Скопје1.мк

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Инцидент во Скопје: искршено полициско возило по сообраќајна контрола – осомничениот избегал

Во раните утрински часови на 19 јули во скопската населба Илинден се случил инцидент при кој е оштетено службено полициско возило, откако едно лице физички го нападнало автомобилот со тврд предмет, информира Министерството за внатрешни работи.Според податоците, околу 01:15 часот на улицата „Благоја Стефковски“, полициски службеници му дале знак за запирање на патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски таблички, кое не застанало веднаш, туку било сопрено неколку минути подоцна на улицата „Ордан Поп Јорданов“.Возачот бил идентификуван како Ф.Ј. (32) од село Петровец, а во возилото се наоѓале уште три машки лица. По извршената контрола, констатирани се повеќе сообраќајни прекршоци и издадени се платни налози.Сепак, инцидентот не завршил тука. По завршувањето на службените дејства, едно од лицата од возилото „Пежо“, откако полицајците влегле во нивното возило, со тврд предмет го искршило задното стакло на полициското возило и потоа побегнало од местото на настанот.Полицијата презема мерки за идентификација и пронаоѓање на сторителот, а случајот е пријавен и документиран како напад врз службено возило и ометање на службени лица во вршење на должност.

Скопје | пред 6 месеци

brza-pomos-nokje-3

Полицаец натепан на Средно Водно во 02 часот наутро, кога легитимирал машко лице

Полициски службеник бил физички нападнат ноќеска на Средно Водно во Скопје, додека вршел легитимирање на лице на паркинг просторот, соопшти Министерството за внатрешни работи.Инцидентот се случил на 19 јули околу 02:10 часот, кога полициска патрола од единицата за интервентна полиција се обидела да легитимира машко лице. Наместо да соработува, лицето почнало да упатува навреди и пцовки, а потоа со двете раце го удрило еден од полициските службеници во пределот на градниот кош.Нападнатиот полицаец се пожалил на болки и бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му била укажана лекарска помош.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на напаѓачот.

Скопје | пред 6 месеци

pozar-stan-karpos-1

Пожар во стан во центарот на Скопје – седум лица, меѓу кои и дете, завршија на токсикологија

Седум лица, меѓу кои и едно малолетно дете, се хоспитализирани поради вдишување чад во пожар што изби на 18 јули попладне во стан на булеварот „Кочо Рацин“ број 75 во центарот на Скопје.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пожарот избувнал околу 16:30 часот, на вториот кат од зградата, а засега причините за неговото настанување се непознати. На лице место интервенирале полициски службеници од Полициската станица Центар, како и екипи на Противпожарната бригада на Скопје, кои успеале да го локализираат и изгаснат пожарот до 17:00 часот.Поради зашеметеност од чадот и болки во градите, шест возрасни лица и едно дете се пренесени на Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.На местото на настанот е извршен увид од екипа на СВР Скопје, а истрагата за причините и околностите на пожарот е во тек.

Скопје | пред 6 месеци

policija-1313

Физички напади и закани со нож: Насилни инциденти пријавени во Струга и Дебар

Во текот на 18 и 19 јули, полицијата регистрирала неколку инциденти поврзани со физичко насилство и закани, најмногу во регионот на Струга и Дебар.Најсериозниот случај е пријавен во Струга, каде што на 18 јули на паркинг просторот на улицата „Владо Малески“, неколку лица физички го нападнале 29-годишниот С.М. и неговата сопруга, двајцата жители на Струга. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и идентификација на напаѓачите, по што ќе следуваат соодветни пријави.Во друг инцидент, кој се случил истата вечер, полициски службеници од ОВР Дебар го привеле 36-годишниот А.М. од Дебар, откако било пријавено дека со нож упатил закани кон жителка на Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.Министерството за внатрешни работи соопшти дека екипи на криминалистичката полиција работат на расветлување на случаите, а јавни обвинители се веќе информирани. Сите инциденти се третираат со највисок приоритет поради нивниот насилен карактер.

Македонија | пред 6 месеци

soobrakajka

Црна хроника на патиштата: шест тешко повредени во низа сообраќајки низ Македонија случени вчера и завчера

Во текот на 18 и 19 јули 2025 година, низ неколку градови во државата се случиле серија сообраќајни несреќи со најмалку шест тешко повредени лица, покажуваат податоците од Министерството за внатрешни работи.Најтешкиот инцидент е регистриран на влезот во селото Негорци, кај Гевгелија, каде мотоциклист управувал под дејство на алкохол. Според полицијата, несреќата се случила на 18 јули околу 13:15 часот, кога мотоцикл марка „Хамачи“ управуван од 35-годишниот Е.С. од струмичкото село Дорломбос се судрил со товарно возило „Ман“ и патничко возило „Туран“. Повредениот мотоциклист имал 1.81 промили алкохол во крвта и е пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија со тешки телесни повреди.Во скопската населба Чаир, на улицата „Адем Демачи“, на 18 јули во 19:10 часот се случила несреќа во која мопед управуван од 24-годишен скопјанец се судрил со „Пасат“. Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран во ГОБ „Св. Наум Охридски“.Ист ден, во Куманово на улицата „Ѓорче Петров“, 31-годишен возач на мопед бил тешко повреден откако неговото возило се судрило со „Ауди“ со германски регистарски ознаки управувано од 22-годишен жител на Куманово.Во Кичево, во утринските часови на 18 јули, пешак била прегазена на крстосница меѓу локален и магистрален пат кај селото Зајас. Возач на „Ауди“, 28-годишен жител на Колибари, удрил во 38-годишна жена, која е хоспитализирана со тешки повреди во Општата болница Кичево.Во Велес, велосипедист на возраст од 65 години изгубил контрола и паднал на коловозот на улицата „Васил Ѓоргов“. Настанот бил пријавен околу 17:00 часот, а повредениот е пренесен во локалната болница со тешки повреди.Дополнително, во Делчево, 19-годишен возач е приведен откако бил затекнат под дејство на алкохол со 1,96 промили. Тој управувал возило со странски регистарски ознаки и веднаш бил исклучен од сообраќај. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобзирно управување моторно возило.Сите случаи се во фаза на истрага, а увидни екипи од надлежните полициски сектори извршиле увид на местата на несреќите. Министерството апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни и да се воздржат од управување возила под дејство на алкохол или други супстанци.

Македонија | пред 6 месеци

WhatsApp-Image-2023-12-13-at-17.04.38

Велосипедист загина по сообраќајка во Тетово

Велосипедист од Тетово им подлегнал на повредите по тешка сообраќајна несреќа што се случила попладнето на 18 јули на улицата „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од СВР Тетово, несреќата била пријавена во 15:30 часот. До неа дошло кога патничко возило марка „Голф“, управувано од 42-годишниот Т.И. од Тетово, удрило во велосипедистот С.С. (68), исто така од Тетово.Повредениот велосипедист со тешки телесни повреди бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, а потоа транспортиран во скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“, каде, и покрај напорите на лекарите, починал.Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Истрагата е во тек.

Македонија | пред 6 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Полемика околу Законот за полиција: СДСМ обвинува за партизација, ВМРО-ДПМНЕ враќа со критики за манипулации

Новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција предизвика силни политички тензии, откако од СДСМ го оценија како опасен чекор кон целосна партизација на МВР и узурпација на безбедносниот систем, додека од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека станува збор за намерни манипулации и дефокус од реалните успеси на Владата.На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, остро го критикуваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го дека преку предложените измени сака да го претвори МВР во „партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ“.„Станува збор за скандалозен предлог со кој се урива кариерниот систем, се бришат професионалните критериуми и се отвора вратата за поставување партиски кадри без образование и искуство“, рече Кузеска. Таа предупреди на шест клучни точки кои, според СДСМ, го загрозуваат функционирањето на полицијата: намалување на критериумите за вработување, укинување на условите за раководни функции, укинување на регионалните центри за гранична контрола, можност за бришење податоци од евиденции, подигање на старосната граница за вработување и – како што го оцени – „најскандалозно“, бришење на членот 19 што овозможува амнестија за осудени лица.„Ова е директен атак врз безбедносниот систем и државниот суверенитет. Ако овој закон биде усвоен, полицијата ќе биде инструмент за политички прогон, а не заштитник на граѓаните“, порача Кузеска.Одговорот од ВМРО-ДПМНЕ следуваше веднаш, преку реакција во која се вели дека СДСМ, наместо да понуди аргументи, продолжува со манипулации и фабрикување на тези.„СДСМ ја изневери секоја категорија на граѓани. Сега, преку прес-конференции, се обидува да ја манипулира јавноста и да дефокусира од фактот дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе ги зголеми пензиите за 5.000 денари во една година, а премиерот најави ново зголемување од 2.000 денари во наредниот период“, се вели во реакцијата.Од партијата посочуваат дека пензионерите ја препознаваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, што, според нив, се потврдува и со преминувањето на Партијата на пензионерите на страната на новата влада.Додека власта тврди дека спроведува реформи и ја враќа државата на прав пат, опозицијата предупредува на сериозно разградување на институционалниот интегритет. Предлог-законот е во собраниска процедура, а јавноста останува поделена – меѓу обвинувањата за враќање на режимски практики и тврдењата за нова стабилност.

Македонија | пред 6 месеци

milelefkov02032022.jpg

Обвинувања за хибридна војна и контрао-бвинувања за параноја: нов судир меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Во политичката арена на Македонија се отвори нов фронт на остри меѓупартиски обвинувања – овојпат со тврдења за странски хибридни напади и внатрешни предавства, проследени со жестоки контранапади за параноја и дефокус од реалните проблеми.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, излезе со сериозни обвинувања за, како што вели, координирана дискредитациска операција водена од бугарски служби со помош на домашни актери. Според него, мета на нападите се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Христијан Мицкоски, но и самиот македонски идентитет и суверенитет.„Се користат класични хибридни методи – лажни вести, фабрикувани документи, лични и семејни дискредитации, злоупотреба на човечки трагедии. Сето тоа се засилува секогаш кога Бугарија ќе доживее дипломатски пораз“, рече Лефков, наведувајќи дека зад кампањата стојат бугарски портали и мрежи на дезинформации, документирани и од меѓународни организации како DFRLab.Тој посочи и на улогата на СДСМ, за која тврди дека активно учествува во ширење на овие деструктивни наративи, со цел да ја ослаби актуелната власт.Од СДСМ, пак, веднаш возвратија со остар одговор.„Жолтите комбиња од времето на Груевски се вратија. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фатено во скандали или ќе доживее дебакл – измислуваат теории на заговор. Ова е параноја и очаен обид за дефокус од неспособноста“, се вели во соопштението на СДСМ.Партијата го нарече настапот на Лефков „театар на апсурдот“ и порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема одговор за реалните проблеми на граѓаните – економијата, европската интеграција и исполнувањето на ветувањата.„Македонија не е филм, туку држава со напатени граѓани кои бараат решенија. А доверба во вакви будалаштини – нема да имаат“, додаде СДСМ.Во ваква атмосфера на обвинувања за странски заговори и контраобвинувања за домашен циркус, граѓаните остануваат меѓу две спротивставени приказни – и сè понетрпеливо чекаат конкретни резултати, наместо постојани прес-конференции.

Македонија | пред 6 месеци

E028110A-699C-4A82-90C2-EEC749AF3B14

Apple Pay наскоро достапен и во Македонија?

По години исчекување, дигиталната платежна услуга Apple Pay конечно би можела да стане достапна и за корисниците во Македонија. Иако сè уште нема официјална потврда од Apple или од домашна банка, веќе неколку извори од банкарскиот сектор информираат дека се финализираат техничките подготовки и преговори за воведување на оваа услуга.Според неофицијални информации, Apple Pay во Македонија би можел да стартува веќе кон крајот на 2025 година. Првите банки кои се очекува да ја понудат услугата се дел од групации што веќе работат со Apple Pay во други земји од регионот, како Србија, Хрватска и Бугарија.Apple Pay овозможува бесконтактни плаќања преку iPhone или Apple Watch, без потреба од физичка картичка. Со тоа, корисниците добиваат побрзо, посигурно и поудобно искуство при секојдневните трансакции.Во очекување на официјалната најава, граѓаните веќе го изразуваат своето задоволство на социјалните мрежи, надевајќи се дека ова ќе биде уште еден чекор кон модернизација на финансиските услуги во земјава.Доколку сè се одвива според планот, Apple Pay би можел да стане активен во Македонија до декември 2025 година.

Магазин | пред 6 месеци

policija-ohrid

Криминална хроника: Полицијата со повеќе интервенции низ Охрид, Струга, Дебар и Кичево

Секторот за внатрешни работи Охрид во изминатото деноноќие регистрираше повеќе инциденти поврзани со нарушување на јавниот ред и мир, поседување на дрога, закани, насилство и сообраќајни прекршоци.На 19 јули, околу 00:15 часот, во СВР Охрид е пријавена гласна музика од кафе-бар во трговскиот центар „Амам“. Полициските службеници извршиле мерење со фонометар и утврдиле ниво на бучава од 54 децибели, што е над дозволената граница од 35 децибели. Против правниот субјект и одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.Истовремено, полицијата постапувала и по неколку случаи поврзани со наркотични средства. При претрес во дом на жител на Охрид, бил затекнат А.В. (44), а биле пронајдени марихуана и други предмети. Во Струга, на улицата „Ѓуро Салај“, приведен е Б.Т. (30), кај кого била пронајдена опаковка со бела прашкаста материја. Во село Велешта, лишен од слобода е Ц.О. (22), откако во неговиот дом била откриена марихуана.На улицата „Владо Малески“ во Струга, е пријавен физички напад врз С.М. (29) и неговата сопруга. Напаѓачите се идентификуваат и против нив ќе следи пријава по расчистување на случајот.Во Дебар е приведен А.М. (36) поради закани со нож кон жителка на Охрид. Случајот е документиран и ќе следи соодветна кривична пријава.Во село Радолишта, лице со иницијали С.И. (49) е затекнат при нелегален ископ со работна машина. Земени се примероци од ископаниот материјал, а постапката е во тек.Во Кичево, полицијата фати возач под дејство на алкохол. Станува збор за Б.К. (48) од Скопје, кој управувал возило со 3,15 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и ќе се соочи со кривична пријава за безобзирно управување моторно возило.Исто така, во близина на село Зајас се случила сообраќајна незгода во која возило „Ауди“ управувано од А.С. (28) удрило во пешак. Повредената Р.А. (38) е пренесена во болница со тешки телесни повреди. Увид на местото извршиле полициски екипи од ОВР Кичево.Сите случаи се во постапка на целосно документирање, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи.

Охрид | пред 6 месеци

3E82AF05-612E-4ED7-9A61-F30E221AF09B

(Фото) Кога евакуацискиот план изгледа како школски проект со лош ракопис, а станува збор за ЈЗУ Неготино

На бел лист А4 формат, со ракопис испишани ознаки и насоки, како и неколку стрелки кои се губат меѓу нечитливи зборови – вака изгледа официјалниот „План за евакуација“ во Јавната здравствена установа во Неготино. Фотографијата ни ја испрати загрижен читател, по што со право се поставува прашањето: дали ова е навистина план што треба да спаси животи во случај на пожар, земјотрес или друга опасност?Ваквиот приод не само што е аматерски и несериозен, туку и директно ги крши основните стандарди за безбедност во јавни установи. Според правилниците и стандардите за планирање на евакуација (пр. согласно Правилникот за заштита од пожари и ISO 23601), евакуациските планови треба да бидат: јасно графички дизајнирани, читливи за секој посетител (вклучително и лица со оштетен вид), поставени на видливи и логични позиции во објектот, со означени излези, евакуациски патеки, противпожарна опрема и инструкции на повеќе јазици.Она што ЈЗУ Неготино го нуди како „план за евакуација“ не исполнува речиси ниту еден од овие услови. Наместо професионално изработен план на тврд материјал со боја, иконографија и координати, добиваме нешто што изгледа како домашна задача – и тоа лошо оценета.Ваквата негрижа не е само смешна – таа е и опасна. Во евентуална криза, ваков план нема да помогне никому. Напротив, може да создаде дополнителна паника. Особено загрижува фактот што станува збор за здравствена установа, посетувана од луѓе со ограничена подвижност, деца, стари лица и пациенти во критична состојба.

Македонија | пред 6 месеци

kaja-shukova

Шукова и сите предложени кандидати ќе трчаат изборна трка која води кон пораз, вели Манасиевски

„СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното е се подлабоко и подлабоко. Филипче е како жив песок, само ја влече надолу партијата. Ова се виде во овој последен период во кој никој жив не му прифаќаше да биде кандидат за ниту една општина, посебно за Скопје каде никој не сакаше да излезе на трката избори за градоначалник на Скопје, па по низа истакнати имиња кои очигледно сам си ги вадеше од глава мораше да излезе со Каја Шукова или таа да биде жртвата“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Многу е очигледно и очекувано ова кога партијата ја води човек кој има само криминална заднина и кој е поставен на функција прв човек на партијата исклучиво за да му го чува местото на Зоран Заев.Оттука резултат на ова е ситнење на СДС и секако катастрофална кадровска политика.Филипче не успева никако да излезе од филмот на Заев во која му е доделена запрепастувачки лоша улога. Улога која го доведе во ситуација да не му остане човек, да мора да предлага или криминални или крајно безлични и неспосбни ликови за претстојните локални избори.Па така замислете за кандидат за град Скопје, кандидат кој треба да го менаџира главниот град ја предложи по долги, а веројатно и мачни за него денови во кои го одбиваше секој жив за да излезе на трката за оваа функција, поранешната министерка за животна средина Каја Шукова.Шукова од стартот на оваа поранешна функција го имаше печатот на Заев. Шукова која не направи ништо за животната средина, за почист воздух, за управување со отпад и слично. Шукова која во својот министерски мандат од февруари 2023 година само излегуваше во јавност и како да се имаше снимено само повторуваше треба многу време да решиме било кој проблем со животната средина.Ако Шукова ништо не направи како министер за животна средина се поставува прашањето што може да направи како градоначалник на Скопје, посебно вакво Скопје речиси уништено од Данела Арсовска која со право може да се нарече само кума на градскиот хаос.Кандидатката за Скопје, Шукова, а воедно и сите досега предложени кандидати на Филипче и СДС се само потврда на тврдењата дека сите тие ќе ја трчаат трката која не е неизвесна туку води до сигурен пораз.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-11.05.29

(Видео) Тони Шанац за првпат за кандидатурата во Куманово: Добив шут во дупе, закачив живото-загрозувачки херпес, бев со страшни болки

Актерот и поранешен кандидат за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски, првпат јавно прозборе за своето искуство од локалните избори во 2021 година, во подкастот „Претрес со Ландов“. Тој вели дека бил оставен на цедило и отфрлен, и тоа од страна на луѓе кои првично го поддржале.„Како не, тоа е шут во дупето. Што ја напиша Коле Ангеловски – ‘клоца у г’з’. Јас сум многу голем емотивец, тука ми е и најголемиот проблем“, рече Михајловски.Тој откри дека по изборите добил тежок здравствен удар – животно загрозувачки херпес зостер на нервниот систем, како последица од нервоза и разочараност.„Педесет и четири дена бев во страшни болки. Оној што го имал – ни на душман не му го посакувам. Не знаев зошто. И ден денес не ми е јасно“, вели тој.Михајловски не го крие незадоволството. Според него, идејата за кандидатурата потекнала од врвот на партијата, но подоцна чувствувал дека не само што бил изигран, туку и свесно маргинализиран.„Не сум се упикувал, не сум молел да ме кандидираат. Ама после ме оставија сам. Уште има луѓе што ми доаѓаат – ‘ајде бе, некоја функција ќе добиеш ли?’. А јас не ни сакам – не се туркам, не се наметнувам“, додава тој.Актерот изрази и сомнеж дека Куманово било дел од пазар: „Историска шанса беше. СДС беше ослабен. Ако ВМРО-ДПМНЕ ја искористеше, ќе го сменеа Куманово после 27 години. Ама некој, изгледа, преговарал за Скопје, па Куманово било разменска монета. Тебе те шуткаат.“Михајловски завршува со коментар за тоа колку бил повреден од негов колега:„Еден колега ми рече: ‘тебе сите партии ти помагаа’. А јас не можам да разберам – на кој начин ми помогнаа сите партии?“ЦЕЛ ПОТКАСТ:

Македонија | пред 6 месеци

sanja-bozinovska

Колапс во ЕСМ – ова се резултатите од 'дрим-тимот' на Мицкоски и Божиновска во енергетиката, вели СДСМ

СДСМ ја обвини Владата и раководството на ЕСМ дека ја довеле најголемата енергетска компанија во државата до катастрофална состојба. Според партијата, ЕСМ за само три месеци во 2025 година направила загуба од 45 милиони евра, што е за 11 милиони евра повеќе од истиот период лани.„Ова се резултатите од 'дрим-тимот' на Мицкоски и Божиновска во енергетиката. Ова е реалноста, а не манипулациите и лажните трибински говори“, стои во реакцијата на СДСМ.Партијата предупредува дека компанијата првпат во историјата потфрлила со дури 35% во планираното производство во првиот квартал, што се одразило и врз целокупната енергетска стабилност.Како дополнителен показател за слабоста на менаџментот, од СДСМ посочуваат дека повеќе од три месеци нема назначено директор за правни работи, а претседателот на Надзорниот одбор си поднел оставка, што, според нив, укажува на целосен управувачки колапс.„Овие 45 милиони евра загуба се резултат на неспособност, а доказ за безидејноста се и дополнителните 110 милиони евра кредити што ова раководство ги зема за помалку од една година.“СДСМ особено остро ја критикува министерката Сања Божиновска, обвинувајќи ја дека наместо да се справува со енергетските предизвици, се занимава со продуцирање видеа и самофалби на социјалните мрежи.„На место акција – селфи. Наместо резултати – објави со фрази како 'Македонија со јасна енергетска визија'. Единствен успех ѝ се видеата, можеби чека филмска награда.“Партијата обвинува и за поставување на директор без никакво искуство во енергетиката, додека, како што тврдат, се отвораат вратите за странски приватни инвеститори да ја преземат инфраструктурата.„Ова не е реформа, туку енергетска пародија. Никогаш досега немало ваков колапс на ЕСМ.“СДСМ порача дека граѓаните не ги интересираат „смешните соопштенија“ од раководството, туку резултати кои, како што велат, оваа гарнитура не е способна да ги испорача.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-3

35 пожари во изминатото деноноќие – четири сè уште активни низ земјава

Во изминатото деноноќие низ Македонија биле евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор, покажува најновиот билтен на Центарот за управување со кризи (ЦУК), објавен утрово до 09:30 часот. Од нив, четири пожари сè уште се активни, четири се ставени под контрола, додека 27 се изгаснати.На терен и натаму се води борба со огнот на неколку локации низ земјата:Василево, село Нивичино – гори нискостеблеста шума.Македонски Брод, село Грешница – пожарот зафатил мешана шума и ниска вегетација.Прилеп, помеѓу селата Царевиќ и Смолани – се шири во поширока површина од мешана шума и нискостеблеста вегетација.Липково, село Виштица – гори деградирана шума.Благодарение на навремена интервенција, следниве пожари се ставени под контрола:Велес – пожарот што се проширил меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде горела мешана нискостеблеста и деградирана шума.Дојран, село Николич – пожар во нискостеблеста шума.Демир Хисар – пожар на градската депонија.Македонски Брод – села Црешнево, Локвица и Крапа – опожарени површини со дабова шума, грмушки и ниска вегетација.Во текот на последните 24 часа биле изгаснати пожари во 27 различни региони, главно на ниска вегетација, стрништа и депонии. Издвоени се следниве:Ранковце: м.в. Иваница, м.в. Десетак, с. Ранковце – м.в. Коп (деградирана шума и ниска вегетација).Куманово: села Четирце, Пчиња и Романовце (стрништа и ниска вегетација).Липково: Виштица (втора локација) и Ваксинце (ниска вегетација).Старо Нагоричане, село Стрновац.Кратово, село Трновац.Јагуновце, село Јагуновце.Теарце, село Доброште (нива со ниска вегетација).Тетово: покрај патот Тетово–Гостивар.Свети Николе, м.в. Кантонче (ниска вегетација и борова шума).Битола, населба Довлеџик.Карбинци, село Долни Балван (житни полиња).Штип, градска депонија.Делчево, село Стар Истевник (борова шума).Скопје: Аеродром (ул. Гаврил Константиновиќ), Гази Баба (стрелиште Камник), Сарај (крај Вардар), Шуто Оризари (нас. Визбегово), Ѓорче Петров (влез во населбата и ул. Васил Чакаларов), Илинден (индустриска зона).Росоман, село Трстеник.Прилеп / Кавадарци: села Никодин, Ракле и Фариш.Центарот за управување со кризи повторно апелира до сите граѓани за висока претпазливост и одговорно однесување, особено во текот на летниот период кога ризикот од пожари е значително зголемен. Непридржувањето кон забраната за палење огнови, отпад и стрништа може да предизвика катастрофални последици по животната средина и безбедноста на луѓето.„Секој непромислен потег може да го вжешти теренот. Да останеме внимателни и совесни – за нашата безбедност и за природата“, порачуваат од ЦУК.

Македонија | пред 6 месеци

kocani-puls-protest-7

Петнаесетти „Марш на ангелите“ во Кочани – во знак на болката, но и упорната потрага по правда

Четири месеци по трагедијата што го потресе Кочани и целата држава, Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ вечерва го организира 15. по ред „Марш на ангелите“. Маршот, посветен на сеќавањето на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, ќе започне во 18:05 часот, од Паркот на револуцијата.Во соопштението од Здружението, родителите на жртвите повикуваат на заеднички тивок марш – како симболично потсетување на институционалниот молк и реакцијата што доцнела, но и како повик за будност, одговорност и правда.„Маршираме во тишина која зборува гласно – ова никогаш повеќе не смее да се повтори. Ниту за едно дете, ниту за една мајка“, се наведува во повикот.Почетното време на маршот – 18:05 – е намерно избрано, велат организаторите, како симбол на доцнењето што чинеше човечки животи.Во меѓувреме, Кривичниот суд соопшти дека им е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката. Постапката сега официјално ја презема Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе го води понатамошниот тек на предметот.Според обвинителниот акт, вкупно 37 обвинети – 34 физички и 3 правни лица – се товарат за тешки кривични дела против општата сигурност.На 16 март 2025 година, во кобниот пожар во дискотеката „Пулс“ животите ги загубија 62 лица, меѓу кои и шест деца. Над 200 други беа повредени. Семејствата, јавноста и граѓанскиот сектор и натаму бараат одговорност – не само за сторителите, туку и за сите институции чие (не)делување доведе до ваков епилог.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-10.10.24

(Видео) Кирил Поп Христов се врати на социјалните мрежи: „Мал придонес“ по две години тишина

По повеќе од две години отсуство, актерот Кирил Поп Христов – попознат како Кили – се појави повторно на социјалните мрежи. Со кратка, но впечатлива објава во која самиот ја нарекува своја „мала уметност“, Кили ги изненади и воодушеви своите следбеници.Реакциите не изостанаа – обожавателите го пречекаа со воодушевување. „Еден и единствен“, „Те обожавам“, „Кили – легенда“, „Поздрав, легендо!“ се само дел од коментарите што за кратко време ја преплавија објавата, која собра и стотици лајкови.

Магазин | пред 6 месеци

slovenija-policija

Словенија го легализира потпомагањето на самоубиство

Во петокот, Словенија го легализираше потпомогнатото самоубиство, што граѓаните го поддржаа на минатогодишниот референдум, објави Н1 телеивизија.Парламентот го усвои законот со 50 гласа „за“ и 34 „против“, а тројца претставници беа воздржани.Законот им дава право на луцидни пациенти кои страдаат од неизлечиви болести и чие страдање или здравствена состојба е неподнослива да го прекинат својот живот, освен во случај на ментални болести. Може да се примени и во случаи кога не се очекува третманот да доведе до закрепнување или подобрување на здравствената состојба на пациентот.Сите опции за медицински третман ќе мора да бидат исцрпени пред тоа. Правото нема да може да се користи во случаи на неподносливо страдање како резултат на ментална болест.Еутаназијата, т.е. смрт од рацете на лицето кое се грижи за него по барање на пациентот, останува забранета.На референдумот минатата година, 55 проценти од гласачите го поддржаа правото на асистирано самоубиство.Швајцарија и Австрија веќе го дозволија овој метод, додека Холандија, Белгија и Луксембург ја одобрија еутаназијата.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-09.45.10

Шимпанзото Коко се повредил во скопската Зоолошка

Во скопската Зоолошка градина беше извршена првата високо стручна интервенција за седација на шимпанзо – процедура која се смета за една од најсложените во светот на ветеринарната медицина. Поводот беше несреќа при игра помеѓу шимпанзата Коко и Изи, кои живеат заедно веќе неколку години.„Како и кај сите блиски односи, понекогаш дури и најдобрите пријатели знаат да се налутат“, велат од Зоолошката. Малото недоразбирање помеѓу двете шимпанза резултирало со тоа што Коко се лизнал и ја повредил ногата.По инцидентот, веднаш била обезбедена прва помош, а биле контактирани и холандските соработници со кои Зоолошката градина има долгогодишна соработка. Во консултација со нив, на терен бил повикан стручен тим од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.Под координација на професорот Пламен Тројачанец, Коко бил седиран и транспортиран во ветеринарната болница, каде што му биле направени рендген и лабораториски испитувања. Констатирана е напукнатина на мала коска на ногата, која ќе зарасне природно, без потреба од хируршка интервенција.„Среќни сме што Коко е стабилен, под надзор и во процес на целосно закрепнување. Овие ситуации се природни и очекувани дури и во најхармонични групи на човеколики мајмуни“, додаваат од Зоолошката.Од таму потенцираат дека нивниот приоритет останува благосостојбата на животните и дека грижата за нив продолжува со несмалено внимание.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-09.42.41

(Видео) Клоци и боксови во киевското метро: Патничка извикувала проруски слогани, следувал физички напад

Во киевската подземна железница избувнал инцидент откако патничка почнала да извикува проруски слогани, соопшти полицијата.Според информациите, нејзиното однесување предизвикало гнев кај друг патник, кој ја нападнал и ја удрил жената. До сознанието за случката, полицијата дошла на 17 јули, преку видеа објавени на социјалните мрежи.На снимките споделени преку „Телеграм“ се гледа жена како ја фали Русија – земјата агресор – што предизвикало остри реакции од другите присутни во вагонот.Во тек е полициска истрага за идентификување на сите инволвирани лица и за утврдување на правната квалификација на настанот.Полицијата ги повика граѓаните да се придржуваат до законите и да пријавуваат вакви прекршувања.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-09.40.22

(Видео) Инцидент со огномет во Дизелдорф: Повредени најмалку 19 лица, меѓу нив и дете

Најмалку 19 лица се повредени во несреќа со огномет што се случила во петокот навечер за време на саем во германскиот град Дизелдорф.Меѓу повредените има и најмалку едно дете.На местото на настанот интервенирале околу 80 пожарникари и спасувачи. Според досегашните информации, еден од огнометите експлодирал на прениска висина од засега непознати причини.Полицијата ја истражува причината за инцидентот, но првичните проценки укажуваат дека се работи за несреќен случај.Организаторите на најголемиот саем на Рајна – Дизелдорфер Рајнкирмес – ги прекинаа свеченостите предвреме.Во изјава за јавноста, тие изразија длабоко жалење поради несреќата. Портпарол на настанот изјави дека ќе се размислува дали традицијата на огнометот ќе продолжи и наредната година.Саемот, кој е посветен на заштитникот на градот – Свети Аполијнар – започна на 11 јули и требаше да трае до недела.

Свет | пред 6 месеци

sela-vo-pretres-3

ВМРО предлага вработувања во полицијата "без оглас" и "без правична застапеност", ВЛЕН ги брани, обвинува Алијанса на Албанците

„Откако ги узурпираше раководните позиции во сите институции, моноетничката влада на ВМРО сега одлучи да ги исчисти редовите на редовната полиција од Албанци. Со новите измени предложени во Собранието, бришењето на членот 96, кој предвидува правична етничка и родова застапеност, не е единствената промена што ги засега Албанците. Дополнително, предлогот предвидува полицијата да може да врши и вработувања без оглас. Кога ќе го разгледаме досегашниот пристап на оваа влада, лесно е да се разбере дека вработувањата без оглас ќе важат само за Македонци и партиски милитанти на ВМРО“, велат од Алијансата на Албанците и додаваат:Ова јасно се гледа во предлогот во првиот став од членот 97, кој го дефинира вработувањето, да се додадат зборовите „и без јавен оглас“, додека во вториот став да се отстранат зборовите „По исклучок“, што значи дека вработувањата без оглас ќе се вршат во секое време.Во целата оваа ситуација, партиите од коалицијата ВРЕДИ и заменик-министерот за внатрешни работи, наместо да го спречат ова, избраа да дејствуваат како адвокати на ВМРО и да ги релативизираат нападите врз Албанците.

Македонија | пред 6 месеци

pecak

Пецаков: Една година големи инфраструктурни проекти за Охрид и охриѓани, работиме и на зголемување на туризмот

„Една година од поставување на темелите кога ја градиме Македонија. Една година од инфраструктурни проекти за Охридско-Струшкиот регион. Инфраструктурата поврзана со автопатското решение Охрид-Кичево и начинот на експресно на којшто се гради веќе го гледаме уште во првата година и пуштените дваесеттина километри. Пуштен е во употреба реконструираниот пат од Охрид до Св.Наум, реконструирано е најпосетуваниот Музеј на вода, на охридската ривиера, а тоа е Музејот на коските, којшто има најголем број на туристи“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и додава:Секако дека е тука за нас битно и договорот со туристичкиот оператор за носење на 40 илјади германски туристи, во периодот кога не е сезона, односно во периодот од февруари до јуни. Тоа е она коешто е поврзано со инфраструктурата и туризмот, секако дека од аспект на животната средина битно е дека сме при крај со враќањето на реката Сатеска и враќањето во старото корито за вливање во реката Црн Дрим.Од инфраструктурните проекти секако дека е прочистителната станица во Трпејца, многу други работи направени и во индустријата и во земјоделието. Пензионерите ги добија петте илјади денари и останати работи коишто покажуваат дека навистина се грижиме за иднината на граѓаните на Македонија.

Охрид | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-18-at-22.01.15

(Видео) Џамбазов со концерт по 27 години во Охрид, Министерството за култура не му даде ниту еден денар за поддршка

Игор Џамбазов прави концерт во Охрид по 27 години, утре, на Античкиот театар. Има уште достапни карти, а од кусата прес-конференција го поздрави Министерството за култура, предводено од неговиот колега Зоран Љутков, за кое кажа дека ниту овојпат не му дало средства за организација на овој настан кој ќе се памети.„Да се заблагодарам и на Министерството за култура, што не ми даде пари за овој концерт и уште еднаш ме увери мене и вас, дека нѐ бива сами да си организираме концерт“, изјави Игор Џамбазов на денешната прес-конференција во Охрид, најавувајќи го својот настап со „Гуру Харе бенд“ кој ќе се одржи на 19 јули, на Античкиот театар, од 21 часот.Специјални гости му се Нокаут и Тамара Тодевска. Концертот почнува од 21 часот.„Ова е прв концерт на Игор Џамбазов во Охрид по 27 години“, додаде тој.Концертот има 24 точки, а концертот ќе заврши некаде околу полноќ.„Ќе биде добра забава, ве канам сите кои сте во Охрид и се гледаме таму!“, рече Џамбазов, посочувајќи дека прво имал, па ја изгубил желбата за ваков концерт, а на крај желбата се родила кај неговиот менаџер.

Магазин | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-18-211738

(ВИДЕО) Полициски хеликоптер исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Василево, с. Нивичино, струмичко каде што гори нискостеблеста шума.При дејствувањето во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.Линк од видеото:

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања