Скопје1.мк

tepachka-deca

Брутално претепале човек за лубеници - се бара притвор за две лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека заедно како група извршиле кривично дело „Насилство“ согласно член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Според обвинението, инцидентот се случил на 24 јули во селото Орешани, откако осомничените – на возраст од 39 и 31 година – сметале дека едно лице украло лубеници од нивата на првоосомничениот.Двајцата осомничени со товарно возило го следеле оштетениот, кој се движел со автомобил од Петровец кон селото Таор. Откако жртвата се паркирала во дворот на куќата на својот внук во Орешани, осомничените веднаш пристигнале, излегле од возилото и го нападнале.„Го извлекле оштетениот насилно од автомобилот и го удирале со тупаници и шамари по главата и телото. Вториот осомничен извадил водоводџиски клешти од камионот и продолжил да го удира, сè додека жртвата не паднала во безсознание“, соопшти Обвинителството.Од силниот напад, жртвата задобила тешки телесни повреди и се наоѓа во животозагрозувачка состојба. Во моментот е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија во Скопје.Освен врз жртвата, насилството предизвикало страв и несигурност кај неговиот внук, кој бил сведок на нападот, како и кај жителите на селото.Ценејќи ги тежината на делото, ризикот од бегство и можноста за повторување на кривично дело, обвинителот поднел предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за двајцата осомничени.Судот треба да одлучи дали лицата ќе бидат задржани во притвор додека трае истрагата за овој брутален напад со опасни последици.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-25-211142

(Видео) Грета Тунберг во Македонија, утре ќе биде на протестна блокада за спас на реката Дошница на Кожуф

Познатата шведска активистка за спас на животната средина и климатски промени, Грета Тунберг е во Македонија.Вчера го посети Општествено-културниот центар во Тетово, кој е инклузивен простор за младински иницијативи.Во своето обраќање на Инстаграм, таа кажа дека денеска е во посета на Скопје, но наглади дека вчера македонскиот парламент гласал против можноста за испраќање хуманитарна помош во Газа.Таа ќе учествува на дебара во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје, со наслов „Стоп за воената машинерија: Борбата против империјализмот и капиталистичките војни“.Утре ќе биде дел од протестна блокада за спас на реката Дошница на Кожуф.

Македонија | пред 6 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Спречен шверц на долна облека ,,Викторија Сикрет” и „Гучи”, девизи, цигари и канабис

Царинската управа објави дека нивни службеници на граничните премини низ државата и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови спречиле обиди за криумчарење семки и масло од канабис, ноќна облека „Викторија Сикрет“ и „Гучи“, значителна количина цигари, а спречен е и нелегален влез на мигранти.На граничниот премин Богородица со Грција, во камион што превезувал палети, биле откриени илегални мигранти од Египет. На аеродромот во Скопје, бил спречен обид за шверц на 400 парчиња женска долна и ноќна облека од модните куќи „Викторија сикрет“ и „Гучи“. Патникот се обидел да влезе во државата без да ги пријави производите кај царинскиот орган, при што се определил за зелен канал, наменет за патниците што немаат стока за пријавување. Во личниот багаж и во ранецот што ги носел, била пронајдена непријавената облека од познати марки.Кај Македонец што требало да патува за Лондон, биле пронајдени и запленети три илјади парчиња цигари и еден килограм тутун. Случајот бил откриен по извршена рендгенска и детална контрола на багажот.Во друг случај, на граничниот премин Богородица, во кабината на камион со цистерна, под тапацирот на една од фиоките, царинските службеници откриле 11 штеки цигари.Царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје запленија 850 парчиња играчки поради основано сомнение за повреда на право од интелектуална сопственост.Музички инструменти, аудио опрема и друга електроника се запленети во три случаи на влез во државата на граничните премини Табановце и Меѓународен Аеродром Скопје, откако царински службеници и мобилен тим ги открија во возила со кои македонски и странски државјани се обиделе да ги криумчарат. Запленетата стока е со проценета вредност од 736 илјади денари.Царински службеници на граничен премин Табановце во два случаи спречија обиди за нелегален внес на девизи.Во првиот случај при контрола на автобус, во личната торбичка на еден од патниците се пронајдени 19.600 евра. Во вториот случај, во возило со кое патувале двајца патници се пронајдени вкупно 31.400 евра.

Македонија | пред 6 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски: Создавање семејство е патриотски чин

Премиерот Христијан Мицкоски го кажа својот став за демографската слика во државата.„Некои можеби ќе ме прогласат и за конзервативен, некои можеби ќе ме прогласат за човек кој што можеби живее во минатото, но, јас мислам дека потомството, создавањето семејство и дечињата е патриотски чин и денеска така се брани иднината на Македонија и македонскиот народ. Ценам дека двојно зголемените бесплатни ин-витро процедури се во таа насока и тука не застануваме. Продолжуваме и понатаму. Во годината што следи ќе имаме многу поробусни акции кои што ќе значат подобрување на демографската слика во Македонија“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

perinski

Перински во Гевгелија: Инфраструктурниот бум е она што ја издвојува оваа Влада од сите претходни

Денеска во Гевгелија, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со премиерот, Христијан Мицкоски, градоначалникот, Андон Сарамандов и министерот за транспорт, Александар Николовски, присуствуваа на увид во градежните активности на три значајни инфраструктурни проекти.Министерот Перински при посетата посочи дека овие три проекти, изградбата на западниот Булевар „Свети Климент Охридски“, изградбата на кружна крстосница на влезот во Гевгелија и мост над канал Рауљ како и проектот за реконструкција на дел од Булевар Гевгелија и надпатникот на ул. Железничка и железничка пруга, претставуваат инфраструктурни зафати од исклучителна важност за општината. Тој додаде дека со нив се решаваат реални и децениски наталожени предизвици на граѓаните, за кои долго време никој немал храброст ниту волја да ги реши.„Ова е она што ја издвојува оваа Влада од сите претходни. Благодарение на заложбите и посветеноста на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, покажавме дека сме вистински и сериозен партнер на сите општини.“, дополни министерот.Тој потенцираше дека успехот и динамиката на реализација на проектите зависи најмногу од првиот човек во општината. Според него градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, со визија, посветеност и проактивен пристап ги води процесите и обезбедува проекти што оставаат видлива и долготрајна корист за општината.

Македонија | пред 6 месеци

agata-od-polaska

Спиеме по две во кревет, храната е малку – дел од спортистите на ЕМОФ за условите во Скопје

Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) во Скопје се одвива со полна програма и многу ентузијазам, но надвор од спортските полиња, вниманието сè почесто се насочува кон условите за спортистите.Бројни видеа, статуси, и коментари на социјалните мрежи укажуваат на организациски пропусти или пак несреќи. Дополнително дел од спортистите со кои разговаравме ги потврдуваат ваквите впечатоци.„Мораме да спиеме во еден кревет, односно во брачен кревет со тренерот, значи двајца спиеме во таков кревет. Нема тоалети во собите, па мора да делите со другите. Имаме проблем и со водата, немаме вода во блоковите, само во кујната. Ограничено е на две шишиња за еден човек. Имаме проблем и со жештината во собата, нема клима”, вели одбојкарката Агата.„Јас мислам дека храната не е добра, можеше да биде подобра. Не е вкусна, не ни се допаѓа. И мала е порцијата“, вели Антонина Павловска, одбојкарка.„Немаме тоалет за девојки во собите. Во однос на храната, малку е храната за нас девојките кои спортуваме на топло време. Информиравме за недостатоците, секој ден кажуваме за тоа. Што ви кажаа на тоа? – Дека ова е веќе испланирано и дека не можат да направат промени“, вели Ашја Штурек.За дел од негативните коментари се огласи македонската велосипедска федерација. Велат дека се шират шпекулации во врска со случајот со повредениот велосипедист од Литванија. Велосипедистот се здобил со скршеница уште пред отварање на фестивалот.„Уште една невистина е фотографијата која вирално се споделува на повреденото дете со скршена рака кое е всушност од репрезентацијата на Литванија и за кое националната репрезентација на Литванија објави уште пред отворањето на игрите дека велосипедистот се повредил на патеката за Крос кантри во Куманово за време на тренинг и негов пад на еден од техничките елементи на самата патека. Тоа е сосема друг излоиран инцидент кој нема никаква поврзаност со сообраќајниот инцидент“, се вели во соопштението на велосипедската федерација на Македонија.Претходно, двајца велосипедисти од Исланд беа повредеени на патот Куманово – Свети Николе, но се наоѓаат во добра здравствена состојба. Од федерацијата посочуваат дека тие самостојно се упатиле на таа патека која не била предвидена за тренинг.Дополнителна доза критика доаѓа и од социјалните мрежи, каде се споделуваат фотографии од улици што се асфалтираат буквално наутро пред почеток на трките. Сето тоа отвора прашања за подготовката, безбедноста и грижата за младите учесници.

Македонија | пред 6 месеци

mickoski-1

Вчера се донесоа два закони со кои се овозможува ново линеарно покачување на пензиите и ваучери за електронски уреди за студентите

Во текот на денешниот настан во Гевгелија, по повод пуштањето во употреба на новиот булевар „Свети Климент Охридски“ претседателот на Владата, Христијан Мицкоски даде свој коментар на двата закони кои вчера беа донесени во Собранието, а со кои се овозможува линеарно зголемување на пензиите и ваучери за студентите.„Она што е важно да се каже е дека вчера поминаа два важни закони; едниот Закон е линеарното зголемување на пензиите, она што пенизонерите го бараа. Тие бараа фер, правично, линеарно зголемувње и со овие нови 2 илјади денари линеарно зголемување, ако се додадат и оние претходните 5 илјади денари, тогаш за 18 месеци имаме линеарно зголемување на пензиите за 7 илјади денари. Ако се спореди ова зголемување со зголемувњата во минатото тогаш доаѓаме до заклучок дека неколкукратно се зголемени пензиите за пензионерите. Дали е доволно ? Не е. Но, дали е повеќе од тоа што било- тогаш апсолутно е 3, 4 пати повеќе од било кој просек да го земете во подолг период. Земете го просекот на претходната Влада на СДСМ во 7 години ќе видите дека во овие 18 месеци за 4 пати е повеќе зголемувањето на пензиите.“ рече Мицкоски.Премиерот Мицкоски се осврна и на ваучерите за студентите кои се овозможуваат со одлуката донесена вчера во Собранието.„И да, вториот Закон е законот за кој што студентите на сите универзитети во државата и редовни и вондредни, буквално сите ќе се стекнат со право да добијат ваучер, вредносен бон во вредност од 15 илјади денари кој што ќе го искористат за набавка на електронски уреди кои што понатаму ќе им послужат на нив во текот на студирњето. Така што, овие два закона кои што ги ветивме еве ги испорачуваме. Тоа што во минатото се крадеше, сега се гради и се испорачува за граѓаните.“, заклучи премиерот.

Македонија | пред 6 месеци

Belicanec

Сеќавање на актерката Билјана Беличанец-Алексиќ, на денешен ден ќе го прославеше 52. роденден

На денешен ден во 1973 година во Скопје, родена е Билјана Беличанец-Алексиќ. Таа беше истакната македонска театарска, телевизиска и филмска глумица.Во 1994 година дипломирала како најмлад глумец на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија.Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. Реализирала бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други институции и проекти. Во 2012 година го добила признанието „Мајка Тереза“.Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршуваше функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.Почина на 6 април 2019 година во својот дом во Скопје.

Македонија | пред 6 месеци

jovana-trencevska-SDSM

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ лаже, со СДСМ пензиите пораснаа за 30%

Тренчевска потсетува дека во периодот од февруари 2022 до мај 2024 година, благодарение на Методологијата за усогласување на пензиите што ја донесе Владата на СДСМ, пензиите пораснаа за 29,7%. За тој период, најниската пензија порасна од 9.900 денари на 13.200 денари, а ниту едно покачување не било симболични 50 или 100 денари како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.Освен редовните покачувања, во два наврати беа доделени социјални мерки за сите пензионери:3.000 денари за сите пензионери,15.000 денари за оние со пензија до 14.000 денари,10.000 денари за пензии од 14.001 до 16.000 денари,7.500 денари за пензии од 16.001 до 19.000 денари.„Во мај 2024 година дупката во ПИОМ изнесуваше 32,5%. Денес таа е 47,8%. Со системски политики ја чуваме стабилноста на фондот, ВМРО-ДПМНЕ го загрозува и неговиот опстанок“, истакнува Тренчевска.СДСМ уште еднаш ја потврдува посветеноста кон пензионерите – со одговорни, системски решенија за подобар стандард, стабилен пензиски фонд и реална поддршка, а не со манипулативни трошки и лажни ветувања како што денес им се нуди

Македонија | пред 6 месеци

Ljupco-N-SDSM

Љупчо Николовски: Само една нова мала винарија за една година – катастрофален резултат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ

„Шокантен пад во поддршката за малите производители. Според официјални податоци, во една година под Владата на ВМРО-ДПМНЕ е регистрирана само една нова мала семејна винарија. За споредба, во една година под Владата предводена од СДСМ беа отворени 101 мали семејни визби – тоа се 101 нови семејни бизниси, 101 можност за локален развој и работни места“, реагираше пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски и додава:Ова е директен резултат на укинувањето на реформите и програмите што СДСМ ги воведе за поддршка на малите производители, винари и земјоделци. Наместо да ги надградат успешните политики, ВМРО-ДПМНЕ ги укина без почит кон трудот на земјоделците.Ваквата безидејност и неспособност имаат сериозни последици го уништуваат локалниот агро-бизнис и ја враќаат државата чекор назад.СДСМ останува на страната на малите производители и ќе продолжи да се бори за политики што носат реална поддршка, развој и просперитет за секое семејство и секоја општина.

Македонија | пред 6 месеци

vodno

Обид за намерно потпалување на Средно Водно – пронајден материјал за запалување

Подготвен материјал за потпалување, составен од дрвен отпад, хартиени кеси и гранки, бил пронајден доцна синоќа на патеката кон Средно Водно. Случајот го пријавил граѓанин, по што полициска екипа излегла на терен и извршила увид.-На 25.07.2025 во 03.26 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 24.07.2025 околу 22.55 часот на патеката кон Средно Водно во Скопје бил забележал дрвен отпад собран на едно место, спремен за потпалување. Излезено е на местото, при што биле пронајдени остатоците од дрвен отпад и хартиени кеси покриени со гранки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението на МВР.

Скопје | пред 6 месеци

SLIKA-4-VELES

Фудбалот е повеќе од игра – Mozzart го отвори вториот мини пич терен во Велес

Во живописниот Велес, град со душа што пулсира со историја, култура и љубов кон спортот, светна нова надеж: мини пич терен кој не само што ги зближува луѓето, туку ја отвора вратата кон соништата на многу млади фудбалери.Теренот е донација од компанијата Mozzart, чија мисија е да покаже дека фудбалот не е само трка за топка – туку празник на заедништво, поддршка и човечност.Акцијата Фудбалот е повеќе од игра започна во Србија, а од оваа година истата се реализира и на македонско тло.Овој терен го носи името на велешката легенда Панче Ќумбев – симбол на посветеност, храброст и инспирација.„За мене ова значи голема чест и почитување,и секако обврска да продолжам со мојот ангажман во фудбалот и воопшто во спортот.Тоа што теренот го носи моето име за мене е голема работа,доказ дека сум оставил белег со својата кариера.Велес и Македонија секогаш давале големи имиња во спортот и мило ми е што Mozzart како општествено одговорна компанија со вложувањето во спортски терени тоа го препознава и поддржува. Вложувањето во спортски терени е вложување во здравјето на младите. Преку спортот можеме да градиме здрава иднина и здрави поколениjа, а основа за тоа се условите и терените. Mozzart очигледно ја знае вистинската формула за тоа и вложува во спортска инфраструктура. Продолжете со оваа благородна мисија и едно големо благодарам за се што правите”, изјави Панче Ќумбев.На отворањето присуствуваа бројни љубители на фудбалот – родители, деца и млади таленти. Сите обединети во една емоција: благодарност.Првите кои имаа чест да го тестираат теренот беа младите фудбалери од Велес. Тие одиграа хуманитарен натпревар со цел да помогнат на лицата со церебрална парализа од својот град — гест кој потврдува дека фудбалот има моќ да обединува и инспирира.„Задоволството е огромно кога гледаме колку значи еден ваков проект за младите. Можеби токму тука ќе се роди новата фудбалска ѕвезда на Македонија. Нашата улога е да поддржиме, а младите да сонуваат, тренираат и го чуваат овој терен како свое светилиште,“ рече Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ своето патување низ Македонија го започна од бисерот Охрид, продолжи во Велес, и наскоро ќе го заокружи во Свети Николе. Секој град добива нешто повеќе од терен – добива приказна, заедница и потсетник дека спортот има моќ да менува животи.*пр објава

Македонија | пред 6 месеци

Kasandra

(ФОТО) Нема повеќе „резервации“ со пешкири: Општината Касандра ги собира од плажите

Нелегално поставени лежалки, чадори, пешкири и слична опрема беа отстранети од плажите во Полихроно и Калитеа на првиот крак од Халкидики, како дел од засилените инспекции кои ги спроведува општината Касандра, пишуваат грчките медиуми.Инспекциските служби, со поддршка од полицијата и без претходна најава, согласно законските овластувања, извршиле акција за отстранување на сите предмети кои биле оставени преку ноќ на јавна површина, со што некои туристи се обидувале однапред да „резервираат“ дел од плажата.Општината објави фотографии од акцијата и информираше дека отстранетата опрема – меѓу која столчиња, душеци, пешкири и чадори – е конфискувана и транспортирана до центар за рециклажа. Нема можност за враќање на предметите.Надлежните најавија дека ваквите контроли ќе продолжат и ќе се прошируваат долж целата обала на првиот крак, со порака дека плажите се јавен простор и припаѓаат на сите.Слични акции се спроведуваа и претходни години, а оваа година општината уште на почетокот на туристичката сезона најави поинтензивен надзор, преку соопштенија објавени на неколку јазици – меѓу кои и српски – насочени конпосетителите на регионот.Инспекциите продолжуваат.фото: ФБ/Општина Касандра

Балкан | пред 6 месеци

gradonacalnici-na-kale

(ФОТО) Дојдоа да помогнат во чистењето на Кале, а направија и селфи - скопските градоначалници како поддршка на Министерството за култура!

Градоначалниците на неколку скопски општини денеска се приклучија на акцијата за расчистување на скопското Кале, а Бобан Стевковски објави и фотографии од настанот. Вели дека не можеле да ги игнорираат повиците од Министерството за култура кое бара помош.Денес, во координирана акција на скопските општини Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров и Бутел, преку ЗЕЛС и во соработка со Министерството за култура, започнавме активности за расчистување и уредување на просторот околу Скопското Кале.Како скопски градоначалници не можевме да останеме глуви на повикот од Министерството за култура, кое веќе неколку месеци бара помош и поддршка за овој простор, но не доби соодветен одговор од ЈП Паркови и Зеленило и од Градот Скопје. Одлучивме заедно да преземеме иницијатива и да покажеме дека кога институциите соработуваат, може да се постигне многу.Скопското Кале е едно од најзначајните историски и културни обележја на нашиот главен град. Тоа е симбол на историјата и идентитетот на Скопје, сведоштво за неговото минато и место кое секојдневно го посетуваат туристи, ученици и граѓани. Затоа, должност ни е да го третираме со внимание и почит.Срамна е сликата која туристите ја гледаат – запуштен простор, неуредена вегетација, отпадоци и занемарена околина. Тоа не е лицето што сакаме Скопје да го покаже пред светот. Затоа, оваа акција е само прв чекор – ќе продолжиме со координирани напори за трајно одржување и унапредување на овој значаен објект.Со здружени сили можеме да направиме многу за нашето културно наследство. Скопското Кале заслужува повеќе – заслужува грижа, внимание и континуирана поддршка.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев поднесе тужба против Собранието и претседателот Гаши: „Поништувањето на расправата за Кочани е противзаконско“

Лидерот на Левица и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев, денеска објави дека поднел тужба до Управниот суд против Собранието на Република Македонија и неговиот претседател Африм Гаши.Причина за тужбата, како што наведува Апасиев, е одлуката за поништување на надзорната расправа за случувањата во Кочани, која требаше да се одржи токму на Комисијата со која тој претседава. Според него, ваквиот потег е противзаконски.„Денес поднесов ТУЖБА до Управниот суд против Собранието на РМ и спикерот Африм Гаши – за противзаконското поништување на Надзорната расправа за Кочани“, напиша Апасиев на ФБ.

Македонија | пред 6 месеци

Tatjana

Адвокатот на Димитровска: Оставката е за создавање нормален амбиент, обвинението е проблематично

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска поднесе оставка до Собранието, потврди нејзиниот адвокат Владимир Туфегџиќ за Скопје1.„Како бранител ангажиран во текот на вчерашниот ден, го советував мојот клиент дека треба да поднесе оставка, од причина што на тој начин ќе се создаде нормален амбиент за понатамошно водење на постапката“, изјави Туфегџиќ.Во однос на обвинението против Димитровска, адвокатот смета дека тоа е „проблематично по повеќе основи“. Според него, информациите што се споделени не можат да се квалификуваат како службена тајна, бидејќи се однесуваат на одлуки донесени во 2022 и 2023 година, кои, како што тврди, биле усвоени на транспарентни и јавно достапни седници.„Седниците беа пренесувани во живо на YouTube каналот на Комисијата, медиумите беа информирани однапред, а самите одлуки се објавени на официјалната веб-страница“, појаснува тој.Во делот на безбедносниот сертификат, Туфегџиќ додава дека евентуален пропуст во формалниот тест не може да се третира како кривично дело. „Суштинска е проверката од АНБ, која влијае на конечната одлука, а ненамерен пропуст не значи инкриминација“, вели тој.Адвокатот најави и барање за раздвојување на постапката против Димитровска од случајот „Адитив“, со образложение дека се работи за неповрзани предмети, а со цел поголема економичност и ефикасност во постапката.фото: ФБ

Македонија | пред 6 месеци

gasi-gashi-afrim

Африм Гаши отпуштен од болница, продолжува со работните обврски

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес е отпуштен од Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, по дводневен престој и извршени медицински прегледи.Од неговиот Кабинет информираат дека здравствената состојба на Гаши е добра и стабилна и дека ќе продолжи со институционалните активности согласно препораките од лекарите.Во соопштението се изразува благодарност до директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, како и до медицинскиот персонал за грижата и професионалноста, како и до јавноста за поддршката и интересот.

Македонија | пред 6 месеци

MixCollage-25-Jul-2025-11-05-AM-4757

Љупчо Георгиевски до Касами: „Тетово секогаш бил и ќе остане македонски град“, ВМРО НП самостојно оди на локални избори

ВМРО-Народна партија, предводена од поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, најави самостоен настап на локалните избори во Општина Тетово што ќе се одржат во октомври. Од партијата информираат дека ќе учествуваат со своја советничка листа и ќе настапат со кандидат за градоначалник.Во официјалното соопштение се наведува дека ВМРО-НП ќе промовира кандидат со „обединувачки капацитет и визија за модерно Тетово“.„Им порачуваме на сите Македонци и останатите граѓани на Тетово дека во ВМРО-НП секогаш ќе имаат партнер од доверба кој нема да ги изневери интересите на македонскиот народ во овој дел од Македонија,“ стои во соопштението на партијата.Дополнително, беше испратена директна порака до актуелниот градоначалник Билал Касами: „Тетово секогаш бил и ќе остане македонски град.“Партијата најави дека по официјалното распишување на изборите ќе организира свечена промоција на својот кандидат за градоначалник и советничката листа за Советот на Општината.Од друга страна, актуелниот градоначалник Билал Касами, воедно и лидер на партијата Движење Беса, која е дел од владејачката коалиција ВЛЕН, веќе ја потврди својата кандидатура за втор мандат.Одлуката на најголемите македонски партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – да не излезат со сопствени кандидати за градоначалник на Тетово предизвика реакции во јавноста. Сојузот на борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи од Тетово ја изразија својата длабока загриженост, оценувајќи дека станува збор за сериозно занемарување на интересите на македонскиот народ во овој дел од државата.

Македонија | пред 6 месеци

kocevski

Љупчо Коцевски: Интерпелацијата е политички атак врз независноста на Обвинителството

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски писмено одговори на интерпелацијата поднесена од шестмина пратеници на партијата Левица, обвинувајќи ги за политичка злоупотреба и неразбирање на функцијата што ја извршува.„Интерпелацијата е правно неоснована, политички мотивирана и претставува опасен преседан на мешање во самостојноста на обвинителската власт“, оценува Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во својот официјален одговор доставен до Собранието.Интерпелацијата, поднесена од пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев, содржи четири клучни точки на обвинување: селективна истрага за трагедијата во Кочани, политички договор со премиерот Христијан Мицкоски, хаос во Вишото обвинителство Скопје и непостапување за урбаната мафија во Скопје.Во однос на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 62 млади лица, Коцевски нагласува дека Јавното обвинителство не работи селективно и дека истрагите ги опфаќаат сопствениците, обезбедувањето, одговорни лица во повеќе институции, па дури и високи полициски службеници.„Не постои ‘чопоративно’ обвинение – секој осомничен одговара за свои дејствија“, вели Коцевски, додавајќи дека се чувствува горд на обвинителскиот тим кој за кратко време прибрал голем број докази. Тој тврди дека родителите на жртвите биле детално информирани и дека довербата во обвинителството се зацврстува.На наводите дека е постигнат политички договор со премиерот Мицкоски за негово останување на функција во замена за селективност, Коцевски одговара со категорично негирање.„Никогаш немало обид за политичко влијание врз мене. Иницијативата за мое разрешување беше исто толку неоснована како и оваа интерпелација“, наведува тој, истакнувајќи дека и Советот на јавни обвинители дал негативно мислење за негово разрешување, а Европската комисија во последниот извештај посочила на недостатоци во иницијативата.За состојбите во Вишото обвинителство Скопје, Коцевски признава дека имало сериозни проблеми, но дека токму тој презел одговорност.„Поведов дисциплински постапки против шефот и уште еден обвинител. Дисциплинската комисија едногласно утврди тешки повреди. Ќе молчев ли додека се повлекуваат жалби и се нанесува штета на буџетот?“ – прашува обвинителот.Во последната точка, која се однесува на наводно непостапување за бесправната градба во Скопје, Коцевски одговара дека веќе се оформени предмети и во ОЈО Скопје и во Обвинителството за организиран криминал. Дел од постапките се во фаза на предистрага, а на надлежните институции им се дадени конкретни наредби за прибирање докази.„Обвинителството не работи по наративи, туку по факти и пријави. Секој што знае за кривично дело има обврска да го пријави, а не да очекува обвинителството да отвора случаи само врз основа на јавни изјави“, вели Коцевски.На крајот од писмото, Коцевски ја отфрла тезата дека во обвинителството владее „токсична и нефункционална атмосфера“ и се повикува на Извештајот на Европската комисија, кој нотира напредок во борбата против корупцијата, зајакната институционална соработка и функционални истражни центри.„Оваа интерпелација нема правен основ, ја дискредитира институцијата и нанесува штета на угледот на јавните обвинители. Апелирам до пратениците да ја отфрлат, а со тоа и да ја заштитат самостојноста на обвинителската функција“, завршува Коцевски.

Македонија | пред 6 месеци

Kale

Се реконструира Калето: Ќе се вложат 130.000 евра за оживување на запуштените музеи и уредување на просторот

Скопското Кале конечно ќе добие нов лик. Со средства во износ од 8 милиони денари (околу 130.000 евра) обезбедени преку ребалансот на Буџетот, ќе се отпочне со санација на просторот и реконструкција на двата досега изградени, но нефункционални музејски објекти, информираше денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.На прес-конференција одржана на самата локација, присуствуваа и директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, како и неколку други скопски градоначалници.„Калето повеќе од десет години се наоѓа во запоставена и уништена состојба. Имавме неколку обиди да стапиме во контакт со Град Скопје и со ЈП ‘Паркови и зеленило’ со цел да се приклучат на расчистувањето, но не добивме никаков одговор. Затоа се обративме до ЗЕЛС и веќе се преземени активности за расчистување и озеленување“, изјави Љутков.Изградбата на трите музеи – за праисториски, османлиски и средновековен период – започна уште во 2011 година, но објектите досега не се ставени во функција, ниту пак просторот околу нив е уреден.Според Честоева, која и во октомври минатата година укажа на оваа состојба, двата комплетно изградени музеи – наменети за археолошки поставки од праисторијата и отоманскиот период – се целосно запуштени, со видливи оштетувања. Третиот музеј, предвиден за средновековниот период, кој никогаш не бил довршен, е целосно обраснат со вегетација.Министерот Љутков посочи дека објектите се во исклучително лоша состојба и ќе биде неопходна целосна замена на механизацијата и системите за климатизација. Ќе биде распишан тендер за јавна набавка за нивна санација, а планот е објектите да бидат функционални до 2026 година. Целта, рече тој, е Калето да биде една од клучните локации кога Скопје ќе ја понесе титулата Европска престолнина на културата во 2028 година.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2024-03-27-at-10.58.51

Татјана Димитровска поднесе оставка од функцијата претседателка на Антикорупциска комисија

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска поднесе оставка од функцијата. Како што информираа од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, оставката била доставена во текот на денешниот ден.-Кабинетот на претседателот на Собранието ја информира јавноста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), г-ѓа Татјана Димитровска, денес до Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, поднесе оставка од нејзината функција.Истовремено, ве информираме дека Собранието ке постапи согласно предвидените процедури и за истите благовремено ке бидете информирани, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 6 месеци

jelena

„Какви луѓе станавме?“ – апел на актерката Јелена Јованова за страдањата во Газа

Актерката Јелена Јованова објави статус на социјалните мрежи, реагирајќи на хуманитарната катастрофа во Појасот Газа. Таа се обрати до родителите, прашувајќи ги какви вредности им пренесуваат на своите деца во време кога гладот и страдањата се сведени на статистика, а емпатијата се губи во лавиринтот на политички оправдувања.Што им порачавте денес на вашите деца?Сигурно ќе ве прашаат вечерва.На оние во Газа кои умираат од глад, чии мајки ги хранат со сол и вода – не за да бидат здрави, туку за да ги одржат во живот барем уште еден ден, на оние што не се ни живи ни мртви, туку скелети што се движат – е јасно!Што ќе им кажете на вашите? Којa морална, ХУМАНА лекција ќе им ја пренесете?Каде, на пиедесталот, ќе им ја сместите емпатијата, а каде рамнодушноста?Сигурно ќе им спомнете: „Ама ќерко моја, сине мој, не се разбираш во политика.“Се надевам ќе ви одговорат: „За да го разбереш човековото право, хуманоста, не треба да ја разбираш и политиката!“Дека во Газа има недостаток на храна?Се надевам ќе ви кажат: „Не, во Газа се случува воен злостор. Геноцид.“Дека секој има право да се брани?Се надевам ќе ви кажат: „Изгладнувањето не е одбрана! Гладот не е оружје!“Дека и онака не можеме ништо да направиме?Се надевам ќе ви кажат: „Одговорноста е колективна, ама и срамот кога истата не се презема!“Дека е касно и треба да спијат?Се надевам ќе ве прашаат: „Што за вас е поважно од човековиот живот?“...се надевам!

Коментари | пред 6 месеци

Vardar

И денеска се трага по тинејџерот кој потона во водите на Вардар

Потрагата по 16-годишното дете кое вчера потонало во водите на Вардар кај селото Улаци, Градско, продолжува и денеска.Ангажирани се екипите на Специјалните единици на МВР, со чамец и тим за претраги во вода-нуркачи, како и Специјалните сили - Волци, припадници на Армијата. На терен има и тим од ДЗССВР Велес вчера информираше дека кај нив било пријавено дека две лица, на возраст од 16 и 26 години, паднале во водите на реката.26-годишната девојка била пронајдена жива и извлечена од водата, додека за 16-годишното дете сѐ уште се води интензивна потрага.

Македонија | пред 6 месеци

sestra

Биљана Јандреска Андоноска е пронајдена жива - потрагата по младата прилепчанка заврши со среќен крај!

Со среќен крај заврши потрагата по младата прилепчанка Биљана Јандреска Андоноска.Таа беше исчезната повеќе од 24 часа, случајот беше пријавен во МВР и интензивно по неа трагаше и нејзиното семејство, посебно нејзината сестра која упати апели на социјалните мрежи да помогне секој што може.Нејзините најблиски сега соопштија убава вест, а тоа е дека 34-годишната прилепчанка е пронајдена жива.“Ви Благодарам на секоја помош.Биљана е пронајдена, жива е” – напиша нејзината сестра Соња.

Македонија | пред 6 месеци

velosipedisti

Повредените велосипедисти од Исланд се во добра здравствена состојба - тренирале на несоодветна патека, надвор од агендата на ЕМОФ

Двајца малолетни членови на исландската велосипедска репрезентација, кои учествуваат на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025, и кои се здобија со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила завчера се во добра здравствена состојба.Од страна на ЕМОФ е потврдено дека по укажаната лекарска помош во Општата болница Куманово, спортистите се во стабилна и добра здравствена состојба, без потреба од понатамошна хоспитализација.Според информациите од организацискиот комитет, веднаш по несреќата на терен пристигнале нивни претставници кои им дале соодветна поддршка и останале во постојана координација со делегацијата од Исланд.Полицијата извести дека инцидентот бил пријавен во 12:09 часот, кога патничко возило „Фолксваген Пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 42-годишен возач, удрило во велосипедистите. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.Во полицискиот извештај се наведува дека тренингот на велосипедистите не бил дел од официјалната програма, ниту се одвивал на претходно одобрена и обезбедена патека. Според организаторите, делегацијата на Исланд на своја иницијатива и без најава спровела тренинг на регионален пат кој не бил дел од агендата на фестивалот.Исландската делегација испрати изјава до организацискиот тим на ЕМОФ во која изрази жалење за случката:„Жалиме за ненамерниот инцидент што се случи надвор од официјалната тренинг патека на ЕМОФ. Благодарни сме што двајцата велосипедисти се во добра здравствена состојба. Благодарност до организаторите и медицинскиот тим за нивната брза реакција и поддршка. Ќе соработуваме целосно со сите релевантни институции за да се расветли случајот и да се осигураме дека сите активности продолжуваат во духот на спортот, одговорноста и безбедноста.“Организаторите потсетуваат дека за потребите на фестивалот, од 10:00 до 13:00 часот, полицијата обезбедила целосно затворена и безбедна траса за велосипедски тренинг. Патеката се простирала од ресторанот „Фемили“ во скопската населба Карпош, по стариот пат кон Крива Паланка, преку местото викано Света Петка, па по регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце до Меморијалниот центар АСНОМ. Во тој период, сообраќајот за моторни возила и пешаци бил целосно стопиран.Организацискиот комитет истакнува дека ова е изолиран случај кој не е поврзан со официјалните активности и безбедносните протоколи на ЕМОФ.„Организацискиот комитет на ЕМОФ Скопје 2025 изразува длабоко жалење за настанот и продолжува со блиска комуникација со делегацијата на Исланд и сите релевантни институции, со цел да обезбеди целосна поддршка за повредените спортисти“, стои во нивното соопштение.Од ЕМОФ упатуваат апел до сите учесници и тимови строго да се придржуваат до зададените правила, одобрени патеки и определени термини за тренинг, како и навремено да ја информираат организацијата за секоја планирана активност надвор од официјалната програма.Организаторите уверуваат дека натпреварувањата се одвиваат согласно највисоките безбедносни стандарди предвидени за ЕМОФ Скопје 2025.фото: ФБ/Велосипедска Федерација на Македонија

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања