Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

Нема фотографија

(ВИДЕО) Стоилковски: Кога поскапува лебот, почнува да се врти инфлаторното тркало на поскапувања на сета храна

Оваа црна власт за една намена го покажува своето вистинското лице- дека не водат грижа за економски ранливите категории. Поскапува лебот, а Вицепремиерот за економија, фондовскиот иновативец Кочо Анѓушев и заедно со министерот за уништување на земјоделството Љупчо Николовски, од министерска позиција порачуваат дека не им е грижа, поскапувал само, внимание, само евтиниот леб!? Оваа власт, затворена во својот елитизам, покажува комплетна негрижа за граѓаните, за социјалната димензија на надоаѓачкиот бран поскапувања, за цената на лебот кој што е основен продукт за исхрана и параметар за стабилноста на политиките и економијата на една држава, изјави Наум Стоилковски на денешната прес-конференција.„Анѓушев вели, внимавајте „Засега поскапе само најевтиниот леб“. Вели, засега! Тоа е признавање дека предупредувањата од ВМРО-ДПМНЕ за состојбите во земјоделството се вистинити, дека ова не е крај на поскапувањата, дека се отвора спиралата на поскапувања и дека негрижата за македонското земјоделство и за социјалниот момент е комплетна. Го доведоа народот до просјачки стап. Нема раст на економијата нема инвестиции, земјоделците протестираат- слика која што не сме ја виделе десетина години.Велат, ќе интервенирале ако има потреба. Повторно ЌЕ, ветувања какви што се изнаслушавме! Исто како за просечната плата од 500 евра!Ова воопшто не изненадува имајќи го пред се’ предвид односот на оваа забегана власт која ја зави македонската економија во црно, по нејзиниот став за поскапувањето на нафтата и горивата, заедно со лагата за зелена нафта, што исто така влијае врз состојбите во производството на храна.Неодамна да потсетиме, Мира Стојчевска, позната по скоро 12.000 евра патни трошоци за 9 месеци, го пренесе ставот на СДСМ за покачувањето на акцизата за дизелот дека цитирам „Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60 отсто од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил!“Ете тоа е грижата на СДСМ.Инвентивниот Анѓушев сега вели сушата си го земала данокот, дека житото на сите светски берзи е поскапено до 30тина проценти, истовремено кога Светската организација за храна вели цените се на најниско ниво, заради ниските цени на пченицата.НЕ, почитувани, не сушата, туку неспособноста на црната власт за една намена си го зема данокот. А цената ја плаќа народот. ВМРО-ДПМНЕ даде низа предлог мерки за спречување на овие предвидливи состојби, но на власта не и е грижа се’ додека има фондови и тендери за четири очи.„Црно правило е дека кога поскапува брашното, кога поскапува лебот, почнува да врти инфланторното тркало на поскапувања на сета храна. Министерството не треба да реагира отпосле , туку да превенира.Почитувани,Колку подолго ја злоупотребуваат државата со својата неспособност, толку поголема ќе биде црната цената која што сите ние ќе ја плаќаме. Ги излажаа земјоделците, животот им го загорчеа, трудот им го зацрнеа, народот го осиромашија. Приклучете се на протестите секоја среда пред Влада, и секој викенд низ државата, за што поскоро да го видиме грбот на оваа криминогена и неспособна власт“, вели Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

Capture-3

МВР: Mицкоски дезинформира дека полицијата упаѓа по домовите на активистите на ВМРО-ДПМНЕ

„Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од страна на г-динот Христијан Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук за наводни упади во домови на активисти на ВМРО-ДПМНЕ поради, како што вели, нивното незадоволство од она што се случува во државата. Полицијата, по смената на раководството во 2017 година, работи професионално и само и исклучиво врз основа на законите. Согласно законските надлежности се преземаат различни акции, но ниту една не е мотивирана од политички мотиви туку исклучиво за санкционирање на одредено криминално делување, со цел подобрување на безбедноста на граѓаните. На тој начин полицијата ќе продолжи да работи и во наредниот период, се со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно“, стои во демантот на МВР.

Македонија | пред 7 години

iFail1

Борбата против дискриминацијата и родовата еднаквост во фокусот на iFail

„Зад грешките треба да застанеме, да ги признаеме и да научиме од нив“, порачаа Ирена Иванова, програмски менаџер при Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Нина Костовска, прва фармацевтка на Балканот со Даунов синдром, Мерсиха Смаиловиќ, лидер на невладината организација „Легис“ и активист за човекови права, како и Викторија Шотароска Трајкова, генерален менаџер на П.И.К.Ко на настанот iFail – конференција за неуспесите на успешните, кој се одржа вчера вечер на ФОН универзитетот во Скопје.На конференцијата во организација на заедницата Глобал Шејперс Хаб Скопје (Global Shapers Hub Skopje), младинска локалнa иницијатива на Светскиот економски форум која поттикнува и презема активности за општествена одговорност и промена во заедниците, говорничките споделија приказни за моменти од нивниот приватен и професионален живот кои одиграле клучна улога за нив и кои им помогнале да се издигнат над проблемите и да продолжат уште похрабро да чекорат напред. Големиот број млади во публиката се инспирираа од искуствата на говорничките и се охрабрија да преземат иницијативи за да го менуваат македонското општество кон подобро.Особено мотивирачки беше говорот на Нина Костовска, прва фармацевтка на Балканот со Даунов синдром и заштитно лице на УНИЦЕФ која порача дека борбата против дискриминацијата треба да е погласна од кога и да е.„ Вишокот ве прави успешни, дури и безгрешни! Затоа старите рекле од вишок глава не боли! Ќе би кажам нешто во доверба: Мене од вишок ме боли! И тоа како боли, до дното на душата. Јас имам вишок хромозом и тоа ме прави да се чувствувам како грешка. И баш поради тоа често правам грешки во текот на животот. Уште како мала грешев во трчањето накај училиште, грешев во зборувањето, некои чудно ме гледаа и ми се потсмеваа. Грешев во пишувањето и често некој накриво ме гледаше како да сум крадец. И знаев да си запишам и да се запрашам: каде е мојот грев, па јас не го украдов тој вишок хромозом за да ме гледаат како крадец. Долги години јас се чувствував како грешна, се до денот кога налетав на еден цитат на Достоевски: „Да сакаш некого значи да го гледаш онаков каков што Бог го замислил“. Тогаш сфатив дека за мене тој хромозом ми е даден како некое искушение, за да се борам со моите грешки и да дадам пример на другите. За да најдат надеж во борба, за живот, за насмевка, за добрина, за поддршка. Јас го прифатив искушението, но дали вие ќе ме прифатите мене и другите како мене е тоа останува на вас.“, недвосмислено порача Костовска на присутните.Ирена Иванова, програмски менаџер за граѓанско општество при Делегацијата на Европската Унија во Македонија, сподели дека младите не треба да се плашат од промените и дека нема ништо поубаво од човек да си ја најде својата мисија. „Не се плаши да го оствариш она во што силно веруваш, дури и по цена да бидеш вонземјанин во својата земја“, порача таа. Активстката и лидер на организацијата „Легис“ Мерсиха Смаиловиќ зборуваше како одбила понуда за студии во странство, но на сметка на тоа стекнала непроценливо искуство од активистичката работа на терен. „Од грешките научив уште повеќе да сонувам“, вели Смаиловиќ. Од друга страна, Викторија Шотароска Трајкова една од најуспешните менаџерки во Македонија, споделувајќи искуство од работата во П.И.К. Ко заклучи: „Нема желби и поплаки, туку само научени лекции“.Освен грешките и успесите, учесниците на настанот разговараа и за балансот помеѓу личен живот и кариера и предизвиците со кои се соочуваат како успешни жени, дел од нив и реализирајќи се и како лидери, активисти, мајки, сопруги.Инаку iFail – конференција за неуспесите на успешните се организира по 5-ти пат, од страна на Global Shapers Hub Skopje. Шејперите (Global Shapers) се мотивирани млади луѓе, на возраст 20-30 години, кои служат за пример во нивната заедница. Тие се избрани врз основа на нивните постигнувања, лидерски потенцијал и посветеност да го подобрат светот околу себе. Преку заедницата на Global Shapers, на шејперите им се дава можност да се поврзат со светската мрежа на Global Shapers, да се вмрежат со другите заедници на Светскиот економски форум, како и да го претставуваат гласот на младите на настаните на Светскиот економски форум. Global Shapers се обединети во заедничката желба за канализирање на огромната енергија и ентузијазам на младите во градењето на помирен и инклузивен свет.

Магазин | пред 7 години

Ninoslav-nankov-702x336

Нинослав Нанков победник на Ораторската вечер „Иво Пухан“

Вчера на Правниот факулет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа XXII-рата Ораторска вечер ,,Иво Пухан”. Ораторската вечер е традиционална манифестација на Факултетот што се спроведува како натпревар по говорништво. Во финалето настапија 10 говорници, студенти на различни факултети на Универзитетот.За победник беше прогласен апсолвентот на правни студии Нинослав Нанков, кој учествуваше со говорот на тема “Црни Тоги” - текст со критична содржина за актуелните состојби во македонското правосудство. Второто место го освои Стефан Солев, студент на Економскиот факултет, со говорот на тема “Сонце на залез, Пиреј во мраз”, додека третото место го делеа студентките на Правниот факултет Моника Пеичева со говорот на тема “Жени лидери” и Етина Ливарека со говорот на тема “Жед за знаење, љубов и мир”. Наградата за најдобра интерпретација “Бранко Ѓорчев” ја освои Моника Пеичева.По објавениот Повик за пријавување, кој беше отворен за сите студенти на УКИМ, се пријавија 32 кандидати, од кои 19 учествуваа во полу-финалето. Десетте финалисти беа одбрани за учество во финале од страна на жири-комисија. Секој пријавен кандидат работеше со свој ментор, а како ментори учество земаа: Проф. Д-р Гордана Силјановска- Давковка, Проф. Д-р Владо Бучковски, Проф. Д-р Татјана Петрушевска, Проф. Д-р Александра Максимовска-Стојкова, Проф. Д-р Гоце Наумовски, Доц. Д-р Есин Кранли-Бајрам како и Асс. М-р Тимчо Муцунски. Сите финалисти исто така работеа на своите говорнички вештини заедно со актерот Дејан Лилиќ.

Магазин | пред 7 години

05

Анѓушев и Младеновски во посета на новата странска инвестиција Баумер, каде ќе се вработат 350 лица

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Александар Младеновски, во присуство на Марсел Фрај – оперативниот извршен директор на корпорацијата „Баумер“ и Новица Шотаровски – директор на фабриката „Баумер“ во Македонија, денеска извршија увид во градежните работи на производствениот погон на оваа швајцарска компанија во ТИРЗ Скопје 1, по што беше потпишан договорот за државна помош.Baumer Holding AG е семејна меѓународна компанија која произведува напредна сензорска технологија, индуктивни и процесни сензори, енкодери, кабли и други полуфабрикати од областа на електрониката. Во производните активности, „Баумер“ ќе вклучува и локални квалификувани добавувачи.Вицепремиерот Анѓушев изрази особено задоволство што изградбата на фабриката е во напредна фаза и посочи дека клучно кај оваа странска инвестиција е тоа што ќе има научно-истражувачки центар во кој ќе бидат вработени над 30 млади инженери од областа на електрониката, информатиката, машинската технологија.- Тие брзо градат и ме радува што градат по швајцарски стандарди и критериуми. Се надевам дека, согласно нивниот план, во март ќе почне и нивното производство. Покрај производство, тие во нашата држава ќе организираат и научно-истражувачки центар во нивната компанија, каде што ќе бидат вработени над 30 млади инженери од областа на електрониката, информатиката, машинската технологија, односно машинските науки и сите тие ќе бидат дел од големото семејство на корпорацијата „Баумер“ – рече Анѓушев по потпишувањето на договорот.Тој потенцира дека Владата и понатаму ќе биде посветена на поддршка и на привлекување директни странски инвестиции.- Ова е една од фабриките што успеавме да ги привлечеме во Република Македонија во последната година. Тие на број се повеќе од 20. Овие фабрики ќе дадат сериозен импакт врз растот на бруто-домашниот производ на државата. Ние како држава немаме големи ресурси, немаме нафта, немаме гас. Нашата индустријализација е шансата за развој на Република Македонија и како Влада ќе бидеме посветени да направиме брза и квалитетна индустријализација. Но не со трудоинтензивни дејности, каде што вработените ќе земаат по 200-300 евра плата туку индустријализација со високотехнолошки развиени компании, какви што се обидуваме да развиеме и да привлечеме во државата, каде што ќе работат претежно инженери, каде што ќе им дадеме шанса за нашите млади високообразовани кадри кои треба да останат во нашата држава, но не за мизерни услови туку за солидни плати и солиден стандард. Само така ќе обезбедиме иднина за нашата држава, за нашите млади генерации. Очекувам компанијата „Баумер“ да има сериозен придонес во таа работа – рече вицепремиерот Анѓушев, додавајќи дека секоја нова фабрика претставува празник.По потпишувањето на договорот за државна помош директорот на фабриката Баумер во Македонија, Новица Шотаровски најави дека планирано е да бидат вработени од 300- 350 лица, а стартот на производство се планира за март следната година.- Почетокот на градежните активности го означивме на почетокот на јули 2018 година со поставување на темелите, а веќе за не цели 9 месеци, во март 2019 година „Баумер“ ќе биде потполно оперативен за своите први производи. Во првата фаза на инвестицијата, која е во тек, на простор од 3.840 квадратни метри ќе се инвестираат меѓу 6 и 7 милиони евра и ќе се вработат помеѓу 150 и 200 вработени. Втората фаза е планирана за 2023 година со проширување на дополнителни 4.000 квадратни метри производни капацитети и дуплирање на бројот на вработени – рече Новица Шотаровски, директор на фабриката „Баумер“ во Македонија.Шотаровски посочи дека третата фаза е изградба на дополнителен административно деловен дел на 2.000 квадратни метри со што инвестицијата би достигнала нешто повеќе од 9 милиони евра и најмалку 350 вработени. Бидејќи развојот и иновациите се втемелени во корпоративната филозофија на „Баумер“, паралелно со производството ќе се оформи и Центар за иновации и развој во Скопје, во кој приближно 30 софтверски, електро и машински инженери ќе ги создаваат новите генерации производи од портфолиото на „Баумер“.- Покрај тоа што во логото на Баумер стои Passion for Sensors (Пасија за сензори), според тоа што досега го видов во деловните единици во Швајцарија и Германија, постои и пасија за луѓето што ги создаваат тие сензори и технологија, особено за нивното здравје и сигурност. Кога ќе биде фабриката во Скопје подготвена и пуштена во целосна употреба на 15 март 2019 година, таа ќе биде опремена со внимателно одбрани системи за одржување на потребните работни услови, ергономски ентериер и работни простории, кантина со внатрешен и надворешен простор, простории за вежбање и релаксација како и технологија за продукција и комуницирање според најновите светски достигнувања. За беспрекорно функционирање на административно-производните процеси, вработените од менаџментот и производството ќе посетуваат повеќенеделни обуки во Швајцарија и Германија – рече директорот Шотаровски.Директорот на ТИРЗ Александар Младеновски посочи дека Македонија е на мапата на странските инвеститори за што е и потврда денешното потпишување на договорот за државна помош.- Преку овој договор, активностите на оваа компанија ќе бидат помогнати и делумно субвенционирани преку транспарентите мерки од донесениот План за економски раст на Владата на Република Македонија. Висината на планираната инвестицијата ќе изнесува околу 9 милиони евра, со најавени 300-350 нови вработувања во пет фази. Длабоко сум уверен дека со приклучувањето на „Баумер“, кон еминентното семејство на компании во ТИРЗ Скопје 1 ќе ги охрабри и сите други компании што најавија инвестициски активности кај нас во наредниот период, а секако ќе придонесе Македонија да стане уште попрепознатлива дестинација на светските инвеститорски мапи - рече директорот на ТИРЗ Александар Младеновски.„Баумер“ е фамилијарна компанија, која 66 години се развива и доминира на светскиот пазар за индустриски сензори и процесно мерни инструменти. „Баумер“ постојано инвестира и се развива, и во моментов брои 2.700 вработени во вкупно 38 бизнис единици во 19 земји во светот, а е присутен со продажба во 70 земји во светот. Помеѓу нив се и фабриките и центрите за иновации и развој во Швајцарија, Германија, Франција, Италија, Данска и Индија, а со инвестицијата во Македонија таа бројка ќе достигне и повеќе од 3.000 вработени. Растот на побарување на сензорска технологија во светски рамки е проектиран на 11% годишно со тренд да достигне 241 милијарда долари до 2022 година.

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче по месец дена реши да воведе превентивни мерки околу загадениот водух

„Филипче по месец дена, и по толку апелирање на граѓаните дека е загаден воздух реши да воведе превентивни мерки.Откако се наполнија клиниките со заболени луѓе кои имаат респираторни проблеми, Филипче реши да се разбуди од зимскиот сон.Додека Клиниката „Козле“ се повеќе се полни со болни деца поради загадениот воздух Филипче се јавиНе испушти прилика и да се пофали на својата прес конференција со смешната мерка за доделување на маски на загрозените лица.Наместо празни ветувања и работи кои што не можат да го спречат загадувањето и да ја намалат штетата од истото за граѓаните, Филипче треба да ги примени мерките за спречување на енормното загадување на воздухот предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.1. Да се овозможи целосна бесплатна здравствена заштита, на граѓаните, посебно на децата и хронично болните, за кои е констатирано дека причината е загадувањето.2. Да се започне во 2019 година со градба на секундарната гасификациона мрежа, паралелно со примарната.3. Да се врши редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.4. Во услови на загаденост над Мерните дозволени концентрации, во тек над 7 последователни дена, да се овозможи бесплатен градски превоз, додека трае загадувањето.И дел од тие мерки да примени за доброто на граѓаните.Филипче преставува карцином на македонското здравство.Филипче и неговите блиски освен богатење и полнење џебови со пари друго ништо не прават.Време е Филипче да си оди од здравството, бидејќи граѓаните заслужуваат поквалитетно здравство и услуги.Ова црнило од македонското здравство треба што побргу да се отстрани за подобро на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

47a9b474c83f801771eeb44922c0e255_w790

Еко-свест ја повикa Владата да се префрли кон порационален систем за поддршка на енергијата од обновливи извори

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ оваа недела ја повика Владата да престане со субвенционирање на нови електрични централи од обновливи извори преку системот на исплаќање загарантирани повластени тарифи и да се насочи кон систем што ќе ја поттикне конкуренцијата и ќе донесе пониски цени за крајните потрошувачи.Повикот доаѓа откако Владата најави нова Уредба за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија што го продолжува системот на доделување повластени тарифи без тендерска постапка со аукција.Намерата да се продолжи со исплаќање загарантирани тарифи на новите електрични централи по системот прв дојден – прв услужен е во конфликт со ЕУ правилата кои предвидуваат движење кон поконкурентни и пазарно ориентирани програми за поддршка што вклучуваат тендерска постапка со аукција за сите освен најмалите електрични централи со цел да се намали цената на електричната енергија.Новата драфт Уредба воведува тендерска постапка со аукција за поголемите електрични централи на ветер и соларна енергија, но ги задржува повластените тарифи за хидроелектрични централи до 10 MW, ветерни централи до 50 MW и централи на биомаса и биогас до 1 MW.-Добро насочени повластени тарифи можат да бидат соодветни за првите неколку години развој на пазарот на обновлива енергија, но во Македонија послужија да направат експлозија од штетни хидроелектрични централи кои направија сериозна штета на реки како Тресонечка во НП Маврово и Брајчинска во НП Пелистер. Ова е особено неприфатливо ако се земе предвид малиот придонес кон производството на енергија од малите хидроелектрични централи и мора да престане, изјави Давор Пехчевски од Еко-свест.Дополнително, како што посочи Невена Смилевска од Еко-свест употребата на повластени тарифи може да предизвика зголемени трошоци за потрошувачите и да предизвика реакција против финансиската поддршка на обновливата енергија. Дополни дека енергетски ефикасна економија базирана на обновливи извори на енергија е императив за да се ограничат климатските промени и да се спречат здравствените и еколошките влијанија на традиционалните извори на енергија, затоа што како што рече таа не можеме да си дозволиме да го свртиме јавното мислење против нејзиниот развој.-Технологиите што не се нови не треба финансиски да се поддржуваат. Соларната и ветерната енергија како технологии што сѐ уште се развиваат и чија цена сѐ уште се намалува се единствени технологии кои што треба да се земат предвид за финансиска поддршка во наредниот период. Финансиската поддршка за енергетската ефикасност е исто така исклучително важна за да се намалат трошоците на домаќинствата и влијанието врз животната средина од производството на енергија, продолжи таа.Македонија е обврзана да се усогласува со европското законодавство за конкуренција во рамки на Спогодбата на Енергетската заедница и Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и добива поддршка од Европската банка за обнова и развој и УСАИД за да го промени системот за финансиска поддршка на обновливи извори на енергија.Еко-свест исто така повикa за јавна расправа за новите подзаконски акти од Законот за енергетика заради нивното влијание врз заштитата на животната средина и врз трошоците на домаќинствата.

Македонија | пред 7 години

DSC_0875

Анкета: 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедни

75 отсто од граѓаните се чувствуваат многу или главно безбедни, покажа анкетата на ОБСЕ што денеска беше презентирана во Скопје по повод одбележувањето на Денот на превенцијата 9 декември. Овој резултат покажува дека огромното мнозинство луѓе не се плашат за сопствената безбедност, што е од клучно значење за генералната добросостојба на општеството и граѓаните, стои во анализата што беше презентирана денеска. Според оваа анализа, чувството на безбедност може значително да се подобри доколку се преземат координирани активности на повеќе институции заедно со полицијата, затоа што оние граѓани кои се изјасниле за небезбедни како дел од причините ги посочуваат слабата улична осветленост и бездомните кучиња, работи кои не се во надлежност на полицијата. Граѓаните се изјасниле и дека е потребно поголемо присуство на полицијата, а како еден од главните проблеми го посочуваат брзото и невнимателно возење.На презентацијата присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој потенцираше дека ваквите анкети и анализи се од голема помош за постојано подобрување на полициското работење односно планирање на приоритетите за дејствување во наредниот период. Тој се осврна и на можностите и придобивките од користењето на локалните совети за превенција кои овозможуваат мултиресорски пристап во третирањето на безбедносните прашања и за зајакнување на концептот на полициско работење во заедницата.-Во изминатиот период ги активираме локалните совети за превенција како силна алатка која ќе овоможи вмрежување на сите надлежни субјекти во процесот на рана идентификација на проблемите, но и во процесот на решавање на проблемите преку изнаоѓање на системски решенија. Министерството за внатрешни работи во последнава година ги насочува своите капацитетите за реално воспоставување на концептот на полициско работење во заедницата преку зајакнување на позорната дејност на полицијата, перманентно присуство на полицијата на теренот и ефикасна комуникација со населението. Оваа заложба значи дека ние сакаме да работиме заедно со заедниците со цел навремено идентификување на проблемите и изнаоѓање решенија“, рече Спасовски.Спасовски ги потенцира заложбите за јакнење на довербата на сите заедници во полицијата како еден од главните приоритети во стратешкиот план на Министерството.

Македонија | пред 7 години

47686875_646464129088878_3002420630848012288_n

Реализиран проектот „Тренингот не е мода, тоа е навика“

Се реализира  проектот„Тренингот не е мода, тоа е навика“ кој се имплементираше од страна КИК БОКС  Клубот „ПАТРИОТ“ од Крива Паланка, а кој е  поддржан со средства од буџетот на  општина Крива Паланка.Во рамките на проектот реализирани се континурани спортски активности, кои  ги спроведуваше КИК БОКС Клубот ,,Патриот’’, а кои воглавно се однесуваа на ангажирање на деца во тренажнот процес, заеднички тренинзи со пријателски клубови од земјава и странство, како и вклучувањена најистакнатите челнови во  системот  на натрпревари во кој активно се ангажирани 10 регистрирани натпреварувачи од клубот. За потребите на проектот беа испечатени флаери  и  маици за секој член на  од клубовите кои учествуваа во проектот.Идејата на овој проект произлезе од потребата  за надминување на последиците од брзиот начин на живот и инактивитетот на децата , наметнат од страна на современите технолошки достигнувања. Затоа од страна на кик бокс клубот ,,Патриот’’, кој работи под менторство на дипломираниот тренер за боречки спортови, Жарко Ангеловски, беа превземени посериозни чекори за што помасовно вклучување на децата во програмите на физичка активност, во конкретниот случај  во кик боксот, а се со цел подигање на свеста кај децата од 5-18 годишна возраст за придобивките од занимавањето со спорт и практично вежбање на кик бокс.Општата цел на проектот „Тренингот не е мода, тоа е навика“ е создавање на здрави генерации на млади луѓе кои ќе бидат високо морални личности, модел на примерно однесување и здрав спортски изглед и идоли на генерациите кои доаѓаат.Ваквите млади луѓе треба да бидат водечката сила во позитивните општествени промени на нашата заедница.  

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

УБК е главно жариште на генерирање на сите кризи, тврди Иванов кој се пожали дека добива закани

Во изминатите неколку години јавно предупредував на опасностите кои и се закануваат на Република Македонија. Со длабоко жалење констатирам дека тие беа игнорирани, а резултатот од тоа го чувствуваме сите, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов на денешната прес-конференција.„Во кабинетот на претседателот на Република Македонија не се разговарало за прогласување на воена или воеа состојба и ги отфрлам шпекулациите дека меѓународната заедница вршела притисок врз мене да остапам од некаков план за прогласување на некаква воена или вонредна состојба. Јавно ги повикувам странските претставници да ги посочат тие кои ми вршеле притисок.Кому му одело во прилог да го злоупотреби кабинетот на претседателот за да објави воена состојба?Година и пол јас како претседател и мојот кабинет сме мета на лажни вести со цел да не вмешаат во настаните од 27 април. Од тогаш без никакви докази се обвинува кабинетот на претседателот, се вршат притисоци и закани кон мене, со цел да отстапам од моите ставови во врска со политичките случувања во Република Македонија. По којзнае кој пат повторувам дека нема да отсапам од моите ставови.Сведоци сме на лажните искази дадени во судскиот процес за настаните од 27 април. Сакам да укажам дека за давање лажен исказ кривично се одговара. Ги охрабрувам сите оние кои ме обвинуваат да се обратат до надлежните институции. Овие институции треба да одговорат каде биле одговорните лица на 27 април и претходно.Сакам да потсетам дека во врска со настаните од 27 април кабинетот на претседателот ги достави сите извештаи до основното јавно обвинителство. Мојот кабинет ги демантираше лажните вести со кои се гради негативна перцепција за нас“, изјави претседателот.Според него ништо од она што пишуваа дел медиумите не излезе дека е вистина.„Обвинителката Рускоска јасно потврди дека Јавното обвинителство нема докази за вмешаност на кабинетот на престедателот во настаните од 27 април.Би сакал јавно да прашам, дали исказите на обвинетите се порелевантни од ТВРДЕњата нанадлежните институции и носителите на јавни функции?Како претседател на Македонија уште пред две години укажав дека УБК е главното жариште на генерирање на сите политички и безбедносни кризи. Ако УБК се дрзнува да ги следи активностите на мојот кабинет, и мене како претседател да ме става во службени белешки кој опишуваат непостоечки настани, се плашам од помислата што се се случува во оваа институција. со планиран истек на класифицирани податоци се гради лажна перцепција, за на крај да се конструира судско полициски случаи. Констатирам дека ова не е ништо друго освен хајка и линч кон мене и мојот кабинет“, вели Иванов. 

Македонија | пред 7 години

poster-i-jas-sum-dedo-mraz-2018

Започна проектот „И јас сум Дедо Мраз“- да купиме подароци за дечињата во социјален ризик

Деновиве започна хуманитарниот проект „И јас сум  Дедо Мраз“, преку кој се собираат подароци за деца од сиромашни семејства и висок социјален ризик. Мисијата е преку хумани граѓани, организации и институции да се соберат што повеќе подароци и да ставиме насмевки на што повеќе детски лица. Минатата година се собраа преку 3500 подароци, а оваа година ќе пробаме да го срушиме рекордот.Подароците кои ги купувате, може да се новогодишни пакетчиња, играчки  или алишта. Откога убаво новогодишно ќе ги спакувате, напишете на едно ливче за кого е наменет подарокот ( пол, возраст и што е подарокот). Следното нешто е да се сликате со подароците и да ја поставите сликата на социјални медиуми со хаштаг #ијассумдедомраз. Подароците може да ги оставите до 17 декември во Нано Бар, на 09.12 (недела) во Зоолошка градина Скопје на пункт отворен од 12:00-16:00 или пак да се јавите на телефонскиот број 078 405 264 и да добиете инструкции за достава.Потоа подароците ќе бидат распределни, и секое дете добива она кое што најмногу би го израдувало. Затоа што сите деца мора да се среќни! Да им ја направиме Новата година навистина среќна и весела!

Магазин | пред 7 години

Obse-Milano-01

Жерновски: Ќе ја исполниме домашната задача за подобар живот на наште граѓани

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија,  Андреј Жерновски, кој ја предводеше делегацијата од Република Македонија на Министерскиот совет на ОБСЕ во Милано, имаше свое обраќање во кое се осврна на актуелните предизвици со кои се соочува Организацијата, како и за модалитетите за поефикасно справување со овие предизвици.Исто така, ЗМНР Жерновски во обраќањето ги презентираше и активностите околу актуелните реформи во Република Македонија за исполнување на критериумите за пристапување на земјата во ЕУ, регионалната соработка, како и активностите во насока на стекнување на членство во НАТО.Во рамките на Министерскиот совет на ОБСЕ, Жерновски оствари билатерални средби со Генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, со Високиот комесар за Национални малцинства, Заниер и со Директорот на ОДИХР, Гисладотир.За време на средбите соговорниците разменија мислења за тековните внатрешно политички случувања во Република Македонија.На средбите беше потенцирана важната улога на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и поддршката за реформските процеси на Владата, со уверување дека ваквиот пристап на соработка ќе продолжи и во наредниот период.Од страна на заменик министерот Жерновски беше реафирмирана подготвеноста на земјата за продолжување на соработката со ОДИХР, а посебно за подобрување на изборните процеси кај нас, кои комплементарно придонесуваат за достигнување на бараните европски стандарди, важни за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.На маргините на состанокот, ЗМНР Жерновски, оствари билатерални средби со МНР на Австрија, актуелен претседавач со Советот на Европската унија, Карин Кнеисел, со МНР на Чешката Република, Томас Петричек, со ЗМНР на Грција, Томас Спенсер Николаос Квик, со државниот секретар на италијанското МНР, Пики.Учеството на Министерскиот совет на ОБСЕ, Жерновски го надополни со неформални средби и разменети мислења со МНР на Србија, Ивица Дачиќ, МНР на Албанија, Дитмир Бушати, МНР на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, МНР на Турција, Мевлет Чавушоглу и МНР на Малта, Кармело Абела.Од страна на соговорниците беше истакнато дека силно ќе ги поддржат процесите за членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.Потенцирано беше дека добрите односи меѓу државите се важен предуслов за развој на земјите на Балканот и на регионот во целина, како и дека е важно билатералните прашања да се затворат низ принципот на регионална стабилност и безбедност.„Ќе ги вложиме сите напори за да ја завршиме нашата домашна задача, со цел да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани", беше истакнато од страна на ЗЖНР Жерновски, на средбите.

Македонија | пред 7 години

prom-1

Промовирана антологијата на песни за Охрид

Во рамките на чествувањето на 8-ми Декември- Денот на Св. Климент Охридски- Патрон на Охрид, денеска беше промовирана антологијата на песни за Охрид. Поетската антологија „Дојди во Охрид“ ја приредија проф. д-р Димитар Пандев и поетот Славе Ѓорѓо Димоски, а е во издание на Општина Охрид.Градоначалникот Јован Стојаноски на почетокот на промоцијата им се заблагодари на приредувачите на антологијата и првите примероци им ги врачи на директорите на основните и средните училишта за школските библиотеки и на директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ .Антологијата на песни „ Дојди во Охрид“ ја промовираше проф. д-р Димитрија Ристески, кој истакна дека се работи за богато издание, во кое има 90 песни за Охрид , од кои 30 се од познати светски поети.-Приредувачите, со својата уметничка дарба и со своето извонредно чувство за селективност, успеале во оваа книга да ги врамат речиси сите песни за Охрид од дамнина, па до денес, не се само автори кои потекнуваат од охридското и нашето пошироко македонско подрачје, туку и од странство или , според насловот на посебно издвоениот дел од книгата „ Поетите од светот за Охрид“ – рече промоторот Ристески.На промоцијата, двајца автори кои се застапени во антологијата ги прочитаа своите песни за Охрид, а овој културен настан заврши со заедничката порака во иднина да се множат ваквите важни изданија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Тепачка на две групи малолетници во Струга

На улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, вчера, околу 15.30 часот нарушен бил јавниот ред и мир поради тепачка во која учествувале две групи од неколку малолетни лица.Еден од нив бил физички нападнат најпрвин од едно лице, а потоа се вклучиле и другите лица од групата. Причина за нападот е тоа што истиот ден околу 09.10 часот во претходна расправија било искршено стакло на паркирано патничко моторно возило „Мерцедес“ и за истото оштетениот бил повикан кај директорот на средното училиште „Ибраим Темо”. Истиот го посочил напаѓачот како сторител на оштетувањето. Во нарушувањето, физички е нападнато уште едно лице кое се обидело да ги раздвои, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

slika

Ѓорчев се сретна со сенаторите Линдзи Греам и Џејмс Ланкфорд

За време на својата посета на Вашингтон пратеникот Влатко Ѓорчев се сретна со сенаторот Линдзи Греам.За време на средбата пратеникот Ѓорчев се заблагодари за можноста на учествува на парламентарниот форум за безбедност.Ѓорчев го истакна партнерскиот однос на САД кон Македонија, со надеж дека во иднина односите меѓу двете земји ќе се продлабочуваат.На средбата со сенаторот Џејмс Ланкфорд стана збор за водечката улога на САД во обезбедувањето на мир и стабилност во Европа.Ѓорчев го нагласи значењето на посветеноста и ангажманот на САД во Европа како долгорочен и стратешки однос меѓу сојузниците од двете страни на Атлантикот.Пратеникот Ѓорчев ги повика сенаторите Греам и Ланкфорд да ги следат состојбите во Македонија, особено во делот на актуелните и загрижувачки проблеми, како и да го задржат вниманието кон Балканот како важен дел од Европа.На крајот, пратеникот Ѓорчев го подвлече долгогодишното партнерство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Републиканската партија на САД како сестрински партии кои споделуваат заеднички вредности.

Македонија | пред 7 години

dsc_003

Ѓорчев се обрати во Сенатот: Македонија и САД се стратешки сојузници

Во своето обраќање Ѓорчев подвлече дека безбедноста и мирот се основни предуслови за економски напредок. Современиот свет се соочува со бројни предизвици и закани на кои што мора да се најде адекватен одговор.Пратеникот Влатко Ѓорчев се обрати како еден од воведните панелисти на 12 Парламентарен форум за безбедност кој што се одржува во Сенатот на САД, со кој претседава конгресменот Роберт Питинеџер, претседавач со Работна група за тероризам и неконвенционално војување на Конгресот на САД. Се очекува на Форумот да учествуваат 340 парламентарци од над 80 земји, кои ќе разменат мислења за безбедноста, борбата против тероризмот и неговото финансирање, сајбер-безбедноста, размената на разузнавачки информации и крипто-валутите.На парламентарниoт форум учествуваат сенатори и конгресмени од САД, како и парламентарци од Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.Во своето обраќање Ѓорчев подвлече дека безбедноста и мирот се основни предуслови за економски напредок. Современиот свет се соочува со бројни предизвици и закани на кои што мора да се најде адекватен одговор.Ѓорчев ја подвлече водечката улога на САД во одржувањето на мирот и стабилноста на Европа. Во тој контекст, Македонија и САД ги поврзува стратешкото сојузништво и партнерство потпишано во 2008 година.Ѓорчев ја нагласи улогата на НАТО алијансата како клучна организација на евро – атлантската заедница во која што припаѓа Македонија.На крајот, Ѓорчев се заблагодари за можноста да биде еден од воведните панелисти на форумот за безбедност во Вашингтон, додавајќи дека ваквите настани ги покажуваат сојузништвото и солидарноста на демократскиот свет.Пред учесниците на 12 Парламентарен форум за безбедност се обратија конгресмени и сенатори од соодветните комисии и тела на Американскиот конгрес, претставници од Министерството за финансии и владините агенции на САД, како и аналитичари од најзначајните тинк-тенкови за меѓународна политика, експерти од големите финансиски институции и софтверски компании.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Совети за патување во зима

По долгата и топла есен, метеоролозите за наредниот период најавуваат пад на температурите, постудено време, снег на повисоките места и „конечно“ вистински почеток на зимата. Иако сончевото време на сите возачи им оди во прилог, не треба да се заборави фактот дека во зима снегот и мразот се главни „учесници“  во сообраќајот на патиштата, а возачите треба да се прилагодат на нив и на условите за возење кои ги создаваат.Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата подготви неколку кратки совети како да се подготвите вие и вашето возило за претстојниот зимски период.Дали ви требаат зимски гуми? Да. Новите модели на зимски гуми добро се вклопуваат со површината и сигурно ќе траат повеќе од една сезона, па нема потреба да размислувате за купување поскапи зимски гуми. Доколку возите автомобил со летни гуми кои имаат поголема оска од 4 мм, препорачуваме да ги замените со зимски гуми за ваша безбедност и за безбедност на другите учесници во сообраќајот. Доколку имате зимски гуми, а автомобилот е мал, ви препорачуваме да купите нови бидејќи зимските гуми со мала шарка имаат добар стисок на влажната подлога, но кога станува збор за снег, тоа не е многу добро.Погрижете се вашиот автомобил да биде во исправна состојба.Освен временските услови, исправноста на возилото е клучен фактор за безбедност на возачите и на останатите учесници во сообраќајот. Последно нешто што сакате е да останете со возилото на пат бидејќи не е механички исправно. Исто така, пред да тргнете на пат, треба да ги проверите и доколку е потребно да ги замените со нови и со поквалитетни четкичките на бришачите. Така ќе бидете сигурни дека стаклото на шофершајбната ќе биде секогаш чисто. Добро е да отидете на механичар или во овластен сервис каде што ќе можете детално да го прегледате вашето возило.Обидете се резервоарот да ви биде полн доколку заминувате некаде на подолг пат.Во зима, на места каде што има паднато снег, често се случува автомобилот да заглави во снегот, па можеби ќе бидете принудени да го оставите возилото да работи подолго време за да ве загрее, сѐ додека не дојде некој на помош. Втора, корисна работа е да се погрижите вашиот резервоар да е полн повеќе од половина во текот на целата зима бидејќи тоа ќе спречи замрзнување на горивото кога температурите се во минус. Доколку е потребно, можете да додадете и некој адитив во резервоарот.Секогаш имајте комплетна зимска опрема во вашиот автомобил.Потребни и од корист ќе ви бидат основни работи, како што се: синџири за тркала, зимски ракавици и капи, ќебиња, ремени за влечење, кабли за напојување на акумулатор, фенерче, и др. Не заборавајте да носите некои основни лекови доколку тргнувате на далечен пат бидејќи секогаш постои опасност да заглавите некаде и да не знаете колку долго ќе бидете заглавени.Носете облека во која ќе ви биде топло. Очила во тон на жолто-златна боја драстично ќе ви помогнат да имате подобра видливост. Се разбира, тоа што е ладно надвор, не значи дека треба да возите во јакна, палто или слична облека бидејќи тоа само ќе ви го отежни возењето. Сѐ што е тешко, големо и гломазно ви го отежнува возењето. Големиот и дебел капут кој повеќе ќе ве нервира, отколку што ќе ве стопли, ќе го оставите на задното седиште од автомобилот и за време на возењето, ќе бидете комотни и нема да се чувствувате тромаво, а со тоа ќе можете слободно да маневрирате со воланот, да се свртите настрана или  назад и да бидете фокусирани на она што се случува на патот. Истото важи и за тешките и големи обувки, како што се чизмите бидејќи тоа може да ви ја загрози пристапноста до педалите. Ставете ги на задното седиште за да ви бидат достапни доколку ви затребаат.Прилагодете се кон условите на патот.Проверете ја состојбата и условите на патот. Има многу начини преку кои можете да се информирате за состојбата на патиштата пред да седнете зад воланот. Проверете ја временската прогноза на локалните радио станици или на Интернет и добијте сознанија за последните временски предупредувања и за условите на патот. Ова ќе ви даде корисни информации за времето и што да очекувате или во некои полоши случаи ќе ви даде можност за план Б, односно за промена на рутата по која сте планирале да се движите.Почитувајте ги ограничувањата на брзината, предупредувањата за условите на патот и запомнете дека во зима треба да возите многу поспоро од она што е дозволено.Бидете внимателни за вас и за оние околу вас, возете одговорно и секогаш чувствувајте се безбедно во вашите возила. 

Македонија | пред 7 години

Izlozba_Aleksandar_Eftimovski

Изложба на академскиот скулптор Александар Ефтимовски во Хонг Конг

Од 5 до 20 декември во Хонг Конг се одржува изложба на скулптури на академскиот скулптор Алексадар Ефтимовски, насловена како „Continuity” со која што завршува неговиот петмесечен академски престој во Хонг Конг. Ефтимовски, за време на неговиот престој при факултетот за визуелни уметности на универзитетот Лингнан, предаваше различни техники на изработка на скулптура. Како дел од резиденционалната програма на Универзитетот, покрај предавањата, Ефтимовски работеше и на свои скулптури – апстрактно геометриски, кои ги изложи на изложбата. Името на изложбата во Хонг Конг со наслов “Continuity” го претставува континуираниот пат на творење на авторот. На изложбата покрај делата на Ефтимовски беа изложени и скулптури, создадени од неговите студенти во периодот на неговиот престој.Александар Ефтимовски е автор кој своето ликовно знаење го стекна на академиите за уметност во Фиренца и Карара, Италија. Неговото творештво во голем формат е поставено во повеќе од 15 градови низ светот. Дел од неговите дела се откупени во колекциите на NAMOC (Национален Музеј на уметност на Кина), International Art Exhibition Xi’аn, како и поголем број на приватни колекции во Германија.

Магазин | пред 7 години

levica

Левица: Приватизациите ги поскапуваат услугите и ги јакнат олигарсите

„Новиот бран на распродажба на јавните добра кој го сведочиме периодов се одвива стихијно и без јавна дебата, а неговиот резултат е повеќе од јасен: зголемување на цената на услугите, намалување на платите и условите на вработените и јакнење на олигарсите кои ќе ја стекнат сопственоста врз овие претпријатија.Од предлозите да се реши проблемот на железниците и поштата со нивна либерализација, па се до најавената либерализација на енергетскиот пазар и распродажбата на брзата помош и детската кардиохирургија, очигледно е дека 27 годишната традиција на распродажба на јавните и државните добра не е завршена. Притоа, власта манипулира со јавноста, стихијно спроведувајќи ги овие приватизации, избегнувајќи медиумска покриеност и јавна дебата“, велат од Левица.Според нив, во оние ретки моменти кога власта сепак мора да се произнесе, таа користи две стратегии за да не создаде револт кај масите: го избегнува терминот приватизација и кокетира со јавната перцепција дека државните претпријатија се неефикасни.„Од една страна, терминот „приватизација“ со право стекна негативна конотација во периодот после осамостојувањето на Републиката. Власта вешто го замени овој термин со други, помалку оцрнети називи, што кулминираше со именувањето на приватизацијата на детската кардиохирургија како „преселба“.Од друга страна, јасно е дека државните претпријатија се неефикасни и корумпирани, но притоа мора да се земе предвид дека причината за ваквиот феномен е тенденциозното уништување на овие претпријатија, се со цел нивна полесна распродажба на олигарсите во државата. Дополнително, годинава бевме и сведоци на скандалот што го обелодени „Трансперенси интернешнл”, во кој политичката партија ДУИ се финансирала преку државни институции. И на крај, неефикасноста на овие претпријатија е и една од последиците токму на неспособноста на Владата која има мандат и должност да менаџира со истите!Во оваа насока, приватизациjата како решение на властите не е ништо освен избегнување на одговорноста и зацврстување на врските со бизнис елитата. Услугите не стануваат поквалитетни кога ќе се префрлат во рацете на капиталот, туку стануваат поскапи. Такви примери имаме и во Македонија (приватните болници и училишта се поскапи) и низ Европа (после либерализацијата на енергетскиот пазар, во повеќето земји во Европа електричната енергија поскапела, некаде дури и дупло). Напротив, решението е во квалитативното подобрување на државните претпријатија.Потребно е да прекине да се троши државниот буџет по диктат на Западот (за интеграции во НАТО и милитаризација) и да се инвестира во државниот сектор. Потоа, потребна е поголема демократизација на овие претпријатија преку поголемо учество на вработените во носењето на одлуките, како единствен ефикасен начин на борба против нивната корумпираност. Менаџерите и директорите треба да бидат избирани од самите вработени, по пат на гласање, и нив да им се доделува ограничен мандат, а трошоците на претпријатијата мораат да бидат транспарентни и достапни за јавноста.Распродажбата на јавните и државните добра не е ништо друго освен распродажба и на онаа мала количина слобода што нам ни преостана, и која што сега ја препуштаме во рацете на капиталот. А капиталот не се грижи за квалитетот на услугите, ниту за нас, туку единствена цел му е да го зголеми својот профит. Затоа, мораме да ставиме крај на приватизацијата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

1-5

Заев на дебата со судиите: Да ги спроведеме реформите за функционална правна држава

Претседателот на Владата на Република Македонија, вчера се обрати на работната средба во организација на Академијата на судии и јавни обвинители и Центарот за истражување и анализи, со претставници на апелациските судови и Врховниот суд на Република Македонија, што се реализира и со поддршка од Британската амбасада, што се одвива во Струмица. Тема на средбата е хармонизирање на судската практика.Премиерот Заев во Обраќањето порача"Правото и правдата мора да бидат достапни на секој граѓанин и да важат, неселективно, подеднакво, за сите!"Во продолжение е интегралниот текст од Обраќањето на премиерот Заев:"Правдата често пати на луѓето им е потешка од неправдата, оценил еден мислител.Голема е одговорноста да се биде носител на правдата и да се биде праведен. Потребни се добри закони, потребно е почитување на законите од судската, извршната, законодавната власт, од институциите, од секој професионалец и секој граѓанин поединечно. Потребна е и свест и совест дека само општеството поставено на правда и правичност носи мир и е добро место за живеење на граѓаните.Затоа, како извршна власт, со вас судиите, обвинителите, стручната јавност, се обидуваме да ги усогласиме законите според европското законодавство и препораките што се бараат во поглавјето за правосудство во преговарачкиот процес што очекуваме да почне со ЕУ.Но, клучната обврска останува на вас како судии и на сите нас како држава:Да обезбедиме конечно функционална правна држава!Правото и правдата мора да бидат достапни на секој граѓанин и да важат, неселективно, подеднакво, за сите!Апелирам, вие да си ја работите работата според совеста и законите, непристрасно, објективно, професионално, без прифаќање странични влијанија, од кого и да доаѓаат. Законите ве штитат, а законите во оваа држава се спроведуваат и ќе се спроведуваат.Правото за извршување на правдата е во ваши раце и одговорноста за реализација на правдата е исто така ваша.Еве ќе ја искористам приликата да се обврзам дека како извршна власт, ќе го направиме она што е наша должност, да ги обезбедиме сите потребни услови, за да функционира ефикасно правната држава во Македонија.За тоа се обврзавме пред граѓаните, тоа ни е обврска како држава, за да ги почнеме преговорите со ЕУ во јуни и да станеме членка на Европската унија. Ефикасен правен систем ни е потребен и за членството во НАТО, што очекуваме да се случи многу скоро, почнувајки го процесот веќе од февруари.И ајде да покажеме заедно дека Македнија може да биде пример и во обезбедувањето на правото, како врвно и демократско човеково право.Важно е да ги обезбедиме правото и правдата.Важните закони што се однесуваат на ефикасно правосудство очекуваме до Нова година да влезат во собраниска процедура.Предлог законите за изменување и дополнување на Законот за судовите и Законот за Судски совет на Република Македонија се работени од стручна работна група составена од судии, професори, поранешни судии на Судот за човекови права во Стразбур, членови на Судскиот совет на Република Македонија.Измените и дополнувањата се согласно препораките дадени од Венецијанската комисија, ГРЕКО и Оценската мисија на ТАЕКС за обука на судии и јавни обвинители, според насоките утврдени во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, а ја поминаа и расправата во Советот за реформа на правосудниот сектор и, како што сум информиран, нивното донесување е поздравено.Со измените што се предвидени во законите: се врши редефинирање на изборот на членовите на судскиот Совет од редот на најискусните судии, законски се дефинира условот “истакнат правник“ за избор на член на Судскиот совет на предлог на Собранието на Република Македонија и на Претседателот на Република Македонија, се воведува категорија на “млади правници“, се врши редефинирање на критериумите за унапредување судија во повисок суд, се утврдува законски основ за донесување Кодекс на судска етика за судии и судии поротници, се пропишуваат критериуми за утврдување на индивидуална одговорност за членовите на Судскиот совет во вршењето на нивната функција, се менува концептот на оценување на судии заради напредување и целосно се уредуваат основите за дисциплинско казнување, согласно препораките на Венецијанската комисија.Еве и поконкретно:Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законит за судовите:-Се воведува категоријата “млади судии“, или судии избрани во основен суд со проширена надлежност со судиски стаж до две години, да можат да работат само на предмети од надлежност на суд со основна надлежност, односно полесни предмети.-Основните судови во Кичево, Кавадарци и Гевгелија добиваат проширена надлежност. Анализите покажуваат дека овие судови континуирано низ годините имаат предмети изразено над просекот на предмети што го имаат судовите со основна надлежност. Ваквата поставеност негативно влијае на секојдневното работење на правните лица, за коишто е надлежен Основниот суд во Велес, а така индиректно и на целокупното пазарно работење и на развојот на стопанството во јужните делови на Македонија. Негативни ефекти од моменталниот статус на основните судови во Кичево, Кавадарци и Гевгелија, како судови со основна надлежност има и во кривичното право. Имено, меѓународните стандарди предвидуваат посебен третман на децата сторители на кривични дела, што треба да биде остварен во нивното место на живеење. Ваквите меѓународни стандарди се неостварливи доколку судот е значително оддалечен од местото на живеење на детето. Целта на измените на оваа одредба е остварување на полесен и поефикасен пристап до правдата на голем број граѓани на Република Македонија.-Се предвидува надлежноста на Судскиот совет на Република Македонија да го утврдува оптималниот број на судии и судии поротници по судовите. Оваа измена се предлага согласно забелешките на Оценската мисија на ТАИЕКС за обука на судии и јавни обвинители, извршена во април годинава, а согласно којашто „не постои планирање на човечки ресурси и нема стратешко планирање за вработување судии или јавни обвинители, ниту за правни соработници и друг помошен персонал, а огласот за судии и јавни обвинители од страна на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се чини дека е направен по случаен избор“. Советот располага со сите потребни статистички показатели (број на судии и стручен персонал, број на предмети по судови по област, движење на предмети по години и согласно ново предвидената надлежност тој мора да ја следи работата на судовите и судиите и има капацитет за исполнување на наведената обврска-Се овозможува во случај на полесен облик на повреда на основите за разрешување судија, на судијата да може да му биде изречена дисциплинска мерка, наместо разрешување, согласно препораката на Венецијанската комисија. Воедно, се предлага разрешување судија од судска функција да биде можно само ако повредата е сторена со намера или очигледна небрежност, по вина на судијата, без оправдани причини и повредата да предизвикала сериозни последици.Што се однесува до позначајните измени во Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет на Република Македонија:-Се врши дефинирање на поимот “истакнат правник“ како член на Советот избран од Собранието. Се предлага тие да бидат од редот на универзитетски професори по право, адвокати, поранешни судии на Уставен суд или меѓународен суд-Се пропишуваат основите и постапката за изземање и за поднесување барање за дисциплинска постапка за член на Советот, согласно препораката на Венецијанската комисија, во делот на непостоење одредба за утврдување одговорност на членовите на Советот во вршењето на нивната функција во Советот-Се прошируваат основите за престанок на судската функција и во случај ако на судијата во вршење на судиската функција му е изречена прекршочна санкција „забрана за вршење на професија, дејност или должност за дело поврзано со злоупотреба на судиската функција“. Оценката е дека ова дополнување е неопходно, имајќи предвид дека во конкретниот случај судијата целосно го изгубил кредибилитет за вршење на функцијата-Се воведува нов концепт на оценување судии, само во случај на унапредување во суд од ист степен, повисок суд или за претседател на суд. Целосно е постапено по забелешките на Венецијанската комисија, којашто укажа дека оценувањето на судијата мора да биде одвоено од системот за казнување, односно да се отстрани критериумот на „оценување заради казнување“.Во финална подготовка се и Законот за судска служба. Во делот на кривичното законодавство, најзначаен дел се измените што се однесуваат на криминалот на омраза, а се пропишуваат и нови кривични дела, како што е “попречување на правдата“.Во финална подготовка се и закони што се однесуваат на обвинителската дејност.Благодарам што учествувате со свои забелешки, сугестии, коментари во реформите во правосудството. Клучно е вашето мислење бидејки вие сте спроводници на правдата.За да поминат законите во Парламентот, потребно е дво третинско мнозинство во Парламентот – ние сме во контакти и со опозицијата и верувам дека ќе биде дадена широка и политичка и општествена поддршка.Да ја хармонизираме судската практика, да ги усогласиме законите со законодавството на ЕУ, да ја обезбедиме правдата во нашата држава и сите да се чувствуваме спокојни и заштитени во еден ефикасен, фер и правичен правосуден систем!Повикувам сите надлежни институции и поединците, да ја сфатиме сериозно оваа обврска, да ги донесеме законите до март и да почнеме со нивна ефикасна реализација!Првото поглавје што очекуваме да се отвори е поглавјето 23, верувам дека реформите во правосудството успешно ќе завршат, а нивната имплементација ќе блеска", рече во Обраќањето премиерот Заев.Во дебатата судиите дадоа свои мислења и сугестии, а премиерот Заев рече дека се тие добредојдени, бидејки целта е охрабрување на судството да носи одлуки и независно и професионално судство.

Македонија | пред 7 години

Abraham-Kribus-

Професор Крибус одржа предавање за соларна енергија пред студентите на ФЕИТ

Искористувањето на сончевата енергија е многу успешно и прилично компетитивно, но веќе се бараат начини како нејзината примена да стане уште поевтина, уште подостапна и уште поконкурента, порача професор д-р Абрахим Крибус од Универзитетот Тел Авив на стручното предавање пред студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии.Предавањето се одржа во рамки на Студентската конференција за енергетска ефиканост и одржлив развој, каде Крибус одржа предавање насловено како „Соларна енергија – предизвици и можности“. Предавањето го организира изралеската амбасада а на предавањето присуствуваше и Амбасадорот на Израел во Република Македонија, Н.Е. Дан Ориан.„Главен предизвик во користење на соларната енергија е наоѓање решенија за оптимизација на ефикасноста во однос на цената на чинење. Затоа, применуваме нанотехнологии за добивање сончеви ќелии, нови иновативни пристапи за складирање на енергија, хибридни системи за генерирање електрична енергија и друго“, рече Крибус.Професор Крибус е #SwissEP претприемач кој работи со помошни организации и старт-апи во Македонија. ЕИР Европа е иницијатива на Швајцарската програма за претприемништво, финансирана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact во конзорциум со Ј.Е.Астин.Крибус а активен професор на Универзитетот Тел Авив, на Факултетот за инженерство, оддел за механичко инженерство со 8 патенти и е автор на 260 научни трудови. Тој говореше и за нови алтернативни и обновливи начини за создавање енергија.

Македонија | пред 7 години

mvr

Малолетници од кумановско, уценувале жена и зеле многу пари - заработија кривична пријава

Секторот за внатрешни рабооти Куманово поднесе кривична пријава против двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од село Отља, кумановско и уште еден 16 годишен малолетник од село Слупчане, кумановско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“ во врска со кривично дело „соучесништво“.Во периодот од јули до септември 2018 година пријавените преку комуникација на социјална мрежа со закана дека ќе објават фотографии со невистинита содржина, оштетената ја принудиле да им даде поголема сума на парични средства, со што се стекнале со противправна имотна корист од 360.000 денари.

Македонија | пред 7 години

kamaj-1

Дечково продава икона, а 500 души му пишале амин…

На забавниот сајт камај.нет, се објави интересна статија. Имено дечко  сакајќи да продаде икона, ја објавил на интернет, но наместо да се договараат околу цената, оние кои виделе лајкувале и над 500 души му пишале амин…извор: камај.нет

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Од кабинетот на Иванов: Љубомир Фрчкоски е најмалку повикан да го обвинува Претседателот Иванов

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија реагира на изјавата на Љубомир Фрчкоски дадена вчеравечер во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.Сметаме дека ваквиот однос на Фрчкоски кон Претседателот на Република Македонија е резултат на личен анимозитет, како и последица на неговите лични фрустрации поради доживеаниот пораз на претседателските избори, токму од страна на претседателот Иванов.Сметаме дека Љубомир Фрчкоски е најмалку повикан да го обвинува Претседателот Иванов.Дали треба да ја потсетуваме јавноста на веќе укажаните сведоштва дека Фрчкоски е архитектот на политичката полиција и криминализирање на Службата за безбедност во Република Македонија на штета на националните прашања?Дали непрофесионализмот, кршењето на човековите права и владеење на подземјето е неговиот печат во управувањето со институциите?Дали Фрчкоски смета дека јавноста заборави за криминалните и неморалните дела од неговото владеење?Претседателот Иванов му порачува на Фрчкоски:„Јас не сум тоа што си ти. Кој си ти е опишано во мемоарите на поранешниот претседател Киро Глигоров и поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов“.Кабинетот на Претседателот на Република Македонија очекува од Јавното обвинителство да реагира на сите досегашни изјави и сведоштва за улогата на Фрчкоски во атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.

Скопје | пред 7 години

sanja-l

Нова давачка за граѓаните - За да знаете колку имате дополнителни приходи ќе треба секој да има свој сметководител

Новина од УЈП, за да знаеме колку данок треба да платиме по новиот закон секој од нас ќе треба да ангажира свој сметководителУште една давачка за македонските граѓани од наредната година.За да успеат даночните обврзници да се снајдат со новите даночни стапки по различни основи, по новиот закон кој треба да стапи на сила од први јануари 2019, граѓаните најверојатно ќе им треба да си ангажираат лични сметководители за да не заталкаат во даночните лавиринти. Во синоќешното издание на “Економски магазин“ на Алсат м телевизија, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска објаснувајќи дел од новиот закон на прашање на водителот, дали секој кој што има дополнителни приходи од редовната плата и редовната пензија, би требало секој да има свој сметководител за да може да си ги води сметките за да знае колку данок ќе треба да плати, директорката Лукаревска одговори дека таа е праксата во сите европски земји, секој си има свој сметководител.– Во сите европски земји така е најчесто, праксата е таа. Секое физчко лице си има свој сметководител. Меџутоа мислам дека нашите сограѓани навистина се доста едуцирани и дел од нив и сами знаат да ги спроведуваат овие смедководствени работи, рече Сања Лукаревска.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања