Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Screenshot-2021-11-06-at-00.09.47

ВИДЕО: Пожар во РЕК Битола

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа како гори пожар во РЕК Битола.Се уште нема официјални информации за причината за пожарот и за можната штета.

Македонија | пред 4 години

ahmeti

И Али Ахмети со став за објавата на Мицкоски за ново мнозинство во Собранието

Ситуацијата која настана со оставката на премиерот ја менаџираме низ интензивен контакт со сите партии, освен оние кои го негираат Охридскиот и Преспанскиот договор, добрососедството, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик, напиша вечерва лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук, откако ВМРО-ДПМНЕ и досегашните опозициски партии објавија дека заедно со Беса формирале ново мнозинство во Собранието.„Исто така, по актуелниот развој, во контакт и координација сум со нашите стратешки партнери: САД, НАТО и Европската унија. Нема да дејствуваме ниту со емоции, ниту со еуфорија. Добив многу повици со поддршка од сите страни, на која сум благодарен, и иако не можам да им возвратам на сите, ви кажувам дека ќе успееме заедно. За сите следни чекори ќе бидете известени. Засекогаш заедно, во секакви дуели“, напиша Ахмети.

Македонија | пред 4 години

apasiev-0912

Апасиев: Со еден потег ги кутнавме оние кои Македонија ја претворија во башибозук

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вели дека со еден политички потег ги кутнале оние кои Македонија ја претворија во башибозук.-Со еден политички потег, ги кутнавме оние кои ни ги избркаа родителите од фабриките и кои Македонија ја претворија во башибозук, напиша Апасиев на социјалната мрежа Фејсбук.Претходно тој во изјава ТВ Клан рече дека формирале парламентарно мнозинство од 61 пратеник со тенденција да се зголеми и до 64 пратеници.

Македонија | пред 4 години

252472656_1999332243575558_5981039351013240192_n

Мицкоски обезбеди ново парламентарно мнозинство

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва објави фотографија на која тој е на средба со претставници од Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица.„Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-05-at-19.49.39

ФОТО: Блесна пешачката патека кај насипот во Ѓорче, Стојкоски со вработените го решија проблемот со осветлувањето

Откако беше исчистена од отпад, конечно проработеа и светлата на пешачката патека на насипот во Ѓорче Петров. Од темно и небезбедно место, патеката го доби својот сјај и урбан лик. Градоначалникот Александар Стојкоски со вработените во комуналното одделение на општината најпрво ја исчистија патеката од високата вегетација, а сега, со вработените во Ѓорче Петров и ја осветлија. Ова доаѓа по само една недела откако ја презеде градоначалничката функција. Ова место, жителите го користат за спортување и рекреација.„Благодарение на Иван и Борче кои посветено работеа на отстранување на проблемот, патеката блесна во сиот сјај. Патеката на насипот во Ѓорче ќе стане атрактивно место за рекреирање на моите сограѓани. Од стадионот "Македонски лавови " па се до граничењето со соседен Сарај ќе биде најубавото место во нашата општина.“, напиша Стојкоски на социјалните мрежи објавувајќи фотографии.Во изминатиот период, ова место беше често предмет на критики. Жителите бараа да се среди и да се осветли патеката, бидејќи е едно од култните места каде тие го поминуваат слободното време. За осветлувањето, особено реагираа спортистите, кои сега можат да ја користат патеката и во вечерните часови.„Нема повеќе висока вегетација, купишта отпад и малку клупи и канти за отпадоци на пешачката патека кај насипот! Екипите на Ѓорче се веќе на терен и работат на средување на ова запуштено место, бидејќи го слушаме вашиот глас и важни ни се вашите мислења и потреби. Целта ни е вие да сте задоволни од изгледот на пешачката патека, која треба и мора да биде функционално и урбано место, каде од најмлади до најстари ќе го минуваме слободното време, ќе муабетиме, ќе разменуваме идеи, ќе се рекреираме“, напиша Стојкоски претходно.

Скопје | пред 4 години

240143350_551677006054435_6591692462113688778_n

10 починаа, 606 новозаразени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.257 тестирања, а регистрирани се 606 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 238, Битола – 63, Кочани – 30, Кавадарци – 29, Куманово и Прилеп по – 28, Штип -22, Велес – 20, Гевгелија – 19, Тетово – 15, Неготино – 12, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Свети Николе, Берово, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по – 7, Гостивар, Радовиш и Кратово по – 6, Виница – 5, Струмица – 4, Струга – 3, Ресен и Македонска Каменица по – 2, Валандово, Богданци и Македонски Брод по – 1.Регистрирани сe 320 оздравени пациент од: Скопје – 157, Куманово – 31, Крива Паланка – 19, Штип – 13, Прилеп и Тетово по – 12, Кочани и Струмица по – 11, Битола – 9, Пробиштип – 7, Берово – 6, Делчево – 5, Гевгелија, Демир Хисар, Ресен и Валандово по – 3, Велес, Кичево, Радовиш и Македонска Каменица по – 2, Кавадарци, Свети Николе, Гостивар, Кратово, Виница, Богданци и Пехчево по – 1Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 5 починати лица од Скопје (69г, 71г, 79г, 81г и 82г) и 2 лица од Велес (68г и 69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 20.08.2021 до 04.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Куманово(1) и Гостивар (1) на возраст од 72 до 83 години, од кои сите 3 се починати во домашни услови.Направени се 3.029 тестови преку: ИЈЗ-267, ЦЈЗ Скопје-51, ЦЈЗ Битола-91, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–68, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–162, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Авицена-183, Биотек-140, Систина-77, лабораторија Лаор-88, Синлаб-12, Ремедика-15, Плодност–49, Генеа-5, Никоб лаб-299, ВФВ Медикал-27, Ели Медика-51, Ројал Медика –7, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.465.Досега во земјата се направени вкупно 1.400.249 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.022, бројот на оздравени пациенти е 190.266, на починати е 7.204, а бројот на активни случаи изнесува 7.552Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 89723, Активни 3583Куманово 12434, Активни 420Тетово 11096, Активни 173Прилеп 9622, Активни 352Гостивар 8017, Активни 32Битола 7665, Активни 412Велес 6915, Активни 351Кавадарци 6429, Активни 309Штип 6270, Активни 245Охрид 6202, Активни 201Струмица 5936, Активни 101Кичево 4147, Активни 105Струга 3849, Активни 45Кочани 3674, Активни 217Гевгелија 2604, Активни 108Неготино 2433, Активни 81Свети Николе 2043, Активни 86Крива Паланка 1709, Активни 154Радовиш 1622, Активни 60Ресен 1602, Активни 53Дебар 1453, Активни 3Берово 1280, Активни 54Делчево 1201, Активни 69Виница 1099, Активни 37Пробиштип 1056, Активни 74Валандово 868, Активни 26Кратово 675, Активни 47Богданци 593, Активни 18Крушево 559, Активни 23Демир Хисар 512, Активни 53Македонски Брод 480, Активни 5Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 369, Активни 43Пехчево 324, Активни 4Дојран 151, Активни 7

пред 4 години

Screenshot-2021-08-19-at-11.00.16

Царовска се повлече од раководството

Досегашната потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска преку социјалните мрежи соопшти дека се повлекува од функцијата и престанува мандатот на целото раководство.„Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата.Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите. Останувам целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности“, рече Царовска.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.43.24

ФОТО: Нинџа за викенд седи по кафичи и се слика со пријатели

Осудениот Александар Василевски-Нинџа два месеци користи слободни викенди, поради примерно однесување. Фотографија на социјалните мрежи, додека е тој излезен во угостителски објект веќе се шири на социјалните мрежи. Василевски може да добие викенд на слобода после одлежана една третина од казната, а тој според Управата за извршување санкции веќе одлежал 3 години и 8 месеци од 7 годишната затворска казна. Оттаму претходно кажаа, дека Нинџа веќе би имал право да побара и условен отпуст од затворот оти таа погодност ја имаат затворениците со одлежана пола казна.https://twitter.com/JohnnyParka/status/1456648435558490124?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1456648435558490124%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2Fwp%2Fd184d0bed182d0be-d0bdd0b8d0bdd19fd0b0-d0bdd0b0d0bcd0b5d181d182d0be-d0b2d0be-d0b7d0b0d182d0b2op-d0bdd0b0-d0bad0b0d184d0b5-d0b3d0be-d0bf%2FАлескандар Василевски попознат под прекарот Нинџа беше ocyден за настаните на 27 април со најниска казна од само 8 години.Неофицијално причината за ниската казна е што Нинџа неочекувано сведочеше против одредени лица од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и прстот за тоа кој ги организирал протестите за “Заедничка Македонија” го впери кон одредени лица како поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска, Митко Чавков и други.Претходно Зоран Милевски Кичеец осуден за случајот „Рекет“ кој беше ослободен од затвор поради здравствени причини усмрти едно лице во сообраќајна несреќа кај превојот Стража.

Македонија | пред 4 години

ahmeti-4

Ахмети за изјавата на Хоџа за повлекување од Влада: Емотивна изјава и директен притисок

Изјавата на генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, дека „Желинo кое роди партија (како Движењето БЕСА), може да стане и Желино кое ќе руши Влада!“, лидерот на ДУИ ја опиша како емотивна изјава чија намера е да изврши притисок врз институциите.„Емотивна изјава, и директен притисок врз органите кои се надлежни да воведат ред и правда во државата. И мислам дека тоа е притисок врз институциите. Не мислам дека Движењето БЕСА ќе се повлече, бидејќи нанесува штета на партијат, но верувам дека тоа е еден вид притисок врз коалицијата, но коалицијата не е оштетена од такви изјави и притисоци. Но, тоа не е добро затоа што се врши притисок врз институциите“, изјави Ахмети.

Македонија | пред 4 години

DSC_0052

Вработен во АНБ и сведок за „27 април“ се гонат дека рекетирале, нуделе запирање на постапка во Обвинителство за пари

Сведокот од предметот за организаторите на 27 април, Михаил Младеновски доби 30-дневен притвор како осомничен дека изнудувал рекет од пријател, за преку вработени во Обвинителството за организиран криминал и корупција да запре постапка која се водела против него. Тој од вчеравечер е во истражниот затвор „Шутка“, поради опасност од бегство, дознава „А1он“. Мерки на претпазливост добил и вториот осомничен, Вилијам Секл. Тие се гонат за лажно претставување и измама. Постојат информации дека едно од лицата е вработен во Агенцијата за национална безбедност, но оттаму тврдат дека нема негова инволвираност во настанот.„ На 04.11.2021 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција до ОЈО Скопје, поднесоа кривична пријава против М.М.(32) и В.С.(31). Против М.М. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Измама“, предвидено и казниво по член 247 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик, а против В.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“ предвидено и казниво по член 391 од Кривичниот законик. Имено, првопријавениот М.М. во текот на 2020 и 2021 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, пред оштетените лица лажно презентирал факти дека наводно поседувал информации според кои ОЈО за гонење организиран криминал и корупција води постапка против повеќе физички и правни лица. Притоа, за да го увери во вистинитоста на своите тврдења, на еден од наводно осомничените во таа постапка му прикажал Наредба со невистинита содржина, која ја изработил на својот приватен компјутер, за наводно отварање на предистражна постапка од страна на ОЈО за ГОКК, со што го довел во заблуда оштетеното лице. Тој од него побарал парична награда од 75.000 евра кои ќе му бидат исплатени во неколку наврати за да ги искористи своите конекции и врски што наводно ги имал со службени лица – истражители во обвинителството за да се запре постапката. М.М. служејќи се со лаги и манипулации го навел оштетениот да му даде 5.000 ЕУР кои ги зел на 03.11.2021 на нивна средба во угостителски објект во Скопје со што го сторил кривичното дело „Измама“, предвидено и казниво по член 247 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик. Второпријавениот В.С., со намера првопријавениот да прибави противправна имотна корист, на средба која се одржала помеѓу пријавените и оштетениот, лажно се претставил како вработен во Управата за финансиско разузнавање, а воедно и истражител во ОЈО за ГОКК, со што му овозможил на првопријавениот да го доведе во заблуда оштетениот дека М.М. има конекции, преку кои можел да издејствува да биде затворена наводната предистражна постапка, со што го сторил кривичното дело „Лажно претставување“, предвидено и казниво по член 391 од Кривичниот законик“, велат од МВР.Од Кривичен суд, најавија и соопштение за одредените мерки.„Основното јавно обвинителство во текот на вчерашниот ден до судија на претходна постапка, при Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор за две лица заради основано сомнение за сторени кривични дела Измама од чл. 247 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, за едното лице и Лажно претставување по чл. 391 ст.1 од КЗ за другото лице. По спровод на двете лица во Кривичниот суд, на рочиштетo за одлучување по поднесениот предлог, надлежниот Јавен обвинител го повлече предлогод за едното лице и предложи поблаги мерки за обезбедување присуство.Судија на претходна постапка, одлучувајќи по предлогот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на М.М. му определи мерка притвор во траење од 8 дена, со оглед да се работи за скратена постапка, додека на В.С. му определи мерки за претпазливост и тоа одземање на патната исправа и обврска лицето повремено да се јавува пред надлежен суд“, велат од Кривичен суд.Агенцијата за национална безбедност демантира дека се апсени нејзини вработени, иако според информации на „А1он“, вработен во Агенцијата е спроведен и пред судија на претходна постапка.„Постапувајќи согласно одредбите ЗКП, Агенцијата овозможи пристап и увид до сите барани податоци од страна на Судот во претходна постапка при што неспорно се утврди дека не постојат никакви податоци или документи кои би можеле да упатат на каква било инволвираност на вработени во АНБ во случајот“, велат од Агенцијата.Од иницијалите кои ги изнесе Министерството за внатрешни работи, се потврдува и неговиот идентитет.„На 04.11.2021 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во координација со Одделот за криминалистичка полиција (ОКП) до ОЈО Скопје, поднесоа кривична пријава против М.М.(32) и В.С.(31). Против М.М. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело измама, а против В.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело лажно претставување, предвидено и казниво“, велат оттаму.Инаку, Михаил Младеновски беше обвинет и амнестиран во првиот предмет за „27 април“ кој беше отворен за извршителите на крвавите инциденти. Во вториот предмет, за организаторите, тој беше и сведок по предлог на обвинителката Вилма Русковска.

Македонија | пред 4 години

viktor-dimovski

АНБ одговори на тврдењата дека е уапсен нивни вработен

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во изјава за МИА во целост ги демантира наводите за апсења или инволвираност на нејзини вработени, изнесени во текот на вчерашниот ден во повеќе медиуми.– Почитувајќи ги начелата на транспарентност и отчетност пред граѓаните ја демантираме како целосно неточна пласираната информација дека кој било од вработените на Агенцијата е ангажиран како истражител на Јавното обвинителство, согласно член 50 од Законот за кривична постапка. Постапувајќи согласно одредбите од член 287 од ЗКП, Агенцијата овозможи пристап и увид до сите барани податоци од страна на Судот во претходна постапка при што неспорно се утврди дека не постојат никакви податоци или документи кои би можеле да упатат на каква било инволвираност на вработени во АНБ во случајот, соопштуваат од АНБ за МИА.Од Агенцијата напоменуваат дека припадниците на безбедносните служби постапувајќи во рамките на своите работни обврски, покрај останатото може да остваруваат контакти и со поединци од криминални, екстремистички и терористички средини и за истите согласно подзаконските и интерни акти постојат оформени службени материјали.– Оттука, изјавите и обвинувањата на таквите поединци треба да се примаат со должна резерва и да се утврди нивната веродостојност од страна на сите со закон утврдени институции, што за жал во оваа постапка не беше случај, велат од АНБ.Од Агенцијата за национална безбедност потсетуваат дека ракувањето со информациите од областа на националната безбедност е регулирано со Законот за класифицирани информации, поради што апелираат на особена внимателност и претходна проверка при комуницирање на класифицирани податоци кон јавноста.

Македонија | пред 4 години

apelacija-za-obvinitelstvo-z-aorganiziran-kriminal

Обвинителство за апсењата: Барал 75.000 евра за преку истражители во ОЈО-ГОК да запре постапка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица од кои едното е осомничено дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека за другото постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Лажно претставување согласно член 391 став 1 од Кривичниот законик.Првиот осомничен, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, лажно прикажал факти согласно кои наводно поседувал информации дека Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција води постапка против повеќе физички и правни лица.Притоа, од еден од наводно осомничените во таа постапка и негов пријател побарал парична награда од 75.000 евра кои ќе му бидат исплатени во неколку наврати за да ги искористи своите конекции и врски што наводно ги имал со службени лица – истражители во обвинителството за да се запре постапката. Наредбата со невистинита содржина која му ја прикажал на оштетениот за да го увери во вистинитоста на своите тврдења осомничениот ја креирал на неговиот компјутер, со што го довел во заблуда оштетеното лице. Во тоа му помогнал и вториот осомничен, кој на средба со оштетениот лажно се претставил како вработен во Управата за финансиско разузнавање и воедно истражител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. На 3 ноември, првиот осомничен се сретнал со оштетениот во ресторан во Скопје и зел од него парични средства во висина од 5.000 евра за услугата што ветувал дека ќе ја изврши.Бидејќи во конкретниот случај постои реална опасност од бегство на двајцата осомничени, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерка притвор.​​

Македонија | пред 4 години

policija-5

87 казни во Скопје, 23 во Битола - за што санцкионираше полицијата

На 04.11.2021, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 87 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16, девет санкции за возење без возачка дозвола, две мерки за возење под дејство на алкохол, 37 мерки за непрописно паркирање.На 04.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 23 мерки и тоа 16 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 7 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 6 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.На 04.11.2021 на подрачјето на СВР Охрид извршени се сообраќајни контроли на возила што вршат јавен превоз на патници. Притоа, кај два автобуса констатиран е неисправен уред за сопирање (Охрид-01, Дебар-01), поради што веднаш се исклучени од сообраќај.

Македонија | пред 4 години

traktor-1

Скопјанец се превртел со трактор и загинал

На 04.11.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во атар на с.Горно Коњари, скопско, на место викано „Долг рид“, И.С.(72) од с.Горно Коњари, управувајќи трактор „имт“ се превртел и паднал, а за кусо време им подлегнал на повредите.Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Скопје | пред 4 години

235381562_845076196184590_1622472952402001944_n

Фатени 22 неисправни автобуси со патници на тетовско-гостиварското подрачје

На 04.11.2021 на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. При контролата, откриени и санционирани се вкупно 22 неисправни возила, односно прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-5).Најголемиот број од нив (12) имале неисправни сопирачки (ТЕ-10 и ГВ-2), кај 2 возила била констатирана неисправност на уредите за управување (ТЕ-1 и ГВ-1), а кај 3 возила (ТЕ) неисправност на други уреди. Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај, а санкционирани се и 13 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-2).

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje

72% од новите случаи и 78% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 4 ноември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.Во период од 06.08 до 04.11.2021 на територија на државата 48.955 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 28% биле целосно вакцинирани, односно 13.886 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 35.069, граѓани, односно 72% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78%, додека само 22% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 04.11.2021 на територија на државата починале 1.688 пациенти со Ковид 19, 1.376 пациенти од починатите, односно 82% не биле вакцинирани, а само 18%, односно 312 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Актуелно | пред 4 години

DSC_1423

Маричиќ: Работиме на тоа што помалку наши граѓани правдата да ја бараат во Стразбур

Министерот за правда Бојан Маричиќ на прес-конференција со претседателот на Европскиот суд за човекови правда Роберт Спано и Билјана Брајтвејт - Програмски директор за Западниот Балкан во AIRE Центарот, кажа дека соработката на државата со судот во Стразбур е од исклучително голема значење. Според Маричиќ, добрата соработка ќе значи намалување на бројот на апликации од Северна Македонија во ЕСЧП.- Од име на Владата во септември го потпишав и Протоколот 16 на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи, кој претставува еден важен документ со коj се унапредува соработката на домашните судови со Европскиот суд за човекови права. Со тоа како Влада ја потврдивме безрезервната определба да ги спроведуваме стандардите на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи и праксата на Европскиот суд за човекови права.Со овој Протокол се уредува можноста највисоките судови од земјава, да побараат од Европскиот суд за човекови права да даде советодавни мислења за принципиелни прашања во врска со толкувањето или примената на дефинираните права и слободи во Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи или нејзините протоколи. Ратификација на овој протокол се надевам дека ќе се случи наскоро, потенцираше Маричиќ.

Македонија | пред 4 години

251533574_947468409184806_6274525580832014779_n

Јакимовски по сударот со новинарите: Постојано ми претат со затвор и се обидуваат да ја остварат целта

Стевчо Јакимовски, новиот градоначалник на Карпош, се чуди зошто толку новинари го чекале пред суд, за денешното судско рочиште кое се води провитв него, а каде е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување како градоначалник во претходните мандати. Тој се жали и дека од 2013 година му се закануваат со затвор.„Јасно дека се организирани од еден центар. Па нели вака правеше режимот? Очекувам и наративот во извештаите да биде со иста или слична содржина. Јасно е дека некој не може да се помири со поразот на локалните избори. Откако одлучив да се кандидирам на 16 февруари 2013 година до денес ми претат со затвор и постојано се обидуваат да ја остварат својата цел. Нема проблем ние ќе одиме по затвори, ако треба и да умреме, да молчиме, само тие да не работат, да уживаат, да седат по кафани и да си земаат тоа што мислат дека е нивно. Е сега повторно сме им криви и јас и народот. Јасно ми е како ден, секој ден ќе ме плукаат, ќе ме навредуваат, ќе ме прогонуваат како што правеа од 2013 до 2017 година, ќе држат пресови и протести пред вратите на општината и пак ќе бидам црн ѓавол, а јас им пружив рака и јавно им пратив покана за соработка. Нека тие мене со камења а јас нив со леб!“, напиша Јакимовски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-03-at-22.17.43

Гоце „Вегета“ доби кривична наместо градоначаличко столче: најдени му се марихуана, канабис и семки по дома

40-годишниот Гоце Цветковски од охридско Подмоље беше третиот човек на листата кандидати за градоначалник на Охрид и во првиот круг успеа да ги помати сметките на кандидатите од двете големи партии. Стана познат и како Вегета затоа што фрлаше од овој познат зачин во телевизиско студио кон против кандидатите со образложение дека треба да го !зачинат“ езерото и функционерските кражби.Но, пред три дена против него, СВР Охрид поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотици. Во стан во кој престојувал му биле најденидве зип-кесички со „трева“, 21 семка и гранки од канабис.Еве го извадокот од билтенот на МВР:СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ц.(40) од охридското село Подмолје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во стан во Охрид, каде престојувал пријавениот, пронајдени се и одземени две кеси со марихуана, 21 семка и гранки од растението канабис.

Македонија | пред 4 години

253343623_992931011267149_1016565929809395597_n

ВИДЕО: Стевчо Јакимовски си праеше шоу пред суд

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски наместо одговори, за новинарските прашања коментираше дека се смешни. По десетина минути во судница и одлагање на судењето, тој не одговори дали за наредното закажано рочиште, неговиот адвокат ќе дојде на судење. Прашан дали ќе најде време за рочишта откако стана градоначалник, тој посочи дека има одлични менаџерски способности.„Смешно е прашањето. Секогаш сме се јавувале на сите рочишта и на сите рочишта ќе присуствуваме”, кажа Јакимовски.За него, присуството на медиуми на првото рочиште по судската ферија е оркестрирано од страна на како што рече: “еден центар”.„Некому е тешка победата која ја имам“, додаде Јакимовски без да одговори зошто процесот се одолговлекува три години.Инаку рочиштето се одложи бидејќи родителите на неговиот адвокат биле заболени од коронавирус. Според Јакимовски, адвокатот имал интензивен контакт со нив. Судијата Осман Шабани побара да му се достави решение за изолација, како и да направи тест за коронавирус.

Македонија | пред 4 години

19102021_Gragjani-na-Avganistan-zaminaa-za-Irska_1

Македонија обезбеди привремен престој за 131 авганистански граѓанин

Синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје, пристигна група од 131 граѓанин на Авганистан. Се работи за вработени на Обединетите Нации за кои Северна Македонија обезбеди привремен престој до нивното заминување во трета држава. Земјава со ова продолжува да помага во меѓународната хуманитарна операција за помош на цивили кои се под опасност од новата талибанска власт.По слетувањето беше спроведена стандардната процедура- безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.Ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации.Во земјава во моментов престојува 531 граѓанин на Авганистан за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош.Од Северна Македонија до сега заминаа 84 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија и Бразил.

Македонија | пред 4 години

244466876_1265174603930666_8619855635729761302_n

Работна средба меѓу Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија

Претставници на Јавното обвинителство предводени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески вчера остварија работна средба со претставници на Државниот завод за ревизија предводени од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, во рамки на проектот „Поддршка за имплементација на комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија 2018-2022 година“, кој Државниот завод за ревизија го реализира во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер и Институтот Ресис.Целта на одржаната работна средба претставува имплементацијата на Комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија која во оваа фаза е фокусирана на структурирање и подобрување на комуникацијата и соработката со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и останатите надлежни институции, со што ќе се обезбеди доследно остварување на законските надлежности.На состанокот беше презентиран нацрт – протоколот за комуникација помеѓу двете институции кој треба да придонесе за зајакнување на комуникацијата и соработката, за што претставниците на двете институции изразија подготвеност за интензивирање на активностите.Работната средба резултираше со заклучоци во насока на номинирање лица од двете институции за остварување побрза и поефикасна комуникација, иницирање едукативни настани за ревизорите и обвинителите како можност за размена на искуства и знаења, заедничко дефинирање на форма во која ќе бидат посочени наодите и утврдени состојби од Конечните ревизорски извештаи по кои согласно законските надлежности треба да постапува Јавното обвинителство, како и потпишување на Меморандум за соработка.​

Македонија | пред 4 години

249280192_413828903677798_2828589462602952891_n

Судењето на Стевчо се одложи поради корона

Еден ден откако ја презеде градоначалничката функција во Општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска се појави на суд каде му се суди за дело злоупотреба на службената положба и овластување. Тој се товари дека го направил од 2011 до 2017 година, односно во претходниот градоначалнички мандат.На стартот од судењето Јакимовски достави поднесок дека родителите на неговиот адвокат се заразени со корона, кој имал постојан контакт со заразените. Ова е и причина за одложување на рочиштето.Ова беше прво судење за овој предмет, по судската ферија. Предметот се суди одново, бидејќи судечкиот судија Горан Бошевски беше разрешен, а нов судија е Осман Шабани. За овој предмет, Јакимовски беше и во куќен притвор. Тој се гони бидејќи со неговите дејствија, Обвинителството тврди дека направил штета од 7.209.600,00 денари без ДДВ на буџетот на Општина Карпош.Според Обвинителниот акт, обвинети се 6 лица. Првообвинетиот Јакимовски е обвинет за повеќе кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и едно кривично дело бесправно градење од Кривичниот законик. Тој се товари дека од 2011-2017 година, како градоначалник, во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба и овластување во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на времени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште во државна сопственост.

Македонија | пред 4 години

w_56803989

7.275 активни случаи на ковид-19, најголем дел во Скопје

Бројот на активни случаи на заразени со коронавирус во државата изнесува 7.275 од кои најголем број 3.508 се во Скопје.Во Куманово има 424 активни случаи, Битола – 358, Прилеп – 336, Велес – 335, во Кавадарци – 281, Штип – 236, Кочани – 198, Охрид – 191, во Тетово 170.Министерството за здравство вчера соопшти дека од 1.323 основци и средношколци досега опфатени со скринингот за откривање Ковид-19 во училиштата, вирусот бил потврден кај шест ученици во основното образование, а 1317 ученици биле негативни на тестот. Тестирани се 725 основци од прво до деветто одделение и 598 средношколци од подрачјето на Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид.

Македонија | пред 4 години

Levica-logo

Левица бара ревизија во Општина Карпош

Во согласност со Законот за ревизија („Службен весник на Република Македонија“ број 66/10, 145/10, 12/14, 43/14, 154/15, 192/15, 27/16 и 83/18) и ,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 122/21), советниците на Левица поднесоа барање до Државниот завод за ревизија за спроведување на ревизија во Општина Карпош.„Бројните индиции за нерегуларноста во работењето на општината предводена од Стефан Богоев е главната причина за поднесување на ова барање. Оттука очекуваме ДЗР да го прифати барањето и да спроведе итна ревизија“ изјави Мартин Димоски, советник во Општина Карпош.Последната ревизија во Општина Карпош од страна на Државниот завод за ревизија е спроведена во 2017 година. Со ова барање, се иницира спроведување на три вида на ревизија: ревизија за регуларност, ревизија за усогласеност и ИТ ревизија.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања