Скопје1.мк

bacev-jonuz

Канал 5: Бачев ја злоупотреби „Само вистина“

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, не престанува со скандалите. Овој пат го злоупотреби просторот овозможен од Канал 5 во емисијата „Само вистина“, која е најгледана и највлијателна политичка емисија во земјава, за да упати навреди кон високи странски политичари, а повторно употребуваше и навредлив говор за Албанците, реагира телевизијата.На крајот од синоќешниот телевизиски дуел со аналитичарот Агим Јонуз, Бачев упати навредливи зборови кон претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, германскиот министер за надворешни работи Михаел Рот и германската канцеларка Ангела Меркел.„Бачев го искористи моментот дека емисијата се емитува во живо и навредите ги упати практично откако емисијата беше завршена со што тоа грубо ги прекрши етичките кодекси. Ова не беше единствениот случај. Во текот на емисијата Бачев неколку пати употреби навреди и кога говореше за Албанците. Со ваквите испади, Јанко Бачев по кој знај кој пат ја помина црвена линија во јавниот дискурс и го злоупотреби времето што Канал 5 му го овозможуваше во име на плурализмот на мислењата.Линијата меѓу слободата на говорот и говорот на омразата е јасно исцртана во демократиите кон кои Македонија се стреми. Канал 5 целосно свесна за улогата што ја имаат медиумите, соопштува дека во иднина на нашата програма нема да има место ниту за Бачев, ниту за други останати поединци слични на него, кои со преку злоупотреба на јавниот простор, со помош на навреди и дисквалификации, се обидуваат да ги остварат свои цели, притоа не водејќи грижа за елементарните морални постулати.Потсетуваме дека Бачев и летово во изјава за медиумите користеше навреди за нашите сограѓани Албанци. Случајот го проверуваше и јавното обвинителство, но нема информации дали нашле елементи за говор на омраза или случајот е затворен“, се наведува во реакцијата на Канал 5.

Македонија | пред 7 години

images_todorov-21

Тодоров со извинување до жените за Законот за абортус

Тодоров со извинување до жените за Законот за абортусПоранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 упати извинување до сите жени за контраверзниот Закон за абортус кој се донесе додека тој беше министер.Законот беше донесен во 2013 година, во отсуство на пратеничката група на СДСМ. Пратениците од тогашната власт го изгласаа со 62 гласа „за“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Никола Тодоров додека министерувал правел и операции?!

Поранешниот министер Никола Тодоров при посета на болницата во Охрид на 1 ноември 2013 година на докторите им објаснувал како тој лично пробал да оперира како што им појаснува со најмодерна опрема пациент во присуство на некој хирург.На архивскиот видео материјал објавен тогаш на порталот „Охрид 1“ се слуша:„Јас пробав лично. Значи кога ќе ги допреш тие се осеќа, се комплетно. Тоа е како видео игра. А видите јас сум нестручен, ама пробав да видам како ќе се чувствувам. Со мене беше и еден врвен хирург и тој вика идентично“ - објаснува Тодоров пред докторите во Охрид.Како оперирал Тодоров во областа на роботската хирургија внимателно слушаат и сега актуелните пратеници, докторите Љубен Арнаудов и Сашо Василески.Интересно е дека кога Тодоров вели дека е нестручен, докторите возвраќаат со:„ Не би рекол дека е така“

Македонија | пред 7 години

27-april

Нови 12 часа во судница за обвинетите за 27 април

Нова 12 часовна судска тортура се алучила на вчерашното судење за настаните од 27 април. По којзнае кој пат судењето повторно траело предолго иако предходно независни набљудувачи предупредија дека со тоа се кршат правата на обвинетите и случајот поради тортура може да падне во Стразбур.Во Кривичниот суд во Скопје со прикажување видео снимки од безбедносните камери продолжи судењето за случувањата во Парламентот на 27 април минатата година.Едната снимка од безбедносната камера од пред кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски се гледаше до околу 17 часот, а потоа беше пуштена и другата снимка од балкон-салата во Собранието.На првата снимка се гледа движење на обезбедувањето на Вељановски, како и на обвинетите Горан Ѓошевски, Елена Божиновска и Иван Цветковски, кои ја упатуваат толпата луѓе низ ходникот што води кон прес-салата во Собранието.

Македонија | пред 7 години

ZAKINTOS-1

ВИДЕО: Жителите на Закинтос, Грција во паника, асфалтот оштетен - куќите изронети

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Анализа на случаите на убиства на жени

Анализа на случаите на убиства на жени во периодот од 2008 до 2016 година, како и препораки за унапредување на заштитата на жените жртви и препораки за превенција од оваа најтешка форма на насилство ќе бидат презентирани денеска во Скопје.Презентацијата на публикацијата „ Анализа на случаи на Фемициди – убиства на жени во Република Македонија “ чиј дел се и случаите на убиства на жени во овој период ја организира Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.– Анализата е спроведувана во периодот септември – ноември 2017 година. Покрај презентација на наодите добиени од увидот во судските предмети, ќе бидат презентирани и препораки за унапредување на заштитата на жените жртви, како и препораки за превенција од оваа најтешка форма на насилство, велат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.На настанот, воведни обраќања треба да имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерка за труд и социјална политика работи Мила Царовска, и постојаната координаторка на ОН и постојана претставничка на УНДП Луиза Винтон.

Македонија | пред 7 години

avirovik

На исклучените од ВМРО им се приклучува Авировиќ

Исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени немаат намера да го вратат мандатот, како што бара матичната партија. Меѓу нив траат последните консултации по што е најавено официјално формирање нова пратеничка група, која самостојно ќе дејствува во Собранието. Засега нивната група ќе брои осум пратеници, но се остава простор за проширување со евентуално нови пратеници од актуелната опозиција.Според информациите што ги добивме од исклучените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, на нив ќе им се придружи и Слободанка Авировиќ од Социјалистичката партија која, исто така, одлучи да гласа „за“ договорот со Грција со што ја „предаде“ коалицијата „За подобра Македонија“.„Во овој момент, приоритет ни е да се договориме меѓу себе, да ги искоординираме следните настапи и да видиме како ќе функционираме во иднина. Не се приклонуваме никому, ќе бидеме самостојни. Потоа, ќе разговараме и со Панче Минов, кој најави дека нема да ги поддржува политиките на ВМРО-ДПМНЕ поради разрешувањето на Митко Јанчев од потпретседателското место. Секако дека сме отворени за соработка, но не можеме да предвидиме што ќе се случува во следните фази од процесот во парламентот“, велат нашите соговорници.Исклучените пратеници не сакаат од името на новата група да биде избришан префиксот ВМРО, па се прават комбинации како да се зачува. Потсетуваат дека во минатото имало примери каде ВМРО-ДПМНЕ имало и по десет свои пратенички групи со исто име со цел да имаат повеќе време за збор на седниците во Собранието или на комисиските расправи.Од друга страна, во ВМРО-ДПМНЕ и вчера продолжија да ги напаѓаат седумте нивни пратеници што им свртија грб: Крсте Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Нола Исмајлоска-Старова, Зекир Рамчиловиќ, Емилија Александрова и Елизабета Канческа-Милевска. Потенцираат дека само неколку дена пред да гласаат „за“, Александрова, Исмајлоска-Старова и Канческа-Милеска гласале „против“ ставањето на точката за промена на уставот на дневен ред на парламентарната седница.„Четири дена подоцна, гласаат сосема спротивно. Можете да претпоставите што се случувало во тие четири дена“, обвинуваат во ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Предупредување за цунами по земјотресот во Грција

По силниот земјотрес во Грција, кој беше почувствуван и во Македонија и Албанија, издадена е и тревога за цунами на брегот на Средоземно море.Според соопштението на Европскиот сеизмолошки центар, постои опасност од забрзано растење на висината на брановите и затоа од луѓето е побарано да останат подалеку од плажите.Јужниот дел на Грција го потресоа неколку земјотреси од кои најсилниот беше со интензитет од 6,8 степени по Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на околу 290 километри западно од Атина и на длабочина од 10 километри.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Силен земјотрес почувствуван и во Македонија

Три силни земјотреси ја погодија Грција и истите се со епицентар во Јонското море на оддалеченост од околу 46 километри југозападно од островот Закинтос.Првиот потрес е почувствуван околу 00:22 часот со јачина од 5,1 степен според Рихтер, вториот во 00:54 со јачина од 6,8 степени, а третиот е регистриран во 1:09 со јачина од 5,6 степени. Сите три се на длабочина од 10 километри.Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, особено во југо-западните делови.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Џибони доаѓа во Скопје

Од „Авалон продукција“ најавуваат голема предновогодишна журка. Како и досега, декември е месецот кога се одржува „All you need is love“ фестивалот.Годинашното издание е резервирано за недела, 23-ти декември во ВИП Арената „Борис Трајковски“, а главна ѕвезда на вечерта ќе биде регионалната ѕвезда Џибони.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Викендов сончево и топло време со температури до 23 степени

За време на претстојниот викенд времето ќе биде стабилно и потопло со умерен, повремено засилен јужен ветер, соопшти УХМР. Температурата на воздухот ќе има тенденција на покачување, освен утре кога се очекуваат пониски утрински температури. Во почетокот на следната недела ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд.Времето утре ќе биде претежно сончево и потопло. Преку денот ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура во земјава ќе се спушти во интервалот од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.Во Скопје ќе биде сончево со умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 2 до 20 степени.

Македонија | пред 7 години

navivaci-sirok-sokak-4

Широк сокак обоен во црвено-жолто

Репрезентацијата на Македонија денеска го пречекува составот на Турција на почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Средбата се игра во Битола, а навивачите веќе го окупираа „Широк сокак“.Атмосферата се загрева како наближува почетокот на средината и сосема извесно е дека трибините во салата „Боро Чурлевски“ ќе бидат исполнети до последно место.

Македонија | пред 7 години

mkd-395859

Саудијците признаа: Убиството на новинарот било планирано

Си-ен-ен се повика на веста објавена од Саудиската новинска агенција, а во која, меѓу другото, се наведува дека до нови информации дошле благодарение на турските истражители.„Осомничените за убиството на новинарот Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на почетокот на октомври постапиле со предумисла“, рече денес саудискиот главен државен обвинител.Изјавата на државниот обвинител во Ријад се противречи на претходните тврдења на саудиските официјални лица за тоа дека новинарот, кој пишувал за американскиот весник Вашингтон Пост и го критикувал режимот на својата татковина, бил убиен во борба.„Информацијата добиена од турската страна вели дека осомничените во случајот Кашоги делото го извршиле со предумисла“, соопшти државниот правобранител Сауди бин Абдула, а пренесе саудиската државна новинска агенција СПА.„Државниот правобранител ја продолжува истрагата против обвинетите во светло на добиените информации и резултати од истрагата“, се наведува.Саудиска Арабија во саботата, по две недели негирање на каква било вмешаност во исчезнувањето на новинарот, призна дека бил убиен во конзулатот.Министерството за надворешни работи на оваа нафтена монархија после опиша дека смртта настапила како последица на активностите на одметнатите оперативците кои ги пречекориле овластувањата.Во средата и престолонаследникот Мохамед бин Салман го осуди убиството како „гнасно и многу болно злосторство“ и вети дека судот ќе ги казни виновниците.Убиството ги отежна односите на западните земји со богатата монархија, најголемата извозничка на нафта во светот, голем купувач на оружје од запад.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Во Ријад направени договори од 56 милијарди долари и покрај страшното убиство на новинарот

Властите на Саудиска Арабија соопштиле денес дека биле потпишани договори вредни 56 милијарди долари на овонеделната инвестициска конференција во Ријад, и дека САД ќе останат клучен партнер на Саудиска Арабија, и покрај делумниот бојкот на тој собир поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.Еден број водечки светски службеници и директори на компании од САД и Европа ја бојкотирале тридневната инвестициска конференција која почнала во вторникот, но, и покрај тоа, конференцијата "Идни инвестициски иницијативи" привлекла стотици бизнимени и владини службеници од земји ширум светот.Главна цел на тој настан е привлекување на странски капитал за да се поддржи спроведувањето на саудиските економски реформи."Направени се повеќе од 25 договори во вредност од 56 милијарди долари", изјавил саудискиот министер за енергетика Калид Ал Фалих на државната телевизија, додавајќи дека со американски компании биле потпишани најмногу договори."САД ќе останат клучен дел од саудиската економија бидејќи интересите кои не врзуваат се многу поголеми од интересите кои ослабеа со неуспешниот бојкот на конференцијата", изјавил тој.Убиството на Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул предизвикало критики од целиот свет, а Саудиска Арабија дури по повеќе од две недели соопштила дека Кашоги бил убиен во нејзиниот конзулат во Истанбул.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Вице Заев ја официјализираше коалицијата со Мијалков

Со интервјуто на братот на Зоран Заев, Вице Заев само се официјализираше новата коалиција Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков, реагира ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Вице Заев.Иако не е достојно нивото на комуникација потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски да му одговара на Вице Заев човек за кој постојат сериозни сомнежи за криминал би го посочиле следново: Непобитен факт е дека Вице Заев е дел од структурите кои вршеа притисок, уцени и закани врз пратеници за да гласаат „ЗА“ уставните измени, водејќи се од лични и лукративни интереси за него и неговото семејство. Тоа е единственото што знаат да го прават. Такви се тие „успешни бизнисмени“.Вистината и правдата ќе дојде на виделина и ќе дојде време за тоа. Нема никакво извинување за криминалниот картел на власта, а судството кое е целосно диригирано од Заеви каде неправдата „цвета како пупка“ истото тоа кое го ослободува братот на Вице, Зоран Заев од очигледни криминали каде постојат видеа за поткуп, во овој момент не може да испорача правда. Иако ќе дојде набргу време и тоа да се промени.И за крај во НАТО и ЕУ не поминуваат бизнис шемите на Заеви и затоа е смешно Вице да зборува за нив“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

200 вработени во администрација – живеат во странство, а земаат плата

Вработен во администрација, не живее во државата, а си добива плата. Овој профил на државен административец беше презентиран од универзитетските професори кои зборуваа на тема реформи на администрацијата. Станува збор за главно таканаречени рамковни вработувања.Министерот не верува во ова, бројката од 200 административци ја става во друга графа.Но не се само административците печалбари проблем во администрацијата. Направени се две анализи, а по резулаттаите од нив државата ќе става ред во хаосот, вака се изрази министерот Дамјан Манчевски. Има институции кај кои се преклопуваат надлежности, има органи кои имаат само по еден или по двајца вработени и тие треба да бидат елиминирани.Реформите според планот и целта не би требало да предизвикаат отпуштања, а доколку се појави вишок вработени ќе се прави договор со приватниот сектор да бидат префрлени таму.

Македонија | пред 7 години

Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: Мицкоски не може да се помири дека конечно се гради систем на социјална и детска заштита којшто ќе извлекува од сиромаштија

„Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува лицемерно се однесува кон најранливите категории граѓани, стиснати во прегратката на Никола Груевски, човекот што 11 години го уништуваше системот на социјална заштита додека парите на граѓаните ги трошеше за луксуз, барок, споменици и криминални тендери. Очигледно антинародниот Христијан Мицкоски не може да се помири со тоа што конечно се гради систем на социјална и детска заштита којшто ќе извлекува од сиромаштија“, велат од владејачката СДСМ.Оттаму додаваат дека, пионот на Никола Груевски, антизападниот Мицкоски, заглавен во криминалот на неговиот претходник, може да учи што значи вистина грижа за ранливите граѓани и како се гради систем што извлекува од сиромаштија.„Владата предводена од СДСМ во изминатиот период спроведе низ мерки што обезбедуваат повеќе пари кај семејствата, а се работи и на суштинска реформа на системот за социјална и детска заштита кој ќе има за цел трајно извлекување на граѓаните од сиромаштија. Со реформите на системот на социјална и детска заштита, на почетокот на следната година, покрај постојните 26 илјади домаќинства, кои добиваат гарантирана социјална помош, дополнителни 11 илјади домаќинства ќе имаат право на овој надоместок.Семејствата со деца и со ниски приходи ќе добиваат полесен пристап до детскиот додаток и се очекува бројот на деца кои ќе го користат ова право да биде над 70 илјади, за разлика од едвај 3 илјади деца кои сега имаат право на детски додаток. Се воведува детски и образовен додаток, надоместоци кои освен корисниците на гарантираниот минимален приход, право на негово користење ќе имаат и домаќинствата со минимални приходи.Дополнително Владата предводена од СДСМ го решава проблемот со стечајните работници. Со последните законски измени околу 8.100 стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок во висина од 7.596 денари до пензионирање. Јасно е, се спроведува сериозни и сеопфатна реформа на системот за социјална заштита што беше урнисан од носителот на криминалот, Никола Груевски“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Сомнителен пакет испратен во ресторанот на Роберт де Ниро

Сомнителен пакет, сличен на оној што вчера беше испратен до Си-ен-ен и до високи претставници на Демократската партија, беше испратен во ресторанот во сопственост на холивудскиот актер Роберт де Ниро во Њујорк.Ен-би-си известува дека сомнителниот пакет пристигнал во ресторанот на Де Ниро, „Трибека грил“, во раните утрински часови во Њујорк.              Доколку овој пакет е поврзан со импровизираните бомби што деновиве се испраќани до демократите и до Си-ен-ен, тоа ќе биде осмиот експлозивен уред што беше испратен на адресата на критичарите на американскиот претседател во последните неколку дена.Инаку, Де Ниро на американската јавност ѝ е познат не само по актерството, туку и како жесток критичар на американскиот претседател Доналд Трамп.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Мерната станица во Лисиче не го мери загадувањето на воздухот

Мерната станица која го мери квалитетот на амбиенталниот воздух во скопската населба Лисиче веќе три недели не е во функција и не покажува податоци за загадување со канцерогените ПМ-10 честички и воопшто не го мери количеството на ПМ-2,5 честичките, а нередовно ги покажува и концентрациите на озон, пишува Мета.Инструментот поставен во Гази Баба уште од август не ги мери концентрациите на ПМ-10, а во Карпош не се мерат ПМ-2,5 честичките.Гази Баба, заедно со населбите Аеродром, Лисиче и Ново Лисиче, минатата година ги соборуваа рекордите со најмногу загадени денови- лани 177 имало во Гази Баба, потоа следи Лисиче со 161, Центар кај Ректоратот 154, Центар 147 и Карпош 145 денови.Линкот на сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање, на кој треба да бидат јавно достапни податоците за степенот за загадување на воздухот во Скопје и во другите градови во државата не е во функција, бидејќи е променета веб-адресата во http://air.moepp.gov.mk што е збунувачки за граѓаните.Ниту министерот за животна средина Садула Дураку, ниту пак заменикот-министер Јани Макрадули, не беа достапни за изјава во врска со мониторингот на загадувањето на воздухот туку најавија соопштение до јавноста во кое требало да ги образложат причините за несоодветното информирање за загадувањето.„Мерните станици се сервисираат“ е одговорот кој најчесто се добива од Министерство на прашањето, зошто некои мерни станици за квалитет на воздухот во главниот град на државата, поставени токму од ова Министерство, веќе подолго време не враќаат податоци за степенот на загадување со честичките ПМ 10 и ПМ 2,5 кои се едни од најсериозните индикатори за опасност од аеро-загадување.Ова може да се забележи и на веб-апликацијата и сајт Мој воздух, која редовно добива податоци од истите мерни станици на Министерството, но каде дел од станиците враќаат само некои од параметрите кои се на листата за мерења.Авторот на овој мошне посетуван сајт, Горјан Јовановски, вели дека нема повратен одговор од Министерството зошто некои мерни станици испраќаат податоци за некои параметри, додека други не.Според О2 Коалицијата за чист воздух симптоматично е дека мерните станици во Гази Баба и Карпош за помалку од два месеца се повторно на сервисирање, калибрирање и прашуваат зошто не е добро направено претходното..„Пред скоро два месеци испративме повеќе прашања до Министерството за животна средина и просторно планирање на кои и покрај најавениот одговор од 15 дена од заменик министерот Јани Макрадули, одговори до ден денешен не добивме“, велат од О2 Коалицијата.

Скопје | пред 7 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери чека известување за нова пратеничка група

Во однос на најавата и можноста за нова пратеничка група од осумте пратеници од опозицијата што ги поддржаа уставните измени, претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека Деловникот го дозволува тоа, но тие сè уште не доставиле известување до него како ќе постапат.- Тие имаат право според Деловникот за работа на Собранието имајќи предвид дека се отцепиле од коалицијата и одлуката на партијата да ги исклучи и, според Деловникот, може да се самоорганизираат имајќи предвид дека се повеќе од пет. Но, од формален аспект треба индивидуално и формално да се изјаснат за својот статус, дека не се дел од коалицијата и потоа со нов акт да ме известат за да може да формираат пратеничка група. Кога и да се изјаснат, нема временска дистанца да го направат тоа - рече Џафери.

Македонија | пред 7 години

ivona-talevska-man

МАН: Скандалозна е поддршката на поглаварот на ИВЗ за убиството на саудискиот новинар

Скандалозна е поддршката на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, кој во име на Исламската верска заедница и сите муслимани од Македонија ги поддржува кралот и кралското семејство на Саудиска Арабија во случајот со свирепото убиство на новинарот Џамал Кашоги, велат од Македонската асоцијација на новинарите (МАН).„Против свирепото убиство на саудискиот новинар Џамал Кашоги се крена целиот демократски свет и го осудија сите новинарски здруженија и асоцијации во светот. Поглавар на која било верска заедница во ниеден случај не смее да релативизира ничие убиство, а најмалку свирепо убиство на новинар, мачна смрт што со денови беше криена токму од саудиското кралско семејство. Сулејман Реџепи се стави на спротивната страна од целиот демократски свет и не го осуди убиството“, се наведува во реакцијата на МАН.

Македонија | пред 7 години

silegov-1

Шилегов на прошетка во Истанбул

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, ја потенцира важноста од имплементирањето на системот на иновации во креирањето еколошки напреден град, како и чекорите што Град Скопје ги реализира во оваа област за време на неговото учество на регионалниот самит Regional Living Lab Summit, кој во наредните неколку дена се одржува во Истанбул, Турција.„Град Скопје презема чекори и активности за да овозможиме систематски и интегрален пристап кон креирање услови за развој на иновативен екосистем. Нашиот пристап се рефлектира преку еден поширок концепт на Центарот за креирање и развој на бизниси. Преку овој концепт системски се развиваат повеќе области, каде што реализираме поголем број активности и проекти. 'Скопје лаб' е резултат на соработката помеѓу Град Скопје и УНДП. Целта на овој центар е зајакнување на капацитетите на градската администрација, нејзините процеси, постапки и дејствување. 'Скопје лаб' функционира како центар за иновации на Град Скопје, чиј фокус е подобрување на услугите што градот им ги нуди на граѓаните.'Лабораторијата за урбано живеење' во Скопје е резултат на успешното дејствување во рамките на проектот РОК во рамките на европската програма за истражување и иновации 'Хоризонт 2020'. 'Лабораторијата за урбано живеење' има цел да биде модел за развивање на можности во Скопје. Од аспект на функционалност, целта му е да ги зближи широкиот опсег на заинтересирани страни од областа на развојот и урбаното планирање“, рече Шилегов.Самитот го отвори градоначалникот на Истанбул, Мевлут Ујсал, и тој има цел да креира модел за развој на иновативен екосистем во регионот, со акцент на можноста Истанбул да прерасне во регионален центар и мост помеѓу земјите во развој од Блискиот Исток и Северна Африка и веќе развиените земји од Европа.Искуството на градот Истанбул на полето на иновативен развој покажува дека клучот на успехот е во моќта на одлучувањето, политиките и посветеноста на општините и владата, кои се поддржани од страна на јавни, приватни или академски иновативни екосистеми. Истанбул има екосистем составен од повеќе од 60 иновативни центри.На самитот во Истанбул учество зедоа претставници на голем број општини и државни институции од Турција, научни центри и универзитети и организации вклучени во иновативните екосистеми, како и градоначалниците на Тунис - Бен Суад, на Приштина - Шпенд Ахмети и на општината Трептоу-Копеник во Берлин, Свен Шмол.Во рамките на посетата на Истанбул градоначалникот Шилегов и делегацијата на Советот на Град Скопје остварија средба со градоначалникот на Истанбул, Мевлут Ујсал. На средбата е дискутирано за досегашната соработка меѓу двата збратимени града, како и за можностите и областите во кои може таа да се интензивира.

Скопје | пред 7 години

dokumenti

Прилепчанец со лажирани документи подигнал кредит од 300 илјади денари

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишен прилепчанец за сторено кривично дело измама при добивање кредит или други погодности.Како што информираат од МВР, на 31 август годинава, во филијала на банка во Прилеп, пријавениот поднел барање за одобрување кредит, при што образците ги пополнил со лажни податоци дека е вработен во фирма со работен стаж од две години за што приложил и невистинита потврда за вработување и лични примања и други документи, сите со потпис и печат од сметководствена служба и директор на фирмата.Врз основа на наведената документација на 3 септември годинава банката му одобрила и исплатила кредит во износ од 300.000 денари, но при извршени проверки во наведената фирма, банката добила извесување дека пријавениот никогаш не бил вработен во неа.

Македонија | пред 7 години

maxresdefault-1

(Видео) Митовска: СДСМ удира по најсиромашните

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања до власта. СДСМ продолжува да удира по најсиромашните, односно Владата крати 6 милиони евра од буџетот наменети за намалување на сиромаштијата, обвини Слаѓана Митовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.Митовска посочува дека Заев од опозиција ветуваше дека буџетот треба да се троши за најсиромашните, но тој само создал лажна надеж кај луѓето и предизборно ги манипулирал, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.„Овие кратењата се случуваат во период кога Република Македонија има над половина милион граѓани што живеат во сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај или тоа се 21,9 отсто од вкупното население во државата. СДСМ, иако имаше можност една и пол година, не презема ниту една мерка за реално намалување на сиромаштијата, напротив, во економијата продолжија да ги користат бенефитите што беa спроведени од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Митовска.Дополнително, додава таа, државата е на трето место во светот по младинска невработеност, таа изнесува над 50 отсто, а пред нас се само Јужна Африка и Босна и Херцеговина, а ова се, вели Митовска, официјални податоци на Светската банка.„Извршувањето на капиталните инвестиции за девет месеци изнесува само 24,7 отсто, што е очајно најниско ниво на реализација од постоењето на државата до денес. Ова е показател на неработа и незнаење и во никој случај со ваков начин на работа не можеме да очекуваме нови работни места“, посочува Митовска.

Македонија | пред 7 години

stoltengerg

Премиерот Заев имаше телефонски разговор со Столтенберг: Пратениците ги надминаа партиските разлики

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со Јенс Столтенберг, Генералниот секретар на НАТО, кој изрази комплименти, поддршка и честитки за успехот во понатамошна имплементација на Договорот од Преспа.Генералниот секретар на НАТО ја поздрави храбрата, голема и државничка одлука на пратениците, и му пренесе на премиерот Заев дека во НАТО се среќни што Република Македонија продолжува напред, и уште додаде дека во таа насока испраќа честитки и за успешно завршените пристапни разговори за членство во алијансата на 18 и 19 октомври во Брисел, и порача дека НАТО останува фокусиран на завршување на процесот на интеграцијата на земјата во сојузот.Претседателот на Владата на РМ Заев се заблагодари на честитките, и се согласи дека пратениците ги надминаа партиските разлики за добро на државата и донесоа голема и важна одлука.Премиерот Заев во телефонскиот разговор со Генералниот секретар на НАТО истакна дека одлуката во  Собранието на РМ е силен импулс Република Македонија да продолжи силно напред, и дека охрабрувањето, поддршката и пријателството од НАТО сојузниците ќе има позитивно влијание да се зголеми мнозинството кое ја поддржува имплементацијата на Договорот од Преспа.Тој информираше дека се очекува просецот да заврши во јануари, по што Република Македонија ќе може да го заземе заслуженото место во НАТО.Во телефонскиот разговор со Генералниот секретар на НАТО Столтенберг премиерот Заев уште информираше дека паралелно продолжуваат да се спроведуваат реформите, вклучително и реформите на безбедносниот сектор, и дека институциите во земјата имаат капацитет да ги спроведат сите потребни обврски што доаѓаат со полноправното членство во НАТО.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања