Тешко повреден возач на мотоцикал по судир со „Дачија“ во центарот на Скопје
На 5 јули 2025 година, околу 12:30 часот, на крстосницата меѓу улиците „Орце Николов“ и „Миладин Поповиќ“ во центарот на Скопје се случила сообраќајна несреќа во која биле вклучени патничко возило „Дачија“, управувано од 49-годишниот М.Ц., и мотоцикл марка „Пиаџо“, со кој управувал 27-годишниот Л.С., и двајцата од Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, мотористот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“
Скопје | пред 1 година