Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

DSC_0614

Докторката која почина од ковид била донесена со ниска сатурација

Во Градската болница „ 8 Септември“ вчера почина 42-годишна докторка од Кумановската болница од Ковид 19, која дошла со многу тешка клиничка слика, потврдија од болницата за „Фокус“.„Во нашата установа е дојдена со 60 посто сатурација на РТГ АРДС. Анестезиолозите немале видено пообезен пациент болне од ковид некогаш хоспитализиран кај нас. Се лекувала во домашни услови, додека не и паднала сатурацијата. Докторите се пациенти како и сите други, нема зошто третманот да им биде поразличен. Три дена лежеше кај нас, прими и конвалесцентна плазма и ремдисивир, покрај се друго по препораките“ потврдија во изјава од Градската болница. Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

Уапсени четири странски државјанки од угостителски објекти во Тетово

Синоќа во периодот од 22.50 часот на 10.11. до 01.00 часот на 11.11.2021, полициски службеници на СВР Тетово, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделение за прекуграничен криминал и миграции во содејство со Трудов инспекторат извршиле акциски контроли во три угостителски објекти на подрачјето на Тетово.Притоа во 01.50 часот, во угостителски објект во с.Жеровјане, тетовско, од слобода биле лишени четири странски државјанки – К.И.(29) од Република Бугарија, Д.К.(32) од Република Србија, А.Х.(24) од Русија и М.Н.(26) од Република Србија, затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Во 00.30 часот во угостителски објект во с.Горно Седларце, тетовско, биле приведени А.К.(34) и Е.К.(37), двајцата од Република Албанија, поради илегален престој во Република Северна Македонија и неносење на дозвола за престој.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Автомобил удри прешак

На 10.11.2021 околу 17.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Никола Тесла“ во Куманово, патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.К.(19) од Куманово, удрило во пешак Д.Т.(43) од Куманово. Во несреќата Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 4 години

pozar-pristina

Кумановец почина откако се запали поранешна фабрика

На 10.11.2021 во 15.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во помошен објект од поранешна фабрика на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, сопственост на М.П.(59). Во пожарот починал Д.Л.(79) од Куманово, роднина на сопственикот, кој живеел тука. Смрт констатирал лекар од Медицински центар Куманово. Во 16.50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид ќе се врши во текот на денот.

Македонија | пред 4 години

muhamed-zekiri0

Game change, вели Зекири

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири преку својот Фејсбук профил реагираше на последните случувања во Собранието каде член на Движењето Беса не е присутен на седницата на која се гласа доверба на Владата.„Game change“, напиша Зекири, што во превод значи „промена на играта“

Коментари | пред 4 години

soobrajaka-straza-kiceec

Кои се олеснителни, а кои отежителни околности во случајот за Кичеец?

"Обвинителството во одговор посочува дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот. Единствен констатиран пропуст со сообраќајното вештачење е претекнување на полна лента", пишува адвокатот Сузана Јошевска Анастасовска.„Така е, како олеснителни околности при одмерување казна да се земаат нормални работи како што се да не возиш пијан и да не возиш брзо. Можеле да пишат дека ете, имал ставено и појас, дека возел со запалени светла, дека претекнувал со вклучен лев трепкач. Е сега, полна лента само што поминал, од сите овие работи, тоа му е ЕДИНСТВЕНИОТ пропуст. Толку пропусти можел да направи, тој направил само еден. Плус се кае. 6 месеци е фер!А дали обвинителството му ја зема како отежителна околноста дека вкупно 7 лица имаат тешки телесни повреди од тој негов ЕДИНСТВЕН пропуст.Дали ја зема како отежителна околноста дека извршил злоупотреба на дозвола за лекување и дека воопшто не требал да биде во кола на Стража, туку во болница или дома, пошто нели, срцеви проблеми, тахикардии има и сл.?Дали обвинителството му ја зема за отежителна околноста што со таа негова "докажана" здравствена состојба тој би требало да избегнува да вози, особено на отворен пат?Жал ми е за децата на починатиот и целото негово семејство.Претекнување на полна лента и предизвикување директен судир е дивеење, тоа е евентуална умисла (dolus evetualis, свесност дека од дејствието може да настапи последица и согласување со нејзиното настапување) не е и не може да биде небрежност. Небрежност би било на пример, претекнување на испрекината лента, со почитување на сите сообраќајни прописи, но со лоша проценка за сообраќајната ситуација и со тоа предизвикување последица. Разликата е во свесното прекршување правила!Едно време се учеше кривично право темелно, овој фушерај одговара само на тие што можат да платат или да купат правда“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

apasiev-1068x580

Апасиев: Киднапирале пратеник мислејќи дека така нема да паднат

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил објави статус за наводно киднапирање на пратеник со цел да не се изгласа недоверба на Владата.„Јако еј! КИДНАПИРАЛЕ пратеник мислејќи дека така нема да паднат!?#МафијаVsПратеници“, објави Апасиев

Коментари | пред 4 години

Нема фотографија

Реџепи: Не доаѓам денеска во Собранието

Пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи се огласи на Фејсбук и порача: Не доаѓам денеска во Собранието за да учествувам во паѓањето на Владата.„Една од главните причини за мојата и Движење Беса на која припаѓам е интеграцијата на евроатлантскиот на РСМ.Имајќи го предвид политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, заради процесот и силните сигнали од стратешките партнери на САД и ЕУ кои ми беа доставени од висок дипломатски претставник, дека во декември има одлична шанса да имаме датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, решив да не присуствувам на собраниската седница на која ќе се донесе одлука за доведување во прашање оваа витална национална и државна точка. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно ставајќи го интересот на народот и државата на прво место.На државата во овој важен период не ѝ треба политичка криза и нурнување во немирни води со многу непознати“.

Македонија | пред 4 години

Naum-Stoilkovski-10.03-2

Стоилковски: Полиција во дом на пратеник е притисок од Заев

Режимот паѓа онака како што и владееше, недостојно и недостоинствено, со многу криминал и злоупотреби на институциите, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Токму на денот кога се гласа недоверба на владата, режимот на Зоран Заев прави притисок врз опозициски пратеници и пушта полиција за претрес во домот на пратеникот којшто престојува со своите родители!Токму во очи на гласањето, финансиска полиција влегува во домот на родителите на Јован Јаулески, дом во којшто и тој престојува, во 5 часот наутро да врши претрес, да вознемирува, одзема телефони и што ли уште не!Притисокот, полициска бруталност, судски налози, ливчиња и политички нарачани налози за дом на пратеник токму денеска кога се гласа недоверба на владата на овој режим на Зоран Заев! Влетува финансиска полиција на Арафат Муарем, партиски војник којшто одработуваше и за време на изборите во корист на режимот.Токму од сите денови, токму денеска, Зоран Заев, Оливер Спасовски и Арафат Муареми испратија полиција во дом на пратеник на опозицијата! Целта не бил пратеник, целта бил негов родител, којшто и ова ќе додадам, не е приватен стопанственик, не е трговец поединец.Арафат Муареми, Оливер Спасовски, Обвинителството, денес не работат да најдат кој тоа предизвика енергетски колапс и економска штета на државата - Арафат Муарем, Оливер Спасовски, Обвинителите и судот праќаат полиција во дом на пратеници!Почитувани, ништо нема да го спаси режимот. Зоран Заев Оливер Спасовски Арафат Муарем и другите сателити на криминалот и корупцијата, сателити на срамот на државата, за 12 часа ќе се минато“, додава тој.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-11-at-10.21.12

ФОТО: Пратеникот Јаулески со фотографија од Собрание упати порака

Со фотографија од Собрание, пратеникот Јован Јаулески во чиј семеен дом утрово беше вршен претрес од Управата за финансиска полиција, упати порака до власта.„Кај мене не поминуваат притисоци и закани. Хибридниот режим ги живее последните минути на власт. Владата паѓа денес!“, напиша тој.

Македонија | пред 4 години

arafat-muaremi-finansiska-policija-F-1

Финансова не знаела каде прави претрес, ова е оправдувањето за упадот кај Јаулески

Финансова полиција не знаела каде правела претрес утрово. Ова е единственото оправдување по упадот во семејниот дом на пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.-Не е точно дека е упаднато во домот на пратеникот Јаулески. Точно е дека утринава имавме претрес, во дом во Скопје, но не сме зналеле дека тоа е домот на таткото на пратеникот. Претресот е извршен со наредба од суд, а во соработка со Обвинителството, кажаа за „Фокус“.Овој претрес доаѓа во ден кога се гласа недоверба на Влада. Токму сега се лиферуваат информации дека истрагата е за јавни набавки во ЕВН, сектор во кој работи и таткото на пратеникот. Ова никој го нема потврдено, а јавноста го смета за притисок на денот за гласање недоверба.

Македонија | пред 4 години

kiceec-2

Кичеец излага од затвор за викенди и користи годишен одмор

Двапати осудениот Зоран Милески-Кичеец продолжил да ги користи привилегиите во затворот од отворен тип во Струга. Според извори на „А1он“ тој оди на слободни викенди по речиси 15 дена во месецот.Ова доаѓа откако претходно, му беа ускратени сосе правото да работи додека ја одлежува казната. Директорот на затворот во Струга потврдува дека Милески-Кичеец оди на викенди.Според него, тој има право 15-16 дена во месецот да биде на слобода. Тоа значи дека 15 дена во месецот, тој ги поминува во затворот во Струга.повеќе...

Македонија | пред 4 години

dimitar-apasiev-5

„Ни Грујо не упаѓаше по дома на пратеници, мамичето ваше мафијашко“, Апасиев за упадот кај пратеникот Јаулески

Жестока реакција на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев откако кај пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески упадна Финансова полиција во 5 часот сабајле:„Ни Грујо не упаѓаше по дома на опозициски ПРАТЕНИЦИ со имунитет бе, мамичето ваше мафијашко!!! Ќе паднете денес и никад више нема власт да помирисате, багро една предавничко-мафијашка“.

Коментари | пред 4 години

jovan-jauleski

Упаднала полиција во домот на пратеникот Јован Јаулески

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, утринава на социјалната мрежа фејсбук објави дека во неговиот дом упаднала Финасова полиција.-Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!, објави пратеникот на фејсбук.

Македонија | пред 4 години

soobrajaka-straza-kiceec

Кичеец доби шест месеци затвор за сообраќајката со еден загинат, а барал условна

Зоран Милески-Кичеец се спогодил со Обвинителството за сообраќајката која ја предизвика во близина на Стража, во која загина 34-годишен гостиварец, и за случајот ќе одлежи шест месеци затвор, објави А1он.Спогодбата која Милески ја склучил со Обвинителството била прифатена од надлежниот суд. Од Обвинителството за „А1он“ велат дека е констатирано дека тој претекнувал возила на полна лента, за што признал вина и изразил жалење за кривичното дело. Токму ова е олеснителната околност поради која е склучена спогодбата.„Од резултатите на извршените вештачења произлезе дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот. Имајќи ги предвид сите утврдени околности, надлежниот јавен обвинител констатираше дека осомничениот го сторил делото од небрежност и дека во конкретниот случај се исполнети елементите на кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-10-at-16.42.23

Алтернатива ќе гласа за недоверба на Владата, постави услови за влез во новата

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, посочи дека неговите четири пратеници ќе гласаат за недоверба на Владата предводена од СДСМ и ДУИ. Тој вели дека е надминато недоразбирањето со Скендер Реџепи кој не сакаше да гласа на седницата за недоверба, зошто на списокот со потписи беа и пратениците од Левица. Гаши кажа дека ќе влезат во нова Влада само ако таа има јасни определби за евроатланска интеграција на Македонија.„Во минатите денови претставниците на Алтернатива имаа грешка која за нас преставуваше проблем. Тој проблем е отстранет. Апасиев го повлече својот потпис од Иницијативата за недоверба на Владата. Алтернатива има 4 пратеници и утре ќе гласаме за недоверба на Владата“, кажа Гаши.„Збориме за првата фаза која утре ќе заврши. Не знаеме како ќе заврши. Ние како партија ќе одлучиме врз кои принципи ќе преговараме со идниот мандатар, а со партиските органи ќе се договориме како ќе гласаме во иднина. Како опозициска партија, ние сме првпат пред овој предизвик, ДУИ да оди во опозиција. Добро е да се случи промена. Но, Алтернатива може да направи колку што можат да направат четири пратеници. Ние сме тука со нашите принципи и политичка волја, да стоиме на нашиот пат“, додаде Гаши.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Со пурпена оштетена колата Љубица Јанчева

Непознат сторител во текот на ноќта со пурпена ги запечатил вратите на автомобилот на доскорешната претседателка на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева од редовите на СДСМ.На 10.11.2021 во 07.16 часот во СВР Скопје, Д.Ј. пријавил дека во периодот од 23.00 часот на 09.11. до 07.00 часот на 10.11.2021 на паркинг на бул.„Јане Сандански“ со пурпена му било оштетено патничко возило „шкода фабија“, со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

vakcini-3-1

ЕK одобри нова вакцина против Ковид-19

Европската комисија денеска го одобри договорот со фармацевтската компанија „Валнева“ за набавка на речиси 27 милиони дози од вакцината против Ковид-19 во текот на 2022 година.„Валнева“ е осма компанија со која Комисијата склучи договор за набавка на вакцини против Ковид-19. Претходно беа потпишани договори со „Астра зенека“, „Санофи-ГСК“, „Јансен фармасетика НВ“, „Бионтек-Фајзер“, „Кјурвак“, „Модерна“ и со „Новавакс“.Договорот со „Валнева“ им овозможува на земјите членки да купат речиси 27 милиони дози вакцина во 2022 година. Според договорот, вакцината може да се приспособи на нови варијанти на вирусот, а земјите членки може да нарачаат до 33 милиони дополнителни дози во 2023 година.„Договорот овозможува вакцината да се приспособи на нови варијанти. Нашето широко портфолио на вакцини ќе ни помогне во борбата против Ковид-19 и неговите варијанти во Европа и пошироко. Пандемијата сè уште не е надмината. Секој што може нека се вакцинира“, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лаен.„Штом Европската агенција за лекови ќе прогласи дека е безбедна и ефикасна, вакцината на ‘Валнева’ ќе биде уште една опција во нашето широко портфолио на вакцини“, рече комесарката за здравство, Стела Киријакидес.„Валнева“ е европска биотехнолошка компанија која развива вакцина со инактивиран вирус, кој се добива со хемиска инактивација на жив вирус. Станува збор за традиционална технологија за вакцини, која се користи веќе 60-70 години, се базира на примена на воспоставени методи и е многу безбедна. Се користи во производството на повеќето вакцини против грип и многу вакцини за деца. Во моментот таа е единствената вакцина со инактивиран вирус против Ковид-19 која е во фаза на клинички испитувања во Европа.

пред 4 години

Mucunski

Се огласи Муцунски за оштетениот автомобил на Јанчева

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, го осуди вандалскиот чин врз автомобилот на Љубица Јанчева од СДСМ.Тој порача дека во oпштината не смее да се случуваат такви испади нагласувајќи дека локалните власти досека неколкупати реагирале до МВР.„Неколкупати реагираме како општина до МВР во врска со нивното дејствување во Аеродром, слабите контроли и неприсуството на терен на полицијата, но не добиваме никаков одговор“, вели Муцунски.Тој нагласи дека во неговата градоначалничка програма нема опции од една или друга страна и апелира да не се политизираат ваквите вандалски случувања.

Скопје | пред 4 години

234919664_370538324742995_6225757936327626117_n

Беа ли изборите ризик: Што е причината за зголемување на бројот на заразени од коронавирус

Министерот Венко Филипче вели дека ги слушаат стручните лица кога во прашање е коронавирусот. Според него, во делот на епидемиологијата, микробиологијата се слуша Комисијата за заразни болести. Филипче вели дека никој не ја спори нивната експертиза и негира дека политиката не ја слуша науката.„Изборите не беа ризик, имаме зголемување на заболени кај деца, помладите категории. Тешко може да се идентификува која е причината за зголемување на заболените. Ги консултиураме и надворешните експерти, сум бил во контакт со нив. Од почеток на кризата до сега сите мерки и препораки доаѓаат од експертите во делот на медицината. Нема никаква политика во ниту еден временски период“, кажа Филипче.Прашан дали размислува да поднесе оставка, а по случувањата во СДСМ, тој рече: „Не размислувам во таа насока“.

Актуелно | пред 4 години

lugje-karpos-esen-korona

Зголемување на заразени со коронавирусот, за Филипче е очекуван

Инциденцата во последниве две недели е зголемена за 28,5 проценти, а бројот на лица што се хоспитализирани поради Ковид-19 е зголемен за 15 проценти, изјави министерот за здравство Венко Филипче, соопштувајќи ги последните статистики за коронавирусот во земјава во последниве две недели.„Ваквиот раст може да се каже дека е очекуван, и ако споредиме со претходните бранови, процентот на хоспитализирани лица е намален, најверојатно поради фактот што има поголем број млади лица кои се заболени, а има и лица кои се вакцинирани а заразени“, рече Филипче.Во моментов поради Ковид-19 се хоспитализирани 518 пациенти, што е 6,4 отсто од активните случаи. Во следната недела ќе се прави секвенционирање за да се види со кој сој се заразени активните случаи.„Во делот на вакцинацијата има стагнација, па оттаму апелирам што повеќе луѓе да се вакцинираат“, рече Филипче.Кај малолетната популација, вели Филипче, има 1068 активни случаи со Ковид-19. Две деца се на кислородна поддршка, а хоспитализирано е и двомесечно бебе, но нивната здравствена состојба е стабилна.„Сега сме во фаза каде гледаме и во други земји дека има покачување на бројот на случаи, но вакцинираните лица имаат полесна клиничка слика и тоа веројатно тоа така ќе биде генерално. Постепено се вратија животните навики и во случајов најважно е да не се прекршуваат протоколите и што повеќе луѓе да се вакцинираат“, изјави Филипче.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-10-at-12.18.57

Филипче кажа дали ќе има рестрикции, но и што се презема за големата смртност

Министерот Венко Филипче не најавува нови рестрикции за заштита од коронавирус. Но, тоа ќе се случи ако има притисок врз болниците. За зголемување на случаите каде деца се заболени од коронавирус, тој вели ќе се направи анализа.„Сметам дека сите процеси треба да продолжат со превентивните мерки, а со механизми да се зголеми процентот на вакцинирани. Во земјите со нови бранови и висок процент на вакцинација, болниците не се оптеретени. Доколку има голем опфат со вакцинација, а новозаболени, ќе бидат со полесна клиничка слика. Во болниците има притисок од невакцинираните лица“, кажа Филипче.За анализа на смртноста вели дека е рано, бидејќи сега се става акцент на хроничните болести.„Смртноста секаде е голема. И во соседните земји. Мислам дека смртноста во овој регион е насекаде еднаква. Едноставно таква е состојбата, прилично слична. Можеби има разлика во начинот на пријавување на смртните случаи, но не и во морталитетот“, кажа тој.

пред 4 години

mobilen-telefon

Скопјанка уценувала маж со фотографии

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.К.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик. Таа се сомничи дека го уценувала Д.И.(59) од Скопје дека на социјалните мрежи ќе објави фотографии и видео материјал со компромитирачка содржина доколку не ѝ даде пари.По преземени мерки од полициски службеници при СВР Скопје во координација со Основното јавно обвинителство Скопје Џ.К. била лишена од слобода и кај неа биле пронајдени дел од парите што ги добила од оштетениот.

Скопје | пред 4 години

dzaferi-1

Џафери: Процедурата е отпочната, или паѓа Владата или не

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека опозицијата не може да поднесе нова иницијатива за гласање на недоверба на Владата, кога веќе има поднесено една.„Јасни се процедурите. Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање на недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена. Процедурата е отпочната, ако се повлече сега барање за гласање на недоверба на Влада, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба“, порача Џафери за ТВ21.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

Се стопи ли мнозинството на Мицкоски, прашува СДСМ

Пратеници од опозицијата јавно преку медиуми сведочеа дека потписите за Иницијативата за недоверба на Владата биле собирани преку лаги и измами, што само покажува дека нема поголем измамник од Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.„Дали на Мицкоски му се стопи мнозинството, па затоа е приморан преку лажни вести од белиот дворец да бара алиби?Притисоци уцени и закани кон граѓаните, кон пратеници се одлика на ВМРО-ДПМНЕ а последен пример за тоа беа заканите и малтретирањата на пратениците кои гласаа за уставните измени.Пратениците да бидат спокојни, државата, институциите, ќе ги заштитат од заканите на ВМРО-ДПМНЕ, обидите за закани и притисоци и овој пат нема да успеат“, се вели во соопштението

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања