Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryu9s7e7lei0hnbrtswow

(Видео) Цаневска: Кога вложуваме во училиштата, вложуваме во иднината на Скопје

На Денот на просветните работници, носителката на советничката листа за Град Скопје, Катерина Цаневска, порача дека образованието е темелот врз кој се гради напреден град и дека иднината на Скопје се создава преку училиштата, наставниците и младите луѓе.„Денес не сме тука само да им честитаме на наставниците, туку и да зборуваме за она што е суштината на секое напредно општество – образованието. Скопје ја гради својата иднина преку училиштата, преку наставниците и преку младите кои секојдневно у

Скопје | пред 1 година

media-library1gh0s95o6f7ibmbZzO7

Помотивирачка вест нема да прочитате: Дарио Ивановски победи на Скопскиот маратон, заврши пред Кенијците

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски во машка и Ирине Џеруто од Кенија во женска конкуренција победија на годинешното, 21. по ред, издание на Виз Ер скопски маратон.Ивановски ја мина делницата во должина од 42 километри со време од 2:14:50 часа, триумфирајќи со извонреден финиш во кој во завршните два километри го остави зад себе Кениецот Џулиус Кипкоеч, кој долго време водеше во трката, а на крајот заврши второпласиран, заостанувајќи 30 секунди зад победникот. Третото место го освои Грузиецот

Скопје | пред 1 година

media-librarycnhsh83b0jmb48pIRR4

Независниот Марковски се појави на скопскиот маратон со велосипед и плакат

Со велосипед и плакат со својот број на гласачкото ливче, независниот кандидат за градоначалник на Скопје Горан Марковски се појави на Wizz Air Скопскиот маратон, испраќајќи симболична порака за поддршка на спортот и потребата од промени во градот.„Честитки за сите кои денеска учествуваа на Wizz Air Скопски маратон. Овој настан ја истакнува убавината на Скопје и неговата отвореност кон спортот, здравите навики и позитивниот дух,“ напиша Марковски на социјалните мрежи.Тој додаде дека овојпат не т

Скопје | пред 1 година

siljanovska-radev-1

Сиљановска-Давкова му понуди помош на Радев: Македонија подготвена да помогне по поплавите во Бугарија

Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од катастрофалните поплави во Бугарија – ова го соопшти бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот разговор со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.„Ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за конструктивниот разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за понудената подготвеност на Македонија да помогне во надминување на последиците од катастрофата,“ изја

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Хамас му кажа условно ‘да’ на Трамп: Жителите на Газа во шок

Жителите на Газа реагираа со шок и неверување по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го поздрави, како што рече, „позитивниот одговор“ на Хамас на неговиот мировен план за Појасот Газа.На социјалните мрежи, многу Палестинци прашуваа: „Дали војната е навистина завршена?“ и „Ова е сон или реалност?“.Хамас, во официјално соопштение подготвено со помош на посредници, понуди условно „да“ – прифаќајќи ги американските предлози за размена на израелски заложници и идејата управувањет

Свет | пред 1 година

media-libraryrbpl0k4nr6d7aHpYJiY

(Видео) Најмалку 22 жртви во Непал поради обилни дождови и поплави

Обилните врнежи од дожд во Непал предизвикаа серија свлечишта и надојдени поплави, при што во последните 36 часа загинаа најмалку 22 лица, а повеќе од десетмина се водат како исчезнати, соопштија тамошните власти.Полицијата потврди дека 18 лица загинале во одделни свлечишта во источниот округ Илам, кој се граничи со Индија. Три лица загинале од удар на гром во јужниот дел на земјата, а едно лице загинало во поплави во округот Удајапур.„Во тек се спасувачки акции за исчезнатите,“ изјави портпарол

Свет | пред 1 година

media-library5osbeoh65v3q87lHTvn

Мојсоска од Струга: Оние кои го амнестираа ДУИ сега шират манипулации за коалиција на Левица со ДУИ

Чест ми е што сум единствен кандидат од парламентарниот блок од македонските партии и што Левица покажа дека има потенцијал и има капацитет да се тркаме и со големите играчи“, рече пратеничката и кандидат за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска. На својата официјална промоција пред стружани посочи дека градоначалничката трка ја трча со надеж и апел дека борбата не може да е однапред прогласена за изгубена.„Ова е порака дека Струга не може секогаш да е паричка за поткусурување меѓу големите и

Македонија | пред 1 година

media-libraryn3d74ou259oc3OrfcRV

Зелен Хуман Град со порака: „Стоп на геноцидот во Газа!“ – протест се одржа во Скопје

„Стоп на геноцидот во Газа! Излези денес на протестот и кажи гласно – не во мое име!“ – со оваа порака движењето Зелен Хуман Град ги повика граѓаните да се приклучат на вчерашниот собир во знак на поддршка за палестинскиот народ и осуда на насилството во Газа.„Имаме должност да не молчиме за суровата реалност со која се соочуваат нашите браќа и сестри од Палестина,“ порачаа организаторите. Тие потсетуваат дека, според Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, 70% од жртвите во Палест

Скопје | пред 1 година

media-library4iqoeve67knv76F1jQT

Мистериозен „хакирачки напад“ без последици? МВР истражува кој праќа пораки за хакирање на Мицкоски и Тошковски

Помина една недела откако од електронска пошта именувана како „Косова Приштина“ до медиумите беше испратен мејл со наводи за хакерски напад врз мејловите на највисоките државни функционери, меѓу кои премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Во пораката, испратена и до „Скопје1“, се тврдеше дека ќе има „специјално хакирање во живо“ за време на Дигиталниот самит што се одржа на 1 и 2 октомври во Скопје. Дополнително, во јавноста почнаа да кружат и листи со навод

Македонија | пред 1 година

media-librarym58n9spv3kn0fTS0uKP

Додик во Сочи со Путин: време е Русија и САД да создадат комисија за Балканот

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, каде го повикал да не го заобиколува Балканот во дијалогот со американскиот претседател Доналд Трамп и да помогне во изнаоѓање трајни решенија за регионот, јавува руската агенција ТАСС.Додик во интервју по средбата, која се одржа во рамки на форумот „Валдај“, предложил формирање на посебно тело за стабилизација на регионот.„Го замолив претседателот Путин да обрне внимание на праша

Свет | пред 1 година

media-library6cah6lb1d932aIxxbYz

(Видео) Русија повторно ја нападна Украина – Полска крена борбени авиони во готовност

Рано утринава Русија продолжи со воздушни напади врз Украина користејќи дронови и ракети, при што беа погодени повеќе региони, вклучително и западниот дел на земјата. Поради близината на нападите до нејзината граница, Полска соопшти дека ги активирала своите борбени авиони и противвоздушните системи за заштита на националниот воздушен простор.Според гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, во таканаречениот „комбиниран напад“ животот го загубила една жена, а уште девет лица се повредени. На негови

Свет | пред 1 година

indonezija

Трагедија во Индонезија: 36 ученици загинаа при уривање на верско училиште

Бројот на ученици чии животи згаснаа по уривањето на зградата на исламскиот интернат во Индонезија се искачи на 36, соопшти денеска Агенцијата за управување со катастрофи. Пред само два дена бројката изнесуваше 16.Потрагата по исчезнатите продолжува веќе седми ден по ред. Спасувачите сè уште ги бараат телата на 27 ученици, најмногу тинејџери на возраст од 13 до 19 години, за кои се претпоставува дека се заробени под урнатините.Од Агенцијата информираат дека потрагата и евакуацијата се завршени о

Свет | пред 1 година

bitkoin

Биткоинот достигна рекордна вредност од 125.000 долари – највисока во историјата на криптовалутата

Биткоинот, најголемата и најпозната криптовалута во светот, првпат во својата 17-годишна историја ја надмина вредноста од 125.000 американски долари, поставувајќи нов историски рекорд.Според податоците на платформата CoinGecko, вредноста на биткоинот скокнала на нов максимум во текот на азиското тргување, со промет од речиси 50 милијарди долари во последните 24 часа.Како што растел интересот и купувањето на инвеститорите, во само еден час биле изгубени околу 100 милиони долари во обиди за обложу

Свет | пред 1 година

dolari_2_337166270

Вредноста на доларот падна на светските пазари поради застојот во државните служби и очекувањата за ново намалување на каматите

На меѓународните финансиски пазари минатата недела вредноста на американскиот долар опадна во однос на кошницата светски валути, под влијание на привремениот прекин во работата на сојузните служби и очекувањата дека Федералните резерви ќе продолжат со намалување на каматните стапки.Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во споредба со шест водечки светски валути, падна за 0,5 проценти и изнесува 97,71 поен.Доларот ослабе и во однос на еврото за 0,3 проценти, при што к

Свет | пред 1 година

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

“Лагите, триковите се карактеристика за раководството на СДС, поточно на актуелниот претседател Венко Филипче и неговиот струмички гуру Зоран Заев”, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Филипче сега зборува за некакви црвени линии кон Бугарија, но тој како и неговиот другар Заев се веќе прочитани.Повеќе од очигледно е дека црвените линии на Филипче се само еден подарок од СДС за Бугарија, или уште едно попуштање кон Бугарија. Или, уште една бонбона бизнис од СДС за Бугарија.Се сеќаваме на кажувањата н

Македонија | пред 1 година

media-libraryo8hb3l4542ag5asgyIR

Димитровски: Скопје не треба да биде град кој ги мачи скопјани, туку град кој им служи на скопјани

Даме Димитровски, носител на листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје на вечерашниот митинг во скопската општина Ѓорче Петров во рамки на кампањата со слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на проблемите, но и на решенија за истите кои ќе ги нуди Советот и новиот градоначалник на град Скопје.Димитровски говорејќи за актуелната ситуација се осврна на фактот дека, како што рече, во Скопје се гушиме во ѓубре, воздухот е отровен, нас

Скопје | пред 1 година

media-libraryp9f1fda5e359bvXNh4E

Стојкоски: Ѓорче Петров ќе стане првата независна енергетска општина

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник за општина „Ѓорче Петров“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, ја истакна програмата  содржана од 140 проекти поделена во сите сегменти на жителите во Ѓорче Петров.„На овие избори настапуваме со програма од 140 проекти поделени во сите сегменти коишто го зафаќаат живеењето на жителите во Ѓорче Петров, програма којашто

Скопје | пред 1 година

media-librarycrvr2ctu4khmchhSXDb

Филипче: За Владата на Мицкоски поважни се олигарсите, отколку работниците

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Велес, ја обвини  Владата на ВМРО-ДПМНЕ дека наместо да ги заштити работниците, работи за големите олигарси.Филипче посочи дека власта ги одби сите добри законски решенија на СДСМ за покачување на платите и справување со високите цени на храната затоа што поважни им се газдите на маркетите.„Ги одби, затоа што за нив поважни се газдите и крупниот капитал,

Македонија | пред 1 година

media-libraryg6bihnhkpdsfb4dFitH

Мицкоски: СДСМ не гласаше за промена на Коцевски, затоа што судството и обвинителството се последната гранка на која седи раководството на СДСМ

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, имаше свое обраќање.,,Сакам уште една работа да одговорам околу неговата „чесност“. Ја слушам и гледам една валкана кампања која ја тераат неговите прокси играчи и дебело платени мегафони со украдените пари. Слушаме приказни за тоа колку власта била нечестна, иако 7

Скопје | пред 1 година

media-library0h6umhreaottaXNKC2P

Филипче : СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа во Велес, истакна дека за година и пол Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална незаинтересираност за граѓаните, за мерки за подобрување на животниот стандард.„Помина година и пол од оваа власт. Период во кој имавме сите доволно време да видиме со кој си имаме работа и кои политики ги носи оваа власт. Доволно време да сфатиме дека имаме ненародна, арогантна, но

Македонија | пред 1 година

media-libraryil9qv5ric8ub9D3iEZm

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, имаше свое обраќање и зборуваше за опозициските партии и нивните претседатели, кои како што вели тој, водат црна кампања и функционираат како непринципиелна коалиција. Мицкоски потсети на тоа што правеше Левица, кога рушеше се што е на народот, и каква кампања водат

Македонија | пред 1 година

media-libraryahespv4ic8fkfjymtB4

Костадиноски: Продолжуваме да работиме со уште позасилено темпо за модерно Јегуновце со инвестиции во паркови, во спортот и во младите

Димитар Костадиноски, кандидат за градоначалник за општина Јегуновце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, ги истакна сите реализирани проекти за неговиот четиригодишен мандат во општина Јегуновце.Костадиноски истакна дека во општина Јегуновце е регулирано речното корито на реката Вардар, отворени се две нови градинки, асфалтирани улици, и нови тротоари.„Во изминатио

Македонија | пред 1 година

media-libraryeonglpapkhd1djwUi6H

Стојаноска: Вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9

Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Јегуновце во рамки на кампањата за локалните избори која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! се осврна на работата на Димитар Костадиновски, кандидат за општина Јегуновце.„Диме е неуморен, не се плаши од критика, од проблеми, напротив запознаен е со се и знае што може, а што не може и кажува зошто не може. Во Јегуновце нема неасфалтирана улица, нема дете што чека за упис во градин

Македонија | пред 1 година

media-library3jb1uivofkl82RBfBLl

Богдановски: Теарце добива нов резервоар за вода, мултифункционални игралишта и подобрување на патната инфраструктура

Томислав Богдановски носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, за Советот на Општина Теарце, на денешниот митинг во општина Теарце, кој е во рамки на кампањата за локалните избори, и истата се води под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, истакна дека Општина Теарце заслужува подобри услови за живот. Тој додаде и дека ќе се вложува во   патишта, осветлување, училишта, спорт, култура и туризам и како што вели тој, никој нема да биде заборавен.,,Стојам п

Македонија | пред 1 година

media-librarync2a1acmcjon6bR9qEt

Мицкоски: На овие избори изберете 9 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за напредок и развој на Македонија

На денешниот народен митинг во Брвеница во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што потенцираше дека е убеден дека граѓаните во голем број ќе ја дадат довербата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и ќе гласаат за бројот 9 за да продолжи Македонија да се развива и гради.Понатаму Мицкоски истакна дека на овие избори постојат две коалици

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања