Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

vakcina

54% од граѓаните над 40 години примиле вакцина

Во изминатите четири дена аплицирани се вкупно 8.185 дози вакцини, од кои 1.706 се аплицирани како прва доза, 1.899 се ревакцинирани, а 4.590 граѓани примиле трета доза вакцина за зголемена заштита од ковид-19. Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 809.293 граѓани, ревакцинирани се 780.456, а трета доза примиле 43.376 граѓани, соопшти Министерството за здравство.Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се истакнува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 отсто од популацијата во државата примиле две дози вакцина, информираат од Министерството.

Актуелно | пред 4 години

GD-za-Antoris-foto-1

Ситуацијата не е добра, повторно преземаме струја, вели Рамадани

Ситуацијата е лоша, од утрово повторно преземавме струја, но помалку од претходно затоа што и времето ни оди во прилог, изјави утрово за Фактор, првиот човек на МЕПСО Куштрим Рамадани за Фактор.„Преземавме утрово струја од европската мрежа, но не многу околу 30 до 40 мегаватчасови струја. Сепак исклучувањето на блокот во РЕК Битола не ни оди воприлог, не се знае што ќе правиме со јагленот и дали освен за РЕК Битола ќе може да се стави во функција и ТЕЦ Осломеј. Секако ситуацијата со нула домашно производство не е во добра и не ни оди во прилог, вели Рамадани. Целиот текст можете да го прочитате тука.

Македонија | пред 4 години

3

Запленета дрога во вредност од околу 350.000 евра

На 07.11.2021 во 20.00 часот на локален пат во селото Оровник, општина Дебрца, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е лишен од слобода М.П.(38), државјанин на Р.Албанија, со што е пресечен меѓународен канал за шверц на марихуана од Р.Албанија во нашата држава.Како што соопшти Сузана Прањиќ Талевска, портпарол во Министерството за внатрешни работи, при извршен преглед во патничко возило „цитроен берлинго“, со албански национални ознаки, кое М.П. го управувал, во задниот дел од возилото биле пронајдени и одземени пет торби со 100 пакувања марихуана, во вкупна количина од околу 100 килограми, со вредност од околу 350.000 евра. Оваа заплена е резултат на повеќемесечно следење на активностите на неколку албански државјани на територијата на државата кои биле инволвирани во недозволена трговија со наркотици.М.П. е приведен и задржан во Полициска станица Охрид за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Охрид според член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Македонија | пред 4 години

Web-capture_7-11-2021_104956_twitter.com_

Нина Бадриќ: Кевин Костнер сакаше да ме носи на вечера, го откачив за еден идиот од Загреб

Пејачката Нина Бадриќ рече дека нејзината најголема грешка која ја направила во животот е кога го откачила Кевин Костнер да одат заедно на вечера во Монте Карло. Таа вели дека го одбила славниот глумец само затоа што била заљубена во некој идиот од Загреб. „Тоа е една од најголемите грешки во мојот живот. Имав 25 години, бев млада и тогаш многу настапував надвор, бев во Монте Карло на некаква гала вечер. И тој ме викна надвор, а јас бев сигурна дека е некоја шега. Тоа е кога си млад и немаш самодоверба. Ме виде во клубот и го испрати неговиот асистент и 500 пати ми рече дека Кевин Костнер сака да вечера со мене. На крајот ми пријде една новинарка од Белград и ме праша што е со мене. Но, тогаш бев заљубена во некој идиот од Загреб и сега, да можам да го вратам времето, секако дека би излегла на вечера со него“, раскажала Нина за „Fakap“ и покажала нивна заедничка фотографија која ја чува во мобилниот телефон. Пејачката се потсети и на моментот кога задоцнила на прием кај поранешниот претседател Иво Јосиповиќ и признала дека тоа ѝ било едно од најнепријатните чувства во животот.„Излегов од дома подготвена и средена и паднав на земја пред куќата. Паднав на колена па на нос и никој не ми поверува освен претседателот. Многу сум му благодарам на тоа. Му се извинував половина час“, рече Бадриќ.

Магазин | пред 4 години

DSC_0074

49 санкции за брзо возење во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.11.2021) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49, 13 санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за возење без возачка дозвола.Сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

elemnema-defekt-vo-rek-bitola-222887

ВМРО-ДПМНЕ: Прво се запали трансформаторот во Блок 3, а од утрово не работи ниту Блок 1 во РЕК Битола

Прво го запалија трансформаторот на Блок 3 во РЕК Битола, а утрово излезе од погон и Блок 1 поради пукната цевка во котел. Со тоа РЕК Битола е комплетно надвор од погон, бидејќи Блок 2 е сẻ уште во ремонт. Самонаречените „шампиони“ во енергетиката се дефинитивно шампиони, ама во негативна смисла на зборот. Со производство на енергија во РЕК Битола од 0 MW, „шампионите “ во енергетиката го имплементираат во целост зеленото сценарио за чиста енергија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„За жал, овој товар на македонската економија ќе биде претежок за граѓаните на Македонија, бидејќи сега недостатокот на електрична енергија ќе биде од увоз, а цените на берзите се сẻ уште високи.За вакво управување на енергетиката во Македонија, СДС и ДУИ ќе мора да си понесат одговорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

eli08112021

Панова: Членовите на судскиот совет да ги почитуваат Уставот и законите

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува членовите на судскиот совет да го почитуваат Уставот и интересот на граѓаните на Република Македонија, а не политичките притисоци кога денес ќе одлучуваат за именување на Вршител на Должноста Претседател на Основниот кривичен суд Скопје 1, вели Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.„Постојат сознанија дека власта во заминување врши притисок за денеска Советот да донесе политичка, а не одлука согласно закон, и со кршење на законот и уставот досегашниот претседател Иван Џолев да биде назначен за ВД претседател на судот, само заради исполнување на политички агенди на власта во заминување.ВМРО-ДПМНЕ во име на граѓаните на Република Македонија бара Членовите на судскиот совет денеска да не подлегнат под притисоците и да не донесат политичка одлука со која за в.д на Основниот кривичен суд би го избрале судијата Иван Џолев. Напротив, очекуваме членовите на судскиот совет, телото за контрола на судската власт, да ги почитува Уставот и законите и според нив, да го изберат најдобро оценуваниот судија.Во законот за судови е предвидено дека ,,во случај на разрешување или престанок на мандатот на претседателот на судот (како во овој случај), до избор на нов претседател на судот, Судскиот совет од редот на судиите во судот определува вршител на должноста претседател на судот кој во последната година е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на останатите судии има добиено најголем број бодови“.Изборот на Иван Џолев за в.д. претседател ќе е директно кршење на законите и Уставот, што би го нарушило угледот на Судскиот совет и дополнително ќе ја поткопа довербата во независноста при носење на одлуките, што впрочем е и во фокусот на интересирањето на ЕУ.Веруваме дека членовите на Судскиот совет добро се запознаени за интересот и фокусот на Европската унија и на другите стратешки партнери на Македонија, кон имплементацијата на стратегиите и методологиите донесени од Судскиот совет, пред се за Методологијата за квалитативно оценување на судиите, Методологијата за утврдување сложеност на предмети, Стратегијата за човечки ресурси, како и за Акцискиот план за борба против корупцијата.Од тука работењето на Судскиот совет и носењето одлуки согласно Закон и Устав имаат подалекусежни влијанија од оние на кусогледите политичари во заминување.Уште еднаш, апелираме членовите на судскиот совет да ги почитуваат законите и Уставот и за в.д Претседател на суд, да го назначат најдобриот оценуван судија, оценуван токму од страна на Судскиот совет“, додава таа.

Македонија | пред 4 години

policija-2

Казнети 459 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (07.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 459 возачи. Од нив, 58 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 170 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 289 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

254119319_2952572728344515_8428357012297023375_n

Уште не седнат во фотелја, Стојкоски почна со реализација на 12 важни проекти за Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за десет дена започна реализација на 12 проекти.Тој соопшти во која фаза се наоѓаат и како тече нивната реализиција. Стојкоски е дециден дека во Ѓорче ќе биде добро за сите жители.„Во овие десет дена успеавме да:-Аплицираме за нова детска градинка во Стопански Двор-Го уредиме зеленилото на пешачката патека на насип-Започнеме акција за расчистување на запуштените детски игралишта во Ново Село, а утре продолжуваме кај Жито во Дексион-Поставиме ново осветлување на пешачката патека на насип-Аплицираме за набавка на опрема во новите доградени занимални на објектот Детелинка-Започнеме со подигнување на нова паркова површина на бул. Македонска Војска-Ги санираме прекопите на пешачката патека-Договориме започнување на пристапен пат до обработливите површини во Никиштани и Орман, кои ќе се реализираат од среда-Привремено го решиме проблемот со затоплувањето во ООУ Тихомир Милошевски, со што овозможнивме континуитет на продолжениот престој на учениците-Го конституираме новиот Совет на Општината-Започнеме со расчистување вегетацијата на улица Радушка-Со изведување на канализација во ОрманИмаме многу работа пред нас, но со ваша поддршка, ќе биде добро за сите “, вели Стојкоски..Тој изминатата недела во континуитет беше помеѓу граѓаните, ги слушаше нивните проблеми и заедно наоѓаа решенија.

Скопје | пред 4 години

osmani

Ахмети ќе ја одржува безбедноста на државата, вели Османи

По завршување на Генералниот совет на ДУИ, Бујар Османи изјави дека Али Ахмети ќе продолжи со разговорите со сите политички партии за одржување на евроатлантскиот курс на земјата, и дека ќе се сретне со сите освен со оние кои се против Албанците.-Сега мора да се одреди курсот на иднината на оваа земја. Сега е важно да се донесе одлука која ќе ја врати стабилноста на земјата. ДУИ е тука која во овие политички игри секогаш знае да го одржи интересот на државата. Граѓаните да бидат мирни бидејќи Али Ахмети ќе ја одржува безбедноста во државата. Али Ахмети ќе се сретне со сите освен со оние кои се против Албанците. Генералниот совет едногласно го овласти претседателот Али Ахмети да продолжи со разговорите со сите политички партии за одржување на евроатлантскиот курс на земјата, се разбира освен оние кои се во директен судир со интересите на граѓаните со евроатлантски вредности. Значи, овие разговори ќе продолжи да ги води претседателот Ахмети, рече Османи.

Македонија | пред 4 години

policija-3-640x382

Пукање со воздушна пушка во Центар

На 05.11.2021 во СВР Скопје Д.А. пријавил дека околу 21.30 часот во простории на правно лице на подрачјето на Центар биле испукани дијаболи од воздушна пушка, кои паднале во просторијата, при што биле оштетени стакла од прозорци. Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

Нападнат сопственик на угостителски објект

На 06.11.2021 во 22.35 часот Т.М.(26) од тетовска Мала Речица пријавил дека во неговиот угостителски објект на ул.„Љуботенска“ во Тетово бил физички нападнат од Л.С.(25) од М.Речица со уште четири лица. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

makedonski-telekom

Телеком чека реакција: Владата ја постави Дардишта во Одборот на директори

Македонски Телеком се оградува од ставовите на Шкодране Дардишта кои таа ги објави на Фејсбук.„Македонски Телеком се оградува од приватниот став на г-ѓа Шкодране Дардишта изнесен на социјалната мрежа Фејсбук. Го осудуваме ваквиот личен став и наскоро очекуваме реакција од Владата, која ја постави г-ѓа Дардишта како независен член на Одборот на директори на Македонски Телеком“, се вели во соопштението.Шкодране Дардишта, поранешната директорка на службата за општи работи на Клиничкиот центар, поранешен член на УЧК и актуелен член на управниот одбор на Македонски телеком од ДУИ, незадоволна од развојот на настаните на политичката сцена, упати закани преку својот профил на Фејсбук.„Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него“, напишаа таа.

Македонија | пред 4 години

vakcini-332

EMA со препорака за трета „бустер“ доза за лица постари од 18 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја повтори својата препорака да се дава трета „бустер“ доза од вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ на лица постари од 18 години.-Повеќето земји-членки на ЕУ почнаа да даваат засилувачки дози прво на ранливите групи, а преминувањето на засилувачка доза за општата популација е веројатно следниот чекор во заштитата на јавното здравје – изјави доктор Марко Кавалери од ЕМА.Претставници на ЕМА наведуваат дека бустер дозата може да се даде на возрасни најмалку шест месеци по целосната вакцинација со „Фајзер“, или шест до осум месеци по втората доза на „Модерна“.-Трета доза од вакцината на „Модерна“, земена шест до осум месеци по втората доза доведува до зголемување на бројот на антитела. Студиите не покажаа безбедносни ризици, а антителата добиени од бустер дозата покажуваат подобри резултати во неутрализирање на делта варијантата во споредба со нивото пред да се прими засилувачката доза – вели Кавалери.Тој додава дека слично мислење било дадено и порано за бустер дозата на „Фајзер“ и нагласи дека тие мислења го отвориле патот за давање бустер доза на возрасните, вклучително и оние кои се во поголем ризик да добијат Ковид-19.ЕМА наведува дека во моментов нема особена загриженост кога се користи засилувачка доза покрај веќе познатите несакани ефекти од примарната вакцинација.

пред 4 години

thumbnail_EXLIBRIS-poster-04-04

Вечерва започнува Интернационалниот поетски фестивал Екс Либрис Скопје

Вечерва во 19 часот започнува првото издание на Интернационалниот поетски фестивал Екс Либрис Скопје. Заради околностите предивикани од Ковид-19 под мотото „FESTIVAL IN PROGRESS“ во текот на неколку месеци ќе се одржат десетина настани како дел од програмата на првото издание, кои покрај поетски читања, опфаќаат и преведувачки работилници, дискусии, предавања, промоција на изданија на значајни светски и домашни автори.Вечерашниот настан со кој започнува фестивалот Екс Либрис Скопје е партнерски организиран со Шкотскиот поетски фестивал Станца – преведувачката работилница „Најдено во преводот“ – дискусија и поетско читање на македонски и британски поети и преведувачи, меѓу кои и Питер Мекеј, Тања Хершман, Катица Ќулавкова, Митко Гогов и Никола Ѓелинчески.Тие соработуваа во текот на шест месеци на работилници на кои ги дискутираа нивните поетики и создаваа нови креативни препеви на нивните дела кои ќе бидат презентирани вечерва. Проектот е поддржан од програмата на Британскиот совет за финансирање меѓународни проекти од полето на книжевноста.Публиката ќе може да го следи настанот онлај на платформата ЗУМ (ZOOM) на следниот линк:https://us05web.zoom.us/j/7916684365?pwd=L2FrTHlvTVFaaXFmWGlJMFEyc1d4QT09Meeting ID: 791 668 4365 – Passcode: 1RwUBK

Магазин | пред 4 години

bitkoin

Приведени скопјани кои копале биткоини и краделе струја

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, по добиена судска наредба, извршија претреси во дом и други простории на неколку локации во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.„Претрес е извршен на улицата „Рилски Конгрес“ во домот на С.Т.(67), и на улицата „Александар Бујунов“ во две куќи сопственост на М.З.(63). При претресот е најден пиштол и разновидна опрема за копање на криптовалути (16 ригови со 99 графички картички, 1 мајнер) со кои се вршела кражба на електрична енергија, што било потврдено и од претставници на ЕВН“, иформираат од МВРВо консултација со Јавен обвинител предметите ќе бидат одземени, а лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 4 години

ahmeti-2

Ахмети се огради од изјавата на Дардишта: Тоа не е во интерес на партијата

Се’ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за миг ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна, напиша на „Фејсбук“, Шкодране Дардишта од ДУИ, членка на Одбророт на директори на Македонски Телеком, која до лани беше на раководна позиција во заедничките служби на Клиничкиот центар.Таа во објавата додаде и: „Не си играјте со оган, оти самите ќе изгорите во него“.Објавата наиде на реакции во текот на денот, а последна е онаа на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој се огради со коментар дека таквите изјави не се во интерес на партијата.„ДУИ во својата кауза ја има слободата, а таквите изјави не се во интерес на партијата и каузата“, рече Ахмети пред средбата на партиското раководство во Тетово.

Македонија | пред 4 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Денарот останува стабилен, тврди агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“

Денарот останува стабилен – фиксниот курс е клучно сидро на стабилноста на македонската економија. Девизните резерви достигнаа 3,7 милијарди евра во септември и со оглед на добрата надворешна позиција, очекуваме дека ќе бидат стабилни и во 2022 и 2023 година, одржувајќи соодветна покриеност. Надворешните ризици се дополнително ублажени со репо-линијата којашто Европската централна банка ѝ ја одобри на Народната банка. Ова се дел од констатациите на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, изнесени во извештајот со којшто се потврдува кредитниот рејтинг на земјата.Во извештајот е нагласено сведувањето на основната каматна стапка на историски најниското ниво и очекувањето на „Фич“ за олабавена монетарна политика на Народната банка и во следниот период, во отсуство на зголемување на стапката на инфлација во текот на следната година и во отсуство на натамошни притисоци врз домашниот девизен пазар.Притоа, од агенцијата за кредитен рејтинг истакнуваат и дека македонската економија има историја на ниска инфлација и на финансиска стабилност поддржана од кредибилните макроекономски и финансиски политики, што соодветствува на успешното одржување на стабилниот девизен курс на денарот. Во извештајот нагласуваат и дека, тековно, пристапот до надворешно финансирање е поволен, а странските инвестиции се отпорни.Од „Фич“ оценуваат дека банкарскиот сектор ја задржа силната основа, и покрај пандемичниот шок и постепеното укинување на мерките на финансискиот сектор за „олеснување“ на финансискиот товар на домаќинствата и претпријатијата. Притоа, се наведува дека банкарскиот систем е соодветно капитализиран и профитабилен.Во извештајот е истакнато и тоа дека иако одложувањето на наплатата на кредитите беше речиси целосно завршено во првиот квартал од оваа година, тоа не доведе до позначително зголемување на нефункционалните кредити. Имено, во однос на крајот на минатата година, стапката на нефункционални кредити се зголеми за само 0,1 процентен поен и на 30 јуни годинава изнесува 3,4%, како што е изнесено од агенцијата за кредитен рејтинг.

Македонија | пред 4 години

frajll

Казнети девојките од „Фрајле“, настапиле без дозвола

Пејакчите Наташа Михајловиќ и сестрите Јелена и Невена Буча од популарната група „Фрајле“ од Нови Сад, се казнети со по 900 евра, затоа што одржале концерт без дозвола.Тие концертот го одржале на крајот на октомври во салата за култура „Драго Бритвиќ“ во Хрватска. а како што пренесуваат медиумите тие казните ги платиле на лице место.Организаторот се оглушул на забраната од полицијата која ги предупредила девојките претходно дека не можат да добијат потврда за настап. По настапот надлежните поднеле обвинение, пренесува Virovitica.net.Полицијата се повикала на одлуката на Министерството за внатрешни работи, која е на сила од 18 јуни годинава и во која е наведено дека изведувачите не можат да добијат потврда за работа во објект, туку само, согласно пропишаниот закон за странци, дозвола за настап на јавни површини.

Магазин | пред 4 години

253854413_2000641593444623_5137609668510719304_n-1

Мицкоски за градоначалникот на кој му се слоши: Се договоривме дека нема да го прескокнува појадокот

На денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ пред Белата палата му се слоши на Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани. Прв кој примети дека тој не е добар и губи свест е градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.Стојкоски веднаш изреагира за да му помогне на Папазов, кој беше легнат на земја. Други пратеници, пак, истрчаа да донесат вода за нивниот колега. Мицкоски веднаш штом ги забележа случувањата зад него ја прекина прес-конференцијата и се упати кон Папазов по што му помогна по што го крена во раце.Подоцна Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил соопшти дека се е во ред со Папазов и му порача да не прескокнувал доручек.„Интензивен период беше, и тоа си го зема данокот… Поминавме многу, ќе поминеме уште повеќе. Сложно и братски. А тој ќе мора да вети покрај другите работи на кои сите се обврзавме денес, дека нема да го прескокнува појадокот“, сподели Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

doktor

Лекарска комора: Да не се дозволи да страда дијагностиката на ретките болести во услови на пандемија

„Хередитарен ангиоедем: Современи тераписки и дијагностички протоколи во ерата на ковид-19″, беше тема на неделната онлајн дискусија која со редовна динамика ја организира Лекарската комора со цел подобрување на комуникацијата и размена на стручни и релевантни информации меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем во услови на пандемија. Настанот го модерираше претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, а стручен осврт кон ова ретко генетско и потенцијално живото-загрозувачко заболување даде проф. д-р Весна Гривчева Пановска од Универзитетската Клиника за дерматологија.Хередитарен ангиоедем се јавува поради мутација во генот кој го контролира создавањето на Ц1 инхибитор компонентата на комплемент, кој е мошне важен и учествува во регулација на комплексни биохемиски процеси кои се активираат при борбата со различни болести, воспаленија и при коагулацијата.– Болеста се манифестира со појава на едем (оток) на екстремитетите, абдоменот, грлото, гениталиите или други органи. Едемот на дишните патишта може да биде фатален. Абдоминалниот едем најчесто вклучува болка, повраќање и дијареа. Симптомите најчесто се јавуваат во рана возраст, вообичаено до 13 година и може да се засилат за време на пубертет. Епизодите на напади може да бидат спонтани или предизвикани од физичка повреда или емоционален стрес. Најчесто постои семејна историја на ангиоедем, но голем број на случаи се јавуваат и поради спонтана мутација на ген. Болеста не реагира на антихистаминици и на кортикостероиди, појасни проф. д-р Гривчева Пановска.Таа даде детално појаснување за симптомите поради кои пациентите бараат лекарска помош, точно ги наведе сите аспекти на кои треба да се внимава при земање на анамнеза, дијагностичките процедури кои треба да се направат за да се постави дијагноза, како и различните форми на болеста кои може да се појават.– Во услови на пандемија многу е важно да не се дозволи да страда дијагностиката, односно не треба да се избегнува упатување на пациентите затоа што се тешки времиња. Секогаш ќе има „тешки времиња“, a пациентот не мора да биде секогаш присутен. Може да се испрати само епрувета со крв за анализа и на тој начин пациентот воопшто нема да има контакт со лабораторија во која доаѓаат потенцијално ковид-позитивни пациенти, истакна проф. д-р Гривчева Пановска.Терапијата која за ова заболување се дава во случај на напад е обезбедена преку Програмата за ретки болести и е достапна за сите на кои им е потребна.– Пациентите кај себе секогаш имаат терапија за најмалку два напади, а поради пандемијата се погриживме да имаат и поголема резерва, бидејќи еден дел од здравствените установи беа трансформирани во ковид центри. Предизвик за пациентите е давањето на терапијата, бидејќи таа се дава субкутано или интравенски. За да го надминеме тоа сите пациенти и полнолетни членови на нивните семејства ги обучивме како да даваат терапија, а исто така имаме и тим за интервентни ситуации кој доколку пациентот не може сам да аплицира терапија, реагира во рок од петнаесетина минути, појасни проф. д-р Гривчева Пановска.Покрај оваа терапија, постои препарат за орална профилакса одобрен од американската е од европската агенција за лекови, ФДА и ЕМА, кој поради добра соработка со производителот е достапен за приближно две третини од регистрираните пациенти со хередитарен ангиоедем.Пристапот во третманот на ова заболување, истакна таа, треба да биде партнерски, помеѓу пациентите и здравствените работници. На пациентите треба да им се помогне јасно да ги идентификуваат симптомите преку подобрена комуникација со нивните лекари, лекарите треба редовно да го проверуваат статусот на овие пациенти, дури и кога не побарале консултација, да се едуцираат пациентите и брзо да се реагира кога пациентот ќе пријави симптоми кои се нејасни. Третманот на пациентите треба да биде со индивидуализиран режим кој ќе функционира како во стандардни, така и во нестандардни услови.

Македонија | пред 4 години

Borislav-Krmov-DHaferi-Blograne-sobranie

Крмов: Дардишта се заканува со војна, ама ова во нашиот политички дискурс е потполно легитимно

Пратеникот на Левица, Борис Крмов на Фејсбук објави дека кадар на ДУИ се заканува со војна, откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека има ново парламентарно мнозинство.„Шкодране Дардишта, кадар на ДУИ СЕ ЗАКАНУВА СО ВОЈНА ако на нејзината партија не и се дозволи да продолжи да ја силува државата! Ама ова во нашиот политички дискурс е потполно легитимно за разлика од фашизмот и нацизмот на Левица нели!? – прашува Крмов.

Коментари | пред 4 години

14980653_10209092640128181_3353285356355038271_n

Ребека со емотивна порака за роденденот на синот

Синот на поп-пејачката Ребека, Маркијан, го прослави 15 роденден. Таа на Маркијан кој боледува од ретка болест туберозна склероза му посака да биде среќен и секогаш опкружен со добри луѓе. Пејачката објави и колаж од заеднички фотографии и видеа.„Најголемата наша желба е да бидеш среќен и опкружен со добри луѓе. Нашата мисија се уште трае. Се молам за повеќе добрина во светот кој го врти погледот. Жалам за лошите политики, површните анализи, некомпетентните функции на нашите презафатени политичари и нивните грешни души. Среќен роденден батка, мангупски, љубовче и сонце наше. Те сакаме“, напиша таа.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

По еден месец погребан фолк-пејачот Васил Атанасов

Фолк-пејачот Васил Атанасов кој почина пред еден месец, конечно е погребан во Германија. Неговата сестра Лидија објави на неговиот профил дека го погребале на 4 ноември на новите гробишта во Лудвигсбург, каде што Васил живеел 30 години.„Им благодариме на македонската православна црква во Штутгард, св. Кирил и Методиј и на македонската музичка естрада кои го организираа погребот и со православен македонски поп од Минхен го погребавме брат ми. Тој многупати им свиреше на родендени и прослави“, рече Лидија.За потсетување, семејството на Васил не можеше да го погребаат фолк-пејачот повеќе од 20 дена поради финансиски проблеми. Во Германија им бараа 5500 евра, додека од погребалното претпријатие во Македонија тие не добија никаков одговор.

Магазин | пред 4 години

dragan-danilovski-1

Мерките никој не ги почитува, тргнувајќи од политичарите, вели Даниловски

Проф. д-р Драган Даниловски во изјава за Канал 5 изјави дека е прашање на денови кога ќе се соочиме со бројка од над 1.000 заболени дневно.Даниловски вели дека најновите пресметки на природно имунизирано население со прележување на Ковид-19 или пак со примање вакцина е некаде околу 70 проценти.Мерките никој не ги почитува, тргнувајќи од политичарите па се до поединците. Видовме што се случуваше на митинзите – вели д-р Даниловски.

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања