Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

Нема фотографија

Се подготвува законот за амнестија, обвинетите сами ќе треба да се изјаснат дали ја прифаќаат амнестијата

Алсат дознава дека законот за амнестија ќе биде разгледан во понеделникот на средбата на групите за помирување. Предлогот предвидува дека обвинетите треба јасно да се изјаснат дали ја прифаќаат амнестијата или според принципот на невиност сакаат да продолжи судската постапка.Законот нема да вклучува лица за кои постои материјален доказ за кривично дело Насилство. Исто така, во законот не се вклучени организаторите и делата за кои се обвинети во случајот како поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.По разгледувањето на нацртот од пгрупите за помирување, истото ќе треба да помине во координативното тело каде што треба да добие поддршка од сите за после да оди на парламентарна процедура.

Македонија | пред 7 години

tsipras_putin_web-thumb-large

(ВИДЕО) Ципрас: Ќе носам вратоврска ако ми ја подари Путин

По средбата на двајцата лидери во Москва, Ципрас не носеше вратоврска, туку бела кошула со разлабавена јака. Путин имаше вратоврска.https://twitter.com/Kremlinpool_RIA/status/1071051546371284993?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1071051546371284993&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.dosie.mk%2Farchives%2F6299Грчки новинари го прашаа Ципрас зошто не го исполнил ветувањето дека ќе почне да носи вратоврска ако неговата партија победи на парламентарните избори и ако проблемот со огромниот грчки јавен долг биде решен.„Јас веќе го исполнив тоа ветување, кога победив (во спорот со долгот). Но многу брзо ја тргнав вратоврската, бидејќи таа е јазол околу вратот на грчкиот народ. Тоа е симбол. Сепак, ако господинот Путин ми даде таков подарок, на следниот состанок јас ќе го носам“, изјави Ципрас.Грчкиот премиер, како и многу други членови на левичарската влада на Грција, од принцип не носи вратоврски, па дури ни на официјални настани. Пред вонредните парламентарни избори Ципрас им вети на новинарите дека ќе почне да носи кравати кога ќе се најде решение за грчкиот проблем и кога Грција ќе ги исплати долговите. Потоа европските политичари почнаа да му подаруваат вратоврски.

Свет | пред 7 години

italija

(ВИДЕО) Шест лица загинаа, а над 120 беа повредени во паника во клуб во Италија

Најмалку шест лица загинаа, а околу 120 се повредени во паника во ноќен клуб во Италија, објавија локалните власти, пренесени од агенциите. Состојбата на најмалку 10 од повредените е сериозна.Инцидентот се случил околу 01:00 часот по локално време, во клуб во близина на градот Анкона.Според некои извештаи паниката настанала при прскањето на спреј во салата на клубот, но тоа не е потврдено официјално.Клубот бил полн и многу од повредените ги добиле повредите при бегање во паника. Клубот бил домаќин на Ебаста Филд, познат италијански рапер, а на неговиот концерт имало повеќе од 1.000 луѓе.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Ѓорчев на средби во Стејт департментот, ИРИ, НДИ и УСАИД

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за време на посетата на Вашингтон се сретна со глобалниот директор на НДИ Дерек Мичел.На средбата Ѓорчев се заблагодари за досегашната соработка со НДИ и нивната работа со политичките партии во Македонија.Во седиштето на ИРИ Ѓорчев се сретна со директорот за Европа Пол Мекарти и директорот за трансатлантска стратегија Јан Суротчак.Соговорниците ја констатираа досегашната соработка на ИРИ и ВМРО-ДПМНЕ, со акцент на идните активности и соработка. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде долгорочен партнер на ИРИ, како структура блиска до Републиканската партија, која е наша сестринска партија.Во седиштето на УСАИД Ѓорчев се сретна со Гречен Биркл, заменик од бирото за Европа и Евроазија. На средбата стана збор долгогодишната помош на УСАИД за Македонија, како дел од односот на САД кон Македонија, Балканот и Европа.Помошта и програмите на УСАИД имаат корисни и добри ефекти, особено во делот на економскиот развој кој што е клучен за граѓаните на Македонија.Пратеникот Ѓорчев во Стејт Департментот се сретна со Џил Дитрих и Џошуа Луис од канцеларијата за Македонија во Стејт Департментот.На средбата Ѓорчев ги запозна соговорниците со актуелната ситуација во Македонија поврзана со политичкиот прогон, проблемите со слободата на медиумите, контролата на власта врз судството и економските проблеми.На сите средби Ѓорчев го подвлече пријателството и сојузништвото на Македонија и САД, со желби за понатамошна соработка и засилени контакти

Македонија | пред 7 години

IMG_1775

Велковски: Интезивно се работи на изградба на нови патишта и реконструкција на голем број патни правци

Градиме по план за развој на патната инфраструктура во Македонија. Преку интенизвни циклуси се случува значајна планска изградба на нови патишта и реконструкција на голем број патни правци низ целата држава во интерес на граѓаните, изјави Диме Велковски на денешната прес-конференција.„Ова се поважните патни делници, кои се завршени за период од само 1 година или се во изградба во моментов, во рамките на нашиот план за развој на патиштата во Република Македонија.Завршена е изградбата и реконструкцијата на автопатот Демир Капија – Смоквица, на обиколницата во Скопје, на обиколницата во Битола.Извршена е рехабилитација на возната лента на автопатот Петровец – Миладиновци и Кадино – Хиподром, реконструкција на левиот коловоз на автопатот Куманово – Миладиновци, рехабилитација на регионалниот пат од мост Близанско – Калуѓерец, на трета лента на Валандовско брдо, на регионалниот пат Дебар – ГП Блато, регионалниот пат Петровец – Катланово, регионалниот пат Пршовце – Јегуновце и делницата Охрид кај Билјанини извори.Реконструиран е регионалниот пат Гостивар – Колари, како и регионалниот пат Берово – Струмица, регионален пат Сарај – Групчин, регионален пат Битола – Новаци и регионален пат Кочани – Делчево“, изјави Велковски.Тој додаде дека интезивно се работи во сите региони на Македонија, за сите граѓани и за економски развој на општините.„Во тек се градежни активности за изградба на автопатот Кичево – Охрид, автопатот Миладиновци – Св.Николе – Штип, експерсните патишта: Штип – Радовиш и Ранковце - Крива Паланка, експресен пат на делница Градско – Дреново, експресен пат на делница Дреново – Фариш и експресен пат делница Штип – Крупиште.Се реконтруираат и транзитните патишта кај Охрид и кај Кавадарци.Нема дел од Република Македонија на којшто не се градат или обновуваат патиштата.Развојот, унапредувањето и модернизацијата на патната инфраструктура ќе продолжи со несмалено темпо и во следната година.Наскоро започнува втора фаза од изградбата на експресен пат делница Крупиште – Кочани, втора фаза од изградба на експресен пат делница Бучим -Радовиш, како и изградба на експресен пат делница Прилеп-мост на Леништа река и доизградба на една лента Крива Паланка – Деве Баир.Во планот е и рехабилитација на неколку патни правци како патниот правец Куманово – Страцин; патните правци Младо Нагоричане – Пелинце, Куманово – Свети Николе, Тетово-Попова Шапка, Јурумлери – Драчево, Битола- Демир Хисар. Потоа, Драчево – Орешани, Делчево – Звегор, Делчево – Пехчево, Берово-Виница патниот правец Струмица – Ново Село, како и првците Кавадарци – Росоман и Фурка-Богданци – Гевгелија.СДСМ како одговорна партија останува посветена на развој и унапредување на патната инфраструктура што обезбедува брз, ефикасен и безбеден сообраќај и транспорт.Градиме по план, со изградба на инфраструктура што ќе значи иднина и засилување на македонската економија, за сите граѓани, за сите општини во државата“, изјави Велковски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Помирувањето на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ започна од Охрид на Свети Климент

Ретка глетка пред споменикот на Свети Климент Охридски.Делегацијата која денес положи цвеќе и се поклона пред споменикот на Свети Климент Охридски во Охрид, а која ја предводеше Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски беше составена од координаторите на советниците на СДСМ Константин Георгиевски и Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ.Од Протоколот при Општина Охрид за „Скопје 1“ велат дека ја вовеле оваа пракса од причина што сакале да покажат поголема професионалност во организирањето на настаните и тргнувајќи од логиката дека животот во градот го сочинуваат сите политички субјекти.

Македонија | пред 7 години

48091926_2098287830217418_5285146446742421504_n

Делегација од Град Скопје во посета на Дрезден

Делегација на Градот Скопје, составена од градоначалникот Шилегов и тимот задолжен за спроведување на европскиот проект MAtchUP, изминатата недела оствари повеќедневна официјална повратна посета на збратимениот град Дрезден, СР Германија.Тимот задолжен за спроведување на проектот MAtchUP е составен од поголем број вработени од градската администрација кои работат во областа на урбанизмот и енергетската ефикасност, како и директори на повеќе јавни претпријатија.За време на посетата градоначалникот Шилегов оствари средба со градоначалникот на Дрезден, Дирк Хилберт (Dirk Hilbert) на која градоначалниците дискутираа за досегашната соработка помеѓу двата збратимени града, како и областите каде што може да се продлабочи истата.- За време на посетата разговаравме за продлабочување на соработката и понатамошната размена на искуства со Дрезден во областа на противпожарната бригада и цивилната заштита. Значителна е и соработката од областа на културата, пред се, за апликацијата на Град Скопје за Европска престолнина на културата во 2028 година, ако се земе предвид дека Дрезден аплицира за истата титула за 2025 година – кажа по средбата градоначалникот Шилегов.За време на повеќедневната посета делегацијата од Градот Скопје оствари средби со претставници на Градот Дрезден задолжени за повеќе области, како што се животната средина, јавниот транспорт, културата и противпожарната заштита.Во рамки на посетата на Дрезден, делегацијата од Град Скопје присуствуваше и на работилници во рамки на европскиот проект MAtchUP, на кој присуствуваа и претставници од преостанатите градови кои се дел од овој проект. MAtchUP е проект за „паметен град“ (Smart City), кој вклучува три водечки градови Валенсија (Шпанија), Дрезден (Германија) и Анталија (Турција) и четири градови-следбеници Остенд (Белгија), Герција (Израел), Скопје и Керава (Финска). MAtchUP градовите ќе ги здружат силите за да ги преструктурираат своите социјални, економски и еколошки модели и да промовираат социјална инклузија, подобри услови за живеење и просперитет за своите граѓани. Во рамки на овој проект ќе се дизајнираат и имплементираат палета иновативни решенија од областа на енергетиката, мобилноста и ИКТ, кои ќе се користат како модел на урбанистички трансформации за други градови во Европа и пошироко. Целта е градовите да се стекнат со посветли решенија на располагање на нивните паметни заедници. Овие решенија ќе ги подобрат локалните економии и квалитетот на живот. Понатаму, ќе се користат и како модел за репликација во други градови и ќе доведат до урбана трансформација со активно учество на граѓани и други заинтересирани страни.Овој проект е финансиран од Европската програма за истражување и иновации Хоризонт 2020.Посетата на Дрезден е возвратна посета. Во месец октомври годинава делегација од Дрезден, предводена од заменик-градоначалникот на Дрезден, задолжен за ред и безбедност, Детлеф Сител, го посетија Скопје и остварија поголем број официјални средби.Скопје и Дрезден се збратимени градови од 1967 година и градовите имаат одлична соработка, пред се во областа на културата, образованието и противпожарната заштита.

Скопје | пред 7 години

soobrakajka1-1

Почина 73-годишен пешак од Куманово

Вчера во 16,50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка (на излез од Куманово) патничко моторно возило „Тојота јарис“ со скопски регистерски таблици, управувано од Л.С.(45) од Скопје, удрило во пешакот Д.В.(73) од Куманово. На местото на настанот починал пешакот.Извршен бил увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Приведена Бугарка поради посредување при вршење проституција

На 07.12.2018 година во 10,00 часот во Тетово на улицата “120“, од страна на полициски службеници од СВР-Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено крвично дело „посредување при вршење проституција“ приведена била Ј.Н.(47) од Р.Бугарија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Две лица загинаа во сообраќајка на патот Битола-Прилеп

Вчера во 20,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп–Битола кај с.Вашарејца, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “Мерцедес“, со битолски регистерски таблици, управувано од Д.С.(38) од Неготино, патничко моторно возило „Ауди А6“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Џ.И.(34) од од с.Канатларци-прилепско и патничко моторно возило “Голф“ со ресенски регистерски таблици, управувано од  С.Т.(37) од Ресен.Во сообраќајната незгода на местото на настанот починале возачот Џ.И. и сопатникот од истото возило А.И. (27) од с.Канатларци-прилепско. Со телесни повреди се здобил другиот сопатник од возилото “Ауди А6“, Р.М.(30) од с.Канатларци-прилепско и возачот Д.С.Извршен бил увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

kucinja-skitnici

Малолетник каснат од куче во Скопје

Вчера во 22,20 часот во Полициската станица Аеродром Б.Г.(49) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20,00 часот на улицата “Владимир Комаров“неговиот 15 годишен син бил каснат од куче-скитник за ногата.

Скопје | пред 7 години

soobrakajka

Сообраќајка на патот Скопје-Велес, починаа две лица

Вчера во 14,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во атарот на с.Сопот, патничко моторно возило „Рено Меган“ со кочански регистерски таблици, управувано од Г.Б.(35) од Кочани, излетало од коловозот. На местото на настанот починале возачот и сопатникот Д.М.(36) од Кочани. Извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Naum-stoilkovski

(ВИДЕО) Стоилковски: Државата мора да отвори нова истрага за атентатот на Глигоров

Државата мора да покаже интерес и да отвори истрага за атентатот над поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Денес по 24 години повторно се отвора трага, по сеќавање и сведочење на поранешен Претседател на Собранието на Република Македонија и на емнинентен новинар. Мора да се покрене истрага по овие наводи. По допрен глас, или по како и да сакаат да најдат основа и да ги наречат овие јасни нивни показатели и исказим, изјави Наум Стоилковски на денешната прес-конференција.„Срамно е што се уште изостанува реакција на институциите околу сведоштвата на Стојан Андов кој директно го посочи Љубомир Данилов Фрчкоски како инволвиран во атентатот на Киро Глигоров.И Зоран Заев, исто како и „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ молчат околу новите наводи за атентатот врз Претседателот Киро Глигоров. Ниту атентат ги интересира, ниту обврската кон семејството на покојниот Претседател, иако и најблиските и целата јавност имаат право да ја дознаат вистината околу хаосот и црнилата што и пред 24 години ги донесе СДСМ.Не ги интересира ниту сведочењето на поранешниот Претседател на Собранието, Стојан Андов, ниту исказите на новинарот Љубомир Гајдов“, вели Стоилковски.Според него наместо нарачаните политички изјави од лица обвинети за сериозни дела, кои за Зоран Заев имаат поголемо значење, државата мора сериозно да се позанимава со овој огромен скандал.„Не може заради политичките процеси мотивирани лично од аболицираниот криминалец Зоран Заев, државата во јавноста да ги поклопи сведоштвата на Стојан Андов и на Љубомир Гајдов, со нарачано сведоштво во политички мотивиран процес. За Зоран Заев, СДСМ, „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“, Стојан Андов и неговото сведочење и изјавите на Љубомир Гајдов имаат помал кредибилитет околу нарачаното сведочење.Државата и институциите мора да отворат истрага, колку и да се во пупката на Заев. И „Рускоска обвинителството“ и МВР на министерот за прогон Спасовски, и „Кацарска судството“, мора да излезат од таа пупка и да дадат одговор по овие јасни и недвосмислени сведоштва“, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

nikolov-igor

(ВИДЕО) Николов: Филипче да се обврзе да остане во јавното здравство 15 години откако ќе му заврши министерската функција

Здравствениот систем во Република Македонија, од ден во ден се повеќе станува приватен здравствен систем кој наместо кон пациентот единствено е ориентиран кон профитот. Владата на СДСМ и министерот за приватно здравство Венко Филипче се болест за јавното здравство, изјави Игор Николов на денешната прес-конференција.„Нема никаква реализација, ниту пак подготовка за реализација на бомбастично најавуваните проекти за подобрување на здравствениот систем кои ги вети СДСМ, туку единствено гледаме зајакнување на приватните здравствени болници, и во исто време континуирани обиди за деградирање на јавното здравство.Таква е и последната идеја на комерцијалистот Зоран Заев и на министерот за приватно здравство, Филипче, за префрлање на државната детска кардиохирургија во приватна клиника, потоа давање на концесија на трансплантацијата на органи во приватни болници најавено како вид на јавно-приватно партнерство. И згора на сето тоа замислете, тие објавија тендер за т.н. физибилити студија за да се утврди дали треба да се приватизира и Итната медицинска помош и Домашната посета?“, вели Николов.Тој го повика министерот Филипче, јавно да потврди на македонските граѓани и на неговите пациенти дека, по завршувањето на неговиот мандат како министер за здравство, ќе остане барем 15 години да работи во јавното здравство, и дека нема веднаш по завршувањето на функцијата да продолжи да работи во приватна болница. Ова министерот за здравство, заменик министер за здравство и докторите од неговиот кабинет им го должат на граѓаните на Македонија бидејќи денес, со се што прават како т.н. реформа во здравството, тие единствено си го поплочуваат сопствениот пат за да преминат во приватна болница веднаш штом ќе им заврши мандатот.„СДСМ и министерот Венко Филипче, најавуваа спречување на кризите со недостаток на лекови, а граѓаните секојдневно се сведоци на недостаток на лекови на рецепта после 10-ти во месецот.СДСМ и министерот, најавуваа укинување на економските директори и управните одбори на здравствените институции, и дека со овие средства ќе биде финансирано покачување на платите на лекарите и на здравствените работници. Денес сме сведоци дека економските директори се сменети само селективно, се назначуваат нови, а хонорарите на членовите на управните одбори се зголемени за повеќе од 30%.СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Сето ова претставува уништување на се што е создадено во јавниот здравствен систем.Министерот склучува договори во четири очи, работи на тендери и префлување на парите во приватните болници. Ништо друго и не го интересира.Повеќе од очигледно е дека не се свесни за значењето на јавното здравство во една држава. Ставајќи ги инвестициите во приватниот здравствен сектор и уништувајќи го јавното здравство тие единствено им штетат на граѓаните.Апелираме, по сето ова што го прави министерот, да се обврзе откако ќе му заврши функцијата, да остане во јавното здравство минимум 15 години. Ако го направи тоа можеби времето ќе покаже дека имал и добра намера.Време е да се стави крај на ова црнило кое ја зави Македонија и опстојува повеќе од година и половина. Граѓаните со својот глас ќе стават крај на црнилата и на деградацијата на здравствениот систем.Сите оние кои виделе мака од деградираното здравство од страна на СДСМ ги повикуваме да ни се придружат утре во Кочани и следната среда повторно во Скопје на протестен марш“, изјави Николов.

Македонија | пред 7 години

granicen-premin

Албанија не им дозволи влез на околу 100 грчки државјани

На преминот Какавија, на албанско-грчката граница кај Ѓирокастро, албанските власти не им дозволија влез на околу 100 грчки државјани, кои сакаа да присуствуваат на 40-дневниот помен на Костандинос Кацифас.Полицијата потврди дека меѓу нив има и лица кои Албанија ги прогласи за непожелни личности ден по погребот на Коцифас, поради нивната „неприфатлива, навредлива и опасна“ активност на денот на погребот.За „персона нон грата“ беа прогласени 52 лица на кои им се забранува влез во земјата во период од пет години. Еден од нив е и Панајотис Савидис,новинар на весникот „Прототема“ кому влез не му беше дозволен синоќа.Албанската полиција, покрај зајакнатите безбедносни мерки во Буларат, родното село на Кацифас, како и на националниот пат Ѓирокастро-Какавија, на сите гранични премини има доставено список на лицата на кои им е забранет влез во земјата.Кацифас(35) албански Грк, кој поседувал и грчко државјанство, беше убиен во Буларат, во престрелка со полицијата на 28 октовмри.Инаку, на денешниот помен за Кацифас во Буларат, освен жители на селото и околните населени места, каде главно живеат припадници на грчкото малцинство, се очекува да присуствуваат и неколку стотици грчки државјани.извор: Курир.мк

Свет | пред 7 години

47682830_10217495921767267_4190661824783319040_n

(ВИДЕО) Празнична градежна тортура кај ,,Мајчин дом“ во Аеродром

Жителите од општина Аеродром, кои живеат непосредно до градежната парцела до ,,Мајчин дом“ , се жалат дека секојдневно трпат вистинска тортура од градежната механизација и камионите.https://www.facebook.com/ljmickov/videos/10217495924647339/https://www.facebook.com/ljmickov/posts/10217495934447584

Скопје | пред 7 години

47426534_10155937856196931_6077184329325215744_n

(ФОТО) Ведар и расположен дуќанџија од Карпош 4, секој ден ја чисти улицата покрај неговата семкара

Дуќанџија од Карпош 4, секое утро ја чисти улицата, тротоарот и целата автобуска постојка покрај неговата семкара.„Секое утро без исклучок, овој човек инаку сопственик на портокаловата семкара на автобуската станица наспроти ТЦ Антико во Карпош 4 го чисти тротоарот, целата автобуска постојка, па дури и самата улица...А ако дојдете вечер да купите семки, сончоглед или кикирики дури и во 22ч повторно ќе ве дочека истиот лик со зборовите: 'Повели комшија!'Ако веќе бараме урбани херои и пример за граѓанска и работна етика, еве еден кој со дела покажува што значат еснафски манири“, пишува на Фејсбук.https://www.facebook.com/gjoko/posts/10155937864406931

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

199.325 лица чекаат работа во Македонија

Стапката на невработеност во третиот квартал од годинава се намали на 20,8 отсто, објави Државниот завод за статистика. Стапката на невработеност на крајот на 2017 година изнесуваше 22,4 отсто, а во вториот квартал годинава 21,1 отсто.Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2018 година, активното население во Република Македонија изнесува 958.770 лица, од кои 759. 445 лица се вработени, а 199.325 лица се невработени.Најголема е стапката на невработеност кај оние од 25 до 49 години 45,8 отсто, кај оние од 15 до 24 години изнесува 20,8 отсто и кај оние од 50 до 64 години 16,5 отсто.Од вкупниот број неработени мажи се 122.957, додека жени 76.368.Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најголеми работодавачи во земјава се преработувачката индустрија каде работат 153.430 лица, потоа земјоделството 120.695 и трговијата 109485 лица.

Македонија | пред 7 години

20180323234641

Водителката Елена најави тужба против Сергеј Варошлија

„Правдата е бавна, но секогаш стигнува. Институциите ја препознаа неправдата, сега на ред е судот! За божјиот, секој си одговара“. Со овој статус на својот Фејсбук-профил Елена Стефановска, водителка на емисијата „Живот со стил“ на 24 ТВ најави тужба против Сергеј Варошлија и 1ТВ, а заради тоа што била предмет на потсмев во емисијата „Мода со Сергеј Варошлија“Таа претходно поднела претставка до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од каде по извршениот надзор се констатирани неправилности.„Надзорот покажа дека се основани наводите од Претставката според кои, во овие изданија на емисијата се застапени непристојни коментари, недолични описи, јавно изложување на подбив, погрдна експресивна лексика и можни навреди“.

Магазин | пред 7 години

slika-4-1

Мицкоски: Пиши бриши економија, вчера измислија 3% раст на БДП во третиот квартал, ама го избришаа овој од првиот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера присуствуваше на отворањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел, каде имаше средба со членството, поддржувачите и симпатизерите на партијата.„Граѓаните на општина Бутел како и граѓаните ширум цела Македонија им пркосат на црнилата кои се случуваат во државата. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е под удар на криминалната и нечесна власт предводена од аболицираниот Заев, но ВМРО силата за борбата со криминалниот картел ја црпи од народот. ВМРО-ДПМНЕ произлегува од народот и му припаѓа на народот, а ударите од власта нема да не поколебаат да ја браниме слободата и правдата и нашите вредности“, изјави Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека власта заборави на своите предизборни ветувања дадени за време на кампањата за предвремените парламентарни избори во 2018-тата година и локалните избори во 2017-тата година.„Сето она кое што беше ветувано пред две години за време на предвремените парламентарни избори во 2018-тата година и локалните избори во 2017-тата година се пика под тепих и се заборава“, посочи тој.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во овие моменти власта манипулира со бројките за раст на бруто домашниот производ, а се со цел да се затскријат катастрофалните резултати кои Македонија ги има на полето на економијата, напоменувајќи го падот во градежништвото и недостигот на реализација на капиталните инвестиции.„Пиши бриши економија, вчера измислија 3 проценти раст на бруто домашниот производ во третиот квартал, ама на маргините го избришаа овој од првиот квартал каде што беше 0 па сега го напишаа 0,9 или 1 процент. Како ти одговара Кочо, толку ми одговара ајде пиши си бројче само нека расте економијата. Тоа се вика пиши бриши економија, нити имаат абер, нити знаат како да ја развиваат. Инвестициите се 0 затоа што не знаат да водат проекти. Градежништвото е катастрофа затоа што не знаат проекти да водат“, рече Мицкоски.За крај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека  власта на државата и донесе неуспеси и црнила на секое поле, а розевите очила на власта  и нејзината пропаганда не го подобруваат животот на граѓаните, притоа порачувајќи дека оваа криминална влада и овие црнила мора да се победат, а ВМРО-ДПМНЕ е силата која ќе ги донесе промените во Македонија

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Уапсени татко и малолетен син поради сомнение за кражби

Вчера во периодот од 15,50 до 17,40 часот во с.Сенце-гостиварско, по претходна наредба од Основен Суд-Гостивар, во присуство на работник од Центарот за социјални работи-Гостивар извршен бил претрес во куќа во која живеел 16- годишен малолетник.При претресот пронајдени биле и одземени: пушка “Црвена застава“(карабин) со монтиран дурбин, метален нож, две ловечки расклопени пушки и една расклопена малокалибарска пушка, батериска ламба, двоглед и моторна пила. Пронајдените предмети се фотодокументирани и одземени за вештачење, а постојат основи на сомнение дека потекнуваат од извршени кражби.Малолетникот и неговиот татко И.М.(66) се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 7 години

opstina-centar

Општина Центар со нови измени поврзани со ДУП-овите

Општина Центар веќе неколку години прави напори навремено да ги информира граѓаните за своите активности, со овозможување на полесен и побрз пристап до податоци. Оттука, општината е првата општина во Македонија која го воведе Географскиот Информациски Систем (ГИС) и од воведувањето, услугата е достапна и корисна за сите заинтресирани кои сакаат да се информираат за урбанистичкото планирање на општината.„ГИС порталот на Општина Центар ги содржи сите важечки детални урбанистички планови и овозможува графички преглед и пребарување на просторните податоци. Покрај деталните урбанистички планови, градежните и катастарските парцели, постои можност за пребарување по слоеви на градежни и катастарски парцели. Во зависност од потребата, слоевите можат да се вклучуваат или исклучуваат.Со ГИС порталот се овозможува детален преглед на деталните урбанистички планови: намената на градежните парцели, површината за градење, катноста, процентот на изграденост, изработувачот на планот, годината на донесување, но и можност за нивно превземање во .dxf формат.Со само неколку чекори, ГИС порталот овозможува директно учество во постапката за изработување на деталните урбанистички планови. Регистрираните корисници на порталот можат навремено да бидат информирани за деталите околу организирањето на јавна анкета за конкретен детален урбанистички план.Алатка за внесување на точки од интересСо примена на ГИС порталот се олеснува пристапот до податоци на граѓаните, а воедно се заштедува и времето потребно да се дојде до потребна информација со која располага оваа технологија.За поголема транспарентност пред граѓаните, општината работи на надградување на ГИС порталот со податоци за урбаната опрема: улично осветлување, канти, клупи, шахти и слично, со што ќе се овозможат поголеми и подобри услуги, подобрена и побрза комуникација со граѓаните, но и поголема ефикасност во работењето на службите на општината.Подетални информации за регистрирање и користење на услугата има во приложеното Упатство за ГИС ПОРТАЛОТ на веб страната на општината: centar.gov.mk.

Скопје | пред 7 години

gorge-ivanov

Иванов: Делото на свети Климент треба да биде наш пат, водилка и вечна инспирација за добри дела

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.Во продолжение интегрално ја пренесуваме честитката:Ваше Блаженство,Дозволете ми, од свое име и од името на граѓаните на Република Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, на преподобното свештенство, како и на сите православни верници во земјата и во странство, да Ви упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот празник Св. Климент Охридски.Овој празник е посветен на првиот македонски архиепископ и најдаровитиот ученик на сесловенските браќа светите Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски.Климент Охридски со своите благо угодни зборови го упати народот во верата, а со своите дела се издигна кон божествениот и блажен живот.Ликот и делото на Св. Климент Охридски се силно врежани во македонската историја. Неговото дело и мисија се должни за почит, но и поука за сите идни генерации дека чувањето на културната и јазична посебност е исконска должност.Чествувањето на вакви големи празници е темелна премиса за јакнење на духовноста и почитување на христијанските вредности.Неговото црковно и просветно дело треба да биде наш пат, водилка и вечна инспирација за добри дела.Честит празник и за многу години!

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски: Денешниот празник нека биде водилка за поголеми достигнувања и промовирање на христијанските вредности

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка. Во продолжение интегрално ја пренесуваме честитката:На граѓаните на Република Македонија им го честитам големиот Христијански празник – Св. Климент Охридски.Денес го чествуваме големиот просветител Св. Климент Охридски,  најголемиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Како дел од основоположниците на словенската писменост и литература, светите браќа Климент и Наум имаат огромен придонес кон светската наука и култура.Создавањето на кирилското писмо кое просветли многу народи е дел од плодовите на неговата работа, дело кое за век и векови ќе остане врежано во светското културно наследство. Неговото дело е вградено во секоја буква која што ќе ја напишеме и во секој збор што ќе го изговориме.Св. Климент е и основоположник на Охридската книжевна школа од која произлегоа голем број на учители ширум словенскиот свет.Македонскиот народ треба да биде особено горд што на нашето тло отпочна големиот просветителски бран кој ќе остане запишан со светли букви во светската историја.Денешниот голем христијански празник посветен на Свети Климент Охридски нека биде водилка за уште поголеми достигнувања и промовирање на христијанските вредности за заедничко почитување и помагање.Вечен нека е неговиот спомен, а неговите дела нека се вечна инспирација за секој еден од нас.Честит и вековит нека ни е големиот празник Св. Климент Охридски!

Македонија | пред 7 години

dzaferi-talad

Џафери со честитка по повод празникот Св. Климент Охридски

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка. Во продолжение интегрално ја пренесуваме честитката:Дозволете ми, од свое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија да го честитам 8-ми декември, празникот Свети Климент Охридски на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква и на сите припадници на православната вера.Знаењето, просветувањето и просветлувањето на умот биле водилка за Свети Климент Охридски кој работел неуморно на продолжувањето на мисијата на светите Кирил и Методиј, во создавањето на Охридската книжевна школа и Охридската Архиепископија, а не помалку вредна за чествување е и неговата преведувачка дејност. Тој верувал дека само така може да го изрази своето човекољубие и да даде придонес во облагородувањето на човештвото.Почитувани граѓани, ви посакувам убав празничен ден, исполнет со душевен мир и семејна топлина, со верба и надеж дека сите знаеме како меѓусебно да се почитуваме, сакаме и можеме да бидеме подобри луѓе, вредни граѓани на заедницата и одличен пример за регионот и светот.Нека е честит и вековит празникот!

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања