Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

zatvor-10

Локализиран пожарот во затворот во Битола

Вчера попладне избувнал пожар во една од ќелиите во КПУ Затвор Битола, при како што беше пренесено, чадот стигнал до сите ќелии каде што се наоѓале затворениците.Од службите во Управата за извршување на санкции ја потврдиле информацијата и велат дека огнот бил бргу изгаснат.Според првичните информации, единствено лекарска помош побарале и им е укажана на неколку чувари во затворот кои вдишале чад.Притворениците се преместени низ другите затвори во земјава.Повеќе информации и детали се очекуваат

Македонија | пред 3 години

pretepa

Заедно со семејството и се заканувал на неговата поранешна девојка и ја истепал

Денеска (11.07.2023) во 08.40 часот полициски службеници од Одделението за семејно насилство - Единица за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(27) од Скопје, поради тоа што претходниот ден тој и членови на неговото семејство упатувале закани кон неговата поранешна 25-годишна партнерка и членови на нејзиното семејство. Според пријавеното, тој и претходно ѝ се заканувал и физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

614067-ischezna-15-godishna-shtitenichka-na-domot-za-deca-bez-roditeli

Кумановка ги оставила трите деца кај бабата и не се вратила

СВР Куманово поднесе кривичнa пријава против С.А.(46) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напуштање на немоќно дете“. На 26.04.2023 во Куманово, пријавената ги оставила трите нејзини деца во куќата на нејзината мајка, со изговор дека за кратко време ќе се врати, но истата не се вратила.

Македонија | пред 3 години

policija-rotaciona-svetla

Извршил семејно насилство, па агресивно се однесувал кон полицијата

На 10.07.2023 полициски службеници од Полициско одделение Кривогаштани го лишиле од слобода Д.П.(42) од општина Кривогаштани, поради претходна пријава за сторено семејно насилство. При приведувањето тој агресивно се однесувал и ги спречувал полициските службеници во вршење на службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

Osnoven-sud-Kumanovo

Пет месеци нема казна за в.д. претседателот на кумановскиот суд за навредите кон вработените и злоупотребите на АКМИС-системот

Министерството за правда преку соопштение до медиумите реагира дека и покрај укажувањата и писмените дописи за констатирани неправилности во работата на Основниот суд Куманово, Судскиот совет одолжува и не постапува по извештајот кој е изготвен од нивна страна и јавно објавен на веб-страницата на Советот.„Судскиот совет беше во работна посета на Основниот суд Куманово на 1 февруари годинава и подготви извештај, каде што се констатирани низа нарушувања на угледот на судиската функција, направени

Македонија | пред 3 години

kumanovo-sud

„Топлотниот бран од Африка го погоди Судот во Куманово“, „Дали некој провери Ламбе да не бил во Куманово?“, реакции по пожарот во судот

Минатата ноќ избувнал пожар во подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово, каде што била сместена архивата, по што на терен интервенирале два камиони и седум пожарникари.Граѓаните се пошегуваа на социјалните мрежи а ова се дел од реакциитеhttps://twitter.com/FilipFiksi/status/1678680114463211520?s=20https://twitter.com/taklabaz/status/1678714166582861826?s=20https://twitter.com/avalsiniarku/status/1678680440448724992?s=20https://twitter.com/v1adimir7/status/1678664704250593280?s

Коментари | пред 3 години

RSBSP_02

Следел малолетничка и и понудил пари за да влезе во неговото возило

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Х.(59) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 05.05.2023 во близина на Саат џамија во Тетово, пријавениот со патничко возило „мерцедес“ следел малолетничка и ѝ понудил пари за да влезе во неговото возило.

Македонија | пред 3 години

soobrakajna-nesreka

Оштетено ветробранското стакло на автомобил во Ѓорче од залутано зрно

На 10.07.2023 во 12.30 часот Т.З.(70) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Ѓорче Петров од залутано зрно му било оштетено ветробранското стакло од неговото патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

zoran-verusevski-obvinitelna-klupa-640x331

Државата ќе треба да му плати на Верушевски околу 30.000 евра за душевна болка

По пет илјади денари за секој од 344 дена поминати во притвор во 2015 година за предметот „Пуч“, ќе треба да му плати државата на Зоран Верушевски.Врховниот суд одлучи врз основа на ревизијата побарана од Државното правобранителство, а која се однесуваше на проверка на одлуката на Апелацискиот суд, дека Верушевски треба да добие околу 30.000 евра за повреда на честа и угледот и за наплата на судските трошоци.Верушевски ја тужеше државата и бараше отштета од 71.000 евра за 344 дена поминати неосн

Македонија | пред 3 години

2

(ФОТО) При контрола во два отпади пронајдена нелегално исечена дрвна маса

На 11.07.2023 во рамки на „Безбедно лето 2023“, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со полициската станица од општа надлежност Битола, како и во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат во Битола беше спроведена акциска контрола во субјекти кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини.При контролата во два објекти - отпади на ул.„Караорман“ беа констатирани неправилности. Исто така,

Македонија | пред 3 години

11072023_VRSM_Sednica_2

Oдобрена првата група договори за 2023 година согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите

Владата денеска одржа и тематска седница на којашто е одобрена првата група од 82 договора во 2023 година, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, а има и други апликации, коишто се во процес на евалуација.Оваа година има поднесено рекорден број апликации од 432 компании за нови инвестициски проекти, според известувањето од Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвес

Македонија | пред 3 години

11072023_VRSM_Sednica_5

Се усогласува Законот за добивка согласно препораки од ЕК

Владата го утврди и текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.Целта на предложените измени и дополнувања, според објаснувањето од ресорното министерство, е усогласување со препораките од Европската Комисија и од меѓународните финансиски институции. При тоа, се пропишуваат законски решенија коишто придонесуваат за намалување на административниот товар на даночните обврзници и на Управата за јавни приходи, проширување на даночната база, преку таргетир

Македонија | пред 3 години

20230210123803

Се воведува данок на солидарност базиран на правичност, еднаквост и пропорционалност

Владата го утврди и текстот на Предлог на закон за данокот на солидарност.Целта на овој Предлог на закон, како што е информирано од Министерството, е секој да учествува во намирувањето на јавните расходи, во согласност со своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од ценовната и енергетската криза, при што е земена предвид европска регулатива.Европската Унија, како што е посочено, заради ублажување на последиците од енергетската криза, усвои Регулати

Македонија | пред 3 години

zgrada-stan

Утврдени се текстовите на три предлози на закони со што се намалуваат даночни стапки за производи и се одложува примената на нова даночна стапка при продажба на недвижности

Владата на Република Северна Македонија денеска одржа редовна седница и тематска седница.На редовната седница, Владата, на предлог на Министерството за финансии утврди текстови на три предлози на закони, чиишто одредби се усогласуваат со директиви на Европската Унија и европското право.Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.Со предлог измените и дополнувањата на Законот, како што е образложено од ресорното министерство,

Македонија | пред 3 години

358045835_551971063816508_922931232100216546_n

Во сабота протест против рудникот Иловица: Сите заедно да застанеме против рудникот на смртта

Во сабота со почеток од 11 часот се организира протест во Струмица против рудникот „Иловица-Штука“.„РУДНИК НЕМА ДА ИМА!!!Ова не е обичен протест, ова не е негодување против партиските паразити, ова не е дневна политика, ова е бунтовен крик на животот наспроти пресудата од елитите на бавна и сигурна смрт!Никој нема да биде поштеден затоа што никој, никогаш и никаде не избегал од отровите што вечно ќе ни останат во наследство од непромислената човечка алчност и кусогледост.Македонија се бори - од

Македонија | пред 3 години

311605037_671454257677175_2755789110950280488_n

Груевски бара Врховен да ја преиспита пресудата за неговите плацеви на Водно

Поранешниот премиер, Никола Груевски побарал вонредно преиспитување на правосилната пресуда за „Плацевите на Водно“.Барањето, Груевски го доставил вчера до Врховниот суд преку неговиот адвокат Димитар Дангов.„Вчера до Врховниот суд е доставено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Никола Груевски преку неговиот бранител Димитар Дангов, адвокат од Скопје, по предметот познат во јавноста како „Плацеви на Водно“.По поднесеното барање оформен е предмет под КВП-КОК2-16/2

Коментари | пред 3 години

orce-danela-768x531-1

Арсовска го нарече инфлуенсер, па Георгиевски и врати: Прашањето е дали има каде да се слика градоначалничката на Скопје?

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Георгиевски во вчерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа изјави дека во неговата општина има реализирано многу проекти и имал многу слики, па праша дали има каде да се слика градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.Да се сликате треба нешто да сработите или нешто да почнете да работите. За жал две години наназад, година и седум осум месеци од кога е госпоѓата Арсовска градоначалник на Скопје, јас еве имам многу слики, многу проекти се ре

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат да се поведе постапка против директорот на „Дрисла“: „Депонијата е јавно претпријатие на сите граѓани“

Денеска е вторник и петти ден откако контејнерите се преполнети и истурени на улиците, вели Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел-дискусија со наслов „Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните“.„Доаѓајќи наваму забележав на главните градски улици, не зборувам за споредните затоа што тоа вчера беше кажано дека главните градски улици се чисти и сега се чистат споредните улици, тоа не точно бидејќи денеска поминува

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ангелова: Град Скопје е во целосна нефункционалност и наместо реализација на проекти, секојдневно гледаме скандали

Град Скопје е во целосна нефункционалност и наместо реализација на оние проекти што беа ветени во програмата, ние гледаме секојдневно скандали и нови ескалации во Градот и во сите јавни претпријатија, истакна советничката во Град Скопје, Емилија Ангелова, на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните“.„Имавме многу голем штрајк во ЈСП, граѓаните не можеа да стигнат на своите работни места поради тоа што беше

Македонија | пред 3 години

stefan11072023

Андоновски: Дрисла е јавно претпријатие на сите граѓани, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат НО и УО да покренат постапка против директорот на претпријатието

Не можам да си поверувам дека во третата дека од 21 век зборуваме за полни контејнери во Град Скопје и денеска е вторник и петти ден откако контејнерите се преполнети и истурени по улиците, вели Стефан Андоновски, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија насловена Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните.Андоновски истакна дека денеска кога се движел низ славните градски улици забележал дека сепак ѓубрето не е исчистено од

Македонија | пред 3 години

275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Владата и синдикатите постигнаа договор, од септември 2023 година 10% повисоки плати и нова Методологија за пресметка на плати во јавниот сектор

Владата и синдикатите по успешните преговори и отворен дијалог, дојдоа до заедничко решение кое трајно ќе го реши прашањето за платите на вработените во јавниот сектор.На вчерашниот работен состанок, двете страни договорија 10% раст на платите од септември 2023, како и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година од 10.000 денари, кој ќе биде исплатен до крај на годината.Покрај ова постигнат е и договор за системско покачување на платите во јавниот сектор, преку методологија која ќе го реши

Македонија | пред 3 години

Emilija-Angelova-11.07.2023

Ангелова: Град Скопје е во целосна нефункционалност и наместо реализација на проекти секојдневно гледаме скандали

Градот Скопје е во целосна нефункционалност и наместо реализација на оние проекти којшто беа ветено во програмата ние гледаме секојдневно скандали и нови ескалации во Градот и во сите јавни претпријатија, истакна советничката во Град Скопје, Емилија Ангелова на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните“.„Имавме многу голем штрајк во ЈСП, граѓаните не можеа да стигнат на своите работни места заради тоа што

Скопје | пред 3 години

pari

Вработена во осигурителна компанија излажала жена дека доколку и ги даде парите може да ѝ го зголеми износот на оштетеното побарување

Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.П.Н.(44) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по чл.247 и кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по чл.378 од Кривичниот законик.Пријавената, како вработена во осигурителна компанија во периодот од 2020 до 2021 година, со лажно прикажување на факти ја измамила оштетената, убедувајќи ја дека доколку и ги даде парите добиени по основ осигурително

Скопје | пред 3 години

359342811_739768044829879_1386188475731252065_n

(ФОТО) Општина Охрид изгради детско игралиште на плажата во Пештани

Во рамки на реализацијата на Градската плажа во Пештани, започнавме да работиме на изградба на детско игралиште. Денес, се работи на поставување на детските реквизите, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Изведувач на активностите е ЈП „Градски пазар“ и компанијата „Дион градител“.Средставата за изградба на игралиштето се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Охрид | пред 3 години

Нема фотографија

Сите јавни претпријатија да се вклучат во чистење на ѓубрето во Скопје, порача Јанчева

Со денови Скопје се дави во ѓубре. Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје создаде невиден хаос, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје„Неспособноста на ДПМНЕ и нивните градоначалници го претворија Скопје во една огромна депонија. Хаосот со ѓубрето претставува и здравствен ризик, поради можноста од појава на зарази.Скопјани ова не го заслужуваат.За проблемот со ѓубрето советничката група на СДСМ иницира одржување вонредна седница на Со

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања