Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

ВМРО-ДПМНЕ со години го урнисуваше РЕК Битола а денес го злоупотребува во политички цели, вели СДСМ

Ги потсетуваме ВМРО ДПМНЕ дека во август 2017 година кога новото раководство го презеде АД ЕСМ во РЕК Битола среде лето имаше 70 илјади тони јаглен на депонијата. Така што наводите за некаква претходна спремност на раководството од ВМРО ДПМНЕ е без никаква основа и спротивно на фактите. Големите поплави кои во 2020 го зафатија рудникот на РЕК Битола и натчовечките напори на вработените во услови на пандемија да го вратат ископот на јаглен не заслужуваат партиски препукувања преку нивната жртва и труд, вели СДСМ.„Што се однесува до откривките на јаглен, не е точно дека оставиле подготвен терен за чист ископ, напротив, откривките, односно ископот на јаловина во 2017 година беше во минус во однос на тоа што требаше да биде постигнато во дадениот моментн.Во 2017 година, поранешното раководство на АД ЕСМ го прекина договорот за модернизација на Блок 1 со фирмата од Германија. Тоа е истиот блок кој сега јавува најчести дефекти, како што е случај со денешниот.Од страна на новото раководство секоја година се правени редовни ремонти на блоковите, а во последните три години се направени и капитални ремонти, за чие редовно извршување роковите беа истечени и истите не беа направени од страна на директорите поставени од ВМРО ДПМНЕ.Во однос на вработеноста, бројките покажуваат дека бројот на вработени во АД ЕСМ само се намалува. Денес истиот изнесува 4.482 вработени, додека во 2017 бројот бил 4.892. Така што јасно се гледа кој имал намера да врши партизација и кој вршел партиски вработувања на државно ниво.Исто така, останува веќе 4 години неодговорено прашањето од страна на Христијан Мицкоски: зошто како генерален директор на АД ЕСМ, а претходно како принудна управа во РЕК Битола во својство на советник на Груевски, во јануари 2016г набави електрична енергија по цени повисоки и од 200е/MWh, во време кога немаше енергетска криза во Европа и кога цените беа во нормален распон, од 50 или 60 е/MWh. Истото прашање треба да го одговори и Гордана Димитриевска-Кочовска, која му беше директор за финансии на Мицкоски во АД ЕСМ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Обвинителството мора да реагира на заканите со насилство, велат од Хелсиншки

Игнорирањето на говорот на омраза и неговите последици, отсуството на процесирање на ваквите случаи и речиси непостоечката судска пракса на ова поле, директно ја овозможува неговата ескалација во чувствителни општествено-политички моменти. Деновиве повторно сведочиме како новонастанатата политичка криза во државата автоматски предизвика силен бран омраза заснована на етничка и политичка припадност и тоа преку закани со војна, реваншизам, бесење, силување и други најави на насилство кон ,,другите’’, реагираат од Хелсиншкиот комитет.Напоменуваат дека Хелсиншкиот комитет, како граѓанска организација која во континуитет ги следи говорот и делата од омраза и предупредува на последиците од овие феномени врз општествената кохезија, а особено врз помладите, редовно поднесува пријави до Министерството за внатрешни работи.„Но, според повратните информации кои ги добиваме, обвинителството е инстанцата каде што овие случаи заглавуваат без разрешница. Токму затоа сметаме дека ваквите загрижувачките трендови во јавната комуникација не смеат да останат без соодветен одговор од институциите, со оглед на минатото искуство и бројните кризи со кои се соочуваше нашето општество во изминативе три децении“, велат од Хелсиншки комитет.Додаваат дека она што треба да се има предвид е дека неказнивоста на овие дела ги минира, како шрто потенцираат, шансите за каква било превенција на злосторства од омраза, кои секогаш се иницирани или поттикнати од говорот полн со насилство, нетрпеливост и заплашување.Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека екстремните форми на говор на омраза, со кој директно се повикува на извршување на дела од омраза, се аларм кој конечно треба да го активира Јавното обвинителство да постапува во овој сегмент од неговите законски надлежности и обврски, стои во писменото соопштение.

Македонија | пред 4 години

253328095_209600751280282_5039130149175585663_n

Во заштитено подрачје во Горно Нерези е изграден објект, Независни за Карпош бараат одговор од општината

На социјалните мрежи се објави информација за изграден станбен објект во текот на 2018, во делот на заштитеното подрачје на Водно, а во рамки на општина Карпош, велат од граѓанската иницијатива Независни за Карпош.„Се работи за КП 2352/1 со имотен лист 12393. Според имотниот лист, земјиште под зграда е 206 м2, со приземје од 198 м2 и прв кат од 155 м2.За да добиеш имотен лист за објектите, значи дека се легални, но како може да се легални кога се изградени вон општиот акт за село Горно Нерези, на заштитено подрачје, а законот за постапување со бесправно изградени објекти дозволува легализација само на објекти изградени до 3.3.2011?Инаку, за да легализираш дивоградба, потребен е доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода итн.), а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци, изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека бесправниот објект е изграден пред 3.3.2011.Ако сопственикот има поднесено изјава дека објектот е изграден пред 3.3.2011, одговара кривично.Нашите советнички ќе бараат официјален одговор од општината за овој случај, дали е легализирана градбата, врз основа на што, па врз основа на добиените одговори, ќе бараме соодветна одговорност и постапување“, стои во објавата.

Скопје | пред 4 години

17278364595_2e8a6bd205_b

Кулата „Генекс“ прогласена за споменик на културата

Станбено-деловната кула „Генекс“, која е едно од модерните обележја на Белград, ќе биде прогласена за споменик на културата, реши српската влада. Објектот во бруталистички стил е работен по нацрт на српскиот архитект Михајло Митровиќ, а е граден од 1970 до 1980 година. Своевремено кулата била највисоката зграда на Балканот.„Монументалната градба претставува урбан светилник и највпечатлив мотив на Нов Белград, но и визуелен репер на целиот град. Таа е позната и под името Западна порта и за многумина кои доаѓаат по автопатот е знак дека стигнале дома“, вели архитектката Љубица Славковиќ.Масивната градба, се состои од две кули споени на 26. кат, во што беше меѓу првите на светот, Во времето кога беше изградена, таа беше и првата „паметна“ зграда во Југославија со иновации во системите за климатизација и греење. Приземјето на кулата е украсено со мурали, дело на познатиот српски сликар Лазар Вујаклија. На зградата беше поставен и првиот дисплеј часовник, на кој можеше да се прочитаат времето, датумот и температурата.

Магазин | пред 4 години

pasosh

Започна мобилното издавање на патни исправи за дијаспората

Почнаа со работа базните и мобилните станици за изработка и достава на патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, кои што живеат и работат во странство.„Со новата опрема во нашите дипломатски и конзуларни претставништва, постапката за подигнување на патни исправи е олеснета и скратена, за што сведочат и нашите државјани во Словенија, објави денеска на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.Во август Османи ги промовираше деветте базни станици и четирите мобилни станици кои се поставени во земјите каде што повеќе е концентрирана нашата дијаспора.

Македонија | пред 4 години

IMG_20211108_130116_169-768x512-1

Шилегов и ја предаде градоначалничката функција на Данела Арсовска

Данела Арсовска од денеска и официјално е новиот градоначалник на Скопје и прва жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на државата.Денес во просториите на Град Скопје, се одржа примопредавањето на функцијата, каде досегашниот прв човек на градот Петре Шилегов и ја предаде должноста на новата градоначалничка Данела Арсовска.– Јас очекувам дека бргу ќе се запознае со проблематиката во градот која е комплексна во многу сфери, меѓутоа екипата што остана овде е сериозно професионална и очекувам дека ќе и помогнат да има успешна работа, рече Шилегов.

Скопје | пред 4 години

uploads_thumbs_resize_800x420_501687

Маринко Роквиќ ќе биде погребан во четврток

Пејачот Маринко Роквиќ кој почина во саботата на 6 ноември ќе биде погребан во четврток на 11 ноември на гробиштата Нова Бежанија.Погребот на Маринко Роквиќ ќе се изврши во четврток на 11 ноември, со почеток на богослужбата во 14 часот и 30 минути во црквата Св. Апостол Тома на гробиштата Нова Бежанија, соопшти семејството, коe поради моменталната епидемиолошка состојба побара да се почитуваат сите мерки.- Поради големата почит од луѓето кон Маринко, погребот нема да биде само во кругот на семејството, туку заедно ќе го придружуваме, со барање да се почитуваат сите епидемиолошки мерки - се наведува во соопштението на семејството.Да потсетиме, Маринко Роквиќ ја загуби битката со ракот на панкреасот на 6 ноември.Во ноември 2020 година, пејачот беше подложен на итна операција, како што тогаш беше објавено, поради циста на стомакот. Сепак, уште тогаш беше откриено дека тој боледува од рак на панкреасот и дека прогнозата за излекување е лоша.

Магазин | пред 4 години

taravari

Таравари: Заев денес сам ќе даде оставка

Арбен Таравари, генерален секретар на Алијансата за Албанците, тврди дека опозициските партии во парламентот преговараат и со пратеници на владејачките СДСМ и ДУИ за изгласување недоверба на актуелната влада. Разговорите со овие пратеници, како што вели, биле на нивна иницијатива.„Заев на 31 октомври вечерта најави дека ќе поднесе оставка и во партијата и од премиерската функција. Се надевам дека оставката ќе биде процесирана и нема да има потреба од гласање доверба на Владата. Според некои информации, денеска Заев сам ќе даде оставка, така што ова ги олеснува процедурите за почеток на преговори за формирање нова влада“, изјави Таравари.

Македонија | пред 4 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев: За „стрелањето" веднаш ме викнаа во ОЈО, а Шкодрана од ДУИ за „војнава" - јок!?

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук напиша статус во кој вели дека институциите имаат двојни аршини, во врска со најновиот случај каде кадар на ДУИ, Шкодране Дардишта се закани со војна.„Мене за „стрелањето" веднаш ме викнаа во ОЈО. Шкодрана од ДУИ за „војнава" - јок!?По падов на Режимов, прва метла ќе заигра во Обвинителството!“, пишува Апасиев.

Коментари | пред 4 години

stojance

Осудата од Али Ахмети за Дардишта е за поздравување, вели Ангелов

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, денес ја поздрави осудата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на функционерката Шкодране Дардишта.- Вчерашната реакција на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, е за поздрав, откако ја осуди изјавата на Шкодране, која е распалувачка и повикувачка на војна, рече Ангелов на денешната прес-конференција.Тој вчера на социјалните мрежи објави и статус преку кој и порача на Дардишта да го намали „патриотско” доживување, бидејќи обидот за обезбедување на ново парламентарно мнозинство, колку да не им се допаѓа, е сепак само обичен политички, демократски процес во кој учествуваат и две партии на Албанците од Македонија.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Поевтинуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на Одлуката од 1.11.2021 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денари за литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,690 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,445 денари за кг.Од 9.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 41,445 (денари/килограм)Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 2,637% , кај дизелот за 2,055% , кај екстра лесното масло за 2,660% и кај мазутот намалувањето е за 2,234% .Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,146% , информираат од РКЕ.

Македонија | пред 4 години

Foto-2.08.11.2021

Нова процедура за третман на заболување на хранопроводот на Клиниката за гастроентерохепатологија

На Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија денес првпат беа изведени три интервенции на радиофреквентна аблација кај пациенти што страдаат од Баретов езофагус. Ова заболување се карактеризира со измена на нормалната лигавица во долната третина на хранопроводот, која доколку соодветно не се третира, може во одреден процент да доведе до карцином на хранопроводот. Со радиофреквентна аблација, која е ендоскопска техника, променетото ткиво се изложува на топлинска енергија, со што тоа се уништува.Проф. д-р Калина Гривчева-Старделова, директор на Клиниката за гастроентерохепатологија, објасни дека воведувањето на новата метода носи големи придобивки за пациентите, како и заштеда за јавното здравство.„Од сега пациентите ќе може да ги третираме во нашата земја, што за нив значи помали трошоци и побрзо добивање на потребната здравствена услуга, а за здравствениот систем е значајна заштеда затоа што една ваква интервенција во странство чини и до 15.000 евра од интервенција, а во некои случаи е потребно и повторување на интервенцијата. Значајно за Клиниката за гастроентерохепатологија е и тоа што има можност да стане регионален центар за овие интервенции, што може да даде значаен инпут во нејзината финансиска кондиција и можностите за понатамошен развој и унапредување на портфолиото на здравствените услуги“, истакна Гривчева-Старделова.Постапката се изведува во амбулантски услови од страна на гастроентеролог, а пациентот е под анестезија. Интервенциите денес ги направи светски познатиот гастроентерохепатолог д-р Иво Бошкоски, кој по потекло е од нашата држава, а работи на Католичкиот универзитет, во чии рамки функционира поликлиниката „Агостино Џемели“ во Рим, во соработка со лекари од Клиниката за гастроентерохепатологија,.„При изведување на оваа процедура се користи електрода монтирана на ендоскоп за да се испорача топлинска енергија директно до променетото ткиво на хранопроводот. Гастроентерологот избира соодветна електрода за процедурата, што зависи од должината и количината на Баретовиот хранопровод. Овој процес обично трае 10-ина минути и резултира со аблација на ткивото. Во период од шест до осум недели ткивото што е третирано се заменува со нормална слузница“, истакна д-р Бошкоски.Баретов хранопровод настанува како компликација од долготрајна повторувачка гастроезофагеалена рефлуксна болест, односно оштетување на хранопроводот предизвикана од враќање на киселината од желудникот во хранопроводот. Со цел унапредување на третманот на оваа состојба, на Клиниката за гастроентерохепатологија се воведува и уште една метода за мерење pH во хранопроводот и неговото движење, со што може да се обезбедат точни информации за присуство на рефлуксната болест. Континуираната 24-часовна pH-метрија е стандарден метод во гастроентерологијата, кој овозможува директно и квантитативно мониторирање на киселинскиот рефлукс и дава показатели за одредување на соодветниот начин на третман.

Македонија | пред 4 години

ivan-dzolev

Џолев е определен за вршител на должност претседател на Кривичниот суд Скопје

Иван Џолев, со одлука на Судскиот совет денеска е определен за вршител на должност претседател на Кривичниот суд Скопје.Судијата Џолев, како што изјави портпаролот на Судскиот совет, Љубиша Арсиќ, е определен на оваа должност заради континуитетот во работата и затоа што судот под негово водство спаѓа во листата ажурни судови.Арсиќ истакна и дека во блиска иднина ќе биде објавен оглас за избор на претседател на Основниот кривичен суд – Скопје, како и на други три основни судови – Тетово, Куманово и Ресен.Тој воедно нагласи дека во случајот со определување в.д. претседател на Основниот кривичен суд, Судскиот совет постапил според членот 89 од Законот за судовите.„Во случај на разрешување или престанок на мандатот на претседател на суд, до избор на нов претседател, Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судиите во судот определува вршител на должноста претседател на судот, кој во последната година е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на другите судии има добиено најголем број бодови“, рече Арсиќ и посочи дека Судскиот совет не избрал претседател, туку определил, во согласност со законот, вршител на должноста претседател на Основниот кривичен суд.Од Судскиот совет додадаваат дека според законските одредби, оглас за избор на претседател на суд се распишува 60 дена пред истекот на мандатот, но овие 60 дена се погодиле во кампањата за локалните избори.„Локалните избори беа закажани на почетокот на август, а имајќи ја предвид препорката на антикорупциската комисија, дека Судскиот совет не смее да избира и разрешува судии за време на изборна кампања, едноставно не можеше да се распише оглас за избор на претседател“, рече Арсиќ истакнувајќи дека за определување в.д. претседател на судот не е потребно распишување оглас.

Македонија | пред 4 години

240558541_4533512266699832_4919632053019203780_n

Подгответе го возилото за возење во зимски услови

Подгответе го возилото за возење во зимски услови!Есенскиот период се карактеризира со пад на температурите и зголемени опасности во сообраќајот кои возачите мораат да ги имаат предвид. Главните опасности по сообраќајот во есен се: тмурното време, обилните врнежи, првите мразеви, накиснатите лисја кои паѓаат на коловозите, големите температурни разлики, како и зголеменото учество на земјоделска механизација која го успорува сообраќајот.Подгответе го вашето возило за возење во есенски и зимски услови. Обврска на возачите е да се прилагодат на условите на патот и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.Временските услови влијаат на безбедното одвивање на патниот сообраќај и токму затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото при услови на влажни коловози и пониски температури при есенски и зимски услови на патиштата.РСБСП особено потсетува на следното:• НАМАЛЕТЕ ЈА БРЗИНАТА. Во услови на ниски температури и обилни врнежи од дожд или снег, појавите на голомразица на патот, влажни и лизгави коловози се очекувани, особено доколку патувате во раните утрински или доцните вечерни часови. Затоа бидете внимателни, прилагодете ја брзината според условите на патот и запомнете дека најважно од сѐ е живи, здрави и безбедни да пристигнете на посакуваната дестинација.• ДРЖЕТЕ БЕЗБЕДНО РАСТОЈАНИЕ. Лошите временски услови и непогодната состојба на коловозите влијаат на сопирачкиот пат на возилото. Затоа, држете безбедно растојание и внимавајте на однесувањето на другите учесници во сообраќајот.• БИДЕТЕ ПРЕДВИДЛИВИ. За безбедно одвивање на сообраќајот при дожд, влажни и замрзнати коловози особено е важно вашите постапки во сообраќајот да бидат најавени, очекувани и предвидливи. Согласно тоа, редовно користете трепкачи и избегнувајте нагли дејствија, како нагло свртување, нагло запирање, успорување или забрзување на возилото.• ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО ВО УСЛОВИ НА МАГЛА. Секогаш кога се движите низ магла, прво намалете ја брзината и вклучете ги соборените светла и светлата за магла (доколку поседувате такви светла). Почитувајте ги ограничувањата на брзината и не престигнувајте други возила сè додека вашето видно поле не стане чисто и прегледно, а вашето престигнување безбедно.• НАПРАВЕТЕ ТЕХНИЧКА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛОТО. При есенски услови на патот посебно важно е да управувате технички исправно возило. Искуствата покажуваат дека при пониски температури и влажни и лизгави коловози на површина излегуваат сите неисправности на возилото. За ваша безбедност, за безбедно и непречено пристигнување на посакуваната дестинација, направете редовна зимска проверка на возилото со посебен акцент на проверка на системот за управување, системот за запирање, пневматиците, електрониката и сл.РСБСП уште еднаш потсетува дека безбедноста во сообраќајот зависи од секој од нас. Доколку сите бидеме внимателни и одговорни во сообраќајот и ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, тогаш бројот на сообраќајни незгоди и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди значително ќе се намали.

Македонија | пред 4 години

grcija-korona-2

Русија три недели има над 1.000 жртви од коронавирус на ден

Русија веќе три недели бележи повеќе од 1.000 смртни случаи од Ковид на ден, а во изминатите 24 часа починаа 1.190 луѓе.Вкупно 248.004 пациенти со Ковид починале од почетокот на пандемијата, пренесуваат руските агенции податоци од кризниот центар за борба против корона вирусот.Потврдени се 39.400 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата достигна 8.834.495.

пред 4 години

DimitrieskaKocoska08112021

Димитриеска: РЕК Битола е надвор од функција, јаглен има за два дена, може да снема струја

Никогаш во историјата на РЕК Битола рударско енергетскиот комбинат не бил надвор од функција во сред грејна сезона, вели Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„РЕК Битола е рбетот на енергетскиот систем на земјата и гарант дека државата нема да остане без струја. Овој капацитет заради неспособноста на владата од утрово е надвор од функција. Откако пред неколку дена се запали трансформатор на блок 3, утрово има проблеми и со блок 1. РЕК за првпат по години не произведува струја и тоа не е не планирано, туку од неспособност во сред енергетска криза, кога цените на струјата на светските берзи рушат рекорди.Без РЕК Битола,  хидроакумулациите и другите капацитети на ЕЛЕМ не се доволни за да ги задоволат потребите за струја на земјата без. Државата неработата на РЕК ќе ја плати прескапо.Дури и со санирање на оштетувањата, РЕК има проблеми, на депонијата, како што официјално кажаа од власта има само 40,000 тони јаглен, тоа е гориво потребно само за 2-3 дена и тоа без комплетна работа на сите три блока. При промена на власта во 2017 година оставивме откривка и јаглен спремен за ископ од околу 5,5 милиони тони што е еднакво на потребна количина за полн капацитет за следните 10 месеци. Оставивме 25 милиони евра депозити, 8 милиони евра на сметки, нула доспеани обврски, ремонтирани блокови, полни акумулации и огромни завршени инвестиции во хидро и термо опремата.Секој почеток на грејната сезона бил пропратен со најмалку 200,000 тони јаглен на депонија.Со промена на власта започна пропаста на електоенергетскиот систем во Македонија, пропаста на гигантот ЕЛЕМ и МЕПСО. Енергетските претпријатија се користеа за испумпување на пари преку тендери, за набавка на несуштински работи, а не се инвестираше во нови машини, нова механизација, во ископ на јаглен и во пронаоѓање на нови наоѓалишта. Наспроти инвестиции, сите започнати проекти ги запреа. Откриениот јаглен го потрошија, а нова откривка не направија. Машините во рудниците тонат во вода. Водата од акумулациите ја истрошија сосема непланирано. Санација на електростатските филтри, како и десулфуризација не направија, нова помошна механизација во текот на 4 години не набавија, но затоа цутеше бизнисот за приватни ангажирања на компании кои се возеа низ РЕК Битола.Резултат е рекордното намалување на годишното производство на електрична енергија, намалување на приходите и зголемување на трошоците. Сето ова не доведе до состојбата која ја имаме денес.Почитувани, на светските берзи струја има криза нема. Тоа значи дека можеш да купиш струја, но по која цена?И сега се отвора финансискиот дел од целата оваа состојба до која не доведе ова власт. Ќе набавувале јаглен во износ од десетици милиони евра. Наместо да го ископаат полесно е да го набават и провизии да си ќарат. А со вработените што ќе правиме? ЕЛЕМ го превработија за јаглен да купуваат?  Овие десетици милиони евра значат девизен одлив, значат помал бруто домашен производ, значат насочени пари на погрешно место наместо во капитални инвестиции. Дополнително на ова МЕПСО непријавено земал струја од eвропскиот енергетски систем, па сега ова ќе ги чини граѓаните казна од најмалку 15 милиони евра.Криминалот и неспособноста креираа енергетска криза која ќе заврши со тешка финансиска криза.Ако во јануари 2017 година имавме интервентен увоз на струја кога надворешните температури беа  до -27 степени  и јаглен не можеше да се копа и имаше криза во енергетскиот сектор во Европа, денес имаме се уште високи температури и интервентен увоз кој е многу поскап од оној во 2017-та кога беа најтешки услови во рудниците.За ова некој ќе одговара и тоа многу брзо.Почитувани, се додека државата ја води оваа власт народот го очекува колапс, сиромаштија и прекини во снабдувањето со електрична енергија“, додава таа.

Македонија | пред 4 години

toksikologija

Kривични пријави за три лица од Токсикологија, ја злоупотребиле службената положба

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три физички лица, од кои првопријавениот – организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија Скопје, второпријавениот – управител на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје и третопријавената – службено лице во Агенцијата за лекови и медицински средства, поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување, поттикнување, фалсификување службена исправа и несовесно работење во службата“.– Првопријавениот со својство на организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија – Скопје во текот на 2016 година, потикнат од второпријавениот во својство на управител на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје ја искористил службената положба и овластување на начин што спротивно на Законот за јавни набавки, без да постапи целосно по Решението за давање согласност на Советот за јавни набавки, иако знаел дека Клиниката нема потреба за набавка на медицинска опрема, објавил оглас за набавка на медицински средства во кој дефинирал набавка во еден неделив предмет и технички спецификации, кои упатуваат на конкретно производство, со што ја ограничил конкуренцијата, а со цел фаворизирање на економскиот оператор Уни – Медикал ПСТ Скопје, по што на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје како единствен понудувач му овозможил да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.542.317 денари, а воедно пријавените предизвикале и штета на буџетот на Клиниката во износ од 942.315,00 денари – се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.Второпријавениот во својство на управител на правното лице Уни-Медикал ПСТ Скопје со намера да изврши продажба на медицинското средство и да се стекне со противправна имотна корист во истиот период во Агенцијата за лекови и медицински средства употребил исправа со невистината содржина на начин што внел невистинит податок за потеклото на медицинското средство.Третопријавената, пак, во својство на службено лице несовесно постапила во издавањето на Одобрението за увоз на медицинското средство, односно изготвила и одобрила Одобрение за увоз на медицинско средство чиј производител не е регистриран во регистарот на медицински средства, како и не е извршено запишување во регистар на медицински средства што се води во земјава, со што на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје му овозможила да изврши увоз и продаде медицинско средство во вкупна вредност од 6.115.468 денари.

Македонија | пред 4 години

253080917_287165440081460_2817376603515756284_n

Авалон го носи Стинг во Сараево

Авалон продукција ќе го организира концертот на светската музичка ѕвезда Стинг во Сараево, на 19 март 2022 година. Ова е првиот голем настан што тие го закажаа за 2022 година, а ќе се одржи во олимписката сала „Зетра“.Ова ќе биде и прв концерт на Стинг во Сараево во неговата долгогодишна кариера. По концертот на Ју-Ту во Сараево, одржан 1997 година на стадионот „Кошево“, ова е најголем музички настан досега во Босна и Херцеговина, пишуваат босанските медиуми.„Стинг ја продолжува неговата турнеја ‘Мај сонгс’, која беше прекината поради короната, а на концертот ќе го промовира и неговиот нов албум “Бриџ“, кој ќе излезе во продажба на 19 ноември“, велат од Авалон.Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 12 ноември (петок) преку продажната мрежа на kupikartu.ba.

Магазин | пред 4 години

Screenshot-2021-11-08-120211

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски прекина копање на улица во Карпош

Старо-новиот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, објави видео како прекинува, како што вели тој, „диво“ копање на улицата Букурешка.„Почитувани граѓани на Карпош,Сакам да ве информирам дека по пријава на граѓани за „диво“ копање на улицата Букурешка, утрово излегов на терен за лично да се запознаам со ситуацијата. Од одговорното лице на фирмата што го затекнав на лице место побарав дозвола за прекопување на улицата на што ми беше одговорено дека наводно имал одобрение од секторот за урбанизам, но не ми покажа документ.Поради тоа наредив веднаш да прекинат активностите на улицата и да се направи записник“, објави Јакимовски.Претседателот на ГРОМ вели дека од секторот за урбанизам добил потврда дека фирмата немала дозвола за сечење на улицата.„Нема да дозволиме на „диво“ да се прекопуваат нови улици, а граѓаните да газат по кал и да ги оштетуваат возилата по раскопани сообраќајници заради лични интереси на поединци“, напиша Јакимовски на Фејсбук.

Скопје | пред 4 години

IMG_6398

Емотивна Балканска синтеза на пијанистката Јасмина Трајчевска

Одлични концерти на пијанистката Јасмина Трајчевска, професорка по пијано на ДМУ Илија Николовски Луј од Скопје, по повод нејзиниот јубилеј 20 години концертна активност.Таа ги изведе делата на композиторката и челистка Билјана Бојовиќ Божиновска, која потекнува од Македонија, но живее и твори во Калифорнија, САД. Дела создавани преку океанот, со инспирации од Македонија. Композоторката беше во публиката, а таа емотивна средба на композитор и репродуктивен уметник, ретко се случува.- Чувството кога се изведува дело на еден композитор е прекрасно, испреплетено со голема возбуда, емоции на среќа,радост и голема одговорност спрема композиторот и неговата работа. Морам да напоменам дека јас бев толку среќна што ја гледам во публика мојата блиска другарка и колешка Билјана Бојовиќ,во секоја нота и фраза ги чуствував нејзината желба и емоции за нашата балканска музика, срцето ми чукаше во метарот и ритамот на делата, дишиме и мислиме во ритамот на нашето поднебје богато со голема историја и елементи од фолклорната музика, истакна пијанистката Трајческа.Нивната соработка започнува од средношколски години како другарки, а потоа им се разделуваат животните патишта за да по многу години повторно ги спои оваа соработка.- За композиторот е посебна привилегија да се слушаат створените дела во живо. Како и со секоја композиција, човек мора да е спремен да чуе различни интерпретации на своите дела, но во тоа е и убавината на музиката, која и колку да е иста, сепак е неповторлива. Вистина е возбудливо да се слушаат делата во живо и да се пратат импресиите на изведувачите и на публиката. Композиторот кога твори, и самиот е понекогаш изненаден со она што го пронајдува во себе и тоа го чувствува како подарок. Благодарејќи им на изведувачите, тој подарок може да се подели со слушателите. Колку што е интересен процесот на компонирање, толку интересен е и дијалогот меѓу делото и слушателот. Плодот на тој дијалог во срцето на слушателот, размислувањата на кои го поттикнуваат, начинот на кој го оплеменува, е уште едно ново и најдрагоцено и бесценето дело. Како и со сѐ што е највредно, овој сегмент на творештвото често останува тајна за композиторот, ама таква тајна за која вреди да се живее и твори, истакна Билјана Бојовиќ-Божиновска.Првиот концерт со изведба на ова дело на Бојовиќ-Божиновска, пијанистката Јасмина Трајческа премиерно го изведе во Брно на ЈАМУ во склоп на едно нејзино истражување за пијанзмот во Чешка, потоа во Љубљана на Факултетот за музичка Уметност, за да следната година на сред пандемија го постигна најголемиот успех во Љубљана на покана на фестивалот Имаго Словенија.Композиторката Божиновска при оваа посета на родната земја раскажуваше и за тоа како американската публика ја прифаќа музиката која доаѓа од овој простор на светот.- Во моето искуство, американската публика е секогаш интригирана со влијанието од балканските мотиви во мојата музика. Често ми пријдуваат луѓе од публиката кои се љубопитни да дознаат повеќе за нашата музика или со луѓе кои препознале мотиви кои ги слушнале во фолклорната музика ако патувале низ нашите простори. Публиката често не ја разбира, но длабоко ја чувствува музиката. Ова е само доказ дека сѐ што е вистински автентично е универзално, па е така и со музиката инспирирана од нашето народно предание, која е универзален јазик што надминува секакви географски граници, објасна таа.Проектот Балканска синтеза е поддржан од Министерството за култура и Словенечка Амбасада во Скопје.

Магазин | пред 4 години

korona

Двајца мажи на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар

Двајца мажи од Берово и Штип на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во дневниот здравствен билтен. Се очекува во текот на денот раководството да информира во каква состојба биле донесени пациентите и кои компликации од коронавирусот предизвикале смрт кај пациентите на возраст од 35 и 38 години.Штипскиот Ковид-центар веќе десетина дена континуирано се полни со пациенти од источниот регион. Во Инфективното одделение се хоспитализирани 54 пациенти, од кои 48 се на кислородна поддршка, а на Кожното одделение се лекуваат девет пациенти. Во штипскиот Ковид центар има шест слободни болнички кревети.

Актуелно | пред 4 години

esen-lisja-vremenska1

Умерено облачно и топло, од утре промена на времето

Денеска времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 19 Целзиусови степени, Маврово 17, Охрид 20, Битола 21, Крива Паланка и Кавадарци 20, Берово 22, Дојран 24.Утре времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 16 до 22 степени.

Македонија | пред 4 години

ebb5d7be-3f32-42e5-9e28-a552a32f2cb0

Можно е некој намерно да ставил вистински куршуми во пиштолот што ја уби Хачинс, вели адвокатот

Адвокатот на член на персоналот кој го надгледува оружјето што се користело на снимањето на Rust сугерира дека некој намерно ставил вистински куршум во пиштолот на Алек Болдвин кога случајно ја застрела камерманката Халина Хачинс.„Можно е некој намерно да ставил вистински куршуми во пиштолот-реквизит што ја уби Хачинс,“ изјави Џејсон Боулс, адвокат на оружарката Хана Гутиерез.Боулс тврди дека неговата клиентка, Хана Гутиерез, извадила муниција од кутија за која верувала дека има само лажни куршуми кои не можат да испукаат.Тој сугерира дека некој намерно ставил вистински куршуми, кои личат на лажни.„Сметаме дека некој намерно го саботирал сетот со тоа што подметнал жив куршум во кутија со лажни“, рече Боулс за „Добро утро, Америка“ на телевизијата „Еј-би-си“.„Не велиме дека некој имал намера да предизвика трагедија со убиство“, додаде тој. „Но, тие сакале да направат нешто за да предизвикаат безбедносен инцидент на снимањето. Тоа е она што веруваме дека се случило“.

Магазин | пред 4 години

sputnik-vakcini-5

300 антитела штитат од делта-сојот на коронавирус, тврди пронаоѓачот на „спутник В“

Директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ Александар Гинзбург вели дека истражувањето на тој институт покажало дека се потребни 300 антитела за целосна заштита од делта-сојот на коронавирусот.Гинзбург, како што пренесуваат руските агенции изјавил дека ако некое лице има 500 антитела или повеќе, тоа би било идеално за заштита од Ковид-19.Објаснил дека со тестот биле опфатени 4.000 московјани.Воедно, директорот на „Гамалеја“ оценува дека коронавирусот може да се победи за неколку месеци доколку драстично се зголеми бројот на вакцинирани на дневна основа.„Рестриктивните мерки без вакцинација се практично бескорисни. Тие мора да се комбинираат со драстично зголемување на бројот на вакцинирани“, вели тој.

Актуелно | пред 4 години

elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

Поради хаварија РЕК „Битола“ не произведува струја

Поради нова хаварија, која се случила рано изутринава, во термоелктраната РЕК „Битола“ во моментот не се произведува струја.„Поради дефект во котелот на Блок 1 за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата“, се наведува во соопштение на ЕСМ.Од таму нагласуваат дека станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скината цевка, што се смета за лесен испад на постројката. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа.Претходно, поради хаварија во РЕК, надвор од функција беа вториот и третиот блок поради што производството беше потпрено само на еден блок, но во моментот и тој не работи.„Се работи и на оспособување на Блок 2, кој беше во ремонт, и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава“, објаснуваат во денешното соопштение од ЕСМ.Пред два дена во РЕК „Битола“ избувна пожар, кој направи сериозни оштетувања на трансформаторот на Блок 3. Тогаш беше соопштено дека штетата е од поголеми размери и дека Блок 3 одреден период нема да биде во можност да биде приклучен во производниот систем.Во меѓувреме, од ЕСМ велат дека потребите се задоволуваат од другите капацитети, како и со набавена електрична енергија како резерва при вакви кратки испади.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања