Два руски авиони соборени над Азовското Море, Украина се радува: „Извршивме совршена операција“
Украина денеска соопшти дека соборила руски шпионски авион А-50 и команден авион Ил-22 над Азовското Море.Началникот на украинската војска Валериј Залужњи на Телеграм напиша дека украинските воздухопловни сили уништиле руски авион за откривање радар со долг дострел А-50 и авион за контрола на воздушниот простор Ил-22.Залужни ги пофали украинските сили за, како што рече, „совршено планирана и извршена операција во регионот на Азовското Море“, објави Ројтерс.
Свет | пред 2 години