Скопје1.мк

Screenshot-2025-07-27-173131

(Видео) Колапс на преминот „Меџитлија“ – патници заглавени со часови меѓу Македонија и Грција поради пожар

Граничниот премин „Меџитлија“ беше затворен повеќе од два часа попладнево поради пожар во близина на границата, што предизвика целосен застој на сообраќајот и хаос за стотиците патници кои се обидуваа да преминат меѓу Македонија и Грција.Патници кои се затекнале на преминот сведочат дека иако по два часа чекање на грчка страна биле информирани дека преминот е повторно отворен, по минување на македонската пасошка контрола биле сопрени на спуштена рампа и повторно вратени назад кон Грција.„Во 2:15 го поминавме македонскиот пасошки премин, но рампата беше спуштена. Два часа подоцна, во 4:15 ни рекоа да се вратиме назад кон Грција. Од прво возило станавме последни во колоната“, раскажуваат патниците.Иако повторно се вратиле на грчка страна, по околу 30 минути – околу 4:45 часот, им било наредено повторно да се вратат на македонската страна.„Им рековме дека веќе имаме печат од македонска пасошка контрола, дека сме со мало дете и побаравме да не пуштат преку најдесната лента. Но, ни рекоа дека мора повторно да чекаме“, велат тие.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-3

Политички судир поради пожарите: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за негрижа и саботажа

Пожарите што последниве денови зафатија делови од државата станаа причина за нова пресметка меѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Двете партии преку официјални соопштенија се обвинија за негрижа, политичка манипулација и прикривање на одговорноста за состојбата со противпожарната заштита.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ за време на своето владеење оставила противпожарните единици без опрема, дека не е набавено ниту едно летало или возило за гасење пожари, додека функционерите, како што велат, оделе на одмори на грчки плажи во време кога низ државата беснееле пожари. Според нив, наместо загриженост, СДСМ се радувала на секој нов пожар за да може да обвинува.Во реакција од СДСМ се вели дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога нема одговор за, како што наведуваат, „катастрофалното водење на државата“, вината ја префрла на опозицијата. Потсетуваат дека Стојанче Ангелов, поранешен директор на Центарот за управување со кризи, за кој ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ја уништил системската способност за заштита од пожари, е сега директор на Дирекцијата за заштита и спасување, поставен од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и со зголемена плата од 30%.СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ јавно да ги објави имињата на лицата за кои тврдат дека подметнувале пожари, а секое одбивање, според нив, ќе значи соучесништво. Дополнително, посочуваат дека во последните две години изгорела површина каква што не изгорела во изминатите три децении.ВМРО-ДПМНЕ повторно упатува сомнежи дека дел од пожарите се намерно подметнати од лица блиски до СДСМ и ДУИ, и прашува која е нивната корист од тоа. Од партијата велат дека намерното предизвикување штета со цел да се наштети на актуелната Влада, во суштина претставува штета за целата држава.

Македонија | пред 6 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Уапсени две сестри и нивна пријателка – снимиле и праќале порнографска снимка од 3-годишно дете

На 26.07.2025 во 16.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Ќ.(31) од Република Албанија, со живеалиште во гостиварско, нејзината сестра  М.Ј.(22) тетовско, додека на 27.07.2025 од слобода била лишена и нивната пријателка Е.И.(23) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од 34-годишниот сопруг на А.Ќ. дека во периодот додека престојувале во Италија, А.Ќ., М.Ј. и Е.И. снимиле и му пратиле видео снимки со порнографска содржина од неговиот тригодишен син.Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок по членовите 201 и 193-а од Кривичниот законик.

Македонија | пред 6 месеци

solza-grceva

Грчева: Грета Тунберг е злоупотребена во политички цели

Се огласи Солза Грчева, во врска со посетата на активистката Грета Тунберг на Македонија и учеството на протесната блокада за спас на Дошница на Кожуф. Грчева смета дека Грета е злоупотребена за политички цели. Еве што напиша на ФБ.„Не знам какво е вашето мислење, но јас имам чувство дека девојчено Грета Тунберг е злоупотребувано во политички цели. Тоа чувство го имам уште од нејзиниот, прилично детски настап во ОН. Прво, протестира селективно, што ќе рече едни жртви (неопсорни и страшни) се пожртви од други такви.Второ, ако настапува за т.н. “Зелена агенда”, како тоа е против мала хидроцентрала која ќе произведува чиста енергија? Мене ова ми личи на политички памфлет, или на чиста злоупотреба на една наивна девојка.Би сакала да ги споделите вашите ставови”, напиша Грчева.

Македонија | пред 6 месеци

SukovaAcevski1

Шукова и Ацевски: Приоритет за Ѓорче Петров ни е решавање на проблемот со водоснабдувањето

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денес заедно со Костадин Ацевски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДСМ, ја најавија реализацијата на еден од најважните инфраструктурни проекти за општината, решавање на проблемот со водоснабдувањето.„Денес во Ѓорче сме со Каја Шукова за да заеднички го адресираме еден од најгорливите проблеми со кои секојдневно се соочуваат жителите на нашата општина, проблемот со водоснабдувањето,“ изјави Ацевски. Тој нагласи дека „проблемот со притисокот на водата е алармантен“ и дека „во голем дел од Ѓорче, притисокот е до толку слаб, што граѓаните буквално добиваат вода капка по капка.“Шукова посочи дека решавањето на овој проблем ќе биде врвен приоритет веднаш по преземањето на функцијата. „Како идна градоначалничка на Скопје, решавањето на проблемот со водоснабдувањето во Ѓорче Петров ќе биде еден од моите врвни приоритети,“ рече Шукова.Таа потенцираше дека решението е веќе подготвено: „Проектот 'Оризарски рид' веќе постои. Изготвен е од Градежниот институт на Македонија и има позитивна ревизија од ЈП Водовод и канализација.“ - посочи Шукова.Проектот, според Ацевски, чини околу 3 милиони евра и опфаќа директен убод во главната водоводна линија со профил Фи 1600, изградба на пумпна станица и резервоар и поставување на потисен и повратен цевковод. „Ова е сериозен технички зафат што еднаш засекогаш ќе го реши проблемот со слабиот притисок на вода во нашата општина,“ изјави Ацевски.Тие нагласија дека досегашното неажурирање на овој проект е директна последица на блокадите од страна на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-27-at-10.04.22

(Видео) Тепачка среде улица во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот

Снимка на која се гледа физичка пресметка меѓу две лица, од кои едното држи секира, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако беше објавена од случајни минувачи. Според неофицијални информации, инцидентот се случил вчеравечер во центарот на Струмица, а видеото прикажува како вербална расправија преминува во турканица и отворена тепачка на улица.На видеото се гледа дека едно од лицата замавнува со секира, додека друго возвраќа физички, а во обид да ги раздвои се вмешува и жена која се наоѓала меѓу нив. Ситуацијата ескалира, по што граѓаните што снимале решаваат да се тргнат, стравувајќи за сопствената безбедност.Покрај снимката, на социјалните мрежи се појавија и коментари кои тврдат дека овој инцидент е кулминација на долгогодишен проблем, поврзан со лица кои агресивно просат во центарот на градот, вознемируваат минувачи и вклучуваат деца во собирање пари.Во моментот не е познато дали случајот е пријавен во полиција, ниту дали надлежните институции презеле мерки.Граѓаните бараат поголема безбедност и надзор во централното градско подрачје.

Македонија | пред 6 месеци

525260601_10164110712530934_3299071640872807828_n

(Видео) Група деца вербално и физички малтретирани на Школка – родителите алармираат, случајот пријавен во полиција

Група од четири деца, меѓу кои три девојчиња и едно момче, биле изложени на вербален и физички напад од друга група деца на Школка во Градски парк, објави загрижена мајка на едно од нападнатите деца.Инцидентот се случил пред два дена, кога децата мирно седеле, по што им пришла група од околу 5 до 6 деца на возраст од 12 до 13 години, кои почнале да дофрлаат навредливи зборови како „секташи“ и „педери“. Иако нападнатите деца не реагирале, едно од другата група плукнало во нивната насока, при што една девојка била погодена во лицето.„Таа му викнала, тој се повлекол, но по десетина минути се вратиле со постари деца кои им се заканиле дека ќе ги претепаат“, раскажува мајката. Едно од нив го плукнало момчето, а друго го снимало со камера додека го принудувало да се извини затоа што биле таму.Според сведочењето, ситуацијата ескалирала и следниот ден, кога истата група повторно ги пресретнала децата на излегување од паркот. Додека се движеле кон автобуската постојка, едно дете на тротинет го удрило со клоца, додека друго со сина маица и црни бермуди го удрило по рамото и се обидело да го сопне.„Се јави да каже дека пак ги следат. Му реков веднаш да снима и да не се мрдаат, а јас ќе повикам полиција. Штом кажал дека ќе дојде полиција, децата се разбегале“, вели мајката.На крај, пријател на семејството дошол со автомобил да го земе, а случајот бил пријавен во полиција.Родителите на нападнатите деца бараат институциите итно да реагираат, бидејќи станува збор за повторено малтретирање од малолетници, кое лесно може да прерасне во посериозно насилство. Повеќе граѓани бараат поголема безбедност и полициско присуство во делот околу Школка, кој често станува сцена на слични инциденти.

Скопје | пред 6 месеци

pozarna-

33 пожари на отворено – 12 активни, 5 под контрола, 16 изгаснати

Во изминатото деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 33 пожари на отворен простор низ земјава. Од нив, 12 се сè уште активни, 5 се ставени под контрола, додека 16 се целосно изгаснати.Меѓу најкритичните активни пожари се издвојуваат оние во Василево, Прилеп, Македонски Брод, Крива Паланка и Петровец, каде што гори мешана шума, бор, нискостеблеста вегетација и сува трева. Во некои региони, како Прилеп и Василево, има повеќе активни жаришта, а дел од нив се прошириле и кон други општини и села.Пожарите што се ставени под контрола се забележани главно во регионот на Македонски Брод, Штип, Струмица и Карбинци, а се работи за пожари на сува трева, деградирана шума и висока вегетација.Во изминатите 24 часа, целосно се изгаснати 16 пожари, меѓу кои и на локации во Скопје (Сарај, Гази Баба, Шуто Оризари), Куманово, Штип, Струга, Василево, Карбинци и Кривогаштани. Најчесто се работело за пожари на стрништа, дива депонија, сува трева и грмушки, но има и случаи на опожарена штала и мешана шума.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-27-at-09.43.45

(Видео) Напад со нож во маркет во Мичиген – уапсен 42-годишен напаѓач, 11 повредени

Американските власти потврдија дека е уапсен 42-годишен маж осомничен за брутален напад со нож во продавница Волмарт во малиот град Траверс, во северниот дел на сојузната држава Мичиген.Како што пренесе Fox News, напаѓачот, кој делувал сам, влегол во продавницата и со склопив нож нападнал десетина лица. Според шерифот на округот Гранд Траверс, Мајкл Ши, идентитетот на осомничениот сè уште не е објавен, но тој бил приведен за неколку минути по нападот.Во апсењето и укажувањето прва помош на жртвите, помогнале и присутни граѓани кои се затекнале на местото на настанот. Болницата „Munson“ соопшти дека петмина од повредените се во тешка, а шест лица во критична здравствена состојба.Траверс е мал град лоциран на брегот на заливот Гранд Траверс на езерото Мичиген, познат по мирниот живот и туристичкиот потенцијал, а нападот ја шокираше локалната заедница.Истрагата е во тек, а мотивите за нападот сè уште не се познати. Властите најавија дополнителни информации во текот на следните денови.

Свет | пред 6 месеци

IMG_2199

Русија воспоставува директни летови со Северна Кореја – прва авионска линија Москва–Пјонгјанг по неколку децении

Во јасен показател за продлабочување на односите меѓу Русија и Северна Кореја, денес започнуваат директни патнички летови меѓу Москва и Пјонгјанг, што претставува прва редовна авионска врска меѓу двата главни града по речиси три децении. Според руски воздушни блогови, оваа новина доаѓа по обновувањето на железничката патничка линија меѓу двете земји во јуни и означува прво вакво поврзување од средината на 1990-тите.Руската сојузна агенција за цивилно воздухопловство „Росавијација“ ѝ даде одобрение на една домашна авио-компанија за летови на релација Москва–Пјонгјанг двапати неделно, но според агенцијата „Ројтерс“, првично тие ќе се одвиваат само еднаш месечно, додека не се воспостави стабилна побарувачка.Односите меѓу Русија и Северна Кореја значително се зацврстија последниве години, особено поради меѓународната изолација со која се соочува Москва поради инвазијата на Украина. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, на состанок со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 12 јули, изјави дека Пјонгјанг „безусловно“ ја поддржува Русија во војната.Во текот на конфликтот, воената соработка меѓу двете држави се интензивираше, вклучувајќи испораки на оружје и испраќање севернокорејски војници во поддршка на Русија. Во јуни 2024 година, Москва и Пјонгјанг потпишаа одбранбен договор со кој се обврзаа на взаемна воена помош во случај на надворешен напад.Официјални коментари за воведувањето на новата авионска линија засега нема, но аналитичарите сметаат дека овој потег е дел од пошироката геополитичка стратегија на двете земји за зајакнување на соработката и испраќање јасна порака за нивната сплотеност пред Западот.

Свет | пред 6 месеци

Нема фотографија

Израел прогласи „тактичка хуманитарна пауза“ во Газа – критиките на хуманитарните организации сè погласни

Израелските одбранбени сили (IDF) денеска најавија воведување на локална тактичка пауза на воените активности во појасот Газа, која ќе се применува секојдневно од 10:00 до 20:00 часот (07:00–17:00 GMT), и тоа во области каде што израелската војска моментално не спроведува операции, меѓу кои ал-Маваси, Деир ал-Балах и градот Газа.Според соопштението на IDF, одлуката е донесена во координација со Обединетите нации и меѓународните хуманитарни организации, по повеќекратни консултации околу хуманитарната состојба на терен.Покрај дневната пауза, израелската војска најави дека секојдневно, од 06:00 до 23:00 часот, ќе бидат обезбедени безбедносни рути за конвоите на ОН и други хуманитарни организации, со цел безбедна дистрибуција на храна и лекови до населението во Газа.„Ќе продолжиме да ги поддржуваме хуманитарните напори, паралелно со воените операции против терористички организации“, стои во соопштението на IDF.Од војската додаваат дека се подготвени да ја прошират примената на овие паузи, доколку околностите го бараат тоа.Објавата доаѓа по засилен меѓународен притисок и по предупредувањата од повеќе од 100 хуманитарни агенции дека Газа е на работ на масовен глад. Според Министерството за здравство на Газа, досега повеќе од 125 лица починале од неухранетост, меѓу кои 85 деца.Израелската војска потврди дека помошта продолжува да се доставува и од воздух, особено кон северниот дел на појасот Газа, каде што пристапот по копно е ограничен. Паралелно, Јорданската агенција за безбедност објави снимки од големи хуманитарни конвои кои се движат кон границата со Газа, со наслов: „Се случува сега“.Сепак, Израел се соочува со силни критики од хуманитарните организации, кои го обвинуваат за рестрикции и забавување на доставата на помош, како и за колективно казнување на цивилното население.Израелските власти тврдат дека се посветени на дозволување хуманитарна помош, но и дека е неопходна строга контрола, за да се спречи реалокација на ресурсите кон Хамас.Иако се воведува хуманитарна пауза, IDF потенцира дека офанзивните операции ќе продолжат во другите делови на Газа, со цел – како што велат – заштита на израелските цивили.Во минатото, Израел неколкупати има воведено временски ограничени хуманитарни прекини, како во ноември 2024 за време на кампањата за вакцинација, или во јуни 2024, кога беше овозможен безбеден транспорт на хуманитарни тимови.Но, засега не е јасно дали новата пауза ќе донесе долгорочно олеснување, или ќе остане само краткорочна мерка во сенка на сè подлабоката хуманитарна криза.

Свет | пред 6 месеци

policija-brod

Спроведена вежба за справување со пожар во Охридското Езеро

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека е успешно реализирана заедничка вежба со Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст, во која биле вклучени повеќе полициски единици.„Имаме убава вежба која ја одработивме со Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст. Вклучени се повеќе полицајци од повеќе единици, презентиравме како би се справиле, со не дај Боже, пожар доколку би настанал во водите на Охридското Езеро“, изјави Тошковски.Целта на вежбата, како што нагласи министерот, е зголемување на подготвеноста и координираноста на сите надлежни служби во случај на интервенција во водена средина, со особен фокус на превенција и брза реакција при евентуални пожари во и околу Охридското Езеро.„На ден 26.07.2025 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, во организација на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, во рамки на караванот „До вас, за вас“, се одржа симулациска вежба на тема: „Пожар на пловен објект во Охридско Езеро“. Во вежбата активно учество зема Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Секторот за 112 и Секторот за операции и координација. Секторот 112 ја прими пријавата за настанот, по што следеше координирана комуникација со сите инволвирани субјекти во Системот за управување со кризи, преку Секторот за операции и координација. Покрај ЦУК, во симулацијата активно беа вклучени и:• Капетанијата на пристаништата,• Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид,• Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид,• Дирекцијата за заштита и спасување,• Црвениот крст на Охрид,• Итната медицинска помош Охрид.Оваа симулациска вежба е уште еден значаен чекор во зајакнувањето на интеринституционалната соработка и зголемување на подготвеноста за справување со кризни ситуации во заедницата“, велат од Центарот за управување со кризи.

Охрид | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-26-at-19.09.41

Шукова: На Скопје му требаат затворени и модерни пазари, ова е еден од моите проекти за градот

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес го посети пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, кандидатка за градоначалничка на општина Карпош.„Денес бевме на пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, нашата кандидатка за Карпош. Ги слушнавме од прва рака проблемите на пазарџиите,“ изјави Шукова.Таа посочи дека условите за работа се лоши, особено при екстремно високи температури.„На вакви пеколни температури тешко се седи цел ден на тезга, немаат услови, но мораат да бидат таму. Работат напорно, чесно, и заслужуваат подобри услови за работа.“Клучното барање кое било истакнато од страна на продавачите е јасно:„Најчестото барање што го слушнавме беше едноставно – затворен пазар со нормални услови за работа.“Во таа насока, Шукова истакна дека решението е веќе дел од нејзината програма.„Во мојата програма имам конкретни проекти за затворање и модернизација на градските пазари. Пазарите ќе бидат живи, безбедни и функционални простори и за продавачите и за купувачите.“ - изјави Шукова.

Македонија | пред 6 месеци

kocani-protest-1145125

„Родители го продадовте споменот на своето дете за ситни пари, душата ќе ви оди во пеколот, а таму не се вашите деца“, рече една од присутните на маршот во Кочани

Со транспарент, „Слушнете го гласот на оние што повеќе не можат да зборуваат“, родители, роднини и пријатели на загинатите и повредените во кочански „Пулс“ испратија уште една порака до јавноста и правосудната власт. Тие се обратија и посочија: „Оддаваме почит на жртвите од земјотресот во Скопје и се сеќаваме на храброста на сите кои помогнаа да се роди урбано и модерно Скопје. Пред четири месеци се случи најголемата трагедија во поновата историја, каде поради затајувањето на институциите 62 деца беа пеплосани, а 200 повредени имаат трајни последици, а и уште 300 деца кои не се споменуваат и остануваат со траума“.„Таа ноќ ќе го следи Кочани засекогаш, трагдија која наместо да нѐ сплоти, ни донесе дополнителни удари – политизирање, апатија, презир од одредени поединци, бидејќи парите и моќта се поважни од иднината на идните генерации. Родители, кои го продадовте споменот на своето дете и борбата за правда за ситни пари и подобра работна функција, каде ќе ви оди душата? Во пеколот да знаете. А таму не се вашите деца и никогаш нема да ги видите“, рече родител на загинато дете на 16-тиот марш по ред.Потоа, се обрати Васка Стојанова, мајка на загинатиот Томче, која рече „Сакаме да прашаме до каде е постапката на ОЈО-ГОКК (за полицајците) или чекаат одмори, за да си ги однесат децата на одмор на вода, а ние на нашите деца на гробовите да им фрламе вода за да ги освежиме?“.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-23-at-19.14.32

Притвор за тетовец кој бил макро на 23-годишната Косовка, која сакаше да се самоубие скокајќи од неговито мотел

Основното јавно обвинителство Тетово поведе истрага против 48-годишен маж, осомничен за посредување при вршење проституција, кривично дело казниво по член 191 став 2 од Кривичниот законик.Според обвинителството, осомничениот во изминатите два месеца повеќепати обезбедувал клиенти за 23-годишна државјанка на Косово, која била сместена во неговиот мотел. Девојката наплаќала за сексуалните услуги, а најголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот.По предлог на јавниот обвинител, судот му определи мерка притвор на 48-годишниот маж, а младата жена е сместена во транзитен центар за странци, каде ќе остане до завршување на постапката.За овој случај МВР извести дека успеале да спречат самоубиство, кое девојката сакала да го изврши. Така и откри случајот, кој беше осуден и од јавноста.

Македонија | пред 6 месеци

vardar-1

Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар, објави 4NEWS.mk

И денеска продолжува потрагата по 16-годишното девојче кое беше повлечено од водите на реката Вардар, информираат од МВР.Спасувачките екипи се на терен и интензивно трагаат по исчезнатото лице.Надлежните информираат дека потрагата ќе продолжи сè додека девојчето не биде пронајдено, при што се ангажирани припадници на полицијата, нуркачи, Армијата и други служби за спасување.

Скопје | пред 6 месеци

IMG_5168

Вооружен инцидент на охридското крајбрежје – маж од Скопје со нож нападнал двајца вработени во хотел

Полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 43-годишниот А.Д. од Скопје, кој вечерта на 25 јули 2025 година околу 21:55 часот, предизвикал сериозен инцидент во хотелски комплекс лоциран на охридското крајбрежје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, А.Д. со нож физички нападнал две лица вработени во хотелот, при што им нанел повреди, по што продолжил да оштетува дел од хотелскиот инвентар.Благодарение на навремената интервенција на полицијата, напаѓачот бил приведен на лице место.„Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од МВР, без да прецизираат какви биле мотивите за нападот и каква е здравствената состојба на повредените лица.Случајот е пријавен кај јавен обвинител и се преземаат понатамошни истражни дејства за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 месеци

mucunski-sednica

Муцунски со жестока реакција до Османи: „Кога сте на власт сте Европејци, кога сте во опозиција – апостоли на поделби“

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски упати остар одговор на критиките од неговиот претходник Бујар Османи, обвинувајќи го за политички двојни стандарди и користење на соживотот како инструмент за партиски притисок.Реакцијата во целост:„Интересно е како некои личности, кога се на власт, се прогресивни Европејци, а штом ќе дојдат во опозиција, одеднаш стануваат апостоли на дестабилизација и поделби.Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство – и тоа не му пречеше. Напротив, одлуки се носеа и во Владата и во Собранието без македонско мнозинство – и сè беше во ред, демократски, европски.Но денес, кога постои јасно демократско мнозинство, кога народот – независно од етничка или било каква друга припадност – избра промени, тоа (според него) станува „проблем за соживот“.За Османи, проблемот не е во моделот – проблемот е што ДУИ повеќе не е на масата.Ние, во меѓувреме, работиме да ја поправиме штетата што ја оставивте – дома и надвор. Со работа, со принципи, со почит. Не со закани и манипулации.Демократијата не е валидна само кога сте дел од власта. А граѓаните веќе го кажаа своето – јасно, на избори.Јас верувам во соживот, во дијалог, и во иднина изградена врз вредности, еднаквост и напредок. За разлика од него, секогаш сум работел на обединување – затоа што сакам да живееме во држава што ги поврзува луѓето, не ги дели. Во држава што гради, не руши. Современа. Самоуверена. Европска“, напиша Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи“.

Македонија | пред 6 месеци

Video-Mia-go-odra-Pancho-5000-evra-za-da-se-960x720-1

(Видео) Миа Костова за состојбата на Панчо: „Физички е подобар, но психичката борба сè уште трае“

Познатата инфлуенсерка и ТВ водителка, Миа Костова, во „Претрес со Ландов“ зборуваше за здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, кој и натаму е на лекување во „Систина“. Посочува дека физички е многу подобар, како и дека ќе треба долго време за да зараснат изгорениците. На психичката состојба и натаму се работи.„Имам информација дека е многу подобар, дека како и за сите повредени во Кочани и за него ќе треба многу време за заздравување на изгорениците кои ги има на рацете. Малку поспорни се изгорениците на едната рака особено. Психички се надевам дека се држи, знам дека со него работи многу голем тим од психолози, психијатри, мислам дека, кај и да е треба да го очекуваме да излезе од болница“, рече Миа Костова за „Претрес“.Костова посочи дека Панчо бил во кома, како и дека веста за загинатите, меѓу кој и Андреј, ја дознал денови по трагедијата.„Долго време не беше ни вистински свесен, беше во кома. И самото соопштување (за Андреј и случувањата) не оди само како кога ќе кажеш ‘кекс’, му треба време на човек тоа да го соопшти. Јас лично не сум го слушнала, иако се познаваме 25 години и повеќе“, додаде Костова.Таа додаде дека со Панчо, уште на времето во диско, имале супер контакти и соработки.„Од 2000-тите сме соработувале, сме работеле на спорт, па за Бекстејџ работевме“, додаде таа.Во интервјуто посочи дека со Андреј учеле и во исто училиште.„Во музичко, балетско. Тоа е училиштето“, додаде Коства.Изјавата на Костова за трагедијата во Кочани:?t=8817

Македонија | пред 6 месеци

Kaja-SDSM-1

Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска испрати силна и емотивна порака до скопјани, по повод 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди градот во 1963 година.Шукова потсети на солидарноста и заедништвото со кои Скопје беше изградено одново и порача дека токму тие вредности мора повторно да го поведат градот напред.„Скопје беше повторно изградено со срце, со волја и пред сѐ со солидарност. И токму заедништвото и искрената љубов кон градот се двете сили кои единствено можат да го водат овој град напред. Денес, ни се потребни повеќе од било кога“, изјави Шукова.Кандидатката за градоначалничка остро се осврна на изминатите четири години од актуелното локално раководство, обвинувајќи го за неспособност и занемарување на интересите на граѓаните.„Скопје изминатите четири години беше силно погодено од неспособност, лични интереси и негрижа. Духот на Скопје се рушеше и обезличуваше секој ден, оставајќи ги скопјани немоќни пред партиските интереси“, рече Шукова.Таа истакна дека како иден градоначалник ќе работи со чесност и одговорност, посветена на граѓаните.„Никогаш како градоначалничка нема да дозволам личните, партиските и било кои други интереси да го уништат градот. Ветувам дека во работата ќе ме водат двете сили кои во 1963 го издигнаа Скопје под рушевините – силата на љубовта кон градот и силата на заедништвото со секој од вас“, порача таа.Шукова заклучи дека Скопје заслужува повеќе и повика на нов почеток.„Градот што го преживеа најтешкото, заслужува повеќе. Ние сите заслужуваме повеќе бидејќи го сакаме овој град. Скопје може подобро и ќе биде подобро. Затоа што Скопје сме сите ние. Време е да му дадеме нова сила. Време е да ги земеме работите во свои раце“, истакна Шукова.СДСМ најавува кампања што ќе понуди реални решенија за сите предизвици со кои се соочува Скопје и визија за град кој им припаѓа на своите граѓани.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп пристигна во Европа: „Се случува страшна инвазија, ќе исчезнете“

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Шкотска во рамки на четиридневна посета на Европа, при што повторно ги шокираше европските лидери со остри коментари за миграцијата, политиката за енергија и иднината на континентот.Иако посетата е неофицијално најавена како приватна и во голем дел поврзана со голф, Трамп веднаш по слетувањето на аеродромот Прествик во Аиршир, изјави дека „Европа е под закана од ужасна инвазија на илегални мигранти“.„Соберете се. Ако дозволите ова да се случува, веќе нема да имате Европа. Оваа инвазија ја убива Европа,“ порача Трамп, додавајќи дека „некои европски лидери кои не дозволија вакво нешто, не добија доволно признание“.Трамп истовремено ја пофали британската премиерка Киер Стармер како „добар човек“ и истакна дека неодамнешниот трговски договор меѓу Велика Британија и САД е „добар потег за Обединетото Кралство“. Очекувањата се дека токму оваа тема ќе доминира на нивната средба.Американскиот претседател остро ја критикуваше употребата на ветерни турбини низ Европа, нарекувајќи ги „уништувачи на убавината на континентот“.„Запрете ги ветерниците. Уништувате прекрасни полиња и долини, а птиците ги убивате. Жалосно е да се лета над Европа и да се гледаат тие чуда од грдотија,“ рече Трамп.По слетувањето се упати кон својот голф-терен Трнбери, кој го купи во 2014 година. Дел од неговата турнеја вклучува и отворање на нов терен во Абeрдиншир. Тој откри дека холивудскиот актер Шон Конери му помогнал во добивањето на дозволите.„Без Шон Конери, немаше да ги имаме овие величествени терени,“ рече Трамп.Покрај европските теми, Трамп беше прашан и за новата политичка бура во САД околу документите поврзани со Џефри Епстајн. Тој одговори остро:„Правите врева од ништо. Јас сум фокусиран на договори, не на теории на заговор,“ рече, одбивајќи да одговори дали би ја помилувал Гислејн Максвел, соработничка на Епстајн.Неговата посета предизвика и серија протести низ Шкотска. Групата „Стоп Трамп Шкотска“ најави демонстрации во Единбург, Абердин и Дамфрис, а според анкетите, околу 70% од Шкотите имаат негативно мислење за Трамп.„Доаѓа поради голф, зошто тоа да не си го плати сам?“ праша една демонстрантка во Единбург.Иако посетата е приватна, трошоците за обезбедување се значајни. За посетата во 2018 година беа потрошени над 14 милиони фунти, од кои повеќе од 3 милиони само за дводневниот престој во Трнбери.Полицијата на Шкотска не открива колку сили ќе бидат ангажирани поради „оперативни причини“, но најавуваат масовна операција со поддршка од британските служби.Премиерот на Шкотска, Џон Свини, изјави дека посетата нема да влијае на функционирањето на полицијата, но генералниот секретар на Шкотската полициска федерација, Дејвид Кенеди, не се согласи:„Ова влијае на нашите ресурси. Секако дека сакаме претседателот на САД да може да ја посети Шкотска, но моменталната состојба со бројот на полицајци е сериозен проблем,“ рече Кенеди.

Свет | пред 6 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Запленета дрога и лишени од слобода 12 лица кај Гевгелија

Дванаесет лица се приведени во ноќна полициска акција на локалниот пат од селото Миравци кон излетничкото место „Бел Рај“ во близина на Гевгелија, откако кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.Акцијата е спроведена во ноќта меѓу 25 и 26 јули, во периодот од 22:00 до 03:00 часот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија.Приведени се: седум лица од Скопје: Б.Ј. (25), С.Н., М.К. (31), Н.М. (20), А.И. (24), Ф.П. (22) и Д.Б. (34); двајца од Кавадарци: Г.А. (21) и Т.Ј. (38); К.П. (21) од Неготино, П.З. (38) од Радовиш и Е.Ј. (22) од Берово.Како што информира МВР, во осум одвоени случаи, при преглед на лицата и на возилата со кои се движеле, биле пронајдени марихуана и четири таблети со виолетова боја. За случаите бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.„По целосно документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, додаваат од МВР.

Македонија | пред 6 месеци

bujar-osmani-mucunski-585x390-1

Чаир како политичко боиште: Министер против поранешен министер

Изјавата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во врска со кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на Чаир, предизвика остра политичка полемика во јавноста.Муцунски, во интервју за ТВ Канал 5, оцени дека Османи со својата кампања и последните изјави испратил „опасни наративи“ кои, според него, повикуваат на редефинирање на државата и загрозување на нејзиниот унитарен карактер. Министерот вели дека се работи за концепт кој „отвора теми за автономија во одлучувањето“ и можност за „држава во држава“.– Ова не се наративи на 21-ви век, туку ехо од 19 и 20 век. Македонија е унитарна држава, членка на НАТО, и нема да дозволиме никакви повици за федерализација или конфедерализација. Ќе преземеме проактивни мерки против ваквите обиди – рече Муцунски.Тој упати критика и кон „оние кои со години се претставуваа како Европејци“, но, според него, се покажало дека една кампања за локални избори била доволна за да се активираат ретроградни идеи.Муцунски потенцираше дека верува во соживот и истакна дека сите етнички заедници во државата имаат заедничка цел – европска иднина, инвестиции и стабилност, но притоа остро ги осуди политичките пораки кои, според него, го подриваат тој курс.Поранешниот министер за надворешни работи и кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, реагираше преку социјалните мрежи, обвинувајќи го Муцунски за „неразумни потези“ и „опасно неразбирање“ на суштината на Охридскиот рамковен договор.– Охридскиот договор не го загрозува унитарниот карактер, туку го моделира во функционална мултиетничка демократија. Бадентеровото мнозинство, Балансерот, јазичната еднаквост и децентрализацијата не се закана – туку гаранција за стабилност – порача Османи.Според него, непризнавањето на Охридскиот договор е директен удар врз темелите на државата, кои, како што вели, не се само внатрешен консензус, туку и меѓународно прифатен модел од партнери како САД и ЕУ.– Во време кога државата треба да се обедини околу европската агенда, изјави како на Муцунски отвораат непотребен етнички фронт. Тоа не е патот напред – предупреди Османи.Тој својата реакција ја заокружи со порака дека „Охрид, исто како и Преспа и Договорот со Бугарија, не се проблеми, туку решенија“, алудирајќи дека мултиетничкиот баланс и договорите се темелот врз кој се гради иднината на државата.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-26-at-10.14.19

(Видео) Колона од возила поминала патарина без плаќање – снимка ја разбранува јавноста, ЈПДП најавува дисциплински мерки

Снимка на која се гледа како дваесетина автомобили поминуваат наплатна рампа без запирање и без очигледно да платат патарина, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и отвори прашања за контрола и (не)еднаквост пред законот. Видеото, снимено на патарината кај Гостивар, стана вирално, а неговиот објавувач саркастично напиша: „Патарините за едни се мајка, за други маќеа“.По реакциите во јавноста, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) излезе со соопштение во кое потврдува дека направена е внатрешна контрола веднаш по објавувањето на видеото. Според нив, првото возило во колоната платило патарина и за другите зад него, но постојат и случаи каде тоа не е направено.„Веднаш по објавата на видеото директорот на ЈПДП даде итен налог за проверка. Контролата утврди дека само за неколку возила не е наплатена патарина. По целосно расветлување на случајот ќе следат мерки за утврдување на одговорност на вработените и дисциплински постапки“, наведуваат од претпријатието.И покрај објаснувањето, дел од јавноста остана скептична и гневна, оценувајќи дека ваквото однесување создава чувство на нееднаквост и ненаказнивост. Граѓани коментираат дека ако обичен возач помине патарина без да плати, веднаш добива казна, додека во овој случај сè уште нема ниту казнети лица.

Македонија | пред 6 месеци

1681115444_zelenski

Жестоки борби околу Покровск – Украина го нарекува „главно жариште“ на фронтот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во тек се жестоки борби околу градот Покровск, во источниот дел на земјата, кој претставува важно логистичко јазол. Руските сили во изминатите денови речиси секојдневно објавуваат дека освојуваат села во неговата близина.Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски нагласи дека врховниот командант на украинската армија, генерал-полковник Олександр Сирски, на состанок со високи воени и државни функционери посочил дека токму регионот околу Покровск во моментов е „главно жариште“ во војната против Русија.„Ги анализиравме сите оперативни правци, но посебно внимание посветивме на Покровск. Таму е фокусот,“ рече Зеленски.Тој додаде дека украинските сили продолжуваат со дејствија и во пограничните делови на северната област Суми, каде што руската армија во последните недели успеа да воспостави позиција.Во посебна објава на социјалната мрежа Телеграм, генерал Сирски наведе дека Покровск и уште пет други сектори претставуваат најтешки точки долж фронтот кој се протега на околу 1.000 километри.„Руската Федерација ја плаќа максималната цена за својата обидувана ‘летна офанзива’,“ напиша Сирски.Руските сили со месеци се обидуваат да се приближат до транспортниот јазол Покровск, кој пред почетокот на инвазијата броеше околу 60.000 жители. Повеќето од нив во меѓувреме се евакуирани.Уште во мај, Сирски изјави дека украинската армија ја стабилизирала ситуацијата околу градот, каде што се наоѓа и единствениот украински рудник за коксов јаглен — стратешки ресурс за домашната челична индустрија.Руското Министерство за одбрана во четвртокот објави дека нејзините сили ги зазеле селата Звириве и Новоекономичне – едното западно, другото источнo од Покровск. Претходно во текот на неделата, Москва соопшти дека го „ослободила“ и селото Новоторецке.Украинските воени власти досега не го потврдија губењето на овие локации, но Генералштабот на украинската армија во своето вечерно соопштение наведе дека токму во реонот на Звириве и Новоекономичне, руските сили се обидуваат да ја пробијат украинската одбрана.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања