конгресот на ПЕС, одговараше на новинарски прашања на неколку странски медиуми.Во однос на процесот во Парламентот, во врска со уставните измени, согласно Договорот од Преспа, премиерот Заев во одговор на новинарско прашање изрази уверување дека инклузивниот процес во Собранието ќе заврши успешно.-Досега како што се движат работите, преку еден интерактивен процес во самиот Парламент, верувам дека ќе се соберат сили да се обезбеди двотретинско мнозинство како што се обезбеди на самиот почеток, за да се отворат уставните промени. Јавната дебата во Парламентот е многу конструктивна, квалитетна и верувам дека и преку тоа граѓаните ќе дознаат и за сите детали од самиот Договор со Грција, но и Парламентот ќе изнајде начин како да собере сила и да ја гарантира иднината на Република Македонија. Затоа што конечно со овој Договор, а и претходно со Договорот со Бугарија, ние ги затворивме нашите билатерални проблеми, кои што ги имавме со соседите. Стануваме нормална земја, европска земја, каде што заедно со реформите се надеваме, убедени сме дека навистина ќе бидеме следната, триесетта земја-членка на НАТО и во јуни 2019 година, ќе ги отпочнеме преговорите со отворање на Поглавјата за Европската Унија, рече премиерот Заев.На прашањето на медиумите за бегството и однесувањето на претходниот премиер, Никола Груевски, кој избега од Македонија, премиерот Заев рече дека согласно меѓународните стандарди и конвенции Груевски треба да биде вратен на издржување на правосилната судска пресуда во Македонија. Заев изрази надеж дека Унгарија ќе ги преиспита одлуките и ќе го врати на издржување на казната.- Во Македонија, едно од најсилните реформи е реформата во правосудството, целиот правосуден систем е под строга контрола и мониторинг на Европската комисија и Европската Унија и преку еден транспарентен процес, јасна е казната на Никола Груевски со правосилна пресуда, која што беше дадена од судот. Но, давањето на азил од страна на Унгарија за нас е навистина неприфатливо, затоа што ниту по еден меѓународен закон, меѓународна конвенција, дури и по законодавството на Унгарија, не е дозволен азил за човек, кој што е веќе осуден со правосилна пресуда. За нас е тоа многу горчливо чувство заради тоа што од една земја членка и на ЕУ и на НАТО, ваков сигнал да добиеме како земја кандидат навистина е непријатно. За нас, владеењето на правото, е светост, за нас европските вредности се светост. Ние се надеваме на тие европски вредности и веруваме дека навистина Унгарија ќе ги разгледа своите одлуки, ќе одговори на нашите барања и ќе го врати Никола Груевски на издржување на казната, рече премиерот.Европа знае да ни каже, многу јасно и отворено, кога нешто не чини во Македонија. Така треба да биде и во сите други европски земји. Европската комисија и многу други европски земји веќе реагираа, јас навистина се надевам пријателска Унгарија дека ќе постапи онака како што меѓународните Конвенции, меѓународното право тоа го предвидува. А, тоа е, да го прифати нашето барање за да го испорачаат или екстрадираат Никола Груевски назад во Македонија, додаде премиерот Заев во одговорите на прашањата на медиумите.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајката во Битола последица на непрописно претекнување

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место каде синоќа се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.„По дадени наредби од страна на надлежниот јавен обвинител обезбедени се и прибрани траги од лице место. Дадена е и наредба за вршење на сообраќајно техничко вештачење, како и за вршење на обдукција на починатите лица.Според првичните сознанија до несреќата дошло откако патничко моторно возило марка Ауди А6 во кое како возач и совозач се наоѓале сега починатите, се обидело да претекне друго патничко моторно возило Голф со регистарски ознаки од Ресен. Движејќи се кон Битола, при обидот за претекнување, а поради неприлагодена брзина на движење на возилото, патничкото возило Ауди удрило во товарно моторно возило – цистерна Мерцедес кое се движело во сообраќајната лента од спротивната насока. Од силината на ударот, на лице место животот го загубиле возачот и совозачот на моторното возило Ауди, родени 1984 година и 1991 година, двајцата жители на с. Канатларци, прилепско“, стои во соопштението од ОЈО.

Македонија | пред 7 години

Pariz-1

„Жолтите елеци“ се судрија со полицијата - хаос во Париз...

Хаос во Париз. Жолтите елеци се судрија со полицијата. Полицијата употребува солзавец 211 биле уапсени до сега, затоа што биле наоружани со чекани и шипки, па дури и оружје и молотови коктели.Неколку илјади жолти елеци се наоѓаат на Шанзелизе, каде полицијата постави барикади и оклопни возила и испука огромен квантитет на солзавец. Слоганите се истите како и претходните три викенди на протести, тој најгласниот е „Оставка за Макрон“.Француските полициски сили целосно го блокираа парискиот плоштад Конкорд, кој директо е наспроти Елисејските полјани, а се наоѓа неколку стотина метри од претседателската палата. Со тоа полицијата им оневозможи на „Жолтите елеци“ да им се придружат на демонстрантите на Елисејските полјани. Претставници на ова неформално протестно движење изразија во саботата разочарување поради обемното ангажирање на полициски сили од 89.000 припадници, оклопни возила, специјални единици, водени топови и користење солавец, и сметаат дека тие се „претарани… и ги оневоможуваат да протестираат“.Парискиот весник Le Figaro додава и дека полицијата во Гренобл го уапсила еден од лидерите на „Жолтите елеци“, Жилиен Терје, бидејќи наводно организирал неодобрени протести во овој град.Истовремено во Брисел полицијата ја блокираше целата зона во којашто се наоѓаат европските институции, забранувајќи ги приодот во оваа зона за пешаците и за возила. Белгискиот дневен весник Le Soir пренесува дека атмосферата во главниот град е тензична, но оти нема насилства.Стотиции белгиски полицајци се ангажирани, во Брисел, каде што минатата седмица „Жолтите елеци“ се судрија со полицијата и запалија две полициски возила, а во саботата се уапсени 70 лица.Протести денеска има во Холандија, иако ниту Белгија ниту Холандија не предложија зголемување на наметите за горивата, што беше катализаторот за масовните и насилни протести во Франција последните седмици.

Свет | пред 7 години

drzavna-nagrada

Врачена државната награда Св. Климент Охридски

Годинешни добитници на државната награда за 2018 година се просветните работници Кимет Агаи и Аднан Агаи за остварување во областа на воспитанието и образованието, режисерот Владимир Милчин, балетскиот уметник Емилија Стаменковиќ (Џипунова) и писателот Томислав Османли во областа на културата и уметноста и патофизиологот, специјалист по нуклеарна медицина проф. д-р Борислав Каранфилски во областа на здравството.Денеска во чест на празникот „Свети Климент Охридски“ во Собранието на Република Македонија на добитниците им беше врачена истоимената награда.Наградите им ги врачи претседателот на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, академик Влада Урошевиќ, кој рече дека наградата ја сфаќа како убава можност на дејците во културата да им се надомести барем мал дел од тоа што навистина го заслужиле.– Културата е се помалку присутна во медиумите. Време е да ја ослободиме културата од комерцијализацијата и политизацијата. Единствен наш вистински адут во барањето рамноправно место меѓу народите е културата, од воспитанието и образованието до највисоките дострели на уметноста. Доделувањето на оваа награда ја смета како убав придонес кон надминувањето на опасностите кои ја демнат македонската култура, додаде Урошевиќ.Од името на добитниците се заблагодари проф. д-р Каранфилски, кој рече дека наградата е израз на посебно високо општествено признание за постигнатите резултати.Наградата „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

gruevski-2

Tелохранител на Груевски алармирал дека тој се однесува сомнително!?

Еден од шестмината телохранители на Никола Груевски, кои му припаѓаат по службена должност како поранешен премиер, кај своите претпоставени алармирал дека тој се однесува сомнително.Тоа, според информации на „Фокус“, се случило непосредно пред Груевски да избега во Бидумпешта, каде доби политички азил.Како што дознаваме од добро упатени извори, македонските власти досега утврдиле дека поранешниот премиер нелегално ја преминал македонско-албанската граница во близината на Дебар, но се уште е непознато кој се му помогнал да ја изведе оваа операција

Македонија | пред 7 години

47686021_10155485745366706_1027285271588110336_n

Насилно отстранети заштитните столпчиња во Карпош

Насилно се отстранети заштитните столпчиња, долж тротоарот, кај училиштето „Војдан Чернодрински”, во урбаната заедница Владо Тасевски (Млечен).„Овие столпчиња се поставија по барања на повеќе заедници на сопственици - граѓани, од различни згради, со цел тротоарите да бидат безбедни и слободни за движење за најмладите.Повикуваме уште еднаш, да престане свесното уништување на урбаната опрема, со што се прави директна штета за населбите, но и на Буџетот на Општина Карпош.Секој оној, кој ќе продолжи со насилството и вандализмот, мора да биде санкциониран“, велат од Општина Карпош.

Скопје | пред 7 години

27-april

Агенција за разузнавање го осуди исказот на Нинџа: Ако ова продолжи може да се креира нова безбедносна закана

Агенцијата за разузнавање отфрла било каква вмешаност во незаконски активности и потенцира дека ако се продолжи со нарушување на основните човекови и професионални вредности можеме самите ние како граѓани на ова општество да креираме нова безбедносна закана во државата.-Во последните неколку дена во разни медиуми искажани се многу невистини околу работата на Агенцијата за разузнавање. Најостро ги осудуваме сите овие обиди за вмешување на Агенцијата во кои таа нема активности. Агенцијата постапува според своите законски надлежности, се вели во денешното соопштение од АР.За сите минати безбедносни настани, посочуваат оттаму, Агенцијата остварува тесна соработка со Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи.-Поради текот на истрагите сметаме дека вакви слободни и самоволни толкувања на работата на Агенцијата на никого не му одат во прилог. Во исто време сакаме јасно да укажеме на јавноста дека ако се продолжи со нарушување на основните човекови и професионални вредности можеме самите ние како граѓани на ова општество да креираме нова безбедносна закана во државата, се посочува во соопштението.Агенцијата, се додава во него, ја поддржува кампањата за борбата против лажните вести, но воедно и апелираме дека борбата против лажните вести и манипулации почнува од сите нас.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања