Скопје1.мк

Screenshot-2025-08-22-at-12.02.42

Мицкоски со Фетаи комуницира на англиски јазик! „Зборува течно четри јазици, а сега посветено учи македонски“

На промоцијата на новите регистарски таблички, заменик-премиерот за добро владеење Арбен Фетаи одговори на новинарско прашање на албански јазик, иако прашањето беше поставено на македонски. На укажувањето од новинарите, кусо возврати: „Знам, али јас на албански ако може.“Премиерот Христјан Мицкоски реагираше на случајот, потенцирајќи ја биографијата и високото образование на Фетаи. Тој објасни дека комуницира со него на англиски, затоа што Фетаи заминал од Македонија на шестгодишна возраст.Мицкоски нагласи дека Фетаи зборува четири јазици и последниве месеци вложува голема енергија за да го совлада македонскиот.„Знам дека не му е намерата како што некои политички центри се обидуваат да ја дефокусираат јавноста. Единствената грешка беше тоа што ако одлучи да одговори на албански, требаше да обезбеди преведувач. Им се извинувам на новинарите и сум сигурен дека тоа нема да се повтори,“ изјави премиерот.

Македонија | пред 5 месеци

Protest-vardariste

Билјана Ѓуроска: „Чадот од депониите директно стигнува до плацентата – и го загрозува фетусот“

Долготрајното изложување на чад од депонии може сериозно да го загрози здравјето на трудниците и развојот на фетусот, предупредува д-р Биљана Ѓурска, специјалист по хомеопатска медицина.Денеска продолжувам со Последиците од Продолжена Изложеност на чад од Депонии.Следната ризична група:Влијание кај трудниците и фетусотТрудниците се уште поосетливи, бидејќи загадувањето влијае директно врз нив и индиректно врз плодот:1. Пренос преку плацентата:- Фини честички (PM2.5) и токсични материи можат да навлезат во крвотокот и да стигнат до плацентата.-Се документирани случаи на микроскопски честички пронајдени во плацентата.2. Ризици за бременоста:- Предвремено породување.- Ниска родилна тежина.- Интраутерин заостанат раст.- Зголемен ризик од спонтани абортуси.3. Мајчино здравје:- Поголема веројатност за развој на гестациска хипертензија и прееклампсија, поради воспаление и оштетување на васкуларниот ендотел.- Зголемено оптоварување на срцето и белите дробови – особено кај жени со постоечки хронични болести (астма, хипертензија).4. Долгорочни ефекти врз детето:Децата изложени во пренатален период имаат поголем ризик од астма, алергии, нарушен когнитивен развој и метаболички болести подоцна во животот.Дополнителна информација дека чадот не е само лош мирис кој го детектираат нашите сетила:Кога депонијата е запалена, покрај класичните гасови (метан, CO₂, H₂S), се создаваат и високо токсични соединенија:Диоксини и фурани – познати канцерогени, влијаат на ендокрин систем и развој на фетусот.Полициклични ароматични јаглеводороди – канцерогени и мутагени, особено опасни за клетките во развој.Јаглерод моноксид (CO) – го намалува снабдувањето со кислород, што кај трудници води до фетална хипоксија и оштетувања на мозокот.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-03-at-18.41.43

ОЈО поднесе обвинение за „Вардариште“, за „Дрисла“ уште нема кривична пријава

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.Тројцата обвинети, на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје, од 2020 година до 02.09.2025 година вршеле дејност – откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за вршење дејност за управување со отпад.Согласно обезбедените докази, тие вршеле оставање, фрлање и непрописно транспортирање на отпадот, со што создале диви депонии, кои биле констатирани при настанат пожар на дел од локацијата. Со ваквите незаконити дејствија обвинетите влијаеле врз квалитетот на почвата и воздухот и предизвикале опасност по животот и здравјето на луѓето.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за тројцата обвинети.Во врска со причините за настанување на пожарот на Вардариште, ОЈО Скопје издава и повеќе наредби со цел откривање на други сторители на кривични дела.По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје во финална фаза се и вештачењата во однос на сомненијата за загрозување на животната средина со отпадни материи во постапката која се води против сопственичката и неформалниот сопственик на правно лице од Шуто Оризари. Тие подолг временски период, спротивно на законските одредби од Законот за управување со отпад и спротивно на прописите за заштита на животната средина, складирале поголемо количество отпадно железо, електронски отпад, делови од стари автомобили, шасии од стари отпадни возила и друго на локација за која немале соодветна дозвола за управување со отпад.На 9 јули, на таа локација беше предизвикан неконтролиран пожар на целата маса од складираниот отпаден материјал, а поради обемот и опасноста пожарот не можеше веднаш да биде ставен под контрола. При согорувањето на отпадниот материјал беа испуштени чад, пепел и штетни гасови во амбиенталниот воздух и беше предизвикана опасност за животот и здравјето на луѓето од поголеми размери. По анализа на вештачењата во корелација со сите други прибрани докази, јавниот обвинител ќе донесе одлука и во однос на овој предмет.За настанатиот пожар на депонијата „Дрисла“ до овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е поднесено известување или кривична пријава од надлежните органи. Сепак, обвинителството ја следи состојбата и доколку утврди дека со кривично-правни дејствија била загрозена животната средина, ОЈО Скопје веднаш ќе постапи.

Некатегоризирани | пред 5 месеци

bizon

Почина европскиот бизон, еден од најстарите жители на ЗОО Скопје

Зоолошката градина Скопје соопшти дека утрово угинал европскиот бизон на возраст од 17 години, кој од 2011 година беше еден од најимпресивните претставници на дивата фауна во градината.-Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина. Животниот век на овие животни е од 14 до 20 години.Овој величествен и редок претставник на европската дива фауна од 2011 година беше еден од најимпресивните жители на нашата зоолошка градина.Пред околу година и половина кај него беше дијагностицирана пневмонија, по што следеше долготраен процес на терапија и внимателно следење од страна на нашиот тим ветеринари и неговите негуватели.Иако со многу посветеност успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, во изминатите две недели повторно покажа знаци на слабост и отежнато дишење. Веднаш беше вклучена интензивна секојдневна антибиотска терапија одредена според антибиограм и постојан надзор, но за жал, и покрај сите наши напори, не успеавме да го спасиме, напишаа од ЗОО Скопје.

Скопје | пред 5 месеци

vardariste-OJO

За Вардариште ќе има 24 часа надзор! „Распоредена е екипа од приватно обезбедување“

Депонијата Вардариште, која со години претставува ризик за пожари и загадување, од денеска е под постојан надзор. На терен е распоредена екипа од приватна агенција за обезбедување со цел да се спречи влез на лица и можни намерни потпалувања, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Ангелов нагласи дека моментално на Вардариште нема горење или чадење. „Последниве денови секојдневно испраќавме по едно специјализирано возило – хермелин – кое интервенираше на местата каде што имаше само чадење,“ рече тој.Тој најави дека ќе се изработи специјален план за целосно обезбедување на депонијата и за спречување на нови обиди за палење, бидејќи постојат сомнежи дека пожарите на Вардариште и на „Дрисла“ биле предизвикани намерно.Ангелов потсети дека неодамна биле уапсени три лица кои купувале материјали од оние што палат кабли за да дојдат до метал. „Со нивното отстранување ќе се обесхрабрат сите што го правеле тоа, затоа што веќе нема да има кој да откупува,“ истакна тој.На денешната владина седница се очекува да биде донесена и формална одлука за забрана за влез на Вардариште, што вчера не можело да се реализира поради присуството на дива населба во тој дел.

Скопје | пред 5 месеци

saban-saliu

Шабан Салиу ќе се трка за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, синоќа ја претстави својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари.„Стојам пред вас со чувство на гордост и благодарност. Шуто Оризари е единствената општина во светот што ја води ромската заедница, место каде секој камен ја прераскажува нашата историја, култура и непокорлив дух. Денес заедно одлучуваме за иднината – за чесно и одговорно управување со нашата општина,“ порача Салиу пред присутните граѓани.Тој најави дека неговиот приоритет ќе биде унапредување на инфраструктурата со асфалтирани улици до секое домаќинство, проширен водовод и канализација, поставување на LED улично осветлување и изградба на безбедни пешачки патеки. Меѓу плановите се и изградба на нови социјални станови за семејствата што со години чекаат покрив над глава.„Особено ќе вложиме во образованието и културата со изградба на современо основно училиште, поддршка за културните установи и создавање услови младите да ја негуваат ромската традиција, додека стекнуваат знаење според најновите стандарди,“ рече Салиу.Програмата вклучува и формирање мобилен здравствен тим, комплетна реконструкција на амбулантата, изградба на дом за стари лица и создавање Фонд за поддршка на ранливите семејства.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-11-084643

Куршумот бил истрелан од снајперска позиција, кој е убиецот на Чарли Кирк? Потрагата продолжува

Истражните органи сè уште трагаат по напаѓачот кој го застрела Чарли Кирк. Според досегашните информации, бил испукан еден истрел кој го погодил 31-годишниот активист во вратот.Бо Мејсон, комесар на Одделот за јавна безбедност на Јута, изјави дека куршумот бил истрелан од снајперска позиција на оддалечен покрив.Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, нагласил дека засега нема докази дека во нападот биле вмешани повеќе лица.На местото на настанот полицајците биле видени како им покажуваат фотографија на граѓаните и прашуваат дали го препознаваат осомничениот. Според првичните описи, сторителот бил облечен во темна облека.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-11-084643

(Видео) Даваат знаци кога може да пука во Чарли Крик?

Конзервативниот активист и близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, Чарли Кирк (31), бил убиен за време на говор на Универзитетот Јута Вали. Напаѓачот облечен во темна облек од покрив испукал еден истрел кој го погодил Кирк во вратната артерија. Настанот се случил пред околу 3.000 присутни, при што неговото семејство било таму, но не е повредено.- The suspect can be seen running on the roof after firing the shot at charlie kirk. pic.twitter.com/ocTCtj1GQ5— Abebe Samson (@AbebeSamson1) September 10, 2025 Очевидци опишуваат дека Кирк ја кренал раката додека крв блика од неговиот врат, а потоа бил пренесен во болница, каде бил прогласен за мртов. Студентот Портер Лафебер, кој се наоѓал на околу 15 метри од местото, сведочел дека луѓето панично барале засолниште во околните згради. Видеа на социјалните мрежи го прикажуваат хаотичниот момент, а на некои од нив се гледа и напаѓачот како трча по кровот.Во дел од видеата што се споделуваат на социјалните мрежи пишува дека луѓето што стојат зад Крик како да дале точни знаци кога атентаторот може да пукаLooks like the spotters gave the signal to shoot?As far as I understand they waited for the right moment to make a political point, they waited for the moment when Charlie talks about Gun Violence. #CharlieKirkdead They wanted him to be shot while he talks about shootings. pic.twitter.com/hItjElBwhG— Mahalaxmi Ramanathan (@MahalaxmiRaman) September 11, 2025

Свет | пред 5 месеци

IMG_3593

Стевче Јакимовски повторно ќе се бори градоначаничко место - ја објави кандидатурата за Карпош

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, денеска официјално ја објави својата нова кандидатура за градоначалник на претстојните локални избори.Со ова, тој влегува во трка за уште еден мандат, откако претходно неколку пати ја извршуваше функцијата прв човек на Карпош.

Скопје | пред 5 месеци

271709418_629895324895721_7621861029878834127_n

Од 12 октомври стартува новиот систем за влез на Македонци во ЕУ

Системот за влез/излез на Европската Унија ќе започне со примена од 12 октомври, потврди денеска евроамбасадорот Михалис Рокас. Според него, оваа мерка има за цел зајакнување на безбедноста на граничните премини, а истовремено и поедноставување на самата процедура за патниците.„Станува збор за постепен процес кој ќе донесе и олеснување на влезот во ЕУ,“ рече Рокас.Во пракса, граѓаните од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со отпечатоци од прсти и фотографија. По оваа иницијална регистрација, при следните патувања ќе можат да го користат автоматизираниот систем за влез на аеродромите.Евроамбасадорот посочи и дека системот ЕТИАС е различен и не треба да се меша со системот за влез/излез, додавајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана за неговото воведување.

Македонија | пред 5 месеци

kocani-puls-protest-4

Во сабота помен наместо „Марш на ангелите“ во Кочани

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“ соопшти дека оваа сабота, 13 септември 2025 година, нема да се одржи редовниот „Марш на ангелите“.На негово место ќе биде извршен црковен помен на гробните места, во спомен на децата кои трагично ги загубија животите пред шест месеци во несреќата што ја потресе целата земја.Од здружението упатија благодарност за разбирањето и повикаа граѓаните со достоинство да се приклучат на молитвениот чин.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-10-095539

Ниту дождот не помогна - Дрисла и понатаму чади!

Ниту дождот што утринава заврна во скопската котлина не помогна да се изгасне пожарот на депонијата „Дрисла“. Чадењето продолжува, и покрај тоа што претходните денови, како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, биле исфрлени големи количини вода на депонијата. Тој најави и дополнителни мерки за конечно да се сопре горењето, кое веќе неколку дена го влошува квалитетот на воздухот во главниот град.Последниве денови граѓаните алармираат дека мирисот на изгорена пластика и густ чад се чувствуваат во повеќе скопски населби – од Аеродром и Ново Лисиче, до Кисела Вода, Пинтија и Драчево. На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии и видеа, со пораки дека „Скопје е отруено“ и дека „секоја вечер Дрисла гори“. Дел од жителите побараа постојано полициско обезбедување и камери на депониите, а некои дури ја споредија ситуацијата со „Чернобил“.фото: ЦУК

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-11-100202

(ВИДЕО) Паника во пристаништето Крило Јесенице: Туристички брод почнал да тоне

Вознемирувачка сцена се случила вчера попладне во пристаништето на Крило Јесенице, кога туристичкиот брод „Нерезине“ од засега непознати причини почнал нагло да се навалува.Веднаш ббила алармирана итната служба, а напомош пристигнале пожарникарите од ДВД Далмација – Дуги Рат, како и полицијата. Неколку патници што се наоѓале на палубата скокнале во морето во последен момент, пред бродот целосно да се навали. За среќа, нема повредени.„Морето проби, никој не знае што точно се случи. Дали беше поради југото или нешто друго. Сигурно е дека станува збор за продор на вода. Бродот сега лежи речиси настрана и се слуша пукање“, изјави очевидец за „Далмација Данас“.Бродот сè уште се наоѓа во пристаништето, а причините за несреќата ги испитуваат надлежните органи.

Свет | пред 5 месеци

skopje

„Скопје - Чернобил“ - Дрисла ги отру граѓаните

Жителите на Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Пинтија и Драчево синоќа повторно дишеа чад и мирис на изгорена пластика. На социјалните мрежи споделуваа фотографии од апликации за мерење на загаденоста, каде параметрите покажуваа високи нивоа на штетни честички.„Дрисла секоја вечер... Пола планини изгореа, депониите горат, а скопјани се борат за воздух“, напиша една скопјанка, додавајќи дека изгледа како властите да живеат во друга реалност.Други пак се пожалија дека „постојано гасат пожари со граници, буквално за сè“, барајќи армијата и полицијата да бидат постојано ангажирани за заштита на здравјето и безбедноста. „Нè гушат секој ден, а ние плаќаме за тоа. Најдете ги виновниците!“, Пишува на социјалните мрежи.Револт предизвика и појавата на чад од Дрисла откако веќе со денови гори Вардариште. „Малку беше Вардариште, па и Дрисла почна да гори! И тоа случајно?! Итно обезбедување на депониите со полиција и камери!“, апелираше граѓанка, додавајќи дека ако институциите не реагираат, жителите сами ќе се организираат.Некои коментари отидоа и подалеку: „Чернобил, реактор 4 во 1986 – Скопје, депонија Дрисла 2025. Ист ефект, друга ера“, стои во една објава.Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека според мерењата, нема алармантно зголемени параметри на штетни честички. „Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите, не се така алармантни. Лошо е да се прави тоа, и има причина зошто се прави. Кому му одговара ова сега? Кога ќе дадете одговор на тоа прашање, ќе знаете кој и зошто го прави“, рече премиерот.И додека Владата повикува на смиреност, скопјани се чувствуваат оставени сами да се борат за здив чист воздух.

Скопје | пред 5 месеци

izbori-glasanje-fingerprint-3

На полноќ завршува рокот за проверка во Избирачкиот список, досега податоците си ги провериле 5729 граѓани

На полноќ завршува можноста граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список за претстојните локални избори.До 9 септември вкупно 5729 лица ги провериле своите податоци во подрачните одделенија на Државната изборна комисија. Од нив 3397 се мажи, а 2332 жени.Во овој период, осум граѓани поднеле барање за впишување во списокот, 136 за бришење – од кои 134 поради смрт, а двајца поради отпуст од државјанство. Дополнително, 59 лица побарале промена на податоците, најчесто поради промена на презиме или адреса.По завршување на проверката, следува рокот за поднесување кандидатури за локалните избори, кој истекува на полноќ во сабота, 13 септември.Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, кога граѓаните ќе ги избираат градоначалниците и советите во 80 општини и во Градот Скопје.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-11-084643

(Видео) „Ова е политичко убиство“: Трамп за атентатот на Чарли Кирк

Американскиот конзервативен активист Чарли Кирк, близок сојузник на претседателот Доналд Трамп, беше застрелан во средата додека зборуваше на Универзитетот Јута Вали во Орем, пред околу 3.000 присутни. Инцидентот предизвика интензивна потрага по снајперистот кој, според гувернерот на Јута, извршил политички атентат.Иако пукотницата се случила во средината на денот, осум часа подоцна властите сè уште немаа уапсено осомничен. Според првичните информации, убиецот испукал еден истрел од покривна позиција, смртно погодувајќи го 31-годишниот Кирк во вратот.Во видео-порака објавена на платформата Truth Social, Трамп изрази силна тага и гнев:„Чарли инспирираше милиони и вечерва сите што го познаваа и го сакаа се обединети во шок и ужас. Чарли е патриот кој го посвети својот живот на каузата за отворена дебата и земјата што ја сака толку многу, Соединетите Американски Држави“, рече претседателот, додавајќи дека Кирк бил симбол на вистина и слобода и дека никогаш немало личност толку почитувана меѓу младите.„Чарли беше исто така човек со длабока, длабока вера. И се утешуваме во сознанието дека тој сега е во мир со Бога на небото“, рече Трамп, нагласувајќи дека се моли за сопругата и децата на Кирк во овој тежок момент. „Ова е мрачен момент за Америка“, додаде тој.Бо Мејсон, комесар во Одделот за јавна безбедност на Јута, изјави дека двајца мажи биле приведени и испрашувани, но подоцна ослободени бидејќи немало докази дека се поврзани со пукотницата. Потрагата по стрелецот продолжува.Во друг говор од Овалната соба, исто така објавен на Truth Social, Трамп вети дека неговата администрација ќе ги пронајде виновниците:„Мојата администрација ќе ги пронајде сите оние што придонеле за ова злосторство и за друго политичко насилство, вклучувајќи ги и организациите што го финансираат и поддржуваат“, изјави тој.Видеа од моментот на нападот, снимена со мобилен телефон, го покажуваат Кирк како паѓа на подиумот додека се држи за вратот, а потоа како крв блика од раната.Џеф Лонг, шеф на универзитетската полиција, рече дека шест полицајци биле распоредени на настанот и тесно соработувале со приватниот тим за обезбедување на Кирк.Трамп нареди сите американски знамиња на федералните институции да бидат спуштени на половина копје до недела во чест на Кирк.Републиканскиот гувернер на Јута, Спенсер Кокс, изјави: „Ова е мрачен ден за нашата држава, тоа е трагичен ден за нашата нација. Сакам да бидам многу јасен дека ова е политичко убиство“.Иако мотивот останува нејасен, убиството на Кирк е последното во низата напади врз политички фигури во САД, вклучувајќи и два обиди за атентат врз самиот Трамп минатата година.Американскиот претседател ја осуди растечката насилна реторика:„Со години, оние од радикалната левица ги споредуваа прекрасните Американци како Чарли со нацистите и најлошите масовни убијци и криминалци во светот“, рече Трамп. „Овој вид реторика е директно одговорен за тероризмот што го гледаме во нашата земја денес и мора да престане веднаш“.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Илон Маск ја изгуби титулата најбогат човек во светот

Илон Маск ја изгуби титулата „најбогат човек во светот“ од коосновачот на Оракл, Лари Елисон.Богатството на Елисон скокна за 101 милијарда долари на 393 милијарди долари по неверојатно силниот извештај за заработка на Оракл во вторник вечерта, надминувајќи ја нето вредноста на Маск од 385 милијарди долари, според Блумберг.Оракл (ORCL) објави зголемена побарувачка за капацитетот на својот центар за податоци од клиенти на вештачка интелигенција, лансирајќи ја акцијата во стратосферата. Акциите се за 40% повисоки во среда од 11 часот по источно време.Извршната директорка Сафра Кац објави во вторник по затворањето на берзата дека Оракл потпишал четири договори од повеќе милијарди долари со клиенти во текот на кварталот и очекува да потпише уште неколку во наредните месеци.Оваа електрична прогноза беше поттикната од појавата на Оракл како клучен снабдувач на инфраструктура што ги напојува огромните барања на компаниите за вештачка интелигенција за компјутерска моќ – лебот и путерот на Оракл како снабдувач на услуги во облак и софтвер за бази на податоци. Во јули, Oracle објави договор за обезбедување на матичната компанија на ChatGPT, OpenAI, со 4,5 гигавати електрична енергија за напојување на нејзиниот софтвер за вештачка интелигенција.Со забрзувањето на бумот на вештачката интелигенција, акциите на Oracle пораснаа за 103% оваа година.Маск првпат ја освои титулата во 2021 година и во голема мера ја задржа во последните неколку години, делумно благодарение на неговите различни инвестиции во Tesla и SpaceX. Со текот на годините, Маск накратко ја изгуби двапати, прво во 2021 година од извршниот директор на LVMH, Бернар Арно, и во 2024 година од основачот на Amazon, Џеф Безос.Сепак, Маск победи и покрај неговите разни искушенија и неволји. Дури му беше даден и нов пакет плати што би можел да вреди близу 1 трилион долари откако Tesla ќе достигне одредени пресвртници.За Елисон, неговиот пат до тоа да стане најбогат човек во светот датира од 1977 година, кога го напушти колеџот и помогна во основањето на Oracle.81-годишниот мултимилијардер поседува 98% од хавајскиот остров Ланаи и е заслужен за оживувањето на тенискиот турнир Индијан Велс во Калифорнија, со што му го донесе прекарот „петтиот слем“.Елисон има блиски врски со претседателот Доналд Трамп, често се појавува со него во Белата куќа за разни технолошки настани и доделува договори со Oracle. Тој, исто така, има потенцијален кандидат за TikTok, иако тие планови не се реализираа.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-10-143507

Петровска до АНБ : Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, побара Агенцијата за национална безбедност (АНБ) да изврши декласификација или делумна декласификација на документите поврзани со актуелниот случај, со цел јавноста да биде целосно информирана.„Јас ќе го повторам барањето, дека овој надзор се прави од интерес на јавноста и на граѓаните и тие треба да ни бидат императив во нашето работење како пратеници, како претставници на народната власт. Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух, да изврши деласификација или делумна декласификација, се во интерес за да можеме во детали да ѝ соопштиме на јавноста,“ изјави Петровска.Таа посочи дека очекува увид во сите документи што ќе бидат побарани од комисијата, без ограничувања. „Она што го очекувам од овој надзор е да не биде дозволен увид во сите документи кои ќе ги побараме, кои агенцијата се разбира смета дека треба да ни бидат достапни, но и оние кои ќе ги побараме на наша барање,“ рече таа.Петровска истакна дека веќе подготвила околу триесетина прашања за надзорот, насочени кон расчистување на скандалот.„Едно од тие прашања кои ќе ги поставам, а за жал ако состанокот ќе биде класифициран, нема да може да ви го дадам јас одговорот, е што се случило со полиграфистот кој се посочува, барем во брифинзите кои ги има дел од јавноста, како клучен, односно тој кој ги спровел полиграфските тестирања. Дали е тој сè уште на работа, дали заминал, дали заминал под притисок итн? Што се случило со шефот на внатрешната контрола, зошто тој бил сменет? Според мои информации, можеби не е вистина, но зошто тој бил сменет непосредно пред да започне оваа внатрешна истрага во агенцијата и така натаму?“ праша Петровска.Таа нагласи дека сите овие прашања се во интерес на надзорот и откривањето на вистината околу, како што рече, „таканаречениот скандал“.

Македонија | пред 5 месеци

nino-vasev

„Ќерка ми не ја зеде болеста, туку погрешната терапија, а ја лекуваше Нино Васев“ – сведочење на мајката на Адријана Начевска

На рочиштето за „Онкологија“ денеска сведочеше Јулија Мациевска, мајката на младата Адријана Начевска, која почина пред три години по лекување на скопската Онколошка клиника. Таа, повикана како прв сведок во процесот за „Онкологија“, низ солзи ја опиша борбата на својата ќерка и обвини дека токму несоодветната терапија ја довела до смрт.„Во докторот Нино гледавме спас, верувавме како во Господ. Но наместо лекување, добивме тивко убиство,“ рече таа пред судот.Мациевска сведочеше дека лекарот Нино Васев ја убедил Адријана да продолжи со терапијата. По првите дози, состојбата на младата девојка нагло се влошила – покачена температура, повраќање, крварење и оток на стомакот. „Секој пат му кажував дека не и е добро.„Кога првпат отидовме на Гастро, докторот таму ми вика дали вие знаете каква е состојбата на вашето дете. Таа не е добро. Црниот дроб е оштетен. Има вештачки метастази од неадекватна терапија. Ќе си го прашате вашиот онколог. Тие се добиваат од несоодветна терапија,“ изјави мајката, истакнувајќи дека по ова упатување повторно биле вратени кај докторот Васев.Во своето сведочење таа зборуваше и за последните денови на ќерката, кога, како што рече, литри вода биле вадени од нејзиното тело, додека таа трпела неподносливи болки. „Адријана ми велеше: ‘На градите немам ништо, мајко, проблемот е стомакот.’ Но терапиите не застануваа.“Мациевска порача дека нема намера да бара лична корист, туку правда.„Се приклучувам и кон кривичниот прогон, затоа што знаел што прави, но некаде по пат ја изгубил човечноста“

Македонија | пред 5 месеци

policija-rekord-avtobus

Инспектор од Битола пријавен за оддавање службена тајна – фотографирал службени податоци и ги споделил

Самостоен инспектор од СВР Битола е пријавен за „оддавање службена тајна“, откако неовластено проверувал податоци од системот за оружје и фотографии од службениот компјутер споделил со неповикано лице.- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Б.Ј. вработен како самостоен инспектор во Отсек за прикриени човечки извори на информации во ОКРА при СВР Битола а поради основи на сомнение за сторно кривично дело „оддавање на службена тајна“ по член 360 став 1 од КЗ на РСМ.Пријавениот, според документираните сознанија, во два наврати на 09.01.2025 и на 17.01.2025 година неовластено извршил проверка за податоци од системот за регистрирање и управување со оружје за друго лице инволвирано во друга судска постапка.По извршената проверка со својот мобилен телефон направил фотографии од мониторот на службен компјутер на МВР и фотографиите ги споделил со неповикано лице - се појаснува во соопштението испратено до медиумите.ОВККИПС по добиена согласност од ОЈО ГОКК против Б.Ј. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место на пријавениот до завршување на дисциплинската постапка.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-43-7060PM

Повторно настрада пешак: Жена е тешко повредена додека автомобил влегувал во катна гаража

Жена од Прилеп тешко повредена откако во неа удрил автомобил при влез во катна гаража.-На 09.09.2025 во 10:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп, при влез за катна гаража, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Ј.Д. од с.Дрен, прилепско, удрило во 71-годишната Н.Г. oд Прилеп.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Г., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 5 месеци

policiski-motori

Тошковски: 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, одлична меѓуинституџионална соработка со РСБСП

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски денес присуствуваа на предавање на опрема од РСБСП на МВР. Опремата се состои од 23 мотоцикли „Piggio“ со 310 cm3 моќност, во полициска изведба и 23 комплети возачка опрема која се состои од одела, кациги, ракавици и чизми.„Со денешниот настан ја истакнуваме нашата досегашна успешна соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – партнерство кое континуирано придонесува за подигање на нивото на сообраќајна безбедност. Ваквиот пристап е доказ дека заедништвото и координацијата меѓу институциите носат конкретни резултати за граѓаните, во овој случај за подобрување на безбедноста на патиштата.“, потенцираше министерот Тошковски.„Во рамките на редовните активности за модернизација, со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет и оваа година наменува дел од средствата за опремување на организациските единици на МВР задолжени за сообраќајна контрола. Опремата се состои од 23 мотоцикли во полициска изведба со комплетна мотоциклистичка опрема (одела, чизми,ракавици и кацига) во вкупна вредност од 11.950.027 денари со што значително се зајакнуваат капацитетите за регулирање и безбедност во сообраќајот. Овој пример уште еднаш ја докажува вредноста на меѓуинституционалната соработка.“, истакна претседателот на РСБСП Ангеловски.Министерот Тошковски и претседателот Ангеловски се сложија дека и во иднина ќе продолжи соработката помеѓу РСБСП и МВР на високо професионално ниво - Безбедноста во сообраќајот е наш важен приоритет.

Македонија | пред 5 месеци

vardariste-2

„Ќе умреме од Вардариште“ – граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ алармира за алармантното загадување

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ алармира дека континуираното палење на депонијата Вардариште претставува сериозна закана за здравјето на граѓаните и за животната средина. Во своето обраќање до јавноста тие истакнуваат дека секојдневното загадување со штетни гасови, чад и канцерогени честички ја загрозува почвата, водата и воздухот во Скопје и пошироко.„Граѓаните кои живеат во близина на депонијата, како и сите жители на градот, се изложени на директни штетни последици. Медицински лица постојано предупредуваат дека најпогодени се децата,“ стои во соопштението, во кое се потенцира дека проблемот е долгогодишен, но во последните месеци достигнал алармантни размери.Од иницијативата упатуваат конкретни барања до надлежните институции: итно гаснење на активните пожари, постојано физичко обезбедување од МВР или АРМ, поставување ограда околу целата депонија, поставување камери – вклучително и термални – со јавен пристап 24/7, како и итно обезбедување средства од локалните и централните власти за санација и затворање на Вардариште според еколошки стандарди.Дополнително, тие бараат формирање независна комисија за утврдување на причините за палењата и одговорноста, како и целосна реформа на системот за управување со отпад преку воведување на концептот „нула отпад“.Во соопштението се потсетува дека уште од 2014 година се проценува дека на локацијата се депонирани околу 2.500.000 м³ отпад, без прецизно познавање на неговиот состав. Се наведува дека, покрај комунален, таму е складиран и индустриски отпад, а анализите од 2013/2014 година покажувале сериозно загадување, особено на подземните води.„Ова не е само еколошко прашање – ова е прашање на јавна здравствена безбедност. Секој ден без акција значи уште еден ден во кој децата, возрасните и сите граѓани вдишуваат отрови,“ порачуваат од „Стоп за Вардариште“.Иницијативата повикува медиуми, граѓански организации и сите совесни граѓани да се приклучат во вршењето притисок врз институциите за конечно решавање на овој долгогодишен проблем. „Доста е! Вардариште не смее повеќе да гори!“За денеска во закажаа прес-конференција во 18:30 часот на раскрсницата кај паркот Авионче во Аеродром.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-10-115611

Шукова: Вардариште и Дрисла станаа симболи на хаосот во управувањето со отпад

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, на прес-конференција изјави дека Вардариште и Дрисла денес се симболи на распадот на системот за управување со отпад, а ВМРО-ДПМНЕ четири години не понудиле никакво решение за овој проблем.„По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи жителите на Скопје. Ова е најдобар доказ за неодговорното и неспособно управување на ВМРО-ДПМНЕ со градот. Четири години немаат никакво системско решение за управување со отпадот, додека ризикот по здравјето на скопјани расте секој ден. Наместо конкретни мерки, добивме само популизам и празни ветувања,“ рече Шукова.Таа оцени дека додека градот се гуши во ѓубре и чад, градската власт одржува прес-конференции за, како што рече, нереални фестивали и паркови на контаминирано земјиште, за евтини партиски поени. „Град не се води со флоскули,“ додаде Шукова.Според неа, кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски веќе со денови се крие и избегнува да се соочи со граѓаните. „Дали навистина мисли дека може да управува со Скопје со нереални ветувања? Проекти како ‘парк на Вардариште’ се класичен пример за краткорочен популизам кој не допира до суштината на проблемот,“ изјави Шукова.Таа порача дека СДСМ има јасен и конкретен план за решавање на проблемот со отпадот во главниот град. Меѓу итните мерки што ги најави се: оградување и обезбедување на просторот на Вардариште со контролиран пристап само за службите на комунална хигиена, како и воспоставување 24-часовно физичко обезбедување за спречување пожари и вандализам.На среден и долг рок, таа најави изградба на нова претоварна станица според европски стандарди, како дел од систем за целосно управување со отпад – од собирање, преку селекција, до финално депонирање во Дрисла. „Безбедноста, деконтаминацијата и изградбата на модерен систем се клучни за долгорочно решение,“ истакна Шукова.„Го повикувам уште еднаш Орце Ѓорѓиевски на јавно соочување. Ајде да им покажеме на скопјани кој има реална визија и план. Овој проблем не бара популизам – туку одговорност и работа. Здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број еден,“ порача кандидатката за градоначалничка на Скопје.

Скопје | пред 5 месеци

donald-tusk

Туск: Полска е најблиску до војна од Втората светска наваму

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата земја е многу близу до вооружен конфликт, всушност најблиску од Втората светска војна наваму, пренесе „Скај њуз“.Тој соопшти дека Полска побарала активирање на Член 4 од НАТО и нагласи дека земјата очекува поконкретни чекори, а не само декларативна поддршка и изрази на солидарност.Членот 4 на Северноатлантската алијанса овозможува секоја земја-членка да покрене дискусија за безбедносна закана во рамките на блокот, но тоа не значи и автоматска воена интервенција.Туск информираше дека во текот на изминатата ноќ биле забележани 19 прекршувања на полскиот воздушен простор, од кои четири дронови биле соборени.Според него, значителен дел од леталата пристигнале од правец на Белорусија.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања