Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

berlin

Базната станица за издавање на пасоши во Берлин дава резултати

Воспоставувањето на базната станица за издавање на патни исправи во македонската амбасада во главниот град на Германија започна да ги дава првите резултати, соопшти Министерството за надворешни работи.„ За помалку од еден месец, над 200 лица се имаат сликано, а околу 70 наши државјани веќе се имаат стекнато со нова патна исправа“, тврди нашиот амбасадор, Рамадан Назифи. Амбасадорот нагласува дека со базната станица се надмина еден од најголемите и најгорливи проблеми со кои дијаспората и амбасадата се соочуваа.За ефикасниот и олеснет процес на добивање патни исправи во амбасадите со помош на новиот систем, сведочат и нашите државјани кои веќе ги имаат почувствувано овие бенефиции. Покрај многуте позитивни коментари кои пристигнуваат од дипломатската мрежа, но и од дијаспората се нагласуваат придобивките од подигнувањето на новата патна исправа во амбасада, без потреба од дополнителни трошоци и патување во матичната земја, велат од МНР.„ Во оваа насока, за првпат, во нашите амбасади и конзулати беа воспоставени девет базни и четири мобилни станици, а заложбата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи е да го унапредува овој проект и во наредниот период, со зголемување на опфатот на амбасади, кои ќе ги даваат овие услуги за нашите државјани“ се наведува од министерството.

Македонија | пред 4 години

IMG_4235

Сончево со мала облачност

Утринава е сончево. На крајниот југоисток утринава има појава на дожд и тоа во Гевгелија и Дојран. Наутро понекаде по котлините со појава на магла.Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови ќе има зголемена ниска облачност и услови за појава на краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.Во Скопје, наутро магливо, а преку денот сончево со променлива облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Македонија | пред 4 години

korona1

Во Германија нов рекорден дневен број на новозаразени со коронавирус

Во Германија трет ден по ред се бележи нов рекорден дневен број на новозаразени со коронавирус.Според Институтот Роберт Кох (РКИ), утринава биле пријавени 39.676 новозаразени лица, бројка што Германија досега ја немала.Поради тој раст, вирологот Кристијан Дростен посочува дека дупката во вакцинацијата мора да се затвори и дава застрашувачки прогнози за зимата.Претходниот рекорд беше поставен во петокот со 37.120 новозаразени. Рекорди по дневна инциденца се регистрирани и во изминатите два дена. Исто така, загрижувачки е и бројот на починати заразени со коронавирус, бидејќи во изминатите 24 часа починале 236 луѓе.Пред една недела таа бројка беше 194. Дростен нагласува дека е потребно нешто да се направи и дека сигурно ќе мора да има ограничување на контактите меѓу луѓето.„ Ние сме во лоша ситуација. Имаме 15 милиони луѓе кои можеле да се вакцинираат, а не се вакцинирале“, рече тој.

пред 4 години

Screenshot-2021-11-10-at-09.02.21

(ВИДЕО) И Заев се изјасни, иако му ги одложиле оставките тие не се дискутирале на состанокот

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев вчера во изјава за медиумите истакна дека имале сугестија од Централниот одбор за одложување на оставките.„Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по моите оставки, од единствена причина кога ги најавив на 31-ви вечерта, потврдив дека останувам овде за да помогнам да се одржи парламентарното мнозинство и ако може да се зголеми“, посочи Заев.Тој додава дека очекува парламентарното мнозинство да се стабилизира.„Искрено очекувам демократското парламентарно мнозинство ќе се стабилизира, пред се тоа што е ориентирано за евроатлантскиот пат, за мултиетничкото наше општество, за држење на меѓусоседските односи и тоа што е ориентирано кон позитивните реформи во државата. Затоа се овие напори, уште еднаш напоменувам, вечерта на 31-ви кога ги објавив оставките од двете функции реков останувам периодот за да се посветам да помогнам во одржувањето на парламентарното мнозинство“, истакна Заев.Во однос на одложувањето на оставката, Заев порача дека се работи за времено одложување со цел да се направи обид да се сочува парламентарното мнозинство.„Дефинитивно се работи за времено одложување заради обид да се сочува парламентарното мнозинство на страната на СДСМ“, порача Заев.

Македонија | пред 4 години

zaev-micko

„Притисоците на Заев кон пратеници се потези на очајник“, ВМРО-ДПМНЕ бара да замине

„Преварантот Зоран Заев е изворот на кризите и проблемите во Македонија. Тој не може веќе да биде ниту решение. Неговото заминување е неопходно за подобро на Македонија. Неговиот збор видовме дека не вреди, тој освен што е губитник е и класичен измамник. Последните обиди за притисоци и непристојни понуди кон пратениците кои се потпишаа на иницијативата за гласање на недоверба на владата се само сламка за спас на Заев и екипата околу него. Тоа се потези на очајник. Граѓаните јасно му порачаа на последните избори дека се за промени и ваквите злоупотреби нема да му помогнат, туку само уште повеќе ќе го зголемат незадоволството на народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев не може да ја држи Македонија во заложништво заради фотеља и политичка кариера. Тие се веќе завршени. На народот му е јасно како бел ден дека со Заев и СДСМ на власт ќе продолжат да тонат во криза, економска, здравствена, енергетска. Мотивот на тие кои се потпишаа на иницијативата е да се исполни волјата на граѓаните. Помина времето на лагите, заплашувањата и притисоците на преварантот Заев. Доаѓа времето нова власт да се справува со проблемите и да донесе нова и подобра иднина за Македонија“, додаваат тие.

Македонија | пред 4 години

Capture-10

Калеска: Коалицијата на Мицкоски, Села и Апасиев нема идеологија што ќе ги поврзе освен желбата за власт

Мината година имавме парламентарни избори кои беа предвремени, за потсетување по Преспанскиот договор, а народот јасно кажа дека ја дава довербата на СДСМ и коалиционите партнери рече пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева во гостувањето на НТВ.И апсурдно е сега по локалните избори да говориме дека Владата мора да падне за да биде детронизиран Зоран Заев со познатата реторика на опозицијата, па ние цела година слушаме дека опозицијата се најавува ново мнозинство. Ако говориме за лажење и манипулирање тоа е на другата страна, на кого да веруваат граѓаните? На Мицкоски и Апасиев, кој сака да ја однесе државата, не знам каде, кон Кина, Индија, Пакистан, секако не кон евроатлантските интеграции, нагласи Калеска Ванчева и запраша на која идеологија би почивала новата влада на Мицкоски Апасиев, Села..Таа нагласи дека коалицијата на СДСМ се заснова на принципи, а не се заснова на уцени, ниту убивање на идентитет на политичките партии, а доказ за тоа е дека дел од коалициските партнери решија да одат самостојно на локални избори, ВМРО-ДПМНЕ не може да сфати, кај нив не се почнати демократски процеси.Секој политички субјект во нашата коалиција има право на своја одлука и ние веруваме во коалицискиот капацитет и во искреноста на коалиционите партнери бидејќи не отстапија од коалицискиот договор, а тоа е идеологија и платформа, а не е само проста математика, порача пратеничката на СДСМ Снежана  Калеска Ванчева.Таа потсети што се ни се случуваше во годините кога владееше ВМРО-ДПМНЕ.Во изминатите 30 години во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ во 2001 имавме војна, па сите заедно моравме да најдеме сили да дојдеме до Охридскиот договор, па да ја оправаме државата, по добивањето на кандидатскиот статус во 2005, од 2006 наместо да продолжиме по патот на реформите, почнавме видливо да се враќавме назад, нагласи пратеничката на СДСМ Снежана  Калеска Ванчева.

Македонија | пред 4 години

dafina

Откако ќе се излагласа недоверба на владата, ќе видиме што ќе следи, вели Стојановска

Убедена сум дека не само ВМРО-ДПМНЕ, туку и сите потпишани на иницијативата за недоверба на Владата се јасни. Но, и оние кои се дел од СДСМ или владеачката коалиција треба добро да размислат. Резултатите беа јасни на локалните изборите, народот кажа не на оваа власт. Или власта е делегитимирана, рече пратеничката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на вечерашното гостување на Македонската телевизија.„Откако ќе се излагласа недоверба на владата, ќе видиме што ќе следи нова влада или нови предвремени парламентарни избори“, рече Стојаноска.Стојаноска објаснува дека заедничка цел на потпишаните кои се за недоверба на владата е јасна.„Нашата цел е јасна, а тоа е власта да се детронизира, ние сите имаме заедничка цел“, рече Стојаноска.Таа посочи дека поднесената иницијатива за гласање на недоверба на Владата е од луѓе кои се против заевизмот.„Целта е јасна се бара промена на заевизмот, важно е да се формира мнозинство на база на принципи, а не уцени“, рече Стојаноска.Стојаноска укажа на лошото владеење на СДСМ.„РЕК Битола е во хаос, што е со хидороцентралите, тука е и однесувањето на Заев и власта во ковид кризата до каква последици доведе и што уште не, редица на случаи на криминал и корупција“, рече Стојаноска ставајќи акцент  на многуте кризи како корона кризата, како и актуелната енергетска криза.Токму поради ова, рече Стојаноска, јасно е зошто се такви резултатите од локалните избори.„Најголемиот проблем во државава е Зоран Заев. Секој дополнителен ден со Заев значи пропаст за граѓаните и државата“, посочи Стојаноска.

Македонија | пред 4 години

12102021_PVRSM_Zaev_pres-konferencija_2

Оставката на Заев ќе почека, се знае и зошто

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев ќе го одложи поднесувањето на оставката се до стабилизирање на земјата, брифираат партиски извори за „Фокус“.Ова значи дека ќе се оди на гласање доверба на Владата.Во меѓувреме не престануваат да се лиферуваат разно разни информации околу тоа кој го има мнозинството во Собранието. Час дека тоа се ВМРО-ДПМНЕ, час дека СДСМ има пратеник плус. Но, од двата табора брифираат дека водат интензивни преговори со пратеници од повеќе партии и партиски табори. Целтта им е на седнцата за (не)доверба на владата да бидат сигурни дека обезбедиле поддршка.

Македонија | пред 4 години

vlada

Кои се новите одлуки од последната седница на Владата

Владата на Република Северна Македонија на денешната 118 редовна седница донесе одлука за утврдување на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата, поради недостиг на електрична енергија на домашниот пазар предизвикана со повремени испади на поголеми производствени капацитети и недостиг на енергенси за производство на електрична енергија и неможност испадот да се покрие со расположливата резерва во производство на електрична енергија, кои можат да доведат до недостаток на електрична енергија или нарушување на стабилноста на електроенергетскиот систем во Република Северна Македонија.Со оваа одлука се овозможува да се преземат мерки и активности, вклучувајќи и финансиска интервенција за да се обезбедат дополнителни количини на електрична енергија, и се утврдуваат правата и обврските на државните акционерски друштва Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и МЕПСО, како и на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности.Постоењето на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија утврдена во оваа одлука ќе трае 30 дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука и со неа не се предвидени рестриктивни мерки.Дополнително, со заклучоци на денешната седница на Владата АД ЕСМ е задолжено, во рок од 15 дена да достави пакет мерки за нивните активности за справување со енергетската криза, а Министерството за труд и социјална политика, во координација со Министерството за економија да подготват мерки за поддршка на социјално ранливите категории за да користат дополнителни средства за заштита од енергетска сиромаштија.Владата го задолжи Министерството за економија, во соработка со Бирото за јавни набавки да понудат предлог-решение согласно кое ќе им се овозможи на државните институции набавка на електрична енергија од ЕСМ продажба по поевтини цени од оние на отворениот пазар.На оваа своја седница Владата го утврди Предлог-законот за изменување на Законот за хартии од вредност со кој се овозможува освен брокерски куќи, банки, друштва за осигурување, друштва за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, како основач и акционер во депозитарот да можат да бидат и домашни и странски берзи и депозитари.Со ова дополнување на законското решение се врши либерализација на пазарот, што е и во насока на поголем техничко-технолошки развој на пазарната инфраструктура во областа на пазарот на капитал со влез на потенцијални странски инвеститори во оваа дејност.Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за иницијатива за изработка Физибилити студија за оправданост од воспоставување на специјална економска зона за трговија и стоки (Trade and Commodities Special Economic Zone TACSEZ) во Република Северна Македонија, која доаѓа како резултат на позитивните трендови во Технолошко-индустриските зони (ТИРЗ) кои налагаат дополнителна поддршка на инвеститорите во воспоставување на специјални економски зони за трговија и стоки кои во голем број земји во Европа се покажале како добар модел во насока на зголемување на инвестициите и нивна одржливост.За Република Северна Македонија, како првична предност за воспоставување на трговски зони е геостратешката положба на земјата и близината на пристаништата Солун и Драч, како и нагласениот интерес на реномирани странски компании да инвестираат во ваков тип специјални економски зони.Изработката на физибилити студијата за Специјална економска зона за трговија и стоки нема да повлече финансиски средства од Буџетот на државата бидејќи за нејзина изработка веќе има пројавено интерес од страна на Приватниот инвестициски фонд „North Macedonia Economic Development Fund“ од Скопје.На денешната седница Владата донесе Одлука за исплата на средства на „А1 Македонија“ ДООЕЛ Скопје, како финансиска поддршка на приватниот сектор за ублажување на последиците предизвикани од кризата од коронавирусот КОВИД-19.Со оваа одлука се реализира заклучокот на Владата од 59-та седница одржана на 30 март 2021 година, за исплата на средства од Буџетот на Владата на Република Северна Македонија за реализација на мерка од петтиот сет на антикризни мерки која ги опфаќа сите радиодифузери во земјата за да им се покријат трошоците за 2021 година кон операторот А1 на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување.

Македонија | пред 4 години

254957384_1495870264111805_4289331579145507975_n-660x500-1

„Паднаа“ две згради во Аеродром, откако советот пресече

Денеска на иницијатива на градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муциунски до советот на Општина Аеродром беше поднесено барање за започнување на постапка за бришење на две градежни маркици во Реонски Центар каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда.„Среќен сум што советот ја изгласа оваа иницијатива и дека конечно ќе се слуша гласот на граѓаните. На ова место во нашата програма предвидовме да има парк од 5000м2 со монтесори содржини. Промените на владеење во Општина Аеродром се случуваат. Одговорното работење е наш приоритет“, напиша Муцунски на Фејсбук!

Скопје | пред 4 години

vasko-kovacevski-1

Од недела Блок 2 ќе биде во функција, а следниот месец и Осломеј, тврди Ковачевски

Инцидентите и хавариите во електроенергетските капацитети никој не може да ги предвиди, но тие не треба да бидат изненадување ако се земе предвид дека гаранциите на производителите се 35 години, а во земјава се произведува електрична енергија во капацитети стари 40 години, изјави директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.– Се вложува во нив, се инвестира, но не можеме да ги форсираме како што се форсирале во 2011, 2001, 1991 година. Во енергетиката 10 години е далеку, истрошеноста на материјалите е голема. По логиката на нештата, од технички аспект, РЕК „Битола” требаше да биде затворена 2015 или 2017 година, рече Ковачевски при гостувањето во Топ тема на Телма.Тој нагласи дека се исклучува човечки фактор или саботажа за дефектот во РЕК „Битола”, како што шпекулираа некои медиумите, додавајќи дека трансформаторот е стар и е нормално да не е во добра состојба.Ковачевски додаде дека во моментов функционираат првиот блок на РЕК „Битола”, Когенеративната гасна електрана во Скопје, хидропотенцијалот и ветерниот пат во Богданци, додека надвор од употреба се блоковите 2 и 3 во РЕК „Битола”.– Блок 2 е во сервисни активности и се очекува до крајот на неделата да биде ставен во функција. Во Блок 3 се работи на изгорениот трансформатор, екипите даваат позитивни сигнали, истакна Ковачевски.Тој нагласи дека поради хаваријата во РЕК „Битола”, морале да набават струја по „хупекс” цена или во спротивно ќе биле принудени неа да ја обезбедат преку европскиот систем за 50 проценти поскапо.– Имаме закупено капацитети до 21 ноември, онолку колку што треба. Во недела, на 14 или 15, недела спрема понеделник, Блокот 2 ќе биде во функција и очекувам дека со двата блока ќе ги задоволиме најголемиот дел од потребите на „ЕВН хоум”. На 1 декември ќе стартува и нашиот трет капацитет, а тоа е Осломеј, посочи Ковачевски.

Македонија | пред 4 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев објави „62“ додека се пребројуваат пратеници за гласање недоверба

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус за бројот на пратеници кои ќе гласаат за недоверба на влада.„62“, напиша Апасиев.Претставници на големите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата водат интензивни преговори со пратеници од повеќе партии и партиски табори, со цел да соберат што поголема поддршка на свое конто во пресрет на седницата за (не)доверба на владата закажана во четврток во 11 часот.Како што велат високи партиски извори, ситуацијата е крајно комлицирана и непредвидлива, особено откако Скендер Реџепи-Зејд јавно најави повлекување на поддршката поради Левица, по што неговата Алтернатива деновиве постојано заседава како да се постави во целата ситуација.Во меѓувреме не престануваат да се лиферуваат разно разни информации околу тоа кој го има мнозинството во Собранието. Час дека тоа се ВМРО-ДПМНЕ, час дека СДСМ има пратеник плус. Но, од двата табора брифираат дека водат интензивни преговори со пратеници од повеќе партии и партиски табори. Целтта им е на седнцата за (не)доверба на владата да бидат сигурни дека обезбедиле поддршка. 

Коментари | пред 4 години

bislimovski1

Бислимовски: Треба да се расчисти кој и колку може да произведе струја во државата

Прерано е да се зборува за цената на електричната енергија, бидејќи прво треба да се расчисти кој и колку може да произведе струја во државата, со цел притисокот да не биде постојано врз ЕСМ, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски.– Треба ЕСМ да има цена по која што ќе си ги покрива своите трошоци и врз основа на тоа да си го планира производството, а „ЕВН хоум“ набавката. Доколку трошоците компаниите за набавка на електрична енергија се превисоки, тогаш РКЕ ќе ја разгледа опцијата за намалување или целосно укинување на профитите на енергетските компании што ги регулира, со цел да се избегнат ценовни шокови, изјави Бислимовски при гостувањето во Топ тема на Телма.Тој нагласи дека методологијата за пресметка на цените на РКЕ, која е иста како и во ЕУ, гарантира профит, а доколку енергетските компаниите не ги следат одлуките на Комисијата сами се одговорни за загубите.– Тоа си е нивен проблем. Во самата методологија е предвидено да се даде профит, тој профит за 2022 можно е целосно да се укине или делумно, со цел да не се предизвикуваат ценовни шокови кај потрошувачите, додаде Бислимовски.Според него, секој снабдувач има своја стратегија – некои обезбедуваат однапред електрична енергија, некој ризикуваат и чекаат подоцна во надеж дека цената ќе биде поповолна – и регулаторот не може да се меша во нивната бизнис одлука.– Од аспект на сигурност на снабдување на електрична енергија никој од потрошувачите не остана без електрична енергија, сите беа преземени од страна на снабдувачот во краен случај, нагласи Бислимовски.

Македонија | пред 4 години

gbn

(ВИДЕО) Со громогласен аплауз и скандирање Заев пречекан на централниот одбор на СДСМ

Вечерва се одржува Централен одбор на СДСМ.При влегувањето на претседателот на партијата во просторијата каде се одржува седницата на Централниот одбор, тој беше пречекан со аплауз и скандирање „Зоки, Зоки“.

Македонија | пред 4 години

Screenshot_14-960x602-1

Висок претставник на МНР нудел неприфатливо решение за Цар Самуил, вели Ѓорѓиев од историската комисија

Професорот Ванчо Ѓорѓиев за „Тема на денот“ на Сител откри детали од последната средба на состанокот на историската комисија, кога тој се повлече од комисијата. Тој вели дека на таа средба висок претставник на МНР понудил идеи за решение за Цар Самоил кое ги асполвира погледите и ставовите на бугарската историографија и притоа се занемаруваат ставовите на македонската историографија.– Темата за која разговаравме беше Цар Самоил. Белешките кои ги разменувавме отстапуваа од сето она кое досега е разговарано, а предлог идеите кои беа понудени од високиот функционер на МНР се разликуваат од она што е дискусија водена цела година по тоа прашање. Ги асполвира погледите и ставовите на бугарската историографија и притоа се занемаруваат ставовите на македонската историографија. За моето тврдење постои документација, записниците, а приказната и темата за која говориме е тема долга повеќе од една година, еден ден јавноста ќе види кој какви ставови застапувал, рече Ѓорѓиев.Тој потенцира дека еден ден тоа ќе го покажат архивите.– За сите идеи кои ги разменуваме и одлучиме тоа да е став на македонската страна се одлучуваше колективно, а во случајот немаше таков консензус членовите на комисијата имаа две забелешки, рече тој.Ѓорѓиев ги повика другите членови на комисијата да не виткаат кичма и побара политиката да се тргне настрана од комисијата, бидејќи има сериозни политички притисоци особено од бугарска страна.

Македонија | пред 4 години

avstralija-korona

Словенците збунети од најновите антиковид мерки

Новата уредба на словенечката влада, чија цел е да ги ограничи контактите надвор од домот, отвори голем број прашања поврзани со практична примена, имајќи предвид дека привремено забранува собирање луѓе, освен во случаи на блиски членови на семејството или заедничко домаќинство.Според словенечкиот портал Н1, оваа земја е прва во светот по бројот на заразени со корона вирусот, а последната уредба предизвика конфузија кај населението.Прославите и свадбените церемонии се привремено забранети, родендените може да се слават со членови на семејството или заедничко домаќинство, но не и со пријателите.Протестите или собирите не се забранети бидејќи словенечкиот Уставен суд во јули пресуди дека таквата забрана е неуставна.Може да се одржуваат состаноци со почитување на епидемиолошките мерки, а организаторот е одговорен за проверка на ПЦР тестовите.

пред 4 години

vakcini-3-1

Обединетото Кралство ќе ги признае вакцините Синофарм, Синовак и Коваксин

Обединетото Кралство ќе ги додаде Синофарм, Синовак и Индиски Коваксин на списокот одобрени вакцини кои можат да се користат за влез во таа земја, објавено е на веб-страницата на британската влада.Светската здравствена организација ги одобри овие вакцини за итна употреба, па Британија на 22 ноември ќе одобри влез на луѓе кои биле имунизирани со овие вакцини, пренесува Ројтерс.Агенцијата вели дека такви вакцинирани лица од земји како Обединетите Арапски Емирати, Малезија и Индија, каде што голем број луѓе се вакцинирани со некои од овие вакцини, ќе можат да влезат во Велика Британија.Странските патници ќе се третираат како целосно имунизирани и нема да мора да минуваат низ карантин.Во Обединетото Кралство се користат вакцините Фајзер, Џонсон и Џонсон, Модерна и АстраЗенека.

пред 4 години

image-151791

Филмот „Тома“ руши рекорди во регионот, досега заработи три милиони долари

Српскиот филм „Тома“ во режија на актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ, според ИМБД на Бокс Офис заработил речиси три милиони долари. Во последниве неколку години, не е забележан толкав успех кај било кое друго остварување од регионот.Во првата седмица од прикажувањето на филмот во Босна и Херцеговина, после премиерата, филмот соборил рекорд со 40.877 прегледи и заработил 112.900 евра. А оствари огромен успех и во Хрватска, каде во првиот викенд од прикажувањето го погледнале повеќе од 8.000 луѓе, со што од тронот го падна „Парада”, филм од 2021 година која го држеше рекордот за најгледан српски филм во хрватските кино сали.Сепак, во Србија има најголем успех со 91.042 гледачи и заработи приближно 340.560 евра уште во првата седмица од прикажувањето во период од 16 до 22 септември 2021 година. 

Магазин | пред 4 години

amy1

Фустанот на Вајнхаус од последниот концерт е продаден за 243.000 долари

Фустанот кој пејачката Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен концерт во јуни 2011 година во Белград е продаден на аукција во саботата за цена од 243.000 долари. Оваа сума е 16 пати поголема од неговата почетна цена.Британската пејачка која почина на 27 години борејќи се со тешката зависност од алкохол и дрога, на тој концерт дојде во пијана состојба. Турнејата и беше откажана, а Ејми почина месец дена подоцна. Таа вечер Ејми носеше зелено-црн фустан со мотици на цвеќе и бамбус.Фустанот го изработи стилистката Наоми Пери. Аукциската куќа Julien’s Auctions очекувала првично дека цената ќе достигне од 15.000 до 20.000 долари.

Магазин | пред 4 години

sofija-pejkova

Пејкова се повлече од советот на Град Скопје

Директорката на Универзитетската клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Софија Пејкова се повлече од Советот на град Скопје.- Се повлекувам од советот на Град Скопје поради зголемен професионален ангажман на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и на Медицинскиот факултет во Скопје. - изјави Пејкова за тв 24.

Скопје | пред 4 години

rek-bitola-1

Претседателот на Европската енергетска заедница задутре во Скопје

Во четврток во Скопје доаѓа првиот човек на Европската енергетска заедница Јанез Копач, дознава ТВ 24.Првиот човек на ЕЕЗ Копач, ќе оствари средби со енергетските власти во земјава, а со претседателот на Регулаторна комисија. Марко Бислимовски предвидена е заедничка прес конференција.Копач доаѓа во Македонија два дена откако владата прогласи 30 дневна кризна енергетска состојба и одлучи да вбризга 65 милиони евра во енергетските компании.

Македонија | пред 4 години

Screenshot_8-2

Почина Адем Кочан

По подолго боледување почина бизнисменот Адем Кочан, соопшти денеска неговото семејство. Кочан беше еден од основачите на Сојузот на стопански комори на Македонија, како пионер на приватната стопанска иницијатива и бизнис.„Со длабока тага во срцата ве известуваме дека денес по подолго боледување почина нашиот сопруг, брат, син, татко и дедо Адем Кочан. Полн со живот и енергија која ги допираше сите кои го знаеа, Адем последната битка ја биеше тивко.Така и замина, опкружен со љубовта од најблиските. Нашата тага денес е единствено надмината од гордоста на него и животот кој го остави во секој од нас. На неговото последно патување ќе го испратиме утре на 10ти Ноември во 13.30 во Џамијата во Бутел 1, а погребот ќе се одржи на градските гробишта во Бутел во 14.30“, информира семејството.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-07-at-13.14.00

(ВИДЕО) Се онесвести градоначалник за време на пресот на Мицкоски

Новиот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов изгуби свест и се онесвести за време на денешната прес-конференција на Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Видео 15 минута од преносот.

Македонија | пред 4 години

253854413_2000641593444623_5137609668510719304_n-1

Градоначалникот на кого му се слоши додека говореше Мицкоски има корона

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов попладнево добил позитивен резултат на PCR-тестот за Ковид-19.Во кусата телефонска изјава за МИА, Папазов потврди дека се чувстува добро, без видливи симптоми на Ковид-19, иако и двата теста го потврдиле присуството на коронавирусот.Папазов вчера ја презеде градоначалничката функција, но од денесека е на боледување и работните обврски ќе ги координира од домашна изолација.

Македонија | пред 4 години

elena

Српски актер сака да сними дует со Елена Ристеска

Пејачката Елена Ристеска доби понуда за дует од еден од најпознатите српски актери, Милан Васиќ. Тој освен глумец, важи и за многу добар пејач, а на својот профил на Инстаграм сподели видео на кое ја пее преубава македонска песна „Калино моме“.Во коментар на видеото, Милан напишал: „Ми недостига само Елена Ристеска“. На ова таа веднаш му одговори на понудата, „Обавезно дует, дојди ни во Македонија, Миланче“.

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања