Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

ahmeti-mickoski

Се сретнале Мицкоски и Ахмети! Има детали од средбата

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, освен со лидерот на социјалдемократите Зоран Заев, денеска остварил средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Од ДУИ потврдуваат дека Ахмети Мицкоски се сретнале, додавајќи дека средбата била „информативна, за да се слушнат ставовите на господинот Мицкоски за Договорот од Преспа, новото име на државата и спорот со Бугарија.“„Господинот Ахмети денеска имаше средба со господинот Мицкоски и на таа средба се разгледани главните програмски точки и дали во иднина можат да се поклопат тие на ДУИ со оние на господинот Мицкоски. Што се однесува за договорот од Преспа, го прифаќате или не? Новото име на државата, другото прашање е каква е визијата на господинот Мицкоски за проблемот со Бугарија, кој е клучен за да се отворат преговорите со ЕУ. Ова се точките кои отвораат можност за соработка со господинот Мицкоски или не, во иднина доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори“, велат од ДУИ.Средбата за „Слободен печат“ ја потврдуваат и во ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

titio_LQdjJhQ

Пронајден часовникот на Тито што беше украден

Луксузниот часовник на Тито што беше украден пред десет години во Србија, е пронајден на аукција во Хонгконг. Часовникот исчезна од Музејот на Југославија за време на изложбата на часовници што Тито ги добил на подарок или ги купил за својата колекција. Аукцијата во Хонгконг беше прекината откако директорката на Музејот на Југославија, Неда Кнежевиќ, објави дека се работи за украден часовник што му припаѓал на некогашниот југословенски претседател.Српската министерка за култура, Маја Гојковиќ, соопшти дека се пронајдени и други украдени уметнички дела, меѓу кои брош и часовникот „Патек Филип“, кои му припаѓале на Јосип Броз Тито.„Вредноста на украдените артефакти од Србија на црниот пазар на уметност е околу половина милион евра“, вели министерката.Гојковиќ откри дека се уште се трага и по златна чанта, околу која во 2019 година изби голема афера во Србјка. Чантата датира од крајот на 19 век, а со неа исчезнале белезици, часовници, синџири и прстени.Неодамна во Цирих е пронајдена и слика која исчезнала пред 20 години, пренесува „Блиц“.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Славески: Заев требаше да стои на зборот и да ја поднесе оставката

Заев уште наредниот ден по објавување на оставката, да стоеше на зборот и да ја поднесеше ќе ги поштедеше граѓаните од сите овие драми. Мнозинството со кое е поднесена иницијативата за недоверба на влада ќе се потврди во четврток, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Трајко Славески во  Анализа на ТВ24.Славески истакна дека новото мнозинство кое го формира опозицијата не е политички нестабилно затоа што ја одразува политичката волја на граѓаните кои тоа го покажаа сега на локалните избори.- Во однос на тоа што велат дека такво мнозинство ќе има политичка нестабилност, не е точно затоа што политичка нестабилност има кога партиите на власт не ја одразуваат реалната волја на граѓаните, што се виде сега на изборите и тоа мнозинство на досегашната власт значеше неефикасна влада и зборува за тоа дека е неопходна нова влада со поголем капацитет која ќе ги решава проблемите на граѓаните.  Било каква влада, дали техничка или експертска е подобра од оваа на СДСМ во моментов, рече Славески.Тој одговори и на обвинувањата на СДСМ за стратешките определби на новото мнозинство, затоа што како што рече ЕУ, НАТО и подобар животен стандард се определба и на ВМРО-ДПМНЕ, но определби и цели на партијата се и тие кои се далечни за СДСМ.- НАТО, ЕУ и подобар животен стандард за кои зборуваат од СДСМ на граѓаните се определби и на ВМРО-ДПМНЕ, но имаме определби кои се далечни за СДСМ како искоренување на корупцијата, затоа што СДСМ ја врати земјата на ниво како што беше во 2004 и сме на срамното 111 место, никогаш не сме биле на ова место. Велат платите растат со 5%, но инфлацијата расте повеќе со 6% и треба реално да им кажат на граѓаните дека платите не растат колку што треба, граѓаните ги интересира што реално може да купат со 1000 денари, ако требало да купат литар масло со 60 денари сега е 100 денари, изјави Славески.

Македонија | пред 4 години

ceca24

Цеца го нападна Мили па го напушти шоуто: Јас те создадов, тогаш немаше ни гитара

Познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ во „Ѕвездите на Гранд“ повторно имаше вepбален кoнфликт со познатиот композитор Александар Милиќ Мили.Пејачката овој пат дури и го напушти студиото, а целиот cкaндал настана откако Мили повторно жестоко ја нaпaдна.Имено, за време на преставување на еден од кандидатите член од продукциското жири реагираше поприлично бpyтално кон популарната пејачка, по што ни таа не му остана должна.„Навистина со таква терминологија не можам да ви вратам, ова е семејно шоу“, му одговори Цеца откако ја нападна со пoгpдни зборови. По ова вербалните нaпaди од страна на колегите кон Ражнатовиќ продолжија, но пејачката и овој пат реши на никого да не остане должна, па жecтоко возврати:„Знам јас каде пеев и пред тебе, затоа престани да си безобpaзен. Заcpами се од твоите зборови, јас те создадов, тогаш немаше ни гитара. Еве ти го човекот, па нека го води жирито“, изјави Цеца peволтирано и го напушти жирито.

Магазин | пред 4 години

apasiev-1068x580

Апасиев: Албанските партии да ја искористат шансата да го стават ДУИ во опозиција

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вечерва преку социјалните мрежи испрати порака до албанците партии Алијанса за Албанците, Алтернатива и Беса дека треба да ја искористат историската шанса и да ја испратат ДУИ во опозиција.„Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат. ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а они - максимум 9.Затоа, памет у глава - емоции на страна и се гледаме на седница. Оти, политика е ШАХ“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

leonardo-di-kaprio-dzef-bezos-nova-devojka-830x0-1

Девојката на Џеф Безос „се стопи“: Кога имаш милијарди, а сепак не си Леонардо ди Каприо

Лорен Санчез го понижи Џеф Безос со своето однесување, па многу корисници на социјалните мрежи се шегуваат на негова сметка.Причината е Леонардо ди Каприо, односно нејзиното однесување во моментот кога таа и Безос го запознаа познатиот актер на 10-тата церемонија на уметност и филм во Музејот на уметноста во округот Лос Анџелес (LACMA).Лорен буквално се „стопи“ додека разговараше со Леонардo, доближувајќи му се толку што изгледаше како да му паѓа на гради.Безос стоеше со нив и не му беше смешно и интересно.„Кога имаш милијарди, а сепак не си Леонардо ди Каприо“, „Таа му го уништи бракот и ништо, уште нема доволно, хахаха“, „Па, Безозе... Посиромашен, но шармер“, се некои на коментарите.Безос се разведе од сопругата Мекензи Безос во 2019 година, по 26 години брак.

Магазин | пред 4 години

korona1

Намален бројот на новозаразени во регионот, вообичаено за понеделник

Најновата епидемиолошката состојба во земјите од регионот е вообичаена за понеделник, кога бројот на новозаболени е значително помал во однос на крајот на претходната недела.Во Србија  тестирани се 16.799 лица за коронавирус, од кои 4.378 биле позитивни, додека 67 лица починале. На респиратор има 270 пациенти.Во Словенија во последните 24 часа се регистрирани 1.282 заразени. Во моментов активни се 36.611 инфекции, а седумдневниот просек на заболени е 2.862.Во Хрватска се регистрирани 1.242 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што бројот на активни се зголеми на 29.265 заразени. Починале 46 лица или 9.546 од почетокот на епидемијата.Во Босна и Херцеговина се регистрирани 367 лица позитивни на коронавирус, од 1.697 обработени тестови. Загинаа 37 лица.Само во Федерацијата БиХ се регистрирани 291 лице позитивно на коронавирус, од 1.431 обработени тестови. Четиринаесет лица загинаа, додека 14 смртни случаи беа пријавени ретроактивно. Од почетокот на епидемијата, пријавени се 6.570 смртни случаи.Република Српска регистрирала 67 новозаразени од 200 тестирани примероци. Пријавени се 23 смртни случаи. Од почетокот на епидемијата досега починале вкупно 6.699 лица.Во последните 24 часа во Црна Гора од коронавирусот починале 15 пациенти, од кои најмладиот имал 25 години. Регистрирани се 418 нови случаи на 1.839 тестирани примероци за новиот корона вирус. Учеството на новопозитивни случаи во вкупниот број на тестирани е 22,73 отсто. Вкупниот број на починати од последиците од коронавирусот е 2.163. Вкупниот број на моментално активни случаи е 5.358.Во последните 24 часа во Албанија се регистрирани 568 новозаразени и пет починати пациенти. Тестирани се 2.659 примероци за коронавирус. Во моментов има 8.059 активни случаи.Во Македонија направени се 1.309 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на Ковид-19. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица. 

Актуелно | пред 4 години

sputnik-lajt

„Спутник Лајт“ создава силен имунитет особено кај луѓе кои прележале ковид-19

Руската вакцина против коронавирус Спутник Лајт, која се дава во една доза гради силен имунитет, особено кај луѓе кои претходно го прележале ковид 19, според резултатите од првата и втората фаза од тестирањето објавени во списанието Лансет.Научниците од рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Gamaleya“, кои ја развиле оваа вакцина, следеле 110 волонтери на возраст од 18 до 59 години во Санкт Петербург кои биле вакцинирани во јануари.Научниците ја анализираа неутрализацијата на вирусот во однос на оригиналната варијанта и открија мало, но статистички значајно намалување на одговорот на антителата за алфа и бета соеви.Русија претходно соопшти дека ефективноста на „Спутник Лајт“ против делта сојот, три месеци по вакцинацијата, е 70 проценти.„Спутник Лајт покрај за примарна вакцинација, може да се користи и како ефикасно средство за понатамошна ревакцинација или вакцинација по прележан вирус“, се наведува во студијата.Министерот за здравство Михаил Мурашко минатата недела изјави дека ресорното министерство предложило за ревакцинација да се користи само „Спутник лајт“ поради ширење на делта сојот.„Спутник Лајт“ беше одобрен за клиничка употреба во Русија на 6 мај.– Сметаме дека вакцината „Спутник лајт“ може да придонесе за забрзување на темпото на вакцинација во Русија, како и во другите земји на кои им недостасува вакцина – се наведува во студијата.

Актуелно | пред 4 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-3

Воздухот во Кавадарци екстремно загаден

Вечерашните извештаи за загадувањето на воздухот со ПМ 10 честичките покажаа дека воздухот во Македонија е многу загаден.Според апликацијата на Министерството за животна средина во Кавадарци измерени се рекордни 304 µg/m3.Веднаш по Кавадарци следат Кичево со  239 мг/м3 и  Тетово со 230 µg/m3.Многу загаден воздух покажуваат и мерните станици во Велес и Гостивар, но и дел од мерните станици во Скопје.  

Македонија | пред 4 години

vaccino-antinfluenzale-il-piemonte-punta-ad-aumentare-la-cop-12018.660x368

Зошто во Македонија се препорачува трета доза за сите, кога препораката е за луѓе над 60 години, вели Стевчева

Третата бустер доза на вакцина против Ковид подобро ако е различна од првите две заради подобар имунолошки одговор на организмот иако може да биде и од истата, објаснува за ТВ24, проф. др Лилјана Стевчева, имунолог со над 20 годишно искуство во САД, во областа на имуниот одговор кон вирусите и вирусните вакцини.Сепак, др. Стевчева вели-нејасно е зошто во Македонија се препорачува трета доза за сите, кога препораката е за луѓе над 60 години.Заклучно со 7 ноември вкупно се вакцинирани 809.293 граѓани, втора доза примиле 780.456, а трета 43.376 граѓани.

пред 4 години

Izbori

Прифатена тужбата на Беса, во Желино нема прегласување

Управниот суд ја прифати тужбата на Беса за избирачкото место 2107 во Општина Желино, што значи дека во оваа општина нема да има прегласување. Државната изборна комисија во четвртокот го прифати приговорот на ДУИ за прегласување во оваа општина.Кандидатот на Беса, Блерим Сејди победи со 69 гласа предност пред кандидатот на ДУИ, Фатмир Изаири.Минатата недела генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, изјави дека со приговорот за гласањето по вториот круг од локалните избори во Желино коалицискиот партнер ДУИ им забиле нож во грб.„Јас како министер нема повеќе да бидам дел од тоа владејачко мнозинство. Не можам да се гледам со тие луѓе на маса кога се подготвени нож во грб да му забодат на коалициски партнер кој цела година буквално со сите неправилности стоел само заради големата слика. Очигледно, ДУИ не ја интересира големата слика туку повеќе другите работи, како што е ова со Желино, да направи кризи и слично. Мислам дека е време пополека и тие да се подготват да менуваат“, рече Хоџа.

Македонија | пред 4 години

mark-rute

Холандскиот премиер Руте ден пред гласањето доверба доаѓа во Скопје

Во Македонија задутре пристигнува холандскиот премиер Марк Руте. Ова е прва посета на премиерот на Холандија на земјава, кој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.Руте пристигнува во период на длабока политичка криза, ден пред гласањето доверба на владата што денеска го иницираше опозицијата поддржана од Беса.Холандскиот премиер пред еден месец на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брдо, Словенија, порача дека неговата земја ќе стори се што е во нејзина моќ за да го одблокира почетокот на преговрите за Македонија. Руте тогаш изрази надеж дека тоа би требало да се случи по завршувањето на изборите во Бугарија во ноември.

Македонија | пред 4 години

micevski

И Мицевски е во изолација, но во четврток ќе дојде на гласање

Покрај пратеничката од Гевгелија, Ангелина Петкова, и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски е во изолација.Тој во изјава за „Фокус“ вели дека секако ќе дојде на гласање недоверба на Владата во четврток.„Дали ке дојдам на гласање, секако дека ДА. Во однос на неизвесноста, нема ништо неизвесно, имајќи го предвид протоколот кој што беше донесен од Комисијата за заразни болести, а применет во Собранието во едно претходно гласање, каде што се беше извесно. Ако се сеќавате имаше и кривични пријави кои беа отфрлени, и констатирано дека се било во ред, вели Мицевски за „Фокус“.

Македонија | пред 4 години

zaev-ahmeti

Заев и Ахмети на разговор во Собрание

Во Собранието во моментов на разговори се лидерите на најголемите партии од владината коалиција, СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, дознава МКД.мк од собраниски извори. Оваа средба доаѓа по денешното поднесување на барањето за гласање на доверба на Владата поднесено од 61 пратеник од новото собраниско мнозинство меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица.Талат Џафери за в четврток во 11 часот закажа седница, на која ќе се расправа за барањето за доверба на Владата кое беше потпишано од 61 пратеник.

Македонија | пред 4 години

254585721_820196752105779_5880565353672881477_n

(ФОТО) Со спреј испрскано и вандализирано училиште во Скопје

На социјалните мрежи денес се појави фотографии од од основно училиште во Скопје, а на истите може да се забележат ишкртани врати и ѕидови. Станува збор за основното училиште „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче.„Основното училиште ,,Димитар Македонски" во населба Лисиче вандализирано. Нацртани сатанистички звезди, ишрктано со боја по ѕидовите, подот и вратите и уште разни други вулгарности. Најостро го осудуваме ова срамно, безобразно и нецивилизирано однесување“, стои во објавата.

Скопје | пред 4 години

micevski-1

Пратеничка од Гевгелија во четврток ќе гласа во скафандер

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, за ТВ21 потврди дека пратеничка од Гевгелија е во изолација поради ковид.Пратеничката се очекува в четврток  да присуствува и да гласа во скафандер на седницата за доверба на владата.– Секако дека ќе гласа, имајќи го предвид Протоколот донесен од Комисијата за заразни болести претходно и праксата на ваквото гласање – вели Мицевски.

Македонија | пред 4 години

thumbnail_6FA4F323-F356-441F-BD3E-E3702A9890ED

Стота изведба на „Вардарски пастуви“ во Театар „Комедија“

Претставата „Вардарски пастуви“ на 12 ноември ќе ја има својата стота изведба во Театар Комедија. Ова е втора претстава на театарот шрто има 100 изведби, по „Стјуардеси“.„Првата наша успешна приказна е ‘Стјуардеси’, а сега ќе ја прославиме и стотата изведба на ‘Вардарски пастуви’, претстава чија премиера беше на 8 март 2016 година“, велат од театарот.Режисер на двете претстави е Синиша Евтимов.Од Театар Комедија најавија дека на 18 ноември премиерна изведба ќе има претставата ,,Анатомија на неверството” во режија на Александра Кардалевска.

Магазин | пред 4 години

koronavirus-kovid-skopje

10 починати и 156 новозаболени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.309 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 91, Кавадарци – 19, Битола – 13, Прилеп и Куманово – по 8, Кочани – 3, Струга – 2, Тетово, Штип, Охрид, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани сe 326 оздравени пациент од: Скопје – 135, Куманово – 30, Кавадарци – 23, Штип – 21, Битола и Крива Паланка – по 18, Прилеп – 17, Велес – 14, Кочани – 11, Тетово, Кратово и Неготино – по 6, Пробиштип – 5, Богданци и Виница – по 3, Кичево и Гостивар – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Делчево, Радовиш, Крушево и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (76 г, 78 г, 79 г и 82 г) и по едно починато лице од Кавадарци (61 г), Штип (38 г), Прилеп (66 г), Велес (47 г), Свети Николе (82 г) и Берово (35 г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Направени се 1.309 тест преку: ИЈЗ-31, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-53, Авицена-69, Биотек-92, Систина-49, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-178, ВФВ Медикал-14, Ели Медика-6, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 782.Досега во земјата се направени вкупно 1.409.078 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.233, бројот на оздравени пациенти е 191.132, на починати е 7.242, а бројот на активни случаи изнесува 7.859.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 90218, Активни 3691Куманово 12502, Активни 406Тетово 11131, Активни 195Прилеп 9690, Активни 377Гостивар 8022, Активни 33Битола 7783, Активни 484Велес 6967, Активни 353Кавадарци 6504, Активни 329Штип 6328, Активни 250Охрид 6225, Активни 214Струмица 5942, Активни 100Кичево 4160, Активни 113Струга 3855, Активни 49Кочани 3703, Активни 219Гевгелија 2624, Активни 122Неготино 2446, Активни 83Свети Николе 2050, Активни 84Крива Паланка 1735, Активни 161Радовиш 1632, Активни 62Ресен 1614, Активни 60Дебар 1453, Активни 3Берово 1291, Активни 60Делчево 1215, Активни 76Виница 1104, Активни 35Пробиштип 1068, Активни 69Валандово 868, Активни 24Кратово 679, Активни 41Богданци 601, Активни 22Крушево 561, Активни 23Демир Хисар 518, Активни 54Македонски Брод 482, Активни 7Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 375, Активни 49Пехчево 325, Активни 3Дојран 152, Активни 7

Македонија | пред 4 години

rodos-grcija-pozar

Пожар во Виница, изгоре плевна

На 07.11.2021 во 07.30 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека настанал пожар во гаража – плевна, сопственост на З.С.(68) од Виница, при што целосно изгорела плевната во која имало сено, механизација и алат. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Виница, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Македонија | пред 4 години

3

ОЈО бара притвор за Албанецот фатен со 100 килограми дрога

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 38-годишен државјанин на Република Албанија, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 7 ноември 2021 година, во 20:00 часот, во Дебарца, бил запрен од полициски службеници додека управувал со патничко моторно возило Цитроен берлинго со албански регистарски ознаки и во сопственост на друго лице. При извршен претрес во возилото биле пронајдени 100 килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 100 полиетиленски опаковки распределени во 5 најлонски вреќи.Поради потребата од обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.

Македонија | пред 4 години

235634236_3042017626088012_4185651639971951938_n

В четврток ќе се гласа доверба на Владата

Во Собранието на Република Северна Македонија е доставено Барање за гласање за доверба на Владата на Република Северна Македонија и истата е архивирана од надлежните служби.„Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање за доверба на Влада, а истата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток (11.11.2021), во 11.00 часот, Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување на седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата.За сите чекори и процедури, како и досега, претставниците на медиумите ќе бидат информирани преку надлежните служби во Собранието“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Nikoloski

Николоски: Иницијативата за недоверба на владата ќе ја поддржат повеќе од 61 пратеник

Во тек се водат интензивни разговори и со други пратеници во Собранието за поддршка на Иницијативата за недоверба на владата, со што бројката ќе биде повеќе од 61 пратеник, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски денеска при поднесување на Иницијативата во македонското Собрание.Тој истакна дека доколку во моментов треба да се гласа доверба на владата или најдоцна до четврток очекува повеќе од 61 пратеник да гласаат за недоверба на владата.- Сакам да ја информирам јавноста дека во тек се интензивни разговори и со уште неколку пратеници во македонското Собрание и очекувам дека иницијативата за недоверба на владата ќе ја поддржат повеќе од 61 пратеник, рече Николоски.Тој посочи дека Иницијативата е поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, пратениците на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, пратениците на политичката партија БЕСА и пратениците на политичката партија Левица.- Вкупно 61 пратеник ја потпишаа ова Иницијатива и 61 потпис се доставени заедно со оваа иницијатива до македонското Собрание. Очекуваме Претседателот на Собранието согласно роковите утврдени во Уставот и Деловникот во најбрз можен рок да свика седница на која што ќе се гласа за доверба на Влада, истакна Николоски.

Македонија | пред 4 години

IMG-20211108-WA0000

Првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра ќе овозможи раст на македонските иновативни компании

Фондот за иновации и технолошки развој со поддршка на Министерството за финансии и Светска Банка го креираше првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра. По тој повод, денеска се одржа панел дискусија на тема: „Сè што треба да знаете за инвестицискиот фонд” во рамките на „Глобалната недела на претприемништво 2021” а во организација на Стартап Македонија.Говорници на настанот беа: Коста Петров, директор на ФИТР, Игор Андреев, ко-основач на X Фактор Акцелератор, Игор Маџов, инвестициски фасилитатор во Swiss EP и претседател на Стартап Македонија, Ивана Станковиќ, советник во ФИТР и Гого Рафајловски, оперативен директор на SEEU Tech Park.Целта на Инвестицискиот фонд е развивање на пазарот на капитал и отворање на нови можности за инвестирање во стартапи, со цел трансформација на македонскиот стартап екосистем но и создавање на нови услови за развој на „venture capital” во државата.„Со оглед на активностите на ФИТР во изминатата година, формирањето на Инвестицискиот фод е логичен редослед во насока на поддршка на стартап екосистемот и овозможување на побрз развој, полесен пристап до финансии и полесен влез до глобални пазари. Одиме чекор напред во димензионирање на поддршката на Фондот од директна во индиректна со креирање на поволни услови за оние кои им нудат поддршка на стартапите.“ посочи, Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.Петров додаде дека во Инвестицискиот фонд, државата ќе учествува со 10 милиони евра, додека остатокот од 17 милиони ќе биде приватен капитал и од меѓународни финансиски институции. Инвестициите на Фондот ќе се движат од 100.000 евра до 1,5 милиони евра, а ќе се инвестира во македонски но и регионални стартапи.„Стартувањето со работа на новиот Фонд ќе претставува огромен импулс за уште посилен развој на македонската стартап сцена. Посебно важно за нас како приватен акцелератор е тоа што намерата е да се засили влезот на приватни инвеститори во поддршката на растот на компаниите на глобално ниво. Со оглед на фактот што ние инвестираме во рана фаза, со износи до 100.000 евра, за иновативните стартапи кои имаат глобален потенцијал за раст, од голема важност ќе биде и целокупната поддршка за понатамошен развој во следна рунда на инвестиции.", резмираше на панел дискусијата Игор Андреев, ко-основач на X Фактор Акцелератор.Според претседателот на Стартап Македонија, Маџов „иновативативните и перспективните компании се секогаш во потрага по нови и алтернативни извори на финансирање за да растат. Овој фонд го гледаме само како почеток во права насока за обезбедување на поголема подршка и развој на инвестирањето преку удели во земјава.“

Македонија | пред 4 години

mickoski-956

СДСМ: Во наредните денови ќе видиме дали Мицкоски има доволно пратеници за излгасување недовреба за Владата

До вчера Христијан Мицкоски се силеше дека има ново парламентарно мнозинство а денеска го пушти Александар Николовски да се бламира со иницијативата за која не се знае дали има мнозинство или веќе му испари, вели СДСМ.„Деновите пред нас ќе покажат дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат доволно пратеници за излгасување недовреба за Владата или не.СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да ја обезбедиме стабилната иднина на нашата држава и целиот наш народ.Заедно, демократските, проевропски партии нема да дозволиме само заради пуста желба за власт, Мицкоски, Апасиев и Груевски државата да ја носат низбрдо, а народот да страда.Нема да дозволиме загрозување на  постигнатото, на Договорот од Преспа, на Охридскиот рамковен договор, на Договорот за доброседство со Бугарија, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.Имаме заедничка кауза, граѓанска и државничка, зад која стои огромното мнозинство наши граѓани но и пратеници.Нашите заеднички вредности се демократијата, слободата и заедништвото и тие се многу посилни од заедничките интереси на Мицкоски, Села  и Апасиев кои сакаат државата да ја вратат назад, во времето на изолација, поделби и омраза“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Заев макар на „Фејсбук“ нека одговори кога ќе си поднесе оставка

Со оглед на фактот што цели осум дена Зоран Заев го нема никаде во јавноста, а инаку најави оставка и го снема, отвораме дилема дали вистински седи и зад својот последен фејсбук-статус, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на обраќањето на Заев преку социјалните мрежи.„Доколку е навистина тој, тогаш добро е да одговори макар и на ‘Фејсбук’ кога ќе си го исполни последното ветување за оставка од премиер и претседател на СДСМ? Кога зборува Заев за кауза, за ЕУ, Бугарија и за Охридскипт договор, треба да се знае дека мисли единствено за заштита на криминалот, тендерите, кражбите во РЕК“, се наведува во реакцијата во која се додава дека Заев е загрижен за фотелјата, но не и за иднината на државата.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања