Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

mkd-529597

Шкодране Дардишта нема никаква функција во МЗ

Министерството за здравство информира дека Шкодране Дардишта не извршува никаква функција во МЗ или во која било клиника во УК Центар ,,Мајка Тереза".„До 2020 година Шкодране Дардишта беше на раководна позиција во заеднички служби на Клинички. Позиција директор на Клинички центар воопшто не постои во систематизација“, соопштија од МЗ.Инаку, таа е актуелна по изјавата во која се заканува со војна.

Македонија | пред 4 години

metadon

Приведен дилер на дрога од гостиварскo

Денеска (07.11.2021) во 13.10 часот полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Л.Ф.(59), бидејќи при претрес во неговиот дом во гостиварско Форино биле пронајдени 13 пакувања со прашкаста материја, четири кутии метадон и повеќе предмети со остатоци со прашкаста материја.Пронајдените предмети и прашкастата материја се одземени за вештачење, а лицето е приведено и задржано во полициска станица. По комплетно документирање на случајот против Л.Ф. ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-07-at-12.43.49

Нема пратеник што се повлекол од мнозинството за рушење на Владата тврди Мицкоски и кажа што понатаму

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски негира дека пратеникот Скендер Реџепи од „Алтернатива“ бил измамен и не му било кажано дека Левица ќе е дел од мнозинството за гласањето на недоверба на Владата на СДСМ и ДУИ. Тој кажа дека немал чуено изјава од пратеникот дека ја повлекува веќе дадената изјава и потпис, туку дека, како што рече, криминалната влада на Зоран Заев треба да замине.„Информацијата е без да биде цитирана изјава на Скендер Реџепи, без потврда, а потоа беше дистрибуирана во јавноста. Јас во животот не мамам. Најмалку имам потреба да се служам со методи кои мене како човек ми доликуваат. Најдобар демант на сето ова ќе биде иницијативата која ќе биде поднесена утре до Собранието. Немам чуено дека пратеникот Скендер го рекол тоа. Имав можност да чујам друга негова изјава дека оваа криминална влада треба да замине, предводена од Зоран Заев. Верувам во неговата чесност и честитост“, кажа Мицкоски.Тој не очекува премиерот Зоран Заев да поднесе оставка. Мицкоски посочи дека ако утре до 14:30 часот тоа не биде направено, ќе ја поднесат иницијативата за гласање на недоверба.„Вратата за секој оној кој што мисли дека оваа Влада на Зоран Заев не е добра, е отворена. Секој кој ја поддржува, нема да биде дел од оние пратеници кои ќе гласаат за недоверба. Тука не постои политичка партија, туку 120 пратеници. 61 застанаа, 59 ги оставам да размислат. Да ја завршиме прво првата работа, потоа има Устав, закони, кој треба да се почитуваат. Мандат се дава на мнозинство и така натаму. Да почекаме да се случи прво првата работа. Лично, не очекувам дека Заев ќе даде оставка, тоа го темелам на претходно искуство. Ќе го доставиме тоа до претседателот на Собранието. 14:30 ќе ја отпочнеме процедурата за гласање на доверба на оваа Влада на Зоран Заев ако не даде неотповиклив оставка“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-07-at-12.45.08

Мицкоски кажа дека градоначалниците нашле злоупотреби во општините, а ги кажа и барањата упатени до нив

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски направил средба со градоначалниците кои ги преземаа општините ширум Македонија и ги добија локалните избори. Тој посочи дека тие веќе воочиле злоупотреби од нивните претходници, но и дека бара пожртвувана и чесна работа од нив.„Независно од случувањата во Централната власт, сметам дека е многу значајно по ниту една цена да не се занемари она што беше ветено за граѓаните на локалните избори. Се што ветивме треба да се исполни. Да се започне решавање на проблемите на граѓаните. Без оглед што огромен дел од општините се презадолжени, во голем дел од нив, првичните информации велат дека има злоупотреби на ресурсите, земање плата на луѓе и не одење на работа. Потребен е максимален ангажман од секој градоначалник за реализација, а овие работи не смеат да бидат причини за неуспех“, кажа Мицкоски.Тој потенцираше дека тие не должат никому, освен на градоначалниците. Ја повика јавноста да биде коректор на градоначалниците и нивната работа.„Имајќи во предвид дека во програмите имаме сериозни капитални проекти, ќе побарам од градоначалниците во следните 30 дена да започнат со најмалку 3 капитални проекти од инфраструктурен карактер за решавање на проблемите. Мојот совет до нив беше да се покаже скромност во делувањето, да се откажат од привилегиите кои самата функција ги носи. Потребно е да покажеме пред граѓаните дека тоа што го зборуваме, го мислиме и работиме. Веднаш, апелирам тоа да го направат и градоначалниците кои се дел од коалицијата, да се откажат од употреба на службените возила надвор од службените потреби и да се откажат од пари за ручеци. Побарав да се излезе на терен, да се комуницира со граѓаните за решвање на нивните проблеми“, додаде Мицкоски.

пред 4 години

Screenshot_20

(ВИДЕО) “Министре извинете, формирано е ново мнозинство”: Погледнете ја реакцијата на Бектеши

Министерот Бектеши се најде во интересна ситуација за време на своето гостување во емисијата „Топ Телма“ на ТВ Телма. Водителот среде емисија ја доби информацијата дека Мицкоски на фејзбук прогласи ново парламентарно мнозинство, а со истата го изненади министерот Бектеши, кој инаку е кадар на ДУИ.

Македонија | пред 4 години

tepacka-strumica

Старец прегази пешак во Струмица

На 06.11.2021 во 10.30 часот во Струмица на ул.„Стив Наумов“ патничко возило „фиат пунто“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.А.(74) од Струмица удрило во пешакот А.Т.(67) од Струмица.Во несреќата А.Т. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 4 години

mickoski-arsovska

ВМРО-ДПМНЕ: Формираното мнозинство е за пад на Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Формираното мнозинство е за пад на Владата„Народот избра промени. ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатив, БЕСА и Левица формираа мнозинство за пад на владата на Заев.ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да формира ново мнозинство кое треба да го отслика расположението на граѓаните и да ги реализира потребните реформи. Доколку таквата влада не може да ги гарантира тие работи, треба да се оди на предвремени парламентарни избори.ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на европската агенда на државата. Насочени сме кон борба со корупцијата и криминалот, раст и развој на економијата и ефикасен правен систем. Тоа се начелата за кои се бориме и кои ќе ги применуваме.СДСМ ги плаши граѓаните со лепење на етикети на ВМРО-ДПМНЕ, но реалноста е дека СДСМ се плашат само да не ја загубат фотелјата. Борбата на СДСМ е за криминал и тендери.Надежта е родена. Македонија бара промени“.Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 години

kongres-sdsm

Со партнери кои се анти ЕУ, анти НАТО и анти Преспа, јасна е агендата на Мицкоски туку желба за власт, велат од СДСМ

„Деновиве ќе покажат дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, дали Мицкоски има капацитет и одговорност. Информациите кои вчера се појавија во јавноста, дека дел од пратениците кои се потпишале биле злоупотребени, кажува за какви "принципи" станува збор. Со партнери кои се против НАТО, кои се против Договорот од Преспа, кои се против концептот едно општество за сите, против членството во ЕУ, јасна е агендата на Мицкоски“, стои во реакцијата на СДСМ.„Нема тука никакви политички идеи, никакви вредности, нема политички принцпици, платформа, Мицкоски има само и единствено желба за власт. Конфликтот на ставови, конфликт на политики и конфликтот на вредности на сите овие политички субјекти не може да испорача ништо за интересот на граѓаните, ниту пак за националните интереси на државата. СДСМ како партија која е на страната на граѓаните, на националниот интерес и напредокот на државата ги повикува на соработка сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и економскиот напредок“, додаваат тие.

Македонија | пред 4 години

DSC_0718

По претрес, скопјани завршија во полициска станица

На 06.11.2021 во 16.20 часот на подрачјето на Драчево полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Д.(30) и В.А.(23), двајцата од Скопје, затоа што во нивна непосредна близина била пронајдена марихуана.По целосно докумнетирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

tabanovce

Уапсени Срби на граница, поради фалсификување

На 06.11.2021 во 15.45 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници лишени се од слобода С.У.(50), С.Ш.(55) и М.Ј.(35), сите од Р.Србија, поради постоење основано сомнение дека поседуваат фалсификувани ПЦР тестови. Лицата се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

ahmeti

Ахмети го свика Генералниот совет на ДУИ на итен состанок

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за утре во Тетово го свика на итен состанок Генералниот совет на партијата.На состанокот ќе се расправа за последните политички случувања, по најавата на опозициските партии за формирање на мнозинство.Ахмети синоќа рече дека е во контакт со партиите и со стратешките партнери – САД, НАТО и ЕУ.„Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите партии, освен оние кои го негираат Охридскиот договор, Преспа, добрососедството, НАТО, Република Косово и Албанците. Нема да постапуваме ниту со емоција, ниту со еуфорија“, истакна Ахмети.Првиот човек на ДУИ по информацијата за ново мнозинство додаде дека има многу телефонски повици, пораки и поддршка од сите страни, а во неможност е да одговори на сите.

Македонија | пред 4 години

DSC_2895

„Левица е резервна гума на ВМРО-ДПМНЕ“, Богоев тврди дека партијата погазила се што зборела изминатите години

Ексградоначалникот на Карпош од СДСМ, Стефан Богоев, ја нарече политичката партија Левица, „резервна гума на ВМРО-ДПМНЕ“.„Левица во изминатите години одработи комплетно во интерес на ВМРО-ДПМНЕ, нешто коешто излезе на виделина на овие Локални избори. Проектот кој доби зародиш уште во време на Режимот, овие денови целосно се саморазоткри.Левица имаше неколку улоги. Прво, сите Вие кои на изборите би останале дома, разочарани од големите партии, да ве убеди дека е трета, различна опција. Второ, да ги кажува јавно работите кои Мицкоски се плаши да ги каже, а се против Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија. Трето, по добивање на гласовите на "жедните" за трета опција, да ги втурне вашите гласови во поддршка на ВМРО - ДПМНЕ“, напиша ексградоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.„Четврто, помеѓу двата круга на Локалните избори да формира мнозинство во општините кадешто се води битка во вториот круг со ВМРО - ДПМНЕ и на тој начин да помогне кандидатите од ВМРО - ДПМНЕ да победат. Петто, да биде дел од мнозинство со "радикалните исламисти" и "капиталистичко - империјалистички партии" , со цел да помогне на ВМРО - ДПМНЕ да дојде на власт. Левица погази комплетно се што зборуваше изминатите години. Левица Ве излажа дека е трета опција, а всушност е прва опција (резервна гума) на Мерцедесот од Будимпешта кој повторно од сенка сака да завладее со нашите животи. Американците велат: Fool me once, shame on you ; fool me twice, shame on me! На потешкиот начин, но сепак, гласачите на Левица овој пат ќе ја научат лекцијата. П.С. Со резервна гума се вози најмногу до 80 километри на час брзина. Ако се залеташ на автопатот кон Желино малку побрзо, резервната гума може да ти претставува сериозен проблем“, додаде тој.

Македонија | пред 4 години

Jovan-Mitreski

Пратениците се злоупотребени, обзнани Митрески од СДСМ, кој вели дека потпишаните за ново мнозинство даваат поддршка на СДСМ

Јован Миртрески, координатор на пратениците од СДСМ тврди дека сите пратеници дел од мнозинството го демантираат ВМРО-ДПМНЕ дека има ново мнозинство во Собранието. Ова доаѓа по прес-конференцијата на претседателот Христијан Мицкоски кој поажа 61 потпис пред медиумите.„Како координатор сум во постојана комуникација со сите пратеници од пратеничката група, но и со пратеници кои делуваат надвор од неа, а се во поддршка на прогресивните политики, на заедничките политики кои носат напредок. Сите, буквално сите даваат безрезервна поддршка и најостро ги демантираат конструкциите кои ВМРО ДПМНЕ ги прави со единствена цел да изврши притисок и да создава нереална еуфорија во јавноста. Од друга страна, добивам информации дека дел од вчерапотпишаните пратеници за гласање на наводна доверба на владата се злоупотребени и не се точно информирани со кого, односно со кои други партии од парламентот имаат т.н. заедничка цел. Со еден збор се злоупотребени. Остануваме отворени и ги повикуваме на соработка и одговорно застанување на страната на демократската опција сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и економскиот напредок“, напиша Митрески.

Македонија | пред 4 години

DSC_0683

13 починаа, 601 се новозаразени од корона

Направени се 4.501 тестирање, а регистрирани се 601 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 217, Битола – 68, Велес – 34, Кавадарци и Куманово – по 31, Прилеп и Штип – по 28 , Крива Паланка – 18, Кочани и Тетово – по 17, Гевгелија – 16, Делчево, Кичево, Охрид и Радовиш – по 10, Берово – 9, Неготино – 8, Македонска Каменица и Ресен - по 5, Богданци, Виница и Гостивар – по 4, Кратово, Пробиштип и Струмица - по 3, Демир Хисар, Крушево и Свети Николе - по 2, Македонски Брод и Струга - по 1.Регистрирани сe 304 оздравени пациент од: Скопје – 141, Куманово – 26, Велес – 16, Прилеп и Кавадарци – по 15, Битола и Штип – по 14, Охрид – 10, Тетово и Кочани – по 7, Пробиштип – 6, Свети Николе – 5, Струмица, Гевгелија, Неготино и Делчево – 4, Кичево, Струга, Валандово и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Ресен, Виница и Кратово – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (72г, и 81г), Куманово (60г и 89г) и Кочани (64г и 72г), и едно починато лице од Кавадарци (78г), Демир Хисар (75г), Битола (68г), Крива Паланка (58г), Велес (73г), Неготино (45г), и Виница (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Направени се 4.501 тест преку: ИЈЗ-339, ЦЈЗ Скопје-58, ЦЈЗ Битола-90, ЦЈЗ Прилеп-50,ЦЈЗ Тетово–81, ЦЈЗ Куманово-58, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–157, Жан Митрев (Филип Втори)-91, Авицена-201, Биотек-247, Систина-61, лабораторија Лаор-200, Синлаб-35, Ремедика-18, Плодност–77, Генеа-11, Никоб лаб-622, ВФВ Медикал-68, Ели Медика-67, Ројал Медика –39, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.916.Досега во земјата се направени вкупно 1.404.750 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.623, бројот на оздравени пациенти е 190.570, на починати е 7.217, а бројот на активни случаи изнесува 7.836.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 89940, Активни 3657Куманово 12465, Активни 423Тетово 11113, Активни 183Прилеп 9650, Активни 365Гостивар 8021, Активни 35Битола 7733, Активни 465Велес 6949, Активни 368Кавадарци 6460, Активни 324Штип 6298, Активни 259Охрид 6212, Активни 201Струмица 5939, Активни 100Кичево 4157, Активни 113Струга 3850, Активни 44Кочани 3691, Активни 225Гевгелија 2620, Активни 120Неготино 2441, Активни 84Свети Николе 2045, Активни 83Крива Паланка 1727, Активни 171Радовиш 1632, Активни 70Ресен 1607, Активни 57Дебар 1453, Активни 3Берово 1289, Активни 63Делчево 1211, Активни 75Виница 1103, Активни 39Пробиштип 1059, Активни 71Валандово 868, Активни 24Кратово 678, Активни 49Богданци 597, Активни 22Крушево 561, Активни 25Демир Хисар 514, Активни 52Македонски Брод 481, Активни 6Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 374, Активни 48Пехчево 324, Активни 4Дојран 151, Активни 7

пред 4 години

Screenshot-2021-11-06-at-16.41.07

Јаневски ги изгуби изборите во Ѓорче, ама партијата се реши да реализира проекти

Љупчо Јаневски, кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров кој ги изгуби изборите, информираше дека денеска во населбата Хром во месноста викана Јурија, општинската организација на Демократската Обнова на Македонија – ДОМ од Ѓорче, дел од членовите започнаа со реализација на програмските цели кои беа преставени во програмата за локалните избори 2021 година.„Засадени се садници од зимзелени Туи и исчистен е просторот на Јурија во Хром за кое ќе се започне иницијатива да прерасне во модерен парк, а истата многу брзо ќе биде предадена на локалната самоуправа и градоначалникот на Ѓорче Петров.Во програмата се обврзавме во населбата Ѓорче да посадиме 10.000 дрва со цел да се разбудат ѓорчепетровци и заедно да ја изградиме првата зелена општина во градот Скопје. Оваа есен се планираат на повеќе локации да има еко акции за чистење, поправка на урбаната опрема и засадување на повеќе од 1000 дрва и зазеленување на простори кои се долго време заборавени од општинските власти истакна ген. сек д-р Љупчо Јаневски.Акциите продолжуваат и во следните денови на членовите на ООДОМ – Ѓорче Петров и поддржувачите на програмата за зазеленување и градење на модерна општина со која сите ќе се гордееме“, велат од партијата.

пред 4 години

Borislav-Krmov-DHaferi-Blograne-sobranie

„Kaдар на ДУИ се заканува со војна“, Крмов од Левица објави и фото

Пратеникот на Левица, Борис Крмов на Фејсбук објави дека кадар на ДУИ се заканува со војна, откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека има ново парламентарно мнозинство.„Шкодране Дардишта кадар на ДУИ СЕ ЗАКАНУВА СО ВОЈНА ако на нејзината партија не и се дозволи да продолжи да ја силува државата! Ама ова во нашиот политички дискурс е потполно легитимно за разлика од фашизмот и нацизмот на Левица нели!?“, прашува Крмов.Објавата на Дардишта ја споделуваат многумина на Фејсбук. Таа порачува да не си играат со оган, оти тие не биле сираци.Граѓаните кои ја споделуваат објавата прашуваат каде е Хелсиншкиот комитет за да реагира на поттикувањето на меѓуетничка нетрпеливост и ширењето на говор на омраза.

Македонија | пред 4 години

zejd-rexhepi

Падна ли мнозинството на Мицкоски? „Журнал“ тврди дека еден пратеник нема да поддржи мнозинство со Левица

Новинската агенција Журнал на албански јазик денеска објави дека пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд, нема да го поддржи новото мнозинство во кое е вклучена и Левица на Апасиев.Агенцијата, повикувајќи се на свои неименувани партиски извори, објавува дека тој е категорично против соработка со партијата Левица, партија позната како анти-НАТО, анти-ЕУ и антиамериканска, против Договорот од Преспа и Охридскиот договор, и најавил дека ќе побара од неговата партија да се повлече од овој договор, пренесува Журнал.мк.Истиот извор наведува дека до моментот на одржување на средбата во Собранието за новото мнозинство, Алтернатива како партија не е информирана дека во ова ново мнозинство е и Левица на Апасиев, туку имале информации дека ЛДП на Горан Милевски ќе биде вклучена. Сега пратеникот Зејд бара неговата партија да се повлече од мнозинството, во спротивно тој нема да гласа за оваа влада.

Македонија | пред 4 години

sela-1

Партијата на Села со став за новото мнозинство, тврдат дека ќе има нова Влада

Вашата порака за чисто владеење испратена со години, си оди на место.„Политичките партии кои не беа дел од злото што го произведоа хибридниот режим меѓу најкорумпираните во светот, ги надминаа разликите и создадоа ново мнозинство, на кое ќе продолжат да се додаваат прогресивни и храбри луѓе. Државата ќе има нова влада без СДСМ и ДУИ и нема враќање назад. Новото мнозинство е најдобриот одговор на повиците на претседателот Бајден, ЕУ и други меѓународни пријатели за борба против криминалот и корупцијата. Дојде крајот на владата со функционери кои се на црната листа на САД“, велат од Алијанса на Албанците.„Денес режимот падна и сега почнува вистинската слобода на граѓаните воопшто и на Албанците особено. Граѓаните веќе нема да се плашаат од партизираната полиција и криминализираниот систем на ДУИ. Нема да има повеќе директори кои им се закануваат на вработените и инспектори кои ограбуваат бизниси. Нема да има повеќе бизнис изнуда од корумпирани функционери како Катица Јанева со Боки13, нема да има повеќе злоупотреби на јавните средства како што правеше Рашковски, а уште помалку со европските средства како што направи функционерот на ДУИ Јахиу. Нашата земја повеќе нема да биде црна дупка во Шенгенскиот систем на ЕУ, каде што доаѓаат дилерите на дрога од целиот свет и купуваат пасоши за да избегаат од Интерпол“, додаваат тие.„На крајот ќе имаме слободни, фер и демократски избори, право кое на Албанците им е ускратено повеќе од две децении. Граѓаните од денеска треба да живеат во мир, додека оние кои треба да бидат загрижени се корумпираните функционери, политизираните судии, криминализираните политичари и сите оние кои им го отежнаа животот на граѓаните“, се вели од остатокот од соопштението.

Македонија | пред 4 години

kongres-sdsm

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ се бори за гола власт

„СДСМ се бори за гола власт, во спротивно Заев ќе ја поднесеше оставката која сам ја најавуваше. СДСМ во заложништво ја држи државата која се справува со силна енергетска и економска криза. Нема да дозволиме губитникот Заев да ја повлече и државата со себе. Потребна е одговорност за погрешните политики и силни реформи и промени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Мицкоски потврди дека го интересира само власт, нема ниту политичка идеја, нема вредности, нема платформа за делување, велат од СДСМ

„Христијан Мицкоски потврди дека го интересира само власт, по секоја цена, и дека не станува збор за никаква политичка идеја, нема никакви вредности, нема платформа. Денеска народот слушна од Мицкоски дека целта му била да руши Влада со политичка партија која е дел од актуелната влада - БЕСА, дека земјата ќе ја носел напред ама со анти-НАТО и анти-американски коалиционен партнер - Левица. На следниот состанок на масата на новата коалиција останува да ги стави фотографиите од Орце Камчев, Никола Груевски и Сашо Мијалков и да изјави дека заедно ќе го расчистуваат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Не може тие што ги кочеа сите прогресивни процеси, интерграцијата во НАТО и ЕУ, порастот на платите да бидат опција за иднината“, велат од СДСМ.„Конфликтот на принципи, конфликт на ставови, конфликт на политики и конфликтот на вредности на сите овие политички субјекти кои ги споменува Мицкоски не може да испорача ништо за интересот на граѓаните, ниту пак за националните интереси на државата. Ќе видиме деновиве дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, дали Мицкоски има капацитет и одговорност. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е на страната на граѓаните, на страна на националниот интерес и напредокот на државата. Ги повикуваме на соработка и одговорно застанување на страната на демократската опција сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и економскиот напредок“, додаваат од СДСМ.

Македонија | пред 4 години

1-5

Мицкоски би правел Влада со ДУИ, тврди дека пратеници имаат притисок откако најавиле дека ќе ја „буткаат“ СДСМ

Во понеделник, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја очекува оставката на Зоран Заев од премиерското, а доколку тоа не се случи, тој најави дека ќе се отпочне со процесот за изгласување на недоверба. Тој посочи дека нема опција за техничка влада, туку само политичка Влада. Според него, се прават притисоци врз 61 пратеник потпишани дека ќе гласаат против владата на СДСМ и ДУИ.„Од она што јас знам дека уште вчера се прават жестоки притисоци врз дел од овие луѓе кои се потпишани на оваа иницијатива. Сега за сега немам информации дека некој се поколебал и излегол од овој документ. Ја очекуваме час поскоро, оставката на Заев. Познавајќи ги методите на оваа власт, ништо не ме чуди“, рече Мицкоски.Според него, СДСМ и ДУИ нема да имаат легитимитет да ги спроведат евентуалните предвремени парламентарни избори. Прашан дали Африм Гаши останува на ставот дека не треба да има предвремени избори, Мицкоски кажа дека нема разговарано со него за тоа. Тој не може да каже дали ќе има 61 пратеник за формирање на нова влада од ВМРО-ДПМНЕ.„Немам проблем да бидам во никаква влада во која ќе имаме мнозинство пратеници. Во случајот го имаме со Алијанса и Алтернатива, движењето Беса и мојата цел беше да биде развластен ДУИ. Тоа беше мојата цел. Имамве двојна цела, покрај тоа да го поразиме СДСМ, да го развластиме ДУИ. Како што кажа претседателот на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ ја победи таа партија во неколку општини“; додаде Мицкоски на прашањето дали би коалицирале со ДУИ во нова Влада.На новинарско прашање, дали е веројатно дека идната Влада ќе биде повторно со ДУИ, имајќи во предвид ставивте на Левица, но и нивната конфротација со албанските партии, Мицкоски рече: „Многу претпоставки кои во јавноста беа вакви или такви, беа погрешни. Не би претпоставувал, не е време за триумфализам. Да работиме тивко, да не ги оптеретуваме граѓаните со нашите политички гимнастики туку да презентираме само јасна слика, да ја презентираме. Многу работи беа невозможни во минатото, но видовте дека тоа се случи. Видовте дека се случи и на локалните избори. Да оставиме времето да покаже која од овие две опции ќе биде реалност. Една од опциите е Влада во која ќе работиме за основните принципи, но за да се случи тоа треба да разговараме. Јасно е дека 61 пратеник, се потпишаа за една работа, тоа е дека Владата на СДСМ и Зоран Заев нема кредибилитет и легитимитет. Сакам да имаме политичка влада која ќе има полн легитимитет“.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-06-at-12.34.59

Мицкоски соопшти две опции со новото мнозинство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека новото парламентарно мнозинство значи дека паѓа Владата на СДСМ и Зоран Заев. Според него, тоа ќе значи дека во наредниот период ќе се обиде да формира нова Влада и додаде: „тоа ќе се случи само ако сум сигурен дека ќе биде Влада на сериозен кредибилитет и силни институции кои ќе гарантираат стабилност. Доколку не се постигне оваа цел кон која се стремам и не обезбедам полна ефикасност на Владата, борба против корупцијата и криминалот, тогаш, тоа што ни преостанува како единствена опција се брзи предвремени парламентарни избори за народот да одлучи за новата иднина“.„Очекувам ова мнозинство да биде зголемено. Велеа дека е невозможно, но покажавме дека заедно можеме да направиме повеќе. Со сите разлики, но со една цел, напредок на народот и Македонија, да ја извадиме државата од криза и да донесеме нова иднина, заеднички и сложно. Народот на Македонија со сите разлики, има заедничка мака, делиме исти проблеми“, кажа Мицкоски.Тој посочи дека е време за промени и надминување на разликите.„Овие избори значеа и неминовно референдумско изјаснување против оваа Влада. Луѓето со право сметаат дека Зоран Заев мора да падне бидејќи ги изневери очекувањата на народот. Владее со пазарења. Си поигруваше со достоинството на државата, додека народот тоне во сиромаштија, хаварија и афери на дневна основа. Останувањето на оваа Влада по таков изборен дебакл, без кредибилитет и мотив за работа, ќе значи продлабочување на политичката криза. Со економската криза, енергетскиот шок, ковид тенденциите кои се загрижувачки, ќе ја клекнат земјава на колена. Имаше и такви кои ми велеа дека најдобро за мене и ВМРО-ДПМНЕ е да не прави ништо, а власта на Заев ќе заглавува во поголеми проблеми. Има нешто што се вика одговорност спрема државата и народот. Ваквите тешки времиња се значаен предизвик во кој влегува ВМРО-ДПМНЕ. Се ставаме на страна на народот. Затоа по изборите, во името на сите очекувања на народот, јас тргнав во создавање на ново мнозинство како единствен излез за пад на оваа Влада. Ново парламентарно мнозинство значи заеднички блок со коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Беса и Левица. Ова е коалиција против криминалот“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-06-at-00.09.47

Пожарот во РЕК Битола изгаснат, кои се причините

Пожарот кој изби синоќа во РЕК Битола е изгаснат, а на местото се врши увид од страна на стручни екипи од АД ЕСМ за утврдување на причините. Истрагата треба да утврди дали пожарот избувнал од инсталациите или пак е предизвикан од човечки фактор.-Пожарот почна на еден од изолаторите на надворешниот трансформатор на Блок 3 и со брза интервенција на противпожарните служби огнот беше изгаснат. Не се дозволија дополнителни хавариски оштетувања. Локацијата е обезбедена и екипи на АД ЕСМ и на надлежните служби ќе ги истражуваат причините за настанот. АД ЕСМ најостро ги демантира сите шпекулации за наводно нестручно и несовесно работење и оперирање, со оглед на тоа што се работи за процес на производство со опрема стара над 40 години. За компанијата е најважно што нема повредени лица во при настанувањето на пожарот и неговото санирање, соопштуваат од ЕСМ.За производство на струја нема да се користи Блок 3 туку побргу ќе се работи на рестартирање на Блок 2 во РЕК-от.-Со оглед на тоа што оштетувањето на трансформаторот на Блок 3 е од поголеми размери, истиот одреден период нема да биде во можност да биде приклучен во производниот систем. Истовремено, Блок 2 беше во редовни сервисни активности за подготовка за работа од декември, но со оглед дека има потреба од побрзо вклучување, од следната недела и Блок 2 ќе функционира со полн капацитет, велат од ЕСМ.-ТЕЦ Осломеј во моментот е во редовен сервис за негова подготовка за континуирано производство на електрична енергија од декември до април 2022г, со 300 илјади тони набавен јаглен за кои постапката ќе финишира во следните неколку дена. Останатите капацитети на АД ЕСМ, хидроелектраните Црн Дрим, Маврово, Треска и Тиквеш, гасната електрана Енергетика- Скопје и ветерниот парк Богданци се во функција., стои во соопштението на ЕСМ.

Македонија | пред 4 години

22424287_1418028691644293_4986373396640358901_o

Јакимовски контролирал во сабота наутро: Наместо да ги чистат улиците, ги најдов сите како седат на едно место

Стевчо Јакимовски кој доби четврти мандат во Карпош како градоначалник, увидел на терен зошто општината е нечиста. Тој ги затекнал работниците како седат и не работат. Уверува дека тоа е причината бидејќи улиците се отпадоци.„Утрово бев во вонредна контрола на службата задолжена за чистење на улиците и одржување на хигиената на општината. Од тоа што го затекнав на терен ми стана јасно зошто Карпош беше толку нечист и запуштен во овие изминати четири години. Наместо да ги чистат улиците, ги најдов сите како седат на едно место и ништо не работат. Нема да дозволам општинската администрација да се однесува неодговорно кон работата и кон своите сограѓани. Заврши времето на неработење во Општината. Во моментов во Карпош задолжени за хигиената се 118 вработени, а Карпош никогаш не бил понечист. Во предизборната кампања ветив дека Карпош повторно ќе го врати својот сјај и имам намера да го исполнам тоа. Карпош повторно ќе биде чист, улиците повторно ќе бидат уредни и средени!“, напиша Јакимовски.

Скопје | пред 4 години

sdsm

21 причина зошто СДСМ го изгубија мнозинството и довербата: „Другарчиња не е време за плачење и негодување“

Низа критики, анализи и коментари на сметка на СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ успеа со поддршка на албанските партии и Левица да направи мнозинство во Собранието. Една од нив е од Божидар Божиновски, кој честопати ги коментира политичките случувања во земјава. Тој преку статус им порача на СДСМ и функционерите на партијата дека не е време за плачење и негодување.Неговиот коментар во целост:„Другарчиња од СДСМ не е време за плачење и негодување. Молчевте кога:- сдсм имаше скандали корупциски секој ден- кога повторно се бетонизираше Скопје- кога се амнестираа Крсто, Канческа, Тодоров го нема нигде, ниеден градоначалник што беше криминалец не е в затвор. Стевчо дури го вративте- кога со невалиден референдум се смени името- кога се делеа тендери на ваши- кога се партизираа институциите со ваши кадри и колеги од партија- молчевте кога ни ја менуваа историјата- молчевте кога немаше вакцини и се вакциниравме во Србија- молчевте што имаме најголема смртност во Европа од корона- единствено не молчевте кога изгореа 14 пациенти во Тетово, тогаш преку мртви газевте да го сочувате Венко- молчевте кога го разрешија Стојко оти не Премиерот нешто не му чинел- молчевте за тендерите на сопругот на Мила- молчевте кога сдсм со вмро го распуштија СЈО кое беше надеж за правда- “нема правда, нема мир”. Правда нема, мирот ви го купија- молчевте загадување, молчевте за маслото на Анѓушев што то купувала државата и не труеше- молчевте кон сите напади на неистомисленици- молчевте ко сакаше Премиерот да ги зголеми потписите за независни на локалните- молчевте за МЕПСО и фотељи за 200.000 евра, вработување на блиските- молчевте за Мира Дизел и слични- ќутевте за закон за легализација на дивоградби- молчевте што монтираните случаи од вмро не ги разрешивте“, напиша Божидар Божиновски.Тој додаде: Четири години ги поминавте комотно молчејќи по фотељи, акумулирајки податоци, по разни фестивалчиња и проктчиња платени од буџет. Конечно сега ќе зборнете по четири години, честито први зборови“.

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања