„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Скопје1.мк

Нема фотографија

Русија ќе проверува дали Американците навистина слетале на Месечината

Додека во САД, но и во остатокот од светот се поголема популарност добиваат теориите на заговор, се чини дека во Русија одлучиле да ја проверат нивната точност, барем кога станува збор за тоа дали човекот слетал на Месечината.Директорот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин на социјалната мрежа „Твитер“ објави видео во кое говори како Русија ќе провери дали астронаутите од САД навистина отишле на Месечината, објави агенцијата АП.Американските астронаути слетаа на Месечината во 1969 година, a се чини дека Рогозин во поставената објава се шегува, бидејќи додека говори се смее и ги спушта рамената. Рогозин, всушност, одговараше на прашање дали слетувањето на Месечината навистина се случило.Во САД има голем број на теории на заговор за тоа дали навистина НАСА слетала на Месечината, додека пак во Русија широко распространето е мислењето дека тоа не се случило.Засега не е јасно на кој начин Русите ќе ја проверат точноста на оваа теорија на заговор, ниту пак кога тоа ќе се случи.Инаку, Русија ја прекина својата програма за слетување на Месечината во седумдесеттите години на минатиот век.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Тајванците се изјаснија против геј браковите

Застапниците на правата на геј заедницата доживеаја неуспех во референдумот во Тајван, каде што конзервативните групи на граѓани во голем број се изјаснија против истополовите бракови.Повеќе од 7 милиони луѓе потврдно одговориле на референдумското прашање: „Дали мислите дека бракот дефиниран со закон треба да биде ограничен на заедница меѓу маж и жена?“На уште две изјаснувања за геј браковите, организирани од граѓански здруженија, излегоа уште три милиона луѓе, но овие референдуми не успеаја бидејќи повеќе од милион и пол гласачи биле против.Тајванските гласачи денеска излегоа на десет референдуми односно на локални избори на кои е поразена владејачката Демократска прогресивна партија, поради што од претседателската позиција на партијата отстапи Цаи Инг-вен.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Санкционирани 79 возачи поради пречекорување на дозволената брзина

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 24.11 во периодот од 06.00 до 22 часот спроведе засилена контрола во врска со контрола на брзина на движење на моторни возила. Во овој период санкционирани се 79 возачи кои ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 90 мерки во врска со акциската контрола, издадени се 75 платни налози, четири прекршочни платни налози, писмено опоменати се единаесет возачи, откриени се 46 останати прекршоци, издадени се 19 прекршочни платни налози и 27 мандатни платни налози.Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 24/25.11. 2018 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 180 возачи, a кај 18 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 53 мерки . Исклучени се 18 возачи од сообраќај, времено се одземени 17 возачки дозволи, издадени се 18 мандатни платни налози , откриени се 55 останати прекршоци за кои се издадени 40 мандатни платни налози и 15 прекршочни платни налози.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Ердоган смета дека e мал бројот на жени во турскиот Парламент

Бројот на народни претставнички во турскиот Парламент не е доволен, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.Во 600 члениот Парламент моментно има 104 жени, што е 17,5 проценти од вкупниот број пратеници, но тоа не е доволно, истакна Ердоган на третата средба „Жени и правда“ во Истанбул.Во однос на улогата на турските жени во политиката, образованието и другите сфери од животот, турскиот претседател нагласи дека бројот на вработени жени во Турција се зголемил по доаѓањето на власт на неговата Партија на правда и развој во 2002 година, од 28 до 38 проценти.Тој додаде дека во турските универзитети речиси половина од професорите се жени.– Вработените жени во нашата земја, кои се 9,12 милиона, придонесуваат за развојот на Турција и ние се гордееме со нивниот успех – истакна Ердоган, додавајќи дека тие се неделив елемент и од семејството, и од бизнисот.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Пукање во близина на австриската амбасада во Анкара

Недалеку од австриската амбасада во Анкара, испукани биле неколку куршуми во воздух, па турската полиција ги затворила улиците во таа област.Куршумите биле испукани од бел автомобил во движење, јави турската агенција „Анадолија“, а пренесува АП.Засега не е познато дали амбасадата била цел на напад.Сличен инцидент се случи во август, кога три куршуми испукани од возило во движење ја погодија портата на американската амбасада во Анкара, но никој не беше повреден.

Свет | пред 7 години

orizz

Пет денари дополнитени субвенции за килограм арпа

Дополнителна субвенција од пет денари за килограм е мерката со која Владата ќе ги мотивира оризопроизводителите да ја предадат арпата во фабриките за откуп, наместо да им стојат во амбарите, рече денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски на средбата со оризопроизводителите во Штип.Тој најави дека мерката во вторник ќе биде ставена на владина седница и усвоена. Со мерката, оцени, ќе се раздвижи пазарот, а оризопроизводителите ќе можат да го продадат своето производство.-Мерката ќе важи до 31 март 2019 година и сметаме дека со неа ќе направиме значајно раздвижување. Очекуваме 5.000 до 10.000 тони да бидат дополнително опфатени. Го прифаќаме барањето на подсекторската група и барањето на оризопроизводителите за дополнителни пет денари. Сметаме дека тоа за Владата треба да е прифатливо и излегуваме со еден позитивен аспект и позитивен однос кон целокупната оваа гранка- вели Николовски.На денешната средба со оризопроизводителите се разговарало и за откупот на оризот кој во моментов е неорганизиран и за што Министерството има направено сериозни анализи, увозот, пестицидите, особено нивниот квалитет, континуитетот на предавање на оризовата арпа во регистрираните центри.Николовски потсети дека субвенциите за оризопроизводителите за една година се 300 отсто зголемени. Во источниот регион се очекуваат 17.000 тони оризова арпа, од кои досега се предадени само 3.000 тони.

Македонија | пред 7 години

mobil1

Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм

Автори од Русија, Шпанија, Ирак и од Македонија беа наградени синоќа на 9.издание на Мобил филм фестивал, што се одржа во Кинотеката на Македонија. Публиката можеше да проследи селекција од најдобрите филмови што годинава пристигнаа на адресата на фестивалот.Жирито во состав: Весна Ристовска, режисер, Гораст Цветковски, актер и Сашо Павловски, продуцент и режисер, ги избраа најдобрите и ги наградија во неколку категории: Награда за најдобар филм „Ратка Илиевска - Лале“ „Магичен свет” – автор Катја Ветрова, Русија Награда за најинвентивен филм „Сенки на радио на Истокот“ (Shadows of a radio in the east) – автор Начо Ресио, Шпанија Награда за најоригинална приказна „Чевли“ – Филип Петрески, Македонија Награда за најдобра идеја“Ailan”-  Јубраил Абубакер, Ирак На фестивалот учествуваа тројца автори од Македонија со свои филмови. Тие добија благодарници за учество. Доријан Миловановиќ го промовираше својот филм „Танц“, Борис Таковски – „Int.room“, а Филип Петрески учествуваше со наградениот „Чевли“.Наградените добија плакети, а авторот на најдобриот филм доби и стипендија за студирање на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје.Мобил филм фестивал се одржа од 16 до 24 ноември, во Кинотеката на Македонија, под мотото „Dream big, start small“. Фестивалот го организира продуцентската куќа „КТ филм и медиа“ од Скопје, а го поддржа Град Скопје.

Магазин | пред 7 години

haradinaj

Харадинај: Во јануари ќе ја тргнеме границата меѓу Косово и Албанија

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај, најави дека од јануари идната година, Косово и Албанија ќе немаат граници, односно истите ќе бидат укинати, и сообраќајот како и стоката меѓу двете земји ќе може да се движи непречено.„Ќе ја тргнеме границата со Албанија. Ќе ги тргнеме дури и оние мали куќички. Се ќе тргнеме“, најави Харадинај.Засега нема официјален став од Албанија по ова прашање. Отстранувањето на границите би требало да се случи во јануари 2019 година.

Свет | пред 7 години

Tereza-Mej

Меј апелира за поддршка за Брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, преку отворено писмо им се обрати на Британците и побара поддршка за договорот за брегзит кој треба да биде потврден.Агенцијата „Ројтерс“ навдедува дека Меј побарала поддршка од британската јавност, иако сé уште не е сосема сигурно дека за договорот за брегзит има поддршка од нејзината партија.Меј во писмото вели дека ќе ја води кампањата со срце и со душа, со цел договорот за излез на Британија од Европска унија да биде прифатен од парламентот во Лондон, иако, според „Ројтерс“, постои силно противење дури и надвор од партијата на Меј.„Тоа ќе биде договор кој е во наш национален интерес, договор за целата наша држава и целиот наш народ, без разлика дали гласавте за останување или заминување (од ЕУ)“, порачува британската премиерка во своето писмо.Таа моментно е во Брисел поради новиот самит на ЕУ, а се очекува денеска да го обезбеди договорот за брегзит.

Свет | пред 7 години

miloshoski-520x346

Милошоски стана татко по четврти пат

Антонио Милошоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ стана татко по четврти пат. Се роди неговата трета ќерка. Од првиот брак го има синот Давид, а од вториот брак има три ќерки. Првата ќерка Дариа се роди во август 2016 година.Колку прекрасна недела! Симона повторно е мајка  на свет ја донесе нашата најмалечка принцеза бато Давид и сестричките Дариа и Михаела си добија уште една дадичка , а Тато е најсреќниот татко на светот.Благодариме дедо Боже за благословот, најдраги мои роднини и пријатели Ве прегрнувам сите .., од денес сме порадосни и побогати со уште еден член во семејството Милошоски! Пожелувам секому!Благодарност до Д-р Палчевски и неговиот тим од Аџибадем Систина. – напиша Милошоски на својот фејсбук профил.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2361210187241580&set=a.258786697483950&type=3&theater

Македонија | пред 7 години

poseta

Заев, Манчевски и Василевски во работна посета на Струмица

Премиерот Зоран Заев и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска ќе ја посетат локацијата на која се монтира заштитно јаже со оптика на далекувод од преносната мрежа на МЕПСО во Струмица.Домаќин на работната посета ќе биде директорот на МЕПСО Сашо Василевски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

М-НАВ: Безбедноста на македонското небо не е доведена во прашање

АД М-НАВ ги отфрла како невистинити последните информации пренесени во повеќе печатени и електронски медиуми, како и изјавите на одредени претставници на синдикати и политички партии.-Одговорно тврдиме и ги демантираме последните шпекулации, во ниту еден момент безбедноста на македонското небо не е доведена во прашање. Ова тврдење е поткрепено од фактот дека сите надлежни институции задолжени за постојан надзор на нашето работење, како Владата, Агенцијата за цивилно воздухопловство и светските релевантни воздухопловни власти, меѓу кои Европската организација за безбедност на воздухопловната навигација – Еуроконтрол, Интернационалната организација за цивилно воздухопловство и Европската организација за одржување на безбедноста на авио сообраќајот го поддржуваат и поздравуваат постојаниот напредок и начинот на функционирање на АД МНАВ, стои во соопштението од компанијата.Осврнувајќи се на состојбите во последните година и пол, М-НАВ наведува дека бележи раст на приходите од три милиони евра поради зголемувањето на воздушниот сообраќај за околу 15 отсто (прелети и полетувања/слетувања Скопје и Охрид), кој е опслужен со истите човечки ресурси како и претходно, но со имплементација на голем број новитети и поддршка на Еуроконтрол.-Во август годинава два пати го срушивме рекордот на прелети над нашето небо, кој достигна бројка од 1.028. Покрај одличните финансиски резултати без никаква забелешка по 10 години се спроведе селекција на нови контролори на летање, според највисоки стандарди и во координација со сите релевантни европски институции во воздухопловството, токму со цел одржување на безбедноста на највисоко ниво. Сите нови вработувања во периодот од година и пол се спроведени согласно позитивните законски прописи и притоа се работи за искусни контролори на летање кои се вратија од Швајцарија и Србија, како и искусни инженери. Оние вработувања кои се во административниот дел, се како резултат на пензионирања и зголемен обем на работа, а истите се неопходни за реализацијата на проектите за модернизација на системот за контрола на летање, кои се пролонгирале повеќе од пет години, информира М-НАВ.Во врска со написите за преселување на дел од вработените под кирија во други простории, компанијата потенцира дека настанатата состојба со канцелариите во Палатата „Лазар Поп Трајков“ е последица на недоговорната усна наредба на претходниот менаџмент во М-НАВ, кој по насока на претходната влада ги префрлил сите вработени во објект каде нема технички прием.-Поради горенаведеното се до обезбедувањето решение за технички прием, новото раководство размислуваше за изнајмување на привремени простории, но идејата не се реализираше, пишува М-НАВ во денешното соопштение.

Македонија | пред 7 години

slika-Ohrid-star

Германски истржувач објави многу стара фотографија од Охрид

Германски истражувач на стари фотографии, фотографирани од германец фотограф кој го пропатувал цел Балкан, а престојувал и во Охрид ги потсети Охриѓани на една многу стара фоторафија. На фотографијата е овековечен миг од едриличарска, веслачка или мотонаутичка регата или маратон.Оваа многу интересна фотографија ја објави Стефан Ставрев на групата на социјалната мрежа Facebook , наменета за вакви впечатливи слики за Охрид, насловена „Охрид слики од минатото“

Македонија | пред 7 години

mijalkov

Притворот на Мијалков е за да се прикрие бегството на Груевски

По четири дена откако поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков доби мерка притвор, се огласи неговиот адвокатски тим.Според нив целата суштина со апсењето на Мијалков е  да се дефокусира во јавноста бегството на Никола Груевски. Чиста политика сметаат адвокатите на Мијалков.„Изречениот притвор за господинот Мијалков е политичко, а не правно решение. Не постои никаква основа за мерките на претпазливост да бидат укинати и заострени бидејќи не е сменета ниту една околност во однос на моментот кога му се изречени. Аргументите на СЈО не соодветствуваат со реалноста. Законот се крши по три основи кои ги потврдуваат сомненијата дека не станува збор за право и правда туку за политика.Прво, спротивно на сите конвенции, господинот Мијалков и ние како негова одбрана воопшто не сме повикани да се произнесеме во однос на барањето на СЈО.Второ, нема ниту еден аргумент дека има некаква промена во околностите во однос на предметите кои се водат против господинот МијалковТрето, целосно се неосновани аргументите приложени во барањето на СЈО.Одбраната на Мијалков најостро ги отфрла тврдењата на СЈО дека тој има каква било поврзаност со наводните 11 милиони евра за кои се побара притвор а судот го усвои предлогот. Одбраната бара обвинителството и судот јавно да ги обелоденат наводните докази од причина што тврдиме дека такви не постојат и дека наводните трансакции немаат никаква поврзаност со Мијалков.Исто така настрана од овие лажни тврдења определениот притвор е незаконски поради фактот што Мијалков повеќе од една година ги почитува определените мерки на претпазливост се јавува на сите покани од судот и обвинителството. Впрочем дента кога е лишен од слобода се јавил во СЈО на покана на Катица Јанева и ниту планирал ниту превземал дејствија за бегство.На крај целиот имот со кој располага Мијалков е јавно заведен во јавните книги во РМ и во странство а на судот и на обвинителството тој имот им е познат и досега, но судот и обвинителството не го сметале како околност поради која г. Мијалков може да се даде во бегство единствена причина поради која му е изречен притворот е да се прикрие бегството на Н.Г односно да се скрие неспособноста и непрофесионалноста на државните органи“, се наведува во соопштението на адвокатскиот тим на Мијалков.Поранешниот шеф на тајната полиција во вторникот беше приведен и однесен во скопскиот истражен затвор Шутка на 30 дневен притвор, определен по предметот „Таргет-Тврдина“ случај за масовното прислушување и уништување на апаратите за следење на комуникациите.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Времето денеска ќе биде облачно со дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Од среда ќе има и пад на температурата.Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната температура ќе се движи од девет до 14 степени.Во Скопје облачно со појава на магла по котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до десет степени.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Само два отсто од Македонците возат автомобили на плин

Македонија има стар возен парк со просечна старост на возилата од 18 години. Половина од регистрираните возила користат дизел-гориво, додека од 218.544 возила со бензински погон, пренаменети на гас и метан се само 12 илјади возила, или само 2,6 проценти од возилата. Владата најави субвенции за инсталирање уреди на гас во возилата, но предвидува да бидат искористени само за 1.200 возила.Емисијата на цврсти честички при согорување на пропан бутан или метан е речиси нула.Даме Димитровски, професор на Машинскиот факултет и раководител на Лабораторијата за мотори и горива, нагласува дека транспортот не е главен фактор за цврсти честички, ниту во Скопје ниту во другите градови, но дека сепак во суштина нешто треба да се воведе во врска со емисиите на возилата.„Дали се тоа вакви лепенки, дали е тоа даночење по емисија, што ќе оди во фондот за животна средина, кој ќе се справува со оваа тема. Некаков систем во кој ги промовираме зелените возила треба да направиме, па макар и ваков систем со лепенки со кој, без разлика колку некој вистински загадува, бидејќи не знаеме колку километри поминува, ставаме лепенка и го ограничуваме каде во градот смее да вози. Сметам дека за почеток може да се направи доста полесно или полабаво ограничување, така што Еуро 4, 5 и 6 треба да се зелена лепенка, а да се промовираат возила на ТНГ и метан, што секако ќе добијат зелена лепенка“, вели Димитровски.Во однос на најавените субвенции за монтирање уреди на гас во возилата, Димитровски смета дека со конверзија на гас може да се очекува одредено намалување во емисијата од возилата речиси по сите параметри.„Би требало да се очекува дека ќе се намалат сите емисии од возилото со бензиски мотор, независно дали е тоа Еуро 1, 2, 3 или 4. Очекуваме дека емисијата на цврсти честички при согорување на пропан бутан или метан ќе биде речиси нула“, вели Димитровски.Конверзија на погонските мотори на возилата, посочува Димитровски, е можна и кај бензинските и кај дизел-моторите, со тоа што бензинските мотори може многу лесно да поминат на метан или пропан бутан и тоа не е прескапа метода, додека кај дизел-моторот се прави конверзија, но и понатаму е потребно да се користи и дизел и гасно гориво.„Кај дизел-моторот се прави конверзија, но за да остане циклусот дизелов треба да користи и дизел и гасно гориво. Таква конверзија во Македонија е направена во 2006 година во ЈСП, кое имаше 30 автобуси со најлошите дизел-мотори во тоа време и ги направија да бидат со двојно гориво, 50 проценти дизел и 50 отсто метан. Како што знам, а бевме вклучени во мерењата како факултет, емисиите драстично се намалија на цврсти честички и исплатливоста беше голема, затоа што метанот е многу поевтин од дизелот. Со тој проект се престана и понатаму се купија Еуро 5 дизел-автобуси“, изјави Димитровски.Во тој контекст посочува дека одлуката на Град Скопје да купи гасни автобуси е за поздрав, затоа што емисијата од нив е нула цврсти честички, има инфраструктура за полнење, има сервисери и може веднаш откако ќе ги купат да ги користат.„Електричните автобуси не се лоши, но за нив немаме инфраструктура и можеби треба постепено да ги носиме. Ќе треба доста време за да се замени тоа што ЈСП сега го има како возен парк“, изјави Димитровски.Многу е јасно дека дизел-технологијата е повалкана од ото-технологијата, затоа што користи потешко гориво, но од друга страна дизеловиот циклус дава поголема моќност.„Ако кај лесните возила многу полесно може да ги убедиме луѓето да возат полесно гориво, кај тешките товарни возила сѐ уште е голем проблем да се најде добар камион што е со исти перформанси и користи чисто гориво. Во најава следува дека ќе има некакви електични или други почисти технологии и затоа Еуро 7 и 8 нормите ќе се развиваат кај тешките возила, а потоа и кај автомобилите“, изјави Димитровски.Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули со новите законски измени најави и субвенции за електрични и хибридни возила, како и субвенции за течен нафтен гас или метан.Со Програмата за субвенционирање за купување нови хибридни и електрични возила се предвидуваат субвенции од 5.000 евра во денарска противвредност за набавка на електрични возила, а 3.000 евра во денарска противвредност за набавка на хибридно возило, а во првата година се предвидува да бидат доделени субвенции за 200 возила.Со овој закон се предвидува Програма за субвенционирање на трошоците за вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во постојните возила.Со Програмата се субвенцинираат 50 проценти од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно ниво.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Радиоактивен отпад во Ѓорче Петров - НАТО бара да се острант 16 тони опасно гориво

Радиоактивен отпад во Ново Село во во скопската општина Ѓорче Петров во објект на Макпетрол Темко. Во складиште има 16 тони гориво за ракети за растерување на облаци. Ова гориво одамна требало да биде отсрането. НАТО ги предупредил македонските надлежни органи ова гориво под итно да се отстрани.Се уште никој не ја презема одговорноста да го уништи овој опасен материјал. Макпетрол Темко велат дека имаат договор само да го чува горивото, а не и да управува со истото."Макпетрол е сопственик на местото, додека отпадот е на Република Македонија. За сите прашања во врска со работи кои се чуваат тука, треба да се јавите на соодветните служби на Владата на Република Македонија ", соопштиле од таму за Алсат ТВ.Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули вели дека уништувањето ќе биде направено со почитување на еколошките стандарди и во целосна транспарентност за јавноста.Тоа е гориво кое повеќе не е потребно. Сите методи на уништување ќе бидат направени врз основа на еколошките стандарди и со јавен оглас ". - истакна министерот Макрадули.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Соопштенија: Од СДСМ објаснуваат како Скопје го решава проблемот со загадениот воздух

Во рамките на своите надлежности повеќе институции, на локално и централно ниво, како и Градот Скопје преземаат мерки и работат на решавање на наследниот проблем со загадениот воздухот, којшто 11 години беше игнориран од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштение на СДСМ.Од владејачката партија додаваат дека покрај мерките коишто ги преземаат институциите на централно ниво, и Градот Скопје на овој, како што велат, наследен проблем му пристапува стратешки и реализира мерки во сите области кои се детектирани дека придонесуваат во загадувањето на амбиенталниот воздух.Во продолжение на соопштението, од СДСМ наведуваат дел од мерки преземени од градските власти во Скопје:– Обновување на дрворедите на скопските улици, при што обновени се дрвореди и засадени се нови во Ѓорче Петров и на Бит Пазар.– Во пролетна акција за засадување дрвја биле засадени повеќе од 6.000 нови дрвја. Во есенска акција за зазеленување на Скопје предвидено е засадување на нови 3.500.– Во изминативе 6 месеци подигнати биле нови и реконструирани се зелени површини на над 50.000 метри квадратни. Се подговтуваат и нови големи зелени површини – нов парк позади Македонската филхармонија и нов парк – зелен кров на ГТЦ.– Зголемен е инспекцискиот надзор на индустриските капацитети, зголемен е капацитетот на инспекциските служби кои работат во две смени и ги контролираат сите.– Засилени се контролите на целата територија на Скопје за диви депонии.– Формирано е новото јавно претпријатие за гасификација и проектирање на гасоводен систем. Интензивно се работи и на проширување на топловодната мрежа.– Оваа година доделени се субвенции за граѓаните кои се греат на печки на дрво и останати течни горива, да набават печки на пелети кои загадуваат многу помалку.– Во јавниот градски превоз беа вклучени неколку еколошки автобуси на гас кои не го загадуваат воздухот, а воведен е и електричен автобус.– Воведени се бесплатни автобуски линии до Водно, за растеретување на сообраќајниот метеж и олеснување на пристапот за сите граѓани. Бесплатниот автобуски превоз во деновите на висока загаденост е една од мерките кои се активираат кога е потребно.– За зголемување на енергетската ефикасност Град Скопје ги замени фасадите на 11 средни училишта, чии објекти беа детектирани како загадувачи на воздухот.– Набавени се прочистувачи на воздухот за сите средни училишта на Град Скопје.– Се преземаат акции за рачно миење на градските улици и булевари за намалување на прашината и ситните честички.Презентирајќи ги овие мерки, од СДСМ велат дека тие се само дел од планот како Скопје повторно да биде чист и зелен град. Оттаму додаваат дека за две години се очекува загаденоста на воздухот да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови.

Македонија | пред 7 години

gruevski-begstvo

Неколку минути пред да избега, Груевски зборел со Заев?

Поранешниот премиер Никола Груевски ги надитри полициските служби.Од доверливи извори на Алсат, се дознава дека Груевски бегството го направил во неколку фази. Планот за бегство започнал во вечерните часови, кога, наводно, со неговиот автомобил излегол да се вози низ главниот град. Неколку минути подоцна, Груевски почнува да го спроведува планот за бегство. Се смета дека од гаражата од блокот каде што живее излегол со својот автомобил. Од излезот од гаражата, се смета дека бело возило „Фиат“ го следел до кружниот тек во една населба, недалеку од центарот на Скопје.Оттаму безбедносните камери „Сејфсити”“ сведочат дека автомобилот „Фиат Пунто“ со зелена боја се враќа во гаражата, но не и поранешниот премиер. Се смета дека тој уште на почетокот не се качил во неговиот личен автомобил, туку директно во автомобилот на унгарските служби, а неговиот личен автомобил го возел вработен од унгарска амбасада, а потоа го вратил во гаражата.Од кружниот тек се сомнева дека автомобилот тргнал кон Дебар, од каде неофицијално се дознава дека Груевски ја преминал илегално границата меѓу Македонија и Албанија. За да не падне во очи на полициските служби, се дознава дека Груевски употребил секундарни патишта, а не автопат каде што постојат безбедносни камери.Изворите зборуваат за телефонски разговор меѓу Груевски и премиерот Заев, неколку минути пред поранешниот премиер да го спроведе својот план за бегство. Алсат го контактираше премиерот Заев, кој го отфрлил ова, додавајќи дека Заев долго време немал директен контакт со Груевски, освен во одредени случаи кога тие комуницирале преку своите курири.Во таква ситуација, аналитичкиот сектор на УБК се покажа дека потфрлил, особено не земајќи ги во предвид индициите за неговото бегство. За да се оправда, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прстот го впери кон Основниот суд, за немање овластувања за ПИ мерки и оперативни информации за можното бегство на Груевски.Прочитајте повеќе на Алсат М.

Македонија | пред 7 години

avtopat-koli-3

АМСМ: Сообраќајот се одвива без забрани, магла на планинскиот превој Буково и од Маврово до Бунец

Од АМСМ известуваат дека сообраќајот во земјава се одвива без забрани, по претежно суви коловози.Влажни коловози има само на повисоките места, и се апелира внимателно возење. На граничните премини нема подолги задржувања од вообичаените.Намалена е видливоста 30 до 50 метри поради магла на планинскиот превој Буково и од Маврово до Бунец.– Во 05.00 часот прекината е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка-ГП-Деве Баир – информираат од АМСМ.АМСМ потсетува за поседување на зимска опрема во возилата, мерка која важи од 15 ноември, и ќе трае до 15 март идната година. Предвидени се глоби за сите оние кои нема да го почитуваат законот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно и врнежливо со температури до 14 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне во западните, а во текот на ноќта и во крајните југоисточни подрачја. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде од нула до осум степени, а дневната од пет до 14 степени.Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до четири, а дневната до 11 степени.Според УХМР, следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови и во крајните југоисточни подрачја ќе бидат пообилни. Во среда поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините ќе бидат од снег.Потоа во наредните два дена времето ќе биде стабилно со пониски утрински и дневни температури.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО)Не запираат протестите во Франција - во Париз инциденти

Над 100 илјади луѓе учествуваа денеска во протестите кои се организирани од "Жолтите елеци" во знак на незадоволство од зголемувањето на цените на горивата во Франција. Најмлку 22 лица се уапсени по судирот со полицијта за време на протестите поради зголемувањето на цената на горивото."Во демонстрациите на територијата на земјата денеска, во екот на настаните на пладне, учествуваа 106 301 илјади лица. Тоа е значително помалку од минатата сабота, кога бројот на демонстрантите беше околу 282 710 илјади лица. Вкупно 1 619 протести беа одржани во Франција. 130 лица беа уапсени и приведени", изјави шефот на Министерството за внатрешни работи.Од таму додаваат дека Жесток судир имало во Париз, каде во демонстрациите учествуваа активисти на крајно десничарските кругови.На најдолгата париска авенија Шанзелизе експлодирал камион, по ова полицијата кон демонстрантите испалила гумени куршуми. Инаку на Шанзелизе се собрале околу 5000 демонстранти каде полицијата го спречила обидот оваа толпа да стигне до претседателскта палата. Некои демонстранти ја пееле националната химна, а други носеле транспаренти н кои пишува:„Макрон - оствка“ и „Мкрон - лопов“Инаку, повеќе од седум дена демонстрантите со жолти елеци ги блокираат автопатиштата низ цела Франција, ја блокираат работата на местата каде се складира гориво. Од министертвото за внатрешни работи го обвинуваат лидерот на десничарстаката партија дека тој ги потикнува и организира протестите во Париз.Претседателот Емануел Макрон, против чија политика беа демонстрациите, го осуди насилството во пост преку социјалната мрежа Twitter.Претседателот застанува во одбрана на меркта за раст на цената на горивата, неведувајќи дека оваа мерка е неопходна, за да се намали зависноста на Франција од фосилни горива. Макрон најави дека на почетокот на наредната недела ќе изнесе нови планови со кои владата ќе се обиде да ја олесни „енергентската транзиција“.

Свет | пред 7 години

zaev-gruevski

Груевски ќе ја сруши власта на Заев од Унгарија?!

Анализа: Груевски ќе ја сруши власта на Заев од Унгарија?! Во блиска иднина ќе биде кандидат за Претседател на Македонија? - објави МЕДИА 24Поранешниот Премиер Никола Груевски од Унгарија со својот азил и неговиот предмет изнесувајки го на меѓународно поле може до толку да ја раздрма Македонија и власта во неа ,но да ги порази и поврзаноста на бирократите од ЕУ и САД кој дејствувале надвор од своите надлежности со мешање во внатрешните работи на Македонија .Исто така би можел да добие битка со која би ги поразил сите оние кои дејствувале во спротивност на нивните официјални политики кон Македонија.Едно вакво размислување доаѓа од правните акти кој ги презема Никола Груевски со добивањето на азил токму во една Европска држава која го уважува и го констатира политичкиот прогон кон бившиот премиер Груевски а со тоа и мешањето на сите инволвирани во проектот наречен „Волшебникот од Оз„ 1 и 2 кој го предводи длабоката држава со помош на ЕУ бирократи за промена на Уставното име на Македонија ,а тоа значи под лупа сите процеси со „Шарената револуција„ ,насилното буткање на Груевски од власт како победник на изборите,со политичкиот инжинеринг со уценувањето на дел од партиите од Албанскиот блок ,немањето доволно пратеници за избор на Талат Џафери па се до купувањето на пратениците со уцени и пари до отварање на Уставот на Македонија со цел промена на името.Груевски ја води играта од Унгарија засега и доколку успее да ги докаже сиве овие конструкции за неговиот прогон и со „бомбите„ во Македонија кој беа презентирани само против ВМРО-ДПМНЕ и со тоа сите уценувања и удари кон ВМРО останува да се види.Едно е јасно ,власта не може да си опрости што Груевски им избега пред очи и со себе има доволно материјал за да ја води ова битка од Будимпешта .Ова што ќе следува наредниот период на таа тема ќе доведе до многу драматични расплети на македонската политичка сцена и конечно исчистување со сите ликови од транзицијата кој до ден денешен роварат во Македонија и ја теглат надолу.Доколку ова битка успее да ја добие Никола Груевски ќе ја добие и Македонија како држава,каде одпосле сите овие турбуленции ќе ја очекува мирни води и прогрес.Но дали ќе успее во својата намера на разобличување на овие политики усмерени кон Македонија ,бившиот Премиер на Македонија останува да видиме.Во Македонија од страна на членството на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ужива почит и голема доверба и се шпекулира во партиските кругови дека нема да е за чудо Никола Груевски во блиска иднина да стане идниот Претседател на Македонија.Иако засега на многумина ова им се гледа како пуста желба ,но не е далеку од она што чекор по чекор ќе доведе до моментот каде Македонија ќе го доживее Никола Груевски како херој на поновото време во Македонската историја.Власта откако им избега Груевски е во паника и во очај бидејки не е сигурна што има материјал Никола Груевски за севкупната ситуација,можеби ќе изненади Груевски и со нови компримитирачки материјали кон власта бидејки не смее да се заборави дека Никола беше 11 години беше прв човек во Македонија и не смее да се гледа како човек кој не ги познава нештата а за потсетување само ,дека го имаше Заев со ПИМ мерки по закон како бара мито,како го уценува со бомбите ,сепак имал некакви информации кој се чекор пред лидерот на опозицијата.МЕДИА 24

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Унгарците се кренаа против Орбан

Вечерва се одржа масовен протест во Будимпешта организиран од унгарските професори и академци против политиките на владата на премиерот Виктор Орбан и рестриктивните мерки во образованието.[embed]https://www.facebook.com/Indexhu/videos/205040590380048/[/embed]Протестот за слобода на науката и образованието започна попладне од плоштадот Калвин и се префрли на плоштадот Кошут."Слободна земја, слободен универзитет!" извикуваат демонстрантите меѓу кои имао и странски студенти.Демонстрантите побараа да престанат сите цензури за високо образование и истражување и да се обезбедат квалитетни, достапни, независни и соодветно финансирани можности за образование и истражување"Знаете, многу добро знаеме што се случува во земјата, има многу луѓе кои имаат слобода и еднаквост, но тие не се сите тука, но ќе дојде еден ден кога не десетици илјади, туку милиони ќе бидат на протестите", рече Тамаш Миклос Гаспар, еден од водачите на протестот.Тој изрази поддршка и за работничките синдикати кои се под притисок од властаДемонстрациите побараа да се укинат конзервативните ЦЕУ-мерки и да престане пропагандната кампања против универзитетски професори.

Свет | пред 7 години

gjorcev

Ѓорчев објави видео: Вака Шилегов ветуваше и лажеше за чист воздух, а сега Скопје се гуши

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук профил објави видео од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој ветува дека ќе преземат мерки против загадувањето во градот.„Денес Скопје се гуши. Загадувањето се зголемува. Вака лажеше Петре Шилегов дека ќе донесе чист воздух, исто како Зоран Заев. Какво лицемерие, какво лажење усул. Оставка! Оставка! Оставка!“, напиша Ѓорчев на Фејсбук.https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/videos/1922541774488196/

Коментари | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања