„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Скопје1.мк

Нема фотографија

(ВИДЕО) Стоилковски: Има ли пилот во државата?

„Денеска прашуваме „Има ли пилот во државата“ со потпрашање за македонската навигацијата за непотизам односно- Македонската Неофицијална Агенција за Вработување М-НАВ.Само во оваа 2018 година македонската навигација се поднови со 24 нови партиски искусни кадри, меѓу кои има и искусни имиња како роднината на министерот за земјоделство или пак партнерот на Заев, Стојанче Ангелов. Состојбата во М-НАВ е толку алармантна и очигледна што комисиите за вработување дојавувале во медиумите за притисоците кои што морале и да се оправдуваат зошто не се примени лица кои што не исполнувале услови, па потоа на повторни огласи истите лица да морале да добијат вработување“, изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.Според него на листата на нововработени синови, ќерки, браќа, сестри и внуци во М-НАВ, каде што платите се неколкукратно повисоки од просечната, се и син на директор на социјалните фондови, сестра на вицепремиер, внуци на директор на телекомуникациски оператор и на партиски-коалициски партнер, син на пратеничка итн.„М-НАВ веднаш да ги соопшти имињата на новите вработени од оваа година и да ги каже критериумите според кои тие се примени. Дали освен нив имало други пријавени на конкурсите кои немале квалификации како избраните? Воедно ги повикуваме надлежните институции да отворат истрага по наводите за непотизам и можната корупција при овие вработувања во М-НАВ.Дури и министерот за земјоделство си призна дека негов роднина е вработен таму. Но и за него, како и за мајката на Костадин Костадинов, или пак за сестрата на Кирацовски, или за редица други од партискиот клан велат дека не станува збор за непотизам туку за неопходни кадри!А во М-НАВ се насобрал толку неопходен партиски кадар што и новата сопствена зграда не ги собирала па ќе се селеле под кирија, на локација добро позната на директорот!Ете тоа се европските вредности на СДСМ, тоа е тој пат, навигација кон ЕУ и НАТО, тоа е борба со непотизмот, партизацијата, обемноста на администрацијата и кои ли се празни флоскули и ветувања ги даваа истите овие напикани во криминогената власт кои што сега не се ни кријат ниту имаат потреба да понесат одговорност за девастацијата на Република Македонија.М-НАВ ги отсликува црнилата во кои што СДСМ ја втурна државата.       М-НАВ може да се препознае во секоја владина агенција, министерство, локална самоуправа. Со ваква Навигација по која сега се движи државата, таа не може да заврши поинаку освен во се подлабока дупка“, вели Стоилковски. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Арсовски: Дали Обвинителство ќе го истражи случајот на Анѓушев кој ја тресе јавноста во Македонија и Грција?

„Кога веќе Анѓушев молчи и одбегнува да даде одговори за скандалите кои се врзуваат за него во соседна држава, тогаш прашуваме дали јавноста може да очекува дека по допрен глас нашето обвинителство и надлежните институции ќе го истражат овој случај кој ја тресе јавноста во Македонија и Грција? До тогаш, доколку има истрага, бараме Анѓушев да си поднесе оставка за да не може да влијае врз истрагата од позиција на власт кој што во моментот ја има“, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.Според него, вицепремиерот за скандали Кочо Анѓушев не престанува да отвора нови сомнежи за криминал, не само во Македонија, туку и во Грција. Оваа црнила што ни се случува во државата е резултат на црните биографии на функционерите на оваа криминална влада на СДСМ.„Во грчките медиуми веќе се најавува истрага на грчкото обвинителство за продажбата на фирма ЕДС која што беше во сопственост на ЕДС на грчката државна компанија за електродистрибуција (ДЕИ). Ние, а и јавноста во Македонија изразивме сомневање во легалноста на оваа продажба, особено ако се има предвид дека се случи неколку месеци пред потпишувањето на капитулантскиот договор од Преспа со кој се рушат македонските национални и државни интереси. Патем да не заборавиме дека Анѓушев беше еден од првите функционери кој уште пред финиширањето на договорот лицитираше со името на државата. Дали овие изјави на Кочо Анѓушев во врска со промената на името и продажбата на неговата фирма на грчка државна фирма имаат некаква поврзаност треба да го испитаат и нашите институции, се разбира ако имаат доблест и храброст да се отргнат од канџите на власта и на Зоран Заев“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.Исто така тој додаде дека дополнителен сомнеж дека се работи за матна зделка од која зависи и идентитетот на државата, на секој граѓанин на Република Македонија говорат и информациите кои ги добиваме од грчките медиуми кои велат дека милионите евра се исплатени на личната сметка на Кочо Анѓушев, 4,8 милиони евра.„Кочо Анѓушев е само олицетворение на целокупната власт предводена од Зоран Заев. Овој криминален картел на власт не пропушта можност за лично богатење без да бира методи и средства. Овие луѓе кога се работи за нивниот личен интерес немаат ништо свето, ниту име, ниту идентитет, ниту народна волја, ниту Устав, ниту Закони. Затоа сите треба да си дадат оставка за Република Македонија конечно да тргне напред“, вели Арсовски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во Охрид првата форумска сесија од „Форумот на заедници“

Општина Охрид, денес, во хотел „Ривиера“ ја организираше првата форумска сесија од „Форумот на заедници“. Во рамки на сесијата учество зедоа претставници на Советот на општина Охрид, претставници на невладиниот сектор и бизнис сектор.Почетокот на првата сесија го означи заменик градоначалникот, Константин Георгиески.- Ми претставува особена чест и задоволство, во мое лично име и во името на Градоначалникот на општина Охрид Проф. Д-р Јован Стојаноски, да Ве поздравам и да го означам почетокот на првата форумска сесија од Форумот на заедницата во општина Охрид. Организирањето на овој форум е дел од втората компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети”, кој општината го реализира во соработка со УНДП и Швајцарската амбасада во Република Македонија. Форумот на заедницата е една од најкорисните алатки за успешно вклучување на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво и се организира со цел да се дефинираат приоритетите и потребите на граѓаните во повеќе сфери од секојдневното живеење во општината, изјави Георгиески.Темата на првата форумска сесија е „Социјална инклузија“ , а целта на форумските сесии ќе биде да се предложат и утврдат приоритетни проекти од областа на социјалната инклузија во општина Охрид. Учесниците на формуските сесии имаа можност да одредат кои се приоритетите за социо-економскиот развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата во локалната заедница.

Македонија | пред 7 години

sv.-Mina

Денес е Св.великомаченик Мина Чудотворец-Мартинија

Денес е празник посветен на Светиот великомаченик Мина.По потекло Мисирец и војник по занимање Свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската и градот и луѓето и сѐ и отиде во пуста планина. Бидејќи на Св. Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ја објави својата вера во живиот Бог Христос, а ги изобличи идолопоклонството и незнабоштвото како лага и мрак. Кнезот на тој град, некој Пирос, го запраша Свети Мина кој е тој и што е. Светителот му одговори: „Татковина ми е Мисир, името ми е Мина, бев офицер, но кога го видов идолопоклонството се одреков од вашите почести. Сега дојдов пред сите да Го објавам мојот Христос како вистинит Бог, за и Он мене да ме објави како Свој слуга во Царството Небесно“. Кога го слушна ова Пирос го подложи Свети Мина на големи маки. Го биеја, го стружеа со железни четки, го гореа со свеќи и го мачеа со разни други маки, па најпосле го убија со меч. Телото му го фрлија во оган за да не го земат христијаните, но тие сепак спасија од огнот некои делови. Овие остатоци ги погребаа чесно, а подоцна беа пренесени во Александрија и таму ги погребаа и над нив изградија црква. Св. Мина пострада околу 304 година и се пресели во Христовото Царство. Тој беше и остана голем чудотворец во двата животи, и на земјата и на небото.На секого којшто го слави Св. Мина и во неволја со вера го повикува на помош, тој и му помогнал.Повеќепати се јавуваше како војник на коњ, за да им помогне на верните или за да ги казни неверните.За многу години!

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Десетици дневно завршуваат во болница заради загадениот воздух

Скопје и Македонија се гушат во загаден воздух, а Зоран Заев и Петре Шилегов не преземаат ништо. Веќе неколку недели по ред Скопје е меѓу најзагадените градови во светот. Граѓаните имаат сериозни последици врз нивното здравје, особено хронично болните, децата и постарите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Според анализа на реномираниот Универзитет во Чикаго од Институтот за енергетска политика, загадувањето на воздухот го намалува просечниот живот на човекот за скоро две години, што е поопасен ризик фактор за смртност од многу заразни болести како туберкулозата.,,Како последица на неодговорниот пристап на црната власт на СДСМ кон животната средина десетици граѓани завршуваат на лекар секој ден поради проблеми со здравјето настанати заради загадениот воздух.Граѓаните се соочуваат со реални здравствени проблеми заради загаденоста, а власта само ги завива во црно нивните животи.Информациите кои доаѓаат од светски реномирани институции треба да бидат последен аларм на власта, која потроши 2 години без да реализира ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот. Зоран Заев и Петре Шилегов ветуваа итно справување со загаденоста, сега кога се на власт не само што не го решија проблемот како што ветуваа, туку и не преземаат било што да ги намалат последиците од загадувањето”, се додава во соопштението.Светската здравствена организација неодамна излезе со анализа во која покажа дека на годишно ниво во светот умираат околу 7 милиони луѓе како последица на штетните и канцерогени честички кои влијаат на кардиоваскуларниот и респираторниот систем на човекот.,,Наместо конкретни решенија на проблемите со енормното загадување, министерот за животна средина Садула Дураку дрско и безобразно вели дека не се занимава со граѓаните, Петре Шилегов организира стенд ап настапи, а Зоран Заев заборави на ветувањата за почист воздух во целост. Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира. Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине”, е ставот на опозициската партија.

Скопје | пред 7 години

grujoski

Бегство од слободата

Ова не е прво бегство на еден вмровски лидер во историјата. На речиси идентичен начин тоа го направи Ванчо Михајлов во 1934 година кога пребегна од Бугарија во Турција. Турските власти одбија да го екстрадираат, пишува dw.com во денешната статија. Во продолжение на истата стои:Ја знаете веќе онаа чудесна книга на Ерих Фром, „Бегство од слободата“, во која хуманистичкиот филозоф и социјален психолог го анализира феноменот на човековиот страв од пропаѓањето на средновековниот свет во кој се чувствуваше безбедно и покрај многуте опасности. Но тој човек, сепак, успешно се одбрани од тоталитарните закани да им ја предаде својата слобода на диктатори од различен маштаб. Ако оваа легендарна студија ја транспортираме во македонската сегашност едно толкување може да биде дека Никола Груевски побегна кога дојде слободата во Македонија по десетте години авторитарност. Тоа може да изгледа парадоксално, но во основа тоа толкување е суштинско – Груевски не можеше да ја поднесе таа слобода, во која за почеток требаше да одлежи две години затвор. За Груевски 10-те години во кои владееше беше неговиот средновековен свет во кој тој не само што се чувствуваше безбедно, туку и се насладуваше. Затоа изгледаше невозможно соочувањето на Груевски со самиот себеси и со сето она што го направи, а изгледа беше ужасно тешко да се признае во слободата која дојде по него.Ова не е прво бегство во историјата на ВМРО на нејзин лидер. Исто таков спектакл имаше при бегството на озлогласениот Ванчо Михајлов, творецот на крвавото ВМРО меѓу двете светски војни, кој го издигна теророт врз неистомислениците на ниво на библиска заповед. Кога во мај 1934 година Кимон Георгиев изврши воен удар во Бугарија и формира профашистичка влада, една од неговите главни цели беше да го елиминира ВМРО од бугарската политика поради тоа што со неброените убиства стана неподнослив товар за државата. Воената влада го забрани ВМРО и нареди апсење на Ванчо Михајлов. Лидерот на ВМРО се криеше во Пиринска Македонија заштитуван од јатаци и од стравот на месното население, кое беше исплашено од неговиот терор. Но, како и секогаш во вакви ситуации, кругот се стеснува, па бројот на лојалните луѓе се намалува – и време е да се бега. Ванчо Михајлов избега во Турција.Љупчо Поповски, автор на колумнатаКако беше во 1934Да ги оставиме настрана страниците од книгите по историја кои ги опишуваат последните месеци од теророт на Михајлов во Пиринска Македонија. Прочитајте што напиша „Њујорк тајмс“ од неговиот дописник од Софија за бегството на вмровскиот лидер во септември 1934 година. Тие информации и ден-денес се интересни не само од журналистички аспект.Првиот допис е од 13 септември 1934 година.„Познатиот македонски лидер Иван Михајлов денеска ненадејно брзо ја премина границата и влезе во Турција заедно со неговата сопруга и вооружени пријатели од македонската организација ВМРО со два автомобили. Вечерва Бугарија побара од турската влада екстрадиција на Михајлов. Се очекува дека Турција ќе го одбие барањето, но изгледа ќе го протера бегалецот, кој најверојатно ќе побара азил во Италија. Вечерва осум лица беа уапсени во Софија под обвиненија дека помогнале во бегството на Михајлов.Бегството на македонскиот лидер следи по напорите на новиот режим да ја пацифизира Бугарија и да стави крај на револуционерното македонско движење. Пред неколку недели многубројни жандарми и детективи беа во потрага по Михајлов во јужна Бугарија, каде што тој побара засолниште во шумовитите планини и имаше поддршка од многу приврзаници. Најпосле потрагата толку се доближи до него што тој побегна во Турција“.Во таа декада „Њујорк тајмс“ објавуваше повеќе текстови за Македонците, за бесконечните убиства на ВМРО, отколку што сега и посветува на државата Македонија. Сигурно и имало зошто – Балканот беше буре барут што постојано експлодираше, а ВМРО по Првата светска војна беше една од гранатите што најчесто внесуваше немир поради безмилосните убиства. Затоа „Њујорк тајмс“ два дена подоцна објавува уште еден текст за бегството на Михајлов, испратен од дописникот од Истанбул на 15 септември 1934 година. Тој дава и други детали за бегството.„Иван Михајлов, македонски револуционер во бегство, и неговата сопруга беа донесени овде вечерва под полициска придружба со возот од бугарската граница. Тие ја поминаа ноќта во полициска станица.Откако пешечеле со денови низ планините за да побегнат од бугарската полиција, тие ја поминаа границата целосно исцрпени и им се предадоа на турските власти. Турската влада го одби барањето на Бугарија за нивна екстрадиција, сметајќи ги како политички бегалци. Ним ќе им биде дозволено да останат во Турција под полициски надзор или ќе биде побарано да ја напуштат турската територија. Сопруга на Михајлов е Менче Карничева, која го уби Тодор Паница, исто така македонски лидер, во виенскиот театар на 8 мај 1925 година“, јави тогаш „Њујорк тајмс“.За оние што сакаат да прават паралели во овие два случаи има доволно содржина. Како и што има содржина во натамошмиот живот на Михајлов. Тој неколку години подоцна замина во Полска, за време на војната беше добредојден гостин на Анте Павелиќ во Загреб и неговата Независна држава Хрватска, како германски нацистички соработник дојде во септември 1944 во Скопје да се обиде да направи квислиншка влада, но избега по неколку дена кога виде колкав е гневот кон ВМРО што тој се обиде да го претстави. Од Скопје се врати назад во Загреб, по германската капитулација кусо беше во Австрија за најпосле да емигрира во Рим каде остана до неговата смрт во длабока старост во 1990 година. Во сите емигрантски години продолжуваше да се „бори за македонската кауза“, пишувајќи неколку книги во кои го објаснуваше бугарскиот идентитет на Македонците.Што ќе прави Никола Груевски во годините што му следат во егзил, освен ако не се случи некакво чудо па властите на Виктор Орбан да го екстрадираат во Македонија. Неговото долго второ писание на „Фејсбук“, во кое образлагаше како ќе продолжи да се бори за македонската кауза од Будимпешта, најави дека тој во иднина ќе сака да се однесува како бегалската влада на кралот Петар во Лондон по нацистичката окупација на Југославија. Многу зборови, а речиси никаков аир од нив. Сегашниве власти во Македонија на одреден начин ќе го издржат тоа бегство со по некоја можна смена поради големината на скандалот, иако тоа ќе им ја поткопа поддршката на првите следни избори. Но интензитетот на настаните во наредните два-три месеци објективно ќе ја однесат приказната за бегството и наводниот лагоден живот на бегалецот Груевски на спореден колосек.„Кралот во егзил“Најголемата штета од неговото бегство ќе има неговата партија ВМРО-ДПМНЕ. Доколку продолжат ваквите писанија на „кралот во егзил“ од Будимпешта (или од некое друго место каде што ќе формира задграничен комитет на партијата), тоа ќе биде глогов колец во самата суптанција на ВМРО-ДПМНЕ – нејзиниот наводен патриотизам и единството со народот кое без престан го кажува, како да е песна од вергл. На прв поглед изгледа дека на Христијан Мицкоски му се исчисти патот за конечно целосно да го преземе раководењето со партијата. Но неговата амбивалентност околу Груевски (неговото владеење и бегството) на малку подолг рок има големи шанси да го поткопа концептот што тој постојано го најавува, а никако да го соопшти. Неговите изјави дека го осудува бегството на Груевски, всушност, е единственото што може да го каже, не постои друга алтернатива, затоа што поинаку би промовирал политика која која е осудена од сите освен од најтврдокорните поддржувачи на поранешниот премиер кои во неговиот акт гледаат некаков храбар генијален потег. Иако е гласна таа група, сепак е на маргините на општеството.жНекни во интервјуто на 1тв Мицкоски се мачеше како да го формулира неговиот суд за овој акт што ја потресе земјата – да не ги навреди унгарските власти, глорифицирајќи го Орбан за неговата поддршка на евротлантските аспирации на Македонија. Тој сака да зборува само за Зоран Заев и неговата влада, а 11-те претходни години на неговата партија речиси и не сака да ги споменува, како да не се случиле. Бидејќи неговите пледоајеа се секогаш полни со самопофалби (во последниве 20 години не сме слушнале ниеден политичар толку многу да се фали самиот себеси за чесност, прецизност, знаење и визија) во тој свет има малку место за она што другите го правеле. Па макар реалната оценка за едно владеење, нека е и на неговата партија, може да му подотвори и други врати, кои сега изгледаат целосно затворени. Тој ја пропушти можноста во неколку добро осмислени реченици (за тоа можел да размислува и претходно, бидејќи му било јасно дека тоа ќе биде клучното прашање) да се дистанцира од Груевски и неговата постапка, да се дистанцира онаму каде што е потребно најдобро да го направи и да повика тој да одговара според законите на државата. Дали поради неискусност, дали поради непотребни калкулации, дали поради чувство на некаков долг, Мицкоски дозволи најголемиот дел од интервјуто да помине во негово сопствено мачење на упорните прашања на Чомовски. Наместо тоа прашање да го решеше во неколку минути за потоа да има повеќе време да се посвети на неговата единствена омилена тема – владеењето на Заев.Токму ваквата амбивалентност покажува дека деновите на Никола Груевски во неговата партија не се завршени. Не е исклучено некои нејзини видни членови да одат и на своевиден аџилак кај „кралот во егзил“, кој ќе го чека погодниот момент да се врати во „саканата татковина“. Истата таа ситуација одлично ја сфати Јадранка Косор кога нејзиниот патрон Иво Санадер избега во Австрија и таму беше срамно уапсен. Во овој момент прашање е дали Христијан Мицкоски сака да го изоди тој пат на Косор. Доколку непотребно долго ги премерува калкулациите толку помала ќе биде неговата шанса да се прикаже како автентичен лидер. Без оглед колку пожестока ќе биде неговата реторика против власта, па дури и ако неговите забелешки во многу работи се покажат точни. Затоа што лидерите не се градат со повторување на едни те исти работи, туку со јасни одлуки. Мицкоски тоа го направи со получекор при исклучувањето од партијата на Сашо Мијалков, но ова спектакуларно бегство покажа дека тоа бил само мал отклон. Дистанцирањето од Груевски и неговото наследство, не само од криминалите, туку од радикалната националистичка реторика, може да го извлече Мицкоски на сцената како евентуален иден премиер во некое време. Овие денови по бегството на Никола Груевски тој не го положи клучниот испит. Како човек кој е толку задоволен од самиот себеси прашање е дали ќе сака да научи нешто повеќе.извор:www.dw.com

Македонија | пред 7 години

1096303_cedomir-ceda-jovanovic_ls

Заев му понудил на Чедомир Јовановиќ да му биде советник

Македонскиот премиер Зоран Заев му понудил на лидерот на Либералната демократска партија Чедомир Јовановиќ да биде советник во македонската Влада за регионални односи и европски интеграции, пишува српски Блиц.Добрите односи на Јовановиќ и Заев се интезивирале, како што дознава српски Блиц, за време на референдумската кампања во Македонија. После неуспехот на референдумот, Јовановиќ изјави дека Србија не треба тендециозно да ги коментира резултатите на референдумот во Македонија,  туку да и помогне ако може.– Јовановиќ не одговорил конечно на понудата. Му рекол на Заев ако тоа што го сакаш ти го сака и Вучиќ, спремен сум, бидејќи никој друг нема да ги реши нашите проблеми– наведува добро информиран извор за српски Блиц.

Македонија | пред 7 години

20180406155918

,,Пајакот" собра 21 возилo пред Сити мол

Вчера во периодот од 19.00 до 23.00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај преземени се мерки за непрописно паркирани моторни возила на улиците кои гравитираат околу ТЦ ,,Сити Мол“ во Скопје со цел  овозможување нормално одвивање на сообраќајот.Подигнати се 21 моторно возило  со специјално возило ,,пајак“, врачени се 26 мандатни платни налози и тоа: седум платни налози за паркирани возила на коловоз, седум платни налози за паркирани возила на тротоар,зеленило и дванаесет платни налози за паркирани возила на автобуско стојалиште.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Експлозија во фабрика во Кина, две лица го загубија животот

Две лица загинаа, а 24 се повредени при експлозија во фабрика во северна Кина, соопштија локалните власти.Исто така во соопштението се наведува дека најмалку 40 куќи се оштетени од експлозијата и пожарот кој подоцна избил.Причината за експлозијата не е позната, но надлежните не ја отфрлаат можноста за тероризам.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Андоновски: Шилегов ќе потроши 300 илјади евра за панаѓур на плоштадот

Градоначалникот Петре Шилегов очигледно нема никаков допир со реалноста. Додека Скопје се гуши во елементарни комунални проблеми, Шилегов планира да потроши 300 илјади евра за на плоштадот Македонија да направи панаѓур каде ќе се продава храна и пијалоци, со катчиња за игри и смеа. На граѓаните ниту им е дојдено до смеа, ниту до игра. Тие на избори бираа градоначалник, а не градски паљачо“, изјави Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕИсто така тој весли дека за забавна програма на плоштадот се планирани стотици илјади евра, а граѓаните мака мачат да излезат од своите домови поради енормната загаденост на воздухот и проблемот со кучињата скитници.„После повеќе од една година власт, ги нема ветувањата на Шилегов за нови булевари, мостови, тунели, поголемо зеленило, почист воздух, асфалтирање на улици, водоводна, канализациона мрежа, подобар јавен превоз, инвестиции во средните училишта и уште десетици други. Сега програмата на Шилегов се сведе на журки за автобуска станица, панаѓури и скапа шминка.Само за споредба:За 300 илјади евра можат да се набават повеќе од 90 илјади маски за спречување на загадувањето кои можат да им се поделат на сите бебиња, деца и ученици во основните и средните училишта.Со 300 илјади евра можат да се субвенционираат повеќе од 6000 граѓани за да купат велосипед.Или пак да се субвенционира набавката на повеќе од 1800 електрични тротинети.Со 300 илјади евра може да се зголеми фреквентноста на јавниот превоз.Шилегов наместо да се занимава со реалните проблеми на граѓаните ќе прави скапи импровизации за обид за игри и смеа. Со секој ден поминат како градоначалник, тој покажува дека е неспособен да се справува со вистинските проблеми на градот, за кои е избран од граѓаните. Затоа, ние ќе го потсетуваме се додека не започне да ги решава проблемите на Скопјани“, изјави Андоновски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Рок легендата и на 70 ги прати модните трендови

Шкотскиот музичар со светски глас Род Стујард од секогаш имал препознатлив моден стил кој е необичен, но секогаш интересен. Иако ова година наполна 73, тој повторно покажува дека и тоа како е упатен во модните трендови. Легенарниот пејач кариерата ја започна со хитовите :'Sailing', 'The First Cut Is The Deepest', 'Rhythm Of My Heart' ili 'Maggie May'. Кариерата ја започна облечен во екстравагантна бела комбинација, посебно внимание од секогаш привлекувал со „откачените“ патики, а овој пат го носи најпосакуваниот принт за сезонава, принтот со животни.Славниот музичар има 8 деца. Се женеше три пати, а со денешната сопруга Пени Ланкастер се венча во 2007 год.Род Стујард има продадено над 200 милиони албуми.

Магазин | пред 7 години

vojska-1

Британска војска: Русија поголема закана за Велика Британија од ИД и Ал Каеда

Русија сега е неоспорно поголема закана за безбедноста на Велика Британија и сојузниците од радикалните исламисти како што се терористичките „Исламска држава“ и „Ал Каеда“, тврди началникот на Генералштабот на британските копнени сили генерал Марк Карлтон-Смит во интервју за Дејли телеграф.– Освен што се конвенционална воена закана, Русите постојано се стремат да го поткопаат Западот со развој на нови начини за водење војна во неконвенционални области како киберпространството и вселената, смета Карлтон-Смит.– Русија денес е неоспорно поголема закана за нашата национална безбедност од заканите на исламските радикални групи како Ал Каеда и ИД, изјави генералот кој ја презеде функција од јуни.Според него, Британија и сојузниците не треба да бидат пасивни пред заканите што доаѓаат од Русија и да ги остават без одговор.

Свет | пред 7 години

grujo-1

Бегството на Груевски можно да биде дел од извештајот на ЕК за Македонија

Бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и добивањето политички азил од Унгарија станаа дел од агендата на дејствување на европските социјалдемократи и на зелените кои најавија дека ќе поднесат амандмани на резолуцијата на известувачот Иво Вајл за напредокот на Македонија за којшто треба да се гласа следната недела.Социјалдемократите наведуваат дека Груевски треба да одговара пред македонскиот судски систем и ја повикуваат Унгарија како земја членка на ЕУ да го почитува владеењето на правото и да го екстрадира Груевски во Скопје. Социјалдемократите очекуваат сите засегнати страни да се однесуваат строго во согласност со релевантните национални и меѓународни закони.Тие во друг амандман бараат извештајот исто така да нагласи дека „по транспарентен судски процес, Никола Груевски е осуден од македонските судови за злоупотреба на функција на две години затвор, дека повеќе судови ја потврдија пресудата и одлуката влезе на сила откако ги искористија сите права на жалби, дека е обвинет во четири други кривични предмети и пет други кривични истраги во кои тој е инволиварен, а се во тек“.Зелените, пак, ги повикуваат унгарските власти да ги дадат сите релевантни информации и потребни објаснувања коишто се однесуваат на случајот со Груевски, кој, како што се вели, избегал од својата земја со тајна диплломатска поддршка од Унгарија. Наведуваат дека ова е случај на мешање во внатрешните работи на ПЈРМ и, посебно, чин на презир кон судството и владеењето на правото во оваа земја и ги нотираат барањата за екстрадиција од страна на властите во Скопје и очекувањата Унгарија да се однесува стриктно согласно националните и меѓународните закони со тоа што ќе одговори позитивно на ова барање.Засега е неизвесно дали и кои од овие амандмани ќе бидат поддржани од европратениците идната недела, но извори во Европскиот парламент за МИА велат дека се очекува да има мнозинство за амандманот на социјалдемократите, вклучително и со гласови од Европската народна партија, освен, најверојатно, унгарските пратеници.Од друга страна портпаролот на унгарската Влада Золтан Ковач потврди дека Унгарија не може да дава официјални информации за азилот на Груевски. Во текстот објавен на страницата на ПР службата на унгарската Влада, се објаснува дека е „забрането“ да се споделуваат такви информации согласно унгарскиот закон за право на азил и дека таква обврска на информирање земјата има само кон Обединетите нации.Поради недостаток на информации за стекнатиот статус на Никола Груевски во Унгарија, засега е нејасно точно какви права и обврски му следуваат, односно дали и кога ќе може да патува надвор од Унгарија во другите земји на Европската Унија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на места со сончеви периоди, особено околу пладневните часови. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Максималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени.Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.Утре ќе преовладува умерено до значително облачно време со појава на магла по одделни котлини. Од недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.Од среда ќе има и пад на температурата.Утрово најстудено беше во Лазарополе, каде се измерени -1 степен. Според УХМР, нула степени се измерени во Маврово и Крива Паланка, два во Струмица и Демир Капија, три во Крушево и Куманово, четири во Виница, Битола и Тетово, пет во Охрид, шест во Претор, Прилеп и Скопје, седум во Гевгелија и 10 степени во Дојран.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

СДСМ: Секојдневно се преземаат мерки за решавање на проблемот со аерозагадувањето

Сите надлежни институции, како и Владата предводена од СДСМ, континуирано и посветено работат на решавање на наследниот проблем со загадениот воздух.Катастрофата наследена од криминалната ВМРО-ДПМНЕ, партијата која го игнорираше проблемот и ништуваше се што е здраво и зелено, денес се решава со бројни активности и мерки на централно и локално ниво, со цел да се обезбеди почист воздух за сите граѓани, соопшти СДСМ.Според партијата, меѓу другите мерки, за решавање на долгогодишниот проблем, преземени се или веќе се преземаат следните 20 мерки:1. Во повеќето општини, како и во Град Скопје се расчистуваат диви депонии.2. Гасификацијата е во тек – во Буџетот за 2018 година одвоени се 40 милиони евра за изградба на гасоводниот систем во Македонија.3. Усвоен е План за чист воздух за кој ќе се одвојат дополнителни 1,5 милиони евра, над редовните со кои располагаат институциите.4. Со новите мерки и измени на законот за возила се воведуават еколошки стандарди во сообраќајот. При технички преглед на возилата, ќе се мери количеството и составот на издувните гасови што ги испуштаат возила и врз основа на тој параметар ќе добијат соодветна еколошка налепница која ќе покажува кој автомобил колку придонесува во загадувањето и по потреба ќе биде исклучен од сообраќајот.5 Град Скопје го продолжува доделувањето субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци – досега за субвенции за чистење на оџаците се доставени 140 барања од граѓаните.6. Од страна на Општина Гази Баба е извршен увид на дивата депонија во Вардариште кадешто се запленети еден тон стари и уништени гуми кои се наоѓале во дворовите кај граѓаните, отпад кој досега бил пален на отворена површина, со што значително се загадуваше животната средина.7. Покрај пролетната акција за зазеленување кога беа засадени над 4.000 садници, Град Скопје во наредните денови започнува и есенска акција за садење кадешто ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни дрва во неколку скопски општини.8. Со беспилотно летало, Град Скопје ќе ги лоцира изворите на загадување на воздухот со што ќе се зголеми навременоста и ефикасноста во пронаоѓањето извори на загадување.9. На депонијата „Дрисла“ обезбеден е и ставен во функција е новиот филтер за апсорбирање на ПМ10 честичките, јаглеродмоноксидот и другите честици што се ослободуваат при согорувањето.10. Засилени се капацитетите на надлежните инспекциски служби.11. Владата предводена од СДСМ донесе одлука да се одобри кредит од 92 милиони денари за поставување на филтерска постројка за заштита од загадување за фабриката Југохром.12. Започната е анализа за намалување на ДДВ на испорачана топлинска енергија што ќе има за цел дополнителен број на домаќинства да се приклучат на топловодната мрежа.13. Се субвенционираат трошоците за набавка на печки на пелети за домаќинствата кои се греат со нееколошки печки на дрва, а Владата предводена од СДСМ донесе одлука за зголемување на средствата за субвенции од 14 на 21 милион денари.14. Преку кредит од Европската банка за обнова и развој Јавното сообраќајно претпријатие Скопје започна набавка на 40-тина најсовремени еколошки автобуси на природен гас.15. Активно се работи на проектот за гасификација во главниот град. За првпат по 20 години формирано е градско претпријатие за гасификација и проектирање на гасоводен дистрибутивен систем во Скопје.16. Се менува дотраениот и нееколошки автобуски превоз и во останатите градови. Општина Прилеп веќе набави 4 еколошки автобуси на природен гас кои ќе почнат да сообраќаат во март следната година, а ЕЛЕМ е во фаза на набавка на 4 автобуси за потребите на РЕК Битола и општина Битола.17. Во Град Скопје реконструирани и подигнати се нови зелени површини од над 40.000 квадратни метри.18. Во наредниот период ќе следува субвенционирање на трошоците за купување хибридни возила и возила на електричен погон, а ќе се субвенционираат и трошоците за поставување на уред на погон на ТНГ во возилата.19 Лоцирани и соодветно санкционирани се физички и правни лица загадувачи на воздухот20. Реконструирани се и поставени се енергетско ефикасни фасади на објектите на неколку средни училишта во Скопје.,,Ова се само дел од мерките што веќе се преземени, што се преземаат во моментов и што ќе бидат преземени а се во насока на решавање на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето, со цел веќе за две години, загадувањето да биде намалено до 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во другите градови низ државата.Здравата животна средина и решавањето на проблемот со аерозагадувањето остануваат врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ”, се додава во соопштението.

Скопје | пред 7 години

za-objava-2018-02-2

Мотивациски викенд викендов во МОБ

Здружението на граѓани ,,Младите можат” викендов во Скопје го организира петтиот по ред традиционален Мотивациски викенд. Настанот наменет за мотивација, инспирација, вмрежување и успех ќе се одржи на 24 и 25 ноември (сабота и недела), во Македонска опера и балет, од 16 до 20 часот.Мотивациски викенд претставува поддршка на младите да ги остварат своите соништа и цели, да го унапредат својот живот и го искористат својот потенцијал. Да стекнат знаења, вештини и техники со помош на кои ќе научат како да бидат она што го посакуваат и да станат најдобра верзија од самите себе. Мотивацијата е главниот двигател кој овозможува да се постигнат саканите цели и да ги поттикне младите да го остварат она што го сакаат во својот живот.Целта на Мотивациски викенд е да ги мотивираме младите да работат на себе, на приватен и професионален план, преку успешни луѓе кои ја споделуваат својата приказна за досегашните успеси и падови,и работилници за личен и професионален развој.Присутните млади ќе имаат можност да ги слушнат неколку говорници кои ќе ги споделат со нив нивните животни приказни, успеси но и предизвици до кои се соочиле на патот до успехот.Четирите работилници на кои младите ќе имаат можност да учествуваат се на теми „Маркетинг 360“ – од Creative Hub, „Маркетинг на социјални мрежи 101“ – од Brainster, „Elevator pitch” – од Колеги&Колешки, „Како од парите да направите пари“ – од Илирика Фонд. Настанот Мотивациски викенд 5 е во реализација на Младите можат, а со поддршка од фондацијата Schuler Helfen Leben од Германиja.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Земјотрес во Хрватска

Земјорес со јачина од 2,7 степени според Рихтер утрово е почувствуван во Хрватска.Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри од Велика Горица, во близина на местото Куче.Потресот траел кратко, но засега нема информации за причинета поголема материјална штета.  

Свет | пред 7 години

Tereza-Mej

Меј во Брисел, ќе се потврди ли планот за брегзит?

Британската премиерка Тереза Меј пристигна денеска во Брисел каде ќе има средби со претседателот на Европаката комисија, Жан Клод Јункер и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск пред неделниот самит на ЕУ на кој треба да биде потврден нејзиниот план за брегзит.Британија постигна договор со Европската комисија кој лидерите на земјите членки на ЕУ треба да го одобрат на состанок во недела кога челници на 28 држави според договорот треба да го потврдат нацрт договорот за брегзит како и политичка декларација за идните односи меѓу ЕУ и Британија.Британија соопшти дека е постигнат договор според кој се дефинираат условите за излегување од ЕУ.Премиерката Тереза Меј истакна дека ќе следи изјава во Претставничкиот дом, при што ќе бидат соопштени деталите.Со овој чекор Британија ј спроведува желбата на британскиот народ изразена на референдумот за Брегзит во јуни 2016 година. А тоа е да се врати интегритетот на Обединетото Кралство.

Свет | пред 7 години

francuska-marsej-autobus-3-620x350

Маж извадил граната и барал да се сретне со претседателот Макрон

Маж се заканувал дека ќе активира експлозивна направа во близина на бензинска станица во градот Анжу, во западна Франција, изјави министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер.Тој за медиумите изјави дека маж извадил граната, рекол дека има уште и побарал да се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон.МВР изрази сомнеж дека се работи за активист кој протестира поради цените на горивото.

Свет | пред 7 години

Tyzee-1

Инцидент на скопскиот аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи

Пејачот Драган Величковски, попознат во јавноста како Тајзи, викендов преживеал вистински драма на скопскиот аеродром, открива „Убавина и здравје“.Додека се подготвувал за да се качи на авион на летот за Базел, при пренесувањето на багажот му експлодирал куферот, па вработените на аеродромот мислеле дека станува збор за бомба. Веднаш интервенирало обезбедувањето, за на крај да се воспостави дека куферот експлодирал од притисок од дезодоранс, а подебелиот крај секако го извлече Тајзи кој во Швајцарија пристигна со црна кеса за ѓубре во која беа сместени работите од куферот кои беа целосно уништени.Носев бомба во куфер , се пошегувал Тајзи после слетувањето.Од притисок експлодирал, ми беше понудено да не се качам на авион и да спремам тужба, но имав договорен настап и не можев да не се појавам – откри раперот за „Убавина и здравје“.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Градоначалникот на Тихуана бара итна помош од ОН

Градоначалникот на Тихуана, Хуан Мануел Гастелум  прогласи хуманитарна криза во пограничниот мексикански град поради се поголемиот број на мигранти кои пристигнуваат.Тој исто така изјави дека побарал ОН да додели помош за пристигнатите околу 5.000 мигранти од Централна Америка.Поголемиот дел од мигрантите престојуваат во импровизирани сместувања на градскиот стадион. Ним им помагаат волонтери и од градските власти.Гастелум ја критикуваше  мексиканската влада дека доволно не ја разбира заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја затвори границата ако проценат дека Мексико нема контрола врз ситуацијата во Тихуана.Градоначалникот се пожали дека во градот пристигнале 20 тони федерална помош, но три четвртини од нив биле материјални за зајакнување на границата, а само пет тона биле наменети за мигранти.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Повеќе скопски села денес без струја

Денес заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија во периодот од 08:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците од објектите на МВР и АРМ на Солунска Глава и селата Алдинци, Караџица, Драчевица, Цветово, Долно Количани, Горно Количани, Пагаруша, Вртекица, Рамни Габер, Црвена Вода, Китка, Палиград и нас. Мала Река. (општина Студеничани)

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Свлечиште на патот Макази - г.п. Маркова Нога

На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Македонија | пред 7 години

francija

Драма во Франција, маж се заканува со бомба на бензиска пумпа

Во францускиот град Анжу на бензиска пумпа маж се заканува дека ќе се разнесе со бомба доколку не оствари средба со претседателот Емануел Макрон.Постои сомнеж дека човекот со себе има повеќе експлозив, а не само граната.Министерот за внатрешни работи изјави дека мажот на бензинската пумпа носи рефлектирачки елек, ист како што носат демонстрантите кои деновиве протестираат ширум Франција поради високите цени на горивата.Полицијата ги евакуира луѓето, а на терен се француските специјални единици.

Свет | пред 7 години

46522714_2076680562378145_8310874469241454592_n

Намерно и организирано палење и превртување на контејнери во Скопје

Град Скопје реагира по вечерашното ново палење и превртување на контејнери во Скопје:,,После вчерашниот апел до граѓаните да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици, денеска сме сведоци на уште еден вандализам, веднаш до новиот дрворед на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов каде денес беа посадени 40 дрвја.Ваквото несовесно однесување на поединци освен штета, со ништо друго не придонесува да се подобри хигиената во градот и да се зачува животната средина“-се вели во реакцијата.Вчера, Град Скопје  и ЈП „Комунална хигиена“ апелираа до граѓаните правилно да го одлагаат отпадот од домаќинствата и да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици. Во првите десет месеци од годинава на улиците во Скопје се запалени и целосно уништени вкупно 66 контејнери. Со ваквите постапки се создаваат големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад, а се нанесува и директна финансиска штета на јавното претпријатие.За да се подобри хигиената во градот и да се зачува животната средина Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните својот кабаст отпад – стариот мебел, електронските и електричните апарати – да не ги фрлаат на јавните површини и да не ги оставаат до садовите за собирање на комуналниот отпад. Јавното претпријатие на граѓаните им нуди можност кабастиот отпад да го одложат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, или во претоварната станица што се наоѓа во Шуто Оризари. За оваа услуга не се наплатува паричен надоместок.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања