Скопје1.мк

palestina-mars

(Видео) Во Скопје марш за „слободна Палестина“: транспаренти ‘Нема гордост во геноцид’ низ центарот

Десетина граѓани денеска маршираа низ центарот на Скопје, носејќи транспаренти со пораки „слободна Палестина“, „нема гордост во геноцид“ и „тишината е смрт“. Акцијата беше проследена со извикувања преку разглас и гласно изразен став против насилството врз палестинскиот народ.Иако бројот на присутни беше симболичен, пораките беа директни и јасни.Овие пароли се дел од глобалниот протестен вокабулар против израелските воени дејства во Газа, кои предизвикаа масовни цивилни жртви, уништена инфраструктура и хуманитарна катастрофа. Војната избувна по нападите на Хамас врз Израел.

Македонија | пред 7 месеци

kocani-mars

(Видео) Нов марш во Кочани – болката веќе не е тивка...

Во Кочани повторно маршираа родителите, роднините и пријателите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“. За разлика од претходните маршеви, одбележани со молк и тишина, денешниот доби поинаков тон – се слушаа исвиркувања.Од почетната до крајната точка на маршот, граѓаните ја пренесоа пораката дека трпението е при крај, а одговорноста за загубените животи – сè уште ја нема. Маршот почнува подоцна, како симбол на задоцнетата реакција на институциите.Маршот, достоинствен, јасно покажа дека болката повеќе не е тивка – таа веќе бара правда, не сочувство.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-21-at-17.36.10

„Support Kocani“ обезбеди 4070 силиконски лепенки Atrauman Silicone – пристигнати во Кочани, наскоро ќе бидат донирани на Општата болница

Граѓанската иницијатива Support Kocani информира дека во Кочани пристигнаа 407 кутии со силиконски лепенки Atrauman Silicone, со вкупно 4070 лепенки, како дел од континуираната хуманитарна помош за повредените од трагичниот настан.Овие медицински лепенки, во кои секоја кутија содржи 10 парчиња, се специјално наменети за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. Тие претставуваат донација од хумани сограѓани и компании кои живеат и работат во Словенија, кои великодушно се приклучија на нашата мисија за помош.Лепенките наскоро ќе бидат донирани на Општата болница во Кочани, во координација со здравствените служби и потребите на пациентите.Дополнително, Support Kocani очекува нови пратки со медицински материјали и од други земји, меѓу кои Австралија и Данска, каде македонски иселеници и пријатели на Кочани активно се вклучуваат со поддршка.„Оваа донација е уште еден потсетник дека вистинската поддршка понекогаш доаѓа таму каде што најмалку ја очекуваме - од срцата на обичните луѓе, преку граници и без големи зборови.” - велат од иницијативата.Support Kocani и натаму останува целосно посветена на транспарентна, брза и ефикасна поддршка за сите на кои им е најпотребна.

Македонија | пред 7 месеци

fasdfasd

(Видео) Четири бели гулаби полетаа кон небото – тага за младите животи изгубени во „Пулс“

Во тишина прекината од тешки воздишки и солзи, четири бели гулаби полетаа кон небото – симбол на душите на Андреј Стојанов, Андреј Лазаров, Стефанија Соколова и Стојанче Стефанов, четирите млади жртви кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“.Хуманитарниот натпревар, одржан под мотото „Хуманост без граници“, беше само поводот – вистинската суштина на настанот беше во силната емоција и непремостливата болка на нивните семејства и пријатели.Најемотивниот момент не дојде со свирежот на судијата, туку со гестот што молчи погласно од зборовите: четири бели гулаби, пуштени од најблиските на младите загинати. Со солзи во очите и стиснати срца, роднините ги испратија во небото како симбол на невината младост, незавршените животи и надежта дека таму некаде – има мир.Настанот ги обедини граѓаните во заедништво, солидарност и достоинствена тишина. Влезниците беа симболични – 200 денари – но пораката беше бесценета: овие четири имиња нема да бидат заборавени.

Македонија | пред 7 месеци

glasanje-makedonija

Локалните избори го кристализираат теренот: ЗНАМ самостојно, СДСМ се повлекува од неколку општини

Политичката сцена пред претстојните локални избори почнува да добива појасни контури. Партијата ЗНАМ најави дека ќе настапи самостојно на овие избори, и со советнички листи и со кандидати за градоначалници, додека СДСМ ќе се повлече од трка за градоначалници во неколку доминантно албански општини.Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, потврди дека партијата преговара со ВМРО-ДПМНЕ за заемна поддршка на кандидати за градоначалници, но дека ќе настапат со сопствени имиња, а не во коалиција.„Таму каде што ќе имаме кандидат за градоначалник од ЗНАМ, во договор со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе биде поддржан од нивна страна и тие нема да имаат свој кандидат во тие општини. Зборуваме за целосна взаемна поддршка уште во првиот круг“, изјави Мемов.Преговорите, според него, се во завршна фаза и се водат за повеќе општини – веќе е дефинирано Куманово, неколку општини во Скопје и повеќе помали низ земјата.Од друга страна, СДСМ, под водство на Венко Филипче, нема да настапи со кандидати за градоначалници во седум општини со мнозинско албанско население: Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино. Партијата ќе има само советнички листи, додека прашањето кого ќе поддржи во трката за градоначалници останува отворено.Партиски извори брифираат дека одлуката е донесена од Извршниот одбор, но не се исклучува можноста за понатамошни преговори – било со ДУИ, било со Вреди. Особено бидејќи ВМРО-ДПМНЕ веќе најави поддршка за Вреди уште во првиот круг.

Македонија | пред 7 месеци

12012023_PVRSM_Poseta_REK-Bitola_7

Жестоки обвинувања за РЕК Битола: СДСМ тврди за тендерски криминал, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со прашање за бегалецот Ковачевски

Политичката пресметка околу состојбата во РЕК Битола ескалира: СДСМ обвинува за криминални тендери и целосна партизација на системот, додека ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со прашање – каде е Васко Ковачевски, нивниот поранешен директор, кој, според нив, избегал од правдата?СДСМ: РЕК Битола е во колапс поради корупција на ВМРО-ДПМНЕСпоред СДСМ, РЕК Битола неколку дена е нефункционален поради, како што велат, „криминални зделки и тендери“ склучени од новото раководство, поставено од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата обвинува за рамковен договор вреден 150 милиони денари (околу 2,5 милиони евра) склучен со фантомска фирма без вработени, техничка опрема или искуство – чии управител, неофицијално, е молер со кривична историја во Германија.„Ова не е саботажа. Ова е класична корупција и местење тендери за неспособни партиски фирми“, порачаа од СДСМ, додавајќи дека наместо ангажирана фирма да ги извршува услугите за кои е платена, вработените во РЕК самите чистат, без соодветна опрема или надомест.Партијата бара итна истрага од Јавното обвинителство, Антикорупциска и Државниот завод за ревизија и ја повикува јавноста да бара одговори од премиерот Мицкоски – кој ја потпишал рамковната спогодба, кој ја пуштил фирмата во процедура, и дали ЕСМ ќе ја активира банкарската гаранција за неисполнетите обврски?ВМРО-ДПМНЕ: Каде е Васко Ковачевски – поставеник на СДСМ?Во реакција, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата и ја врати топката кај СДСМ, алудирајќи на нивниот поранешен кадар.„Пред да држат пресови за РЕК, нека кажат каде е Васко Ковачевски – човекот што го поставија за директор, кој денес е во бегство поради криминал од невидени размери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според ВМРО-ДПМНЕ, доколку постои сомнеж за криминал во актуелното раководство на РЕК, тоа треба да се испита од страна на МВР. Но, како што додаваат, за разлика од времето на СДСМ, сега цената на струјата не се зголемува на секои три месеци, а Владата „работи за граѓаните и нивните потреби“.

Македонија | пред 7 месеци

brza-pomos-541

Жена најдена почината во стан во Кисела Вода каде била потстанар

На 20.06.2025 во 21.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода во кој живеела како потстанар била пронајдена почината К.Ч.(77) од Скопје.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Скопјанец најден починат во Карпош, телото дадено на обдукција

На 20.06.2025 во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Карпош бил пронајден починат И П.(52) од Скопје.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Македонија | пред 7 месеци

policija-policaec

Кривична за началник во полициската станица во Кисела Вода: му направиле претрес и нашле муниција и солзавец

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Д. од Скопје, началник на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.При негов личен и претрес во службени простории на МВР, каде што извршува службени задачи, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени муниција и солзавец за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Одделот за внатрешна контрола против С.Д. поднесе и предлог за покренување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на постапката.

Македонија | пред 7 месеци

van

Сите детали за уапсениот осомничен дека го криел пиштолот со кој се убиени Вања и Панче: се правеле претреси

Основното јавно обвинителство Скопје постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.“По наредба на јавен обвинител едно лице е лишено од слобода и против него е поведена истрага за – Помагање на сторител по извршено кривично дело согласно член 365 став 3 од Кривичниот законик.Согласно исказот на еден од обвинетите, сега осомничениот помогнал со прикривање на орудијата со кои се извршени кривичните дела за кои е пропишана казна доживотен затвор. По пренесени инструкции од првообвинетиот, осомничениот од просториите на политичката партија Десна зел еден син ранец во кој се наоѓало огнено оружје пиштол – со кој биле извршени двете кривични дела и го отстранил од партијата. Со тоа им помогнал на обвинетите да не бидат откриени.Со цел проверка на наводите, јавниот обвинител обезбеди и судски наредби со кои беа извршени претреси на две локации, а се преземаат и други истражни дејствија.Со цел обезбедување на осомничениот до завршување на постапката, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – привремено да му се одземе патната исправа и да се определи забрана за нејзино издавање, како и да се определи повремено да се јавува кај службено лице во судот.Истрагата против ова лице претставува посебен предмет кој не влијае на судската постапка за двете грабнувања и убиства која е во завршна фаза и во рамките на која Јавното обвинителство го поткрепи обвинението со огромен број вербални и материјални докази за сторените дела”, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 7 месеци

putin-98132489

Путин: Русија постојано му кажува на Израел дека нема докази дека Иран сака нуклеарно оружје

Русија постојано му кажуваше на Израел дека нема докази дека Иран има намера да развие нуклеарно оружје, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју во саботата, цитирајќи го „Скај њуз Арабија“.„Русија, како и МААЕ (Меѓународната агенција за атомска енергија), никогаш немала никакви докази дека Иран се подготвува да развие нуклеарно оружје, како што постојано го предупредувавме израелското раководство“, изјави Путин, цитиран од „Скај њуз Арабија“.Русија е подготвена да го поддржи Иран во развојот на нуклеарна програма во мирновременски период, рече Путин, додавајќи дека Иран има право на тоа. Зборувајќи на економски форум во Санкт Петербург во петокот, Путин рече дека Русија ги споделува своите идеи за тоа како да се запре крвопролевањето во конфликтот Иран-Израел со двете страни.Тој не ги кажа деталите за тие идеи.

Свет | пред 7 месеци

Marihuana

Без дозвола, без надзор, со 382 кутии марихуана: Управител од Велешта под истрага

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против 58-годишниот И.Б. од село Велешта и против правно лице со седиште кај селото Драслајца, поради сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.Како што информира МВР, првопријавениот, во својство на управител на правното лице, спротивно на законските одредби, склучил договор и набавил сув цвет од канабис без ниту едно вработено лице. Тој не го известил Министерството за здравство за договорот и не обезбедил неопходни безбедносни мерки како 24-часовно физичко и видео обезбедување, ниту услови за складирање на канабисот.По извршена контрола од страна на Комисијата при Министерството за здравство и Владата, е донесена одлука за поништување на дозволата за одгледување медицински канабис. Складираниот канабис е одземен и предаден на Агенцијата за управување со одземен имот.Дополнително, со судска наредба бил извршен претрес во просториите на фирмата, при што се пронајдени сомнителни документи, како и 382 картонски кутии со марихуана во посебна сеф соба. Целокупниот материјал е одземен и предаден на надлежната агенција.Истражните органи продолжуваат со постапката.

Македонија | пред 7 месеци

8

Јаневска: Следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем е воведување на вештачката интелигенција

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија. Внимателно планираме и преку стратешки пристап постепено ќе ја имплементираме оваа технолошка иновација во начинот на учење, спроведување на наставата и генерално во развојот на човечките ресурси.Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на Меѓународниот самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција.„Препознаваме дека вештачката интелигенција не треба да го замени човечкиот фактор во образованието, туку да го дополни и унапреди, создавајќи услови за персонализирано учење кое ќе одговори на индивидуалните потреби на секој ученик, студент и наставник. Оваа технологија треба да ни овозможи да создадеме образовна средина каде што секој поединец може да го развие својот потенцијал до максимум, независно од неговите почетни способности или социо-економски услови“, рече Јаневска.Министерката посочи дека воведувањето на вештачката интелигенција во основното образование е првиот и најкритичен чекор. Децата прво треба да стекнат основно разбирање што е вештачката интелигенција, како функционира, каде се среќава во секојдневието и дека треба да се фокусираат на нејзиниот етички пристап.„Учениците мора да научат да бидат критички кон информациите кои ги добиваат од ВИ системите. Треба да бидат свесни дека вештачката интелигенција може да прави грешки и да има пристрасности и затоа податоците и изворите мора да споредуваат. Во таа насока, улогата на наставникот е клучна и тој треба да ги води учениците низ процесот на критичко размислување и етичка употреба на оваа технологија“, нагласи Јаневска.Информираше дека работна група на Министерството за образование и наука со професори од факултети по информатика, работи на подоготовка на документ со насоки и посебни препораки за наставниците и учениците за примена на генеративна вештачка интелигенција во процесот на образованието. Министерството за образование и наука во изминатиот период интензивно работеше на дигитализација на образовната сфера.Јаневска информираше дека најголем дел од услугите кои ги нуди образовниот систем, како запишување на ученици во основно и средно училиште, нострификација на дипломи стекнати во странство, доделување на ученички и студентски стипендии, сместување во ученички и студентски домови и аплицирање на конкурси од областа на науката се дигитализаирани. Воспоставен е систем за учење на далечина, а етапно се воведуваат и дигитални интерактивни учебници. Училиштата се опремуваат со современа ИТ опрема за безбеден интернет и креативна настава, а наставниците посетуваат обуки за да одговорат на дигиталните предизвици.Меѓународниот самит за образовни технологии се организира по шести пат. Оваа година над 100 учесници - креатори на образовни политики од повеќе земји, претставници на образовни установи, глобални техничко – технолошки компании и технолошки паркови се фокусираат на обликување на иднината на образованието преку примена на вештачката интелигенција. На повеќе од 50 сесии на кои се дискутира за трансформативната моќ на дигиталните иновации во образованието и се разменуваат искуства поврзани со креирање стратегии за интегрирање на технологијата во образовните системи.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-21-at-10.38.55

(Видео) Не наседнувајте: Се појави лажна реклама со Тони Михајловски, направена со вештачка интелигенција

Актерот Тони Михајловски се огласи по појавувањето на видео-реклама во која наводно промовира лек – но, како што вели, сѐ е измама. Рекламата e целосно лажно склопена со помош на вештачка интелигенција. За видеото да изгледа пореално, искористена е и графиката и снимка од репортер на телевизија „Сител“.„Рекламата со мене за некаков лек за било што е лажна. Вештачка интелигенција. Освен делот у некое собрание кај што ‘тепам’ некои пратеници.  Едноставно, сечено, лепено и монтирано“, напиша Михајловски на својот Фејсбук-профил.Актерот појасни дека во моментов е ангажиран на снимање вистински реклами за друг клиент и најави дека тие наскоро ќе бидат објавени. До тогаш, апелира до граѓаните да не наседнуваат на секое видео што ќе го видат на интернет:„Не наседнувајте на сѐ што ќе се исправи пред вас“, додаде тој со доза хумор.Ова е уште еден случај на злоупотреба на ликови и гласови на јавни личности во дезинформативни видеа, најчесто поврзани со здравствени производи и „чудотворни“ лекови.

Македонија | пред 7 месеци

1681115444_zelenski

Зеленски откри дека Украина развива ново оружје: „Ќе се соочиме со руските роеви маченици“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека Украина работи на брзо развивање на дронови-пресретнувачи за да се спротивстави на роевите руски дронови кои во сè поголем број се спуштаат кон украинските градови во последните недели.Украинските власти забележаа нагло зголемување на бројот на ирански дронови „Шехид“ што Русите ги соборија преку ноќ и велат дека е клучно да се развие технологија способна да се справи со заканата што тие ја претставуваат.„Исто така, работиме одделно на дронови-пресретнувачи, кои се дизајнирани да ја подобрат заштитата од дронови „Шехид“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.„Неколку од нашите домашни компании - и, соодветно, различни видови дронови - покажуваат резултати. Скалата на производство на пресретнувачи веќе се зголемува“, рече тој.Руските сили испратија повеќе од 400 дронови за една ноќ, а во неколку наврати и повеќе од 470. Вкупно 440 дронови - плус 32 ракети - беа лансирани оваа недела во „комбиниран“ напад врз Киев, кој срамни со земја дел од станбена зграда и уби 28 лица.„Воздушната одбрана од беспилотни летала ќе ни помогне рационално да ги користиме нашите ресурси. Не можеме постојано да користиме оскудни воздушни и противвоздушни водени ракети, туку само авијација за лов на непријателски беспилотни летала“, изјави портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Ихнат за украинските медиуми оваа недела. „Непријателот распоредува сè повеќе Шехиди и затоа бараме различни методи за да им се спротивставиме“, додаде тој.Зеленски и други функционери го истакнаа домашното производство на беспилотни летала како клучен елемент на националната одбрана, а производството драматично се зголеми од практично непостоечко пред руската инвазија во февруари 2022 година.Претседателот им кажа на странските производители на оружје минатиот ноември дека Украина може да произведува четири милиони беспилотни летала годишно и брзо го зголемува производството на друго оружје.Украина, исто така, испрати беспилотни летала до разни цели во Русија, претежно индустриски и воени. Во голема операција претходно минатиот месец, украински беспилотни летала нападнаа стратешки бомбардери на руски аеродроми.

Свет | пред 7 месеци

pratenici-sobranie-levica

Кафич во сопственост на заменик-министерка од Вреди добил 9.000 евра од Општина Чаир - од компромитираната ДКСК само молк, вели Левица

„Општина Чаир и заменик-министерката од Вреди, Калтрина Зеколи-Шаќири во скандалозна шема успеале да извлечат пари од буџетот на општината на нетранспарентен и коруптивен начин. Имено, општина Чаир исплатило речиси 9.000 евра на кафуле кое е во директна сопственост на функционерката од Вреди, и тоа само во периодот откако Зеколи-Шаќири стапи на функција“, вели Левица и додава:Ова е грубо кршење на Законот за јавни набавки, кој јасно пропишува дека секоја набавка над 1.000 евра мора да се реализира преку транспарентна тендерска постапка. Ваквото делење буџетски пари на фирми кои се во сопственост на владини функционери е еклатантен пример за судир на интереси, злоупотреба на службена положба и политичка корупција.Дополнително, за судирот на интереси говори и фактот што заменик-министерката Калтрина Зеколи Шаќири е поранешна портпаролка токму во Општина Чаир.Левица ја повикува Антикорупциската комисија конечно да започне професионално да ја реализира својата работа, наместо да го крие од медиуми сертификатот на директорот на АНБ. Наместо да молчи пред владината корупција, ДКСК мора веднаш да отвори предмет за скандалозното делење буџетски пари на фирми во сопственост на владини функционери.

Македонија | пред 7 месеци

velibor-manev

И натаму е во полициска станица уапсениот од Народна банка, за кого Манев тврди дека го уништил пиштолот со кои се ликвидирани Вања и Панче

Уапсениот Зоран Д., кој е вработен во Народна банка, а вчера беше приведен под сомнение дека го зел и уништил ранецот во кој, според обвинетиот Велибор Манев, бил сокриен пиштолот со кој се извршени бруталните ликвидации на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сè уште се наоѓа во полициска станица. Неговиот исказ пред надлежните органи сè уште не е обелоденет, а Обвинителството посочува дека повеќе информации за текот на постапката ќе бидат соопштени во текот на денот.Оваа разврска следи по шокантното сведочење на Велибор Манев во кое го спомена името на сега уапсениот. Претходно, на три рочишта во судскиот процес изјавуваше дека знае кој добил задача да го крие оружјето со кое е извршен двојниот масакр. И покрај овие тврдења, Обвинителството со месеци не нареди спровод на Манев за да направи распит, што отвори сериозни прашања за начинот на водење на истрагата.Вчера, откако Манев јавно го именуваше Зоран Д. како лице што го презело и наводно уништило ранецот, истиот беше уапсен. Случајот дополнително ја вжешти јавноста, која со месеци бара одговори за тоа како оружјето не е лоцирано, иако обвинетиот упорно тврди дека знае детали.

Македонија | пред 7 месеци

VLEN-press

ВРЕДИ очекува победа на локалните избори, можна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг

Синоќа владиниот коалициски партнер ВРЕДИ го отвори Централниот штаб на плоштадот Скендербег во Скопје, како почеток на подготовка за претстојните локални избори закажани за средината на октомври оваа година.Лидерите на коалицијата, Изет Меџити, Биљал Касами и Арбен Фетаи покажаа силна верба во победата на овие избори.Изет Меџити изјави дека коалицијата ангажирала професионални агенции за спроведување анкети и дека имаат намера да ги предложат најдобрите и најуспешните кандидати кои треба да бидат добри менаџери кои ќе работат во интерес на граѓаните.„Ова се локални избори и главен критериум е да бидат добри менаџери кои ќе сработат во интерес на граѓаните”, рече Меџити.Можна е поддршка на кандидатите на ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од изборите.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Нови ракетни напади меѓу Иран и Израел

Нови напади меѓу Иран и Израел утрово и тоа само еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да ги одржи мировните преговори.Околу 2.30 часот Иран активираше ракетен бараж кон Израел, покренувајќи ги израелските системи за воздушна одбрана кои пресретнаа проектили на небото над Тел Авив.Израел, пак, соопшти дека погодил десетици воени цели, вклучително и локации за производство на ракети, истражувачко тело за кое рече дека е вклучено во развојот на нуклеарно оружје во Техеран и воени објекти во западен и централен Иран.Израел започна со напади врз Иран на 13 јуни, велејќи дека „Техеран е на работ да развие нуклеарно оружје“.

Македонија | пред 7 месеци

Zemjotres

Земјотрес од 2,4 степени ноќеска почувствуван во Охрид и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, веднаш по полноќ, во 00 часот и 33 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, Јужен дел на Охридско Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.Земјотресот бил со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_6796

Екипите на „Охридски Комуналец“ веднаш на терен по невремето – нормализиран водниот сообраќај на каналот Студенчишта

По попладневното невреме што го зафати охридскиот регион, проследено со пороен дожд, град и силен ветер, екипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен за санација на штетите и расчистување на јавните површини.Најсериозната интервенција била на каналот Студенчишта, каде падната гранка го блокирала движењето на пловни објекти. На тешко пристапниот терен интервенирале екипите на „Паркови и зеленило“ и ЈП „Билјанини Извори“, по што пречката е целосно отстранета, а водниот сообраќај е нормализиран.Паралелно, комуналните служби работеле на расчистување на наноси од земја и песок на фреквентни пешачки површини низ градот, а со цистерна било интервенирано и кај колективна зграда каде што поради обилните врнежи дошло до излевање на канализација.Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека нивните екипи остануваат на терен сè додека целосно не се санира состојбата и упатуваат апел до граѓаните да пријавуваат евентуални проблеми.

Охрид | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-15-at-14.37.45

Крешник Бектеши се огласи на „Фејсбук“ од куќен притвор

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, за првпат откако е обвинет во предметот за пожарот, но и откако излезе од притвор, објави статус на социјалната мрежа „Фејсбук“. Тој е во куќен притвор, а напиша само два збора.„Октомври = референдум“, пишува во статусот, кој се толкува како политичка порака за мобилизација.Во октомври, се очекува да се одржат локалните избори. Оваа објава веројатно е најава за мобилизација на албанското гласачко тело.

Коментари | пред 7 месеци

ohrid-turisticka-42

Без дозвола, со туѓо возило: Двајца осомничени за трагичната несреќа во Охрид – загина жена

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 2 лица за Тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот од член 300 став 2 од Кривичниот законик, во врска со синоќешната сообраќајна несреќа на булеварот “Туристичка” во која едно лице го загуби животот, а уште едно беше тешко повредено.„Првиот осомничен го извршил делото со директно загрозување на безбедноста во сообраќајот, односно во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал автомобил Фолксваген голф без да поседува возачка дозвола и со брзина неприспособена на својствата и состојбите на патот. Поради тоа 21-годишникот изгубил контрола над возилото, навлегол на кружниот тек преминувајќи преку средишниот остров, возел надвор од коловозот и удрил во метален столб – канделабра на тротоарот. Потоа продолжил да се движи по тротоарот каде налетал на двајца пешаци и конечно удрил во бетонска ограда“, велат од Обвинителството и додава:Во несреќата била повредена пешакот Александра Божиноска која починала на лице место, додека кај другиот пешак биле предизвикани тешки телесни повреди.Истрага е поведена и за сопатникот во автомобилот Фолксваген голф, 18-годишен сопственик на автомобилот. Тој делото го сторил загрозувајќи ја безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство, односно во врска со член 298 став 1 од Кривичниот законик.Иако бил свесен дека поради неговото постапување може да настапи штетна последица, односно дека неговиот другар не поседува возачка дозвола и може тешко да ја загрози безбедноста на сообраќајот и да го доведе во опасност животот на луѓето, вториот осомничен му го дал возилото цо негова сопственост да го управува.

Македонија | пред 7 месеци

lokalni4

Филипче со 19 кандидати – СДСМ на локалните избори оди со старо-нови имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатура на градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на првите 19 кандидати за градоначалници.Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Филипче:„Дозволете да информирам за донесената одлука на Извршниот одбор да се даде согласност за кандидатура за градоначалници на неколку општини од страна на СДСМ. Имено, во тие општини завршија внатрепартиските постапки, роковите се завршени во однос на кандидирањето.Во тие општини завршија внатрепартиските постапки, роковите се завршени во однос на кандидирањето и оваа согласност понатаму на крајна одлука ќе ја доставиме до Централниот одбор на партијата тогаш кога ќе комплетираме сите општини. Сега станува збор за 19 општиниДозволете да ги прочитам кандидатите за градоначалници.Некои од нив се веќе споменати во јавноста.За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.За Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски.За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.За Општина Лозово, Ацо Велковски.За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.Општина Богданци, Блаже Шопов.Општина Дојран, Ристо Џинев.Општина Могила - Зоран Ристевски.Општина Неготино, Петар Мантев.Општина Новаци, Љубе Кузманоски.Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.Овие кандидати се избрани врз основа на принципите коишто ги наведовме дека ќе важат за кандидирањето на овие луѓе. Избрани се со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе кои што имаат и кредибилитет и легитимитет да ја побараат довербата, некои за првпат, некои повторно од граѓаните.Актуелните градоначалници коишто навистина направија вистинска промена во општините: во Центар, во Крушево, во Крива Паланка – општини и градови коишто станаа целосно нови во времето на нивните мандати, и сметам дека се луѓе кои што можат да излезат пред граѓаните и може слободно да кажеме дека сè што ќе ветат ќе биде исполнето согласно нашата програмска заложба, која што ќе биде градена врз основа на вредносните принципи“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-20-at-12.28.55

Апелација го испрати Нино Васев во затворот во Шутка

Поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Нино Васев, и организацискиот директор Нехат Нухи ќе одат во ефективен притвор од 30 дена, одлучи Апелациониот суд Скопје.Судот ги прифати жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје, кое побара построги мерки за двајцата обвинети, укажувајќи на опасност од бегство.„Апелациониот суд ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје против решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје и истото го преиначи, на начин што ја укина мерката куќен притвор определена према обвинетиот Н.В. од С.“, се наведува во соопштението.Судот констатирал основано сомневање дека Васев сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, и поради тоа му е одреден притвор во траење од 30 дена, согласно член 165 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка.Двајцата се обвинети за злоупотреби поврзани со скапа терапија и за тешки дела против здравјето на луѓето.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања