Скопје1.мк

mickoski-dokumenti

Мицковски контра обвинувањата на Апасиев: Свиркачи доставиле документи - Апасиев и Мециновиќ си земале пари од партиската каса

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за опозициски прашања покажа документи и списоци за коишто рече дека ги добиле од свиркачи во врска со партискиот објект на Левица и од кои исто така, како што кажа, се гледа дека претседателот на Левица Димитар Апасиев и кандидатот за градоначалник на Скопје на оваа партија си префрлувале пари од сметката на Левица.Мицкоски прочита извадок од записник во кој, наводно, Апасиев информира партиски членови за купувањето на објектот на поранешниот хотел „Опера хаус“ за 250.000 евра, оти се работи за четири нивоа и дека два – три месеци се преговарало со Унибанка.– Демантиравте дека имавте врска со ова еднаш кога ја отворив оваа тема и тогаш велевте не е тоа така, ова е скромно местенце, толку квадрати итн, итн… а овде гледам дека сте полн со себе па во јавноста веќе кога се обидувавте да шпекулирате и да лажете. Треба да ѝ дадете одговор на јавноста кога бевте Димитар Апасиев кој ја зборуваше вистината, тогаш, или кога излезе овој записник пред вашите во ЦК – рече Мицкоски.Кога сме кај злоупотребите во Левица, рече премиерот, свиркач до нив исто така доставил список на трансакции во кој, како што кажа од собраниската говорница, има стотици трансакции на пари префрлани од политичката партија Левица на трансакциска сметка на Апасиев.Мицкоски ова го кажа контра обвинувањата на Апасиев за поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со агенцијата Рубикон и нејзиниот сопственик, која го обезбедувала објектот на дискотеката „Пулс“ во Кочани во која во пожар починаа 63 лица, а околу 250 се повредени. Апасиев, кој од говорницата покажуваше фотографии, го праша Мицкоски дали ќе си поднесе оставка, повикувајќи се на изјава на премиерот.Претседателот на Владата Мицкоски рече дека Апасиев се служи со лаги, невистини и клевети и оти и тој има слика со него додавајќи дека можеби требаше и тие да ги објави.фото: Собрание/Принт скрин

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-12-142749

(Видео) Апасиев го праша премиерот Мицкоски: Колку кеш од агенцијата за обезбедување на кочанската дискотека завршија во касата на ДПМНЕ?

На собраниската седница за пратенички прашања, лидерот на Левица, Димитар Апасиев го праша премиерот Христијан Мицкоски дали ќе си поднесе оставка како што вети, бидејќи има несоборливи докази за поврзаност на агенцијата „Рубикон“ со неговата партијата.Почитуван северномакедонски премиер, моето прашање е за вмровската агенција ,,Рубикон", која ја обезбедуваше дискошталата во Кочани. Оваа агенција е основана како паравојска, со цел да ја замени фирмата ,,СГС" на Мијалков со кој божемски се скаравте. ,,Рубикон" е формирана веднаш после Вашата победа на локалните избори и веднаш почнува да добива тендери од вмровските општини.Вистински сопственик на оваа агенција е Александар Нацев, кој беше директор за време на Груевски, а беше и делегат на Валандовскиот конгрес во 2017 година, каде Вие сте избран за лидер, односно октроиран од страна на Груевски, бидејќи Вие бевте анонимус во Вашата сопствена партија.Бидејќи Вие сам изјавивте дека ќе си дадете оставка, доколку има било какви докази дека агенцијата за обезбедување на дискошталата е поврзана со ДПМНЕ - ќе Ве прашам дали после вакви докази ќе си поднесете оставка од функцијата?!

Македонија | пред 5 месеци

Vizbegovo-pozar

(Видео) Повторно гори депонија, овој пат во Шутка!

Скопје1 објави видео на кое се гледа дека синоќа гореше депонијата во Шутка. Утринава имаше само чад, но сега како што информира ЦУК, повторно е активен пожарот. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 5 месеци

DSC_0104

Политичарите за се воздржат од недолични коментари пред изборите! Реакција на обвинителите

Здружението на јавните обвинители најостро реагира на недоличните и неаргументирани изјави на одредени политичари со кои директно се загрозува интегритетот и самостојноста на Јавното обвинителство и на правосудните институции воопшто.Апелираме особено политичарите во предизборната реторика да се воздржат од неосновани напади со кои ја поткопуваат довербата во правосудните институции и го нарушуваат угледот на јавните обвинители.Јавното обвинителство е самостојна институција чија работа се темели исклучиво врз основа на Уставот, законите и материјалните докази. Ниту еден предмет не може и не смее да се води врз основа на политички притисоци или јавни прозивки, туку само врз основа на аргументирани факти и во рамките на законски пропишаните процедури.Потсетуваме дека секој што смета дека постојат елементи за кривично гонење, има право да поднесе соодветна пријава до надлежното обвинителство. Пријавата ќе биде внимателно разгледана и процесуирана во согласност со доказите и законската рамка.Јавните обвинители ја извршуваат својата функција професионално, совесно и самостојно, и токму затоа е од особена важност да се обезбеди простор тие да ја вршат својата работа без притисоци, навреди или мешање од страна на политички или други центри на моќ.

Македонија | пред 5 месеци

gradonacalnici

СДСМ објави: Игор Христов кандидат за градоначалник на Кочани, Жика Стојановски на Илинден

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници.Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница е дадена согласност за уште четири нови кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори:▫️Едис Хасан – кандидат за градоначалник на Шуто Оризари.▫️Жика Стојановски – кандидат за градоначалник на Илинден.▫️Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани.▫️Исуф Синани – кандидат за градоначалник на Долнени.Со ова, СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за градоначалници од СДСМ во 64 општини ширум државата.Сите кандидати на СДСМ се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини.Кандидатите на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните, ќе работат за решавање на секојдневните проблеми, за подобрување на квалитетот на живот и развојот на општините.

Македонија | пред 5 месеци

kocani-sovet

Советот на Општина Кочани е банкомат за партиите – тврди Венко Крстевски

Преку објава на социјалните мрежи, Венко Крстевски остро го критикуваше Советот на Општина Кочани и претседателот Лазо Митев, обвинувајќи за незаконски одлуки, партиски влијанија и оставени граѓани без решение.Советот на Општина Кочани уште еднаш покажа дека за нив законите не важат, важи само партиската агенда.Претседателот на Советот, Лазо Митев, наместо да ја брани општината и граѓаните, повторно оди спротивно на закон и уцени. Закани и манипулации ги користи како политички алатки. Без официјален документ примен во Општина Кочани, Советот незаконски донесе одлука за паралелки со намален број ученици и истата е СТОПИРАНА на 3-ти септември. А притоа, Лазо Митев најавува кривична против мене и обвинува дека „се криеле документи“. Епа, јавно прашувам: како тој документ стигнал кај него? Од партијата ли? Од нивните канцеларии по кафани? Зошто тој го добил а јас не? Дали по партиска пошта испраќаат официјајлни документи?Ова е суштината на проблемот, партиите гледаат на Општина Кочани како на банкомат, од каде треба да се испумпуваат пари за нивната партиска војска. Милиони денари за партиски војници, додека граѓаните се дават во проблеми без решение.Никогаш порано Кочани немал толку слаба советничка група како што е на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе без став, без идеја, без визија, без искажан збор. Единствен интерес им е паушалот што го земаат секој месец. А граѓаните? Оставени на милост и немилост.Јас нема да молчам!Партиите може да си плаќаат војска колку сакаат, ама народот гледа и памети. Кочани заслужува чесна и одговорна власт, а не партиски пиончиња што работат против својот град.#ПаушалКомити

Македонија | пред 5 месеци

kremlj-moskva

Кремљ го гаси интернетот поради украинските дронови

Сè поинтензивните украински напади со дронови врз цели длабоко во руска територија го поттикнаа Кремљ на привремени прекини на интернет-услугите, што предизвикува нарушувања за потрошувачите, компаниите и јавните служби. Локалните исклучувања, кои ова лето траеја од неколку часа до неколку недели, се реакција на тоа што Киев користи дронови насочувани преку мобилна мрежа за напади врз руските воздушни бази.Бројот на прекини во преносот на мобилни податоци достигнал 2000 во јули и август, што е повеќе од тројно зголемување во однос на јуни. „Војната конечно стигна во Русија“, изјави Михаил Климарев, директор на Internet Protection Society, руска организација за дигитални права во егзил: „Дроновите доаѓаат, а тие вака се обидуваат да се бранат.“Телевизијата им советува на граѓаните да користат аналоген системИсклучувањата на интернетот оневозможуваат работа на каси, спречуваат автобусите да валидираат билети и ги оставаат доставувачите без можност да ги пронајдат адресите. Прекините дополнително ги зголемуваат предизвиците за руската воена економија, која покажува знаци на забавување по години западни санкции. Компаниите уште во првата половина на оваа година се соочија со проблеми во синџирите на снабдување и со рекордно високи каматни стапки.Еден час интернет-замраченост ја чини Русија 557 милиони долари на национално ниво, а 115 милиони долари само во Москва, според проценките на Internet Protection Society, кои ги пренесува Financial Times.Во август, руската државна телевизија им даваше совети на гледачите како да се префрлат на аналоген систем: „Вклучете ја функцијата near field communication во поставките на телефонот, па парите можете да ги испратите на друго лице со едноставно доближување на вашиот смартфон до неговиот. Таа технологија функционира преку радио бранови.“Гувернерот се извини на јавноста поради прекинитеИсклучувањата често се спроведуваат во области околу воени објекти, каде локалните власти ги исклучуваат мобилните мрежи за да го оневозможат насочувањето на дроновите. Во многу случаи прекините траат од неколку часа до неколку дена.Нижњеновгородската област, 400 километри источно од Москва, каде што се наоѓаат неколку воени погони, искусила прекини на мобилниот интернет и по повеќе од два месеца. Градот беше нападнат со украински дронови на секои неколку месеци во 2024 година, но оваа година ударите станаа почести.„Нашиот регион има многу индустриски и стратешки локации кои се интересни за непријателот“, напиша гувернерот Глеб Никитин во јули на руската социјална мрежа VK: „Затоа областите со слаб сигнал се големи и зафаќаат многу станбени квартови.“

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-12-124527

Снимено e бегството на убиецот на Кирк, човекот што го фотографирал местото на атентатот е уапсен

Одделот за јавна безбедност на американската сојузна држава Јута објави снимка од осомничениот за убиството на најпознатиот американски десничарски активист Чарли Кирк. На снимката се гледа маж како трча преку покрив на училишна зграда, а потоа влегува во блиската шума, каде подоцна била пронајдена пушката со која Кирк бил убиен.Да потсетиме, конзервативниот инфлуенсер и близок сојузник на Трамп беше застрелан во среда во вратот додека им се обраќаше на присутните на универзитет во Јута. Беше пренесен во болница, но наскоро почина. Напаѓачот сè уште е во бегство.🚨 NEW FOOTAGE ::: SHOOTER ON ROOFFBI releases exclusive close-up footage of Charlie Kirk shooter suspect jumping off Utah Valley University roof, 3 mins after the assassination. Suspect fled the scene, with over 7,000 tips already received. #CharlieKirk pic.twitter.com/dYj4Qk4qAm— Culture War Report (@CultureWar2020) September 12, 2025 Инаку, едно лице е уапсено откако успеал да упадне на местото на атентатот на Универзитетот Јута Вели за да снима фотографии и видеоснимки на доказите, како и селфи, пренесува телевизиската станица KUTV.Според полицијата, 38-годишниот Расел Ким Кенингтон од Плезант Гроув, Јута, е обвинет за попречување на правдата и незаконито влегување на туѓ имот. Тој, облечен во бел лабораториски мантил, ја поминал полициската лента на местото на злосторството и започнал да фотографира и снима докази, а во еден момент направил и селфи. Селфито било пронајдено откако полицијата му го одзела мобилниот телефон.Најважни сознанија од истрагатаШефот на Одделот за јавна безбедност на Јута изјави дека сè уште не е познато каде се наоѓа убиецот.Истовремено, Wall Street Journal објави дека на куршумите биле пронајдени слогани поврзани со „антифа“ и трансродова идеологија, но извор близок до истрагата за New York Times нагласил дека тоа не се совпаѓа со официјалните резимеа на доказите.Објавена е и снимка од бегството на осомничениот, а повеќе медиуми јавуваат дека полицијата веќе располага со име на напаѓачот.ФБИ понуди награда од 100.000 долари за информации што ќе помогнат во расветлување на убиството. Воедно, на пронајдената пушка и куршуми биле уочени гравури со транс и антифашистички слогани, додека од местото на злосторството се обезбедени и снимки од лицето на осомничениот и отпечатоци од дланка и подлактица.Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го одликува Чарли Кирк со Претседателски медал на слободата.Потрагата по напаѓачот продолжува.

Свет | пред 5 месеци

drisla1

„Дрисла“ тврди: „Од 2022 година не согоруваме отпад“

Јавното претпријатие „Дрисла“ во соопштение нагласи дека е единствената санитарна лиценцирана депонија во државата и дека од 2022 година таму не се согорува отпад, туку истиот се обработува во автоклав – уред кој со пареа под висок притисок го стерилизира отпадот и потоа го компримира.На тој начин, велат од претпријатието, нема никаква можност за загадување. Од „Дрисла“ посочуваат дека сите тековни активности се изведуваат во согласност со техничко–технолошкиот проектиран процес, имајќи ја предвид заштитата на животната средина, здравјето на луѓето и природата, како и усогласеност со постојните законски прописи.„Апелираме до Министерството за внатрешни работи да спроведе истрага за изнаоѓање и санкционирање на потпалувачите на пожарите, за кои се сомневаме дека се политички мотивирани и со цел дефокусирање од реалните проблеми. Депонија ‘Дрисла’ без вакви намерни инциденти нема никаков потенцијал за загадување и работи според највисоки стандарди“, се наведува во соопштението.

Скопје | пред 5 месеци

brza-pomos-nokje-3

Тројца загинати работници од Непал во сообраќајка кај Штип

Тројца работници од Непал загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи на експресниот пат Штип–Радовиш, кога комбе со петмина патници излетало од патот и паднало од мостот во коритото на Балталичка река.Во возилото се превезувале работници ангажирани од струмичка фирма. Според првичните информации, освен тројцата загинати, едно лице е тешко повредено, додека возачот се здобил со полесни повреди.Основното јавно обвинителство Штип соопшти дека е извршен увид на местото на несреќата. Обвинителот наредил разговори со очевидци, обдукција на телата на загинатите и сообраќајно вештачење за да се утврдат причините за трагедијата.

Македонија | пред 5 месеци

Mickoski-Carina

Шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини - ова се очекувањата на премиерот пред локалните избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, изјави дека во претстојната кампања за локалните избори очекува опозицијата да настапи со шпекулации и невистини, но нагласи дека владејачката партија има конкретни резултати да им ги претстави на граѓаните.„Очекувам кампања во која ќе изобилуваат шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини од страна на опозицијата и малкумината поддржувачи. Ние имаме со што да излеземе пред граѓаните – што сме направиле во изминативе четири години во општините и во изминативе 15 месеци во Владата. Ете тоа би било на кратко“, рече Мицкоски од партиската говорница.

Македонија | пред 5 месеци

mickoski-drisla

Чудно е како во претпријатија каде раководи ДУИ се распламтуваат пожари, вели Мицкоски за пожарот во Дрисла

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата презема конкретни мерки за справување со пожарите на депониите Вардариште и Дрисла.„Како Влада ги преземаме сите мерки. Да немате дилема. За Вардариште знаете дека имаме приведени и осомничени лица кои ја користеле илегалната депонија Вардариште која постои повеќе од неколку децении, на повеќе од 20 хектари. Од вчера има приватна агенција за обезбедување, здружено ангажирана од неколку општини. Обезбедивме градежна механизација која ќе биде во полн состав таму“, рече Мицкоски.Тој се сомнева зошто пожари избувнувал во Дрисла, каде според него, раководи кадар на ДУИ.„Дрисла останува. Таа беше вчера речиси санирана. На крајот од денот повторно се распламти. Денес ќе се погрижи за тоа МВР. Имав разговор со министерот. Очекувам денес-утре да биде санирано. Тоа што со децении не било санирано, сега ќе се обидеме да го санираме за неколку дена. Чудно е како во одредени јавни претпријатија каде свои кадри има ДУИ се случуваат вакви работи. Тоа ќе го истражиме и ќе обезбедиме докази, како е можно пожар кој беше речиси смирен, наеднаш да се распламти“, додава Мицкоски.Најави и одговорност.„Но и како по справувањето со пожарите, сега да се случува ова пред локалните избори.. вистинското прашање е кому сето ова му одговара. Но сега ќе се заминаваме со решавање на проблемот, а потоа сите виновници ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, додаде Мицкоски.

Скопје | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

(Видео) Како (НЕ) се собира ѓубрето во Скопје!!!

Граѓаните на социјалните мрежи објавија снимки и фотографии кои ја документираат состојбата со собирањето на ѓубрето во главниот град.На една од снимките се гледа камион за собирање отпад во кој најверојатно се заглавува дигалката, по што возилото си заминува без да ја заврши работата. Сцената, снимена во текот на ноќта, покажува дека купишта отпад остануваат околу контејнерите. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Друга снимка, направена во населбата Хиподром, прикажува камион кој по празнењето го остава контејнерот врз ѓубрето, оставајќи уште поголем хаос на улицата.„Не знам дали ние луѓето сме поголема срамота што го фрламе вака ѓубрето или луѓево што го собираат! View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Сето ова е снимено и од жителите кои реагираат дека „во Скопје не само што гори отпадот на депониите, туку и самиот процес на собирање ѓубре е сериозен проблем.

Некатегоризирани | пред 5 месеци

zagadeno-skopje

(Видео) Цели населби исчезнаа утринава во загадениот воздух, Скопје не се гледа!

Граѓаните утринава снимале видеа од Ченто, Ново Лисиче и Радишани кои јасно покажуваат колку е алармантна состојбата со воздухот во главниот град. На снимките се гледа дека чадот и смогот целосно ја прекриваат котлината – во Ново Лисиче видливоста е речиси нула, а од Радишани - Скопје едноставно исчезнува во густата сива маса.' View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Проблемот со „Дрисла“ и „Вардариште“ не е решен. Депонијата „Дрисла“ со години е симбол на пожари и загадување, а и покрај бројните ветувања за модернизација, граѓаните повторно живеат со последиците. Петицијата која моментално кружи бара таа да остане во јавно владеење на Град Скопје и да се претвори во современ центар по примерот на Љубљана. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Во меѓувреме, за „Вардариште“ веќе има обвинение, а случајот се претвори во политичко бојно поле. Единствената добра вест е дека ќе има 24 часовен надзор од приватана агенција за обезбедување. Партиите се препукуваат кој е виновен за состојбата и кој со години ја запоставувал депонијата, наместо да се најде решение за трајно затворање или санација.Граѓаните реагираат со протести, блокади и јавни собири, барајќи итни мерки. Но, наместо конкретни решенија, јавноста повторно слуша само меѓусебни обвинувања меѓу политичарите – кој е крив, а кој не е. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 5 месеци

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

МВР со детали за трагедијата на патот Штип-Радовиш, потврдија дека три лица загинале

МВР информира за денешната трагична сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш, при што наведува дека загинале три лица.Денеска (12.09.2025) во 08.13 часот во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на с.Лакавица, штипско, товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од М.Д.(35) од с.Иловица, струмичко, излетало од мостот. Од екипа на итна медицинска помош, кај три машки лица е констатирана смрт, додека возачот и уште едно машко лице со повреди се пренесени во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош. Увидот е во тек.

Македонија | пред 5 месеци

nino

Во затворската келија на онкологот Васев најдени три мобилни телефони! Тврди дека не се негови

Пред почетокот на денешното судење за „Онкологија 2“ против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, судијката Славица Наумовска Јосифовска информираше дека Судот добил известување од КПУ Затвор Скопје за пронајдени и одземени три мобилни телефони во келијата на Васев.Обвинетиот, пак, во судницата нагласи дека тие не му припаѓаат:„Сакам да ве известам дека имаше повеќе контроли. Кај мене не е пронајден и не е одземен мој телефон“, изјави Васев.Обвиненијата за злоупотребиКривичниот суд уште во јуни годинава го прифати обвинението против Васев и Нухи за фиктивни тендери, злоупотреба на службена положба, измама и проневера во службата во периодот од 2018 до 2022 година.Според обвинителниот акт, поранешните медицински и организациски директори преку незаконски набавки на лекови, нивно прикривање со фиктивни тендери и присвојување на дел од терапијата го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра.Во документот стои дека со прекршување на законите за здравствена заштита, здравствено осигурување, јавни набавки и буџети, обвинетите си овозможиле значителна имотна корист и истовремено предизвикале штета на Буџетот на Република Северна Македонија од над 2,2 милијарди денари.Фиктивни тендери и измами со лековиОбвинителството посочува дека во постапките за јавни набавки на биолошка активна терапија, молекуларна таргет терапија и моноклонални антитела, Васев и Нухи набавувале лекови на реверс без правен основ. За да ги покријат тие набавки, спроведувале јавни тендери кои биле беспредметни, бидејќи добавувачите фактурирале лекови што веќе биле испорачани на реверс.На тој начин, без вистинита и веродостојна документација, се овозможувала нивна верификација преку јавните набавки. Со вакви дејствија биле креирани противправни обврски на Фондот за здравствено осигурување, кој бил доведен во заблуда дека одобрува законски обврски, иако станувало збор за незаконски формирани долгови.Проневера во службатаВо обвинението дополнително се наведува дека медицинскиот директор, со помош на организацискиот директор, набавувал количини на лекови со намера дел од нив да ги присвои. По препишување и одобрување на терапијата, дел од лековите биле фиктивно раздолжувани – односно не им биле дадени на пациентите за кои формално биле побарани.Така била утврдена разлика меѓу евидентирана и реално раздолжена количина за околу 2 милиони денари. Ова е забележано кај девет пациенти, за кои фиктивно биле раздолжувани пет различни лекови.Конкретни лекови и сумиСпоред Обвинителството, Васев искористил неусогласености во евиденцијата на залихи и во месечните податоци за издадени лекови, за да присвои дел од терапијата која Клиниката требало да ја има.Станува збор за вијали и таблети од девет различни лекови: Херцептин, Авастин, Ербитукс, Фулвестрант, Тразимера, Кадцајла, Оксалиплатин (50 и 100 милиграми) и Зелбораф, со кои, како што е наведено, прибавил противправна корист од најмалку 13 милиони денари.Други постапкиПокрај случајот „Онкологија 2“, против Васев и тројца онколози се води и процес за несовесно лекување на пациенти.На едно од претходните рочишта, обвинетите Нино Васев, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски ја негираа вината. Второобвинетата Мери Пешевска, пак, ја призна вината, по што постапката за неа беше раздвоена.Судењето ќе продолжи на 17 септември.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_5168

Трагична сообраќајка со жртви на експресниот пат Штип – Радовиш, загинаа работници!

Трагична сообраќајна несреќа со жртви се случила утринава на експресниот пат Штип – Радовиш, кај мостот на Балатилиска Река. Комбе што превезувало работници излетало од коловозот, при што, според првичните информации, има загинати и повредени.На местото на несреќата интервенираат екипи на Итната медицинска помош со две возила, пожарникари од ТППЕ-Штип и полициски службеници од Полициската станица во Штип.Министерството за внатрешни работи најави дека во текот на денот ќе излезе со повеќе информации за причините и последиците од оваа трагедија.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-12-091901

Познато името на убиецот на Кирк, носел маица со мотив на американски ветерани

Сојузните агенти веруваат дека го идентификувале името на осомничениот, јави CBS, повикувајќи се на двајца американски функционери и полициски извор. Сепак, досега не е издаден налог за апсење. Полицијата истражува повеќе траги.Одделот за јавна безбедност на Јута ги објави најновите информации за својата истрага. Полицијата истражува повеќе траги, но ниту еден осомничен не е во притвор, јави Sky News.Истражителите собрале отпечаток од обувка, отпечаток од дланка и отпечатоци од подлактица за анализа. Претходно беа пронајдени пушка, чаури и куршуми. Пристигнале околу 200 дојави од граѓани.Се наведува дека наградата од 100.000 долари што ја понуди ФБИ „говори за сериозноста на овој злостор и решителноста секој што е одговорен за овој ужасен чин да биде изведен пред лицето на правдата“.We're releasing additional photos of the person of interest in connection with the murder of Charlie Kirk at Utah Valley University. Please send all tips available to: https://t.co/XXzYBH1GkE pic.twitter.com/DgLOlrU6Cx— Utah Public Safety (@UtahDPS) September 12, 2025 Убиецот носел маица со мотив на американски ветерани?Се чини дека црната маица што ја носела лицето осомничено за убиството на Чарли Кирк потекнува од Националната фондација за инвалидни ветерани.Фондацијата потврди за „Гардијан“ дека маицата – со лик на орел над американското знаме и зборовите „Земја на слободните“ и „Дом на храбрите“, преземени од последниот стих на американската химна – била испраќана како подарок на потенцијални поддржувачи во текот на последните неколку години.Фондацијата додаде дека „никогаш не ја продавала оваа маица и таа моментално не е достапна за дистрибуција“. Сепак, маицата е достапна за купување на еBay, во варијанта со долги или кратки ракави.

Свет | пред 5 месеци

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО да отвори темелна истрага за прислушувањето на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство да отвори темелна и транспарентна истрага за случајот со, како што наведуваат, незаконското следење и прислушување на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, како и на функционери, новинари и бизнисмени.Од партијата тврдат дека граѓаните пет години живееле во „заробена држава“ во која се прекршувале основните човекови права, а во тој период Мицкоски и десетици други лица биле предмет на незаконски активности на безбедносните служби под контрола на СДС.Во соопштението се обвинува дека во изминатите пет години СДС и ДУИ грубо ги прекршувале законите и ги злоупотребувале институциите, додека Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Армијата на Република Северна Македонија (АР) биле ставени „во служба на политичката мафија“.ВМРО-ДПМНЕ наведува и дека Јавното обвинителство, заедно со обвинителот Љупчо Коцевски, дејствувале во интерес на СДС и ДУИ и прикривале криминал.„Неопходно е ЈО да престане да ги штити антидемократските структури и да започне да работи во интерес на владеењето на правото и правдата, со цел враќање на довербата во институциите“, стои во соопштението.Според ВМРО-ДПМНЕ, довербата на граѓаните во правосудството изнесува само 2 проценти, а доколку нема конкретни резултати, таа ќе падне на нула.Партијата бара ЈО да даде одговор кој стои зад наредбите на АНБ и АР и кој е дел од, како што велат, „мрежата на незаконско следење“.

Македонија | пред 5 месеци

drisla

Дрисла повторно гореше ноќеска, Лисиче осамна со црвени бројки за квалитетот на воздух

Голем пожар на „Дрисла“ – чадот ја задуши скопската котлинаНоќеска, околу 2 часот по полноќ, на депонијата „Дрисла“ избувна нов голем пожар. Пламените јазици и портокаловото светло беа видливи од повеќе делови на Скопје, а густи облаци чад брзо се раширија над градот.Жителите на околните населби сведочат дека чадот навлегол во урбаните делови, оставајќи задушлива миризба и намален видливост. Експертите предупредуваат дека горењето отпад на вакви депонии ослободува токсични гасови и ситни честички кои се особено опасни за децата, старите лица и хронично болните.Утрински алармантни бројкиСамо неколку часа по пожарот, мерните станици регистрираа драматично загадување. Според податоците на порталот IQAir, во 8 часот наутро во населбата Лисиче индексот на квалитетот на воздухот (AQI) достигна 110, што се смета за нездраво за чувствителни групи. Главен загадувач е PM2.5, чија концентрација изнесува 39,3 µg/m³ – повеќекратно над дозволените граници.Старата болка на СкопјеОва е уште еден во низата пожари на „Дрисла“, кои со години ја трујат скопската котлина и предизвикуваат вознемиреност меѓу граѓаните. И покрај бројните најави за модернизација и заострување на контролата, депонијата останува извор на загадување и здравствен ризик.Граѓаните се повикуваат да избегнуваат престој на отворено, да ги држат прозорците затворени и да користат заштитни маски во текот на денот.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-11-084643

Атентаторот на Кирк му испратил порака, истражителите ја пронајдоа пушката и куршумите

Истражителите ја пронајдоа пушката за која се верува дека била користена во убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, како и муниција со врежани натписи поврзани со трансродовата и антифашистичката идеологија, објавија американските медиуми.Оружјето – постар модел ловџиска пушка – било откриено во шума во близина на Универзитетот во Јута, завиткано во крпа со чаура во цевката. Во пушката имало три неиспукани куршуми со гравури, но дел од првичните информации за содржината на пораките подоцна биле оспорени како погрешно протолкувани.Според првичните сознанија, смртоносниот истрел бил испукан од покрив на зграда на околу 200 метри од местото каде што Кирк зборувал пред околу 3.000 луѓе во рамки на серијата дебати „Докажи ми дека грешам“. Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) не сакаше да коментира за деталите, нагласувајќи дека истрагата е во тек. Високи безбедносни извори предупредија дека дел од првичните извештаи може да бидат неточни и резултат на погрешни читања на доказите.Последната порака на КиркСамо неколку часа пред убиството, Кирк ја објави својата последна порака на платформата X. Тој повика на „политизирање“ на убиството на 23-годишната Украинка Ирина Заруцка во Северна Каролина, кое го нарече „едно од најстудените и најбесмислените“ што ги видел.„Ако сакаме работите да се променат, 100 отсто треба да го политизираме бесмисленото убиство на Ирина Заруцка затоа што политиката дозволи дивјачко чудовиште со 14 криминални досиеја слободно да шета по улиците“, напиша Кирк.Заруцка беше избодена до смрт на 22 август во воз од страна на 34-годишниот бездомник Декарлос Браун Џуниор, со долга историја на прекршоци и ментални болести. Безбедносните камери ја снимија сцената кога напаѓачот ја нападнал четири минути по нејзиното качување во возот.

Свет | пред 5 месеци

dragan-kovacki

Драган Ковачки го критикува обвинителството: „Нема храброст да покрене обвиненија“

Драган Ковачки порачува дека јавното обвинителство мора решително да постапува, обвинувајќи за кршење на закони и злоупотреби за кои, според него, одамна требало да има обвинение.После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се ,,издига на клоци”.Ценам дека имаме класични прекршувања на Законите и злоупотреби за кои досега морало да има обвинение!Мора да се расчисти со филм-мејкерите на чело со нивните наредбодавци. Холивуд може вода да носи!*Не смее да има застарување на предметите под плаштот на класифицираност на постапки, а не смее да има и јавно објавување и ,,забава за народ” заради легалноста на постапката!**Поради природата и сензитивноста на состојбите, имајќи во предвид дека сум обврзан, нема да зборувам повеќе.

Македонија | пред 5 месеци

drisla

О2 Иницијатива: „Потпишете петиција – Дрисла да остане во јавно владеење, доста е од мафијашки тендери“

О2 Иницијатива повикува граѓаните да ја потпишат петицијата за Дрисла да остане под јавно управување на Град Скопје, а идните кандидати за градоначалници да се обврзат дека нема да склучуваат јавно-приватни партнерства, туку ќе инвестираат во трансформација на депонијата во современ центар за управување со отпад по примерот на Љубљана.Потпиши ја петицијата Дрисла да остане во јавно владеење на Град Скопје, а идните кандидати за градоначалник на Град Скопје да се обврзат на ова и започнат инвестирање во трансформирање од една застарена, нестандардна депонија во современ центар за управување со отпад, по пример на Љубљана, каде помалку од 5% од отпадот се депонира.https://chng.it/rfHF2vHch8-Сподели ја!Бараме Дрисла да остане во владение на град Скопје и да се трансформира по примерот на Регионалниот центар за управување со отпад во Љубљана, а не да се дава на јавно-приватно партнерство, приказна која цела деценија е тотален неуспех и кривец зошто сме тука кај што сме!Бараме кандидатите за градоначалник на Град Скопје да се обврзат дека нема да формираат јавно-приватно партнерство за управување со Дрисла и дека ќе го започнат процесот на изградба на центар за управување со отпад по примерот на Љубљана, со комбинирани финансии од сопствен буџет, буџет на општините во Скопскиот регион, државни средства, ЕУ фондови, кредити со ниски стапки.Во Словенија инвестицијата чинеше околу €150 милиони, каде 50% беа обезбедени од европски фондови. Изградбата одеше во фази, а јавното претпријатие е самоодржливо и не му се потребни субвенции за да функционира. Бараме да се преземе истата стратегија и за Дрисла и да престане системот на просто депонирање на отпад!Се угушивме од чадовите на запалени депонии! Доста ни е од застарен начин на постапување со отпадот каде само се трупа во депонии!Премиерот Мицкоски изјави дека повторно ќе направат јавно-приватно партнерство, како претходно, кога Дрисла беше дадена на мафијашите италијани во време на Коце Трајановски. За девет години ништо не направија од наведеното во тендерот. Градот Скопје имаше само 20% од сопственоста над Дрисла.Премиерот нагласува дека ќе имало јавен тендер, со јасни критериуми, божем нешто различно овојпат. И тогаш имаше јавен тендер со јасни критериуми и беше избрана оваа сомнителна фирма и тоа два пати, а германската компанија Шолц со години го оспоруваше доделувањето на тендерот.Не, доста ни е од лоши практики, неуспешни управувања и мафијашлук!Доста е чекање, доста е некој друг да направи!Буџетот на град Скопје за 2025 г. е €115 милиони, дополнително на сите општини во Скопскиот регион е €231 милиони, а на државата е €5.8 милијарди! Скопскиот регион создава речиси половина од државниот БДП! Редно е да се вложи назад!Не може и не смее да се дозволи да не се инвестираат €150 милиони во Дрисла за да стане центар за современо управување со отпад, чија цел е нула отпад. Љубљана денес депонира помалку од 5% од создадениот отпад.Чистиот воздух, здравата животна средина, безбедноста на граѓаните на Скопје мора да бидат наш приоритет. Државата и градот заедно со општините од Скопскиот регион имаат одговорност за обезбедување на одржлив, современ и сигурен систем за управување со отпад.

Скопје | пред 5 месеци

drisla1

Мицкоски: Дрисла е децениски проблем, интензивно работиме на решавање на проблемот

„Ако мислите на ова што се случува на депониите и палењето на истите, можам да кажам дека после успешно завршената сезона на пожари, споредено со другите држави во регионот, каде што имаше жртви, големи населени места беа евакуирани, имаше голема штета во имотот, ние такви случаи немавме, поради добрата организација и навременото постапување“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање.Премиерот Мицкоски потенцираше дека проблемот со Вардариште и Дрисла е проблем со децении, но никој до сега не го решил, ниту пак се зафатил со решавање, но како што нагласи веќе работат со министерот за транспорт на општествено одговорни градежни компании со кои што ќе донесеме механизација и во двете депонии.„Е сега очигледно на некој тоа му пречеше и периодот на предизборие го користи за да создаде паника и негодување. И го следиме тоа многу внимателно, тоа е проблем создаден со децении, никој до сега не го решил, ниту пак се зафатил со решавање. Ќе ве потсетам кога го имавме проблемот со сметот во Скопје, кога скопските градоначалници се обидоа да го решат проблемот со сметот бидејќи тогаш ЈП Комунална хигиена не работеше, од тогаш за нив познати причини, и да го одложат истото во Дрисла наидоа на затворена порта, а потоа добија и кривични пријави. Тоа беше реалноста“, изјави Мицкоски и додаде:„Ние и овој случај нема да го оставиме вака, веќе работиме со министерот за транспорт на општествено одговорни градежни компании со кои што ќе донесеме механизација и во Вардариште и во Дрисла, и ќе можеме да дејствуваме внатре се со цел да не се случува ова континуирано. Ќе ве потсетам МВР неодамна имаше акција во дивата депонија Вардариште, замислете дивата депонија Вардариште каде има илјадни милиони килограми смет, не пречела никому, се било тоа со години создавано, но ние ќе го решиме. Впрочем треба да ги решаваме проблемите, а не да очајуваме и во насока на тоа прво имаше акција од МВР, каде што три лица се приведени бидејќи имале нелегални отпади таму, гореле кабли за да добијат бакар, кој што претходно го сечеле и краделе за да можат да го продаваат, и не само бакар туку и друг тип на метали. Исто така пред општествено одговорни градежни компании ќе имаме интервенција во смисла на градежно решавање на овој незаконски, див отпад и ЈП Дрисла. Се надевам дека ќе имаме простор да влеземе внатре. Така што тоа што државата треба да го направи, државата ќе го направи. Но исто така и сторителите ќе бидат откриени и санкционирани. Морам исто така да кажам како човек кој е професор, а не претседател на Влада, како резултат на таа хемиска реакција се создава метан кој е лесно запалива материја, и тука човек не мора да е креативен со еден обичен отпушок може да се случи тоа што се случува изминатите денови.“Мицкоски порача дека како и многу други работи, така и овој проблем ќе го реши, а се надева дека со новиот градоначалник и трајно ќе се реши ова прашање.„Така што да сумирам, како и многу други работи кои што ги решивме овие 15 месеци и ова ќе го решиме. А со новиот градоначалник во Скопје јас сум убеден дека и трајно ќе се реши овој проблем, бидејќи тука ни треба фабрика за отпад, тука ни треба производна единица која што ќе го користи метанот за производство на електрична енергија. Така што имаме планови кои што ќе ги имплементираме за трајно решение на овој проблем, не само во Скопје, туку и на цела територија на Македонија“, дециден е Мицкоски.

Скопје | пред 5 месеци

diela1

(Фото) Ова е Диела, Еди Рама ја претстави виртуелната министерка во неговиот кабинет

Во новиот состав на владата, премиерот Еди Рама ја претстави „Диела“ – првата министерка создадена со вештачка интелигенција, што претставува пресвртница во политичкиот живот на Албанија.Диела ќе има задача да ги надгледува јавните набавки и да го олеснува функционирањето на институциите. Без физичко присуство и ограничувања од географија, таа ќе работи преку дигитални канали, отворајќи ново поглавје во начинот на кој може да изгледа управувањето.🇦🇱 Albania to become the first country to appoint a non-physical artificial intelligence (AI) as a government minister.PM Edi Rama announced his new cabinet, which includes an AI named "Diella" as minister of public procurement.Diella previously served as the virtual… pic.twitter.com/IzaSvnbsBj— kos_data (@kos_data) September 11, 2025 „Првпат во историјата на Албанија имаме министер кој е целосно дигитален. Диела ќе ни помогне да бидеме побрзи, поефикасни и потранспарентни,“ рече Рама на Националната асамблеја на Социјалистичката партија.Тој истакна дека дигитализацијата и иновациите се клучот за иднината: „Партиите се менуваат на секои четири години, но нашата обврска е да ја водиме државата кон 2050 година. Диела е доказ дека гледаме напред.“Воведувањето на виртуелна министерка привлече внимание и надвор од Албанија, предизвикувајќи интерес и дебати за улогата на вештачката интелигенција во владините процеси.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања