Скопје1.мк

MFA_8353

Учество на министерот Никола Димитров на квадрилатералната средба во Солун

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос, учествуваше на четвртата четирипартитна средба на Министрите за надворешни работи на Република Македонија, Република Албанија, Република Бугарија и Грција, што се одржа на 22-23 ноември 2018 година, во Солун. Дискусијата на состанокот претставуваше континуитет на разменувањето на идеи и видувања околу можностите за натамошно унапредување на регионалната соработка. Во фокусот беа прашања врзани со европските интегративни перспективи на земјите од Западен Балкан и иднината на Европа, како и други актуелни теми во области од заеднички интерес. На состанокот се дискутираше и за темите поврзани со значењето од економската соработка, инфраструктурната и енергетската поврзаност и унaпредувањето на прекуграничната соработка меѓу соседите.Министерот Димитров, истакнувајќи ја определбата на Република Македонија за градење добрососедска политика, се осврна на активностите кои ги презема нашата земја како придонес во заедничките напори за обезбедување регионална стабилност и просперитет, а изнесе свои видувања и конкретни иницијативи околу идните перспективите на натамошната соработка. Тој рече: “Нашата соработка во Регионот е корисна за нашите општества. Ако можеме да ги усогласиме нашите интереси, тоа ќе ни помогне нас, но ќе и’ помогне и на Европа". Димитров оствари и одвоени билатерални средби со министерката на Република Бугарија, Екатерина Захариева како и со домаќинот, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос. Со министерката Захариева разговараа за взаемните односи и перспективите за економски развој преку соработка на двете земји, како и чекорите кои претстојат во однос на евроинтегративниот процес на Република Македонија. Со алтернативниот министер Катругалос се дискутираше во насока на зајакнување на билатералната соработка, со посебен акцент на прекуграничната соработа, преку конкретни економски проекти кои воедно ќе придонесат кон зближување на двете општества. Министерот Димитров даде изјави за присутните грчки и бугарски медиуми.На средбата, на која покрај Министрите за надворешни работи, учествуваа и Министри и високи претставници од Министерствата за економија на четирите земји.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Објавени конкурсите за поезија и плакат во рамки на 8-то издание на „100 Илјади поети за промена“

Манифестацијата „100 илјади поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ги распиша двата официјални конкурси за поезија и изработка на постер/плакат за годинашното осмо издание на фестивалот.Поезијата со која може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и на теми кои се поврзани со промените - глобално и локално. Секој автор може да учествува со по една песна.Покрај конкурсот за поезија, манифестацијата „100 илјади поети за промена“распиша и конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот. Тематски тие може да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот…Авторите треба да ги праќаат песните и дизајнерските решенија на Фејсбук-страницата на оваа манифестација или на електронската адреса:  poetizapromena@gmail.com  најдоцна до 02 декември 2018.Пристигнатите дела ќе ги разгледуваат комисии, манифестацијата „Сто илјади поети за промена“ е меѓународна и оваа година опфати повеќе од 500 настани во над 100 земји во светот.

Магазин | пред 7 години

46720518_10155457147066706_9142753628103114752_o

„COOL HEATING“ - Проект за трајно намалување на аерозагадувањето

Проектот Cool Heating подразбира развивање на системи за централно греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија.Денеска, во Општина Карпош, градоначалникот Стефан Богоев потпиша Писмо за изразување на заложба на локалните чинители, проектот кој веќе е имплементиран во над 70 поединечни објекти во Карпош, да прејде во следна, повисока фаза на реализација, во која ќе се врзуваат во цели мрежни системи засновани на обновливи извори на енергија.Примарната цел е овој централен систем за греење и ладење да се имплементира во целосно нова еко - населба, како и во дел од установите на територија на локалната самоуправа.Овие системи базирани на обновливи извори на енергија се системи на иднината, кои ќе придонесат за намалување на аерозагадувањето, како еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваме.Изминатава недела се одржа и тематска конференција за овој проект на национално ниво, со цел да се доближи до пошироката јавност и да им се претстави на субјекти кои работат во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, заштита на животната средина и изнаоѓање и користење на обновливи извори на енергија.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Орбан: Груевски е мој сојузник, зад неговиот прогон стои Сорос

Организацијата на Џорџ Сорос стои зад прогонот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за радиото „Кошут“.Според Орбан, било нормално Будимпешта да му помогне на поранешниот македонски премиер бидејќи тој многу помогнал Унгарија да се одбрани од напливот на мигранти.– Станува збор за поранешен лидер на блиска земја, земја која имаше клучна улога за справување со нелегалната миграција. Без таа помош ќе беше многу потешко да се одбранат унгарските граници, Човек треба чесно да се однесува кон своите сојузници, рече Орбан, потенцирајќи дека тој и Груевски биле сојузници.Како што посочи, Унгарија веќе 30 години функционира како демократија, и ова не е прв пат да прима важни луѓе, но претходните случаи немале тежина како тој на Груевски.Истакна дека унгарските власти ќе ја гарантираат безбедноста на Груевски, кој како што вели, во Македонија се соочува со комплицирани битки.Прашан за барањето од Македонија за екстрадиција, Орбан рече дека Унгарија ќе обезбеди праведен третман на Груевски, а Владата нема да се меша во правните процедури што ги водат надлежните орани.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во Скопје вчера 11 сообраќајки, шест лица лесно повредени

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои три сообраќaјни незгоди со телесни повреди и осум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека девет возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени осум возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, шест возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи пет биле нерегистрирани и пет возила биле технички неисправни. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и тројца возачи поради не поседување зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 65 мандатни платни налози и 57 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

policija-2-1

Исчезна 17-годишно девојче од Чаир

Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Чаир, А.А.(26) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата 17-годишна сестра.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

„Македонија-Блокира“ до Пешевски: Со кој лик повикуваш на национално предавство и гласање за уставните измени

Педесетчлена делегација на „Македонија-Блокира„ синоќа беше пред домот на поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски да му предаде протестно писмо како реакција на неговото отворено писмо во кое ги повикува и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласат за уставните измени со кои се брише се што е македонско.-„Силно сме изненадени што и ти Пешевски се вклучуваш во националното предавство со повикот и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласат за уставните измени а што бара тука и овој кордон полиција да те чува од сопствениот народ. Со кој лик ја повикуваш на предавство и партијата ВМРо-ДПМНЕ која ти овозможи висока држава фунцкција десетина години иако стана нејзин член во моментот на добивање на функција. Идикативно е што во писмото бараш амнестијата да не важи само за 27 април, туку да ги опфати сите обвинети од СЈО, но, ти си обвинет за економски криминал или за проневера на 155 милиони евра за кинеските автопати. Значи, кај тебе нема политички прогон како кај 8-те пратеници, туку си обвинет за финансиски  криминал кој условно кажано лесно можеш да го докажеш оти или си проневерил или не си проневерил буџестки пари. Ако си невин и народот ќе те брани, ако си проневерил милони евра од буџетот и ние ќе те затвориме. Затоа, не ти е потребна таква авантура сега кога дел од 8-те пратеници се спремни за покајание и прошка. Не наседнувајте на лагите на Заев, ем ќе се гласа за уставни измени ем ќе ве затвори. На пролет ќе има избори, ќе има промени, ако сте невин и ти и политички прогонуваните пратеници и уставобранители ќе бидете на слобода, беше истакнато меѓудругото од говорниците Драган Угриновски, Јанко Бачев, Филип Петровски, Страшко Олумчев и Жарко Гроздановски.

Македонија | пред 7 години

IMG_20181122_105459-1170x658

Агенцијата за туризам предвидува зголемување на полски туристи и во 2019 година помеѓу 40 до 50 отсто

Македонија заедно со уште 500 изложувачи од 50 држави, три дена од 22-ри до 24-ти ноември ќе биде промовирана на 25-тото издание на меѓународниот саем за туризам во Варшава, “TTWARSAW”.Претставници на Агенцијата за туризам предводена од директорот Љупчо Јаневски, како и претставници од приватниот сектор, ресторан Острово Св Наум, ТА МакСан, ТА Савана, хотел Инекс Горица, општина Охрид, ТА Тајм то Травел и ТА Енџој Балканс, три дена ќе ги промовираат туристичките содржини на нашата земја пред полскиот туристички пазар.На саемот се одржаа состаноци со поголем број туроператори од Полска и туроператори кои веќе ја работат Македонија, како: “RegoBis”, “Rainbow Itaka” и “VisitBalkans”. Истите ќе ја збогатат програмата за Македонија во 2019г, односно дополнително покрај чартер летовите и кружни балкански тури, кружни тури да се понудат само во Македонија од 5 до 7 дена. На овој начин поголем број на полски туристи ќе ја запознаат Македонија и нејзините туристички атракции. Исто така голем број на полски туроператори изразија заинтересираност за манифестациите кои се одржуваат во нашата земја. Галичка свадба, Охридско лето, Струшки вечери на поезијата, филмскиот фестивал Манаки во Битола, Пиво фест, Вевчанскиот карневал, Струмичкиот карневал како и гастрономските фестивали и винските патишта се дел од настаните кои преку цела година ќе бидат доволно атрактивни за полските туристи.Директорот Јаневски на македонскиот штанд, одржа состанок со ТО Рего Бис кој се значајни партнери на Македонија, за зацврстување на нашата позиција на полскиот туристички пазар. Туристите од Полска бележат раст од 56% со остварени ноќевања кои се за 78% во пораст, за период јануари-септември 2018, споредбено со 2017г.Би сакале да потенцираме дека Агенцијата за туризам на саемот во Варшава учествува заедно со рекорден број на ко-егзибитори, на најголем репрезентативен штанд и посетители од македонскиот туристички сектор. Македонското пристутво беше збогатено и со македонскиот амбасадор во Полска, г-дин Васил Пановски. Агенцијата за туризам очекува да продолжи трендот на зголемување на полски туристи и во 2019 година помеѓу 40 до 50 проценти.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Денес без вода населба Пинтија

Денес поради уличен дефект од Ф-125мм на ул.Саса 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Пинтија до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

underfest

Конкурсот за млади музички таленти на Underfest фестивал сеуште во тек

Скопје добива нов урбан фестивал –  Undefest фестивал. Прогресивен, мултимедијален фестивал кој ги обединува музиката и уметноста и нуди тридневно комплетно уживање во сите сегменти од урбаната култура. Примарна цел на фестивалот е афирмирање на помалку познатите артисти, фестивал кој ги вреднува автентичноста и креативноста, и го отвара јавниот простор за младите и неетаблирани музичари и со тоа придонесува за нивна промоција.На 01 октомври оваа година Undefrest фестивал распиша конкурс, на кој што може да се пријават сите млади музичари кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност. Истите, своите податоци треба да ги испратат на електронската адреса info@underfest.mk најдоцна до 31.12.2018. Оние кои ќе ги бидат избрани, ќе настапат на фестивалот, каде ќе можат да го презентираат својот креативен труд и своите авторски дела.„До сега сме задоволни од интересот и одзивот на бендовите кои сакаат да настапат на овој фестивал. Како досега потврдени изедувачи би ги издвоиле: The Mole Pack, Kẽpurdhat, Класје, Replay, Илузија, Cruel, Fosfen, Vlado Yo, Tonal Noir, Фуснота и други. На Фестивалот исто така е предвиден и дел за помладата публика. Во тој дел ќе настапат младата и талентирана Јована Здравевска како и нашиот овогодишен претставник на детскиот Евросонг Марија Спасовска“, изјави претседателот на UNDERFEST, Бојан Трпевски.Фестивалот ќе се одржи од 5ти до 7ми април 2019 година, во просториите на Public Room, во Скопје, а влезот за сите фестивалски денови ќе биде бесплатен.

Магазин | пред 7 години

na-delo-768x443

(ВИДЕО) Познат штипски адвокат краде во дуќан

На видео снимките од безбедносните камери во дуќан за чанти, паричници и слично во Штип може да се забележи како еден познат адвокат и екс началник во полиција е фатен на дело како си „позајмува“ паричници и тоа не еден туку повеќе, пишува Прес центар . 

Македонија | пред 7 години

mijalkov-1

На Мијалков му се носи храна во соба , изолиран од безбендосни причини

Мијалков вечерта кога беше уапсен бил сместен во обична ќелија во притворското одделение, но по еден ден бил преместен во „хашка соба“, простории кои за разлика од останатиот дел во затворот имаат попристојни услови.Директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски, на независен весник вели дека Мијалков бил преместен во хашка соба бидејќи над десет години бил на висока полициска позиција во земјава.„Лицето било функционер на високи позиции. И поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, беше сместен во хашка соба. Тие се ставаат во хашки ќелии бидејќи биле функционери на високи позиции во Управата за безбедност и контраразузнавање и на високи полициски функции, а внатре има криминалци што може завршиле во затвор во време на нивно функционирање. Целта е да се спречат некои несакани ситуации. Сметаме дека треба да биде поизолиран“, вели Котевски.Според официјалните изјави на раководството, досега немало никакви поплаки од Мијалков. Храната му се носи во соба и не ја зема со другите затвореници. Во истото одделение со него, но во различна соба, е неговиот бизнис-партнер, најбогатиот Македонец, Орце Камчев, додека поранешните високи функционери кои беа заедно на врвот со Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, се сместени во обични ќелии.извадок од текст на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

Skopje-Interventional-Meeting-1-1392x987

Филипче: Клиниката за Кардиологија е еден од најголемите центри на Балканот

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче и директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за кардиологија, Жан Зимбаков, утринава го отворија Skopje Interventional Meeting, настан кој е од круцијално значење за размена на знаења и искуства кај медицинскиот персонал, како и унапредување на медицинската експертиза.Во своето обраќање, министерот Филипче информираше дека Клиниката за Кардиологија, според бројот на срцеви интервенции и особено бројот на интервенции кај акутниот срцев удар, е еден од најголемите центри на Балканот.Дневно се изведуваат срцеви интервенции кај 30-тина пациенти, и 5-10 акутни срцеви удари. Истовремено клиниката има голем број на периферни интервенции, пред се каротидното стентирање и интервенциите на артериите на нозете.„Ова е резултат на работа на цел тим, не само од интервентни кардиолози, туку и ехокардиографисти, интензивисти, и голем средно медицински тим“, потенцираше министерот Филипче.Постојаниот развој на медицината бара следење на сите современи текови и затоа се организираат вакви собири, со присуство на врвни експерти. Денешниот симпозиум има за цел да се прикажат најновите препораки и достигнувања во периферните интервенции.„Очекувам од следниве два дена да произлезат многу нови знаења и заклучоци кои ќе ја подобрат здравствената заштита во областа на кардиологијата“, рече министерот Филипче.Министерството за здравство ги следи барањата на Клиниката за кардиологија и ги поддржува во нивниот развој. Во следниот период ќе се вложува во подобрување на капцитетите, зајакнување со нов кадар и опрема, како и воведување на нови и современи кардиолошки интервенции во секојдневната работа.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Вработен во Влада го оштетил буџетот за над 2 милиони денари

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, на вчера  поднесе кривична пријава против С. П. (51) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РМ, со што го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи во Владата на РМ за вкупен износ од 2.079.471,оо денари.Имено, С. П. во својство на службено лице вработен во Службата за општи и заеднички работи во Влада на Република Македонија, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување како самостоен референт-организатор за услуги со фиксната и мобилната телефонија,  во временскиот период мај 2012 до август 2017 година, на непознати лица дал на користење девет СИМ картички, сопственост на Службата за општи и заеднички работи во Влада на РМ, без притоа да подготви и  потпише реверси за задолжување со податоци и потписи на лицата, како и своерачно потпишани изјави од истите со кои се согласуваат во случај на пречекорување на ограничувањето на сметките за користење на телефонските броеви, разликата од утврденото ограничување и висината на сметката да им биде задржана од месечната плата. Понатаму,  кога  фактурите од Македонски телеком пристигнале за наплата на побарувањата по основ на остварените мобилни услуги за 9-те телефонски броеви, пријавениот како овластено лице задолжен да врши контрола и проверка на сметките на корисниците на службени мобилни телефони, иако знаел дека  телефонските броеви ги користат лица на кои што не им следуваат телефонски броеви и нема изработени и потпишани реверси, своерачно се потпишал и ставил печат дека е извршена контрола и дека нема забелешки.  

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Во пожарот во Северна Калифорнија загинаа 84 лица

Американските власти соопштија дека бројот на загинати во пожарот во северниот дел на Калифорнија изнесува вкупно 84 лица.Огнот, познат како „камперски оган“, е совладан 95 проценти. Тој избувна на 8 ноември и го опустоши градот Парадајс, уништувајќи повеќе од 13.000 домови.Службата на шерифот на округот Бјут соопшти дека уште 560 лица се водат како исчезнати. Според властите, многу луѓе од списокот на исчезнати можеби се на безбедно и воопшто не знаат дека нивните имиња се на него.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Едно лице загина во оружена престрелка на грчко-албанската граница

Дилер на дрога бил убиен, а еден полицаец полесно повреден во оружена престрелка во близина на грчко-албанската граница, на околу 50 километри од градот Јанина. Според локалните медиуми од областа Епир, убиениот дилер бил албански државјанин, а полицијата трага по уште четири лица. „Околу 18 часот во областа Висани кај Јанина за време на полициска акција за случај со дрога и по оружена пресметка меѓу полицајците и криминалците, смртно беше повреден еден странски државјанин, а полесно повреден еден полицаец. Во околината беа пронајдени торби со дрога, соопштуваат од грчката полиција.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Шекеринска ќе го претстави буџетот во одбраната за наредната година

Минстерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска на прес конференција ќе го презентира буџетот во делот на одбраната за наредната година.Според Предлог-буџетот за 2019 година што Владата го прифати и го достави до Собранието предвидено е зголемување на буџетот на Министерството за одбрана за 7,8 милијарди денари.Покрај интезивирање на процесот на зачленување во НАТО најавени се и раст на платите за пет отсто на сите вработени во одбраната со стептемвриската плата во 2019 година.

Македонија | пред 7 години

idiot-3

Димитров на министерски состанок во Солун

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, заедно со неговите колеги од Албанија, Бугарија и домаќинот Грција,  учествува на четвртиот министерски состанок во Солун, на покана од алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.Квадрилатералната средба започна синоќа со вечера на четворицата министри, додека пак работниот дел ќе започне утрово со обраќање на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, по што ќе следи средбата на министрите за надворешни работи. Потоа предвиден е состанок на министрите за економија и развој, додека пак на крајот од работниот ден, домаќинот Јоргос Катругалос ќе одржи прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.Предвидено е темите за дискусија да ги опфатат прашањата во врска со развојот, регионалната соработка и економската интеграција на Балканот, интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како и други актуелни настани и прашања од заеднички интерес, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи во пресрет на состанокот.-Разговорите на министрите за надворешни работи ќе се фокусираат на прашања од заеднички интерес и на случувањата во поширокиот регион, а акцентот ќе се стави на прекуграничната соработка и регионална координација против предизвиците што ги надминуваат границите на секоја земја, како ние кои произлегуваат од континуираната нестабилноста на Блискиот Исток. Исто така, ќе се дискутира и за европската перспектива на Западен Балкан, соопштија вчера од грчкото МНР.Освен министрите за надворешни работи, на состанокот предвидено е и учеството на високи претставници од Министерствата за економија на четирите земји, а според грчкото МНР, тие ќе разговараат за изнаоѓање начини за зајакнување на екстровертноста, на енергетската соработка и поврзување на четирите економии, преку подобрување на инфраструктурата и искористување на дигиталната технологија.За претстојниот министерски состанок во Солун, алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкото радио „Сто кокино“, вчера рече дека намерата е преку редовните разговори, Балканот од буре барут во Европа, да стане регион што испраќа позитивни пораки. Тој додаде дека состанокот е редовна средба на која се промовира соработката меѓу земјите од регионот во прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста, но се разгледуваат и други теми.-На пример, заедно со нас, со министрите за надворешни работи, ќе ги имаме и министрите за економија за да разгледаме прашања поврзани со економската соработка во регионот. Претходните средби повеќе беа фокусирани на темите за соработка на министрите за внатрешни работи и цивилна заштита, на прекуграничните теми. Она што сакаме е редовно да разговараме, за Балканот повеќе да не биде буре барут во Европа. Напротив, да биде регион, која испраќа позитивни пораки до Европа и светот , рече Катругалос

Македонија | пред 7 години

magla

Сообраќајот се одвива тековно, на Стража има магла

Сообраќајот на патиштата низ Македонија утрово се одвива тековно по наместа влажни коловози. Намалена видливост од 80 до 100 метри поради магла има на планискиот премин Стража.Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.АМСМ потсетува дека од 15 ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

Македонија | пред 7 години

sudenje-6

Денеска судски рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Титаник" и „Титаник 3" на Специјалното јавно обвинителство.Минатото рочиште за „Титаник“ беше одложено поради oтсуството на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, како и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои се во притвор во затворот „Скопје“.Судот ќе треба да се изјасни по барањето на застапникот на обвинението на поранешниот премиер Никола Груевски, да му се суди во отсуство.Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности освен поранешниот премиер Никола Груевски, обвинети се повеќе лица, меѓу кои и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беа преслушани околу 70-тина аудио снимки предложени од Обвинителството. За случајот „Титаник“ СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 800 разговори.Во Кривичниот суд, денеска треба да продолжи и судењето за случајот „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Македонија | пред 7 години

kosovo-1

Сирени и истрели на Косово, уапсени четворица за случајот со Оливер Ивановиќ

Припадниците на специјалните единици на Косово, РОСУ рамо изутринава уапсиле четири лица, а се слушнало и пукање и сирени. Портпаролот на косовската полиција, Даут Хоџај изјави за РТС дека по налог на надлежниот суд единиците на косовската полиција извршиле рација на четири локации и привеле четворица во рамките на истрагата за убиството на Ивановиќ.Уапсен е Драгиша Марковиќ, припадник на Косовската полициска служба (КПС) кој работел на случајот на убиството на Ивановиќ, Саша Чуркиќ, Марко Рашиќ и Недељко Спасојевиќ, исто припадник на КПС. Според РТС, тие се одведени во полициска станица во Јужна Мировица.Претседателот на Српската листа Игор Сомиќ изјави дека не знае каде се однесени уапсените, а сопругата на уапсениот Марковиќ рекла дека го тепале со раце, нозе и со кундак.Според пишувањето на порталот Коссев, во Косовска Митровица од изутринава во 6 часот се до 7 часот се случале сирени за воздушна опасност, што ги вознемирило граѓаните. Во истиот период се слушнале и истрели.Ивановиќ беше убиен на 16 јануари годинава, пред седиштето на политичката партија „Слобода, демократија, правда“, на чиешто чело беше тој. Извршителите на убиството сè уште не се фатени од страна на полицијата.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Промоција на публикацијата „Насоки за надзор над разузнавањето“ во Собрание

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде промовирана публикацијата „Насоки за надзор над разузнавањето“.На промоцијата ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери, програмскиот менаџер ДЦАФ Марк Ремилар, амбасадорот на Кралството Холандија во РМ Ваутер Пломп, амбасадорот на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, Лукаш Холуб од Делегацијата на ЕУ во РМ, претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност Хари Локвенец, претседателот на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање Трајко Вељаноски и претседател на Комисијата за надзор над имплементацијата на специјалната истражна мерка следење на комуникации од страна на МВР, Финансиската полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана Емил Димитриев.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Повеќе делови од Скопје без струја

„ЕВН Македонија“ АД известува дека денес заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат:од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од Ресторан „Александар“ и околните куќи, ул Радишанска, Маркети Рептил, КАМ, и ГИГО. (Општина Бутел )од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од село Горно Оризари (Општина Бутел )од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од село Долно Количани, селата Горно Количани, Пагаруша и Вртекица, Објекти на МВР и АРМ на Солунска Глава, Драчевица, Цветово, нас.Мала Река, Равни Габер, Црвена Вода, Китка, Палиград, Алдинци, Караџица, и дел од корисниците од ул. Московска кај пазарчето ( Општина Студеничани и Карпош )од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Морава, Дел од ул. Гвадалахара, Гарсија Лорка, Брсјачка буна и Антони Дворжак (општина Шуто Оризари )од 09:00 до 09:30 часот, корисниците од дел од село Горно Оризари, дел од селата Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Голиево, и каменолом ГП Гранит (Општина Бутел и Чучер Сандево ) од 10:00 до 10:30 часот, корисниците од дел село Мирковци, Кучевиште, Побожје, дел од селата Љубанци, Бродец, Малино маало, Танушевци, Брест, и Кодра фура(Општина Чучер Сандево )од 10:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Љуботенски Пат, ул. Радишанска 30 и околните подулички, ул. Радишанска 30 (Општина Студеничани )од 11:00 до 11:30 часот, корисниците од дел село Сандево, Манастир Св.Илија, Караула Рамно, дел од село Мирковци, Бањани, Горњани, и Чучер. (Општина Чучер Сандево )

Скопје | пред 7 години

Christmas-in-New-York-baner

Голем добротворен концерт на Македонско – американската алумни асоцијација

По минатогодишниот успех на „One night in America“, овој декември Македонско – американската алумни асоцијација (МААА) организира голем добротворен концерт на најпопуларните американски поп и џез композиции поврзани со новогодишните и божикни празници под наслов „Christmas in New York“ во изведба на Биг бендот на Здружението на џез музичари (ЗЏМ).Со оркестарот ќе диригира Џијан Емин, а како солисти ќе настапат Ирина Карамарковиќ и Џон Илија Апелгрен.Kонцертот  ќе се одржи во големата сала на Македонската филхармонија на 15 декември 2018 /сабота/ од 20 часот.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно со максимална температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на места со сончеви периоди, особено околу пладневните часови. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Максималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени.Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.Утре ќе преовладува умерено до значително облачно време со појава на магла по одделни котлини. Од недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.Од среда ќе има и пад на температурата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања