Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

thumbnail_img3

Димитров на состанок со Вучиќ и Рама во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“

По работниот состанок во Белград одржан минатата недела, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, како претставник на Владата, заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, денеска учествуваа на последователен онлајн состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.На состанокот беа присутни и претставниците на стопанските комори од трите земји и надлежните институции, односно ресорните министерства за финансии, економија и за земјоделство, како и на националните агенции за безбедност на храната и царинските и даночните управи, со цел да се утврдат проблематичните точки за олеснување на трговијата, со посебен фокус на увозот, извозот и транзитот и практичните начини за нивно надминување, како чекори што треба да се преземат до следниот лидерски состанок во Тирана предвиден за декември годинава.Вицепремиерот Димитров истакна дека покрај силната политичка волја, постојат и веќе воспоставени механизми кои треба да се стават во функција за да се испорачаат конкретни резултати:„Нашиот предизвик за следниот период е како да ја надминеме пречката што се однесува на соодветна имплементација на договорените мерки и активности, што со заедничка заложба е апсолутно возможно.“Координацијата резултираше со определување термин за работен состанок на ниво на надлежни институции, а во таа насока беше потенцирана и улогата на Советот за имплементација.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

13 починати лица и 677 нови случаи на коронавирус

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:· Направени се 3.317 тестирање, а регистрирани се 677 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 279, Битола – 86, Прилеп – 34, Куманово – 30, Кавадарци – 28, Велес – 25, Кочани – 22, Делчево – 21, Тетово – 18, Гевгелија – 13, Крива Паланка и Радовиш – по 12, Ресен и Берово – по 10, Демир Хисар – 9, Кичево и Неготино – по 8, Гостивар и Кратово – по 7,Штип – 6, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5, Охрид, Валандово ,Богданци и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2,Струмица – 1.· Регистрирани сe 517 оздравени пациент од: Скопје – 237, Куманово – 36, Прилеп – 30, Битола – 21, Велес – 20, Штип – 18, Тетово и Охрид – по 17, Кочани – 16, Кавадарци – 15, Берово – 14, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 9, Кичево – 8, Радовиш и Неготино – по 7, Струмица – 6, Валандово – 5, Ресен – 4, Свети Николе, Виница, Пробиштип ,Струга и Македонска Каменица – по 3, Демир Хисар – 2, Делчево ,Гостивар и Дојран – по 1.· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 5 починати лица од Скопје (61г, 70г, 74г, 80г и 86г), и по едно починато лице од Кочани (83г), Битола (79г), Куманово (76г), Прилеп (87г), Велес (77г), Пробиштип (73г), Демир Хисар (47г) и Кавадарци (66г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.· Направени се 3.317 тест преку: ИЈЗ-341, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-38,ЦЈЗ Тетово–65, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–7, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-132, Биотек-314, Систина-69, лабораторија Лаор-110, Синлаб-17, Ремедика-22, Плодност–74, Генеа-6, Никоб лаб-283, ВФВ Медикал-22, Ели Медика-40, Ројал Медика –11, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.436.Досега во земјата се направени вкупно 1.412.395 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.910, бројот на оздравени пациенти е 191.649, на починати е 7.255, а бројот на активни случаи изнесува 8.006.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градовиЗаболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 90497, активни 3728Куманово 12532, активни 399Тетово 11149, активни 196Прилеп 9724, активни 380Гостивар 8029, активни 39Битола 7869, активни 548Велес 6992, активни 357Кавадарци 6532, активни 341Штип 6334, активни 238Охрид 6228, активни 200Струмица 5943, активни 95Кичево 4168, активни 113Струга 3857, активни 48Кочани 3725, активни 224Гевгелија 2637, активни 125Неготино 2454, активни 84Свети Николе 2055, активни 86Крива Паланка 1747, активни 164Радовиш 1644, активни 67Ресен 1624, активни 66Дебар 1453, активни 3Берово 1301, активни 56Делчево 1236, активни 96Виница 1109, активни 37Пробиштип 1073, активни 70Валандово 871, активни 22Кратово 686, активни 48Богданци 604, активни 25Крушево 564, активни 26Демир Хисар 527, активни 60Македонски Брод 482, активни 7Демир Капија 410, активни 1Македонска Каменица , активни 48Пехчево 325, активни 3Дојран 152, активни 6

Македонија | пред 4 години

skender-redzepi

Реџепи го прифаќа предизвикот на Мицевски

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, го прифаќа предизвикот кој денеска му го предложи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, објави ТВ21.Како што дознава телевизијата, во седиштето на Алтернатива попладнево се разговара за поканата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и оттаму произлегува како можна опција уривањето на владата. Реџепи претходно изјави дека бил „прелажан“ да се потпише на иницијативата за ново парламентарно мнозинство во која се вклучени и пратениците на Левица. Тој дури рече и дека ќе ја напушти партијата и ќе го врати пратеничкиот мандат, пред да гласа за недоверба на владата заедно со Левица, која според него е антиевропска, анти-НАТО и антиалбанска партија.Колега Скендер ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада, напиша денеска Никола Мицевски на фејсбук.

Македонија | пред 4 години

micevski-1

Мицевски до Реџепи: Дојди заедно да ја урнеме криминалната Влада

Колега Скендер ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада, му пишува денеска Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на пратеникот Скендер Реџепи - Зејди од Алтернатива кој изјави дека ако Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата.Мицевски сега му вели дека откако во петокот јасно и недвосмислено 61 пратеник се потпишаа на иницијативата за недоверба на владата, хибридниот режим на власта започнала со брутална кампања, со многу притисоци, закани и уцени да го гази човечкото достоинство и да го урива кредибилитетот на институцијата македонско собрание.„Колега Скендер Реџепи да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ. Да нема изговори зошто се потпишал овој или оној бидејќи ова е гласање против хибридниот режим на СДСМ-ДУИ. Се надевам дека ќе застанете заедно со мнозинството на пратеници и ќе го сочуваме достоинството на пратеникот и угледот на македонското собрание. Одлуката овој пат е многу поедноставна, овде не се гласа за идеологија, туку вистинското прашање дали ќе дозволиме да продолжи криминалот и корупцијата или заедно ќе ја реформираме нашата заедничка татковина, вели Мицевски.

Коментари | пред 4 години

doktor

Тетовец му се џзаканувал на лекар, па доби кривична

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.А.(43) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 24.07.2021, пред Одделението за хирургија во Клинички центар Тетово, Ј.А. се однесувал агресивно и упатил закани кон лекар од одделението.

Македонија | пред 4 години

thumbnail_IHRA

Македонија стана полноправна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот

Во рамките на грчкото претседавање со Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА), од 2 до 10 ноември 2021 година се одржаа пленарните Солунски состаноци (онлине #IHRAfromThessaloniki), на коишто едногласно беше усвоена одлуката за прием на Северна Македонија како 35. полноправна членка на ИХРА.Делегацијата предводена од амбасадорот Јован Теговски, национален координатор за ИХРА, ја претстави апликацијата во којашто се посочени резултатите и активностите во областите на сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот во нашата земја. Австрија и Грција, како држави ментори во пристапниот процес, упатија силна и недвосмислена поддршка на приемот на нашата земја во ИХРА, а апликацијата беше мошне позитивно оценета и од останатите држави членки на ИХРА и беа искажани највисоки оценки за остварените конкретни резултати во овие области.„Полноправното членство на Република Северна Македонија во ИХРА претставува валоризирање на политиките на Владата и нејзината трајна определба за сеќавање на 7.144 Евреи од Република Северна Македонија – жртви на холокаустот, унапредување на образованието и истражувањето на холокаустот, борбата против антисемитизмот, негирањето и искривоколчувањето на холокаустот, говорот на омраза, како и континуирана промоција, почитување и заштита на човековите права“, велат од Министерството за надворешни работи.ИХРА е меѓувладина организација којашто претставува платформа каде што претставниците на владите на нејзините земји членки, национални и меѓународни експерти разменуваат идеи и искуства во врска со политиките и конкретните активности на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот, а во последно време и на полето на геноцидот на Ромите. Организацијата добива сè позасилена улога во меѓународни рамки, а нејзината релевантност се манифестира и во нејзините активности во борбата против антисемитизмот, негирањето и искривоколчувањето на холокаустот, говорот на омраза, дискриминацијата, ксенофобијата и расизмот. Во ИХРА, покрај нашата земја, членуваат и најголем број земји членки на ЕУ (25), САД, Израел, Канада, Аргентина, Австралија и др.,како и неколку постојани меѓународни партнери-ОН/УНЕСКО, Советот на Европа, ОБСЕ/ОДИХР, Европската комисија.

Македонија | пред 4 години

kuce

ЈП Лајка ги кани скопјани на дружење, едукација и грижа со кучињата кои се згрижени

ЈП ЛАЈКА ги поканува сите заинтересирани да дојдат во сабота, 13 ноември од 11 до 14 часот на дружење, едукација и грижа со кучињата кои се згрижени во прифатилиштето.За да бидете дел од овој оторен ден од јавното претпријатие сугерираат да испратие меил на електронската адреса volontiraj@lajka.com.mk.Инаку, секој граѓанин кој ќе сака да вдоми куче, пред сè, ќе треба да пополни прашалник за вдомување, по што ќе разговара со стручно лице вработено во прифатилиштето за да се процени дали и колку вдомувачот е соодветен и би бил одговорен сопственик. Доколку се покаже дека вдомувачот е соодветен, истиот ќе оствари контакт со кучето кое сака да го вдоми минимум два пати, да го посети прифатилиштето и да помине време со истото. Назначени вработени од прифатилиштето на ЈП „Лајка“ ќе имаат обврска да го посетат вдомувачот, со цел да се утврди дали истиот го чува соодветно и во согласност со Законот за благосостојба на животните.

Скопје | пред 4 години

tepacka1

Тепачка меѓу колешки во АД за Стопанисување и изградба на станбен и деловен простор

На 08.11.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје, С.Ј.(50) од Скопје пријавила дека на 05.11.2021 во 14.00 часот во простории на АД за Стопанисување и изградба на станбен и деловен простор – Скопје на подрачје на Центар, додека била на своето работно место, била физички нападната од нејзината колешка А.О.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

partizanska-brza-pomos-912

Нападнат вработен во општина Бутел, пренесен на ургентен

Денеска (09.11.2021) во СВР Скопје бил лишен од слобода Љ.Т.(52) од Скопје, бидејќи во 07.52 часот во непосредна близина на општина Бутел, со остар предмет го повредил неговиот брат А.Т.(53) од Скопје, вработен во општината, кој бил пренесен во Ургентен центар Скопје за укажување на лекарска помош. По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

2

Тепачка меѓу затвореници во Идризово, едно лице повредено

На 08.11.2021 во 11.35 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 11.05 часот во затворот настанала физичка пресметка помеѓу затворениците В.И.(35) од Битола и П.Ф.(39) од Скопје, при што Ф.П. со остар предмет му нанел повреда на В.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

policija-3-640x382

Исчезнати пет штитеници од јавна установа за згрижување деца

На 08.11.2021 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од Јавна установа за згрижување деца на подрачјето на Центар самоволно се оддалечиле С.Ј.(13), С.Ч.(14), Л.Д.(18) и М.А.(14), кои и претходно во повеќе наврати се оддалечувале и биле враќани назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.На 08.11.2021 во СВР Скопје било пријавено дека од Јавна установа за згрижување деца на подрачјето на Карпош се оддалечил Р.Џ.М.(14), кој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 4 години

policija-3-640x382

Сопственик на угостителски објект нападнал гостин со стаклен предмет

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Ј.(59) од с.Вруток, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 28.02.2021 во неговиот угостителски објект во с.Вруток, пријавениот физички го нападнал со стаклен предмет Ј.М.(48).

Македонија | пред 4 години

partizanska-brza-pomos-914

Дете нападнато со остар предмет заврши во болница

На 08.11.2021 во 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен малолетник од Скопје со повреда од остар предмет. Неговата мајка Н.Ш.(24) пријавила дека околу 17.20 часот, по претходна расправија, тој бил повреден со остар предмет од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

danela-5289

Арсовска ќе имплементира дел од проектите на кандидатите за градоначалници

- Дел од проектите кои се конструктивни и беа дел од програмите на сите кандидати за градоначалници сметам дека треба да бидат вклучени за имплементација на Град Скопје за следните четири години, затоа што секој од кандидатите има свои квалитети и знаење кои беа истакнати низ трката за подобро, поубаво Скопје и може да придонесе кон заедничката визија за современ град кој ќе нуди еднакви можности за живот за сите граѓани. Ова треба да е континуирана заедничка заложба за позитивни промени, за доброто на градот и на нашите сограѓани. Формирање на работно тело е првиот чекор кон реализација на оваа соработка, кое ќе делува во насока на креирање конструктивни предлог политики за развој на градот во следните години, истакна градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната средба со кандидатите за градоначалници заГрад Скопје на Локалните избори 2021.На средбата се разговараше за проекти како и за истакнати приоритетни предизвици со кои граѓаните се соочуваат, а за кои се неопходни брзи и ефикасни решенија. Се донесоа заклучоци дека заеднички, транспарентно, со соработка може да се реализираат предвидени проекти, со цел обезбедување на подобар квалитет на живот на сите скопјани. Арсовска дополни дека преку ова работно тело ќе може секој да придонесе со свои идеи и предлози, за доброто на градот.- Да покажеме отвореност, соработка, транспарентност и да покажеме дека можат луѓето да бидат во изборна трка, а сепак да делуваат конструктивно имајќи го јавниот интерес на граѓаните пред се како приоритет. Ја ценам експертизата на кандидатите и верувам дека секој од нив може да придонесе за носење на промените за нашето Скопје, рече Арсовска.

Скопје | пред 4 години

Foto-2

Пендаровски приреди прием по повод 70 годишнината на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Претседателот Стево Пендаровски денеска приреди прием по повод одбележувањето на 70 годишнината од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Приемот во Кабинетот на Претседателот, на кој присутвуваа ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје и членовите на Деканатската управа на Правниот факултет, е приреден во рамки на одбележувањето на значајниот јубилеј на овој факултет, кое се одржува под покровителство на претседателот Пендаровски.Претседателот Пендаровски, честитајќи го јубилејот на Правниот факултет„Јустинијан Први“, ја истакна неговата улога во градењето на современата македонска држава, придонесот во нашиот правен и политички систем, како и во процесите на демократскиот развој на државата. Посакувајќи уште многу години успешна и плодна работа, претседателот Пендаровски изрази уверување дека Правниот факултет и во иднина ќе дава креативни предлози и луѓе кои ќе можат да предводат позитивни процеси во државата за успешно справување со современите предизвици за најважните општествени прашања.За значењето на јубилејот, како и за одговорноста на оваа генерација професори, на приемот говореа и Никола Јанкуловски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Сашо Георгиевски, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“.Правниот факултет „Јустинијан Први“, основан на 3 ноември 1951 година, е најстарата високообразовна установа во Република Северна Македонија од сферата на правните, политолошките и комуниколошките науки.

Македонија | пред 4 години

kongres-sdsm

Се собраа сдсмовците, се дискутира зад затворени врати

Централниот одбор на СДСМ ќе одржи седница вечерва во 20 часот, информираат од партијата.Од СДСМ во изминатите денови посочуваа дека се водат секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамките на највисокото партиско раководство.На вечерашната седница се очекува теми да бидат најавената оставка на премиерот и лидер на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, анализа на изборните резултати и последните случувања на политичката сцена по поднесената иницијатива за доверба на Владата.За заклучоците и одлуките на Централниот одбор, партијата ќе ја информира јавноста по завршувањето на седницата

Македонија | пред 4 години

sdsm

Што се зборува на состанокот во СДСМ, пред гласањето недоверба

Треба да се спремиме за четврток. Пред нас се големи предизвици за кои сметам дека денеска ќе расправаме и ќе видиме кое е најдоброто решение, изјави потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи пред состанокот на највисоките тела на партијата.Тој смета дека оставката на премиерот Зоран Заев е демократски чин и „мораме да се навикнеме на такви нешта“.-Не значи дека премиерот не ни треба. Заев во моментов е потребен за општеството и владеењето во државата. Не знам дали денес ќе расправаме за неговата оставка. Тема на разговор треба да ни биде енергетската и економската криза, пандемијата и севкупниот предизвик на државата. Не бегаме од одговорност, потенцира Битиќи пред седиштето на СДСМ на „Бихаќка“.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-09-at-15.38.53

ВИДЕО: „Петре изгуби, ајде сега мрш“, избркани работниците кои ја рушат галијата

На социјалните мрежи се шири видео снимка од денешниот инцидент на галијата, која ексградоначалникот Петре Шилегов започна да ја руши.Додека двајца мајстори утрово работеа на демонтирање на галијата се појавува човек кој се претставува како газда и со повишен тон им вика „Петре изгуби, нема судска пресуда, кој ве прати вас, кој ви е газда,одма соберете се и да си одите. Сте ми направиле еденипол милион штета, ајде одете си, да не ве видам тука – вели човекот кој се преставува како газда, а според написите во медиумите галијата е на име на бугарски бизнисмен.

Скопје | пред 4 години

Kozle-1

Ужасна е состојбата: Во болницата во Козле има 21 дете заразено со Ковид-19, две се на кислородна поддршка

Во Институтот за белодборни заболувања кај децата – Козле се хоспитализирани 21 дете заболено од Ковид-19. Сите деца се во добра општа состојба.Ова за МИА го изјави директорот на таа јавна здравствена установа, Бесник Зеќири.Тој посочи дека хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години.– Од заболените деца, 80 отсто се на возраст од 8 до 16 години. Две заразени деца се на кислородна поддршка, додаде д-р Зеќири.

пред 4 години

18122020_Bekteshi_press2

Прогласена кризна состојба

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија.Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот изготвен од МЕПСО за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година.

Македонија | пред 4 години

skopje-nova-godina-7-28871

За новогодишно украсување, Скопје ќе плати 243.000 евра

Град Скопје го склучи договорот за новогодишно украсување на градот. Украсувањето ќе чини 243.000 евра, а договорот ексградоначалникот Петре Шилегов го потпишал со фирмата „Линк медиа плус“. Оваа фирма била единствена која доставила понуда на јавниот повик кој беше објавен во септември.„Украсување предвидува поставување централна новогодишна елка на Плоштадот Македонија и украсување на неколку други локации и улици. Украсувањето треба да е во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор. Новогодишното украсувањето треба да биде завршено до 20 ноември“, стои во договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки.

Скопје | пред 4 години

struja

Ќе поскапе струјата, кризата не се знае до кога ќе трае

Електроенергетскиот систем во Македонија е затечен со енергетска криза на високи цени на електрична енергија на пазарот. Професорот Антон Чаушевски од Факултетот за електроника и информациски технологии смета дека треба да се активираат домашните капацитети за производство, бидејќи никој не може да каже до кога ќе трае кризата. Објаснува и дека до Македонија во последните десет години увезувала 30 отсто, сега се увезува 40-50 отсто. Ова е последица на тоа драстичниот пораст на цените на регионалниот пазар, но и неисполнување на обврските од страна на добавувачите, пишува А1он.мк„До кога ќе трае ова состојба никој не може да каже, затоа е потребно да се активираат домашни капацитети кои се на располагање, а тоа се на јаглен и мазут. Редукции е крајна опција доколку не може да се обезбедат дополнителните производни капацитети во Битола и Неготино и ако останеме неповрзани на околните електроенергетски системи. Тогаш останати само на сопствените домашни производни капацитети ќе мора да се најде начин како ќе ги покриеме и кои од потребите“, вели професорот Чаушевски.Професорот Чаушевски е дециден дека се очекува пораст на цената на струјата од следната година.„Сите овие високи цени на увозна електрична енергија, или интервентна електрична енергија, како и увозниот јаглен и мазут што ќе се набави, треба да се плати. Тоа секако останува да се покрие или од самите потрошувачи директно преку сметките за електрична енергија, или пак ако Владата интевенира преку даночните обврзници“, вели Чаушевски.Повеќе на А1он.

Македонија | пред 4 години

sobranie-1

Има или нема мнозинство за недоверба на Владата

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за четврток ја закажа седницата на која треба да се гласа доверба на Владата, откако вчера до него ваква иницијатива со потписи од 61 пратеник поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, АА и Алтератива, Беса и Левица. Потоа, според партиски информации, Џафери го повикал премиерот Зоран Заев на средба во Собранието, а таму беше и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Според досегашните информации, сепак, неизвесно е колкумина пратеници ќе гласаат за недоверба на Владата на Заев в четврток.Од СДСМ за МИА синоќа потврдија дека Џафери го повикал Заев лично да го информира за поднесената иницијатива за гласање доверба на Владата и за следните деловнички чекори.Откако беше поднесена иницијативата Кабинетот на претседателот на Собранието информираше дека е доставено Барање за гласање за доверба на Владата.-Претседателот на Собранието, Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање доверба на Влада, а седницата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток, на 11 ноември 2021, во 11.00 часот. Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата, наведува Кабинетот на Претседателот на Собранието.Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски претходно на прес-конференција ја најави иницијативата и кажа дека е потпишана од 61 пратеник, но оти исто така дека тие интензивно разговараат и со други пратеници.-Доколку во моментов треба да се гласа доверба на Владата очекувам да има 61 плус односно во тек се интензивни преговори и со уште неколку пратеници во македонското Собрание и очекувам дека иницијативата за недоверба на Владата ќе ја потпишат повеќе од 61 пратеник, рече Николоски.Во однос на формирање нова Влада или евентуални нови брзи избори, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа е нешто што ќе се разговара после четврток.-Треба да седнеме со нашите партнери и да видиме кои се нашите програмски определби на сите што сакаат да се формира политичка влада или за брзи избори, рече Николоски.Посочувајќи делови од образложението за гласање доверба, тој рече дека „Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе значајни резултати во претходните пет години, туку напротив владее со измами и пазарења на сметка на најважните прашања на народот“.По поднесувањето на иницијативата на Фејсбук се огласи и премиерот Заев.– За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда. Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите, напиша Заев.Реакција имаше и од неговата матична партија СДСМ од каде посочија дека деновите пред нас ќе покажат дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат доволно пратеници за изгласување недовреба за Владата или не.-СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да ја обезбедиме стабилната иднина на нашата држава и целиот наш народ. Заедно, демократските, проевропски партии нема да дозволиме само заради пуста желба за власт, Мицкоски, Апасиев и Груевски државата да ја носат низбрдо, а народот да страда, посочија од СДСМ.Ново мнозинство во Собранието во петокот најави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по средбата со првите луѓе и претставници на АА и Алтератива, Беса и Левица, по што тоа беше потврдено и од нив.Според досегашните информации, сепак, неизвесно е колкумина пратеници ќе гласаат за недоверба на Владата на Заев во четврток откако еден од народните избраници на Алтернатива Скендер Реџепи Зејд изјави дека ако Левица остане на списокот за паѓање на Владата, тој нема да бидам дел од него, ниту ќе го поддржи гласањето. Дополнително, синоќа координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски потврди дека тој и пратеничката Ангелинка Петкова се во изолација, но се очекува во четврток да дојдат во Собрание на седницата по поднесената Иницијативата за изгласување недоверба на Владата согласно Протоколот што беше донесен од Комисијата за заразни болести и беше применет во Собранието во април годинава.Во врска со изјавата на пратеникот Скендер Реџепи Зејд на Фејсбук се огласи и лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев кој смета дека пратениците на Алијанса на Албанците, Алтернатива и Беса имаат, како што напиша, историска шанса да ја стават ДУИ во опозиција.– Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат, напиша Апасиев на Фејсбук. Тој додаде дека ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеници, а тие – максимум девет.Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села коментирајќи ја изјавата на пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејд изјави дека тоа не е причина да се констатира дека новото парламентарно мнозинство е пропаднато.Синоќа состанок одржа и Централното раководство на Алтернатива откако Реџепи изјави дека нема да биде дел од списокот за паѓање на Владата ниту ќе го поддржи гласањето в четврток доколку на списокот останат и пратениците на Левица.Портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани изјави дека дебатите траат и во овој момент, рече, немаат никаква одлука, но дека нивните пратеници ќе бидат единствени каква и таа да биде.– Со оглед на тоа дека имаме време до четврток, дискусиите во партијата ќе продолжат и утре и најдоцна до среда ќе имаме конкретен став како ќе настапат нашите пратеници. Меѓутоа, едно сигурно можам да кажам – каква било одлука и да имаме тоа ќе се почитува од сите пратеници од Алтернатива, рече Муртезани.Покрај Скендер Реџепи, пратеници од Алтенатива се и лидерот на партијата Африм Гаши, Сафије Садики-Шаини и Хусни Исмаили.Во изјава за медиумите претседателот на Либерално – демократската партија Горан Милевски рече дека потписи на ЛДП нема, а нема ни да има на списокот за постигнување на ново парламентарно мнозинство, составено од ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса за Албанците, Левица и Беса.– Потписи на ЛДП нема на списокот, нема ни да ги има. Јас не можам да коменирам за се што се зборува, рече Милевски.Од друга страна, пак, пратеникот Мартин Костовски од СДСМ покрена иницијатива за Заев сепак да остане на чело на партијата. Дека оставката на премиерот Заев е избрзана и донесена во емотивен момент, сметаат многумина негови сопартијци, партнери од коалицијата, но и високи политичари од меѓународната заедница. Повеќето се на став дека на државата и претстојат значајни реформи, кои се изводливи единствено со стабилни институции. Тие го повикуваат Заев да донесе мудра одлука со цел државата да не западне и во политичка криза, од која последици би трпело целото општество. Посочуваат меѓу другото дека е период кога државата се уште се справува со ковид пандемијата, како на здравствен, така и на економски план, додека дополнително се заканува и енергетска криза. Потсетуваат и дека претстои решавање на недоразбирањата со Бугарија, кои би го откочиле евроинтегративниот процес на земјата преку отпочнување на пристапните преговори.Според нив, политичките опоненти го нудат, како што велат, токму спротивното, бидејќи приврзаниците на Христијан Мицкоски продолжуваат да го негираат Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, Охридскиот рамковен договор, но и ги поткопуваат меѓуетничките тензии на домашен план.За во Собранието да се изгласа одлуката за изгласување недоверба на Владата потребно е мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако на Владата и е изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка, предвидува Уставот.Член 216 од Деловникот за работа на Собранието, пак, е наведено: „По поставеното прашање за доверба на Владата се води претрес. Право да го образложи прашањето за доверба на Владата има еден од пратениците кои го поставиле прашањето во траење од најмногу 30 минути. Редоследот на пратениците по пратенички групи и пратеници кои не се организирани во пратеничка група, а кои ќе учествуваат во претресот се определува во договор на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи пред почетокот на седницата. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 15 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 20 минути“.Со член 217 е предвидено дека Собранието гласа за недоверба на Владата по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба.Ако на Владата и е изгласана недоверба, претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата, се вeли во член 218. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на Републиката.

Македонија | пред 4 години

rek-bitola-1

РЕК Битола повторно во функција, продолжува производството на струја

РЕК Битола е ставен во функција и продолжува со производство на електрична енергија, соопштија од компанијата.Како што додаваат, синоќа во три часот по полноќ Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на државата.Продолжуват активностите за ставање во функција и на Блок 2 кој беше во ремонт. Се очекува до крајот на неделата и оваа постројка да биде “на мрежа”.

Македонија | пред 4 години

elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

РЕК Битола наместо да произведува и државата да продава скапа струја, ЕЛЕМ увезува пет пати поскапо, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

РЕК Битола наместо да произведува и државата да продава скапа струја, ЕЛЕМ увезува пет пати поскапо, обвини ВМРО-ДПМНЕ.„ Доколку Владата знаеше како да управува со енергетските капацитети на државата, сега наместо да купуваме скапа струја ќе продававме, но Заев ги испразни хидроакумулациите, не копаше јаглен во РЕК Битола, РЕК Осломеј го оставија на забот на времето, ТЕЦ Неготино не е подготвен.Струјата која што сега се купува оди и до 250 евра по мегават. Тоа е екстремно скапо, и тој товар паѓа на народот, преку чии пари се плаќа. Доколку парите кои сега се даваат за скап увоз се искористеа за инвестиции, сега сликата ќе беше друга, а државата можеше и да извезува струја.Наместо инвестиции, власта се насочи на крадење, местење на тендери и рекетирање во РЕК Битола и енергетските претпријатија. Со оваа власт, не може да биде подобро, може да биде само полошо. Затоа е потребно СДСМ да си замине“ додаваат од партијата.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања