Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

izloz-3

Отворена изложбата на фотографии ,, По трагите на Свети Кирил и Методиј”

Во Куќата на Уранија- МАНУ, синоќа свечено беше отворена изложбата на фотографии ,, По трагите на светите Кирил и Методиј” . На свеченоста , во името на организаторите, Општина Охрид, Амбасадата на Република Словачка во Република Македонија и Словачката национална библиотека,се обратија градоначалникот Јован Стојаноски и амбасадорот Хенрик Маркуш.Во Куќата на Уранија и во музејот во Куќата на Робевци , поставени се триесет и една фотографија од познатиот меѓународен словачки експерт за надворешна политика Павол Демеш, кој три години ги фотографирал најзнаменитите објекти , поврзани со животот и делото на светите Кирил и Методиј.-Особено сме почестени што пријателите од Република Словачка со оваа изложба, ни го збогатија чествувањето на денот на ,, Св.Климент Охридски- патронот на Охрид”, изложба која го поврзува нивното дело со делото на нивните ученици, светите Климент и Наум Охридски. Тоа е чин на продолжување на веќе воспоставената соработка и верувам дека со нашето присуство на триесеттото јубилејно издание на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во истоимената црква во Словачкиот град Терхова, соработката ќе ја продлабочиме – рече градоначалникот Стојаноски.Фотографиите на Павол Демеш го презентираат учеството на солунските браќа во трите големи мисии кај Арабите, Хазарите и мисијата по Велика Моравија. Фотографиите ги документираат спомениците сочувани од нивниот период , или посветени на нив.-Со Република Македонија негуваме посебни меѓудржавни односи, во кои морам да признаам дека посебно не инспирираа заедничките вековни културно- историски врски. Ако не биле светите Климент и Наум Охридски, многу помалку ќе знаевме за делото на нивните учители, светите Кирил и Методиј, кои во 1980-та година , папата Јован Павле Втори , ги прогласи за покровители на Европа. Токму затоа, ние Охрид го чувствуваме како центар на ширењето на сесловенската писменост и култура и како мотив за продолжување на воспоставенат соработка. – рече амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш.Кураторот на изложбата Стојан Лекоски, кој потекнува од Охрид, а живее и работи во Словачка, истакна дека првпат фотографиите се изложени во Братиславскиот замок, во неколку градови во Европа и САД, како и во Република Македонија.Во културно-уметничката програма , на свеченото отворање на изложбата, настапија младата флејтистка Анета Матеска , под менторство на професорката Ирена Веруш и пијанистката и директор на ОМУ,,Методи Патче” Емилија Маринова. Изложбата, како што беше најавено, покрај редовните , деновиве организирано ќе ја посетуваат ученици од основните и средните училишта од Охрид.

Македонија | пред 7 години

ujp

Даночните шалтери на УЈП отворени и денес

Даночните шалтери на УЈП и денеска ќе бидат отворени за граѓаните од 8 до 14 часот. Граѓаните имаат обврска до крајот на годината да се регистрираат во системот е-персонален данок, со цел УЈП да може да им ја достави пополнетата годишна даночна пријава на увид.Обврска за регистрација има секое физичко лице кое во текот на 2018 година остварило приходи по кој било основ (плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход) заради прием на пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП како и заради потврдување или коригирање на податоците за приходите и платениот данок.Од 1 јануари 2019 година УЈП ќе изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани.

Македонија | пред 7 години

avtopat-koli-3

Затворен патот Приштина-Скопје

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.„Денес во период од 07:00 до 17:00 часот на магистралниот пат Скопје - Приштина, поточно од косовскиот граничен премин „Хани-Елези“ до Качаник, сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци, за влез и излез од Косово, поради изведување на градежни работи.Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација“, велат од АМСМ.

Македонија | пред 7 години

zagaduvanje

СДСМ: Се преземаат акции со цел нивото на загадување во следните две годни да се намали за 30 до 50 отсто во цела Македонија

ВМРО ДПМНЕ цели 11 години го игнорираше проблемот со аерозагадувањето. Исто толку време, преку погубните криминални политики системски влијаеше на уништување на зеленилото и загрозување на животната средина, велат од владејачката СДСМ.„За разлика од таквиот неодговорен однос, денес, Владата предводена од СДСМ, надлежните институции, Министерството за животна средина, инспекторатите, Град Скопје и општините секојдневно на централно и локално ниво преземаат мерки за справување со проблемот со аерозагадувањето.Дел од мерките за поздрава животна средина се и интезивното обновување на постоечкото и подигање на ново зеленилото, преку масовсно засадување на дрва и создавање на заштитни зелени појаси.Во општина Аеродром засадени се 1.800 високоизраснати дрва, при што е опфатен просторот околу училиштатата и поликлиниката Јане Сандански во оваа општина.По пролетната акција за зазеленување кога беа засадени околу 4.000 садници во Скопје, во тек е и есенска акција за засадување на дополнителни 3.500 висококвалитетни садници во сите општини на територија на Град Скопје.Се врши замена на сите исечени и паднати дрвја со нови здрави висококвалитетни листопадни садници, при што се опфатени главните булевари во град Скопје каде што се одвива најголемиот сообраќаен метеж и загадувањето е поголемо.Речиси 500 пенушки на градските сообраќајници оваа есен ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници.Набавени се 1.700 садници коишто се засадуваат во дворовите на градинките низ државата.Интензивно се подигнуваат нови зелени површини. Само во Скопје во последните шест месеци, обновени се и подигнати се нови зелени површини од над 50.000 квадратни метри.Од страна на АД ЕЛЕМ започната е сериозна акција за пошумување на просторот околку РЕК Битола со засадување на околу 50.000 висококвалитетни садници.Паралелно со акциите за зазеленување се реализираат бројни мерки против загадувањето. Се набавуваат нови еколошки автобуси, се обновуваат фасадите, се субвенционираат трошоците за набавка на еколошки печки на пелети, се заменува греењето на училиштата со еколошки енегенси, постојано се расчистуваат диви депонии, засилен е инспекцискиот надзор против сите извори на загадување.Се преземаат бројни акции низ здружена, координирна акција на сите институции со цел да се реши проблемот со загадувањето, а нивото на загадување во следните две годни да се намали за 50 остсо во Скопје и за 30 до 50 отсто во цела Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

akademija

Свечена академија по повод денот на СВ. Климент Охридски - Патронот на Охрид

Централната манифестација , по повод 8-ми Декември, Денот на Свети Климент Охридски- патронот на Охрид, беше свечената академија која вечерва се одржа во дијамантската сала на хотелот,,Инекс Горица”. На свеченоста, пред присутните амбасадори , пратеници во Собранието на Република Македонија,претставници на културниот и општествениот живот во Охрид, се обрати градоначалникот Јован Стојаноски.- Охрид вечерва слави. Го слави Големиот ден – Денот на Свети Климент. Вечерва нема охридска куќа која не ќе го запали Светиклиментовото кандило и нема охриѓанец кој не ќе се потсети на вековните преданија дека над Охрид постојано бдее и го чува од зло духот Светиклиментов.Свети Климент е нашиот прв учител, прв оригинален словенски писател, прв словенски епископ и основоположник на Првиот словенски универзитет и Првата словенска православна црква.Грандиозно е делото Светиклиментово, кое и до ден – денес, после повеќе од единаесет векови, е наш светилник и наш патоказ по кој треба да се движиме;Словата и зборовите на нашиот духовник, беседник, просветител и учител имаат вонвременско и универзално значење;Неговите поуки дека: „Гладен треба да нахраниш“, „Жеден да напоиш“ , „Патник да прибереш“ и „Да се надминуваме еден со друг со добрина“ се праоснова на сите напишани и ненапишашина учебници по етика и на сите нас, посебно на помладите, треба да ни бидат нашата мисла водилка.Во тој дух, во моево вечерашно обраќање, без себерекламирање и со голема почит и благодарност кон сите претходни градоначалници и претседатели на Собранието на Општина Охрид за се она што го направиле во времето на нивните мандати, како што налага редот, сосема накратко, ќе се задржам само на она најзначајното што го реализиравме во текот на овој период меѓу две чествувања на нашиот Патрон.Започнавме со решавањето на проблемот околу финансиската консолидација на Општината и, со несебична помош на Владата на Република Македонија, на добар пат сме, конечно, да го решиме овој повеќедецениски голем проблем;Воспоставивме поголема и понтензивна соработка со научно-истражувачките институции од земјава и странство, пред се, на планот на заштитата на животната средина и заштитата на природното и културното наследство;Воспоставивме поголема соработка со постојните и потенцијалните домашни и странски инвеститори за отворање нови индустриски капацитети, отворање нови работни места, а со тоа и запирање на масовното иселување на младите и стручни лица;Продолжуваме со успешната туристичка и културна промоција, со основна интенција, Охрид да биде туристички и културен центар во текот на целата година, а не само во летниот период;Правиме максимални напори да го вратиме охридскиот спорт на некогашното негово ниво. Во најкраток можен рок, Охрид, во сите спортови, треба да има свои претставници во најелитните државни и меѓународни натпреварувања;Создаваме „отворена“ Општина за партнерска соработка со граѓанскиот сектор и невладините организации и Општина со социјална инклузија на граѓаните од ранливите категории;Двојно го зголемивме бројот на стипендии за ученици и студенти кои живеат во потешки социјални услови.А, како дамнешен долг кон Свети Климента, без сомнение, нашиот најголем предизвик со кој се зафативме и кој мораме да го реализираме, секако, е отворањето на новиот образовен центар на просторот на поранешната охридска касарна.Свети Климент, два века пред Болоњскиот, го создал Првиот словенски универзитет, од овде до Киев и Московска Русија, прочуената Окридска книжевна школа.Затоа, не само охриѓани, цела Македонија и сиот словенски народ неизмерно многу му должи, а, најдобро и барем малку ќе му со оддолжиме, само доколку и вистински, а не само вербално, му го вратиме вековниот примат на Охрид како духовен, културен и образовен европски центар.Почитувани,Премногу е свет и светол утрешниот ден, премногу е свет и светол ликот Светиклиментов, премногу се свети и поучителни делата Светиклиментови.Во негов дух: „Со широко срце ја отвораме“ Општината за максимална соработка со сите добронамерници кои имаат една и единствена желба – развој и просперитет на нашиот прекрасен и неповторлив Охрид.А, тоа мора да биде така, затоа што, како што би рекол Михаил Ренџов:„...Тука имаТолку светлинаОд која јас, со жедПосакав да живеам.Тука има толку убавинаОд која јас, од убостМожев да изгорам...“Искрени честитки на годинешните добитници на престижната награда и повелба „Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид“, еминентниот охридски и македонски поет и писател - Видое Видически и младиот охридски пливачки херој – Марко Пејчиноски.Голема благодарност за сите што вечерва издвоивте од Вашето време и не удостоивте со Вашето присуство.Нека ни е честит и вековит Денот на Свети Климент – Патронот на Охрид!За многу години светиот и светол празник „Свети Климент Охридски“!- рече градоначалникот Стојаноски.На свеченоста беа доделени највисоките општински признанија, наградата и повелбата „Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“. Годинава добитници на овие престижни признанија се еминентниот писател и поет Видое Видически и младиот пливачки херој Марко Пејчиноски.Лауреатот на наградата за животно дело Видое Видически, се заблагодари за високото признание и рече дека наместо говор, ќе прочита една песна од неговата последна збирка,,Нови дотеци”, посветена на неговиот дедо, каменорезецот Иван Видич, за која бил инспириран од исклесаниот лик на свети Климент во мермер , што се наоѓа на камбанаријата на влезот на црквата Свети Богородица Перивлепта, каде порано се одбележуваше денот на светителот.На дедо ми Иван, каменорезецот,човекот на големите чекори, што долго резбаше врз каменот и го создаде најубавиот лик на заштитникот наш,понесен со мислата позајмена од своите , кога надежите ми беа најпотребни, ги крена високо над времето- рече лауреатот Видически.Младиот и талентиран кларинетист Наум Палоски , во пијано придружба на професорката Ирена Веруш, беше дел од културно- уметничката програма , која кулминираше со настапот на гитаристот Влатко Стефаноски и неговата порака ,, Да го чуваме Охрид- Охрид ќе не чува нас”.

Македонија | пред 7 години

1-1-1

Заев – Коста: Имаме идентични интереси да ја унапредиме соработката меѓу двете земји

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, оствари средба со премиерот на Португалија Антонио Коста во рамките на работната посета на оваа земја, како прва на ниво на премиери на двете земји.Премиерот Заев ја оцени средбата како одлична можност за поттикнување на можностите за унапредување на односите меѓу Република Македонија и Република Португалија на највисоко ниво, и го покани португалскиот премиер Коста во официјална посета на нашата земја.Двајцата премиери имаат заеднички став дека застапуваат идентични интереси на двете земји и кога станува збор за некои од глобалните, европските и регионалните прашања.Во таа насока, премиерот Заев го информираше својот колега од Владата на Република Португалија за актуелниот момент на односите на Република Македонија со соседите и со другите земји од Западен Балкан, и го нагласи позитивниот и активен пристап на нашата земја во унапредувањето на односите со секоја земја од регионот одделно.Во таа насока, премиерот Заев информираше за резултатите од договорите со Република Бугарија, и посебно со Република Грција во однос на прашањето за името, и го истакна позитивниот развој кој ги направи реални можностите за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО.Португалскиот премиер Коста изрази безрезервна поддршка за нашето членство во НАТО и ЕУ, и ја охрабри целосната имплементација на Договорот од Преспа, како клучен предуслов за тоа.Двајцата соговорници се согласија дека е неопходно зајакнување на економските врски меѓу двете и да поттикнат балансирање на трговската размена.На средбата, премиерот Зоран Заев и премиерот Антонио Коста, се согласија дека треба да се охрабри и парламентарната соработка меѓу Република Македонија и Република Португалија.

Македонија | пред 7 години

paridenari1

ДЗС: Индексот на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со ноември 2017 година, забележа пораст од 1.2 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во ноември 2018 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.8, а индексот на цените на мало 99.5.Намалување на индексите на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 14.3 %, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1.6 %, маслото и маснотиите, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.8 %, млекото за 0.6 %, другите пекарски производи за 0.3 %, брашното и другите жита, јогуртот за 0.2 %.Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 7.4.%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4.2 %, гасот за домаќинствата за 2.2 %, течните горива за домаќинствата, туристичките пакет-аранжмани за 1.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %, малите електрични апарати за домаќинствата, средствата за чистење и одржување на станот за 0.9 %, информатичката опрема за 0.6 %, телефон и телефакс-опремата за 0.4 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, градините, растенијата и цвеќињата за 0.2 %.Пораст на индексите на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови, за 6.0 %, замрзнатото овошје за 2.2 %, сувото овошје и јаткастите производи за 1.6 %, сирењето и урдата за 0.9 %, другите прехранбени производи за 0.8 %, конзервираното овошје за 0.6 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.4 %, месото, рибата и морските плодови за 0.3 %.Во ноември 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај цврстите горива за 2.3 %, парамедицинските услуги за 2.1 %, обувките за 1.0 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0.4 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.2 %.Индексот на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со ноември 2017 година, забележа пораст од 1.2 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 1.9 %.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кирацовски: Големото дело на Климент Охридски е особено важно за развојот на писменоста, литературата и цивилизациските вредности

По повод празникот Свети Климент Охридски, генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски упати честитка до православните верници во Република Македонија, до поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Охридски и Македонски, г.г.Стефан, и до членовите на Синодот.„Почитувани, во мое лично име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви го честитам 8-ми Декември, големиот Христијански празник – Св. Климент Охридски.Празнувајќи го денешениот ден, му оддаваме почит на основачот на првата Охридска книжевна школа, родоначелник  на словенската литература, првиот словенски епископ и втемелувач на Охридската архиепископија – Св. Климент Охридски.Благодарение на овој голем човек кој целиот свој живот го посветил на описменувањето, на македонската и сесловенската литература, денеска сме горди на кирилицата и секоја буква што ја пишуваме треба да не потсетува на важноста која неговото дело ја има за нас.Делото на Климент Охридски е особено важно за развој на врвните цивилизациски вредности. Неговиот труд и искрената посветеност се пример за дело кое останало во трајно наследство на генерациите што доаѓаат. Да го следиме Свети Климент и неговото дело кое е огромно и значајно, и на тој начин да изградиме праведно општество втемелено на вистински вредности.Почитувани сограѓани, нека ни е честит големиот празник – 8-ми Декември, Свети Климент Охридски“.  

Македонија | пред 7 години

Sveti-Nikola

Чудото на Св. Никола , кое се случило 1956 год.

956 Година во времето на Советскиот диктатор Хрушчов, во градот Самара се случило чудо познато како “Зоиното стоење”, што го потресе целиот православен свет, објави bulevar.mk.Во време кога, диктаторскиот режим сакал да го одвои народот од Бога,Бог допуштил да се случи ова чудо кое кај многумина ја вратило вербата и богобојажливоста.Кај младите во тоа време се проширил голем атеизам и било срамно ако дома имаш икони. Па така и Зоја, која решила со пријателите да ја пречекуваат Нова Година во нејзиниот дом, се расправала со нејзината мајка која била верничка и била против веселби за време на Божикните пости. Најпрво сакала да ги отстрани и иконите од домашниот иконостас, но мајка и’ се побунила па тргнале само некои икони, а некои останале. Зоја не ја послушала својата мајка и ги повикала пријателите. Сите дошле, но вереникот на Зоја, Николај закаснил. Свирела музика, младите танцувале, а само Зоја немала партнер за танцување. Гневна на нејзиниот вереник, таа ја откачила од домашниот иконостас, иконата на свети Никола, и рекла: – “Штом го нема мојот Николај, ќе танцувам со свети Николај”.Една од пријателките пробала да ја одварти од намерата,а таа дрско одговорила: – “Ако има Бог, нека ме казни!”Со овие зборови, таа затанцувала во круг со иконата во раце, и на третиот круг, во собата одеднаш се слушнал силен шум,се кренал виор, засветлила заслепувачка светлина, и сите уплашени избегале. Само Зоја застанала на место, со притисната кон градите иконата на светителот, се скаменила, и станала ладна како мермер.Не можеле да ја помрднат од место, зашто нозете, како да биле срастнати со подот.И иако надворешно немала знаци на живот, Зоја била жива и срцето и чукало.Од тој момент, таа не можела ниту да пие, ниту да јаде. Лекарите ги вложувале сите напори, но не можеле да ја освестат, ниту да ја поместат.Веста за чудото брзо се раширила низ градот, и многумина доаѓале да го видат “Зоиното стоење”. Но по некое време градските власти го забраниле пристапот, и одред полицајци биле распоредени околу домот. А на љубопитните граѓани кои доаѓале одговарале дека нема никакво чудо и ништо не се случило.Дежурните полицајци, ноќе слушнале како Зоја вика: – “Мамо, моли се! Гинеме во гревови! Моли се! “Медицинското истражување потврдило дека чукање на срцето на девојката не застанало и покрај скаменетите ткива. Не можеле дури да и стават инекција, зашто иглите се кршеле. Повикале и свештеници, читале молитви, не можеле да ја земат ни иконата од нејзините раце.На Божиќ (6 јануари) дошол отец Серафим Тјапочкин, отслужил водосвет и ја осветил целата соба. По што ја зел иконата од рацете на Зоја и рекол: “Сега треба да чекаме знак на Велигден”.Пред празникот Благовештение, некој благообразен старец го молел обезбедувањето да го пушти, но бил одбиен. Доаѓал и следниот ден, но пак го вратиле, и дури на третиот ден, на самиот ден, Благовештение, стражарите го пуштиле. Дежурните слушнале, како старецот зборувал на Зоја: – “Па, како е, се измори ли се да стоиш?” Поминало извесно време, но старецот не излегувал. Кога погледнале во собата, таму го немало. Сите сведоци на настанот се убедени дека се појавил самиот свети Никола.Зоја престојала 4 месеци (128 дена), до самиот Велигден, кој таа година била на 23 април.Во ноќта на Христовото Воскресение Зоја гласно повикувала: – “Молете се! Страшно е, земјата гори! Целиот свет гине во гревови! Молете се! “Од тогаш почнала да оживува, во мускулите и се појавила мекост и виталност. Ја ставиле на креветот, но таа продолжуваат да повикува и да ги моли сите да се молат за светот кој гине во гревови, и за земјата, која гори во беззаконија.– Како живееше, кој те хранеше “- ја прашале.– Гулаби, гулаби ме хранат, – одговорила Зоја.Со своите молитви свети Никола ја помилувал и го прифатил покајанието нејзино, и и’ ги простил гревовите.Сето ова толку многу ги погодило жителите на Куйбишев (како што тогаш се викал градот) и неговата околина, та многу народ се свртел кон верата. Брзале со покајание во црквата, некрстените се крштевале, оние кои не носеле крст, почнале да носат, и дури почнало да снемува крстчиња.Кога после неколку години, протоереј Анатолиј Литвиненко го прашал архимандрит Серафим, тој ли ја зел иконата од рацете на Зоја, тој само смирено ја наведнал главата. Но, по молчењето станало јасно дека тој сака да го скрие овој факт,поради неговото големо смирение. А, и властите можело пак да започнат гонења против него, поради големиот прилив на верници кои ќе сакаат да се допрат до иконата на свети Никола, која секогаш била во храмот, каде што служел отец Серафим.По некое време,сепак властите наредиле да се прибере иконата и да се скрие од народот, и таа била пренесена во олтарот.“Тие денови два пати одев околу домот на Зоја”, – вели пензионерката Ана Федотов. Одев од далеку, зашто куќата беше опколена од полиција. Тогаш решив да се распрашам за се’ кај некого од полицајците, од стражарите. Наскоро еден од нив, сосема млад, излезе од киоскот. Јас тргнав по него и го запрев:– Кажете, дали е вистина дека Зоја стои? А тој одговори: “Ти ме прашуваш, исто како жена ми. Но, ништо нема да ти кажам, а по добро види сама … “Тој ја тргна капата и се покажа неговата целосно побелена коса: – “Гледаш ли?! Тоа кажува повеќе од зборовите. Бидејќи ние сме се потпишале и ни е забрането да раскажуваме. Но да можеше да знаеш колку страшно беше да ја гледам таа скаменета девојка! “Неодамна се најде човек да раскаже нешто ново за самарското чудо. Тоа беше почитуваниот во Самара настојател на црквата св. Софија, отец Виталиј Калашников: “Ана Павлова Калашников е тетка на мајка ми. 1956 година таа била лекар во Кујбишев, во” брза помош “. Во тој ден, таа дојде утрото дома и рече: -” Вие тука спиете, а градот веќе одамна е на нозе! “И раскажа за скаменетата девојка. А и призна, иако се потпишала, дека штотуку била во тој дом, по повик. Ја видела застанатата Зоја со иконата на свети Никола во рацете. Се обиделе да и стават инекција, но не успеале. Сите бевме шокирани од тоа што го раскажа.Ана Павлова Калашников работеше во “брза помош” уште многу години потоа. Почина 1996 година. Сеуште се живи многу луѓе на кои таа раскажала што се случило, во оној истиот, прв ден од новата година.Духовна ќерка на о. Серафим го запрашала: – “Оче, вие ли ја зедовте иконата од рацете на Зоја и направивте чудото? А старецот одговорил: – “Ќерко, чудата ги прави Бог, а ние недостојните, по молитвите ги добиваме”.Од спомените на Александра Иванова:Во Кујбишев живееја мои роднини, на истата улица, каде и Зоја. Кога се случи тоа, имав 14 години. За да не се собира народ околу куќата, навечер ги исклучуваа светлата. Но повиците на Зоја ги доведоа сите во ужас. Млад полицаец, стоејќи на стража, побеле во косата од тоа. Моите роднини, очевидци на случајот, станаа верници. Чудото на “Зоиното стоење” длабоко се запечати во мојот ум.“На петтата недела од Великиот пост 1982 пристигнав во Ракитно и осмели да прашам:” Оче, а каде е иконата на свети Никола, која зедовте од рацете на Зоја? Тој строго ме погледна. Настапи молчење. ..Зошто го прашав за иконата ли замолче?По строгиот поглед на отец Серафим, си реков: “Леле, зошто го прашав”! Но одеднаш отецот рече: – “Иконата беше во храмот на аналојот, а сега е во олтарот. Такви времиња беа, и ми наредија да ја приберам “. И додаде: – “Вие сте првата на која кажувам”. – “И по две недели отец Серафим почина”Чудото со Зоја беше лекција за мнозина. Бидејќи кон светињите треба да се однесуваме со почит. Тоа е лекција за неверниците. Ти може да не веруваш, но не потценувај ја светињата, бидејќи ќе следи казна!Да, во оние времиња имаше голема потреба од чуда, за луѓето. Но чуда се јавуваат кога треба, и кога Господ одлучи.По земањето на иконата од рацете на Зоја,го наклеветија и поднесоа тужба против отецот, а Владиката Јероним го симнаа од Кујбишевската епархија.Еве што раскажа 1989 година игуменот Герман од Оптинската пустина (50-тите години тој служеше во катедралниот храм во Кујбишев) :”Што не сум видел, нема да зборувам за него, а што знам, тоа и ќе кажам. Улицата ја опколија, зедоа потписи за неразгласување. На настојателот на соборот повикан како овластен по религијата и побараа да објави од проповедалната уште во првата недела дека нема никакво чудо. Отецот настојател, му одговори: “дозволете прво да видам, и ќе кажам, она што сум го видел”. Овластениот размислил околу минута и вети дека наскоро ќе се јави. Заѕвони по еден час и рече дека не треба ништо да објавува (од проповедалната)…По материјали од книгата “Белгородскиот старец архимандрит Серафим (Тјапочкин) “, (Св.-Троицка Сергиева Лавра, 1998)(По овој настан е снимен филм, чие сценарио, поради непознати причини, малку е изменето од вистинскиот настан, но поголемиот дел е многу убаво прикажан)Извор: НОВОСТ ПРЕСС

Магазин | пред 7 години

Edmond-Ademi_Romanija-7

Адеми: Обновена иницијативата за споменик на Никола Мартиноски во Букурешт

На првиот ден од официјалната посета на министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми на Романија, придружуван од директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалварниов, оствари средби со Мариана Венера Попеску, пратеник на Македонската заедница во романскиот Парламент, и со министерот за култура и национален идентитет на Романија, Валер Даниел Бреаз.Пратеникот на Македонската заедница во Романија, г-ѓа Попеску го информираше министерот Едмонд Адеми за нејзините активности во застапување на интересите на македонската заедница во Романија, како и за нејзините следни активности во пресрет на романското претседателство со Советот на ЕУ.Министерот Едмонд Адеми и  се заблагодари на пратеничката Попеску  за нејзиниот ангажман и  придонес во донесувањето на законот со кој 8 декември – денот на Свети Климент Охридски е прогласен за ден на македонскиот јазик во Романија, со што дополнително се зајакнуваат односите помеѓу двете традиционално пријателски земји.На средбата со новиот министер за култура и национален идентитет Валер Даниел Бреаз, министерот Адеми му го честита изборот и му посака успешна работа. Двајцата министри потврдија дека постои огромен простор и потенцијал за културна  соработка помеѓу Република Македонија и Романија, и дека во периодот што следи културната соработка  ќе се интензивира.Министерот Едмонд Адеми, на средбата ја реактуелизираше иницијативата за поставување на споменик во Букурешт на големиот македонски уметник Никола Мартиноски, кој студирал и дипломирал во Букурешката Академија на Уметности во 1927 година. Двете страни посакуваат и се надеваат дека овој проект ќе се реализира во текот на 2019 година.Министерот Едмонд Адеми, меѓудругото, на министерот Даниел Бреас и Романската Влада им посака успешно претседавање со советот на ЕУ, почнувајќи од 1 јануари 2019 година, и истакна надеж дека под нивно претседателство,  Република Македонија во јуни 2019 ќе започне со преговорите за членство во Европската Унија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Заев: Како Св. Климент што успеал, повикани сме да успееме во надминување на предизвиците трпеливо и мудро

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев по повод 8ми Декември, празникот Свети Климент Охридски, упати честитка до граѓаните кои го слават името и делото на големиот просветител и духовник. Честитката ја пренесуваме во целост:„Во мое лично име и во името на Владата на Република Македонија, на сите православни верници, на Синодот на МПЦ-ОА и на сите граѓани кои го слават делото Климентово, упатувам честитки по повод големиот христијански празник – Св. Климент Охридски со желби за радосен и благословен празничен викенд.Свети Климент Охридски основоположник на македонската црковна и народна духовност, и патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, бил еден од најблиските и најревносните соработници и соучесници во мисијата на светите Кирил и Методиј во Моравија за описменување на народот.Инспирираат страдањата што ги поднел во својот подвиг, зашто го водела вербата во доброто што го правел и останал доследен на обврската што ја чувствувал како човек, да го продолжи делото на неговите учители, преку продлабочување и унапредување на словенската просвета.Сите генерации после него, и идните што доаѓаат, имаат пред себе пример за духовник кој применувал богослужба и создавал словенски свештенички кадар, затоа што бил свесен за важноста на духовната поткрепа на луѓето, кои тогаш ја наоѓале во Црквата.Свети Климент останува жив паметник во историјата како основач на Охридската школа, честопати именувана како „првиот балкански и европски универзитет“, низ којашто минале околу 3.500 ученици. Бројот е импозантен и за денешните времиња.Повикани сме да му ја оддадеме должната почест на Свети Климент Охридски за неговото големо духовно - просветителско дело со кое нѐ задолжи сите и ни покажа како “на дело“ се станува и духовник и просветител.Како што успеал Свети Климент во мисијата на неговото време, повикани сме и ние да се обидеме и да успееме во надминувањето на предизвиците трпеливо и мудро, како што ни доликува, заштитувајќи ги вредностите што не обединуваат како граѓани, како народ и како држава."

Македонија | пред 7 години

47510964_10214536922511649_6148480069179277312_n

Најчевска: Министерот за внатрешни ги испратил полицајците да го блокираат сообраќајот

Професроката Мирјана Најчевска вчера на својот Фејсбук профил објави фотографии од блокадите на раскрсниците во Скопје на кои се гледа дека има само по десетина, а некаде ниту толку „демонстранти“.„Ова значи дека министерот за внатрешни работи ги испратил полицајците да го блокираат сообраќајот во Скопје.Ма кој кретен треба да си за да дозволиш вакво нешто.Дај бре тргнете го попот од раководното место во полицијата заедно со сите корумпирани кадри од времето на Мијалков кои се уште ведрат и облачат во министерството“, напиша Најчевска.

Скопје | пред 7 години

mickoski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали животите на граѓаните вредат помалку од луксузирањето на функционерите на СДСМ

Македонија се гуши во неспособноста на Владата. Граѓаните се трујат поради неспособноста на локалната и централната власт да се справи со енормното загадување на воздухот. Црнила надвиснаа над нашата држава, црнила кои буквално ги гушат нашите граѓани и земаат илјадници животи секоја година. На удар се нашите најмили, децата, хронично болните и старите и изнемоштени лица, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Годишно повеќе од илјада луѓе се директна жртва на неспособноста на власта. Повеќе од 1 илјада граѓани се жртви на аерозагадувањето. Македонија за жал е прва во Европа само по аерозагадувањето, а 3 од 10-те најзагадени градови на континентот се наоѓаат токму во Македонија. Ова ли е планот за живот кој го најавуваше аболицираниот  Заев  како опозиција? За ваков ли повисок животен стандард говореше Заев кога бараше гласови за да дојде на власт?Дали нашите најблиски кои ги губиме како резултат на енормното загадување на воздухот вредат помалку од луксузниот мебел и автомобили за чија набавка Владата ќе потроши 7 милиони евра додека за справувањето со аерозагадувањето само 1,5 милиони евра. Дали животите на македонските граѓани вредат помалку од удобството и луксузирањето на партиските и државните функционери на СДСМ“, се вели во соопштението.Тие додаваат дека време е да се стави крај на калкуланството и поликанството кое го спроведува власта.„Крајно време е животите на граѓаните власта да ги стави пред дневните политики и да ги прифати итните мерки кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ во борбата против загадувањето, мерки кои ќе спасат илјадници животи!Крајно време е да се стави крај на црнилата кои ги донесе Заев. Затоа придружете ни се по улиците на плоштадите, придружете ни се во борбата за нашето и здравјето на нашите деца. Придружете ни се во борбата со транзиционите политичари чиј единствен интерес се криминалните тендери и грантови. Ние сме зората која ќе ги однесе црнилата!ВМРО ги повикува граѓаните во недела во Кочани на протестен марш против однародената и криминална власт и во среда пред Владата на Република Македонија“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

zena1-528x472

Жена живее со гангрена на двете нозе, сестра и со здробени стопала итно се бара помош

Две беспомошни сестри живеат во многу лоша состојба без никаква финасиска помош но и огромен здраствен пробелем. Нивна соседка се одлучи јавно да побара итно помош, пишува Досие.Едната жена е со гангрена на двете нозе , а другата со здробени стопала и на инсулин. Да бидеме хумани и на било кон начин на овие жени да им се помогне.Живеат во влага мрак и студенило. Се бара помош да се стоплат и да се платат сметки. Живеат во Чаир на улица Крсте Асенов 4/1-13.На овие жени итно им е потребна и медицинска нега.Ова е жиро сметката на една од сестрите300007035000017 Валентина Главинова.Котакт телефон 070 239 598

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Шест лица загинаа во стампедо во Италија, пет се малолетни

Шест лица, од кои 5 малолетни, загинаа во стампедо што се случило на концерт во една дискотеката во малото крајбрежно гратче Кориналда во близина на Анкона во Италија, соопшти утрово полицијата.Повредени се 118 лица, а меѓу загинатите се две момчиња и три девојчиња, сите малолетни и една жена која била во придружба на својата ќерка.https://twitter.com/emergenzavvf/status/1071266967552700417?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1071266967552700417&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3014067-stampedo-smrti-odneo-6-zivota-na-koncertu-u-italiji-vise-od-100-ljudi-pregazeno-fotoЧекајќи да почне концертот на италијанската раперска ѕвезда Сфера Ебаста, одеднаш настанала паника меѓу присутните поради наводен спреј испрскан во воздухот, т.н. бибер, по што младите гости панично почнале да бегаат кон излезите, но само еден бил отворен, а помошниот заклучен.За сега нема информација колку години имаат жртвите, а не се знае ни колку лица имало во клубот.Полицијата потврди дека меѓу повредените 12 се во критична состојба. 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Викендов студено, од понеделник промена на времето

Денеска во попладневните и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.Утринските температури ќе се движат од -7 до 0 степени, а дневните од 7 до 14 степени. Во Скопје температурата ќе се движи од -6 до 9 степени.Во недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта и в понеделник кога поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во некои пониски места од дожд и снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Се отвори „Винтерленд“ - првата новогодишна населба во Скопје

Со вeчерашното отворање на новогодишната населба „Винтерленд“ и светнувањето на новогодишната елка на плоштадот „Македонија“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје. Настанот беше придружен со божиќните песни во изведба на 140 ученици од средношколскиот хор, од девет средни училишта на Град Скопје. Учениците на плоштадот „Македонија“ пристигнаа придружувани од членовите на Градскиот дувачки оркестар кој изведе краток параден концерт од Старата железничка станица, низ улицата Македонија до плоштадот.Новогодишната населба доби куќички украсени во зимски амбиент, катчиња за забава за најмладите, како и мала сцена за настани наменета за посетителите од сите возрасти на која во претстојниот период ќе се одржува богата културна програма. Во рамките на „Винтерленд“, во периодот по 15-ти декември секојдневно ќе се организира богата културна програма од 18 до 23 часот. Просторот околу елката е организиран како дел за храна и пијалоци, каде што граѓаните ќе може да се дружат и да уживаат во понудата на околните куќички.Топот за вештачки снег и лизгалиштето на мраз се новина во новогодишниот концепт на плоштадот „Македонија“ што од следната недела се очекува да бидат атракција во новогодишната релаксација на посетителите. Градот Скопје ги повикува граѓаните да го посетат „Винтерленд“ и сите заедно да ја доживеат новогодишната атмосфера организирана по примерот на останатите европски плоштади.

Скопје | пред 7 години

vodno-parking1

Денес и утре затворен паркингот на Водно

Големиот паркинг на Водно ќе биде затворен за време на викендот во период од 7 до 15:30 часот поради спортски настан, соопшти Министерството за внатрешни работи.„На 8 и 9.12.2018 година (сабота и недела), во времето од 7:00 до 15:30 часот, во организација на АКК ‘Примо АВЈ’ – Скопје ќе се одржи спортска манифестација ‘Автослалом-спретно возење Скопје 2018’ на големиот паркинг на Водно. Од тие причини ќе биде затворен големиот паркинг на Водно“, се вели во соопштението на полицијата.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 7 години

1-6

(ВИДЕО) Заев-Линде: Шведска со силна поддршка за евроатланските аспирации

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Португалија, вечерва оствари средба со министерката за европски прашања на Шведска Ан Линде.Министерката Линде на средбата ја повтори силната поддршка на нејзината земја за евро-атлантските аспирации на нашата земја и покажа интерес за актуелниот момент од процесот на имплементацијата на Договорот од Преспа.Премиерот Заев ја запозна со најновиот тек на овој процес и информираше за почетните резултати од јавната расправа за нацрт амандманите за уставни измени кои ја поминаа првата фаза на утврдување како нацрт во Собранието на Република Македонија.Премиерот Заев зборуваше и за следните постапки во овој процес кога се очекува Владата на РМ, како предлагач на уставните измени и на нацрт амандманите, два дена по јавната расправа, да ги сублимира резултатите и како извештај да ги достави до парламентот, по што постапката за промената на Уставот на Република Македонија, со цел имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, се очекува да заврши кон средината на јануари со пленарна седница во Собранието на Република Македонија.Претседателот на Владата на РМ Заев и министерката за европски прашања Ан Линде во разговорот се задржаа и на активностите на нашата земја на внатрешните реформи, за кои премиерот Заев изрази уверување дека ќе бидат остварени во предвидените рокови, за да се обезбеди очекуваниот старт на отворање на поглавјата како последна фаза од процесот за членство во ЕУ .

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Надлежните судски органи ќе одредат дали и кој бил инволвиран во насилството на 27 април, а не Иванов

Согласно доказите и транспарентната судска постапка, надлежните судски органи ќе одредат дали и кој бил инволвиран во насилството на 27 април, а не Ѓорге Иванов, велат од СДСМ.„Колку е несериозен и неодговорен Иванов покажа и денеска.Од една страна тврди дека исказите во судската постапка за насилството од 27 април се невистинити а од друга ги потврдува, конкретно, Иванов потврди дека член од неговиот кабинет, Борис Јосифовски, бил во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ тој ден.Иванов потврди и дека Миле Јанакиевски и Владимир Пешевски биле кај него со иницијатива поврзана со помирувањето.Останува фактот дека Иванов е со целосно нарушен кредибилитет, со крајно неодговорна, негативна и сомнителна улога во општеството.Иванов заговараше општа амнестија за криминалот и неказнивост, тој е срам за граѓаните и државата, неодговорен кон иднината а особено кон интеграциите, кон членството на Македонија во НАТО и ЕУ.Ѓорѓе Иванов потроши два мандати а ниту еднаш не излезе во јавноста за некое клучно, и важно прашање за граѓаните, за државата, освен за потребите на Никола Груевски“, стои во партиското соопштение.

Македонија | пред 7 години

47576198_2097062193673315_4253204657511333888_o

Се отвора „Винтерленд“ – Првата новогодишна населба во Скопје

Со вечерашното отворање на новогодишната населба „Винтерленд“ на плоштадот „Македонија“ Скопје подготвено ја пречекува новогодишната магија. Се ближат новогодишните и божикните празници кои нудат можност да се споделуваат убави моменти со граѓаните. За таа цел Град Скопје постави новогодишни куќички на плоштадот „Македонија“ за уникатно празнично расположение.Во новогодишната населба со украсени куќички има катчиња за игра и смеа, како и мала сцена на која ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на посетителите, без разлика на возраста. Ќе има и топ за вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во населбата ќе има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. За вљубениците во зимските спортови, пак, во населбата ќе биде поставено и лизгалиште на мраз.Во централниот дел на новогодишната населба „Винтерленд“ е поставена елка која ќе светне вечер во 19 часот. Просторот околу елката е организиран како дел за храна и пијалаци, каде што граѓаните ќе може да седнат и да уживаат во понудата на околните куќички.Осветлувањето на елката вечерва ќе го придружува настап на средношколскиот хор составен од 120 ученици од девет средни училишта на Град Скопје, и тоа од „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Васил Антевски Дрен“, „Владо Тасевски“, „Зеф Љуш Марку“ и „Панче Караѓозов“, кои околу половина час ќе изведуваат Божиќни песни. Средношколците на плоштадот „Македонија“ ќе пристигнат придружувани од членовите на Градскиот дувачки оркестар кој ќе изведе парадно концертирање од Старата железничка станица, па по улицата Македонија, се до плоштадот „Македонија“.На отворањето на новогодишната населба „Винтерленд“ и на осветлувањето на новогодишната елка вечер ќе присуствува и градоначалникот Шилегов кој ќе го означи почетокот на новогодишното празнување во Скопје.Градот Скопје ги повикува сите граѓани да дојдат на Плоштадот и да уживаат во новогодишната магија.

Скопје | пред 7 години

IMG-7c85382a981052f155bf8b1291b27f41-V

Преку поддршката за рурален развој, парите од даноците повторно кај граѓаните

Управата за Јавни приходи и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот равој, денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел за брза размена на податоци помеѓу двете финансиски институции.Меморандумот го потпишаа директорката на УЈП, Сања Лукаревска и директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.Размената на податоците помеѓу двете институции се однесува на физчки лица, вршители на дејност, правните лица како и за општините кои се јавуваат како баратели за користење на финансиска поддршка од Програмите финансирани од Националниот буџет и од буџетот на Европската Унија.Директорката на УЈП, Лукаревска, истакна дека со овој Меморандум ќе се овозможи побрза обработка на апликациите и значително ќе се скрати и времето коешто е потребно за проверка на сите баратели .-Преку поблиската соработка на двете институции ќе овозможиме парите што преку даноци ги прибираме во државната каса, повторно преку проекти наменети за граѓаните како и преку модернизација на земјоделските стопанства, средствата да се вратат кај граѓаните, рече Лукаревска.Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, истакна дека со размената на податоците ќе се овозможи средствата кои се проектирани со Националните и ИПАРД програмите побрзо да стигнат кај граѓаните дали преку инвестиции и модернизација на агро – секторот или преку реализираните капитални инвестиции на општините од Програмата за рурален развој, односно Мерките 321, 322 и 323.„Согласно правилата на Програмата за Рурален развој и мерките кои ги спомнав, финансиската поддршка за општините е 100 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестицијата без ДДВ. Општините сами си го покриваат Данокот на додадена вредност. Сега, со можноста да се разменат податоци, обработката на апликациите ќе биде брза и парите преку Програмите за рурален развој ќе стигнат повторно кај граѓаните.“- истакна БабовскиСо ова, уште еднаш докажуваме дека силно сме фокусирани, кон обезбедување на подобри и поквалитетни услови за работа и живот на сите граѓани.

Македонија | пред 7 години

KING1091

Нови 48 американски волонтери ќе служат во заедниците во повеќе општини во Македонија

Министерството за труд и социјална политика и Мировниот корпус имаат одлична неколкугодишна соработка како дел од Програмата за развој на заедниците, потенцираше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешната свечена заклетва на новите седум волонтери од САД коишто ќе работат во Македонија со лица со попреченост. Соработката опфаќа поддршка на ранливи групи на граѓани, лица и деца со попреченост згрижени во државните дневни центри и центрите управувани од страна на граѓанските организации.„Оваа програма нема да биде целосна, без несебичната помош и поддршка која што доаѓа од волонтерите и нивната посветеност да помогнат за доброто на општеството. Една од темелните вредности кои треба да ги почитуваме и поттикнуваме, особено кај младите луѓе кои се столбот на иднината, е токму волонтерството. Тоа е движечката сила која носи промени, силно верува, промовира и гради едно вистински слободно и правично општество, ослободено од дискриминација, во кое секој има еднакви права и можности“, изјави Царовска.Волонтерите кои дадоа свечена заклетва, ќе работат во организации, дневни центри и специјални училишта заедно со специјалните едукатори и ќе им даваат поддршка преку споделување на нови вештини и идеи, обуки за нови методологии, директна работа и поддршка за корисниците и нивните родители.„Преку волонтерството ја градиме довербата меѓу граѓаните и институциите и овозможуваме целосни и квалитетни услуги за граѓаните. Се надеваме дека овие волонтери и другите што ќе ни се приклучуваат во иднина ќе дадат и придонес во еден многу важен процес за нас - процесот на деинституционализација, како и во напорите лицата со попреченост да станат активни граѓани во заедницата и да бидат вклучени во општествените текови. Ние ќе се потрудиме Република Македонија да се покаже во светло на добар домаќин и волонтерите кои ќе престојуваат во нашата држава да се чуствуваат како дома, а тоа е патот за градење на мостови на пријателство помеѓу граѓаните на Македонија и граѓаните на САД“, додаде Царовска.Соработката меѓу МТСП и Мировниот корпус започна во 2015 година, кога и се формализира со потпишување на Меморандум за соработка. На овоj начин се утврдуваат заедничките напори за поддршка на процесите на социјалото вклучување во Македонија ја зголемуваат потребата од волонтерска поддршка, како и пренесување на меѓународните искуства и добри пракси во работењето. Оттука и излезе потребата за нови волонтери – специјал едукатори – кои ќе помогнат во подобрување на поддршката која се обезбедува за лицата со попреченост во овие центри.На настанот свои обраќања имаа амбасадорот на САД Џес Бејли, како и министрите за образование и наука и за локална самоуправа, Арбер Адеми и Сухејл Фазлиу.

Македонија | пред 7 години

48062868_2255007021449730_7168792006095798272_n

(ФОТО) Вонреден инспекциски надзор во ЈП „Македонски шуми“

Градските инспекциски служби  денес извршија вондреден инспекциски надзор во просториите на ЈП Македонски Шуми.„Од страна на инспекциските служби издадена е забрана за користење на котелот на нафта. Повикана е и акредитирана мобилна лабараторија да изврши мерење на загадувачки супстанци и доколку биде утврдено загадување на воздухот ќе биде изречна казна согласно законските прописи во висина од 4000 до 8000 евра и 30 проценти од висината на изречената казна за управителот на јавното претпријатие“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Арсовски: 8-ми ден Заев и Спасовски молчат за скандалот со прислушувањето, кој ќе сноси одговорност?

8ми ден молчат од СДСМ за скандалот со прислушувањето. 8ми ден Зоран Заев и Оливер Спасовски не преземаат ништо и не ја известуваат јавноста за ништо. Очигледно нешто сакаат да сокријат, изјави Димче Арсовски на денешната прес-конференција.„Се уште не знаеме кој прислушувал, колку разговори има, кој се ги има тие разговори, дали разговорите биле предмет на пазар и слично.Граѓаните се уште не знаат дали можеби и Вилма Русковска е прислушувана?Со кого разговарала Вилма Русковска во разговорите и дали има во нејзините разговори индиции и сомнеж за некаков сторен криминал?Дали можеби од разговорите доколку ги има од Вилма Русковска ќе се дознаат многу работи кои што не и се претставени на јавноста?За целиот овој скандал СДСМ Заев и Оливер се уште немаат одговор.Молкот на целата Влада е само потврда на сето она во кое што се сомневаат граѓаните, а тоа е дека за овој скандал се најодговорни Заев и Оливер и дека мора да сносат одговорност и да си поднесат оставки.Овој скандал е олицетворение на принципот на владеење на Зоран Заев и СДСМ.Неопходни се оставките на Заев и Оливер за да не ја попречуваат истрагата за скандалот.Оставки и тоа уште веднаш“, изјави Арсовски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања