Промени тема
Контакт

(Видео) Пожар во Трубарево: ангажирани пожарникари, хеликоптери и Ер Трактор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2025-09-13-at-15.46.16

Голем пожар денеска избувна во населбата Трубарево, општина Гази Баба, при што густ црн чад за кратко време се прошири и зафати неколку околни објекти.

„Во 13:38 часот, преку бројот за итни повици 112 беше пријавен пожар во штала наменета за складирање на отпадни електрични материјали. Веднаш воспоставив координација со Центарот за управување со кризи и ги информирав надлежните служби за состојбата на терен,“ изјави директорот на ЦУК, Мухамед Али.

— реклама —

— реклама —
View this post on Instagram

A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

— реклама —

Од ЕВН било побарано итно исклучување на електричната енергија за да се овозможи безбедно гаснење на пожарот, вклучително и со употреба на воздухопловни средства.

— реклама —

На терен се ангажирани шест возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со повеќе од десет пожарникари, како и специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување. Во интервенцијата учествуваат еден хеликоптер на МВР, еден хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија и еден Ер Трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Дополнително, испратени се и екипи на итната медицинска помош.

Али нагласи дека состојбата внимателно се следи и дека координацијата на сите служби продолжува додека пожарот целосно не биде ставен под контрола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pozarna-

Гореше стан кај Клинички, пожарникар се наголтал чад и заврши во болница

Скопје | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Пожар под Раштак, гори сува трева и нискостеблеста шума

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Два активни пожари на отворен простор во Гази Баба и Прилеп

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryisjjiuquqadp1LZJaat

Гори плац со хаварисани возила во Тетово, густ чад се шири во околината

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања