Скопје1.мк

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската апликација за закажување термин за издавање на лични документи повторно е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.„Граѓаните сега можат брзо и лесно, без чекање и без гужви, да закажат термин за следните услуги:Издавање на лична картаИздавање на пасошИздавање на возачка дозволаПроцедурата е едноставна и достапна од било кој електронски уред.Со оваа иницијатива, Министерството продолжува со својата мисија да ја дигитализира јавната администрација и да обезбеди поквалитетни, побрзи и поефикасни услуги за сите граѓани“, велат од МВР.

Македонија | пред 7 месеци

f_36977569_1280

Шокантни откритија во истрагата за несреќата на Air India Flight 171: Моторите биле исклучени само неколку секунди по полетувањето

Во прелиминарната истрага за авионската несреќа на летот Air India Flight 171, во која во јуни загинаа 260 лица, се појавија вознемирувачки детали – двете моторни единици останале без гориво само неколку секунди по полетувањето, откако преклопниците за довод на гориво биле префрлени во положба „исклучено“ (cut-off) – потег што обично се прави дури по слетување.Според извештајот, авионот бил во воздух помалку од 40 секунди и достигнал висина од само 190 метри пред да се сруши во густо населен дел од градот Ахмедабад.Снимка од пилотската кабина регистрирала глас на еден пилот кој прашува: „Зошто ги исклучи моторите?“, на што другиот одговара: „Јас не ги исклучив.“ Не е јасно кој од нив точно што рекол, но е познато дека копилот управувал со леталото во тој момент, додека капетанот бил во надзорна улога.Податоците покажуваат дека по исклучувањето на доводот на гориво, моторите изгубиле сила, а автоматски бил активиран систем за повторно стартување. Левиот мотор почнал да се рестартира, но десниот не успеал на време.Фокусот на истрагата сега е насочен кон прашањето: кој и зошто ги исклучил прекинувачите?Стручњаците посочуваат дека кај авионот Boeing 787 Dreamliner, овие прекинувачи имаат безбедносен механизам и не можат да се активираат случајно – потребно е да се подигнат, па дури потоа да се вртат.„Ова не може да се случи со една рака. Затоа овој случај се издвојува од сè што досега сме виделе,“ изјави Шон Пручницки, поранешен истражител на несреќи и авиоексперт од Универзитетот Охајо.Засега нема индиции дека пилотите биле под стрес, ниту дека имало комуникациско недоразбирање. Целата екипа била тестирана на алкохол пред полетување, а имале доволно време за одмор.„Во многу итни случаи, пилотите знаат да притиснат погрешно копче – но овде нема ниту трага од паника,“ вели Пручницки.Питер Голц, поранешен директор на американскиот NTSB, изјави дека ова откритие е „крајно загрижувачко“. Според него, клучно ќе биде целосно дешифрирање на снимката од кабината и идентификација на гласовите и движењата во тие критични 40 секунди.

Свет | пред 7 месеци

pozar-3

38 пожари низ државата – три сѐ уште активни

Во текот на изминатото деноноќие (11/12 јули), надлежните служби регистрирале вкупно 38 пожари на отворен простор низ целата држава. Од нив, три се сѐ уште активни, пет се ставени под контрола, а 30 се целосно изгаснати.Најтешка е состојбата во општините Дојран, Велес и Македонски Брод, каде пожарите зафаќаат нискостеблеста и мешана шума, како и деградирани дабови појаси и грмушки.Пожарите под контрола се регистрирани во Македонски Брод, Чучер Сандево и Долнени, а се работи претежно за шумски појаси и запалени депонии.Меѓу изгаснатите пожари има повеќе локации со ниска вегетација, отпад, депонии и дури едно домаќинство, а интервенции се вршеле и кај населени места, патишта и објекти во Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Ресен, Радовиш, Крива Паланка, Струмица, Теарце и други општини.Надлежните апелираат до граѓаните на висока внимателност, избегнување палење на стрништа, отпад и друг запалив материјал во природа, особено при екстремно високи температури. Сите сомнителни активности треба веднаш да се пријават во МВР или во Територијалните противпожарни единици.

Македонија | пред 7 месеци

arsovska-1

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“.„Сериозно сум загрижен од тоа што денес ѝ се случи на градоначалничката на Скопје, г-ѓа Данела Арсовска – бугарски државјанин. Го повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопје веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша Ковачев на „Фејсбук“.Тој тврдеше дека станува збор за уште еден случај на „насилство, тормоз и јавен линч“ врз бугарски државјани кои имаат високи јавни функции, а добиле бугарско државјанство „врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари“.Тој повика бугарската држава да ги заштити над 216.000 бугарски државјани во Северна Македонија, кои, според него, доброволно го стекнале државјанството и се изјасниле како етнички Бугари.[caption id="attachment_342771" align="alignnone" width="1400"] Screenshot[/caption]

Коментари | пред 7 месеци

pesa

(Фото) Удрен пешак на пешачка патека во скопската населба Геге

На 11 јули 2025 година, во 18:12 часот, во населбата Геге, скопско, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот З.А. од Скопје, удрило во пешакот С.Ј. (25). Лицето е удрено додека се движело по пешачка патекаПовредената била префрлена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 месеци

toskovski

Тошковски инцидентот со Арсовска: Приведно е лицето кое го навела, а таа си заминала од станица без да потпише записник

За нападот врз градоначалничката Данела Арсовска при увид на дивоградба во скопски Чаир спроти Полициската станица на Бит Пазар, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека физички имало контакт, но нејзиното тврдење дека било пред очите на полицијата е лага и повторен обид за манипулација на јавноста. Тошковски во вечерашното гостување на Сител ТВ, кажа дека Арсовска не го потпишала полицискиот записник.„Дошла во полициска станица, била примена од страна на полициските службеници, отпочнале со полициски дејствија. Меѓувремено контактирале јавен обвинител. Лицето коешто го навела како такво е приведено е во полициска станица, и плус други две лица коишто вербално се заканувале. И пазете сега. При составување на записникот и примање на пријавата од страна на госпоѓата, истата станала и си отишла. Не потпишала записник. Замислете“, изјави Тошковски.Претходно вечерва, во интервју за Телма Тошковски рече дека МВР постапило во два случаи и дека се отворени дисциплински постапки против полициски службеници за случаи кои ги пријавила Арсовска, но дека таа и покрај тоа што била повикувана во полиција да пријави одбивала да доаѓа, а во исто време објавувала на социјалните медиуми.Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека се приведени двајца напаѓачи.„Во врска со настанот во кој што е пријавено дека градоначалничката на град Скопје била физички нападната, од страна на полициски службеници од СВР Скопје обезбедени се две лица кои во моментов се во Полициска станица со кои се обавува службен разговор“, велат од МВР.

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-11-210452

Арсовска пак се огласи за клоцањето и шамарите

На социјалните мрежи се огласи и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.Повод е објавената видео снимка од Чаир, во која се тврди дека токму таа нападнала граѓанин. Според Арсовска, снимката е лиферувана од МВР, и на истата не се гледале боксовите и шамарите.Претходно, таа објави и видео во кое истакна дека 2 часа била во ПС Кисела Вода, каде после првиот час расположението се променило и се обидувале да го заштитат лицето кое физички ја нападнало.Како што вели, добила прашања, што барала таму и всушност зошто излегува на терен.

Скопје | пред 7 месеци

aarsov

(Видео) Протече снимка од инцидентот со градоначалничката Арсовска

Камера поставена на приватен објект го снимила инцидентот помеѓу градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и лицето за кое таа тврди дека ја нападнало.Снимката протече во јавност откако таа тврдеше дека полицијата не интервенирала. Од видеото, се гледа како едно лице се доближува кон другото, по што, добива клоца. Насловот на видеото е „Данела Арсовска прва започнува напад“.Според снимката по клоцата која ја доби машкото лице, дотрчува полициски службеник, кој го трга удреното лице настрана. Почнува друга снимка, направена од уред.„Што ме удираш бе, кого удираш“, вика женски глас, а на снимката се гледа како полицајци го тргаат лицето кое беше удрено.[caption id="attachment_342759" align="alignnone" width="1920"] Десно: Арсовска и Ирена Витина по инцидентот - лево принтскрин од настанот и лицето кое удира клоца[/caption]Од удрениот се слуша како извикува пцовки.„Кучко, о се да ти **ам“, вика удрениот додека полицијата го држи за раце и го трга на страна, а другото лице му се доближува.

Скопје | пред 7 месеци

11

Средба на министерот Муцунски со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос

На маргините на Дубровник Форум 2025, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос.Во година кога одбележуваме 30 години членство во Советот на Европа, на средбата беше потврдена нашата силна заложба за вредностите и стандардите на Организацијата. Соговорниците ја истакнаа и важноста на Европскиот суд за човекови права, неговата независност и спроведувањето на неговите пресуди.Министерот Муцунски упати благодарност за поддршката од Советот на Европа во спроведувањето на реформите дома и усогласувањето со европските стандарди. Соговорниците разменија мислења и за пошироките безбедносни предизвици во Европа, вклучително и руската агресија врз Украина.

Македонија | пред 7 месеци

DSC_0104

OJO: Сторителот од Батинци идентификуван, но се наоѓа во бегство

Дежурен јавен обвинител изврши увид на местото на настанот во Батинци, каде што денеска се случи трагичен инцидент. При увидот беа издадени наредби и насоки за прибирање докази.Според информациите од Обвинителството, сторителот е идентификуван, но засега е во бегство, а полицијата го бара.-За настанот во Батинци, дежурен јавен обвинител изврши увид на лице место и издаде наредби и насоки за прибирање докази. Сторителот е идентификуван, но е во бегство и по него се трага, соопштија од ОЈО.Се продолжува со истрагата за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 месеци

danela-arsovska-b

Градоначалничката Данела Арсовска била физички нападната, сама побаралa лекарска помош во ГОБ „8 Септември“

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска била физички нападната, но добила и вербални закани.На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул."Кумбара" физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош.

Скопје | пред 7 месеци

batinci

Убиениот припадник на АРМ, Агим Мухареми денеска користел слободен ден, Министерството за одбрана изрази сочуство

Агим Мухареми, припадник на Армијата на Република Северна Македонија, кој денеска беше убиен во Батинци, не бил на работно место во моментот на инцидентот, бидејќи користел слободен ден.Од Министерството за одбрана изразија сочувство до неговото семејство.– Ја информираме јавноста дека лицето со иницијали А.М. од село Батинци, кое поради повредите што ги претрпе во трагичниот настан почина, е припадник на Армијата. Во моментот на настанот не било на должност, односно имало слободен ден – стои во официјалното соопштение од АРМ.На местото каде се случи настанот излезе јавен обвинител и припадници на Воената полиција.

Скопје | пред 7 месеци

doktorka-Olga

„Шест години учиш, па и со години чекаш работа – доста е!“ Млада докторка нема „врски“ за вработување

Додека државата кубури со недостиг од лекари, млади, образовани и мотивирани доктори како Олга Дамовска со години се во чекалната на македонскиот здравствен систем без работа. По шест години студии и стекната лиценца, наместо во ординација, таа, како што пишува во нејзината објава на ФБ, ангажирана е на привремени работи, од кои некои не се она за што се образовала.-Доста е!Се навршуваат 2 години откако сум дипломиран и лиценциран доктор по општа медицина. 6 години учев – ден, ноќ, празници, додека другите излегуваа, јас дежурав над книги, вежби и пациенти. Факултетот беше тежок – и треба да биде, затоа што станува збор за човечки животи. Но, тоа што следуваше по дипломата – тоа е пекол кој не го заслужив.Две години. Без шанса да работам она за што се жртвував – не затоа што не сум способна, туку затоа што немам “врски”. Во оваа држава, знаењето и трудот не значат ништо ако немаш некој “твој” на вистинското место.Почетна плата за млад доктор? 25.000 – 35.000 денари. За живот кој го жртвуваш за други животи.Државно вработување? Само преку роднина, партија или кафе со “правиот човек”.Овие две години работев што ќе стигнам – хонорарни работи, несигурни ангажмани, па дури и на работни позиции за кои воопшто не ти треба факултет само заради тоа што беа поплатени и само за да преживеам. Затоа што професијата што ја избрав – професијата што ја сакам – не ми дозволи да живеам од неа. Не поради мене. Туку поради системот што ја гуши секоја надеж и ја убива секоја амбиција.Се прашувате зошто младите си одат?Затоа што оваа земја нè учи дека не вреди да си чесен, не вреди да учиш, не вреди да си вреден, не вреди да сонуваш.

Македонија | пред 7 месеци

AbulenaFB

Министерката за правда на Косово бара префрлање на својот зет и уште четворица осудени од „Диво Насеље“ во косовски затвор

Косовската министерка за правда, Албулена Хаџиу, побарала од македонските власти трансфер на петмина затвореници, меѓу кои и нејзиниот зет, кои се осудени за случајот „Диво Насеље“ и ја издржуваат казната во македонски затвори.Како што објави порталот Папараци, Хаџиу во август 2024 година испратила официјално писмо до македонското Министерство за правда со барање овие лица да бидат префрлени во казнено-поправни установи во Косово, кои се под надлежност на нејзиното министерство.Станува збор за Мухамет Красниќи – зет на Хаџиу, кој е осуден на доживотен затвор, како и за Бајрам Елшани, Бек Бајра, Бетим Кабаши и Деме Шеху. Тие се дел од групата која беше обвинета и осудена за терористички напад во скопското предградие Куманово во мај 2015 година.Иако барањето било доставено пред една година, македонските власти не го одобриле трансферот, а институциите од двете земји не даваат дополнителни информации.Министерствата за правда на Косово и Македонија одбиваат да го коментираат писмото и содржината на комуникацијата меѓу двете страни.фото: ФБ

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2023-09-22-at-08.21.48

Д-р Пешевска имала стомачен вирус и температура, тоа е причината да не дојде на првото рочиште за „Онкологија

Судењето за предметот „Онкологија“, во кој обвинети неколку онколози, меѓу кои и д-р Мери Пешевска, денеска започна без нејзино присуство. Таа не дошла на првото закажано рочиште бидејќи имала стомачен вирус проследен со температура и повраќање.Нејзиниот адвокат, Јовица Страшевски пред судот изрази сомнеж за основаноста на обвинението против Пешевска, велејќи дека нема конкретен доказ за нејзина професионална грешка или несовесно лекување.– Нема ниту еден доказ кој покажува дека д-р Мери направила пропуст. Единственото нешто што е користено е логот и печатот, кои поранешниот директор Нино Васев ги употребувал и од други лекари. Нејасно е зошто обвинети се само тројца лекари кога сите биле предмет на истата постапка од страна на директорот. Се работи за селективен пристап, изјави Страшевски.Тој посочи и на спорното вештачење изработено од експерт од Словенија, кој, според него, нема лиценца за вештачење во земјава.– Тврдењето на обвинителството дека не е потребна лиценца за вештак е крајно неодговорно и спротивно на нашите закони. Освен тоа, вештакот нема комплетни податоци за пациентите, а вештачењето содржи повеќе пропусти. Денеска ни беа доставени и други вештачења, кои досега не сме ги виделе, додаде тој.Во одбрана на Пешевска, Страшевски рече дека таа уште за време на истрагата приложила обемна документација.– Во текот на целата постапка, и како осомничена и како обвинета, доставивме стотици страници со протоколи, извештаи и вештачења поврзани со пациентите и со терапиите што им се давале. Од тоа е јасно колку биле прецизно одредени дозите и лековите, нагласи адвокатот.Обвинителството засега останува на својата позиција дека вештачењата се валидни и дека приговорите на одбраната се неосновани.

Македонија | пред 7 месеци

batinci

Во пукањето кај Батинци е убиен припадник на АРМ, имал прострелни рани во градниот кош, лекарите не можеле да го спасат

До денешното пукање на влезот во селото Батинци убен е припадник на АРМ.Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје , М.Е. пријавил дека на влезот на с.Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење. А.М.(50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ„Св Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде во 11.00 часот од страна на доктор била констатирана смрт, соопшти МВР.Сè уште не се познати околностите на настанот и причината за раните, додека надлежните органи започнаа истрага. Станува збор за Агим Мухареми од Батинци, припадник на Армијата на Северна Македонија.

Скопје | пред 7 месеци

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Туфегџиќ: Обвинението против доктор Црвенкова е неосновано, ќе го дискредитираме со нови вештачења, има и пропусти од апсолутен карактер

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на поранешната директорка на Клиниката за онкологија, д-р Симонида Црвенкова, изјави дека одбраната ќе го оспорува обвинението преку темелна анализа и контра-вештачења.„Одбраната за овој обвинет ја градиме врз основа на принципите на медицинското казнено право, кое предвидува одговорност само во случаи на грубо прекршување на медицинските правила и утврдените протоколи. Кај мојата клиентка не постои такво однесување, ниту може да се донесе заклучок дека сторила дело кое е казниво,“ изјави Туфегџиќ.Според него, постојните вештачења се проблематични по својата содржина и карактер, а конкретно за обвинетата не е утврдено дека начинот на лекување довел до влошување на здравствената состојба или смртен исход кај било кој пациент.„Во текот на постапката ќе го дискредитираме обвинението со сопствени, нови вештачења. Работиме темелно, но сѐ уште ни недостасуваат четири медицински истории. Моја клиентка се товари за 16 пациенти,“ нагласи тој.Туфегџиќ особено го оспори едно од клучните вештачења, изработено од стручно лице од Марибор, за кое вели дека не е регистрирано како судски вештак во Словенија.„Сега бараме податоци и од Србија, дали лицето кое ги работело вештачењата е вешто лице таму. Јавниот обвинител мораше да се придржува до македонските закони и да инсистира вештачењето да го изработи лице кое е на официјалната листа на судски вештаци. Обвинението содржи пропусти кои се од апсолутен карактер,“ додаде тој.

Македонија | пред 7 месеци

Web-banner-Ohridsko-Leto-2025_300x250px_otvaranje

Фестивал со традиција и светска програма: Почнува „Охридско лето“, Клер Хуангчи и Аутвотер на големата сцена

Фестивалската магија повторно се враќа во Охрид – утревечер, на сцената на Античкиот театар, ќе биде отворено 65-то издание на културната манифестација „Охридско лето“. Годинава фестивалот носи симболичен наслов „Трансформација на сетилата“ и најавува 40 дена исполнети со врвни уметнички изведби од домашната и светската сцена.Отворањето ќе го одбележи настапот на истакнатата американска пијанистка Клер Хуангчи, која ќе настапи заедно со Националната филхармонија, под водство на енергичниот диригент Едвин Аутвотер. Тие ќе ја воведат публиката во годинашната програма со концерт што веќе привлекува внимание со својата музичка тежина и уметничка извонредност.Хуангчи, која уште како дете настапувала во Белата куќа, денес е меѓународно признаена пијанистка, добитничка на голем број престижни награди. Покрај солистичката кариера, таа е и уметнички директор на камерни концерти во Ербах и амбасадор на издавачката куќа „Хенле“. Од друга страна, Аутвотер е познат по своите современи интерпретации и необични музички спојувања – од класика до поп-културни икони како „Металика“, Јо-Јо Ма и Рене Флеминг.Фестивалот се организира под покровителство на претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, а Министерството за култура и туризам годинава обезбеди рекордна поддршка од 31 милион денари. Директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, вели дека средствата се вложени во програма што ќе ја одрази уметничката вредност на манифестацијата и ќе ја оправда довербата на институциите и публиката.Главен спонзор е А1 Македонија, а „Охридско лето“ добива поддршка и од Општина Охрид, дипломатски мисии и приватниот сектор. Од 1994 година, фестивалот е дел од Европската асоцијација на фестивали, што го позиционира на мапата на значајни културни настани во Европа.

Охрид | пред 7 месеци

antraks-ovci

Два случаи на антракс потврдени во Романија, пациентите, татко и син, консумирале контаминирано овчо месо

Два случаи на антракс се официјално потврдени во Романија, кај две лица хоспитализирани во Институтот „Матеј Балш“ во Букурешт, објави денеска observationnews.ro.Дијагнозата ја постави Институтот за воено-медицински истражувања „Кантакузино“. Според Министерството за здравство, пациентите - татко и син - се во стабилна состојба, имаат кожни форми на болеста и примаат специјализиран третман, наведува Агерпрес. Двајцата консумирале овчо месо од сопственото домаќинство.Министерството за здравство информира дека двајцата пациенти се во стабилна состојба и се под строг медицински надзор.Едниот пациент има лесна, кожна форма, а синот има умерена форма на болеста, но без ризик од компликации.„И двајцата добија третман и сета соодветна грижа, од моментот кога се посомневаше дијагнозата“, наведува цитираниот извор.Лекарите нагласуваат дека постои минимален ризик од пренос меѓу луѓето.Министерството за здравство тврди дека е во постојан контакт со медицинските професионалци вклучени во управувањето со случаите и гарантира дека сите мерки за спречување на евентуалното ширење на инфекцијата се строго почитувани.

Свет | пред 7 месеци

WhatsApp-Image-2025-07-11-at-11.01.52-AM

Одложено првото рочиште за „Онкологија“, не дојде една од докторките

Поради отсуството на докторката Мери Пешева, не се одржа првото рочиште за предметот „злоупотреби на Онкологија“. На обвинителна клупа седна докторот Нино Васев кој беше медицински директор. Тој се товари за „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“.Во обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства, со отстапувања во дозирањето и во фазата на лекување, давал лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите.Во дел од случаите ова му било овозможено од втората обвинета која му ставила на располагање свој факсимил со кој одобрувал и препишувал терапија и свое корисничко име и лозинка со кои радолжувал терапија во ХИС системот на Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за онкологија и радиотерапија.Другите двајца лекари се товарат за основното кривично дело „несовесно лекување болни“, сторено како продолжено кривично дело.Врз основа на медицинските истории за овие двајца обвинети лекари е утврдено дека одредувале терапија со лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија во фаза на лекувањето кога било многу очигледно дека пациентите од таквиот лек воопшто нема да имаат корист поради лошиот перформанс статус и немањето време да се развие механизмот на дејство, без да биде наведена телесна тежина и висина на пациентите, со отстапувања во дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба.

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

Пукање во скопско Батинци, едно лице е застрелано

Ново пукање ги вознемири утрово жителите на Батинци, дознава „Скопје1“. Едно лице е погодено и пренесено во болница. Извори за „Скопје1“ велат дека станува збор за лицето Африм М.Детали за случајот засега не се познати, како и дали е уапсено лицето кое пукало. Минатата година, во ова село имаше и убиство.По увидот, повеќе детали се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 7 месеци

pozar-1-1

МВР: Лишен од слобода 74-годишен маж од тетовско поради палење оган во нива

Министерството за внатрешни работи информира дека во четвртокот (10 јули 2025) во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С. (74) од село Мала Речица, тетовско.Според пријавата, околу 20 часот С.С. на негова нива во Тетово вршел земјоделски работи и на три различни места запалил сува трева и отпадоци.Веднаш по добиената пријава, полициски службеници се упатиле на местото на настанот и го привеле лицето, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Тетово.С.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик – предизвикување општа опасност.

Македонија | пред 7 месеци

ojo-1

Обид за убиство во Битола, поведена истрага: Напаѓачот е приведен

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Настанот се случил на 10 јули во објектот „Новиот пазар“ во Битола, каде 42-годишен битолчанец се обидел да лиши од живот едно лице, напаѓајќи го со кујнски нож од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата.-Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари и убодни рани во грбот и слабината. Двајца сведоци го совладале, па осомничениот се дал во бегство. Бидејќи постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот, доколку биде оставен на слобода, ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и дека би можел да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор, се наведува во соопштението на ОЈО Битола.

Македонија | пред 7 месеци

nino-vasev

Почнува судскиот процес за „Онкологија“, екс директорот, Нино Васев и уште тројца онколози ќе седнат на обвинителната клупа, семејствата очекуваат високи казни

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да започне главната расправа за еден од најтешките случаи што ја потресе јавноста – таканаречениот случај „Онкологија“. На обвинителна клупа ќе седнат поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и тројца лекари онколози, кои се товарат за тешки кривични дела поврзани со несоодветен третман на пациенти со малигни болести.Според обвинителниот акт, Васев, во својство на директор, заедно со еден од колегите од клиниката, се гони за продолжени кривични дела „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“. Медицинските вештачења спроведени во текот на истрагата, кои се направени во Србија и Словенија заради обезбедување непристрасност, покажале дека кај најмалку 29 пациенти бил применет очигледно неподобен начин на лекување – со отстапки од официјалните онколошки упатства, погрешни дозирања и неосновано користење на лекови од нови генерации, вклучително и имунотерапија.Покрај Васев, обвинета е и уште една докторка, која му овозможувала пристап до својот факсимил и кориснички податоци за електронскиот систем на Клиниката, со што Васев несомнено имал целосна контрола врз издавањето и измената на терапиите. Двајцата останати обвинети лекари, пак, се теретат за основното кривично дело „несовесно лекување“, при што одредувале неподобна терапија и во случаи кога пациентите имале многу слаб здравствен статус, без надеж дека терапијата би делувала.Покрај овој предмет, Јавното обвинителство поднесе и второ обвинение против Васев, кое се однесува на економското работење на Клиниката. Во тоа досие, обвинети се и економскиот директор на установата, за злоупотреба на службена положба, измама и проневера. Според обвинувањата, во периодот од 2018 до 2022 година, со нелегални набавки на лекови и фиктивно раздолжување, државниот буџет бил оштетен за повеќе од 2,2 милијарди денари, а само од незаконските исплати преку Фондот за здравствено осигурување добавувачите стекнале противправна корист од околу 430 милиони денари. Обвинителството тврди и дека Васев лично прибавил имотна корист од најмалку 13 милиони денари.Семејствата на пациентите чии животи беа изгубени, скоро две години го чекаат почетокот на судењето. Велат дека нивната болка е немерлива, но единствено што им останува е надежта дека овој пат, макар и во разнишаниот судски систем, ќе има правда.„Татко ми примал терапија која, според експертите, воопшто не била соодветна за неговата состојба. Колку има како такви случаи? Не можам да го вратам, но барам правда, да знаеме дека тоа нема да се повтори“, вели за Скопје1, член на семејство што од денеска внимателно ќе ги следи судските рочишта.Во текот на истрагата, која беше затворена на 22 мај годинава, анализирани беа 65 медицински истории, при што, како што изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кај висок процент од нив биле утврдени сериозни отстапки од протоколите за лекување. За транспарентност и стручност, експертизи биле побарани од медицински институции во Србија и Словенија.Случајот „Онкологија“ беше отворен во јануари оваа година по серија новинарски истражувања и по ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија кој посочи низа сериозни пропусти во работењето на Клиниката за онкологијаСемејствата на починатите велат дека колку и да е доцна, очекуваат високи казни и цврсто веруваат дека барем на суд ќе се воспостави вистината, со цел вакви трагедии никогаш повеќе да не се повторат.Анита Буховски

Македонија | пред 7 месеци

Vankovska

„Добрососедство по мерка на ЕУ: Блискоста со Србија не се дозволува“, професорката Ванковска објасни што и пречи на Европа

Иако Европската унија постојано инсистира на добрососедски односи меѓу земјите од Западен Балкан, од Македонија очекува да се дистанцира од Србија – став што, според професорката Билјана Ванковска, не само што е контрадикторен, туку и опасен по внатрешната стабилност на државата.-Прво, нѐ обвинуваат за блиски односи со нивна полноправна членка (иако не многу популарна) - Унгарија.Второ, од нас бараат “добрососедски односи” ама сакаат да се скараме со Србите, иако тие (божем) го поддржуваат и членството на Србија (и БиХ) во ЕУ.Конечно, треба да се скараме и со Русија и со Кина - а тие развиваат односи на соработка со Кина особено поради царините на Трамп. Руски енергенси купуваат “под рака” со прокси.За нас знам дека имаме власт која колку и да ја понижуваат, таа ќе им бакнува рака. Ама, ЕУ знае ли кај тера? И како мисли да го стабилизира Балканот со негова дестабилизација?Заборавив да додадам нешто за ефектите врз внатрешната стабилност на Македонија: инсистирајќи на наводно влијание на т.н. Српски свет, ЕП директно ги поткопува меѓуетничките односи. Албанската заедница едвај дочека да викне: “фатете го крадецот (Србите ни се непријатели)”. Уставен суверенитет не постои кај нас од 2018, од миксот на европски и балкански методи како што сугерираше еврокомесарот Хан.Балканскиот котел го меша Брисел. Големите европски сили нѐ третираат како парички за поткусурување“, вели таа.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања