Скопје1.мк

protesti

Насилни протести пред албанскиот Парламент

Протестите пред албанскиот Парламент на жителите од населбата „Астир“ во Тирана, чии домови треба да бидат урнати заради изградбата на нова обиколница, ескалираа кога учесниците на протестот се обидоа насилно да влезат во законодавниот дом, каде се дебатира за ова прашање. Со употреба на тврди предмети и протехнички средства повредени се 12 полициски службеници. „Демонстрантите со фрлање тврди предмети и пиротехника повредија 12 полицајци кои се префрлени во болница. Еден од нив е потешко повреден. Апелираме до учесниците во протестот и политичките партии кои учествуваат во истиот да се дистанцираат од насилство и да ја остават полицијата да ја врши својата задача“, се наведува во соопштението на полицијата.На жителите од споменатата населба, кои повеќе денови мирно протестираат денеска им се придружија и пратеници и членови на опозициските партии. Во населбата има над 330 објекти, добар дел од нив, според надлежните, дивоградби. За оние кои се легализирани, Владата вети обештетување, додека за сопствениците на нелегализирани објекти, подмирување на станарина за изнајмен стан во период од три години, но тие не се согласуваат.

Свет | пред 7 години

zaev-meta

Заев со претседателот на Албанија: Меѓусебната почит е во интерес на нашите граѓани

Меѓусебната почит и јакнењето на врските е позитивен фактор и од интерес на нашите граѓани, истакна премиерот Зоран Заев за време на средбата со претседателот на Албанија, Илир Мета кој денеска престојува во Македонија по повод празнувањето на Денот на албанската азбука.Заев на средбата упати честитки по повод празникот и истакна дека одбележувањето на овој значаен ден од историјата на албанската заедница е во целосна согласност со принципите за градење едно општество во мултикултурна Република Македонија.„Нашата определба да ги јакнеме врските, меѓусебната почит и поддршката на сите етнички заедници во нашата земја, се пренесува како позитивен фактор во заедничка потрага на одговори на сите прашања што се отвораат пред нас. Тоа е заеднички интерес кој не обединува во остварувањето на стратешките цели, како што се нашите аспирации за членство во НАТО и ЕУ, како и нашата силна определба да ги завршиме реформите дома за да им дадеме општество подеднакво достапно на сите граѓани“, нагласи премиерот Заев на средбата со Мета.Двајцата соговорници разговараа и за повеќе други теми од интерес за двете земји, при што истакнаа подготвеност и силна посветеност да поддржат повеќе проекти за зајакнување на економските и културните врски, како и поддршка за инфраструктурните проекти од кои се очекува дополнителен импулс и за регионално зајакнување на поврзувањето на земјите од регионот.

Македонија | пред 7 години

penzioneri

Пензионерите уште седум години нема да се пријавуваат во електронскиот систем за даноци

За седум години е одложена обврската да се пријавуваат во електронскиот систем за даноци во УЈП за пензионерите кои не остваруваат друг приход освен пензија, информира директорката на УЈП Сања Лукаревска.Таа на денешната прес-конфернеција нагласи дека до крајот на октомври во електронскиот систем биле евидентирани 36 илјади граѓани, а до денеска вкупно се пријавени 300 илјади корисници. Очекува до крајот на годинава без поголеми проблеми да се заврши обврската, иако вкупно треба да се регистрираат околу 900 илјади даночни обврзници.За таа намена, како што кажа, се поставуваат мобилни шалтери на УЈП по општините, дури и во најистурените места, а мобилни екипи на Управата ги посетуваат домовите на изнемоштените лица кои не се во состојба сами да се регистрираат и да го однесат документот.Граѓаните кои имаат потреба да дојде кај нив мобилна екипа може да се јават на телефоните на Управата и да договорат термин.За оние, пак, кои при регистрацијата го загубиле ливчето што треба да го однесат во УЈП неопходно е да одат на шалтерите на УЈП и таму да им се испечати пријавата.Прашана зошто граѓаните и покрај електронското евидентирање мора да однесат пишан документ во Управата, Лукаревска рече дека тоа се прави заради заштита на нивните податоци и да бидат сигурни дека даноците ќе им бидат пресметани на лицата на кои треба.Во Македонија, како што кажа, согласно податоците од изминатите години има околу 45 илјади пензионери кои остваруваат дополнителни приходи освен пензијата. Кај нив, посочи, постои расположение да се евидентираат во електронскиот систем e-personalen danok.

Македонија | пред 7 години

Sadula_Duraki_Minister

(ВИДЕО) Македонија не е ,,Швицарска“, а министерот за екологија Дураки не се занимава со граѓаните

,,Македонија не е ,,Швицарска“, а министерот за екологија Дураки не се занимава со граѓаните“.Ете вака од прилика гласи одговорот на Министерот за екологија, заштита на животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, кој по долга и тешка изолација, се појави во јавноста и им го плесна в лице на загрижените граѓани.„Јас не се бавам со граѓаните, граѓаните може да се тужат“, е одговорот кој министерот за животна средина Садула Дураки што го даде на прашање на ТВ Сител за тоа кој е неговиот став за најавите дека граѓани ќе ја тужат државата за аерозагадувањето.Министерот не го загрижуваат критиките на граѓаните дека 1.5 милион евра се премалку пари за борба против загадувањето.– Знаете вие дека ние сме Македонија, а не Швајцарија. Почнавме, еден чекор е напред и тоа – вели Дураки.На прашањето што конкретно се презема во моментов, тој за одговорна ја посочи работната група.

Македонија | пред 7 години

46508969_2076680565711478_5839276272504537088_n

Град Скопје апелира да престане палењето на контејнерите

Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните правилно да го одлагаат отпадот од домаќинствата и да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици.„Во првите десет месеци од годинава на улиците во Скопје се запалени и целосно уништени вкупно 66 контејнери. Со ваквите постапки се создаваат големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад, а се нанесува и директна финансиска штета на јавното претпријатие.За да се подобри хигиената во градот и да се зачува животната средина Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните својот кабаст отпад - стариот мебел, електронските и електричните апарати - да не ги фрлаат на јавните површини и да не ги оставаат до садовите за собирање на комуналниот отпад. Јавното претпријатие на граѓаните им нуди можност кабастиот отпад да го одложат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, или во претоварната станица што се наоѓа во Шуто Оризари. За оваа услуга не се наплатува паричен надоместок“, стои во соопштението од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

geujo3

(ФОТО) Никола Груевски на билборд во Унгарија

Низ главниот град на Унгарија осамнаа билборди со ликот на поранешниот македонски премиер, Нкола Груевски.Реклама за новиот број на магазинот „ХВГ“ со Груевски на насловната страница со порака ја „Ја сакам Унгарија“ под која веднаш има лисици.Улиците на Будимпешта се преполни со вакви плакати.Никола Груевски пред неколку дена доби политички азил во Унгарија, образложувајќи дека во Македонија е политички прогонет од власта на Заев.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ПОЦ ќе донира 60.000 денари за лекувањето на Мими

 Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје се приклучува кон хуманитарната акција за собирање средства за лекување на Цаци Тодоровска, која боледува од малигнен тумор на мозокот.„На вчерашната седница на Управниот одбор на претријатието едногласно беше донесена Одлука за доделување на парична помош од 60.000 денари наменети за лекување и побрзо оздравување на Цаци.Пред една година, по преживеаниот епилептичен напад, на Цаци ѝ беше дијагностициран малигнен тумор во моторниот кортекс, на левата страна на главата - Глиобластома. По итна хируршка интервенција, проследена со радиотерапија и девет циклуси на хемотарапија, резултатите ветуваа позитивен исход, меѓутоа на последниот преглед туморот повторно се појавил и напредува со голема брзина. Поради новонастанатата состојба Цаци мора итно да се оперира, по втор пат. Бидејќи ова е еден од поагресивните верзии на канцер, потребно е лекување и терапија во специјализираната болница во САД, The University of Texas MD Anderson Cancer Center, кадешто проценката за нејзиното лекување е околу 200.000 долари.ЈП ПОЦ ги повикува сите граѓани кои се во можност да донираат за да се спаси еден млад живот, кој допрва треба да ужива во својата младост“, стои во соопштението од ПОЦ.Отворени се сметки во Стопанска Банка на име Славица Тодоровска: 200003381608851 за трансакции во МКД, за уплати од странство ставени се на располагање две девизни сметки: IBAN: MK07200003381613507 USD MK07200003381611470 EUR SWIFT Code, BIC Code: STOBMK2X.Исто така, активни се и броеви за донација: VIP 143 483 и Телеком 143 107.

Скопје | пред 7 години

Hotel-Gagarin-cover

Италијанската комедија „Хотел Гагарин“ во кината

Неполни две недели по премиерата на фестивалот на европски филм „Синедејс“ во Скопје, од денеска италијанската комедија „Хотел Гагарин“ почнува да се прикажува во кината низ Македонија во дистрибуција на „Катавеј“.  Филмот во режија на Симоне Спада денеска од 17:00 часот се прикажува во Кинотеката на Македонија. Утре е на репертоарот на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, а на 24 и 25 ноември ќе се прикажува и во киното „Милениум“ во Скопје. На 26 ноември ќе се прикажува во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, од каде на 30 ноември повторно се враќа во Скопје со проекција во кафе-кино „Котур“ од каде продолжува и во другите градови низ републиката.„Хотел Гагарин“ е приказна за петмина Италијанци без скршена пара што ја чекаат својата голема шанса се испратени да снимат филм во Ерменија. Но, кога ќе пристигнат таму, избувнува војна и нивниот нечесен продуцент исчезнува со парите. Додека седат напуштени во хотелот „Гагарин“, длабоко во шумата и затрупан под снег, наоѓаат оригинална и неочекувана можност за незаборавна среќа.Продуцентот на филмот бил номиниран за наградата на Италијанскиот национален синдикат на филмски новинари. 

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Продолжен рокот за субвенции за чистење оџаци во Скопје

Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните, Град Скопје го продолжува  доделувањето  субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци.Ова е една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот и досега за субвенции за чистење на оџаците се доставени 140 барања од граѓаните.„Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.За надоместување на дел од трошоците и докажување дека критериумите за  добивање субвенции се исполнети, барателот до Градот Скопје треба да ги достави следните документи:- Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk);- Доказ за жителство во град Скопје: Фотокопија од лична карта или пасош;- Доказ за правен субјект: Тековна состојба не постара од 6 месеци;- Потврда за реализирано чистење на оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот;- Фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности). и- Фотокопија од трансакциска сметка / жиро-сметка.Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 08:30 до 15 часот“, стои во соопштението од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

20141002-kade-se-troshat-parite-od-studentite-smesteni-vo-studentskiot-dom-goce-delchev-1-1

Студентите од „Гоце Делчев“ три дена без топла вода

Студентите од Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје се жалат дека три дена по ред немаат топла вода.„Топлата вода за нас студентите сместени во „реновираниот“ дом претставува луксуз. Во разговор со мајсторите во домот, бидејки управникот не смее да зборува исплашен од својата позиција, разбравме дека се работи за дефект од 800 денари (да, 800 денари) кои студентскиот нема да ги плати и заради тоа студентите веќе трет ден се оставени на цедило“, вели еден од студентите.Од Државниот студентски центар се уште нема информација кога студентите е добијат топла вода.Неодамна сличен проблем имаа и студентите од Студентскиот дом „Кузман“, каде што поради дефект имаше прекин на топлата вода и праното греење.

Скопје | пред 7 години

Maja-pres-23.02.2017-konecna-1

ДОМ бара 11,2 милиони евра за Охридско и за Дојранско езеро

Пратеничките на ДОМ поднесоа три амандмани на Буџетот за аерозагадувањето и колекторите во Охрид и Дојран, како ургентни потреби за следната година. Со амандманите е предвидена пренамена на средства од повеќе буџетски ставки во ставки стриктно наменети за подобрување на состојбите со животната средина во делот на воздухот и водите, во вкупна вредност од 34, 7 мил. евра.„Амандманот за аерозагадувањето предвидува зголемување на предвидената програма од 1,6 мил. евра на 25 мил. евра, колку што беа и проценките од Министерството за животна средина дека ќе бидат потребни, а кои планираше да ги обезбеди од други министерства и донации. Средствата се наменети за: набавка на мерни инструменти за мониторинг на воздухот, набавка на опрема и акредитација на централна референтна лабораторија, промена на горивата, поставување на сончеви панели и енергетска ефикасност за јавни објекти и домаќинствата, како и за изработка на регистар на возила. Се очекува со ова да се постигнат видливи ефекти во текот на една година.Амандманот за Охридското езеро обезбедува средства во висина од 11 мил. евра за доизградба на колекторскиот систем, со оглед на тоа што е потребно итно заокружување на основната мрежа, во состојба кога туризмот е во подем и се очекува натамошен развој. Досега е изработена комплетна проектна документација, а е најавено и како владин приоритет. Обезбедување ефикасно функционирање на колекторскиот систем е и еден од заклучоците од собраниската надзорна расправа за управување со, од УНЕСКО заштитениот-Охридски регион.За Дојранското езеро се предложени 200.000 евра за дореализација на проектот за реконструкција на пречистителна станица во општината, имајќи ја предвид состојбата со квалитетот на водата на езерото, зголемениот број туристи и слабиот капацитет на станицата“, стои во соопштението на ДОМ.

Македонија | пред 7 години

saudijska-arabija-620x350

(ВИДЕО) Поплави во Саудиска Арабија, 30 лица го загубија животот

Саудиска Арабија во изминатите денови ја погодија силни дождови, а во невремето животот го изгубија 30 лица.https://www.instagram.com/p/BqYLj7tAVDH/Голем број на куќи и други објекти се оштетени во невремето и поплавите. Службите за спасување евакуирале околу 4000 лица.Корисниците на социјалните мрежи објавуваа снимки на кои може да се забежи дека поплавите направиле море во пустината, а голем број од нив ги нарекоа апокалиптични. Многу очевидци тврдат дека никогаш не виделе ваква непогода во оваа пустинска земја.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Големи реконструктивни зафати и набавки во ЈДГ „8 Март“ во Кисела Вода

Општина Кисела Вода во соработка со јавните детски градинки изминатиов период со активностите кои ги презема работи на подобрување на условите за дечињата и вработените во нив.„ЈДГ „8 Март“ по претходно спроведена постапка за јавни набавки изврши набавка на стоки кои ќе ги подобрат условите за сите кои поголемиот дел од денот го поминуваат во градинката. Имено, нова кујнска опрема поставена е во објектите „Пеперутка 2“ , „Расадник“ и „Пржино“, а истите се доопремени со нови фрижидери, како и со електрични казани од инокс согласно НАССР стандардите за подготовка на оброци. Покрај ова, за кујните набавени се, професионални бленедери за храна, лончиња, тембала, лажици, тенџериња , термоси за храна и друг ситен кујнски инвентар. Во периодот што следува ќе се постават и нови 42  теписони за сите 42 занимални во објектите на градинката. Нови теписони ќе добијат и салите во објектите „Расадник“, „Пржино“ и „Пеперутка 2“. Во сите занимални на објектите кои се во надлежност на ЈДГ „8 Март“ поставени се 42 прочистувачи за воздух од кои за 31 финансиски средства обезбеди Општината, додека,  11 се донација од страна на Министерство за животна средина и екологија на РМ. За потребите за средување на дворната површина на објектите „Пеперутка 1 и 2“ набавени се 3 бензински косилки.Во објектите „Пеперутка 1 и 2“ извршена е замена на дел од дотраената електроника за парно инсталација се со цел обезбедување на непречено фунционирање на објектите. Воедно, во објектот „Пеперутка  1“ извршени се работни активности за варосување на две простории, во моментов во истите се одвиваат активности за поставување на ламинатна подлога. До крајот на оваа седмица  ќе се изврши варосување и поставување на ламинат во уште една занимална. Градинката во текот на изминатиов викенд согласно законските прописи изврши чистење на оџаците во објектите:  „Расадник“, „Пеперутка 1 и 2“, „Пржино“ и „Стапалче“, a воедно, изршено е темелно чистење од насобран талог на котлите на нафта во објектите „Пржино“, „Пеперутка 1 и 2“, исчистен е и котелот на пелети  во објектот „Стапалче“.  Во објектот „Ѕуница“ спроведени се работни активности за преадаптација на една просторија  во котларата, поставена е парно инсталација, а за загревање на истиот монтиран е и котел на пелети. Во објектот во Зелениково комплетно е санирана кујната, ѕидната и плафонската површина.И објектот „Расадник“ ќе има подобри услови за дечињата и вработените. Во истиот извршена е замена на дел од дотраената парно инсталација со нови радијатори во салата на објектот, во една работна просторија за администрацијата, во кабинетот за пауза, во еден детски тоалет, во пералната и во две занимални. До крајот на оваа седмица објектот ќе добие нови играчки за дечињата. Воедно, во објектот „Расадник“ се изврши и темелно чистење на инсталацијата на професионалните аспиратори во кујната во објектот „Расадник“ која функционира како централна кујна, оваа постапка се реализира 12 пати во континуитет за период од 1 година. Во текот на месец декември во објектот ќе се постави и нов мебел во објектите за кои е наменет“, стои во соопштението од општина Кисела Вода.Исто така тие додаваат дека во периодот што следува во објектите на ЈДГ „8 Март“ ќе се продолжи со активности кои ќе опфатат, поправки и санации на  детски тоалети, варосување на занимални и замена на подни подлоги.

Скопје | пред 7 години

Denovi-na-Justinijan-I-2018-Pokana1

В петок започнува Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“

Свеченото отворање на овогодинешното шесто издание на Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“, ќе се одржи , на 23 ноември (петок), во 11:00 часот во црквата св. Софија во Охрид.На свеченото отварање свое обраќање ќе имаат проф. д-р Митко Б. Панов, Претседател на меѓународниот организациски и научен комитет, претставници на градот Охрид и градот Ресен, проф. Џузепе Маино, ко-организатор на Меѓународниот симпозиум, како и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, член на организацискиот комитет.„Меѓународниот научен симпозиум  „Денови на Јустиниан I” претставува годишен научен форум за презентација на најновите истражувања за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што го вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа Европа. Симпозиумот е посветен на императорот Јустинијан I и има за цел да опфати широк спектар на истражувачки прашања во функција на реконструирање на културното и историското наследство, како интегративна компонента на различностите и заедништвото на обединета Европа.Овогодинешната специјална тематска целина Држава и Империја  е инспирирана од 1000-годишнината од падот на Самуиловата држава и милениумскиот јубилеј на Охридската архиепископија. Асоцијацијата на градот Охрид со Самуиловата држава и Охридската архиепископија ја предодреди одлуката за организирањето на шестото издание на Деновите на Јустинијан I во градот на УНЕСКО. Охрид обезбедува дополнителен симболизам со византискиот император, со оглед на фактот што Јустинијан I и неговата архиепископија Јустинијана Прима се инкорпорирани во традициите на Охридската Архиепископија и на Македонската Православна Црква. На тој начин, покрај научниот линк на релација Скопје-Болоња-Равена, „Деновите на Јустинијан I” годинава ги поврзуваат и градовите Охрид и Ресен, што најдобро ја рефлектира клучната цел за интегрирање на Европското културно и историско наследство, како и на истражувачите ширум светот.Во шесте работни сесии кои ќе се реализираат во текот на двата работни дена во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и општинската сала во Ресен, свои реферати ќе имаат 40-на еминентни професори и научници од Република Македонија, Италија, Русија, Турција, Србија, Грција, Албанија, Унгарија, Романија, Шпанија, Полска. Тие ќе ги претстават најновите сознанија од областа на византолошките и средновековните студии, како и рецепцијата во современието. Ваквиот сеопфатен и богат тематско-содржински концепт на рефератите, меѓу другото, ќе ја претстави Република Македонија како интегрален дел од византиските и европските културни и историски традиции“, стои во соопштението. 

Магазин | пред 7 години

avtopat-640x351

Возете внимателно: Oдрони на патот Маврово – Дебар

На регионалниот пат Р 1202, Маврово – Дебар кај местото викано Сенечки ливади поради одрон сообраќајот се одвива наизменично.Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб дожд врне низ целата република.Намалена видливост поради магла до 50м има од крак Маврово до Стража.Магистралниот пат Маврово-Дебар е приспособен само за патнички возила.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

1-10

(ФОТО) Ограбен џип со словенски регистарски таблички

Вчера околу 21 часот во Карпош 4, спроти „Скопје Сити мол“ обиен е џип БМВ со словенски регистарски таблички. Од џипот одземени се 2 лаптопи во кои имало важни документи и податоци, неколку усб стикови, како и лични документи.Сопственикот на возилото се надева дека сторителот ќе ги врати барем документите, фајловите на лаптопите и усб стиковите и истиот понуди награда за оној кој ќе ги пронајде.Исто така оставен е и број за контакт 078808044, доколку некој има некакви информации.  

Скопје | пред 7 години

soobrakajka1-1

Со тешки телесни повреди е жената што беше прегазена на пешачки премин во Штип

На 21.11.2018 година во 15,50 часот било пријавено дека во Штип на крстосницата на улиците „Ванчо Прке“, „Јосиф Ковачев “ и „Кирил и Методиј“ патничко возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски таблици, управувано од А.Ј.(63) од Штип удрило во пешакот Д.С.(68) од Штип.Д.С. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

ubistvo

Прегазенa жена во Скопје

На 21.11.2018 година во 20,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје   било пријавено дека на булеварот .„Никола Карев“, патничко моторно возило „Форд Фокус“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.А.(23) од Р.Турција удрило во пешакот В.Л.(65) од Скопје.По незгодата со возило со Итна медицинска помош В.Л. била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Кумановец се обидел со фалсификуван пасош да премине граница

Вчера во 16,00 часот на Граничниот премин Табановце, за излез од Р.Македонија при извршена пасошка контрола на лице Љ.С.(34) од Куманово било утврдено дека патната исправа била фалсификувана.Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи од Куманово, за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Кривична пријава за нелегална терминација на телефонски сообраќај

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „компјутерска измама“, казниво по член 251-б став 1 во врска со став 2 и став 6 од Кривичниот законик на Република Македонија.На 08.11.2018 година, врз основа на судска наредба, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршил претрес во домот на пријавениот и притоа било утврдено постоење на активна SIMBOX телекомуникациска опрема, која била одземена. Пријавениот ја набавил опремата и вршел нелегална терминација на телефонски сообраќај. На тој начин С.Н. се стекнал со противправна имотна корист од 1.343.401 денари за периодот од 03.08.2018 до 09.11.2018 година.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Денес без електрична енергија дел од општините Центар, Аеродром, Сарај и Студеничани

Како што соопшти РЦУК-Скопје по известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 08.30 до 15.30 часот, без електрично напојување ќе бидат корисниците од ул. Димитар Пандилов, објектите со броевите: 1, 2, 3, 3а, 4, 4а, 5, 7, 9, улицата Питу Гули, Амбасадата на Полска и околните објекти на ул. Питу Гули во општина Центар.Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улиците во Долно и Горно Лисиче, а од 09.00 до 15.00 часот кафаната „Лезет“, улицата Страшо Пинџур броевите: 4, 6, 8, 10, 12, Булеварот Кузман Јосифовски Питу броевите: 4, 6, 8 во општина Аеродром.Од 09.00 до 15.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците: 4, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани, а во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците: Месна индустрија „Ука комерц“, кланицата „Вилан“, и дел од село Љубин во општина Сарај. Во ова општина без струја утре ќе бидат и корисниците на дел од селото Рашче.

Скопје | пред 7 години

ivanov-jordan-1068x723

Иванов прогласен за почесен член на „Советот за светски прашања“

Македонскиот претседател вечерва порачал дека многу иницијативи, проекти и преговори кои биле наменети за регионите на Балканот, Кавказот и Блискиот исток пропаднале, нагласувајќи дека во овие региони живеат многу етнички, јазични и религиски групи.Според македонскиот претседател овие се места каде што се испреплетуваат и каде што се допираат поранешните империи, со што настанувале и конфилкти.Тој вечерва беше прогласен за почесен член на „Советот за светски прашања“, независна научна институција која се занимава со прашања од интернационален карактер.„Но каде што биле империите, таму се создавал и отворен простор. Луѓето немале граници и затоа најчесто тие го користиле целиот простор. Балканот е врската меѓу Европа и Блискиот исток“, рече претседателот Иванов.

Македонија | пред 7 години

mickoski

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не понуди ниту едно решение за загадувањето на воздухот

Криминалната и одродена власт на чело со аболицираниот Зоран Заев продолжува со расипничкото и несовесно трошење на парите на граѓаните. Во новиот најраспичнички и најмегаломански буџет во историјата на државата нема простор за потребите на граѓаните, нема простор за здравјето на граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ.„Власта троши милиони за луксузирање, 7 милиони евра за луксузни автомобили и мебел, 1,6 милиони евра за лубриканти, а само 1,5 милиони евра за борба против загадувањето. Аерозагадувањето е еден од најгорливите проблеми на граѓаните. Според Светската здравствена организација над 3 илјади животи годишно прерано згаснуваат како директен резултат на енормно загадениот воздух. Скопје е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот, а за жал го носи приматот во Европа. Енормното загадување на воздухот ги наполни клиниките, а на удар се децата, бремените жени, возрасните луѓе над 65 години и хронично болните. Загадувањето на воздухот го оштетува мозокот, а високото количество на ПМ 10 честички во воздухот предизвикуваат и респираторни и кардиоваскуларни проблеми“, велат од партијата.Криминалниот картел на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потроши половина од својот мандат без да понуди едно решение за проблемот со загадениот воздух.„Токму поради ова ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека нема простор за политиканство, власта мора веднаш да ги прифати итните мерки за борба против загадувањето. Мерките ќе ја подобрат состојбата со амбиенталниот воздух, овие мерки ќе спасат 100-тици ако не и илјадници животи. Крајно време е власта да почне да ги решава проблемите на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

СДСМ: 160 милиони евра за земјоделците

Предлог буџетот за 2019 година предложен од Владата предводена од СДСМ обезбедува поголема грижа, повеќе пари за земјоделците и силна поддршка за земјоделството. Земјоделците добиваат 10.5 милијарди денари или околу 160 милиони евра. Најголем дел од овие средства, 8.5 милијарди денари, се за директна финансиска помош на земјоделите, соопшти СДСМ.Според партијата, над 6,6 милијарди денари земјоделците добиваат за целосна, навремена и неселективна исплата на субвeнциите.,,За мерките од Програмата за рурален развој во 2019 од Буџетот земјоделците добиваат 1,7 милијарди денари, односно, 148 милиони денари повеќе отколку парите за оваа година.За наредната година, земјоделците добиваат 290 милиони денари или близу 5 милиони евра повеќе за капитални проекти, за водостопанството.Во 2019 година за првпат во историјата ќе се реализира и ветената мерка „зелена нафта“ односно поддршка на земјоделските стопанства од 30% при набавка на гориво за земјоделска механизација, што ќе ги намали трошоците за производство.Ова се само дел од мерките преку кои ќе се обезбедат повеќе пари и поддршка за земјоделците, сигурен пласман и унапредување на земјоделството”, се додава во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Поради дефект без вода дел од Тафталиџе и Козле

Од ЈП „Водовод и канализација“ е добиено известување дека поради санирање на уличен дефект од ф-300 мм на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов бр.112 во населба Тафталиџе, општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица згр.92,94 и 96 и околните куќи, фабриката „Реплек“ и дел од населба Козле од 9 часот до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања