Скопје1.мк

dozd

Облачно со повремен дожд

Денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во попладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 18 Целзиусови степени, во Крива Паланка, Струмица и Прилеп 15, Кичево 11, Охрид 14, Кавадарци 18 и Гевгелија 21.Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има појава на повремен дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 12 до 22 степени.Четврток и петок ќе биде сончево со мала локална облачност.

Македонија | пред 7 години

den

Денес се слави Денот на македонската револуционерна борба

Во Република Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Владина делегација предводена од министерот без ресор за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателката Фросина Ташевска-Ременски, а во состав Диме Велковски и Жаклина Пешевска, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје.На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

mitko-janev

Јанчев за „Скопје1“: Во ВМРО ДПМНЕ нема простор за различно мислење

Митко Јанчев, досегашен Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ кој од вечерва е во процес на исклучување од партијата, за „Скопје 1“ вели дека овој како што го нарекува неосновани обвинувања нема да го направат помалку вмровец и дека ќе се мотив да продолжи со уште поуспешно вршење на функцијата Градоначалник на Кавадарци.Во писмениот одговор стои:„По предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицковски на вчерашниот ЦК бев разрешен од функцијата потпретседател. Живееме во време кога светот прогресивно оди напред во секое поле. Време во кое акцентот го ставаме на демократијата и слободното размислување. Неоснованите обвинувања на вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на ЦК беа маска за неспособноста за прифаќање на различни ставови и покажаа дека нема место за неостомисленици во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.Овие обвинувања како и симнувањето од функцијата потпретседател нема да ме направат помалку вмровец“ - вели Јанчев и додава:„Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не е подготвено да оди напред и да стане една модерна и демократска партија, напротив многу круто и агресивно ги "чисти" оние чии перцепции се насочени кон една таква модерна партија. Како Градоначлник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ уште поуспешно ќе ја извршувам оваа функција, а за моето успешно менаџирање со општината сведочи скоро цела една година со голем број реализирани проекти, проекти кои се во тек и средување на општината и водење кон целта Кавадарци на прво место“ - стои во писмената изјава на Митрко Јанчев испратена до „Скопје1“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Николовски: Им ја честитам криминалната коалиција на Заеви и Мијалков

„Да ја честитаме новата криминална коалиција на Македонија, Вице Заев, Зоран Заев и Сашо Мијалков“, ова го искоментира потпретседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, по што го повика Обвинителството да постапува за наводите за криминал против Мијалков.Николовски ги потврди информациите на Скопје 1, за исклучување на Сашо Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ поради дејствија спротивно на интересите, притоа поради организирање поткуп за осумте пратеници кои гласале „за“ уставни измени. Тој ја потврди уште една од информациите на Скопје1, дека разрешен е Митко Јанчев со тајно гласање.Николовски побара оставка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои го поддржале процесот за уставни измени.  

Македонија | пред 7 години

nikola-todorov

Општински комитети барале исфрлање на Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ

Ексминистерот за здравсто, Никола Тодоров вечерва бил тема на дикусија за време на состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според неофицијални информации, повеќе општински комитети барале негово исклучување, по што одлуката била потврдена од членовите на комитетотТој пред една година се повлече од сите функции во партијата, откако, дедото на починатата Тамара се обиде да го убие пред министерството за здравство.Митко Јанчев исфрлен од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски бара конгресМијалков без гласање и овации исклучен од ВМРО-ДПМНЕСашо Мијалков се појавил во седиштето на ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 7 години

mijalkov-1

Мијалков без гласање и овации исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

На вечерашниот состанок на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ акламативно односно без гласање (со овации и аплауз), долгогодишниот член и висок функционер, Сашо Мијалков бил исклучен од партијата, потврдуваат извори од ВМРО-ДПМНЕ.Мијалков е идентификуван како главен виновник за исходот од гласањето за предлогот за пристапување кон уставни измени, односно „оркестратор на црниот петок“. Најчестите обвинувања се дека „тој директно влијаел на исходот кој се случил во Собранието и дека преку седумте пратеници се спасувал исклучиво себеси и своите бизниси, а на штета на Македонија“. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сашо Мијалков се појавил во седиштето на ВМРО ДПМНЕ

Претходно: Мијалков без гласање и овации исклучен од ВМРО-ДПМНЕИзвори од партијата велат дека Мијалков се појавил неочекувано и како што самиот рекол дошол да му даде подршка на Мицкоски и да објасни дека воопшто не се точни информациите оти тој наводно подготвувал смена на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, како што претходно денеска објавуваа медиумите блиски до СДСМ, а тој потоа јавно демантираше. Исто така, побарал единство меѓу членството, бидејќи рекол дека тоа е нешто што во овие моменти е најпотребно. Но, бил и категоричен во својот став дека не сака да се меша воопшто во одлуките и чекорите на Мицкоски и раководството на партијата, пишува Нетпресс.мкСпоред нашите сознанија, Мијалков не останал многу долго во седиштето на ВМРО ДПМНЕ и нема информација со кого се’ тој имал средби додека бил таму.

Македонија | пред 7 години

mitko-janev

Митко Јанчев исфрлен од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски бара конгрес

Претходно: Мијалков исфрлен со овации од ВМРО-ДПМНЕНеофицијално, сопственикот на „Кожувчанка“ и долгогодишен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев е уште еден од лица за кого Централниот комитет донел одлука да го исфрли од партијата, дознава „Скопје1“. Освен него, исфрлен е и реформаторот Костадин Богданов.„Скопје 1“ го исконтактира Јанчев, кој не знаеше за одлуката донесена на Централниот комитет кој е во тек. Тој ја замоли екипата на „Скопје 1“ да го информира за секоја наредна новност, бидејќи од партијата, тоа не го прават.На состанокот, претседателот Христијан Мицкоски побарал предвремено одржување на конгрес, но неговите сопартијци одбиле, велат за Скопје1.мк извори од партијата.

Македонија | пред 7 години

erdogan-1

„Листа 500“: Ердоган е највлијателниот муслиман во светот

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, се најде на врвот од листата на највлијателни муслимани од целиот свет, втората позиција му припадна на саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал-Сауд, а на трето место е јорданскиот крал Абдула Втори, објави новинската агенција „Анадолија“.Јубилејната десетта едиција на годишната листа „500 највлијателни муслимани“, овој пат за 2019 година, ја објави Кралскиот исламски центар за стратешки истражувања со седиште во Јордан.Во извештајот се вели дека Ердоган во август 2014 година станал првиот директно избран претседател на Турција и дека вториот мандат го освоил со победа во првиот круг.„За време на мандатите на Ердоган, Турција постигна невиден економски раст, воведе уставни промени и повторно се етаблира како една од главните светски сили“, се вели во соопштението.Исто така, се додава дека Турција под водство на Ердоган се фокусира на зајакнување на односите и соработката со земјите на сите седум континенти, а особено со соседите, вклучувајќи ја и Грција.Во изданијата на листата 500 за највлијателни муслимани во светот за 2016 и 2017 година Ердоган го држеше осмото место, а во 2018 беше на петтата позиција.

Свет | пред 7 години

kocijancic

Коцијанчич: САД и Русија да се држат до нуклеарниот договор

Европската Унија ги повикува САД и Русија да се придржуваат кон договорот за нуклеарно оружје (ИНФ) со среден дострел и да обезбедат целосно и докажано негово спроведување“.„Ние веруваме дека е потребно САД и Русија да спроведат конструктивен дијалог со цел да го зачуваат договорот“, рече портпаролката на Европската Унија, Маја Кочијанчич, на денешната прес-конференција.Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарно оружје бидејќи Русија го прекршувала овој договор.Иако не понуди пример за тоа како Русија го прекршува овој договор, сепак Трамп изјави „Русија го прекршува договорот, тие го кршат со години“, посочи американскиот претседател по митингот во саботата во Елк, Невада, каде што рече дека САД нема да им дозволат на Русите да прекршат нуклеарниот договор.По објавувањето на одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарно оружје од среден дострел бидејќи Русија го прекршила договорот, пристигнаа првите реакции од Русија. Официјален претставник од руското Министерство за надворешни работи рече дека главната причина за оваа одлука е сонот на Вашингтон за униполарен свет, а по ова, реакции пристигнаа и од други руски, но и светски лидери и политичари.

Свет | пред 7 години

mickoski-1

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Пратениците од најголемата опозициска партија се со спротивставени мислења пред вечерашниот состанок на Централниот комитет на партијата. Пратеникот Илија Димовски преку отворено писмо порача дека тој нема да учествтува во, како што вели, фингирани битки и пресметки во ВМРО-ДПМНЕ.„Прво и неодложно, мора да се направи темелна, а не козметичка реформа на партискиот Статут, со целосна демократизација на процесот на носење политички одлуки, но и целосна демократизација на процесот на избор на партиските тела и органи почнувајќи од месните комитети, па сè до највисоките органи. Второ и суштинско, да се напушти принципот дека партијата мора да се води по правилото за градење култ на личност. Трето, ВМРО-ДПМНЕ има обврска да направи дисконтинуитет со грешките од минатото. И, четврто, партијата мора да научи да гради нови мостови наместо да ги крши и оние што досега го има“, пишува Димовски.Од друга страна, пак, пратеникот Антонио Милошоски, а по него и пратениците Трајко Вељаноски и Влатко Ѓорчев, се огласија со поддршка за лидерот Христијан Мицкоски.„Драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот, барем дадоа појасна слика за тоа кој се залага да се почитува волјата на народот од кој сме избрани, а кому му се побитни заткулисните договори. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сепак покажа дека му е побитна демократската доверба што гласачите им ја дале на пратениците, како и волјата на членството и симпатизерите“, напиша Милошоски на „Фејсбук“.Поделеноста не само на пратеничката група туку и во партијата, која стана сè поизразена по гласањето за уставните измени, според неофицијални информации, се интензивира сè повеќе, а во јавноста веќе кружат две сценарија. Според првото, партијата размислува да го исклучи од членство Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, за кој се шпекулира дека влијаел врз седумтемина пратеници од партијата да гласаат „за“ уставните измени со цел да издејствува амнестија за себе.Второто сценарио, за кое се зборува, е дека членството ќе бара оставка од претседателот Мицкоски бидејќи не успеал да ги тргне настрана криминалните структури во партијата.Овие сценарија дополнително се засилија кога претседателот на Здружението на македонските заедници во Австралија, Игор Александров, на „Фејсбук“ напиша дека крилото на Мијалков подготвува смена на Мицкоски и порача сите што се против преспанскиот договор да изразат солидарност и поддршка со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу првите што одговорија на овој повик беа пратениците Антонио Милошоски, Трајко Вељаноски и Влатко Ѓорчев.

Македонија | пред 7 години

retardi-1

Димитров - Палмер: поддршка од САД за членство во НАТО и ЕУ

Евроатлантските перспективи на земјата, како и актуелните политички состојби во Република Македонија и во регионот биле тема на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој престојува во работна посета на земјата, соопшти МНР.Министерот Димитров упатил благодарност за континуираната американска поддршка на евроатлантските интеграции на Република Македонија, соопштуваат од Министерството. Оттаму додаваат дека тој нагласил дека граѓаните на Република Македонија, иднината на својата земја ја гледаат во евроатлантското семејство, изразувајќи уверување дека земјата успешно ќе изоди патот кон заслуженото место во НАТО и во Европската унија.Димитров и заменик помошникот државен секретар Палмер, разговарале и за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, како и за неодамнешниот прогрес во однос на постапката за уставните промени во Парламентот, со цел успешна имплементација на Договорот со Грција и зачленување на Република Македонија во Алијансата како нејзина 30-та земја-членка, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

mickoski

Почнува поделбата на ВМРО на про и контра Мицкоски

Спротивставени мислења кај пратениците од најголемата опозициска партијапред вечерашниот состанок на Централниот комитет на партијата. Пратеникот Илија Димовски преку отворено писмо порача дека тој нема да учествтува во, како што вели, фингирани битки и пресметки во ВМРО-ДПМНЕ.„Прво и неодложно, мора да се направи темелна, а не козметичка реформа на партискиот Статут, со целосна демократизација на процесот на носење политички одлуки, но и целосна демократизација на процесот на избор на партиските тела и органи почнувајќи од месните комитети, па сè до највисоките органи. Второ и суштинско, да се напушти принципот дека партијата мора да се води по правилото за градење култ на личност. Трето, ВМРО-ДПМНЕ има обврска да направи дисконтинуитет со грешките од минатото. И, четврто, партијата мора да научи да гради нови мостови наместо да ги крши и оние што досега го има“, пишува Димовски.Од друга страна, пак, пратеникот Антонио Милошоски, а по него и пратениците Трајко Вељаноски и Влатко Ѓорчев, се огласија со поддршка за лидерот Христијан Мицкоски.„Драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот, барем дадоа појасна слика за тоа кој се залага да се почитува волјата на народот од кој сме избрани, а кому му се побитни заткулисните договори. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сепак покажа дека му е побитна демократската доверба што гласачите им ја дале на пратениците, како и волјата на членството и симпатизерите“, напиша Милошоски на „Фејсбук“.Поделеноста не само на пратеничката група туку и во партијата, која стана сè поизразена по гласањето за уставните измени, според неофицијални информации, се интензивира сè повеќе, а во јавноста веќе кружат две сценарија. Според првото, партијата размислува да го исклучи од членство Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, за кој се шпекулира дека влијаел врз седумтемина пратеници од партијата да гласаат „за“ уставните измени со цел да издејствува амнестија за себе.Второто сценарио, за кое се зборува, е дека членството ќе бара оставка од претседателот Мицкоски бидејќи не успеал да ги тргне настрана криминалните структури во партијата.Овие сценарија дополнително се засилија кога претседателот на Здружението на македонските заедници во Австралија, Игор Александров, на „Фејсбук“ напиша дека крилото на Мијалков подготвува смена на Мицкоски и порача сите што се против преспанскиот договор да изразат солидарност и поддршка со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу првите што одговорија на овој повик беа пратениците Антонио Милошоски, Трајко Вељаноски и Влатко Ѓорчев.

Македонија | пред 7 години

image-0-02-05-eda2df65c9dac5b451ebb90b8f68b6b41cebafc2029ae676876f9913600b010a-V

Есенската акција за чистење на Кисела Вода финишираше во Пинтија и Стаклара - Каменик

Во месните заедници Пинтија и Стаклара – Каменик, Општина Кисела Вода финишираше со есенската акција за чистење на својата територија.„Со оваа акција, во овие месни заедници извршено е целосно расчистување на сметот. Се чистеа тротоарите, улиците и тревните површини кои се под надлежност на локалната самоуправа. Покрај ова, скастрени се сувите гранки на дрвјата и грмушките, а воедно, се собираше и кабаст отпад. Во акцијата собрани се 5 тони смет“, велат од општна Кисела Вода.Оттаму додаваат дека од почетокот на есенската акција за чистење која започна на почетокот на септември, активности за чистење на сметот спроведе на сите јавни површини кои се под нејзина надлежност, во сите месни и урбани заедници. Во  оваа акција собрани се над 50 тони смет и кабаст отпад.„Локалната самоуправа во периодот што следува ќе продолжи со редовни активности за расчистување на сметот на својата територија. Воедно, Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста и поубава Кисела Вода“, велат од оптината.

Скопје | пред 7 години

44458622_761815720838871_3950477937806934016_n

Во Крива Паланка се одржа Меѓународен фестивал на старограски песни

Во деновите од викендот во НУЦентар за култура во Крива Паланка се оддржа третиот Меѓународен фестивал на староградски песни .На фестивалот, покрај домаќините КУЗ ,,Распеани паланчани“ настапија  пејачки друштва од Радовиш и Пехчево, и Градскиот хор од Штип, како и пејачкото друштво Еделвај од Ќустендил, Р.Бугарија.Во рамките на фестивалот,  кривопаланечката публика  имаше можност да ја проследи  Драмата ,,Оженил се Санде Калајџија“ во изведба на учениците СОУ Ѓорче Петров , а под  ментроство на проф. Катерина Митовска Наковска.Овој настан беше збогатен и со промоција на ,,Збирка на кривопаланечки староградски песни“ изработена од  членовите на КУЗ Распени паланчани, како и новите костими за членовите на друштвото, кои се реализирани во рамки на проект кој е финасиски поддржан од буџетот на општина Крива Паланка.Сите љубители на убавата староградска песна,  имаа можност две вечери да уживаат и да да го почувствуваат духот на едно време на старата кривопаланечка чаршија исполнета со песна љубов, обичаи и време кога настанаа најубавите страоградки песни кои и денеска се негуваат и пеат.

Магазин | пред 7 години

sneg

ФОТО: Падна првиот снег во Македонија

Врвот на Баба планина, Пелистер утрово под снежна покривка.Оваа фотографија е доказ за зимската идила во Македонија и на едено од најубавите зимски турискички места.Како и што најавуваа метеоролозите, од денеска ќе имаме значајно опаѓање на температурите, а на повисоките места можни се и врнежи од снег.

Македонија | пред 7 години

milenko

(ФОТО) Неделковски: Полиција дојде да ме апси

„На врата ми е дојдена полиција да ме уапси. Без некоја посериозна причина. Имаат "покана", но немаат детали зошто, како, кај кој инспектор, кога...Фашистите од режимот на Зоран Заев се решени да апсат и уништуваат по секоја цена.Дудинка пак, ја маваат до ниво на поракава: "ovie stvarno se reseni da ne i dadat na stranata da se vkluci".Нека апсат. Македонија е ппголема и од овој момент и од сите нас заедно.Смрт на фашизмот - слобода за народот“, напиша Миленко Неделковски на социјалните мрежи.

Македонија | пред 7 години

mijalkov-1

Мијалков: Не сум влијаел на пратениците, ниту на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Не е време за создавање поделби. Ни треба единство како никогаш до сега, вели екс директорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков во изјава за Press24.– Заради зачестеното присуство на моето име во некои медиуми во изминатите 2-3 дена, чувствувам обврска да дадам свој коментар по однос на истите.Имено, од денот на мојата оставка од сите партиски функции минатата година, немам учество во какво било својство и форма во работењето на политичката партија во која сум поминал децении.Оттука, отфрлам било какви шпекулации за мое влијание врз претседателот на партијата, органите на партијата, пратениците или која било друга организациска структура во нејзин состав.Во таа насока, сметам дека во овој момент, во интерес на сериозните предизвици со кои се соочува нашата партија, е потребно единство како никогаш до сега. Најмалку потребно во овие моменти е создавање поделби кои ќе имаат за цел да го ослабат ВМРО-ДПМНЕ.Не смее да заборавиме дека историското ВМРО имало про-западна ориентација исто како и ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање. Овој про-западен концепт беше еден од фундаментите на партијата, со крајна цел интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.Им порачувам на сите патриоти, членови и поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, дека е потребно силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе биде стожер на сигурна, безбедна и просперитетна Македонија, изјавил Мијалков.

Коментари | пред 7 години

44141322_2286927191325513_7708147500841959424_n

Ќе се помируваме од како Талат ќе се врати од Чешка

Помирување во Собранието ќе има, но процесот треба да почне под диригентската палка на собранискиот претседател Талат Џафери, откако тој ќе се врати од Чешка каде што е во официјална посета заедно со пратеничките Јагода Шахпаска, Владанка Авировиќ и Теута Билали, велат извори од Собранието.Ова прашање се очекува да биде поставено во среда кога ќе има и кооринација на пратеничките групи со собранискиот спикер во врска со продолжението на 60. седница закажана за 24 октомври. Засега ни контурите на парламентарното тело за помирување не се исцртани.Парламентарците немаат ништо конкретно на хартија, освен барањата на пратениците од опозицијата кои гласаа за уставни измени, а меѓу кои е и барањето да се прифати предогот на премиерот Зоран Заев за помирување и простување на крвавите настани од 27 април.Освен од тројцата обвинети пратеници за настаните на 27 април, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски кои гласаа за потребата од уставни измени според Преспанскиот договор, потребата од собраниското тело за помирување доби поддршка и од останатите пратеници што кренаа „за“ измените во македонскиот Устав, но не и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.Според пратеничката Дафина Стојаноска, неприфатлив и задоцнет е предлогот за  помирување зашто сега тоа има цел да се смени Уставот и уставното името на државата. Таа смета дека ваков предлог требало да биде инициран во периодот кога се гласало за одземање на пратеничкиот имунитет на обвинетите пратеници и пред  нивните колеги да завршат во затворските ќелии.Наспроти ваквиот став на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, во групата нивни колеги кои ја прифатија поддадената рака на премиерот ваквиот потег го оценуваат како добронамерен и како што вели за Плусинфо пратеничката Емилија Александрова,  очекуваат неделава да се прецизираат деталите.Очекувања да бидат дел од работната група за помирување имаат и во Беса на Билал Касами. Пратеникот Фадил Зендели вели дека сакаат да помогнат во процесот на помирување што го понуди премиерот Заев и очекуваат покана за учество во формирањето на собраниското тело.

Македонија | пред 7 години

ilija-dimovski-7-670x437

Илија Димовски: ВМРО-ДПМНЕ се води во погрешен правец

Пратеникот Илија Димовски, излезе со свое видување за целата ситуација во неговата матична партија, ВМРО ДПМНЕ. Тој јавно објави дека нема да учествува во внатрепартиската пресметак:„Останувам на мојот принципиелен став за тоа дека договорот од Преспа има штетна содржина во себе, дека власта погрешно го водеше целиот процес и дека не смееше да биде исклучива спрема опозицијата од самиот почеток.Останувам и на ставот дека јас како пратеник немам право и легитимитет да гласам за промените во Уставот. Како што постапив во првата фаза, така ќе постапувам и во иднина.Но, останувам и на мојот добро познат став дека ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време, и пред и после валандовскиот Конгрес, се води во погрешен правец, што се гледа низ неостварените политички цели на партијата.За жал, сега веќе е видливо, дека партијата се движи кон изолација, и спрема надвор, и спрема сите други политички фактори во државата, но и спрема сите свои членови кои за едни, други или трети теми имаат различно мислење од претходното и од сегашното раководство.ВМРО-ДПМНЕ сама се доведе во ситуација да го изгуби капацитетот да влијае на било кој сериозен политички процес во земјата и државните одлуки повеќе, за жал, не зависат во ништо од ставот на мојата партијата.Партијата веќе подолго време не успева да оствари ниту една од своите политики и заложби токму заради оваа изолација. Така и нашите поддржувачи губат верба дека било што и да е став и заложба на ВМРО-ДПМНЕ тоа некогаш може да стане реалност и да се ефектуира. Штета е и што внатрешно во себе, наместо да се шири, развива и расте, да прибира повеќе луѓе и идеи околу себе, партијата континуирано се занимава со бркање т.н. предавници, непријатели и нелојални членови.Сѐ додека не се воведе принципот на почит и поддршка за различно мислење од официјалниот став на партијата по однос на политиките, ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да напредува.Во тој контекст размислувам и дека нападите, разрешувањата и исклучувањето на луѓе во последниот период се избрзани и резултат на некорисни емоции и сериозен афект од состојбата. ВМРО-ДПМНЕ растела секогаш кога прибирала луѓе околу себе. Сакам да подвлечам дека нема да учествувам во ниту една нова фингирана битка, игра и пресметка во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи почнувајќи со Конгресот во Валандово па се до ден денес сите се такви, фингирани.На ВМРО-ДПМНЕ во овој момент му требаат неколку работи.Прво и неодложно мора да се направи темелна, а не козметичка реформа на партискиот Статут, со целосна демократизација на процесот на носење на политички одлуки, но и целосна демократизација на процесот на избор на партиските тела и органи почнувајќи од местните комитети па се до највисоките органи.Второ и суштинско е да се напушти принципот дека партијата мора да се води по правилото за градење на култ на личност.Трето, ВМРО- ДПМНЕ има обврска да направи дисконтинуитет со грешките од минатото.И четврто, партијата мора да научи да гради нови мостови наместо да ги крши и оние кои до сега го има. Овие чекори се единствен начин како партијата може да дојде повторно на сериозно ниво да влијае на политиките во државата, а и еден ден да се надева дека ќе се врати на одговорноста да ја предводи Македонија“, пишува пратеникот Илија Димовски.

Коментари | пред 7 години

oprema

Нови униформи за припадниците на ЕСЗ

Денескa, во касарната „Илинден“, припадниците на Единицата за специјални задачи добија нови униформи и делови што припаѓаат покрај униформата за извршување посебни и специјални задачи. Набавени се 200 комплет униформи за специјална полиција за урбана средина и 200 комплет униформи за специјална полиција за рурална средина во склоп на активности за овозможување соодветни услови за работа на припадниците на МВР, посочи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во својата изјава за време на настанот.Министерот Спасовски потенцира дека секојдневните ангажмани на актуелното раководство на МВР јасно ја докажуваат цврстата решеност полицијата да се трансформира во кредибилна институција, во реален сервис на граѓаните, во достоинствена и репсектирана професија.Опременоста на полициските службеници, нешто што сосема беше занемарено цела деценија, не може и не смее да се игнорира. Тоа е прашање од круцијално значење, потенцира Спасовски.Спасовски на крајот од својата изјава исто така потенцира дека Министерството ќе продложи со истото темпо и во наредниот период и дека ќе продолжат да се реновираат полициските станици, да се набавуваат униформи и опрема за полициските службеници, и тоа, како што посочи тој, сè со цел да се овозможат сите потребни услови за работа, што носи подобри резултати во работењето, односно поголема сигурност за граѓаните.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ДПА ќе продолжи да ги поддржува уставните измени, рече Тачи на средбата со Палмер

 Претседателот на Демократската Партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, денеска во Скопје во резиденцијата на американскиот амбасадор Бејли се сретна со заменик-помошникот државен секретар, Метју Палмер.Како што пренесуваат од службата за информирање на ДПА, на средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација, за имплементацијата на Преспанскиот договор, како и за реформскиот процес.Тачи на средбата истакнал дека ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор, како и процесот на реформи за целосна интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.За време на состанокот Палмер ја потврдил целосната поддршка од САД за Преспанскиот договор и за агендата што ја води земјата до членството во НАТО и во ЕУ.

Македонија | пред 7 години

44536020_326230291576407_4405705837952106496_n

БЕСА ќе ги условува уставните измени: Прво унапредување на правата на Албанците, потоа договорот со Грција

Пратеникот Фадил Зендели вели дека во процесот на уставни измени, тие ќе поднесат нивни амандмани за унапредување на правата на Албанците. Тој вели дека според дебатата за нивните амднамни, ќе одлучат дали ќе поддржат усвојување на амандманите поврзани со договорот со Грција.Како политичка партија, навестивме дека ќе бидеме дел од процесот за донесување на уставните измени, а ќе интервенираме со уставни амандмани за да унапредување на правата на Албанците. Не можеме да прифатиме, по 27 години, овие права да бидат за едни поубави времиња. Сметаме дека во овој момент се отвораат овие прашања, бидејќи ги засегаат Албанците. Треба овие прашања да се решат“, вели пратеникот Зендели.Пратеникот вели дека прашањата за правата на Албанците кои тие ќе бараат да се унапредат, не произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, туку од самостојноста на Македонија.

Македонија | пред 7 години

29872766_293548667844323_4027015339996360799_o

Граѓанско Демократска Унија: Бројчаникот треба конечно да почне да врти

„Помирување и простување е неопходно за да продолжиме напред, но и враќање на украдените пари. Бројчаникот треба конечно да почне да врти. И секој што се огрешил пред законот мора да одговара. Правда мора да има“, велат од Грашанско Демократската Унија.Според нив, правдата мора да го стигне секој, не смее да има отстапки без разлика дали станува збор за осуден син на пратеничка која даде поддршка за уставните амандмани или обвинета поранешна министерка, која исто така го поддржа вашиот предлог. Во спротивно, само поцврсто ќе не убедите дека судските одлуки се ваши, а не на судиите.„Бараме паралелно со расправата во Собранието за уставни измени, целосно посветување и на реформскиот процес.Реформите не смее да се дозволи да бидат заложници на големите политички прашања. Тие се приоритет за приближување на земјата кон Европската Унија. Судски реформи, истраги, обвиненија и конечни пресуди во случаи на корупција и организиран криминал, првенствено на највисоко ниво, во спротвно џабе е се.Да ги потсетиме пратениците и нивните лидери, дека Европската комисија не следи и подготвува извештај. Врз основа на тие извештаи ќе се носат одлуките“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

Заев со порака до пратениците

https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.243039092931/10156970449527932/?type=3&theater

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања