Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

brza-pomos-nokje-3

Млад возач со тешки повреди во болница: несреќа во близина на Виница

На 18.12.2024 околу 06.40 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Првалец - с.Смојмирово, на место викано „Горна Осојница“, патничко возило „шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.М.(53) од Берово, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.М.(22) од Берово, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кочани и Клиничката болница Штип.Извршен бил увид од увидна ек

Македонија | пред 1 година

IMG_1625

Утревечер Скопје останува без вода: колку ќе трае зафатот и кои се населбите кои не се засегнати

Утревечер (20 декември), во 22 часот, Скопје ќе остане без вода. По празнењето на главната цевка, ќе се работи на санација на проблемите на летири локации. Познато е дека зафатот ќе трае, но не се знае колку.Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска информираше дека санирањето на главниот цевковод во главниот град, нема да трае подолго од една обична санација на дефект.„Од „Водовод“ веќе известија иницијално. Се работи за зафат кој има сложен и оперативен план и затворање на една од глав

Скопје | пред 1 година

grubi

Груби заведен дека пешки поминал граница: камерите снемале батерии тој ден

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди покрена постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина против полицајците од граничниот премин „Блаце“ Б. Ј. и Б. А., кои на денот на акцијата за претрес за случајот „Лотарија“ на 15. овој месец, го пуштија за проневера осомничениот поранешен прв вицепремиер Артан Груби да избега од апсење, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Полицискиот службеник Б. Ј., кој се товари дека напр

Македонија | пред 1 година

655-402-zatvor

Фатени двајца бегалци од затвор

На 18.12.2024 околу 23.45 часот во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово ги лишиле од слобода И.Р.(25) и Е.И.(23), двајцата од Скопје, а кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица.И.Р. бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „т

Македонија | пред 1 година

5

Македонија повторно на страна на Нацизмот во ООН, вели Левица

„Владата на ДПМНЕ продолжува да ги претставува туѓите интереси, наместо да ги застапува принципите и вредностите на македонскиот народ. Со гласањето „ПРОТИВ“ Резолуцијата за осуда на нацизмот, Македонија уште еднаш покажа дека нејзината надворешна политика останува заробеник на колективниот Запад“, соопшти Левица.„На 17 декември, во Њујорк, за време на 79-то заседание на Генералното собрание на ОН, беше усвоена Резолуцијата за борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практ

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-19-102732

Најскапо платена оваа година Северина: општините трошат милион евра годишно за пејачи и изведувачи - истражување на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за исплатите за трошоците на општините за забавни манифестации.Истражувањето покажа дека:Само од јануари до октомври годинава, општините потрошиле на пејачи и на други забавувачи 961 илјада евра. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра.Лани, за оваа намена се потрошени 1 милион и 11 илјади евра.Најскапо платена, годинава, е Северина, за која Крива Паланка платила 25 илјади евра.Сепак, годинава најмногу

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Експерти од Народната банка дадоа придонес кон студија на Светската банка за корпоративната финансиска одржливост

Советодавниот центар за финансискиот сектор на Светската банка (ФИНСАК) изработи студија за процена на финансиската одржливост, во која учество зедоа и експерти од Народната банка и којашто беше презентирана во присуство на тимот, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, како и делегацијата на Светската банка предводена од директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи.Оваа сеопфатна студија дава подлабоки

Македонија | пред 1 година

droga1

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, уапсен 23-годишник

На 18.12.2024 околу 20.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.А.(23) од Кочани.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, таблети и грендер. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

toskovski34

Министре, батериите ли се криви за бегството на Груби, праша СДСМ

„Дали министерот за внатрешни работи Тошковски конечно ќе преземе одговорност за катастрофалното функционирање на МВР и бегството на Груби“, прашува СДСМ.„Последните информации за бегството на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, каде што „батериите“ на камерите не работеле токму кога тој ја напуштал границата предизвика потсмев од граѓаните. До кога министерот ќе ја замајува јавноста и кога планира да признае дека ова е договорено бегство?Како што објави Министерството за внатрешни работи,

Македонија | пред 1 година

artan-grubi-1170x602-1-1024x527-1

СДС и ДУИ да го осудат кукавичкото бегство на Груби и да го повикаат да се соочи со правдата, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Паднаа во вода приказните на ДУИ за тоа како тие се залагаат за европски вредности, владеење на правото и правдата. Артан Груби го нокаутира и онака слабиот рејтинг на ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Најголем доказ за криминалните дејствија на Груби е неговото ставање на црната листа на САД. Груби изјави дека е чист како солза а сепак побегна во Косово и се обидува да се пазари со правдата.Али Ахмети, ДУИ и СДС молчат за бегството на Артан Груби.На површина излегуваат сите криминали, скандали и коруптив

Македонија | пред 1 година

novak-severina

Ѓоковиќ и Северина со силна поддршка на студентите во Србија

Тениската легенда и српскиот омилен лик, Новак Ѓоковиќ ги поддржа студентите, професорите и средношколците кои со недели протестираат барајќи одговорност за трагедијата што се случи на железничката станица во Нови Сад кога загинаа 15 лица.Српскиот тенисер, на својот „Икс“ профил напиша:„Како некој што длабоко верува во силата на младите и нивната желба за подобра иднина, сметам дека е важно нивниот глас да се слушне.Србија има огромен потенцијал, а образована младина е нејзината најголема сила.Т

Свет | пред 1 година

1000022048

Андоновски: МДТ ќе одвои околу 95 милиони денари за филмот за Тоше Проески

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во утринското гостување на МТВ најави дека по иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, МДТ ќе одвои 95 милиони денари за снимањето на филмот за Тоше Проески. Министерот истакна дека ова е еден од најзначајните проекти кој ќе го одбележи животот на најголемата современа македонска ѕвезда."Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владат

Македонија | пред 1 година

3-1

(Видео) Тошковски во Турција на средба со турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, потврдени одличната соработка меѓу братските народи

Министерот Панче Тошковски кој предводи официјална делегација на Министерството за внатрешни работи во Република Турција, вчера оствари работна средба со турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.На средбата беше изразена благодарност за топлиот прием и уште еднаш беше потврдена одличната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи како и на државно ниво и беше потврден фактот дека се работи за два братски народи кои делат меѓусебна почит, историја и традиција.На средбата мин

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Власта ја избра партиската суета наместо заштита на жртвите на семејно насилство, вели Левица

„На вчерашната собраниска седница, пратениците од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ не гласаа за предлог-измените на Кривичниот законик, со кој Левица предлагаше кривичното дело „телесна повреда при семејно насилство” да се гони по службена должност, без предлог на жртвата. Ваквата партиска суета и ароганција на владејачкото мнозинство, јавноста ја сведочи во континуитет. Додека декларативно се залагаат за борба против семејното насилство, нивното вистинско лице е лицемерие – зборови без дела, кампањи без кон

Македонија | пред 1 година

zagaduvanje-sred

Скопје повторно се најде на листата најзагадени градови во светот

Скопје повторно се најде на листата најзагадени градови во светот. На високото седмо место со воздух кој е квлаификуван како „нездрав“, пред Скопје, од европските градови е само Сараево. Останатите места ги делат Пакиста, Бангладеш, Индија, Сенегал и Техеран. Овој извештај ги покажува алармантните нивоа на ПМ-честички и други штетни материи во воздухот, што го става градот меѓу најзагадените урбани средини во светот.Скопјани пред две недели на протестен марш го искажаа своето незадоволство од за

Скопје | пред 1 година

3a369e21-7861-4572-b5b3-c1a0389bb858

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови и ракети, погодена рафинерија

Украина истрела кон руската руска територија најмалку 13 проектили и 84 беспилотни летала, предизвикувајќи пожар во нафтена рафинерија во јужниот дел на Ростов, кој гореше со часови, соопштија руските власти.Додека Русија напредува со своето најбрзо темпо од почетокот на војната во 2022 година, Украина се обидува да ја нападне руската нафтена инфраструктура, која финансира значителен дел од воената економија на Русија. Руската противвоздушна одбрана собори 84 беспилотни летала над руските регион

Свет | пред 1 година

grubi-auddi

Шукова: За бегството на Груби одговорноста ја сносат Тошковски и МВР

За бегството на Артан Груби одговорноста треба да си ја сноси МВР и Тошковски. Редно време е власта да почне да се однесува како власт, а не како опозиција и за сите пропусти кои им се случуваат да обвинува некој друг., рече потпреседателката на СДСМ, Каја Шукова, во дебатната емисија „Анализа“ на 24 телевизија.-Ова не е прв случај и летото имаше случај на бегство преку границата. Затоа тука е МВР да подигне кривична пријава, судската власт, извршната власт. За бегството одговорноста треба да си

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-18-at-21.33.51

(Видео) Стевче Ивановски во „Претрес“: Со 99 посто оштетен вид, со лупа работев во архива

Стевче Ивановски, лице со попреченост, беше гостин во „Претрес со Ландов“.Врз мене се врши системско измачување од ЈП за државни патишта, вели Ивановски.Тој бил примен како технички секретар во телефонска централа. Тогаш имал 73 посто оштетување на видот.Потоа бил ставен да работи како видео контролор за наплата, без соодветен екран, иако знаеле каква му е состојбата.„Драстично ми се намали видот од обврските кои ги добивав. Ако се откажев од работа, од каде ќе имав егзистенција. Ме праќаа секад

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-18-at-21.10.51

(Видео) Родителите на загинатиот Љупчо: Дали МВР и ОЈО соработуваат, општините само штанцаат дозволи за објектите

Родителите на загинатиот диџеј Љупчо Лешко, во „Претрес со Ландов“ прашуваат зошто дури по пет месеци е вештачен објектот во Радишани, кој бил издаден за приредување роденденска забава.„Објектот нема технички прием, на што работи, на основа на одобрение за градба. Врз основа на што издаваат дозволи, општините само штанцаат дозволи. МВР и ОЈО дали соработуваат”, прашуваат родителите.Бараат одговорност како настанал струјниот удар и што било неисправно. Сите присутни на забавата биле боси, голи и

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-18-at-20.28.22

(Видео) Родителите на загинатиот диџеј Љупчо: Презумпција на невиност не почитуваме, нас 5 месеци институциите не нѐ почитуваат

Вечерва во Претрес со Ландов гости се Раде и Кети Лешко, родители на загинатиот диџеј Љупчо. Тие се по вторпат во студиото со нови моменти за трагичното загинување на нивниот син. Веќе е стигната информацијата од обдукцијата, а благодарение на претходниот Претрес, рекоа родителите, викнати се и сведоци.Причина за смртта е смртен удар, нема обвинети, нема постапка, велат родителите.Во потврдата од Полициската станица Чаир стои што видела полициската увидна екипа.„Тогаш“, рече Раде Лешко, „се слав

Македонија | пред 1 година

mickoski-sednica-1

Мицкоски од Брисел: Нашето место е тука да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија

„Добар ден од Брисел, престолнината на Европската Унија. Денеска сум тука и предводам македонска делегација во која што составен дел е министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски , министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, советникот мој за надворешни работи, амбасадорот Марковски, шефот на кабинет, Владимир Нелоски.Денеска сме овде во Брисел да испратиме порака дека македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваа своето место со останатите 27 земји ч

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-18-at-16.43.51

(Видео) Жители на Шутка ќе и го однесат ѓубрето пред канцеларија на Данела ако не го собере за 48 часа

„Одмаздата на Данела кон граѓаните на општина Шуто Оризари е веќе несразмерно нечовечка особено во време кога Скопје е најзагаден град во светот!“, пишува Курто Дудуш, градоначалник на Шуто Оризари и додава:„Поради мировниот протест на граѓаните на општина Шуто Оризари пред нејзината канцеларија одмазничките фантазии на Данела од ден на ден се се поалармантни на терен.Еве го резултатот на забраната која ја даде Данела во Шуто Оризари да не се собира ниту една ќеса од домашниот смет.Општина Шуто

Македонија | пред 1 година

image-175509

Груби го напушти ДУИ, партијата го повика да се соочи со правдата

Артан Груби го напушти ДУИ, партијата која го донесе до највисоките партиски и државни функции.Груби се повлече, пред партиските органи да донесат таква одлука, изјави организацискиот секретар и пратеник, Блерим Беџети во гостување на ТВ21.Беџити вели беше јасен дека дека ДУИ е партија која ги почитува, ги прифаќа и има сериозен пристап кон одлуките на Стејт Департманот за таканаречената црна листа на која се најде и Артан Груби.Беџети не знае детали за бегството на Груби за кој веќе е распишан

Македонија | пред 1 година

DSC_0289

Уште еден директор заврши со обвинение: го обвинуваат за штета од 832.983.064,00 денари

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена сеопфатна истражна постапка денеска до основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против едно правно лице и три физички лица.Во периодот од 2014 до 2020 година во Тетово, првообвинетиот С.Ш. како сопственик и управител на обвинетото правно лице од Тетово, заедно и по претходен договор со третообвинетиот Х.Ф. тогашен директор на Националната установа – Центар

Македонија | пред 1 година

DETSKA-BOLNICA

Врие во Детската клиника „Козле”

Преписки и обвинувања меѓу група лекари и директорката од ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“.Група доктори во упатија официјално протестно писмо до премиерот, министерот за здравство, и националниот координатор за здравство кое е потпишано од 30 доктори.Тие изразуваат загриженост за, како што велат, катастрофалната состојба во која се наоѓа болницата, која повеќе од 50 години се сметала за еден од столбовите на детската здравствена заштита во државата.Ја обв

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања