(Видео) Пожар во Трубарево: ангажирани пожарникари, хеликоптери и Ер Трактор
Голем пожар денеска избувна во населбата Трубарево, општина Гази Баба, при што густ црн чад за кратко време се прошири и зафати неколку околни објекти.„Во 13:38 часот, преку бројот за итни повици 112 беше пријавен пожар во штала наменета за складирање на отпадни електрични материјали. Веднаш воспоставив координација со Центарот за управување со кризи и ги информирав надлежните служби за состојбата на терен,“ изјави директорот на ЦУК, Мухамед Али. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Од ЕВН било побарано итно исклучување на електричната енергија за да се овозможи безбедно гаснење на пожарот, вклучително и со употреба на воздухопловни средства.На терен се ангажирани шест возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со повеќе од десет пожарникари, како и специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување. Во интервенцијата учествуваат еден хеликоптер на МВР, еден хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија и еден Ер Трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Дополнително, испратени се и екипи на итната медицинска помош.Али нагласи дека состојбата внимателно се следи и дека координацијата на сите служби продолжува додека пожарот целосно не биде ставен под контрола.
Скопје | пред 4 месеци