Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

paridenari1

Власта не ги сака домашните компании, во Буџетот 2025 им ги скрати парите, вели СДСМ

„Власта на Христијан Мицкоски во предложениот Буџет за 2025 година, ги намали парите за поддршка на домашните компании од 340 на само 220 милиони денари. Истовремено парите за поддршка на странски компании се зголемени“, велат од СДСМ.„Оваа политика на запоставување на домашните компании и фаворизирање на странските ги става македонските работници во подредена позиција, води кон економска нееднаквост и ниски плати.За компаниите кои вработуваат 80% од сите вработени во државата Власта на Мицкоски

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-11-18-083912

Мицкоски оди во Косово на меѓувладина седница, ќе се потпишат и протоколи и меморандуми за соработка

Денеска во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово.За 10:30 часот е најавено пристигнувањето на косовската и македонската делегација, по што следува пречекот на македонскиот премиер Христијан Мицкоски од страна на косовскиот премиер Албин Курти.Предвидено е пред почетокот на меѓувладината седница, односно од 11:20 часот да се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и премиерот на Владата на Косово, А

Македонија | пред 2 години

zaharova

Захарова за дозволата на САД, Украина да користи американски ракети со долг дострел

Американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи американски ракети со долг дострел за цели на руска територија. Белата куќа и Пентагон се уште не ги потврдија овие наводи.Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова денеска не сакаше да ги коментира написите во медиумите. Претседателот Владимир Путин веќе кажа сè за тоа, рече Захарова.Зборувајќи за можноста Украина да користи западно оружје за цели на руска територија, Путин во септемвр

Свет | пред 2 години

Studentski-dom-K.J.-Pitu-Skopje

Студентскиот стандард ќе се зголемува со повеќе од 30 милиони евра, се реконструираат студентските домови, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го зголемува студентскиот стандард со повеќе од 30 милиони евра, односно се зголемува за 18% повеќе од лани. За енергетски ефикасна рехабилитација се издвоени шест милиони евра. Се работи на реконструкција на студентските домови, за кои се очекува да бидат ставени во функција следната година“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Во однос на ученичкиот стандард, Владата предвидува зголемување од 12% споредбено со минатиот буџет. Предлог Буџетот за 2025 година на Владата предвод

Македонија | пред 2 години

napad-sumi

(Видео) Десет загинати во руски напад врз Суми, меѓу нив и две деца

Десет лица, меѓу кои две деца, загинаа, а 52 се повредени вчера вечерта кога руска ракета погоди станбена зграда во североисточниот украински град Суми, соопштија украинските служби за итни случаи и војската.Украинските служби за итни случаи преку каналот на Телеграм известија дека се на местото на несреќата и им помагаат на настраданите. Повеќе од 400 луѓе беа евакуирани.Нападот на Суми уследи по утринските напади на Русија врз електричната мрежа на Украина. Во најголемиот воздушен напад во реч

Свет | пред 2 години

trajkov1

Трајков: Реформската агенда, во чиј процес се вклучени и младите, ќе обезбеди основа за забрзана и суштинска интеграција на Македонија во ЕУ

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков која воедно е и заменик главен преговарач за ЕУ, стави акцент на приоритетните области од Реформската агенда, со што би се забрзал процесот на интеграција и унапредување на економијата и ги наведе областите во кои би се спровеле реформите, како и улогата на младите во самиот процес.Таа посочи дека Владата изминатите пет месеци има направено многу на дипломатски план и како и досега, Македонија останува

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-6500PM

Зафати ќе остават без струја населени места

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа утре, без напојување со електрична енергија ќе остане дел од корисниците во Општина Сопиште, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН.Како што се наведува во соопштението, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од викендици во Говрлево, место викано Зунски Ораси и околината.

Македонија | пред 2 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Град Скопје вети редовен превоз од ЈСП од утрово, а се пожали и на притисоци - претходно имаше поплаки

Во текот на викендов, жители на Скопје се жалеа на нередовниот јавен превоз. Покрај автобусите на приватните превозници кои не возат поради нереализирани барања од Град Скопје, корисници на јавен превоз посочуваа дека ниту ЈСП не вози според возниот ред. „Скопје1“ побара одговори за овие случувања од директорот Драги Кушовски, поставен од Данела Арсовска, но не доби одговори.Сепак, од Град Скопје, вчера, доцна вечерта пред полноќ, известија дека имало притисоци, без да посочат какви и од кого. П

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

„Покрај притисоците, ЈСП ќе се сообраќа редовно и со полн капацитет“ велат од Град Скопје, а по жестоките реакции во јавност

Од Град Скопје, без објаснувања, испратија соопштение во кое тврдат дека од утре автобусите на ЈСП ќе возат во полн капацитет. Тие посочуваат дека имало притисоци и дека без разлика на истите, ќе продолжат со работа. Но од Град Скопје, нема никакво објаснување на каков притисок мислат и кој го правел.„Почитувани, Ве известуваме дека и покрај сите притисоци, од утре ЈСП ќе сообраќа редовно и во полн капацитет“, се вели во краткото соопштение на Град Скопје.Викендов, имаше куп поплаки од граѓани з

Скопје | пред 2 години

zelenski-bajden

Америка и дозволи на Украина да напаѓа длабоко во Русија, она што очајно го бараа со месеци

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден им дозволи на Украинците да го направат она што очајно го бараа со месеци - да напаѓаат цели длабоко во Русија со западни ракети со долг дострел.Ова за Ројтерс го потврдија три извори запознаени со одлуката. Ова е значајна промена во политиката на САД во украинско-рускиот конфликт. Украина планира да ги изврши првите напади со долг дострел во наредните денови, велат изворите. Се очекува првите напади да бидат изведени во руската област Курск, кад

Свет | пред 2 години

20181114131655

Мухамед Сејдини е минато за ФФМ: поднел оставка, откако тоа и Пандев го побара од него

Мухамед Сејдини заминува од претседателската функција во ФФМ. Ова им било соопштено и на членовите на Управниот одбор кој заседава вечерва. Фудбалерите за повлекувањето биле известени по натпреварот со Фарски Острови.Официјална потврда се очекува и од ФФМ, по завршувањето на Упраниот одбор. В.д. претседател, неофицијално, треба да биде Лазар Ракаџиев, додека не се избере нов прв човек на ФФМ.За јавноста, Сејдини е познат и по обвинувањата дека нарачал промена на химната со која се бодрат репрезе

Магазин | пред 2 години

Screenshot-2024-11-17-at-20.14.43

Сејдини останува прв човек на ФФМ до 22 декември, кога ќе се бира неговиот наследник

„По 7 извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Оваа одлука е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, по период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал“, објави досегашниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини и додаде:Заедно со вас, напишавме златни страници за македонскиот фудбал: историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, второто м

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

Скопјанец заврши со лисици, откако беше агресивен со полицајци

Денеска (17.11.2024) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле А.И.(47) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Завчера имало уште еден обид за убиство во Скопје: Жртвата била застрелана во абдомен

На 15.11.2024 во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(46) од Скопје.Тој се сомничи дека на 14.11.2024 на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје со пиштол пукал кон Ш.М. од Скопје и му нанел прострелна рана на абдоменот. А.И. бил задржан во полициска станица и против него, по брза постапка, била поднесена кривична пријава „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Судија н

Македонија | пред 2 години

rusija-ukraina-4

Двајца работници загинаа во руското гранатирање на магацин во областа Днепропетровск

Во руското гранатирање на магацин во областа Дњепропетровск, двајца железничари загинаа, а уште три лица беа повредени.„Имаме тажни вести од регионот Дњепропетровск. Како резултат на непријателското гранатирање на железничкото складиште, загинаа двајца железничари. Уште тројца наши колеги се повредени, нивната состојба во моментов е стабилна“, се вели во официјалното соопштение, пренесува Укринформ.Се вели дека неколку железнички делови на југот, западот и североисточниот дел на Украина се без с

Свет | пред 2 години

Polska-1

Поради рускиот напад низ Украина, Полска рано утринава ги активираше своите воздухопловни сили

Поради рускиот напад низ Украина, Полска рано утринава ги активираше своите воздухопловни сили.„Поради масовниот напад на Руската Федерација со крстаречки ракети, балистички ракети и беспилотни летала врз објекти лоцирани, меѓу другото, во западна Украина, полските и сојузничките воени авиони започнаа со операции во нашиот воздушен простор“, беше објавено утринава на платформата Х. од командниот центар полската војска.Во соопштението се додава дека се активирани сите расположливи сили и средства

Свет | пред 2 години

gasovod-rusja-x-epa

Европа е подготвена за зима и има резерви на гас, вели Фон Дер Лајен откако Русија запира испораки

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го коментираше прекинот на испораката на гас за Австрија од страна на руски Газпром, велејќи дека и покрај „уцените“ на Русија, Европа е подготвена за зима и има резерви на гас.„(Рускиот претседател Владимир) Путин повторно ја користи енергијата како оружје. Тој се обидува да ги уценува Австрија и Европа со прекинување на испораките на гас. Ние сме подготвени за тоа и подготвени за зима. Складиштата на гас низ ЕУ се полни“, Фон дер ре

Свет | пред 2 години

napad-ukraina

Во Запорожје се слушаат експлозии - нови масовни упади во Украина

Руската војска лансираше уште еден бран проектили и беспилотни летала низ Украина, соопштија украинските власти, додека друг напад погоди енергетски објекти.„Русија изврши уште еден масовен напад врз електроенергетскиот систем“, објави министерот за енергетика Герман Галушчен на апликацијата за пораки Телеграм.Шефот на регионалната воена управа на Запорожје, Иван Федоров, информираше за експлозиите во Запорожје.„Во Запорожје се слушаат експлозии... Нападот на регионот продолжува. Останете на без

Свет | пред 2 години

Screenshot-2024-11-01-at-22.43.27

Состојбата на тројцата повредени при падот на настрешницата во Нови Сад се уште е тешка

Состојбата на тројцата повредени при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се уште е тешка, јави денеска Радио телевизија на Србија.Во Клиничкиот центар на Војводина соопштија дека тројца од повредените се уште се во тешка состојба.На 1 ноември 14 лица загинаа, а три лица беа тешко повредени при уривање на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад.

Свет | пред 2 години

unnamed-2

(Фото) Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер

Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило.Дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета. Полицијата веднаш изврши увид и ги презема сите мерки за утврдување на одговорноста.Градоначалникот Горан Герасимовски апелира до родителите да разговараат со своите деца за сериозноста последиците на ваквото однесување.„Преминати се сите граници! Оште

Скопје | пред 2 години

hiv

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

По повод Европската недела на ХИВ тестирање и месецот на машкото здравје, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, под мотото „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“ им овозможува на сите заинтересирани граѓани во периодот 18-23 ноември бесплатно и доверливо да се тестираат за ХИВ и други сексуално преносливи инфекции во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно.Истражувањата покажуваат дека една од најголемите пречки за справување со ХИВ е доцната дијагноза, затоа превен

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-11-17-090415

(Видео) Левица: Општина Карпош ќе плати 2.4 милиони евра за експропријација на улица која не постои

„Блокирана општинска сметка, милионски тужби и кратење наменски средства е епилогот од расипничкото владеење на Стевчо и неговото шурување со олигарсите! На последната седница на Советот на О. Карпош, беше поставена точка за итна пренамена на 16 милиони денари од буџетот за деблокада на општинска сметка и истата беше изгласана со мнозинство обезбедено од градоначалникот“, велат од Левица.„Но, советничката група на Левица реагираше и бараше појаснување за потребата да се одвојуваат по 8 милиони д

Скопје | пред 2 години

RSBSP_02

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 16.00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка „13 Ноември“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.Настанот ќе се одвива со следната траса на движење: од Порта „Македонија“, преку плоштад „Македонија“, по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, до крстосница со

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-11-17-092109

Бајден разговараше со Кси: „Не секогаш се согласувавме, но бевме искрени“

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден вчера се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг со цел да се намалат тензиите предизвикани од новите конфликти околу сајбер криминалот, трговијата, Тајван и Русија, пред инаугурацијата на Доналд Трамп.„Целта на Кина за стабилни, здрави и одржливи кинеско-американски односи останува непроменета. Кина е подготвена да работи со новата американска администрација за одржување на комуникацијата, проширување на соработката и управување со разликите“

Свет | пред 2 години

pratenici-sobranie-levica

Буџетот за 2025 е ‘уличарски’ - наменет за прикривање на неспособноста на градоначалниците на ДПМНЕ, вели Мециновиќ

На вчерашната седница на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од редовите на Политичката партија Левица, Амар Мециновиќ, се осврна на една од главните намери на Предлог-буџетот за 2025 година, односно финансирањето на општините за реконструкција на улици во пресрет на локалните избори. Оттука, пратеникот Мециновиќ Предлог-буџетот го нарече ‘уличарски: „По тоа што го слушнав од колегите од ВМРО – ДПМНЕ и од тоа што може да се види во Буџетот, ова нема да го кажам пежоративно туку описно

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања