„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Скопје1.мк

ljubov-decko-devojka

Хороскоп: Како и кога ќе пронајдете вистинска љубов?

ОвенОвенот е познат по својата авантуристичка природа. Откако ќе го прифатите тој факт, ќе го најдете тоа забавно место во себе и ќе ја откриете најдобрата верзија од себеси, а така и ќе ја најдете својата љубов. Кажете ДА на спонтани викенд-излети, групни активности, како и добротворни настани. Понекогаш најдобрите работи во животот доаѓаат од најнеочекувани настани.БикБикот е познат по своето големо срце. Но, понекогаш не забележувате колку сте прекрасни. Вам ви е потребно постојано чувство дека сте сакани за да чувствувате стабилност, па затоа понекогаш ги форсирате луѓето да ве сакаат и на тој начин ја занемарувате сета љубов која веќе ја имате. Погледнете ја сета љубов која ја имате во животот и ќе ја пронајдете својата стабилност. Престанете да ја прогонувате љубовта и ќе ја отклучите најдобрата верзија од себе. Ќе бидете магнет за луѓе.БлизнациБлизнаците се познати по својата желба добро да се забавуваат. Знаете дека во животот постои и нешто друго освен романтични односи и дека љубовта има различни облици. Но, понекогаш, токму поради тие уверувања можеби ќе се чувствуваше како со вас нешто да не е во ред и тогаш можеби на сила ќе се натерате да барате партнери. Прифатете ја својата природа. Прифатете го она што навистина го сакате. Не морате да барате партнер. Правете го она што навистина го сакате, а вистинската љубов ќе ве пронајдат вас.РакРакот е познат по несебичноста. Ја сакате идејата за семејство и сакате да ги засмејувате другите луѓе. Но, вистинското задоволство го наоѓате во себе. Вие повеќе се грижите за својот духовен развој и излегување од комфорна зона, отколку што се грижите за наоѓање на партнери. Најдете го мирот во себе, сфатете колку сте прекрасни и дозволете им и на другите да го видат тоа.ЛавЛавот е познат по својата гордост. Ја знаете својата вредност. Имате сопствен интегритет. Но, понекогаш мислите дека морате да го намалите тоа за другите да можат да ве сакаат. Немојте да се менувате само за да одговарате на туѓите замисли за тоа какви треба да бидете. Останете верни на себеси. Живејте го животот кој сте го создале и кој го сакате. Сочувајте го својот интегритет и дозволете им на другите да ве запознаат. Тоа се луѓето кои навистина ќе ви значат.ДевицаДевиците се познати по својот перфекционизам. Вие забележувате детали кои другите никогаш не ги забележуваат. Најголемите мистерии можете да ги решите само со поглед. Но, вие секогаш ја заборавате најголемата мудрост: совршенство не постои. Перфекционизмот е активност на умот. Прифатете го фактот дека недостатоци секогаш ќе има и останете отворени за различни можности.ВагаВагите се познати по мирната природа. Вие сте личноста која ја смирува ситуација секогаш кога има конфликт. Можете дури и потполно да избегнете конфликти. Вие сте личност која сака луѓе, животни, природа. Но, кога станува збор за пронаоѓање љубов, можеби вие не ја гледате, а личноста е околу вас. Бидете личност која ќе шири љубов. Немојте лично да ги сфаќате одбивањата. Ако вие сте личност која има голем капацитет за љубов, не значи дека и другите го немаат истиот потенцијал, само понекогаш некои луѓе треба да бидат поттурнати во вистинската насока.ШкорпијаВие сте познати по својата проникливост. Лесно можете да погодите за што размислуваат луѓето. Вие сте мајстор за човековата психологија. Но, ако постојано лутате низ лавиринтите на туѓите умови, би можеле да се изгубите во чудната реалност која ви носи само студенило. Можеби ќе се изгубите во планирање на различни шеми и на крај се враќате во своето срце. Не ја испуштајте својата цел од својот ум и пронајдете си го своето место. Кога ќе го пронајдете своето место, ќе откриете еден цел нов свет надвор од лавиринтите. Таму ќе најдете љубов која ќе вреди повеќе од сѐ на светот.СтрелецВие сте познати по својата слобода. Не сте врзани за туѓите уверувања или однесување. Сакате да истражувате, патувате и да искусите нови работи. Обичните работи ве гушат. Бидете искрени кон своите чувства. Понекогаш врските ве плашат, но дајте им шанса. Работите нека бидат едноставни. Направете да бидат едноставни. Ширете ги своите крилја и ќе најдете љубов.ЈарецЈарецот е познат по начинот на размислување кој е усмерен кон целта. Вие сте одговорни и понекогаш се чувствувате како да ја носите тежината на другите луѓе на своите рамена. Тоа може да биде истоштувачки и затоа понекогаш сакате да избегате. Тогаш почнувате да барате забава во излегувањата. Но, кого залажувате? Тоа не е она што навистина го сакате. Нешто одвнатре ве тера да ги остварите своите цели. Направете  го тоа што морате да го направите, особено за работи за кои чувствувате страст. Тоа е привлечно за луѓето и тие ќе ви ја дадат љубовта која ја барате.ВодолијаВие сте познати по своите соништа. Гледате можности онаму каде другите луѓе не гледаат ништо. Затоа понекогаш се случува да се чувствувате осамено. Можеби понекогаш размислувате да влезете во врска само за да не се чувствувате осамено. Но, немојте да го правите тоа. Не дозволувајте да бидете во потпросечна врска само за да не бидете сами. Вие вредите. Вие давате надеж. Им покажувате на другите луѓе како да сонуваат. Не се сложувајте со ништо помалку. Подобро е човек да биде сам и да се открие себеси и да ја чека личноста која ќе ја види неговата вредност. Бидете светилник и оставете „бродовите“ да ве бараат вас.РибиВие сте познати по својата флуидност. Можете да поминувате време со секого и ги разбирате сите. Но, поради тоа може да се случи да заборавите кои сте. Вашата дуалистичка природа може да ве одведе далеку од вашиот пат. Обидете се да се грижите за себеси и бидете добри кон себеси. Славете се себеси и она што му го давате на светот. Не ви требаат други луѓе за да ви дадат одобрување, можете да бидете она што сте. Така и ќе најдете љубов. Подобро речено, така љубовта ќе ве пронајде вас.

Магазин | пред 7 години

mijalkov-grujo

Мијалков дента кога беше притворен бил кај Катица Јанева

Притворот кој му беше изречен на на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков е единствено поради бегството на Никола Груевски, односно неспособноста и непрофесионалноста на државните органи, реагира адвокатскиот тим на Мијалков откако му беше одреден триесетдневен притвор и заврши во затврот во Шутка.„Изречениот притвор за Мијалков е политичко, а не правно решение. Законот се крши по три основи кои ги потврдуваат сомненијата дека не станува збор за право и правда туку за политика. Прво, спротивно на сите конвенции, Мијалков и ние како негова одбрана воопшто не сме повикани да се произнесеме во однос на барањето на СЈО. Второ, нема ниту еден аргумент дека има некаква промена во околностите во однос на предметите кои се водат против Мијалков.Трето, целосно се неосновани аргументите приложени во барањето на СЈО“, велат од адвокатскиот тим

Македонија | пред 7 години

zaev

Биографијата на Зоран Заев: Израснал во скромно семејство, сакал математика и бил воспитан

На сајтот од Владата на Република Македонија е прикачена биографијата на премиерот Зоран Заев. Таа пак, говори за тоа како тој растел, кои се неговите афинитети, колку бил воспитан, па дури и за моментот кога ја запознал неговата сопруга. Во прилог, ви ја пренесуваме во целост:„Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, е роден на 8 октомври 1974 година во Струмица.Израснал во аграрно домаќинство, во скромно и традиционално семејство. Почнувајќи од рана возраст, тој и неговиот помлад брат биле вклучени во земјоделскиот семеен бизнис, како единствен извор на приход. Заев и неговиот брат беа воспитани да бидат вредни луѓе кои никогаш не ги одложуваат обврските и веруваат дека постои решение за секој проблем.Подоцна во својот живот, ја запознал неговата сопруга Зорица Заева со која има две деца, Александра и Душко.Зоран Заев беше средношколец кога Македонија ја стекна својата независност во 1991 година. Покажува афинитети за математиката и беше опкружен со членови на семејството кои беа просперитетни бизнисмени, активни и почитувани во социо-политичката и економската сфера на македонското општество.Во 1997 година, Заев дипломирал на Економскиот факултет на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ каде што продолжил со постдипломски студии по монетарна економија и финансии.Инспириран од деловниот успех на неговиот вујко, веднаш почнал да работи во семејното трговско друштво „Тргопродукт“, и за 5 години напредувал до менаџерската позиција. Дополнително, бил член на неколку одбори на компании, банки и јавни претпријатија.Освен искуството во бизнис секторот, политичката кариера на Зоран Заев брзо се развиваше. Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) е од 1996 година, а од 2003 до 2005 година е пратеник во Собранието на Република Македонија.Во 2006 година е избран за потпретседател на Централниот комитет на СДСМ, а во 2008 година стана в.д. претседател на Партијата.Од 2013 година, Зоран Заев е лидер на СДСМ.Во 2005 година, Заев стана градоначалник на градот Струмица, како најмлад градоначалник во земјата. Под негово водство, градот оствари економски подем и стана град со најдобар кредитен рејтинг.Градот, и Зоран Заев, како градоначалник, во периодот на неговиот мандат како прв човек на општината, освоија повеќе награди и признанија. Во два наврати, во 2008 и 2009 година градот ја освои највисока национална награда во областа на животната средина, а Заев, како градоначалник ја освои Наградата за најдобри практики на Советот на Европа, за првото јавно-приватно партнерство во земјата, имплементирано во изградбата на објектот „Глобал“ во Струмица.По победата на локалните избори во 2013 година, го започна својот трет последователен мандат како градоначалник на овој град, и оваа функција ја извршува до декември 2016 година.Покрај очигледниот успех во развојот на градот, Зоран Заев стана еден од најпопуларните политичари во Македонија поради неговата отвореност и достапност. Тој беше единствениот градоначалник кој на својата работа ѝ даде најголема јавност и транспарентност преку редовните, месечни настапи на локална телевизија, каде што ја претставуваше работата на општината и одговараше на сите прашања на граѓаните.Како лидер на политичката опозиција во земјата, Зоран Заев стана синоним за храброст и предводник во борбата за правда, слобода и демократија.Во февруари 2015 година, Заев го започна проектот „Вистината за Македонија“, објавувајќи го прислушкуваниот материјал со кој беа откриени криминалните активности на владата предводени од Груевски. Отпорот кон автократската влада продолжи со активната улога на лидер на СДСМ во кампот „Слобода“, кој беше организиран од протестното движење Граѓаните за Македонија - неформална коалиција на политички партии и невладини, граѓански организации кои заеднички се организираа за враќање на демократијата во општеството и за ревитализација на јавните институции во служба на граѓаните.На 17 мај 2015 година, ова движење го организираше историски натпартиски и граѓански протест во Скопје со повеќе од 100.000 граѓани пред зградата на владата.Најавената аболиција на претседателот Иванов за тогашните високи владини претставници ги поттикна граѓаните на Македонија на масовно и активно движење кое беше наречено „Шарена револуција“. Масовното протестно движење низ целата земја, започна во 2016 година и траеше 100 дена.Заради директно вклучување во протестните движења и тесната соработка со граѓаните и граѓанските организации, Зоран Заев го започна концептот на „Едно општество за сите“, ветувајќи го идниот развој на земјата како место за живот на сите граѓани, без оглед на нивната етничка, политичка и било каква опредлеба. Овој обединувачки концепт на „Едно општество“ беше движечката сила за успехот на СДСМ на парламентарни избори во 2016 година, како и за убедливата победа на локалните избори во 2017 година.По „Пржинскиот договор“ и парламентарните избори во 2016 година, проследен со тежок период на политички превирања, вклучувајќи го и насилниот инцидент во Парламентот на 27 април, на 31 мај 2017 година, Зоран Заев беше избран за премиер на Република Македонија и го доби мандатот на граѓаните да ја предводи новата влада ориентирана кон реформи“, стои во биографијата на Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

Mijalkov-Sasho

Не се точни наводите на СЈО дека Мијалков има врска со наводни 11 милиони евра, тврдат адвокатите

Адвокатскиот тим на Сашо Мијалков за изречениот притвор смета дека е политичко, а не правно решение. Во денешната реакција доставена до Телма, одбраната на Мијалков потенцира дека никој од адвокатите не бил повикан да се произнесе за притворот побаран од СЈО.Аргументите во барањето за притвор се целосно неосонавни, смета одбраната на Мијалков. Одбраната ги отфрла тврдењата на специјалното обвинителство дека Мијалков има било каква врска со наводни 11 милиони евра, кои СЈО ги спомнува и наведува во барањето за притвор.Поранешниот директор на УБК беше уапсен во средата, неколку часа по објавената информација за одобрениот азил на Никола Груевски.СЈО побарало притвор затоа што сметало дека постои опасност од бегство на Мијалков. Притворот е определен врз основа на обвинението за случајот за нелегалното прислушување „Тврдина таргет“.

Македонија | пред 7 години

orban

Орбан ќе има проблем со Европскиот парламент поради Груевски

Прифаќањето на барањето за азил на ексмакедонскиот премиер ја става партијата на Орбан во тешка ситуација не само во однос на ЕУ, туку и пред сестринската групација ЕПП во Европскиот парламент, пишува Дојче веле.Виктор Орбан и неговата владејачка партија Фидес ќе имаат проблем да објаснат пред Европскиот парламент, зошто во октомври годинава поддржале позитивна оценка за напредокот во владеењето на правото во Македонија, а еден месец подоцна, во образложението за азилот кој му беше доделен на експремиерот Никола Груевски, тврдат дека против него се водел политички прогон и дека судската одлука била политички мотивирана.На 29 ноември, Европскиот парламент ќе дебатира за резолуцијата која ќе и биде предложена на Европската Комисија како придонес во следниот Извештај за напредокот на Македонија.Во октомври годинава, во рамките на комисиска расправа при подготовката на резолуцијата на Европскиот парламент за Македонија, владејачката унгарска партија Фидес поддржа бројни позитивни оценки за демократскиот развој во Македонија, судството и борбата против корупцијата. Во подготовката на предлог-одлуката од Фидес учествувал европратеникот Ласло Токес, и истата ја поддржал заедно со сите други пратеници од Европската народна партија (со исклучок на еден грчки европратеник).И Фидес гласал дека во Македонија има напредокСпоред точката 23 од нацрт-резолуцијата, која ја пренесува унгарскиот весник „Непсава“, „ЕУ ги поздравува напорите (на Македонија, н.з.) да промовира добро владеење, одговорност и слободни медиуми, да ја зајакне транспарентноста и да го подобри пристапот до информации од јавен карактер“. Текстот ги апострофира „правосудните реформи во Македонија, враќањето на независноста на правосудството, одговорноста и професионализмот, и елиминацијата на политичките интервенции и селективната правда“.Понатаму, ЕП нотира дека функционалното судство и борбата против корупцијата се екстремно важни за придружување, но и дека се потребни „натамошни напори за заштита на судството од политичко мешање“.Она што е најинтересно од аспект на одлуката на Унгарија да му додели азил на Груевски, е манифестираната загриженост на ЕУ во однос на „нискиот број на судски одлуки во однос на случаи на корупција од високо ниво“. Овој недостаток се забележува во повеќе Извештаи за напредокот на земјата низ годините, но овојпат кочницата не се македонските судови, туку една земја-членка на ЕУ.Токму бегството на Груевски во Унгарија ја наведе и пратеничката група на социјалистите во Европскиот парламент да интервенира со нови амандмани во резолуцијата, кои директно се однесуваат на скандалот околу бившиот премиер. Имено, во првиот амандман се констатира дека „Никола Груевски треба да одговара пред македонскиот судски систем, и притоа се повикува Унгарија, како земја членка на ЕУ, да го почитува владеењето на правото, кое е фундаментален принцип на Европската унија, и да го екстрадира Груевски во Скопје“.Во вториот амандман се нагласува дека „Груевски бил осуден во транспарентен судски процес“, дека е „обвинет во четири други кривични премети, а пет други кривични истраги во кои тој е инволвиран се во тек“.Фидес против ЕППСпоред информациите од Брисел, амандманот на социјалистите веќе го прифатиле и пратениците на конзервативната Европска народна партија, чиј член е и унгарската Фидес. Но, според независните унгарски медиуми, пратениците на Фидес во Европскиот парламент нема да гласаат за амандманот.Ќе биде интересно да се чуе и кој ќе биде ставот на партијата на Орбан за време на пленарната расправа во Европскиот парламент за Македонија, со оглед на тоа што Унгарија веројатно нема да биде поштедена од критика поради доделувањето азил на Груевски.Поранешниот македонски премиер Никола Груевски доби азил во Унгарија во експресна постапка, откако претходно избега од Македонија и со помош на унгарски дипломати преку Албанија, Црна Гора и Србија, дојде до Будимпешта.Унгарскиот премиер Виктор Орбан во петокот го бранеше прифаќањето на Груевски со став дека тој е пријател и сојузник на неговата земја.Опозицијата во унгарскиот парламент исто така најави дека ќе иницира формирање парламентарна комисија која треба да ги истражи околностите на случајот Груевски.

Македонија | пред 7 години

bogoev-karposh

Богоев со делегација од Норвешка разговараше за мерки за ранливите категории на граѓани во Карпош

Социјалната заштита на локално ниво и отворање на Дневен центар за лица со посебни потреби, беа главните теми на денешниот разговор меѓу градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претставници од градот Сандефјорд, Норвешка.На средбата, градоначалникот Богоев ги презентираше социјалните политики што ги води Општината за ранливите категории на граѓани.„Хуманитарните активности, донирањето на пехранбени продукти и финансиска поддршка за лекување на нашите сограѓани е нешто што Општината тековно го работи. Сепак, локалната самоуправа има реална потреба и од отворање на Дневен центар за лица со посебни потреби. Општината не е во завидна финансиска состојба, но вложуваме напори за подготовка на овој проект, знаејќи ја потребата од инклузија на овие лица во сите аспекти од општественото живеење“, рече Богоев.Претставниците од Сандефјорд споделија искуства од својот град. Се интересираа за поделбата на надлежностите меѓу локалната власт и Министерството за труд и социјална политика, волонтирањето и општествената одговорност која треба да ја покажуваат повеќе чинители.Градоначалникот Богоев сподели искуства и за проектот со лични асистенти за децата со посебни потреби кој се спроведува меѓу локалната самоуправа и UNDP. Исто така, повикот за општествена одговорност кон фирмите резултираше со опремување на голем број од детски установи – градинки со прочистувачи за воздух, со цел заштита на најмладите од аерозагадувањето.На оваа соработка, претходеа и повеќе средби и работилници во ООУ „Братство“ кое претставува партнер училиште на НДЦ Скопје и во истото се спроведува концепт за интеркултурно образование, во соработка со Министерството за образование и наука, како и со Амбасадата на Норвешка во Република МакедонијаНа крајот од средбата, присутните изразија иницијатива за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете општини.

Скопје | пред 7 години

leskovac

Хорор - Во Лесковац, мајка го фрлила од 4 кат тримесечното бебе

Трагедијата се случила околу 15 часот и 30 минути по локално време, во зграда во центарот на Лесковац, кога 19 годишната мајка го фрлила бебето, по што тоа починало.Српските медиуми пишуваат дека младата мајка имала психички проблеми, а постои мала веројатност ненамерно да го испуштила бебето од раце.Бебето паднало од 4 кат, а во станот се наоѓал сопругот со постарата ќерка која има 5 години. Но, со оглед на возраста на мајката, нема информации дали постарото дете од друг брак на мажот.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Скопјанец ноќеска си го нашол запален џипот, пожарот зафатил уште една кола

Ноќеска околу 02.00 часот во Скопје, во близина на Студенскиот Дом „Гоце Делчев“, пријавено е дека било опожарено патничко моторно возило „Нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Е. (52) од Скопје.Од пожарот било делумно зафатено и патничко моторно возило „Мазда“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Е..Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Како шкорпиите ја уништуваат својата среќа, а не се ни свесни за тоа?

Шкорпиите се еден од најпаметните знаци во хороскопот. Тие се личности кои се одлични пријатели на кои можете секогаш да се потпрете, но понекогаш тие се лоши за себеси. Ова се некои од работите кои тие ги прават со што ја уништуваат својата среќа.Престроги се кон себесиМногу се строги кон себеси и се своите најголеми критичари. Ова води до огромен успех во нивните животи, но често и огромен стрес бидејќи кога нештата не одат како што замислиле, тие се обвинуваат себеси.Не простуваатШкорпиите се многу лојални и не постои нешто што тие не би направиле за оние кои им значат. Но, ако ги повредите барем еднаш, дури и ненамерно, тие можат да ве избришат од својот живот засекогаш. Често ги бришат сите мостови со луѓето, држат многу бес и никако не простуваат. Иако треба да се биде внимателен околу луѓето во животот, сепак Шкорпиите се превнимателни.Се плашат од љубовтаШкорпиите сакаат најсилно од сите знаци во хороскопот. Но, тие страшно се плашат да не бидат повредени. Ако еднаш ги повреди некој, тие градат ѕид околу своето срце и не пуштаат никој до себе.Постојано се навраќаат на минатотоТие се личности кои цело време анализираат и се навраќаат на минатото. Често не знаат да бидат среќни во моментот, бидејќи многу размислуваат. Постојано се навраќаат на спомените и се прашуваат зошто некои работи се  такви и дали тие можеле да влијаат на подобар исход од тоа.Ги кријат чувстватаИако не делуваат така, тие се многу чувствителни личности. Се плашат да ја покажат таа страна пред луѓето и да ја покажат својата ранливост. Веруваат дека ако им покажат на другите дека се чувствителни, дека тие ќе го искористат тоа и ќе ги повредат.Немаат верба во луѓетоМислат дека тие се единствените личности на кои можат да веруваат, дека никој не знае подобро од нив. Имаат целосна контрола над својот живот и не даваат многу шанса на други луѓе, особено оние кои не ги познаваат.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Во овие пет хороскопски знаци се раѓаат најпаметните луѓе

На оваа златна петорка не ѝ е потребно дури ни друштво, бидејќи нивниот ум им е најдобар пријател. Изгледаат како многу мистериозни, но тоа е воглавно затоа што работат на брилијантни идеи и планови.1. ВодолијаОвој хороскопски знак е најмногу поврзан со филозофија. Водолиите често ја воодушевуваат околината со иновативен пристап на решавање на проблемите, а во животот чекорат со мисла дека сѐ е остварливо.2. ШкорпијаШкорпиите се многу чувствителни и ги обземаат турбулентни емоции. Секојдневно на себе, но и на другите им поставуваат разни интелектуални прашања, а не им е непозната ниту моќта да создадат динамика во друштвото, односно да разбијат монотонија.3. БлизнациЛуѓето родени во знакот Близнаци, одлично се снаоѓаат во друштво, бидејќи, исто како Шкорпиите, совршено ја проценуваат друштвената динамика. Најмногу ги интересираат социолошки и политички прашања, а нивната извонредна моќ за планирање ѝ носи нова димензија на ситуацијата.4. ВагаНа вагата најважни ѝ се хармонијата и естетиката. Најчесто размислуваат за влијанието на уметноста на општата благосостојба на човекот, а секојдневно низ глава им се „мотаат“ и прашања за правда и социјални проблеми.5. РакРаковите се најчувствителен хороскопски знак, а тој фактот ги врзува со непрестајно размислување за животните прашања. Многу често го забележуваат она што другите не можат, а кога се најдат во општ хаос, реагираат подобро од било кој друг знак.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Елитна дама откри зошто мажите ги изневеруваат сопругите

“Лесно возбудливо кученце”, “Лојално млитаво детиште”, “Ултимативна сродна душа”, “Освојувач”, се само некои од категориите во кои Гвинет Монтенегро ги вбројувала мажите, која уште од својата 21. година се “занимава со мажи” со паричен надомест.Поранешната елитна ескорт дама открила зошто мажите ги изневеруваат своите сопруги, но и советувала што можат жените да направат за тоа да го спречат, пишува Daily Mail.Гвинет Монтенегро доаѓа од Мелбурн, а прв пат за секс наплатила 21. година. Тоа го претворила во своја професија, а кога го споделила своето искуство со медиумите и самата станала ѕвезда.Успехот во својата работа Гвинет го мерела со дизајнерска облека, скапи автомобили и патувања на места од кои застанува здивот.За медиумите изјавила дека спиела со околу 10.000 мажи, и со тоа ги заработила сите насловни страни на големите медиуми.Сите мажи ги поделила во неколку категории.“Лојално млитаво детиште”, го нарекла типот на маж чиј сон е жената да доминира над него.“Неконформист” е маж со кој ќе пробате секакви луди работи.“Оштетен” маж е оној на кој треба да му посветите многу време и внимание за да го доведете во ред, а ако сте токсични, подобро веднаш да заминете од него.Тука е и типот кој само сака да ја задоволи својата жена. Сите тие мажи, вели Гвинет, минале низ нејзиниот кревет и сите ги прашала зошто дошле кај неа, а нивните одговори и помогнале да ги категоризира.“Важно е да знаете што го мотивира мажот да изневерува, бидејќи само со таа информација можете и да го спречите. Мажите се како жените, и тие имаат чувства. Сакаат да се заљубат и да почувствуваат блискост, сакаат да се чувствуваат посакувано. Не изневеруваат затоа што можат, ниту изневеруваат затоа што размислуваат со долната глава. Тие сакаат да се почувствуваат како вистински мажи и се преплашуваат кога ќе помислат дека ќе ја изгубат машката енергија. Тоа што најмногу ме изненади е фактот дека не се чувствуваат посакувано за време на секс, туку кога знаат дека можат да задоволат жена”, открива Гвинет.Како што таа открива, секој маж кој имал секс со неа, имал само еден мотив – да ја задоволи.“Не доаѓаа само по секс на брзина. Доаѓаа да почувствуваат интима и посветеност и се обидуваа да ме задоволат. За нив можноста да предизвикаат оргазам кај жената е потврда за машкоста. Кога не можат да ја задоволат својата жена, одат кај друга”, рекла Гвинет, и додала дека најдобар секс имала со мажи со кои се гледала надвор од работа, бидејќи покрај физичката имале и ментална поврзаност.“Добар секс е во главата. Кога ќе ја изгубите менталната поврзаност никогаш повеќе нема да биде толку добар. Денес е тешко да се разговара очи во очи, сите комуницираме преку пораки. Не мора да го менувате тоа што сте, само испијте неколку пијалаци со сопругот, и кажете го тоа што ви лежи на душа, за повторно да се поврзете. Не наседнувајте на приказната дека сето тоа може да се најде и преку апликација. Страста која сте ја виделе во очите на сопругот, не може да се најде на апликација”, заклучила Гвинет.

Магазин | пред 7 години

lokvenac

Локвенец: „Притворот на Мијалков не смее да се врзува со уставните измени“

Не смееме да ги поврзуваме притворот на Сашо Мијалков кој е резултат на барање од СЈО и процесот за менување на Уставот, смета пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, кој е убеден дека и натаму ќе има 2/3 мнозинство за спроведување на уставните измени.„Не станува збор за преговори. Стаува збор за процес во кој ние покажување кооперативност и разговараме со аргументи за сите наметнати прашања од секој пратеник во Сообранието. Сето тоа што е возможно да се реализира, ќе го реализираме. Дали тоа значи зголемување на мнозинството пратеници кои се подготвени да гласаат за промена да Уставот, искрено мислам да“, рече Локвенец.Пратеникот вели дека состанокот на Kоординативното тело за помирување и интеграција бил одложен поради отсуство на собранискиот спикер Талат Џафери, кои бил надвор од Македонија. Но, ова одложување, според Локвенец, нема да ја успори динамиката на работа која е превидена.„Јас очекувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во овој процес на помирување. Искрено се надевам, бидејќи лично ги знам размислувањата на дел од нив. Да почекаме, идната недела дел од работите ќе бидат расчистени“, рече Локвенец.

Македонија | пред 7 години

plaza-1

На плажа и на крајот од ноември

Топлото време преку ден привлече некои охриѓани да се пофалат на социјалните мрежи дека денот го искористиле на плажа уживајќи не само на сонцето туку и капејќи се во езеро. Еден од нив е Фолк пејачот Мишко Микеле Србиноски кој на својот facebook профил напиша „Времево не попуштат,мора да се ојт на плажа...а некој бегет...:)“Додека жителите од другите градови низ Мкедонија мака мчат со згаден воздух, охриѓни уживаат во убавото и топло време.И овие најупорните кои сакаат плажа очигледно ќе мора да се повлечат затоа што прогнозата на метеоролозите е дека од утре следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови и во крајните југоисточни подрачја ќе бидат пообилни. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи.Во среда поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините ќе бидат од снег.

Македонија | пред 7 години

749E15E0-963E-4C2D-BA6E-83FF2F1A885B_cx0_cy3_cw0_w1023_r1_s-800x445

Почина дебарскиот градоначалник Ружди Љата

По кусо и тешко боледување денеска на 65 годшна возраст почина градоначалникот на Дебар, Ружди Љата.Љата е роден 1953 годна во Дебар, средно образование завршил на медресето „Алаудин“ во Приштина, дипломрал на Филолошкиот факултет во Приштина на отсектот ориентални јазици каде стекнал и титула магистер. Од 1980 до 1991 година работел во Исламската верска заедница и бил професор на Унверзитетот во Приштина на Катедрата за ориентални јазици. Бил професор и на Исламскот факултет во Скопје и Тетово.Пред да биде избран за градоначалник на Дебар, во 2013 годна, Љата беше прв човек на дебарското муфтство кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше. Во2017 година граѓаните му ја дадоа довербата вторпат.Како што информираа од неговиот Кабинет, се уште не се знае кога ќе биде погребот.

Македонија | пред 7 години

socijala

ВИДЕО: Тетка живее со внук и 80 годишна мајка под отворено небо

Социјална приказна која ја потресе Македонија. Портлот aberdzija.com објви сторија за тетка кој живее со внук и 80 годишна мајка под отворено небо.-Ги молам сите хумани граѓани да ми помогнат во време кога дождот ми го урна покривот и го поплави домот. Чувам неподвижна мајка и дете без родители. Се ми е уништено во домот, замолувам добрите луѓе да ми помогнат, или финансиски, или со материјали – со солзи во очите вели Иванка Трендафиловска.Единствено ја плаши дождот. И зимата што доаѓа. Во нејзиниот дом одамна никој не запеал. Да се надеваме дека хуманите граѓани нема да дозволат плачот и тагата да ја победат радоста и песната.(повеќе во видеото)Оливер АрсовскиДОНАТОРСКА СМЕТКА ВО БАНКАЦентрална кооперативна банка СкопјеИванка Трендафиловска сметка320-500023699603тектот и видеото се сопственост на порталот: aberdzija.com

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Од јуни до ноември: Од 165 барања за азил, одобрени само на Груевски и три други лица

Канцеларијата за имиграции и азил открила дека по стапување во сила на т.н. Стоп Сорос закон против мигранти, од 1 јули па се до 21 ноември тие примиле вкупно 165 барања за азил, од кои 88 биле одбиени, процедурата за 65 се уште трае, а 8 биле повлечени, објави порталот „Индекс“.Позитивен одговор бил даден на четворица апликанти, од кои еден е експремиерот Никола Груевски кој во Македонија е осуден на две годишна затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.Сел Бернадет која е независна пратеничка во унгарскиот парламент, побарала да ги види документите со кои Груевски поднел барање за азил, но Канцеларијата за имиграции и азил не дозволила. Оттаму посочиле дека со ниту еден закон не се предвидува пратениците да имаат пристап до документи кои содржат лични податоци. Пратеничката дознала дека Никола Груевски лично контактирал со службата за корисници при Канцеларијата за имиграции и азил на 12 ноември, кога побарал азил.Унгарскиот Стоп Сорос закон предвидува секој што влегол во Унгарија од таканаречена безбедна земја, дека не може да добие азил. Но, експремиерот на Македонија, Никола Груевски доби азил за само неколку дена, иако според информациите тој во земјата влегол преку Србија која унгарските власти ја сметаат за безбедна земја.

Македонија | пред 7 години

ambasada-grcija

Инцидент во Атина: Човек со нож упаднал во српската амбасада

Изутринава во Атина се случил инцидент, кога маж кој носел нож ја прескокнал оградата на српската амбасада.Си-ен-ен Грција јави дека човекот бил пијан, дека полицијата успеала да му го одземе ножот и дека го однеле во полициската управа.Упадот се случил околу 9.30 по локално време, пријавил грчкиот полицаец-чувар на амбасадата. По пријавата на инциденетот веднаш дошле големи полициски сили и полициски преговарач за да воспостават контакт со човекот што упаднал во амбасадата.Според некои медиуми, човекот бил во дворот на Амбасадата, а според други во зградата, и не се знаело дали тој држи заложници. Медиумите објавија дека тој е српски државјанин.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Извршители наплаќаат долгови од фирмите поврзани со Камчев

Извршители почнаа да запленуваат удели во компаниите кои директно или индиректно се поврзани со дел од осомничените во случајот „Империја“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, во кој првообвинет е бизнисменот Орце Камчев, објави nezavisen.mk.Од порталот додаваат дека НЛБ Банка објави дека има започнато постапка за присилна наплата против должникот ЗИК „Пелагонија“ од Битола, каде што директор е бизнисменот Цветан Панделески, кој заедно со Камчев се наоѓа во притвор во затворот во Шутка.„Присилната наплата е започната за да се наплатат побарувањата. Во рамки на наведената постапка од страна на надлежен извршител е издаден налог за заплена на удел, кој должникот ЗИК ‘Пелагонија’ го поседува во Млекара ‘Здравје Радово’“, се вели во соопштението на банката.Овие заплени неофицијално не се по налог на Специјалното јавно обвинителство кое ја води истрагата, туку фирмите на кои им должат овие компании активирале извршители за да си ги наплатат долговите, откако главните луѓе на овие компании завршија во притвор.Пред неколку дена извршител направил заплена во сопственичкиот удел во млекарницата „Здравје Радово“.Според официјалниот документ објавен во Централниот регистар, „Здравје Радово“ должи 4,3 милиони евра како главен долг, 20 илјади евра по основа на камати и девет илјади евра плус ДДВ – трошоци за извршител.Две фирми се јавуваат како сопственици во „Здравје Радово“, 99 проценти од млекарницата се во сопственост на ЗИК „Пелагонија“, а еден процент поседува компанијата „Пелагонија енерџи“.Сопственици на ЗИК „Пелагонија“ се Орка холдинг на Орце Камчев, Цветан Панделевски и контроверзната офшор фирма „Ексико“. Телевизијата Алсат М објави дека најголемата млекарница ќе се продава, а продажбата ќе ја направи НЛБ Банка од каде што млекарницата земала кредити, но не ги враќала. Сепак, банката негира дека во моментов води постапка за присилна наплата против млекарницата „Здравје Радово“.Компанијата тврди дека останува лидер во млечната индустрија на домашниот пазар. „Компанијата беспрекорно ги заврши инвестициите во новата фабрика во Битола, со што е унапреден и производствениот процес. Сигурни сме дека овие предизвици компанијата ќе ги надмине на достојно ниво и во брзо време“, се вели во соопштението на компанијата.На 9 ноември Специјалното јавно обвинителство отвори истрага под кодно име „Империја“ против 13 лица, бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Куноска-Камчева и сестра Христина Камчева-Стојческа, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.Сите се сомничат за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Во притвор завршија Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, сметководителката во фирмите на Камчев, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски.По барање на СЈО судот замрзна дел од имотот на фирмите „Орка холдинг“ и „Ексико“. Камчев за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ стана сопственик и акционер во многубројни фирми. Тој поседуваше акции во скопската болница „Аџибадем- Систина“, но има значаен удел и во млекарницата „Здравје Радово“, градежната компанија „Бетон - Штип“ (ангажирана на изградбата на мегапроектот за антиквизација на главниот град „Скопје 2014“), Стопанска банка - Битола, „Лозар“, „Пелистерка“. Во „Бетон - Штип“, во Стопанска банка - Битола, ЗИК „Пелагонија“, „Здравје Радово“ се наоѓа и капитал од мистериозната офшор-компанија „Ексико“.Според доказите на СЈО, обвинетите направиле штета од над 6 милиони евра на буџетот и испрале над 10 милиони евра.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица, да го поразиме црното владеење на Заев

Првиот протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во среда, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Република“.Тој најавува дека собирот ќе започне пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ до Владата на Република Македонија. Потоа ќе биле организирани протести и во другите градови на Македонија. Мицкоски вели, чекор по чекор ќе се отргнеме од ова зло кое го носи владата на Заев.Во продолжение целото интервју на Мицкоски за Република.Во неколку наврти сте изјавиле дека оваа влада е неспособна. Од таму, пак, велат дека го поправаат пропуштеното од претходната влада. Каков вашиот коментар на сето ова?Мицкоски: Во 2016 година пред парламентарните избори истите ликови од сегашната власт велеа дека работите нечинат и дека имаат план за сѐ, дека ќе донеле живот, просечна плата од 500 евра, развој на економијата, повеќе пари. Годинаипол подоцна велат дека работите и понатаму биле лоши како резултат на претходната влада и затоа сѐ уште немале некакви постигнувања. Јас би рекол нека се одлучат кога лажеа, пред изборите или сега кога настапуваат со истите неиздржани тези, или пак си лажат постојано.Можеме да живееме во минатото и до изутрина да дискутираме за работите кои можеле да бидат направени или биле погрешно направени, но ниту една од овие работи нема да донесе решение за актуелните проблеми. А за тоа дека оваа влада е најнеспособната до сега, не треба некоја длабинска анализа, оваа влада паѓа на основниот тест, тестот на времето. Црно време за граѓаните, црно политичко мочуриште за Македонија.Заев најави дека ќе се прави реконструкција на Влада. Дали мислите дека може да изненади со некои нови решенија?Мицкоски: Не е потребна реконструкција, веќе таква реконструкција имавме и освен решенија кои се последица на коалициски договори, квалитет и додадена вредност не видовме. Потребна е смена на владата.Луѓето на Заев знаат дека тоне, затоа го оставаат на цедило. Знаете зошто се капиталните инвестиции пониски од 30 отсто? Едно е зашто не ги бива, а второ е зашто нивните први луѓе на институции не сакаат да потпишуваат, не сакаат да потпишуваат зашто знаат дека така ќе бидат дел од криминалната дружина на оваа влада. Пристигнуваат информации од институциите што се случува внатре и треба да бидат свесни дека еден ден се ќе дојде на ревизија, како е направено и што е работено. До нас стигаат алармантни информации за работи што се прават по министерствата и сето тоа мора да биде добро изанализирано, затоа што мора еден ден да се стави крај на безаконието и да започне да владее законот во оваа држава.Од многу комбинирање премиерот Заев се прекомбинира и секој ден се повеќе се забрува неговиот пад. Го оставаат да тоне и затоа што гледаат дека политички тоне, дека ова е неодржливо и дека самиот е виновен за она во што се доведе. Па погледнете каде се Димитров, Шеќеринска, ги снема, тие се искусни политичари и веќе почнуваат да го чувствуваат мирисот на политичкиот крај на Заев. Овој негов пад во следниот период се повеќе ќе се акцелерира, рапидно ќе оди надолу.Актуелна тема е азилот на Груевски во Унгарија. Дали бегството на Груевски е товар на ВМРО-ДПМНЕ?Мицкоски: Бегството на Груевски оди на контото и е товар на Зоран Заев и на Оливер Спасовски. Имаме вештачко продолжување на темата. Колку повеќе се збори за Груевски, толку помалку ќе се збори за уставните измени, но и за крахот во економијата. Се слуша ли премиерот Заев што говори, дека Груевски го киднапирале. Каков е овој премиер кој дозволил неговиот претходник да го киднапираат, ако е така, па тоа е двојно голо за Заев. Друга работа, адвокатот на Груевски јавно изјави дека тој откако исконтактирал со Груевски од Будимпешта веднаш пријавил во судот. Затев тоа сигурно го знае. Тогаш зошто лаже дека Груевски е киднапиран?! Свесно лажел. Трагикомично. Ова е уште еден од обидите за продолжување на темата и хранење на таа димна завеса. Човекот три години не е премиер, не е тој што сега треба да ги решава проблемите, главната мака во оваа држава е што Заев ништо е работи. Не треба да живееме во минатото, Груевски нема да ни донесе 500 евра плата, тоа Заев треба да го донесе затоа што го вети. Груевски нема да донесе почист воздух, тоа треба Заев да го направи, Груевски нема да ја подобри економијата, тоа Заев мора да го направи. Заев ги зголемува даноците , ја зголеми акцизата. Заевата влада треба да ги разреши случаите на убиства во центарот на Скопје, а не груевата влада. Има уште еден милион вакви работи. До кога во оваа држава ќе живееме во минатото, потребно е да гледаме напред.Пешевски во писмо ви порача дека треба поголема храброст, и конечно ВМРО-ДПМНЕ да го прифати договорот со Грција. Вие, досега, како лидер на опозицијата, немавте коментар за ова.Мицкоски: Околу писмото, поточно многуте писма, би дал еден генерален одговор – политичката хајка која се води од власта кон ВМРО има своја цел, но и своја функција. Токму таа предизвикува страв кај многу луѓе, и затоа ќе видите ставови на луѓе кои се различни од нивните претходни изјави и ставови, ќе забележите изјави кои се многу различни со сето она што претходно го тврделе, ќе видите една неудобност во улогата која тие ја преземале да ја носат и товарот за кој прифатиле да го понесат. Се мачат. Се гледа на нивните лица, неприродна улога. Маневрираат. И јас имам разбирање бидејќи на тој притисок луѓето различно реагираат.Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ остануваат непроменети во однос на договорот и во однос на уставните измени. Секој предлог кој е конструктивен и на линија на нашите ставови е добредојден.Во едно интервју кажавте дека институциите добро знаат каде се движите, дали тоа значи дека ве следат службите?Мицкоски: Пред да дојдам до одговорот на ова ваше прашање, вистинскиот проблем не е дали следат службите, туку што воопшто немаме правна држава. Најдобар доказ дека обвинителството не функционира и поткрепа на тезата дека нам ни треба нов обвинител или нова обвинителска институција е фактот што претседателот на државата, повторувам, претседателот на државата излегува и кажува дека бил следен, и од обвинителството нема ништо, никаков случај, нема истрага, се заташкува работата. Па јавно ќе ви кажам дека тие со будно око ја следат комплет цела опозиција. Имам отворен сомнеж дека ја следат цела опозиција, затоа е и отворениот сомнеж дека ме следат мене, моите соработници, но и тоа нема да им помогне. На Александар Николоски му објавуваат фотографии од средби на улица. И што мислите не го следеле Груевски и не,знаеле дека заминува?! Како тоа Вучиќ знаел, Албанија знаела, само Заев и Спасовски не знаат. Најмалку што треба да направи Спасовски е да си поднесе оставка веднаш. Човекот ја девалвира одговорната позиција со која не може да се носи. И не само тоа, што стана со реформите во полицијата, со реформите од Прибе, што стана со професионализацијата на полицијата. Ништо! Нема ниту една акција против организиран криминал, нема откриен шверц, казнет криминал. Цел апарат впрегнале за пресметка со опозицијата.Барате оставка од Спасовски?Мицкоски: Токму така. Спасовски мора да замине. Тој не расветли еден куп убиства, Спасовски нема реформи, си ги ослободува од затвор соработниците кои му ги фатија во криминал, во корејски стил ни пушти полиција да го окупира штабот. Оставка е првото нешто што треба да се случи.Дали поддржувате процес на помирување?Мицкоски: На ова ќе одговорам со прашање. Зошто е потребно помирување? И ќе ви одговорам, јас ќе ви го дадам одговорот, треба помирување затоа што има политичи прогон. Нека престане политичкиот прогон и веднаш ќе има помирување. Тоа не носи ништо добро за никој во оваа држава. Јас не велам да нема постапки, ама постапки по закон, во кои се почитува пресумпција на невиност, во кое обвинителот и одбраната имаат ист третман, во кој се почитуваат процедури, во кои има достоинство и вистиска потрага по правда, а не правда која е неправда, поход во кој се бара крв и во кој се жигосува, во кој политичкото водство на МВР бара притвор и судот определува притвор, во кое владеат сомнежите дека премиерот кажува кој, кога и на колку годии ќе биде осуден… Тоа не е евроатланстака Македонија.И амнестијата е едно од решенијата. Ние поднесовме закон за амнестија за случувањата за 27 април, и тој е добра основа за разговор и изнаоѓање на решение. А што се однесува за општественото помирување ВМРО-ДПМНЕ има план и тоа треба да се одвива паралелно со процесот на реформи потребни за европската агенда каде сме подготвени да дадеме квалитативен придонес со цел остварување прогрес.Владата вели дека нејзините проекти се видливи и дека нѐ очекува година на раст. Кои се вашите очекувања?Мицкоски: Се промовира евтин беден филм од страна на владата, се режира една претстава чиј режисер затајува. А зад сето тоа стои неспособноста на Владата. За годинаипол еден проект не изградија. Еден проект нема. И тоа ќе ви го опишам преку пластичен пример. Се сеќавате кога беше шарената револуција, секој ден одеа шараа низ градот, ќе шараа проекти, згради, споменици изградени од владата на ВМРО и тоа беше дел од нивната психолошка кампања за да испратат порака. П денес да се случи шарена револуција нема што да шараат затоа што овие немаат изградено ништо, освен она тажно Гинко дрво што го посадија на местото на споменикот што го рушеа. Е сега година ипол поминуваат на власт, немаат никаков проект, а се задолжуваат интензивно, тогаш каде се парите, каде им одат парите, буџетите се трошат, а нема ништо за народот. Црн живот за народот.Сакам една работа да истакнам, ајде да размислиме и за 10 секунди да наброиме барем 3 проекти, објекти, реформи кои Заев ги направи…. Не три, еден проект нема да ви текне ниту мене ниту вас… Е сега на ова сакам да се надоврзам, ако гледаме дека нема ниту еден проект, а нема, во наше време имаше, може да ги видите, стадион, аеродром, сали, училишта, фабрики и слично, е ако сега ги нема проектите, а задолжувањата растат енормно?! Значи имаме задолжување а немаме инвестиции, нема проекти и објекти, тогаш јавноста со право се прашува каде се парите!? Каде одат сега парите, кога се задолжуваме како луди и за деца и за внуци да враќаат, а нема проекти?! И логично е дека парите некаде исчезнуваат, дали во нечии џебови или едноставно исчезнуваат треба да даде одговор јавниот обвинител.Станаа махери за неработа и мајстори за прикажување на неуспесите како успеси. Паднаа неколку места на скалата на Дуинг бизнис. Ги гледаме како преку дел од медиумите се фалат дека напредувале, се фалат дека ќе вовеле еднократен надомест за новородено дете, а го укинуваат перманентниот надомест за трето дете. Велат ќе им овозможеле бања за пензионерите, а покачување на пензии не ни спомнуваат, затоа што тоа нема ни да се случи.Постојано велите дека работите нечинат. Имате ли стратегија што ќе превземете поради тоа?Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица, да го поразиме црното владеење на Заев. И во овие зимни месеци ќе го поведеме народот на улица, затоа што состојбата е аларамнтна. Државата е киднапирана од егоистична елита која им ја одзема власта на граѓаните.Ќе протестираме и за даноците, и поради загадувањето, и поради прогонот и политичкиот притисок, и поради менувањето на името и поради немањето на откуп на јаболка и тутун. Ќе го кренеме гласот пред да биде предоцна. Ќе протестираме поради секоја неправда направена врз секој еден граѓанин. Поради ова црно време кое го живееме. Мора да има светло за сите нас, за сите граѓани. И блиску е зората, зората мора да изгрее и зората ќе изгрее. Деталите ќе ги соопштиме во наредниот период. Првиот протестен марш ќе се одржи во среда, и собирот ќе започне од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ до Владата на Република Македонија, потоа ќе протестираме и во другите градови на Македонија, чекор по чекор ќе се отргнеме од ова зло.

Македонија | пред 7 години

drimkol

КУД „Дримкол“ ќе одржи целовечерн концерт во Скопје

Културно уметничкото друштво ,,Дримкол,, од Вевчани, утре, Недела, 25 ноември во Скопје во МКЦ во 19 часот ќе одржи целовечерн концерт под мотото: ,,70 години организиран фолклор во Вевчани,,. На концертот ќе биде прикажан документарен филм кој со архивски снимки и слики ќе сведочи за оваа долга и континуирана традиција на организиран фолклор во Вевчани од првиот настап на 11 Октомвриските свечености во Скопје во 1947 година до ден денес. Во другиот дел на програмата ќе настапи пејачката група ,,Каданка,, со изворни песни од ЦД-то ,,Долетало лично пиле,, кое Дримкол во чест на јубилејот го промовираше оваа година. Фолклорниот ансамбал на Дримкол на сцената на МКЦ ќе ја прикаже орската традиција на Вевчани, на Струшко поле и на Власите од Горна Белица , Струшко.„Во Скопје скоро секоја година одржуваме по еден наш целовечерен концерт. Тоа го правиме заради наши Вевчанци што живеат тука, но, и заради наши пријатели, соработници, поддржувачи кој редовно ја следат нашата работа. Со таквите концерти успеавме низ годиниве да создадеме наша верна публика во Скопје пред која секогаш ни е задоволство да настапуваме. Повод за овој концерт во Скопје, оваа година е јубилејот ,,70 години организиран фолклор во Вевчани,, со кој концерт ги заокружуваме сите свечености поврзани со јубилејот. Фолклорот и традицијата во Вевчани се многу постари, датираат уште од настанокот на Вевчани, Вевчанскиот карневал е пример за тоа, но, ние одбележуваме организирана форма на фолклор кој некогаш организирано во играорна група, а денес преку КУД ,,Дримкол,, се негува, презентира и промовира низ годиниве во земјава и странство... истакна Јасмина Бебекоска од одделението за протокол и односи со јавност на КУД ,,Дримкол,, од Вевчани.КУД ,,Дримкол,, до сега во Скопје има реализирано концерти во Универзална сала, во МНТ стар и нов објкет, а оваа година, поради концептот на програмата и видео презентациите, концертот ќе се одржи во МКЦ-сала фросина поради интимноста на салата и блискоста со публиката. Поради интересот за концертот, од КУД,,Дримкол,, најавуваат уште еден концерт до крај на годината.

Скопје | пред 7 години

RK

Утре ракометарите на „Јуниор Кисела Вода“ ќе играат против „Вардар Неготино“

Љубителите на ракометот утре во Кисела Вода ќе имаат можност бесплатно да проследат големо ракометно дерби.Во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ со почеток во 13:00 часот силите на теренот ќе ги одмерат сениорите на „Јуниор Кисела Вода“ и „Вардар Неготино“. Со победа на овој натпревар клубот од Кисела Вода повторно ќе се врати на врвот во првата лига. Како потврда од РФМ за дербито, судиски пар на овој натпревар ќе бидат најдобрите ЕХФ судии Ѓорги Начевски и Славе Николовски.Следната седмица во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ ќе се играат два ракометни натпревари. Во вторник, со почеток во 19:30 часот пионерите на „Јуниор Кисела Вода“ ќе се сретнат со „Вардар Ангели“. Додека младинците од Кисела Вода во среда од 17:30 часот ќе играат против „Металург“.

Спорт | пред 7 години

izguben-covek

Изгубен човек во Скопје си го бара семејството, помогнете да ги најде најблиските

На социјалните мрежи синоќа се појави објава во која се вели дека човек со лошо помнење е задржан во скопско кафуле. Во објавата се бара помош поскоро да се пронајде неговото семејство и човекот да се врати дома.„Луѓе, човекот дојде во ’Кафе Корзо’ во Центар. Има лошо помнење, мисли дека е 1997 година. Би ве замолил ако може да споделите, можеби некој ќе го препознае. 02 3226 002 – јавете се на бројот доколку знаете како да се стапи во контакт со негов близок. Ви благодарам“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ заборави дека загадувањето е реакција на нивното долгогодишно негрижливо однесување

Градот Скопје реагира на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое беа изнесени разни невистини и празни, неосновани обвинувања кон градоначалникот Шилегов.Град Скопје ги негира обвинувањата и паушалните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ во однос на активностите и напорите на Градот Скопје во борбата против загадениот воздух. Затоа, апелираме до ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ја замајуваат јавноста со вакви неумесни соопштенија и обвинувања, да бидат конструктивни чинители и да учествуваат во борбата против загадениот воздух, нешто за кое не беа и не обрнуваа внимание за време на своето долгогодишно владеење. Загадувањето што се уште се појавува во главниот град е само реакција на долгогодишното негрижливо однесување на ВМРО-ДПМНЕ кон зеленилото во изминататата деценија. Како они да заборавија и не сакаат да се потсетат за своето брутално однесување кон дрвјата во Скопје и непланското градење занемарувајќи го интересот на граѓаните што живеат во главниот град.ВМРО-ДПМНЕ нема никаков основ да реагира и глуми загриженост, се додека не се извини на македонската јавност за сето она што го стори во минатото, а со тоа директно придонесе денес Скопје да биде загаден град. Откако ВМРО-ДПМНЕ ќе се извини на сите граѓани, тогаш нивните предлози и критики ќе ги земеме предвид и само тогаш можеби ќе веруваме дека навистина сакаат и се грижат за градот. До тогаш, само можат слободно да ги прочитаат преземените мерки во борба со загадувањето откако Шилегов дојде на функцијата градоначалник на Скопје.Во контекст на оваа рекација, сакаме да ја информираме и потсетиме јавноста дека Градот Скопје, во рамките на своите надлежности работи на системско решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, преку спроведување  активности дефинирани со Планот за подобрување на квалитетот на воздухот кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки.Градот Скопје на овој горлив проблем му пристапува стратешки и реализира мерки во сите области кои се детектирани дека придонесуваат во загадувањето на амбиенталниот воздух.Од аспект на зеленилото, последно што Град Скопје презема е обновувањето на дрворедите на скопските улици, оние кои од претходното раководство беа исечени и никогаш заменети и обновени. Покрај обновените дрвореди и новите во Ѓорче Петров и Бит-Пазар, во есенската акција за зазеленување на Скопје ќе бидат засадени нови 3500 дрвја на повеќе локации низ скопските општини. Несметајќи ја оваа акција, изминативе неколку месеци се спроведоа акции за садење на нови дрвја во Скопје, каде само во пролетната акција беа засадени повеќе од 6.000 нови дрвја. Исто така, Градот Скопје изминативе 6 месеци подигна нови и реконструираше зелени површини кои се простираат на над 50.000 метри квадратни.Во оваа насока Градот Скопје работи и на два нови проекти со коишто ќе се добијат два нови големи зелени површини во Малиот ринг во Скопје, и тоа новиот парк во просторот позади Македонската филхармонија и новиот парк – зелен кров кој ќе се простира на кровот на ГТЦ.Од аспект контролата на индустриските капацитети и инспекциските активности, Град Скопје ги следи сите индустриски инсталации кои имаат добиено од Градот Б интегрирана дозвола или усогласен елаборат за заштита на животната средина. Делот од сферата на А интегрираните дозволи се во надлежност на министерството за животна средина и врз нив контрола врши државниот инспекторат, додека сините занаетчиски објекти, претежно од угостителството се во надлежност на општинските инспекторати за животна средина.Овој период посетени се сите капацитети кои работат со Б Интегрирана дозвола, а инспекциските служби работат во две смени. Од аспект на создавање на диви депонии и незаконско спалување на смет и останати материјали кои го загадуваат воздухот, изминатиов период Градскиот инспекторат има засилени контроли на целата територија на Скопје. Контролите се спроведуваат со комбинирани тимови на инспектори за животна средина, комунални инспектори и комунални редари. Засилените контроли продолжуваат и во наредниот период.Засилените активности и контроли на Инспекторатот на град Скопје резултираа со драстично зголемување на бројот на мандатни казни, како и со превентивно делување со укажувања на граѓаните како се депонира комуналниот отпад и каде отпадот како градежен шут, кабаст отпад треба да биде однесен и депониран.Од аспект на загревањето, Градот Скопје го формира новото јавно претпријатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности, која ја реализира постапката за преземање на градската топлификациона мрежа, со што ќе стане директен фактор во одлуките во оваа област, која е голем причинител за загадувањето на воздухот, како и да се вклучи во процесот на гасификација на Скопје.Покрај ова, Градот и оваа година субвенционираше граѓани кои се греат на печки на дрво и останати течни горива, да набават печки на пелети кои загадуваат далеку помалку. Во оваа област како нови мерки може да се наведат и субвенциите за обука на оџачари, како дефицитарна струка, како и субвенциите за граѓаните за чистење на оџаци. Во однос на сообраќајот,Од аспект на сообраќајот, Градот Скопје инвестира големо време и енергија во промоција на транспортен систем кој е модерен и еколошки, преку користење на јавниот превоз, како и комбинирани форми на превоз без автомобили. Во таа насока, во транспортниот систем на ЈСП изминатиов период беа вклучени неколку еколошки автобуси на гас (кој не го загадуваат воздухот), како и за првпат на линијата број 15 сообраќаше електричен автобус. Идната година Скопје ќе добие 40-тина нови еколошки автобуси на еколошко гориво и ќе ги заменат старите дотраени дизел возила на ЈСП без клима и дополнителна опрема. Истото ќе се финансира со задолжување кон меѓународна кредитна институција во износ од 10 милиони евра, со каматна стапка од 1%, 3 години грејс период и 7 години отплата, без вклучен грејс период. Како мерки од областа на сообраќајот може да се наведат и воведувањето на бесплатен превоз за сите средношколци во јавниот градски превоз, како и воведувањето на бесплатни автобуски линии до Водно со цел растеретување на сообраќајниот метеж на планината, како и воведувањето на бесплатниот автобуски превоз во деновите на висока загаденост.Градот Скопје работи и на промоцијата на електричните возила, преку поставување на нови полначи за електрични возила на повеќе локации во Скопје кои се бесплатни за користење за корисниците на ваков вид на возила.Промоцијата на велосипедизмот е друга сфера во која Градот работи, преку подобрување на условите и изградба на нова вело инфраструктура, како и стимулирање на граѓаните за набавка на нови велосипеди преку субвенции, каде во 2018 година Град Скопје додели 3.119 субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди. Изминативе неколку месеци се изградија или во тек на изградба се велосипедски патеки во должина од над 7 километри, како што целосно е готова велосипедската и пешачка патека на булеварот „8 Септември“, која се протега од мостот кај хотелот Александар Палас до улицата „Варшавска“ во Тафталиџе, а во тек е изградбата на вело патеката долж цел булевар Борис Трајковски (од стаклара до рампа), долж улица 11 Октомври, булевар Кочо Рацин и долж бул. Крсте Петков Мисирков до клучката кај Бит пазар.Во моментов е распишан и јавен повик за субвенции за граѓаните за набавка на електрични тротинети, каде е предвидена субвенција во висина од 50 % од цената, но не повисока од 10.000 денари.Од аспект на енергетската ефикасност, Градот Скопје оваа година изврши, или во тек е замена на фасадите на 11 средни училишта, и тоа „Димитар Влахов“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Панче Арсовски“, „Сарај“, „Панче Караѓозов“ и „Михајло Пупин“. Овие училишта, чии објекти беа едни од поголемите загадувачи на воздухот, ќе добијат нови, енергетско ефикасни фасади кои значително придонесуваат за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух, а за заштита на учениците, набавени се прочистувачи на воздухот за сите простории во сите средни училишта на Град Скопје. Средствата за изградба на нови фасади се обезбедени од прекинувањето на проектот Скопје 2014.Од аспект на комуналната хигиена, Градот Скопје работи на мапирање и чистење на дивите депонии, каде во голема акција беа расчистени над 3000 метри кубни смет, далеку повеќе од 2017-та (375 м3). Во таа насока, во март годинава Градот Скопје промовира посебен телефонски број (070 270 557), на кои граѓаните можат преку Вибер да пријават диви депонии со праќање на порака и фотографии, а истите можат да ги пријават и до официјалната фејсбук страница на Градот. Досега граѓаните пријавија над 300 диви депонии, а поради зголемената потреба на последниот ребаланс на Буџетот на Град Скопје за 2018 година, беа зголемени средствата за оваа намена за дополнителни 5 милиони денари. Дополнително, Градот Скопје на последниот ребаланс на Буџетот на Град Скопје предвиде и средства за набавка на нови контејнери, а се спроведоа повеќе акции за миење на градските улици и булевари. Како новитет е и хигиената на улиците, каде Град Скопје, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и „Водовод и канализација“, за првпат започна голема акција на рачно миење на улиците од прљавштина и прашина со што ќе се намали прашината во воздухот.Ако само неколку од овие мерки ВМРО-ДПМНЕ ги применеше и постојано ги користеше во текот на 10 годишното владеење, денеска Скопје ќе беше град во којшто граѓаните ќе дишеа почист воздух. Затоа, низата на мерки што сега ги презема новото градско раководство се само дел од планот како Скопје повторно да се врати и биде чист и зелен град како некогаш што беше, пред владеењто на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Го поправаме она што ВМРО-ДПМНЕ го уништи

Светските цени на нафтата паднаа на најниско ниво за повеќе од една година по седмата недела на опаѓање на цените.Цените се на најниско ниво од октомври 2017 година, кога американската цена на нафтата се намали на 50,42 долари за барел, а цената на нафтата на Брент во Лондон падна за 6,1 отсто на 58,8 долари за барел.Набавката на нафта растеше побрзо од побарувачката во последниве неколку месеци. Се очекува Организацијата на земјите за извоз на нафта (ОПЕК) да го прекине производството откако ќе се состанат на 6 декември. Светските цени на нафтата паднаа во просек за 20 отсто досега во ноември. "Пазарот не верува дека ОПЕК ќе може да дејствува брзо за да го неутрализира претстојното забавување на побарувачката", изјави Фил Флин, аналитичар на "Цената на иднината" во Чикаго. " Ова зборува дека кинеските трговски разговори нема да одат добро", додаде Флин, во врска со планираните разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Кси Џинпинг на самитот на Г20 во Буенос Аирес следната недела.

Македонија | пред 7 години

KIR_0837

Издвоени 587 милиони денари за нов Клинички центар, кој не се знае каде ќе се гради

Со буџетски средства во износ од 587 милиони денари, ќе се започнат припреми за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а ќе се прават и интервентни градежни работи на сегашната локација на Клиничкиот центар. Иако се уште не се знае каде ќе се гради новиот Клинички центар, парите се проектирани. Скопје Север, Петровец и Ѓорче Петров се трите локации меѓу кои ќе се избира каде ќе се гради новиот Клинички центар. Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека во Комсијата во Владата е завршена постапката и дека следува дебата на Собранието на идната седница. Додека се отпочне со проектирање, стариот кампус ќе добие нови влезови и излези, а истовремено и монтажни катни гаражи, најави минситерот за здравство, Венко Филипче.„Од јануари ќе следи дополнително зголемување на платите за 10 проценти за докторите специјалисти и 5 проценти за медицинските сестри. За сите останати здравствени работини, покачувањето на платите ќе се реализира од септември 2019 година“, рече Филипче. Зголемувањето на буџетот значи подобрување на условите за лекување, тврди минситерот Филипче. Ќе се завршува реконструкцијата на болницата „св. Еразмо“ во Охрид, ќе се продолжат градежните активности во Општата болница во Струмица, ќе се започне со изградба на нова болница во Струмица, но и со предприпремни активности за новата градска болница кај Мајчин Дом во Аеродром. Ова се само дел од проектите кои ги кажа Филипче а треба да се реализираат со буџетот од 6,3 милијарди денари во текот на идната година.Стратешки цели на Министерството за здравство ќе бидат набавка на инсулин, лекови за ретки болести, медицинска опрема, подобрување на инфраструктрата и припрема за изграда на новиот Клинички центар во Скопје. Имнузацијата ќе биде приоритет и во идната година, вели министерот, а ќе се набават вакцини во износ од 394 милиони денари.„Во програмата за превенција од кардиоваскуларни болести, се предвидува ангажирање на странски хирурзи кои ќе вршат хируршки интервенции а истовремено ќе работат на едукација на нашите лекари. Би потенцирал дека имаме зголемување на средствата во програмата за ретки болести, па така, следната година располагаме со буџет од 380 милиони денари, со кои ќе набавиме и лекови кои третираат повеќе од 20 ретки болести“, вели Филипче.Буџетот на Министерството за здравство следната година ќе изнесува 6,3 милијарди денари, односно ќе има 300 милиони денари повеќе од проекцијата за минатата година, најави министерот Венко Филипче, кој додаде дека 2019 година ќе започне со зголемување на платите во јавното здравство.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања