Скопје1.мк

Нема фотографија

Мијалков во пристојна соба со еден цимер

Во соба од 28 квадратни метри во која има кревет, маса за јадење и тоалет, поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков сега го поминува секојдневието во истражниот затвор во Шутка. Човекот кој се движеше опкружен со своите телохранители сега е во друштво со својот цимер во затворската ќелија. Во затворот го посетуваат неговите адвокати, а најблиските му испраќаат пакети, пишува Независен.По апсењето во хотелот „Мериот“, Мијалков беше однесен во обична ќелија во притворското одделение, но по еден ден беше преместен во „хашка соба“, простории кои за разлика од останатиот дел во затворот имаат попристојни услови. Директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски, вели дека Мијалков бил преместен во хашка соба бидејќи над десет години бил на висока полициска позиција во земјава.„Лицето било функционер на високи позиции. И поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, беше сместен во хашка соба. Тие се ставаат во хашки ќелии бидејќи биле функционери на високи позиции во Управата за безбедност и контраразузнавање и на високи полициски функции, а внатре има криминалци што може завршиле во затвор во време на нивно функционирање. Целта е да се спречат некои несакани ситуации. Сметаме дека треба да биде поизолиран“, вели Котевски.Според официјалните изјави на раководството, досега немало никакви поплаки од Мијалков. Храната му се носи во соба и не ја зема со другите затвореници. Во истото одделение со него, но во различна соба, е неговиот бизнис-партнер, најбогатиот Македонец, Орце Камчев, додека поранешните високи функционери кои беа заедно на врвот со Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, се сместени во обични ќелии.Шесте хашките соби се градени според стандардите на ЕУ и условите во нив се далеку попристојни од останатите ќелии.„Во ќелијата во која сега се наоѓа Мијалков престојувал и новинарот Зоран Божиновски. Тој вели дека собата Ѓ6, во која е сместен Мијалков, е последната соба од одделението кое го викаат хашко.„На подот е поставен нов ламинат, креветите и душеците се нови. Во собата има два кревета и еден трет помошен, но тој не се користи. Има маса за јадење, столови нема, се седи на кревет кога се јаде. Има тоалет со ВЦ-шолја, има лавабо со чешма во собата. Има три нови прозорци ПВЦ со двојно стакло. Од прозорец се гледа управната зграда на затворот и влезниот двор и големата т.н. црна врата од која се влегува во затворот“, ни изјави Божиновски.Адвокатот на Мијалков, Антонио Апостолски, пак, вчера поднел жалба на решението за притвор, но не беше достапен за изјава за да каже што напишал во жалбата.Жалбата е поднесена до Апелацискиот суд, кој ќе ја достави на мислење до Специјалното јавно обвинителство, а потоа во судот доколку адвокатите инсистираат може да биде закажана и јавна седница.На барање на Специјалното јавно обвинителство во вторникот, Кривичниот суд му определи притвор на Мијалков кој е обвинет во случајот „Тврдина – Таргет“, поврзан со масовното прислушување. Според сознанијата на Обвинителството, Мијалков се подготвувал да бега. Опасноста од бегство во решението за притвор е поткрепена со сознанијата на Управата за финансиско разузнавање дека обвинетиот располагал со две сметки на кои има 11 милиони евра.Дополнително опасноста од бегство го зголемува и фактот што Мијалков е обвинет во повеќе предмети на Специјалното обвинителство, но и во последната истрагата поврзана со перење пари „Империја“.Освен притворско одделение, во Шутка има и дел каде што се издржуваат затворски казни и таму требаше да биде сместен поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта. Во затворскиот дел има над сто осуденици што издржуваат казна затвор до три години и повратници што се осудени на шест месеци затвор. Таму има и осуденици на повисоки затворски казни за потешки дела бидејќи таму се носат затвореници што издржале поголем дел од казната во затворот во Идризово или во други затвори во Македонија, па се префрлаат во затворот во Шутка на доиздржување на казната. Директорот на затворот во Шутка вели дека третманот во овој затвор е ист за сите, за никого нема да има ниту помалку ниту повеќе.

Македонија | пред 7 години

DSC_0096-800x533

Заев: Со Денот на албанската азбука го славиме зближувањето на различните културни традиции

,,Јазикот и негова соодветна азбука се дел од генетскиот код на еден народ. Во тој генетски код се елементите на идентитетот и потенцијалите за комуникација, општествена интеграција, за образование и развој.Наша должност, должност на државата е да ги почитува, чува и негува јазикот и писмото на секоја нејзина заедница. На тоа не повикуваат и европските вредности, како вредности што ги прифативме како наши на патот на нашата интеграција во Европската Унија.Јазикот и писмото се најсилните средства и за чување и за афирмација на духовното наследство на една заедница”, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Свечената академија по повод одбележувањето на 110 годишнината од албанската азбука.,,Денес, кога го славиме значајниот јубилеј – 110 години од албанската азбука – вреди да ја споменеме исклучителната мисија што ја изврши големиот албански писател Исмаил Кадаре, кој, благодарение на стандардизацијата на албанскиот јазик и писмо, беше преведуван на стотици други светски јазици. Неговите дела, како и делата на десетици други писатели, научни работници и публицисти од албанскиот духовно-културен круг, ја ширеа вистината и културата на албанскиот народ од Албанија и од регионот.Тоа е силен доказ дека јазикот и писмото се мостови до другите традиции, култури и духовни наследства. Тоа се клучевите што ги отвораат портите на другите светови за да се запознаваат, почитуваат и да се помагаат едни со други”, додаде тој.Според премиерот, во Република Македонија имаме шанса на најдобар можен начин да ја промовираме и практикуваме големата европска идеја – Обединети во различностите.Затоа со право можеме да го истакнеме фактот дека прогласувањето на денешниот ден за официјален празник на албанското писмо, е составен дел од јазичното и од културното богатство на Република Македонија.Одбележувањето на културните вредности, датуми и традиции на сите етнички заедници, вклучувајќи ја и албанската, е во суштината, во основата на нашето мултикултурно општество.Прифаќањето на таа реалност е силен придонес за просперитетна иднина и за благосостојба на сите граѓани.,,Нашата определба е да градиме и негуваме општество еднакво за сите. Нашата цел е да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон етничките, националните, верските и културните разлики. Тоа е посебноста и суштината на нашето заедништво што се градеше со векови и што претставува обврска за нашата заедничка иднина.Со право се залагаме и велиме дека етничката и јазичната разноличност на нашето општество ги сметаме за наша предност. За наше заедничко богатство. Празникот – Ден на албанската азбука, заеднички да го прославуваме и со тоа заеднички да ги славиме постоењето и зближувањето на културните традиции, кои на овие простори опстојувале заедно со векови.Нашата заедничка иднина, иднината на сите наши граѓани ќе ја изградиме без затворање во етноцентрична култура.Нашиот модел за иднината започнува со почитувањето на сите заедници во која различните културите ќе се почитуваат, ќе соработуваат, ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат”, додаде Заев.На свеченоста свои обраќања имаа и претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Република Албанија, Илир Мета и Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

пред 7 години

mickoski

Реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ се на резервна клупа, рече Мицкоски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше гостин во отворено студио на 1тв и изјави дека луѓето кои се декларираа како реформатори не се исклучени од партијата, тие се членови на истата и со дел од нив се уште е во комуникација.“Партијата дава шанса, а вие трба да ја искористите. Доколку не ја искористите ве става на клупа, резервна клупа”Запршан дали реформаторите повторно ќе ги врати во игра, Мицкоски рече “Во политиката нема вечни пријатели ниту вечни непријатели, тоа не е само во Македонија туку е светска пракса”.Запрашан дали дозволлува спротивно мислење од неговото, тој одговори потврдно, се додека партијата не донесе конечен став. „Различното однесување од партискиот став не е досволено“, изјави Мицкоски“Сум за партиска дебата, но се додека се донесе партиска одлука”, рече Мицкоски

Македонија | пред 7 години

DsmzJh4X4AAt50C

(Вознемирувачка фотографија) Возач усмртил куче во Лисиче и го оставил на улица

Додека се уште во Скопје се трујат кучиња бидејќи тие немаат сопственици и живеат на улица, истовремено се почесто прегазени од моторни возила се оставаат мртви по скопските улици.Последно на социјалните мрежи е објавена фотографија од куче удрено од автомобил на само пет метри од пешачкиот пример. Нема информации за возачот, а кучето било оставено мртво на улицата. Ова се случило во Аеродром, односно Лисиче.https://twitter.com/obnov_energ/status/1065579782900015104

Скопје | пред 7 години

twitter

„Треба Шеќеринска за ‘Мис на светот’ да ја кандидирате“

   

Магазин | пред 7 години

46508969_2076680565711478_5839276272504537088_n-1

Македонска репрезентација во хокеј: Ни треба хокеј арена под итно

Македонската репрезентација во хокеј на мраз бараат од власта да се изгради хокеј арена која е неопходна за развој на 5 зимски олимписки спортови.„Светско првенство во хокеј за држави без хокеј арена или официјално IIHF Development Cup.ГО ОСВОИВМЕ!!!Со 5 победи во 5 натпревари. Докажавме дека хокејот не е мал и непросперитетен спорт во Македонија, напротив, има иднина ама нема услови.Десет години се мачевме со претходната власт да се убедуваме дека хокеј арена е неопходна за развој на 5 зимски олимписки спортови. Не успеавме. Речиси две години од оваа влада исто така абер нема да се направи нешто на ова поле. Во ред е да имаме 5 монтажни лизгалишта низ цела држава, но сакаме ХОКЕЈ АРЕНА!!!15 години се мачиме да го дигнеме хокејот, 15 години со сопствени средства го одржуваме овој спорт, 15 години чекаме на хокеј арена!НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА под итно, НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од еден лав или ограда на мост, САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од сумата исплатена на 3 компании блиски до Владата од Фондот за Иновации на жими мајка.Кога гледам како на глупости се трошат народни пари ми доаѓа да врискам се погласно секој ден: САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА!!!Голема благодарност до хокејарите, до стручниот штаб, до пријателите на хокејот....овој успех е заеднички. Отидовме во Германија на првенство со броени пари, за пат, за спиење и по некој сендвич, се вративме златни со пехар, со покажување на пркос дека можеме да успееме и кога немаме услови и кога никој не верува во нас. <3ХОКЕЈОТ ИМА ИДНИНА ВО МАКЕДОНИЈА!НИ ТРЕБА АРЕНА!!!“, стои во објавата на „Фејсбук“https://www.facebook.com/Insidious.Carnage/posts/2124829140901091

Македонија | пред 7 години

Marija-Nikolovska-2

Ракометарките на „Спартак“ од Кисела Вода го победија „Пелистер“

Ракометарките на „Спартак“ од Кисела Вода успеаа да го победат осминафиналистот од Челинџ купот, Пелистер, со резултат 24:22.За клубот од Кисела Вода кој беше во предност од почетокот на натпреварот, играа и постигнаа погодоци: Сандева, Јовановска, Андонова, Николовска 7, Андова 3, Велкова 3, Младеновска, Стефановска 2, Трајковска 2, Ангеловска, Србиновска 3, Арсовска, Цветановска, Иванова 4 и Самарџиска.На натпреварот кој се одигра во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во Кисела Вода правдата ја делеа Адриана Здравковска и Сања Божиновска, додека делегат беше Мамер Реџепи.

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес oд 2.8 степени, имаше попладнево на границата меѓу Македонија, Србија и Косово.Епицентарот бил на 36 км од Скопје и на 10 км од Пасјане во Косово, на длабочина од 2 км. 

Македонија | пред 7 години

Sadula_Duraki_Minister

Дураку се правда дека не се изразил јасно кога рекол дека не се занимава со граѓаните

Министерот за животна средина, Садула Дураку, се оправда и вели дека жали што не бил доволно јасен во својот одговор дека тој не се занимава со граѓаните.„Владата постои за да ги остварува своите стратешки приоритети, да ги решава проблемите и да го подобрува живеењето на граѓаните. Во таа насока Владата ја дефинира борбата со аерозагадувањето за свој стратешки приоритет. Министерот Дураку во својата изјава за медиумите ја потенцира Програмата за справување со аерозагадувањето и укажа дека граѓаните имаат право да преземаат свои дејства. Министерот изразува жалење за тоа што не се изразил доволно јасно и што тоа предизвика реакции во јавноста“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.Министерот на прашање за коментар за најавите за тужби против државата поради непреземање мерки против загадувањето на воздухот рече: „Сега јас не се занимавам со граѓаните, граѓаните може да се тужат“.

Македонија | пред 7 години

jugohrom-2_7

„Eкогерила“: Анѓушев целосно да се повлече од сите одлуки за „Југохром“

Еколошкото движење од Тетово, „Екогерила“, денеска преку соопштение изјави дека не им веруваат на ветувањата на „Југохром“ и на Владата бидејќи со години биле измамувани.„Бараме заменик-премиерот Анѓушев целосно да се повлече од сите одлуки за ‘Југохром’ бидејќи постојат сомнежи за можните последици од корупцијата и конфликтот на интереси. Продажбата на електрична енергија на ‘Југохром’ од ЕДС, која беше во сопственост на Анѓушев, и тоа што поранешните вработени тврдат дека тој претходно бил генерален директор на ‘Југохром’ во период од неколку месеци, дава уште поголем простор за сомневање за судир на интереси и корупција, што судството треба да го испита“, стои во нивното соопштение.Од „Екогерила“ во соопштението наведуваат дека препорачуваат целиот процес да биде надгледуван од независни експерти.„Македонија потпиша и се обврза да ја почитува Архуската конвенција за пристап до информации, учество на граѓаните во одлучувањето и пристап до правда за прашањата поврзани со животната средина. Изненадени сме поради тоа што Владата е загрижена од надзорот на независните експерти ако системот за филтрирање, за кој тие тврдат дека ќе го инсталираат, не ги исполни бараните стандарди. Затоа, без строг надзор од страна на независни експерти и обезбедување дека граѓаните и децата од Тетово нема да бидат повторно труени како во минатото, нема да дозволиме повторно отворање на овој познат убиец“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

46501153_2080525798671265_3261882001791123456_n

Успешно изведена трансплатација на бубрези од починат донор на двајца пациенти

После три години пауза, на Клиниката за Урологија во соработка со Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување - КАРИЛ, во Македонија за првпат успешно се изврши трансплатација на бубрези од  пациент кој доживеал мозочна смрт.Од пациентот кој починал, со дозвола на најблиските членови од семејствто, земени се бубрезите и веднаш се трансплантирани на двајца пациенти кои чекале на нив.Двете трансплатации поминале успешно и засега пациентите кои добиле бубрег добро се чувствуваат.Министерот за здравство. Доц. д-р Венко Филипче вчера, веднаш по трансплатацијата ги посети пациентите.„Неверојатно сум горд на медицинскиот персонал од Нефрологија и КАРИЛ кои направија неверојатно добра работа. Спасија два живота, на една жена и маж кои долго време се измачувале низ процесите за лекување и дијализа. За пациентката ова е втора трансплатација на бубрег, и посакувам добро здравје и оваа трансплантација да помине како по книга, успешно. Но, неверојатно сум горд и со полна почит кон родителите на дарителот на органите, кои дозволија, по мозочната смрт да ги донираат бубрезите од починатиот. Точно, за  ваков чекор потребно е човек да биде подготвен и неверојатно големата загуба да ја потиснат размислувајќи дека со донирање на органи, ќе продолжат и спасат нечии туѓ живот. За мене лично, тоа се најголемите херои на денешницата“, вели министерот Филипче.Директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова, изјави дека навистина долго се чекало на ваква трансплатација, цели три години.„Трансплатација од починат донор, беше во застој од 2015 година, за жал.  Се надевам дека со почетокот овие трансплатации  ќе не донесат  до  влезната врата од ЕУРОТРАНСПЛАТ  системот. Искрено се надевам дека ќе ги препознаат нашите напори за трансплатација и многу скоро ќе можат и наши пациенти да се надеваат на органи кои би можеле да ги добиеме од некои други европски болници“, вели докторката Мојсова.

Македонија | пред 7 години

MelFest-3

Вечерва започнува фестивалот „Мел Фест“

Фестивалот „Мел Фест“,кој своевремено беше единственото музичко талент шоу во Македонија и надвор од неа, вечерва во полн сјај се враќа на македонската фестивалска сцена.Елена Петреска, Наде Талевска, Андријана Јаневска, Симона Поповска, Наташа Малинкова, Елена Велевска, Игор Узунов, Маријан Стојановски, Огнен Здравковски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Анастасија Аврамовска се само дел од пејачите кои ќе настапат на гала вечерта во четврток на 22.11 во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во 20.30 часот.После фестивалот, односно неговата гала вечер, ќе има и изложба на фотографии како ретроспектива на „Мел Фест“. Она што ќе се случува вечерва е само најава и всушност почеток за „Мел Фест – талент шоу“ кои ќе стартува пред Нова година, низ 15 градови во Македонија.Уметнички директор на фестивалот е нашата пејачка Елена Петреска, а водител на гала вечерта ќе биде Лила Стојановска.

Магазин | пред 7 години

unnamed-1

Богоев на форум за здрава животна средина во Виена

Општина Карпош е единствената локална самоуправа во државата во која се спроведува проектот „INHERIT 2020 HORIZON“ – Прашалник за здрава населба, во соработка со Институтот за јавно здравје на Република Македонија.Во рамки на овој проект се одржува Форум за заштита на животната средина, во Виена, Австрија, на којшто учествува градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со претставник од Институтот за јавно здравје,  д – р Драган Ѓоргев. Тие на учесниците на Форумот им образлужија за   начинот на кој се спроведе проектот во Карпош, резултатите од него и перцепцијата на граѓаните и локалната самоуправа за корисноста од него.За време на панел дискусијата, Богоев се осврна на важноста на Прашалникот за Општина Карпош. Конкретно, граѓаните имаа можност преку електронски пат  (на http://karpos.gov.mk/page/prasalnikzazdravanaselba) да ги даваат своите забелешки за квалитетот на живот во нивната населба, зеленилото, инфраструктурата, сообраќајот, социјални аспекти од живеењето и сл.Сумираните резултати, сугестиите и идеите ќе бидат земени предвид при креирање на новиот Буџет за 2019 година, со што, на директен начин ќе се зголеми и граѓанското учество во креирање на локалните политики и финансирање на нивните потреби за здрава животна средина, рече Богоев пред присутните. Прашалникот за здрава населба придонесува Општината и општинската администрација да бидат поинформирани за вистинските потреби на граѓаните.Во рамки на Форумот во Виена, градоначалникот Стефан Богоев се сретна и со свои колеги од Европа, при што размени повеќе идеи за правилно управување со отпад и негово паметно искористување. На Форумот се одржуваат и сесии за правилен и одржлив развој на градовите, за обновливите извори на енергија, за зелените површини, за јавниот превоз, како и други области од значење на локалната самоуправа.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Ограбена бензинска во Визбегово

Денес околу 02,40 било пријавено дека во бензиска пумпа во село Визбегово, скопско од страна на две непознати лица извршено било разбојништво над вработените при што одзеле околу 12.000 денари.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Таксист се обидел да силува 22-годишна девојка

На 20.11.2018 година во 12,00 часот во Полициската станица Центар, Л.К.М.(22), пријавила обид за силување од такси возач на 18.11.2018 година околу 00,30 часот во Скопје, но тој не успеал во намерата.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Добил отказ, па ја хакирал фирмата и на конкуретите им оддавал деловни тајни

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ж.Г.(51) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски  систем“ и ,,оддавање и неовластено прибавување деловна тајна“.Во периодот од јули 2018 до август 2018 година пријавениот, по завршувањето на работниот однос во правно лице од Прилеп, како администратор на компјутерскиот систем, искористувајќи ја приликата што наведеното правно лице не презело активности за промена на корисничките имиња и пасворди за пристап кон компјутерскиот систем, континуирано, од неговиот персонален компјутер, користејќи програма за мрежно поврзување и контролирање на друг компјутер, неовластено пристапувал кон компјутерскиот систем на правното лице, при што во повеќе наврати времено го оневозможил користењето и употребата на компјутерскиот систем.При тоа, пријавениот ја следел деловната коресподенција на вработените и прибавувал класифицирани документи во електронска форма, кои потоа преку електронска пошта, ги праќал до сопственикот на друго правно лице од Прилеп.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Разбојништво во скопски маркет

На 21.11.2018 година во 20,15 часот било пријавено дека во маркет на улица “Владимир Комаров“  од страна на непознат сторител со закана извршено било разбојништво над вработената, при што од касата одзел околу 3.000 денари.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

policija-2-1

Кривична пријава за двајца Охриѓани поради злоупотреба на лични податоци

Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Ј.П.(39) и Р.П.(39) двајцата од охридското село Велгошти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци”.Пријавените, на 05 април годинава без добиена согласност, прибирале, обработувале и користеле лични податоци на женско лице од Охрид, и без нејзино знаење ги објавиле на веб страна за огласи.Дополнително, двајцата пријавени, неовластено и креирале неколку профили на социјалната мрежа Facebook.

Македонија | пред 7 години

KIR_0837

Две лица меѓусебно се тепале на скопската клиника

Вчера во 16.50 часот било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ лицата Е.Б.(26) и М.Ј.(37), двајцата од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.По преземени мерки против двајцата биле поднесени соодветни пријави.

Скопје | пред 7 години

policija-3-640x382

Скопјанец ограбил две продавници, ги оштетил со 120.000 денари

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против А.Х.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела ,,тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија, со што причинил материјална штета од околу 120.000 денари.Пријавениот, првото дело го извршил на 18.11.2018 година околу 17.20 часот во продавница на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, второто кривично дело истиот ден околу 21.15 часот во продавница на улица „Даме Груев“.

Скопје | пред 7 години

Infektivna01-1600x797

Со донација од САД гастроентерохепатологија и инфективна клиника добија нова терапија за целосно лекување на Хепатит Ц

Министерството за здравство и Универзитетската Клиника за Инфективни Болести и Фебрилни Состојби, во соработка со американската невладина организација Direct Relief, обезбедија напредна и соверемена терапија за Хепатит Ц за 150 пациенти.На денешната прес-конференција, министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче истакна дека терапијата за Хепатит Ц е со вредност од речиси 19 милиони американски долари. Препаратите се произведени од една од водечките фармацевтски компании во САД и се со гарантиран квалитет.Од крајот на 2014 година во светот постои нова терапија за хронично инфицираните  со вирусот на хепатитис Ц, која има висок процент на успешност. Терапијата се зема на уста, не се аплицира со боцкање, овозможува ефикасност од 95-100 проценти.  Несаканите ефекти во тек на лекувањето се со значително понизок процент и тежина, кои речиси и не бараат нејзино прекинување. Третманот овозможува елиминирање на вирусот од човековиот организам, спречување на понатамошно оштетување на црниот дроб, кога има и појава на цироза и развој на хепатоцелуларен карцином. Исто така допринесува и за извесно опоравување на црниот дроб до одредени граници. Успешно спроведеното лекување ја намалува, одложува или комплетно исклучува потребата од трансплантација на црниот дроб кај овие пациенти.„Овие така наречени директно делувачки антивирусни лекови, кои ги добивме како донација американската невладина организација Direct Relief, се наменети за лекување на пациенти со хронична Ц вирусна инфекција со генотип 1 и 4. Донираната терапија ќе овозможи лекување на околу 200 пациенти кои ке се третиртаат на ЈЗУ У Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и ЈЗУ У Клиника за гастроентерохепатологија“, информираше министерот Филипче.Денeшната донација е обезбедена во рамките на поширока програма за поддршка на здравствениот систем на Република Македонија која Министерството за здравство ја реализира во соработка со Direct Relief и преку која се обезбедуваат таргетирани донации како одговор на утврдени потреби.Директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ изјави дека со овој лек не само што ќе се лекуваат заболените од хепатитис Ц, туку ќе се намали и смртноста.Хепатитис Ц вирусната инфекција претставува еден од водечките здравствени проблеми во светот поради големиот број на хронично инфицирани лица, сериозноста на последиците по здравјето и животот на болните од значајното оштетување на црниот дроб.  Во Република Македонија се проценува дека бројот на инфицирани со овој вирус се движи околу 1,2-1,5 отсто од популацијата.Досега хроничната Хепатитис Ц вирусна инфекција се третираше со Пегилиран интерферон и Рибавирин, третман чија ефикасност е од 40 проценти до зависно од генотипот, според различни студии. Терапијата е со голем број контраиндикации за нејзина употреба, несакани ефекти, поради кои и третманот не ретко е прекинуван што ги остава пациентите без избор за лекување. 

Македонија | пред 7 години

IMG-1af7d99f7c1aa222e9e6ac96675981b0-V

(ВИДЕО) Припадниците на АРМ и МВР денес учествуваа на здружена вежба „Есенска бура-18“

Припадниците на АРМ и МВР, кои учествуваа на здружената вежба „Есенска бура-18“, денеска на армискиот полигон „Криволак“, демонстрираа координиран настап при справување со ситуации и постапки поврзани со кризниот менаџмент.„На денот за високи гости, специјалните единици на АРМ и МВР, со поддршка од хеликоптерските единици, воената полиција, пешадиските единици, како и Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, го покажаа својот потенцијал за ефективно справување во разни ситуации. Притоа беа прикажани вежби на упад во просторија, напад на терористички камп, изведување на препад, заседа, справување со нарушување на јавен ред и мир при заложничка криза и други постапки.На вежбата „Есенска бура-18“, која се реализира во период од 8 до 13 ноември, припадници на Армијата на Република Македонија од составот на полкот за специјални операции (баталјонот за специјални намени и ренџерскиот баталјон), Здружената оперативна команда (единици од воздухопловната бригада, од баталјонот воена полиција и првата механизирана пешадиска бригада), заедно со припадници на Министерството за внатрешни работи од Единицата за брзо распоредување, Единицата за специјални задачи и хеликоптерската единица, со поддршка од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, изведуваа вежбовни активности со цел унапредување на меѓусебната интероперабилност и кризниот менаџмент како одговор на можните закани“, стои во соопштението од МВР. 

Македонија | пред 7 години

k10

Отворено третото издание на КРИК фестивал

На синоќешното отворање на третото издание на КРИК – фестивал за критичка култура  во Музејот на современа уметност, Искра Гешоска рече дека во конципирањето на фестивалот се’ уште е актуелна мислата на Ален Бадју дека заедницата која се заснова врз култура на критичко дејствување и соочување преку креативна конфронтација е култура на слобода којашто ги поместува хоризонтите на општеството.„Токму оваа идеја е се уште актуелна во нашето конципирање на фестивалот и тоа е она што ни треба, таквото поместување на хоризонтите во општеството и менување во општеството, создавање на платформи коишто ќе бидат перманентно критични и ќе се борат против состојбите на вознемиреност и на вонредност. КРИК беше замислен како отворена платформа и се уште е, тој е на некој начин резиме, кое почнува ново поглавје на целокупната работа не само на Контрапункт, туку и сите други со кои заедно сме ги создавале нашите мислечки, општествени и политички наративи“, рече Гешоска.Елена Вељановска ја претстави програмата на годинашното издание, која е поделена во три дела.„Оваа година решивме да се занимаваме со актуелни, но поглобални теми, но кои исто така имаат влијание врз нашиот локален контекст. Оваа година не направивме изложба, имаме повеќе видеа и се занимаваме со уметноста на подискурзивен начин, но имаме музича содржина, за која се надеваме дека повеќе ќе ја развиваме во иднина“, рече Вељановска.За концептот на годинашното издание на фестивалот, Артан Садику рече дека насловот „АЛЕРТ! – пред портите на моќта очекувајте исклучување“ е единствениот начин на кој може да се опише содржината.„Јас би го опишал како процес кој сакал да зборува за она кое ние го искусуваме во секојдневието токму под нашата кожа, кое е многу политичко ама не зборува. Ние сакаме да кажеме збор-два за она што се случува под нашата кожа, во нашето секојдневие, кога сме на улица, дома, ког сме во јавен простор, кога се соочуваме со политички настани, сето тоа што тлее под нашата кожата сакавме во овој КРИК да го отвориме и да го продискутираме, рече Садику.Тој го претстави и првиот гостин на фестивалот, Маурицио Лазарато, социолог, филозоф и професор на Универзитетот „Paris 8“ за кој рече дека е еден од водечките светски постмарксистички мислители кој ја револуционаризираше денешната перспектива на трудот во капиталистичките општества.Предавањето на Лазарато, насловено „Помеѓу политиките на задолжување и нео-фашистичкиот бран во светот“ ги акцентираше новите авторитарни, фашистички, недемократски движења, нивниот подем и влијанието на неолибералните економски политики врз таквата драстична промена во политичката мапа.„Изборот на Жаир Болсонаро, за претседател на Бразил е голем пресврт во историјата на светот. Овие избори покажуват што ќе се случува со светот во иднина. Неолиберализмот е само маска, вистинското лице на светот денес е фашизот. Врската помеѓу неолиберализот и фашизмот не е нешто ново, бидејќи апсолутната моќ е една од аспирациите на неолиберализмот“, истакна Лазарато.Според него, економската криза, односно задолжувањето, бегалците и екологијата се трите клучни проблеми на светот денес кои водат кон будење на новиот фашизам кој се крие зад маската на популистичкиот неолиберализам.„Последните избори во Бразил покажуваат блиска врска помеѓу војната, нејзините артикулации (фашизмот, расизмот, сексизмот) и неолиберализмот. Ова не е ништо ново, бидејќи подемот на неолиберализмот во Чиле започна помеѓу соработката на чилеанската војска и чилеанската група на економски либертаријанци, The Chicago Boys. Токму економската криза во Бразил беше предуслов за доаѓањето на Болсонаро на власт.“Тој рече дека во Европа и во САД со Трамп се создава нов тип на фашизам кој нема брзо да заврши.Одговарајќи на прашањата на публиката Лазарато истакна дека потребно е да преосмисли концептот на револуција во 21 – от век, бидејќи во фокусот на марксистичката мисла е само трудот и таа не го зема предвид феминистичкото движење како едно од највлијателните денес, а слично е и со расните политики, кои денес е изразуваат преку односто кон мигрантите и бегалците. „Потребна е револуционерна политика, а исто така и култура“, рече Лазарато.Дел од отворањето на КРИК 03 беше и перформансот на Пост глобал трио во кино салата на МСУ и дј сетот на Тони Димитров.За четврток (22 ноември) се планирани предавањето „За постанувањето поранешен“ и разговор со Петар Милат од Хрватска, поврзано со општото прашање за тоа дали и колку уметничкото творештво и естетското промислување можат да го надминат дисциплинскиот јаз - и во системот на уметноста и во општата рамка на општествениот живот – Милат во своето предавање ќе го акцентира постоењето на специфичната стратегија на трансверзалностa и на недисциплинатa: постанувањето поранешен.Во разработката на оваа идеја, ќе бидат презентирани примери од современата теорија на естетиката, експерименталниот филм и книжевноста, со цел да се укаже дека естетскиот еманципаторски капацитет се наоѓа во специфичната привременост на уметноста.Потоа ќе се одржи презентација на уметнички видеа Das nackte Überleben / Гол опстанок и разговор со Катрин Бекер од Германија. директорката на n.b.k. Видео-форумот и кураторка, Катрин Бекер, ќе претстави избор на видео-дела од изминатите две децении, кои во однос на содржината реферираат на поимот Состојба на исклучоци. Насловот на проекцијата Das nackte Überleben - или Гол опстанок - е инспириран од синтагмата „гол живот“ на Џорџо Агамбен; голиот живот од кој суверената моќ може да се ослободи и располага по укинувањето на разликата помеѓу „јавното“ и „приватното“. Во видео-проекцијата, Бекер ги претставува и коментира делата кои се однесуваат на поединецот во однос на состојбата на исклучоци - дали е тоа политичка, економска, еколошка или социјална, притоа осбрнувајќи се на различните аспекти како: диктатурата (Марина Напрушкина), војната (Мозер и Швингер, Микола Ридниј) и окупацијата (Лариса Сансур) се исто толку важни прашања како што се и политичкото исклучување (Олег Кулик), еколошките катастрофи (Урсула Биман) или постоењето на кодексот на однесување (Френсис Алес, Мванги Хутер, Хирохару Мори), што ги регулираат општествените процеси на исклученост и вклученост.Во петок (23 ноември) случувањата ќе започнат напладне со првиот дел на работилницата за критичко пишување во сферата на визуелните уметности „Јасно и гласно“ на Маја Ќириќ од Србија. Од 19 до 20 часот е предвидено да се одржи предавањето, презентацијата и разговорот за картографските филмски наративи (Cine-Soma) со Ангела Мелитопулос од Грција. Со неа подоцна ќе дебатира Маурицио Лазарато, а вечерта звучно ќе ја обојат нејзините сонародници - CËRPA со музички сет и „Millions of dead tourists“ кои ќе одржат концерт на КРИК.Првиот дел од годинешното издание на Меѓународниот фестивал за критичка култура ќе биде заокружен в сабота со вториот дел од работилницата за креативно пишување и со предавање и разговор на тема „Кризата на неолиберализмот, кризата на демократијата“ од Алфредо Саад Фиљо од Велика Британија.

Магазин | пред 7 години

IMG_2015

По повод Европската недела за помалку отпад во Општина Кисела Вода се одржа јавна дебата

​​Во Општина Кисела Вода се одржа јавна дебата по повод одбележувањето на Европската недела за помалку отпад. Преставници од локалната самоуправа, здруженија и невладини организации дискутираа за заедничко изнаоѓање на решенија за справување со отпадот на територијата на општината. Тие на оваа средба дадоа повеќе идеи и предлози кои би придонеле за почиста Кисела Вода.Пред присутните се обрати д-р Христина Оџаклиеска, член на Советот на Општина Кисела Вода. Оџаклиеска која даде голема поддршка за одржување на оваа дебата, ја истакна важноста на улогата на сите засегнати страни во напорите за спречување со дивото депонирање на отпад. Таа нагласи  дека едукацијата на населението за правата и обврските при постапувањето со отпад, но и спроведувањето на законската регулатива од страна на надлежните служби, ќе придонесе кон активно вклучување на сите засегнати страни во надминувањето на проблемот. Додека, Мирјана Китановска, воспитувач во градинката ЈДГ „8 март“, објект „Расадник“, објасни како нивната градинка го има добиено највисокото еколошко признание, зеленото знаме и како истата работи на полето за зачувување на животната средина.На овој состанок Петар Ѓорѓиоски, раководител на Оделението за заштита на животна средина зборуваше за сите досегашни активности преземени од страна на Општината, а воедно информираше дека во соработка со Пакомак – Друштво за управување со пакување и отпад од пакување , во просториите на Општина Кисела Вода поставени се  пластични канти за селекција на пластика, се со цел, селекцијата на отпадот да започне од работните простории на вработените во истата.Овој настан се одржа во организација на Одделението за заштита животната средина кое постојано вложува максимални напори за зачувување на животната средина.

Скопје | пред 7 години

20180916184701

Извршители кај Орце Камчев, се продава „Здравје Радово“

„Здравје Радово“ најголемата млекарница во Македонија ќе се продава, објави телевизија Алсат. На 16-ти месецов извршител напрвил заплена во сопственичкиот удел во млекарницата.Според официјален документ објавен на Централниот регистар, „Здравје Радово“ должи 4 милиони и 300 илјади евра како главен долг, 20 илјади евра по основ на камата, и 9 илјади евра плус ДДВ – трошоци за извршител.Продажбата на млекарницата ќе ја прави НЛБ Тутунска банка од каде млекарницата земала кредити, а не ги враќала.Две фирми се јавуваат како сопственици во „Здравје Радово“. 99 проценти од млекарницата се во сопственост на Земјоделкиот комбинат Пелагонија, а 1 процент поседува компанијата Пелагонија Енерџи ДООЕЛ.Сопственици на ЗК Пелагонија се Орка Холдинг на Орце Камчев, Цветан Панделевски и контроверзната оф шор фирма „Ексико“.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања