Скопје1.мк

mitskoski-filipche

Филипче: Очекувам сериозен план за евроинтеграциите од ВМРО-ДПМНЕ, не предлози од прес-конференции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, во врска со изјавата на премиерот Мицкоски за поднесување заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за македонскиот јазик, посочи дека вакви сериозни прашања се дискутираат како предлог во Собранието, каде што учествуваат сите политички партии.„Сметам дека е крајно несериозно такви сериозни предлози да се даваат од обични прес - конференции.Премногу е сериозно и важно прашањето да биде само предмет и обид за некаков дневно политички партиски интерес од страна на ВМРО ДПМНЕ.Сметам дека треба да се направи како предлог во Собранието бидејќи е нешто во што треба да учествуваат сите политички партии. Доколку има таков сериозен предлог ние апсолутно ќе го ќе го поддржиме“, рече Филипче.При тоа, Филипче посочи дека ВМРО ДПМНЕ должат пред јавноста да образложат каков план имаат за одблокирање на евроинтеграциите.„ВМРО ДПМНЕ треба да каже дали имаат сериозен план, дали имаат сериозен план за дипломатска активност, дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 6 месеци

bez-voda

Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања кај децата – Козле

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано.„Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет. Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти“, велат оттаму.

Скопје | пред 6 месеци

Filipce-2-SDSM-1

СДСМ објави уште 16 кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за уште 16 општини, меѓу кои и кандидат за Град Скопје, односно потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Филипче:„Кандидат за градоначалник на Битола ќе биде претседателот на општинската организација, Методија Куновски. Во Валандово – актуелниот градоначалник Перо Костадинов, во Виница – претседателот на општинската организација Гоце Милевски. Во Зрновци – исто така претседателот на општинската организација, Ванчо Митев, во Кавадарци – регионалниот партиски координатор Виктор Велевски. Во општина Карпош – д-р Маја Мојсова Мијовска, во општина Кисела Вода – Горан Трајковски. Во општина Маврово и Ростуше – Анес Ахмети. Во општина Ново Село – Петар Спасов, во Петровец – Елизабета Зелениковска. Во Прилеп – претседателката на општинската организација, Петра Лукароска, во Радовиш – исто така претседателот на општинската организација, Ристо Спасов. Во Свети Николе – Дејан Гичев, поранешен директор на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во општина Чашка – актуелниот градоначалник Горан Стојановски, во општина Брвеница – Светлана Митреска Анџелковска, и кандидат за градоначалник на СДСМ за Град Скопје ќе биде партиската потпретседателка и поранешна министерка, Каја Шукова.“

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ ќе ја помилува девојката која прегази студентка на протестите во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе ја помилува 25 годишната девојка, која во јануари со својот автомобил удри студентка што протестираше во Белград.Вучиќ рекол дека ќе ја аболира 25 годишната девојка која е осомничена за убиство во обид доколку за тоа се согласи нејзиното семејство.,,Taa девојка со ништо не го заслужи тоа обвинение. За мене е ужасно што како претседател кој до пред неколку недели не издаде ниту едно помилување за девет години, сега морам да ја исправам неправдата што ја нанесоа обвинителите и судовите. Ќе продолжам да го правам тоа бидејќи неправдата е толку очигледна што ќе морам да ги заштитам слабите, прогонуваните и жртвите на нивните секојдневни напади”, изјави Вучиќ во телефонско интервју за Информер.Кристина Васиљевиќ, студентката што била жртва на тој настан, вели дека не се чувствува добро по сите настани од пред шест месеци до денес.Таа вели дека имала сериозни телесни повреди што можеле да доведат до смрт во секој момент.Кога ја прашале како гледа на објавувањето на помилувањето, таа вели дека тоа е многу страшно.,,Бидејќи нешто вакво не заслужува да се укине, немам никакви паметни коментари за вакви работи, никогаш не би сакала да му се случи на никого, а особено не овој вид насилство да се укине“, вели Кристина.

Свет | пред 6 месеци

kaja-sukova

Каја Шукова контра Орце Ѓорѓиевски во битката за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче објави дека кандидат за градоначалник на Скопје ќе биде потпретседателката на СДСМ Каја Шукова. Ексминистерката за животна средина, ќе се трка во Скопје со градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.За Општина Карпош кандидатка за градоначалник ќе биде д-р Маја Мојсова Миовска, поранешна директорка на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), додека на Општина Кисела Вода Горан Трајковски, кој е поранешен директор на Државен пазарен инспекторат, за кандидат за Општина Битола – претседателот на Општинската организација Методија Куновски, во Валандово актуелниот градоначалник Перо Костадинов, во Виница претседателот на Општинската организација Гоце Милевски, во Зрновци претседателот на ОО Ванчо Митев, во Кавадарци регионалниот партиски координатор Виктор Велевски.Во Општина Маврово Ростуше кандидат ќе биде Анес Ахмети, во Општина Ново село Петар Спасов, во Петровец Елизабета Зелениковска, во Прилеп претседателката на ОО Петра Лукаровска, во Радовиш партискиот претседател Ристо Спасов, во Свети Николе Дејан Гичев, во Општина Чашка актуелниот градоначалник Горан Стојановски, во Општина Брвеница Светлана Митревска Анџелковска.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-11-23-at-12.34.16

Србија ќе им исплати на семејствата на жртвите во Нови Сад по 43.000 евра

Судот во Нови Сад пресуди дека Република Србија и Српската железничка инфраструктура им должат на семејствата на жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатата година околу 166.000.Четири семејства тужеа две државни институции, од кои судот бара секоја да плати речиси 43.000 евра надомест за нематеријална штета претрпена поради смртта на близок.Според истата пресуда, обвинетите мора да им ги надоместат на тужителите трошоците за судската постапка со законска затезна камата. Дозволена е жалба против пресудата до Апелациониот суд во Нови Сад.На 1 ноември минатата година, при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено.Ова беше почеток на секојдневни масовни антивладини студентски и граѓански протести, блокади на патишта и институции, со барање за санкционирање на одговорните во српската влада, а сега и предвремени парламентарни избори.Иако Вишото јавно обвинителство поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на „Инфраструктура железнице“ Јелена Танасковиќ, судот го врати предметот на дополнително истражување.

Свет | пред 6 месеци

koka-kola

Трамп го враќа вистинскиот шеќер во Кока-Кола, бил подобар од сирупот од пченка

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Кока-кола се согласила да користи вистински шеќер од трска во своите пијалаци во Америка.Кока-кола става пченкарен сируп во своите американски производи, но министерот за здравство Роберт Кенеди Џуниор бил загрижен за неговото влијание врз здравјето.„Зборував со компанијата за користењето на вистински шеќер во кока-колата во САД и тие се согласија.Ќе видите, сега ќе биде подобра. Би сакал да им се заблагодарам на сите надлежни во компанијата“, порача Трамп.Од друга страна портпаролот на Кока-кола кажа дека го ценат ентузијазмот на Доналд Трамп и наскоро ќе споделат детали за новите иновативни понуди за производи, не прецизирајќи ја конечната одлука.Инаку кока- колата која се продава во САД обично е засладена со сируп од пченка, а во други земји, како што се Мексико, Велика Британија и Австралија се користи шеќер од трска.Во април, извршниот директор на Кока-кола, Џејмс Квинси, им рече на инвеститорите дека продолжуваат со намалувањето на шеќерот во своите пијалаци.Шеќерот од трска престана да се користи во производството на храна пред околу 40 години, кога тогашниот претседател Роналд Реган стави ограничување на увозот на шеќер, зголемувајќи ја цената на домашниот шеќер.Трамп редовно пие диетална кока-кола, за која се користи вештачки засладувач аспартам.

Свет | пред 6 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Отстранет од сообраќај, пренесен во болница, по што е лишен од слобода скопјанец кој пијан возел на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило "тојота" со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик "безобѕирно управување со моторно возило".

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-18-155840

Мицевски: Пред нас е договор кој е особена важност за нашата економија, која ќе добие нова енергија, капитал и технологии

„Денес пред нас е исклучително значаен документ, Предлог-закон за ратификација на Договорот за стратешка соработка помеѓу Република Македонија и Унгарија. Овој договор не е обичен акт на меѓународна соработка. Тој е јасна порака на Република Македонија дека гради стабилни, долгорочни, доверливи партнерства со вистински пријатели, во време кога ни се потребни вистински партнери повеќе од било кога. Ова е втор стратешки договор што оваа власт го склучува во првата година од мандатот“ вели Никола Мицевски и додава:„Овој договор треба да се поздрави како чекор во вистинска насока, насока на конкретна надворешна политика, продуктивна економска дипломатија и визионерска посветеност кон иднината на државата.Со овој договор се воспоставува формално стратешко партнерство помеѓу Македонија и Унгарија, земја членка на Европската Унија и НАТО, со која имаме децениско пријателство и стабилни политички односи. Таквото партнерство, ќе овозможи унапредување на соработката во многу важни сфери: инфраструктура, енергетика, транспорт, информатичката технологија, сајбер безбедност, и одбрана. Овие области се двигател на секој сериозен развој и гаранција за економска и безбедносна стабилност, што е од особено значење во моменталната геополитичка состојба во Европа.Договорот нуди нови можности за домашната економија, преку активно вклучување на македонскиот приватен сектор и внесување на странски инвеститори во реализацијата на стратешките проекти. Ова е особено важно што нашата економија има потреба од нова енергија, капитал и технологии.Република Македонија со овој договор, се обврзува да ги олесни административните и законодавни бариери за имплементација на стратешките проекти. Ова е силен сигнал дека се насочуваме кон ефикасна држава, која не е сопствена сопирачка туку двигател на развојот.Овој договор доаѓа во време кога Унгарија, е еден од најгласните и најдоследни поддржувачи на нашите европски интеграции. Во време на политичката несигурност и отворените кочење на нашето европско досие, поддршката од земја како Унгарија е од круцијално значење. Ова партнерство е мост кон европското семејство, а не декларација без содржина.И конечно, дозволете ми да нагласам, дека за ВМРО-ДПМНЕ, стратешките сојузништва не се дневнополитичка реторика, туку темел на стабилна и суверена државност. Поддршката од Унгарија е доказ дека сме способни да градиме пријателства кои што носат резултати, проекти, инвестиции, работни места и побрза економска интеграција.Да не дозволиме овој договор да биде сведок на партиски поделби, туку на единство кога се работи за националниот интерес.Ве повикувам сите да го поддржиме овој договор и заеднички да ја отвориме новата етапа на македонско-унгарската стратешка соработка со визија, со резултати и со достоинство“.

Македонија | пред 6 месеци

5

Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на промоцијата на новоформираната специјализирана Единица за сајбер безбедност на Министерството за внатрешни работи.„Во време на брза дигитализација и се поопасни и пософистицирани сајбер закани, Министерството за внатрешни работи презема стратешки и решителен чекор, за првпат во своето постоење, формира специјализирана Единица за сајбер безбедност. Оваа единица ќе биде клучен столб во одбраната на дигиталниот суверенитет на МВР како институција која управува со најголемиот и најсензитивниот обем на лични податоци на граѓаните на државата. Безбедноста на овие системи е прашање не само на институционален капацитет, туку и на државна стабилност и доверба на граѓаните. Сите активности на новоформираната единица се насочени кон унапредување на безбедноста и отпорноста на внатрешната ИТ-инфраструктура на самото Министерство, со фокус исклучиво на заштита на неговите информациски системи. За првпат, Министерството набави современа техничка и софтверска опрема за проактивно следење, детекција и превенција на сајбер напади, со што поставува темели на системска и долгорочна заштита.“, потенцираше министерот Тошковски.Министерот Тошковски информираше дека новата Единица за сајбер безбедност ќe биде одговорна за сеопфатна заштита и мониторинг на информациските системи на МВР, ќе врши постојана анализа и навремено детектираее на сајбер закани, ќе врши инсталација, одржување и менаџмент на безбедноста на ИТ инфраструктурата на министерството.Со оваа иницијатива, МВР поставува нов стандард во сајбер одбраната кој подразбира модерен, одржлив и цврст безбедносен штит кој одговара на предизвиците на денешницата и обезбедува доверба кај јавноста дека податоците на граѓаните се под највисока заштита.Исто така денеска министерот Тошковски заедно со деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), проф. д-р Боро Јакимовски, потпишаа меморандум за соработка помеѓу Министерството и Факултетот. Целта е размена на знаења, искуства и едукација, како и унапредување и доусовршување на кадарот во областите каде што двете институции имаат заеднички интереси. Ваквата соработка претставува уште еден чекор кон јакнење на техничките и човечките капацитети на МВР и поддршка на дигиталната трансформација на институцијата, со крајна цел – подобри и побрзи услуги за граѓаните.

Македонија | пред 6 месеци

ojo-1

Обвинение за насилство врз Арсовска – притвор за напаѓачот, ослободен второпријавениот

По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 11 јули, на улицата „Севастополска“ во Скопје, обвинетиот извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, со кое предизвикал телесна повреда кај оштетената и чувство на несигурност, загрозување и страв во јавноста.Додека градоначалничката заедно со овластени службени лица, присуствувала на локација по претходна пријава на граѓани во врска со бесправно градење и неовластено приклучување на водоводна и електропреносна мрежа на објект, обвинетиот пристигнал со електричен тротинет и ѝ се приближил заканувачки.Потоа физички ја нападнал, удирајќи ја најпрво по лицето и раката, а потоа со нога во пределот на левата потколеница. Откако присутните униформирани полициски службеници реагирале да го спречат во намерата, продолжил и вербално да ја навредува и да и се заканува.Јавниот обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, за кој и натаму постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.За истиот настан, за насилство со вербални закани кон градоначалничката беше пријавено уште едно лице, меѓутоа по прибирање на сите докази, вербалните искази на сведоците и оштетените, како и извршеното препознавање со соочување се утврди дека оштетените не го препознаваат пријавеното лице како сторител на заканувачки и насилнички дејствија кон нив.Бидејќи не постојат материјални и вербални докази од кои неспорно би се утврдила кривична одговорност на второпријавениот за конкретното кривично дело, јавниот обвинител донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против него и на судот му предложи да ги укине претходно определените мерки на претпазливост за тоа лице.

Скопје | пред 6 месеци

Toploten-bran

Од недела нов топлотен бран со дневни темератури од 41 степени, Министерството за здравство издаде важни упатства за заштита

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 20 до 24 јули 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41°C.По тој повод, потсетуваме за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури:-Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.-Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.-Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и очи.-Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот.-Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури.-Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.-Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот.-Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот.Министерството внимателно ја следи состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите.

Македонија | пред 6 месеци

puls-35-1

Газдата на “Пулс” останува во притвор, заедно со тројца осомничени - обвинението ќе го застапува скопското обвинителство

Обвинителниот акт за случајот „Пулс“, во кој се опфатени 17 лица, е доставен до Основниот кривичен суд Скопје. Четворица од обвинетите остануваат во притвор, додека за останатите 13 и понатаму се применуваат мерки на куќен притвор. Со ова се означува крајот на истражната постапка, а започнува рокот во кој странките можат да поднесат приговори пред судот да одлучи дали ќе го прифати обвинението.Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:Со оглед на интересот на јавноста за кривичниот предмет поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, судот известува дека кривичниот совет при овој суд постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство – Кочани за продолжување на мерките за обезбедување присуство на обвинетите, на обвинетите Д.Ј. од Кочани, Т.Ј. од Кочани, Џ.К. од Скопје и Б.Х. од Скопје им ја продолжи мерката притвор, додека на обвинетите М.С., О.Г., Љ.П., И.Г., М.Г., С.Д., сите од Кочани, потоа Ј.Ј. и Љ.Г. од Скопје како и Б.М и Ш.Х., од Тетово и Е.М. од Виница им се продолжи мерката куќен притвор.Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје, а советот дополнително ќе одлучува и по предлозите за продолжување на мерките за обезбедување присуство и мерките претпазливост и за останатите обвинети.Во однос на конкретниот обвинителен акт КООА 155/25, како што и претходно веќе информиравме, со одлука на Врховниот суд на Република С. Македонија за стварно и месно надлежен за постапување е определен овој суд, па така на 02.07.2025 година во попладневните часови списите на предметот беа доставени до овој суд, заедно со целокупниот доказен материјал меѓу кој вештачења, медицинска документација, како и техничка опрема одземена во текот на истрагата, која требаше соодветно да се смести и чува во посебни простории. Потоа, предметот и сите предлози се заведоа во АКМИС системот, а во наредниот дек актот е распределен на совет за оценка на истиот.При увидот во списите на предметот, утврдено е дека три обвинети правни лица немаат законски претставник во постапката, по што судот определи претставници по службена должност.Дополнително на 08.07.2025 до судот, од страна на Јавниот обвинител беше доставно доуредување на обвинителниот акт од 01.07.2025 година, кое се однесуваше на генералиите и личните податоци на обвинетите.Откако беа исполнети сите услови, советот издаде наредба за достава на обвинителниот акт со споменатото до уредување, заедно со листа на докази до сите обвинети, нивните бранители и претставниците на обвинетите правни лица поставени по службена должност.Кога истиот ќе биде примен од странките, ќе започне да тече рокот од 8 дена за приговор, а по приемот на сите приговори и истек на Законски утврдениот рок, советот ќе заседава и ќе известува.Исто така, судот ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден, 17.07.2025 година, во овој суд доставено е решение на Јавното обвинителство на Република С. Македонија РО бр. 367/25 од 15.07.2025 година со кое за месно и стварно надлежно обвинителство за постапување по конкретниот обвинител акт се определува Основно јавно обвинителство Скопје.Судот апсолутно го разбира интересот на јавноста за оваа постапка, но укажува дека должност е да се почитуваат правата на сите засегнати како и законските рокови предвидени во Законот за кривичната постапка, се со цел да не се случат пропусти кои во иднина може да ја компромитираат целосната судска постапка, односно правдата мора да биде брза, но не избрзана, се наведува во соопштението на судот.

Македонија | пред 6 месеци

Нема фотографија

Уапсен 26-годишен косовски државјанин по потерница на Интерпол

Полициски службеници на граничниот премин Долно Блаце вчера во 16:20 часот го лишиле од слобода С.А. (26) од Косово.При рутинска гранична контрола било утврдено дека лицето се бара со мерка „апси“ по потерница од Интерпол. Уапсениот е предаден на Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-38-8270PM

Скопјанка платила на лажен лекар 21.000 евра за операција, подоцна сфатила дека е измамена

На 17.07.2025 во 17.45 часот, во СВР Скопје, 68-годишна жена пријавила дека околу 15.30 часот била измамена од непознато машко лице за сума од околу 1.300.000 денари.Лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар и ја убедило дека нејзината ќерка има повреди и треба итно да се оперира, по што таа ги оставила парите на договорено место.Подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Скопје | пред 6 месеци

bitpazar

Нападнато 13-годишно дете со остар предмет во парк на Бит Пазар

Денеска (18.07.2025) во 00.10 часот, во СВР Скопје, Х.Е.(45) пријавил дека на 17 јули околу 21.30 часот во парк на подрачјето на Бит Пазар, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од неколку машки лица.Едно од лицата употребило остар предмет и му нанело повреди на детето. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 месеци

kocani-mars

Премиерот го прочита барањето и рече „одредете си цена за вашите деца“: Родителите на загинатите во Кочани обелоденуваат детали од средба со Мицкоски

„Одредете си цена за вашите деца“ – оваа реченица, како што објавува „Здружението на граѓани 16-ти Март 2025 Кочани“ ја изрекол премиерот Христијан Мицкоски на средбата со родителите на трагично загинатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.По средбата одржана на 7 јули во Владата, Здружението денеска излезе со обраќање до јавноста. Родителите, видно вознемирени од односот на институциите и содржината на состанокот, обвинуваат за манипулации, игнорирање и длабоко понижување. Нивното барање е едно – правда за 62-те згаснати млади животи.Во продолжение, целосното јавно обраќање на родителите:Обраќање до пошироката јавностВо врска со состанокот со премиерот на Владата на РСМ – 07.07.2025 годинаНие, родителите на починатите деца во пожарот во дискотеката ПУЛС – Кочани, чувствуваме обврска јавно да се обратиме, поради се погласните шпекулации и неточни информации околу нашите поднесени барања до државниотврв на РС Македонија.Што се случи?На 01.07.2025 година, испративме истоветно барање по пошта до:Премиерот на Владата на РСМ – г. Христијан Мицкоски,Претседателката на државата – г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова,Претседателот на Собранието – г. Африм Гаши.Денес, по повеќе од две поминати недели, не добивме никаков одговор ниту од Претседателката, ниту од Претседателот на Собранието.Единствено, на 03.07.2025, нè контактираа телефонски од кабинетот на премиерот и ни закажаа состанок за 07.07.2025 (понеделник) во 17:00 часот во Владата.Иако инсистиравме средбата да се одржи во Кочани – местото каде се случи трагедијата и каде почиваат нашите деца – одговорот беше дека безбедносните услови не дозволуваат премиерот да патува и средбата мора да се одржи во Скопје.И покрај горештините и нашата болка, отидовме во главниот град – со надеж дека конечно ќе бидеме слушнати.На средбата присуствуваа околу 60 родители и членови на семејствата на починатите деца. За повеќето, ова беше прва лична средба со премиерот. Очекувавме барем еден човечки збор, искрено сочувство. Но, тоа не се случи.Наместо тоа, бевме пречекани со површен поздрав:„Здраво, како сте?“ – зборови кои не можат да ја допрат болката на родител кој изгубил дете.На нашето прашање во врска со барањето, премиерот одговори дека го гледа за првпат, дека штотуку му било предадено од службите. На тоа реагиравме бурно, бидејќи уште на 03.07 – кога нè контактираа – ни беше кажано дека барањето е примено и разгледано. На нашиот револт реагираше неговата портпаролка, г-ѓа Марија Митева, објаснувајќи дека во Владата има процедура:• Барањето било заведено на 03.07 во архивата,• На 04.07 било препратено до другите институции,• Дури на 07.07 му било врачено на премиерот лично.Иако не сме правници, неприфатливо ни е писмо адресирано лично до премиерот, без негова дозвола и знаење, да биде разгледувано и препраќано од други институции без негова одлука.Навредата што никогаш нема да ја заборавиме:Премиерот започна да го чита барањето ( кое целосно може да го прочитате во прилог) и изјави дека ќе се задржи само на петте точки, без да ги разгледува воведните делови и правните објаснувања.На првата точка – која се однесуваше на:“Еднократна парична помош за секое семејство погодено од трагедијата, за душевна болка и нематеријална штета, преку Фондот за итна поддршка од државниот буџет…”… добивме одговор кој не само што нè понижи, туку длабоко нè навреди како родители и како луѓе:„Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена завашите деца.“Тоа беше моментот кога болката премина во чиста неправда. Овие зборови ќе одекнуваат засекогаш во нашите срца, како уште една смрт – смрт на достоинството.Јавен повик до премиерот и целата јавност: Доста е!Доста е! Доста со манипулации. Доста со потценување на нашата болка. Доста со лаги и игри врз сметка на животите на нашите деца!Колку пати треба да ви објасниме, да ви повториме, да викаме и да молиме – ние, родителите на убиените деца во трагедијата во „Пулс“, немаме политички агенди! Не сме тука поради партии, не не интересира политика! Нашата единствена цел е правда. Правда за 62 млади животи кои згаснаа во најцрниот ден на нашата држава.Но, наместо разбирање, добиваме манипулации. Наместо сочувство, добиваме потсмев и обвинувања. Наместо поддршка, добиваме директно понижување. Во понеделник, на 07.07 на средба во кабинетот на премиерот ни беше кажано нешто што ниту еден родител не смее да го слушне — ОДРЕДЕТЕ СИ ЦЕНА ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА “.Тоа не беше само навреда, тоа беше газење врз спомените, врз болката, врз човечкото достоинство. Ако вие, господине премиер, мислите дека животите на нашите ангели имаат цена, тогаш прашуваме: колку вреди еден човечки живот?Кога ќе можете да го процените тоа, тогаш дојдете и кажете ни ја цената за нашите деца.Нашите деца се херои. Со своите животи, оставија печат врз оваа држава. И ако вие не знаете да ја водите оваа држава, ако не знаете да обезбедите правда и покрај сите докази што ви се ставени на маса, тогаш отстапете го вашето место на некој што знае, што умее, што има совест и храброст.Ние не се плашиме. Иако сме под огромен стрес и со скршени срца, нашиот разум и нашата борба не престануваат.Разликата меѓу нас и вас е што вие се плашите од вистината, а ние се бориме за неа. Вашата неспособност не треба да ја платиме ние. Ниту нашите деца.Судскиот процес уште не започнал. Осомничените шетаат слободно. Сите поврзани, сите заштитени, сите си тераат како ништо да не се случило. А се случи — се случи масовно убиство на 62 деца, и тоа никогаш нема да го заборавиме.Затоа не лажете повеќе. Ни вие, ни обвинителите. Ниедно „ќе видиме“, ниедно „ќе се процесира“ незначи ништо веќе. Додека сте неспособни само да ја одолговлекувате постапката, ние ќе бидеме гласот на правдата — сѐ додека таа не се случи!Нашите деца молчат, но нашите гласови зборуваат за нив. И нема да замолчиме. Ова е почетокот на крајот за неправдата во оваа држава.Со почит и достоинство,Родителите на починатите деца од трагедијата во дискотеката ПУЛС – КочаниЗдружение на граѓани 16-ти Март 2025

Македонија | пред 6 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Лажен полицаец ѝ зел 900 евра – пензионерка од Скопје фрлила пари од тераса поради лажна приказна за несреќа

Осумдесетгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била измамена од лице кое ѝ се претставило како полициски службеник, потврдија од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата поднесена на 17 јули во СВР Скопје, инцидентот се случил еден ден претходно, кога непознат маж ѝ се јавил на телефон и ѝ кажал дека нејзината внука наводно прегазила дете кое починало, и дека ќе оди во затвор ако не се „среди“ случајот.Исплашена и под стрес, жената подлегнала на измамата и, по упатства од лицето, фрлила околу 900 евра од терасата. Подоцна, сфатила дека е измамена и го пријавила случајот.Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и апелираат до граѓаните, особено постарите, да не наседнуваат на вакви телефонски повици и да се консултираат со блиските или веднаш да се јават во полиција.

Скопје | пред 6 месеци

behtel-i-enka

(Видео) Од 2023 година до сега, предметот за „Бехтел и Енка“ уште во предистрага, обвинителката покажа со прст кон МВР

Предистражната постапка за договорите поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10Д и ангажманот на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ сè уште трае, а предметот од Обвинителството се работи во Министерството за внатрешни работи.„Предметот е во предистрага, долго трае затоа што започна од Обвинителството, ама откако истражителите заминаа во МВР, продолжи постапката таму. Целокупната постапка и сите дејствија ги преземаат истражителите од МВР. Тие можат да ви дадат детални одговори“, изјави обвинителката Катерина Коларевиќ од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.Предметот беше отворен уште во март 2023 година, откако опозициските партии и неколку медиуми објавија серија документи и сомнежи за корупција поврзана со изборот на надзорниот конзорциум.Во фокусот на истрагата се три фирми избрани да вршат надзор над работата на „Бехтел и Енка“ – за вкупен износ од над 22 милиони евра.Една од нив е „Електра Солушнс“, компанија која според јавно достапни податоци претходно се занимавала со шиење долна облека, а потоа преминала на информатика и градежништво. Лиценцата за надзор ја добила во текот на самата тендерска постапка, иако немала никакво релевантно искуство во областа.„Евро консалтинг“, друга членка на конзорциумот, се доведува во врска со Бранислав Димитријевиќ – лице гонето со меѓународна потерница и уапсено во Хрватска во 2021 година. Тој се споменува и како поврзан со компанијата „Ептиса“, која одлука на Владата ѝ забрани учество во проекти поради сомнежи за незаконски и неетички дејства.И покрај обвинувањата, тогашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта тврдеше дека изборот бил чист, со објаснување дека не се проверувале акционерите на фирмите.Покрај Обвинителството, предмет отвори и Антикорупциската комисија, но јавноста сè уште чека одговори – дали и кој ќе одговара за спорниот надзор во најскапиот инфраструктурен проект во поновата историја на државата.

Македонија | пред 6 месеци

ohrid-naselba

(Видео)Научна сензација од дното на Охридското Езеро: Откриена езерска населба во Европа стара меѓу 6.000 и 8.000 години

Подводни археолошки истражувања на албанската страна од Охридското Езеро доведоа до неверојатно откритие – населба стара меѓу 6.000 и 8.000 години, за која научниците веруваат дека е најстарата позната човечка населба изградена на брег на езеро во Европа.Тим составен од швајцарски и албански истражувачи секојдневно нурка на длабочина до три метри во близина на селото Лин, каде што внимателно се вадат дрвени столбови – остатоци од куќи, како и коски, бакарни предмети и деликатна керамика.Археологот Алберт Хафнер од Универзитетот во Берн изјави дека оваа населба е за околу 500 години постара од досега познатите слични локации во Алпите и Медитеранот.„Фактот што е под вода ни овозможува да најдеме извонредно сочувани органски материјали, преку кои можеме да откриеме како изгледал животот тогаш – што јаделе, што одгледувале“, вели Хафнер.Остатоците се анализираат со радиокарбонска метода и дендрохронологија (анализа на годишните прстени во дрвјата). Се проценува дека населбата се простирала на површина од околу шест хектари и имала неколку стотици жители. По шест години работа, истражено е помалку од еден процент од локацијата.Според истражувачите, овие жители одиграле важна улога во ширењето на земјоделството и сточарството низ Европа, иако и понатаму ловеле и собирале плодови од природата.Албанскиот археолог Адриан Анастаси нагласува дека целосното истражување на оваа археолошка локација може да потрае децении.„Ако се суди според начинот на кој ловеле, рибареле и граделе, тогаш станува збор за исклучително напредна заедница за тоа време“, истакна Анастаси.

Охрид | пред 6 месеци

Screenshot-2025-04-25-at-21.38.39

Обвинение за шефицата на Антикорупциска: „Оддавала службени тајни преку Вибер, a испити за сертификат за тајност и полагал ревизор од ДЗР“

Покренато е обвинение против претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, која се гони за оддавање на службена тајна. Според Обвинителството за гонење организиран криминал, Димитровска, на обвинет во предметот „Адитив“ му доставувала информации кои биле тајни. Тоа го правела со месеци.„Преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот „Адитив“, службени белешки за отворање на предмет и распределба на член на ДКСК,  одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот на обвинетиот и на неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈОГОКК“, стои во соопштението на ОЈО-ГОКК.Димитровска се гони и затоа што сертификатот за службена тајна го добила откако испитот и го положил ревизор од Државниот завод за ревизија.„На истата обвинета, претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, и се става на товар и дека со цел да добие Сертификат за положен испит, во август 2024 година од службениот телефон преку апликацијата Viber на третообвинетиот – ревизор во ДЗР, му испратила компјутерски податоци – логови за пристап на електронски систем за обука на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации“, додава ОЈО-ГОКК.Обвинение има и за ревизорот.„Третообвинетиот, од службениот електронски уред на Државниот завод за ревизија пристапил од нејзината електронска адреса и во име и за нејзина сметка го положил тестот за класифицирани информации. Сертификатот за успешно завршување на курсот за класифицирани информации издаден од страна на Дирекција за безбедност на класифицирани информации второобвинетата го употребила како вистински компјутерски податок и врз основа на него ѝ бил издаден безбедносен сертификат за пристап до национални класифицирани информации со степен Државна тајна“, додаваат од ОЈО-ГОКК.За обвинетиот ревизор кој полагал во име на претседателката на ДКСК предложени се мерки на претпазливост - привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница. За останатите две обвинети опфатени со поднесените обвиненија активни се мерките определени со започнување на постапката против нив.Истражната постапка беше отворена кон крајот на месец април како резултат на екстрахираните електронски докази во рамките на предметот „Адитив“.„Обвинетиот, како член на група, вработен во едно од обвинетите правни лица, од месец јули 2022 до октомври 2024, со умисла извршил две или повеќе временски поврзани дејствија  и искористувајќи ист траен однос и исти прилики и околности, на управителките на обвинети правни лица во предметот „Адитив“ им ставил на располагање средства и ги отстранил пречките за кривичното дело. На овој начин им помогнал свесно да ги повредат прописите и да ги изиграат постапките за доделување на договорите за јавни набавки. Во периодот од месец август 2023 до ноември 2024 година, обвинетиот на сопствената денарска сметка уплатил парични средства во вкупен износ од 408.300 денари, а од правното лице во коешто бил вработен во 84 наврати примил парични средства на име трошоци за службени патувања во вкупен износ од 1.963.800  денари. Иако знаел дека средствата правното лице ги прибавило со сторување на кривичното дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство, со цел да го прикрие понатамошниот нивен тек, ги пуштил во оптек и ги подигнувал во готово, со што ги исполнил битијата на кривичните дела кои сега дополнително му се ставаат на товар“, велат од ОЈО-ГОКК.Потоа се додава дека: „Во обвинителниот предлог првообвинетата е службено лице – Раководител на сектор во Подружница ТЕЦ Неготино АД ЕСМ Скопје која од јули до ноември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“, на друг начин му сторила достапни податоци што претставуваат службена тајна и се однесуваат на севкупното работење на правното лице. Дополнително, откако од Одделот за криминалистичка полиција кој постапувал по наредба на ОЈОГОКК, било доставено Барање за доставување на документацијата што се однесува на спроведена постапка за набавка на мазут за периодот од 2021-2023 година, таа преку апликација WhatsApp на телефонски број на обвинетиот му испратила фотографија од Известувањето иако сите податоци, документи, известувања и извештаи согласно закон се сметаат за службена тајна и нивно откривање може да има штетни последици за започнатата постапка“.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_5515

Владата ги отфрла обвинувањата од родителите на жртвите од Кочани: „Злоупотребата на болката не носи правда“

По јавното обраќање на родителите на трагично загинатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од Владата реагираа со соопштение во кое ги отфрлаат како неточни наводите дека средбата со премиерот била понижувачка и нечовечна.„Во моментот се прави злонамерно дефокусирање и злоупотреба на трагичната судбина. Владата е тука за семејствата, за сè што им е потребно и секогаш ќе биде со нив, дури и кога ќе има различни мислења“, велат од таму.Во соопштението се нагласува дека средбата од 7 јули не била прва, ниту последна, и дека премиерот Христијан Мицкоски лично им изразил сочувство на сите присутни, со серија приватни гестови и разговори кои, според Владата, не сакаат да бидат предмет на јавна дискусија од етички причини.„Сведување на дискусијата на „здраво како сте“ и „колку чини“ не ја одразува вистинската дискусија и е навредливо. Намерите и постапките на Владата не се нечовечки – тоа е неточно“, се додава во реакцијата.Од Владата нагласуваат дека болката од трагедијата не е само на семејствата, туку и на целата држава, и уверуваат дека остануваат посветени на поддршката и грижата за родителите.„Ќе се бориме за правда и ќе останеме потпора на семејствата, со конкретни дела. Апелираме трагедијата да не се користи за сензационализам или за донесување осуди врз основа на гнев“, порачуваат од Влада.

Македонија | пред 6 месеци

unnamed-1

Мицкоски: Бидејќи Радев вели дека освен Бугари во Устав, нема друг услов, повикувам – Ајде со Бугарија да поднесеме резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5, се осврна околу блокадите од страна на Бугарија и условите кои и ги поставуваат на државата за влез во ЕУ.Премиерот потенцираше дека Македонија нема да стане членка на ЕУ по секоја цена, затоа што овој народ и Македонија дале премногу изминативе повеќе од 30 години.„Сите сме за ЕУ, и сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена. Затоа што да беше ова прво нешто, нема никаков проблем ќе седневме ќе разговараме. Овој народ, и овие граѓани и оваа држава дала премногу како никој друг што не дал, и преку глава им е на граѓаните од таков тип политика, сега или никогаш, прозорецот е отворен, сега е моментумот, од Солана го слушаме“, рече Мицкоски.Претседателот на Владата, Мицкоски кажа дека, не се ова први измени што се бараат, тој потенцира дека се менуваше нашиот идентитет, од знамето до името, се тоа е дел од основните темелни вредности на еден идентитет, атрибути коишто го дефинираат идентитетот, истакнувајќи дека во минатото еден по еден овие атрибути се менувале, а за разлика од тогаш, сега тоа нема да биде случај.„Тоа што сега го правиме ќе има влијае во иднината, и тогаш тие генерации ќе судат кој што правел и како прави“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

Нема фотографија

Милошоски: Ако проблемот за Бугарија е само Уставот, да предложиме заедничка резолуција во ЕП за македонскиот идентитет

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска предложи конкретна иницијатива за надминување на блокадата на македонските евроинтеграции, упатувајќи отворена понуда до Бугарија за поднесување заедничка резолуција во Европскиот парламент, со која ќе се потврди македонскиот јазик и идентитет.„Ако Бугарија тврди дека проблемот за почетокот на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот, предлагаме да поднесеме заедничка резолуција во ЕП со која што ќе се потврди самобитноста на македонскиот идентитет и јазик“, изјави Милошоски на денешната прес-конференција.Тој додаде дека оваа понуда доаѓа директно од премиерот Христијан Мицкоски, упатена до бугарскиот претседател Румен Радев и официјалната влада во Софија.„Доколку навистина станува збор само за Уставот, тогаш не треба да има никаков проблем да поднесеме заедничка резолуција која ќе ја гарантира македонската идентитетска и јазична посебност и ќе ја зацврсти довербата меѓу двете земји“, рече Милошоски.Според него, резолуцијата би можела веднаш да се предложи, со цел да се постигне конкретен чекор напред и да се придвижат евроинтеграциите. Сепак, тој изрази скептицизам дека Бугарија ќе ја прифати оваа иницијатива.„Сомнежот доаѓа од тоа што одредени бугарски владини претставници имаат задни намери. Отворањето на Уставот изгледа како само прв чекор кон нови барања и идни блокади“, предупреди Милошоски.Тој оцени дека официјална Софија спроведува обид за историски инжинеринг, со цел негирање на македонскиот идентитет, споредувајќи го овој пристап со однесувањето на Русија кон Украина:„Бугарија, за жал, сака да спроведе еден историски инжинеринг, каков што не е спроведен никаде во современиот демократски свет. Тоа што Русија го прави со украинскиот јазик и народ, Бугарија го прави со македонскиот“, рече тој.Милошоски остро ја критикуваше и СДСМ, обвинувајќи го раководството на партијата за попустливост и сервилност во однос на бугарските барања.„Претседателот на СДСМ е спремен сервилно да изгласа сè што ќе биде ставено на маса од страна на Бугарија. Тоа го потврди и Венко Филипче на неколку јавни настапи“, рече тој.Заклучи дека за разлика од таквиот пристап, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги брани националните интереси и достоинството на државата, нудејќи дијалог со соседите, но без „виткање на рбетот на самата држава“.

Македонија | пред 6 месеци

SLIKA-4-PG

Поддршка за малите херои – Компанијата Mozzart целосно го опреми кабинетот за физикална терапија на Одделот за цистична фиброза

Со искрено срце и грижа кон најмладите, компанијата Mozzart уште еднаш покажа дека хуманоста е нејзино најсилно обележје. По многубројните добротворни акции кои веќе ја дефинираат како лидер во несебична поддршка, овојпат донацијата има особено длабоко значење — целосно опремен кабинет за физикална терапија во Одделот за цистична фиброза, при Детската клиника во Скопје.„Физикалната терапија е многу важна за пациентите со цистична фиброза и мора да биде дел од нивната секојдневна нега. Благодарение на Mozzart, сега децата ќе можат да ја добиваат оваа терапија во современ кабинет со најнови апарати и помагала ”, изјави Доц.д-р Валентина Чолаковска, Раководител на Одделот за цистична фиброза.Кабинетот не е само просторија со современи апарати, туку е нов почеток — надеж за подобрување на здравјето и квалитетот на живот на децата кои секојдневно се борат со оваа ретка болест. Благодарение на Mozzart, терапијата станува достапна, дел од нивното лекување, дел од нивната иднина.„Голема благодарност до компанијата Mozzart. Оваа донација ќе помогне во подобрување на квалитетот на животот на пациентите”, изјави Реџеп Мемеди, в.д. Директор на Клиниката за детски болести.Оваа приказна не е само за една донација. Таа зборува за човечност, за одговорност и за вистинска желба да се направи светот подобар, особено за оние на кои им е најпотребно.„Големо е задоволството кога околу вас гледате насмеани и среќни лица благодарение на помошта која сте ја пружиле. Во очите на овие деца гледаме сила. Гордост ни е што можеме да бидеме дел од нивната борба ”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Мozzart.Овој хуманитарен гест е дел од кампањата „ Повеќе од гол”, која е една од најголемите хуманитарни акции на компанијата. За секој погодок на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во јануари, Mozzart донираше по 5.000 денари. Со постигнати 181 погодок, беа собрани вкупно 905.000 денари.Амбасадорот на кампањата, капитенот Филип Кузмановски, не само што ги водеше со пример, туку и ја насочи добрината кон оние кои најмногу ја заслужуваат.

пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања