Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Foto-3-1

Пендаровски го нема да гукне ни „А“, ни „Б“ во однос на состојбата, вели Николовски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на прашање за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ би се согласило да присуствува на лидерска средба за решавање на новонастанатата ситуација, рече дека ќе се направи се што е потребно за да се стигне до предвремени избори кои би значеле решавање на настанатата криза, иако претседателот Пендаровски денеска потфрли во својата улога и никаде го немаше да реагира за тоа што се случуваше со пратениците во Собрание, а судејќи според тоа јасно се гледа дека е седнат во нечиј „скут“ и неговиот крај ќе си го види во 2024 година.„Сѐ што е потребно за да стигнеме до предвремени избори, иако денеска претседателот на државата потфрли во сопствената улога. Претседателот на државата често вака знае да дава коментари за што треба и што не треба, ама во ден во кој што еден пратеник еве мистично исчезна, да му олеснам на Пендаровски да не мора да користи други зборови, да го нема да гукне ни „А“, ни „Б“ во однос на состојбата, многу кажува дека е седнат во некој скут. Вчера даваше глупи изјави од типот дека светските лидери не спијат за Зоран Заев да остане премиер, а денеска го нема „А“ да каже за ова што се случува во македонското Собрание. Заврши и тој како претседател, ќе си го види крајот во 2024 година, истакна Николоски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-11-213831

Николовски: Ова денес е се само не е демократија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на информациите за киднапирање на пратеникот Кастриот Реџепи изјави дека неговата пратеничка група пријави во полиција и очекува полицијата да се произнесе, а за сето она што денес се случуваше во Собранието кажа дека е се само не демократија.„Пријави неговата пратеничка група во полицијата, очекуваме полицијата да се произнесе, но не сме сигурно во она што го кажуваше пратеникот, многу е сомнително доколку навистина пратеникот имаше став дека владата треба да остане ќе беше најлогично да дојде во Собранието и да гласа за владата да остане. Пратениците може да гласаат владата да си оди или владата да остане, но да се крие цел ден, да не може никој од неговото семејство да го добие, да му бидат исклучени телефоните, па мистично да се појави статус на фејсбук, па откако целата држава почна да зборува мистично да се појави некое видео каде што позади има бел ѕид, човекот е блед и изгледа како што изгледа, видовте сите, е се само не демократија“, нагласи Николоски.

Македонија | пред 4 години

dimitrov

Ситуацијата не излезе како што планираа, да се фокусираме кон градење, а не кон рушење, вели Димитров

Никола Димитров во гостувањето на ТВ21 вечерва рече дека земјата по денешните случувања во Собранието треба да продолжи на патот на евроинтегративниот процес.„Имавме локални избори, и ги претворивме во политичко-парламентарна криза. Тука видоа шанса опозициските партии, и една многу шарена да кажам коалиција. Мене шарената ми е за убави работи, а сега се здружија за да срушат нешто. Таа различност доведе до тоа, но ситуацијата не излезе така како што планираа. Според зборовите на пратеникот Реџепи, шансата за европските интеграции била главната причина затоа што се откажал, и дека имал контакти со дипломати. Ќе биде убаво следниот период да се фокусираме кон градењето, а не кон рушењето. Имаме пандемија, ситуацијата во регионот е загрижувачка, и мислам дека треба решителни одлуки“, рече Димитров.

Актуелно | пред 4 години

Screenshot-2021-11-11-at-20.35.24

Ко да го породиле, реакции по операцијата на Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави фотографии од државната клиника каде правеше операција. Тој оперирал масно ткиво на вратот.Веднаш по објавата имаше реакции на социјалните мрежи а ова се дел од нив.https://twitter.com/nesa_bridzis/status/1458895043679432705https://twitter.com/AgentFordMKD/status/1458892511418761219https://twitter.com/Dank_Hopper/status/1458898440398770190https://twitter.com/Safiye_Sultanaa/status/1458891268352884739https://twitter.com/nepotvrden/status/1458891104703688707https://twitter.com/DesnoLev/status/1458886756942626821 

Коментари | пред 4 години

Screenshot-2021-11-11-213831

Со барање за брзи избори, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заминаа од седницата за недоверба без гласање

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конеференција изјави дека пратениците го напуштаат собранието.„За жал имаме ден кој ке биде на црните страници на македонската историја, беше киднапиран пратеник. Ќе одговараат сите кои одзимаа телеофни од пратеници, држеа затворени пратеници, и оние кои киднапираа пратеник. Ќе има одговорност. Имам порака во име на целата коалиција, а тоа е дека најбрзото и наједноставно решение за излез од оваа криза се брзи предвремени избори во најкус можен рок“, изјави НиколовскиТој им порача на оние кои го држат пратеникот да го ослободат.

Македонија | пред 4 години

Capturetzhr6u

(ВИДЕО) Синовите на Маринко Роквиќ плачеа и пееја на комеморацијата на татко им

Денеска, во Белград е погребан фолк-пејачот Маринко Роквиќ, кој почина на 68 години од рак на простатата. На комеморацијата, што претходно се одржа во Радио Белград, првин пристигна неговото семејство, сопругата Славица и синовите Никола и Марко Роквиќ.На комеморацијата говор одржа еден од најдобрите пријатели на Маринко, поранешниот фудбалер и актуелен тренер на Црвена ѕвезда, Бошко Ѓуровски. Додека тој се простуваше од својот пријател, до него дојдоа синовите на Маринко и заедно ја испеаја песната на Шабан Шаулиќ – „Таму крај најдалечните ридови“. Додека пееја, синовите на фолк-пејачот почнаа да плачат.На комеморацијата дојдоа и композиторот Миша Мијатовиќ и пејачката Ана Бекута. Погребот на Маринко ќе се одржи во 14.30 на гробиштата на Бежаниска коса во Белград. 

Магазин | пред 4 години

apasiev-1068x580

Апасиев: Оваа влада не паѓа милум и треба радикализација на состојбата

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вели дека видеото кое беше објавено од пратеникот изгледа на оние заробеници на терористички организиции.„Ова е преседан кој ќе ни се врати од глава. Кога можете пратеник да киднапирате и да држите… Не знам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како оние заробеници на терористички организации пред егзекуција. Ситуацијата е опасна, граѓаните треба да ја сфатат сериозноста. Мислам оваа власт не паѓа со милум и треба радикализација на состојбата – порача Апасиев.„Пратеникот до последно беше со нас, нешто се случило“, додаде Апасиев.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-11-at-20.33.14

Мицкоски оперирал масно ткиво на вратот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на Клиниката во Скопје имаше оперативен зафат. На Мицкоски му било отстрането масно ткиво од вратот, а на фотографијата која тој ја објави може да се забележи фластер токму во тој дел.„Динамичен ден. Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката… После 45 минути лесна хируршка интервенција, се чувствувам одлично. Огромна благодарност до д-р Џиковски, Срцева, Пеев и останатите. Одиме понатаму, ние сме тоа што тие не се – Обединети за нова иднина на Македонија!“, напиша тој.

Македонија | пред 4 години

apasiev-1068x580

Со репетиран калаш на слепоочница се пишуваат најубавите статуси, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев по објавеното видео од пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, вели дека со репетиран калаш на слепоочница се пишуваат најубавите евро-атлантски пратенички статуси.Претседателот на БЕСА, Билал Касами го пријави Реџепи за исчезнат. Рече дека се додека не го види ќе смета дека е киднапиран.

Коментари | пред 4 години

stojkoski3-960x641-1

Стојкоски го испрати младиот Андреј Стојаноски на СП во Полска

Ѓорче Петров ќе ги поддржи вистинските шампиони и ќе ги мотивира кон нови спортски дострели. Шампионе, среќно и те чекаме на “златната порта” со медалот од Гливице, објави на Фејсбук, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.„Младиот и скромен Андреј Стојаноски е спортскиот бисер на Ѓорче!  Импозантен спортист, со високи резултати во пливањето! Еден од спортистите со кои се гордееме.Заедно со претседатеката на Советот на општината Ѓорче Петров, Ленче Нелоска се сретнавме пред неговото заминување на СП, кое ќе се одржи во Полска. 27 годишниот Андреј е вицешампион во пливање на СП во Тексас, соборува државни рекорди, има 5 спортски оскари и над 300 награди и медали. Чест ми е да дадам скромен допринос на овие врвни резултати, затоа што тоа се успеси на Македонија.Спортот е најголем амбасадор на државата, а Андреј со своите успеси на меѓународната сцена придонесува за вистинска промоција на Ѓорче и Македонија.Ѓорче Петров ќе ги поддржи вистинските шампиони и ќе ги мотивира кон нови спортски дострели. Шампионе, среќно и те чекаме на “златната порта” со медалот од Гливице, објави на Фејсбук, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Скопје | пред 4 години

kim-mehmetiii-780x439-728x430-1

Мехмети: Ако Реџепи е сигурен во тие негови ставови што има потреба да се крие

Кастриот Реџепи се плаши од себеси, се плаши од своите постапки, подобро од него не знае што тој сторил. Оти тој да е сигурен во тие негови ставови што има потреба да се крие. Човек што е за НАТО, за ЕУ што злосторство направил. Меѓутоа тука има друга приказна, јас не тврдам конкретно за овој случај. Нашите партии станале трговачки фирми, кај што се тргува обично со меѓуетничките односи. Зашто е тоа така? Затоа што во Македонија покер се игра со етнички карти, истакна Ким Мехмети гостувајќи во „Само интервју“.Мехмети додаде дека на пример претседателот на ДУИ оди кај претседателот на СДСМ и му вели дај ми три месеци јас да имам премиер на Влада и јас ќе те подржам тебе 45 месеци. Значи се уште играта е на етничка основа.„Вие треба некои нешта да ги бетонирате со Устав, значи да кажете дека од трите најврвни функции во државата не можат никогаш да припаднат на еден ентитет. Во Уставот да не стои да стои таа погубна формулација јазикот на 20%, туку албанскиот јазик е званичен јазик во Македонија и ред други нешта со кои тргуваат политичките партии и албанските и македонските“, рече Мехмети.Мехмети посочи дека најголеми виновници што им се случува на Албанците се албанските политички партии. На албанските партии им одговараат етнички поделби.„Во општина Сарај на пример па таму дури и опозиционите партии веќе не веруваат дека можат да победат и предлагаат некои кандидати што вака и нивното семејство не ги гласа. Па, јас знаев дека кандидатот на ДУИ не од први круг туку тој ќе победи од прва. Самата опозиција е уништена кај нас. Уништена е ради овие причини“, појасни Мехмети.Мехмети рече дека албанските партии траат сезонски бидејќи ДУИ ги уништува.

Македонија | пред 4 години

partizanska-brza-pomos-912

Ужасно: 18 починати од корона, 432 се новозаразени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:· Направени се 2.663 тестирања, а регистрирани се 432 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 142, Битола – 47, Прилеп – 31, Куманово – 22, Кавадарци – 19, Тетово, Велес и Кочани – по 18, Штип и Радовиш – по 12, Демир Хисар – 9, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 8, Виница – 7, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Охрид и Кичево – по 5, Струмица – 4, Крушево – 3, Македонска Каменица – 2, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.· Регистрирани сe 448 оздравени пациент од: Скопје – 186, Куманово – 42, Прилеп и Велес – по 26, Кавадараци – 21, Битола – 19, Кочани и Штип – по 16, Тетово и Крива Паланка – по 14, Кичево – 9, Пробиштип – 8, Неготино и Охрид – по 6, Гевгелија и Делчево - по 5, Демир Хисар и Струга - по 4, Кратово и Свети Николе – по 3, Радовиш, Гостивар, Берово, Струмица и Валандово – по 2, Ресен, Македонска Каменица, Богданци, Пехчево и Македонски Брод – по 1.· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Скопје (45г, 78г, 88г и 90г), по 2 починати лица од Куманово (42г и 70г), Битола (51г и 68г) и Прилеп (66г и 70г), и по едно починато лице од Делчево (74г), Велес (79г) и Кочани (55г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 09.11.2021. Регистрирани се починати лица од Крива Паланка (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Виница(1), на возраст од 57-82г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.· Направени се 2.663 тест преку: ИЈЗ-300, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-37,ЦЈЗ Тетово–65, ЦЈЗ Куманово-52, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–4, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Авицена-109, Биотек-175, Систина-49, лабораторија Лаор-66, Синлаб-16, Ремедика-16, Плодност–57, Генеа-3, Никоб лаб-184, ВФВ Медикал-34, Ели Медика-14, Ројал Медика –9, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.217.Досега во земјата се направени вкупно 1.418.655 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.998, бројот на оздравени пациенти е 192.370, на починати е 7.294, а бројот на активни случаи изнесува 8.334.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 90894, активни 3773Куманово 12587, активни 388Тетово 11193, активни 222Прилеп 9786, активни 397Гостивар 8035, активни 42Битола 7954, активни 606Велес 7033, активни 360Кавадарци 6575, активни 349Штип 6376, активни 257Охрид 6250, активни 213Струмица 5960, активни 108Кичево 4177, активни 113Струга 3865, активни 50Кочани 3767, активни 233Гевгелија 2658, активни 138Неготино 2476, активни 96Свети Николе 2059, активни 86Крива Паланка 1772, активни 167Радовиш 1666, активни 84Ресен 1639, активни 79Дебар 1453, активни 3Берово 1310, активни 63Делчево 1257, активни 108Виница 1119, активни 44Пробиштип 1081, активни 68Валандово 871, активни 20Кратово 704, активни 62Богданци 608, активни 28Крушево 571, активни 31Демир Хисар 544, активни 72Македонски Брод 482, активни 6Демир Капија 414, активни 5Македонска Каменица 383, активни 53Пехчево 326, активни 3Дојран 153, активни 7

пред 4 години

kasami-2

Откако „исчезнатиот“ пратеник сними видео, Касами има нова теорија за тоа каде е

Лидерот на Беса, Биљал Касами, го повика МВР да излезе со службена информација каде се наоѓа нивниот сопартиец Кастриот Реџепи и официјално да соопшти дека тој и неговото семејство се безбедни.„Во моментов не е важна неговата позиција, не е важно на која страна е. Движењето Беса има јасен став, дека оваа Влада треба да падне. Сакаме да не известат дека пратеникот е здрав и жив со неговото семејство, ништо друго не е веќе важно“, изјави Касами.Тој е убеден дека видеото на Реџепи објавено на социјалните мрежи е направено под присила.„Во ситуација кога одам да го пријавам за исчезнат во МВР, излегува видеото. Затоа се сомневаме дека оваа ситуација e исценирана, знаеме во кој контекст, поради гласањето“, рече Касами.Тој додаде дека Реџепи се уште е недостапен на неговиот мобилен телефон и дека во случајов, станува збор за криминални – терористички методи што се применуваат врз пратеници.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-11-at-20.35.24

Мицкоски објави фотографија по операција

Христијан Мицкоски објави фотографија од болница, каде тој е легнат на болнички кревет. Не пишува каква операција правел, само посочува дека се чувствува одлично.„Динамичен ден. Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката... После 45 минути лесна хируршка интервенција, се чувствувам одлично. Огромна благодарност до д-р Џиковски, Срцева, Пеев и останатите. Одиме понатаму, ние сме тоа што тие не се - Обединети за нова иднина на Македонија!“, напиша тој.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-11-at-18.14.10

ВИДЕО: Мицевски и Петкова си заминаа од Собранието

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, и пратеничката Ангелинка Петкова, си заминаа од Собранието.Тие, иако позитивни на ковид-19, утринава дојдоа во Собранието со цел да гласаат на седницата за доверба на Владата.Според протоколот, тие треба да гласаат во посебна просторија.

Македонија | пред 4 години

uploads_thumbs_resize_800x420_502842

(ВИДЕО) Кастриот Реџепи: Јас сум здрав и добар, се гледаме наскоро

Реџепи , за кого имаше бројни шпекулации во текот на денот, се огласи на ФБ и порача дека е здрав и добро . „Се гледаме наскоро“ , порача Реџепи.Ви благодарам на сите за поддршката. Стабилноста и безбедноста на државата, како и мирот и благосостојбата на нашиот народ мора да ни бидат најважни од се.Билал Касами и другите, да не се грижат за мене. Јас сум на сигурно, на вистинската страна, на страната на албанскиот народ и на страната на сите граѓани кои сакаат мир, стабилност и демократија. Јас сум со ЕУ и НАТО, а не со анти-албанците.Ви го зборувам ова со чиста совест, а штом ги одминам ризиците кои ми доаѓаат како закана од некои мои сопартијци, ќе одговарам и на сите прашања на медиумите. До тогаш, да живеат слободата и демократијата. Да живеат Албанците, Македонците и сите други граѓани на СМакедонија.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-11-at-16.51.47

„Срцето му лежи во Брисел“, рече Адеми за Реџепи и одговори каде му лежат нозете

„Секако пратениците се за едно Влада која негува евроатлантски вредности. Срцето на Реџепи лежи во Вашингтон и Брисел, јас сум длабоко убеден дека тука лежи неговата одлука“, смета пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми, кој на прашање каде лежат нозете на Реџепи рече: „Ќе го прашате пратеникот, немаме информации. Тука сме со пратениците на ДУИ, заедно. Не сме имаме контакт“. 

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-11-at-16.51.26

Не ме чуди СДСМ и ДУИ да имаат и поголемо мнозинство, смета Мицкоски, кој смета дека пратеникот кој го нема се држи некаде

Јас вакви методи немам, ниту ми паѓа на памет, ако ова е точно дека пратеникот Реџепи некаде се држи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за медиумите.Според него, ова е влада што погрешно ги води процесите.-Ќе почекаме до 12 часот, да видиме дали човекот е жив и здрав. Ако не, ќе бараме одговори од МВР. Ова се сепак методи од 16-тиот век. Се срамам што сум дел од ова политичко мочуриште. Со никти греба за да останат каде што се. Не ме чуди СДСМ и ДУИ да направат поголемо мнозинство после ова, од ова што е, потенцира Мицкоски и додава дека предвремени парламентарни избори се решение за излез од кризата.„Да видиме прво дали е здрав, прав човекот. Освен порака на социјалните медиуми, друго не знаеме. Физички што се случува со човекот, дали е некаде против своја волја или е доброволно таму. Да ги видиме тие вредности што ги споделува затоа што пратеници туку така не исчезнуваат“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

sela-1

Села е загиржен за пратеникот кој не дојде во Собрание, а се надева и на мнозинство

Лидерот Зијадин Села е загиржен за тоа каде се наоѓа Кастриот Реџепи, пратеник од БЕСА кој не дојде да гласа за недоверба на Владата. Тој смета дека се друго е споредно, иако тврди дека има надеж за мнозинство за недоверба на Владата.„Во моментов немаме негово физичко присуство во Собрание или некаде, да дава изјава. Тоа го кажувам од човечки апсект. Сите пратеници навистина треба да бидат загрижени што имаме само статус на Фејсбук, а не глас и физичко присуство на Кастриот Реџепи. За ова треба да дадат одговор институциите на државата. Не знам дали е безбеден или не пратеникот. Сите кои се сметаат за хумани, треба да речат, чекајте пред да зборуваме за нова власт да видиме дали тој е безбеден. Сите кои аплаудираат на ваков развој на настаните, мислам дека ништо хумано нема кај нив. Се надевам дека ќе се створат услови. Ова е доказ на тоа што го реков, денеска паѓа Владата и најпосле ќе се ослободат институциите. И во моментот кога зборуваме не знаеме каде се наоѓа еден пратеник. “

Македонија | пред 4 години

56-1

Силјановска: Да си член на Беса и да си ја отповикаш Бесата е невидено и нечуено

Професорката Гордана Силјановска Давкова, се обрати преку социјалната мрежа Фејсбук коментирајќи ја постапката на пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, за непојавувањето на денешната седница на која беше закажано гласањето за недоверба на Владата.„Земја на чудата: отповиклива оставка, одложена оставка на неопределено време, отповиклив потпис…ама да си член на Беса и да си ја отповикаш Бесата е невидено и нечуено. Освен ако…????“, напиша професорката на Фејсбук.

Коментари | пред 4 години

kasami

Касами се сомнева дека неговиот пратеник присилно се држи некаде

Беса стои зад пад на овој режим. Последните случувања со пратеникот докажуват дека оваа власт е спремна на се за да остане во овие позиции, изјави Касами.„Се додека јас немам јасна слика и глас на пратеникот јас се сомневам дека против својата волја го има кажано тоа. Денеска го немам контактирано. Вчера беше последна информација. Тој вчера беше во рамките на пивиците. Се додека не излезе да кежа дека овој став е негов јас како претседател на беса имам право да се сомневам дека тој против својата волја не може да доје во Собрание. Ако се потврди дека е негов став дополнително ќе се преземат мерки во партијата“, додава тој.

Македонија | пред 4 години

hodza

Хоџа обвинува за закани и уцени

Врвот на опасноста на демократијата се достигнува кога преку недемократски форми, дури и на пратениците им се оневозможува слободното изразување на волјата, објави секретарот на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, на својот фејсбук профил.– Заканата, уцената или другите форми на влијание се показател за инсталирање режим кој е ставен над волјата на народот. И покрај се, Движењето БЕСА ја продолжува војната. Одиме по нашиот свет пат за да го победиме злото!, пишува Хоџа и додава дека секој поединечно ќе одговара за своите постапки, додека Движењето БЕСА „продолжува со политичкото патување“.Тој уште посочува дека соработката на опозицијата со Алијансата за Албанците и Алтернатива „ќе продолжи до последното уривање на овој режим“.

Македонија | пред 4 години

Mickoski-1

Реџепи е современиот Амди Бајрам, вели Мицкоски

Телевизија 21 успеаa да го регистрира доаѓањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Собранието.Tој е видно разочаран од повлекувањето на Кастриот Реџепи од гласањето на недоверба на Владата. За него Реџепи е современиот Амди Бајрам.На прашањетоп што се случува, Мицкоски одговара „Еве гледате“.„Досега бев на часови на факултет, сега одам таму за од лице место ја дознаам вистината.На прашањето пак, дали ќе има замена за Кастриот Реџепи, тој одговори - „За современиот, нека му е вечна земја, Амди Бајрам?“.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

При претрес во липковско, пронајдено оружје,

Денеска (11.11.2021) во 08.35 часот во с.Лојане, општина Липково, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и СВР Куманово го лишиле од слобода З.И.(67) од с.Лојане.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Чешка зброевка“, две рамки за пиштолот и 50 куршуми калибар 9 мм, кои ги поседувал без дозвола.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

Stefkovski11112021

Стефковски: Нема веќе листа на чекање за прием во градинка

Градоначалникот на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ Бобан Стефковски во интервју на Радио Лидер во емисијата „Утро со Златев“ потенцираше дека во урбаниот дел е започнато детално чистење на општината, но и дека е поднесена апликација за изградба на нова детска градинка во Ќерамидница.Стефковски посочи дека со изградба на четирите детски градинки кои што ги ветил во изборниот период ќе се реши проблемот со кои се соочуваат голем број на жители, а како што нагласи веќе нема да има листа на чекање на дечињата во детските градинки.Во урбаниот дел започнавме со детално чистење на урбаните средини. Поднесов апликација за изградба на нова детска градинка во Ќерамидница. Во мојата програма имам ветување за изградба на четири детски градинки и тоа во Керамидница, Сингелиќ, Трубарево и Инџиково. Дадов налог за изработка на проекти за сите овие четири градинки и тоа е едно од клучните потреби со кои се соочуваат жителите на општина Гази Баба. Во моментот имаме 400 дечиња кои што чекаат на листа за упис во детските градинки и мораме ова прашање да го решиме, вели Стефковски.За жал изминатиот период од оние информации кои што ги добивав лично до граѓаните голем број од млади брачни парови кои што имаат дечиња одлучуваат едниот родител да ја напушти работата за да може да се грижи за своето дете затоа што на листата за во градинка било на чекање подолго од 6 месеци или една година. Ова е жалосно и тоа ние клучен приоритет кој што треба да го реализираме во наредниот период, рече Стефковски.Со овие четири градинки комплетно ќе ги задоволиме потребите на граѓаните и веќе листата на чекање нема да има, нагласи тој.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања