Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

1-5

ВМРО-ДПМНЕ е децидено дека народот ги одбрал нив за промена, а не СДСМ за криминал

„Народот одбра промени и нова иднина, проекти наместо криминал. Народот ја препозна новата енергија на ВМРО-ДПМНЕ и кадровската понуда која ја презентиравме, со луѓе компетентни и докажани во своите места на живеење. Над 100.000 граѓани повеќе одбраа и го дадоа својот глас за ВМРО-ДПМНЕ, а не за СДСМ. Граѓаните во 43 општини и градот Скопје покажаа дека сакаат промени. Надежта е родена“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Народот одбра работа наместо тендери. И градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ уште од првиот ден покажуваат разлика. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја носат иднината. Проектите кои ги ветија ќе бидат исполнети, а тие значат забрзан развој, подобро и поудобно живеење. Народот одбра иднина. Посветено и чесно ќе работиме за подобро утро на сите“, додаваат тие.

Македонија | пред 4 години

240704659_536418067474676_7317527048721981219_n

Кои се новите пратеници кои ќе влезат во Собранието на местата од новите градоначалници

Собранието денеска на пленарна седница треба да ги верификува мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата.Локалните избори 2021 донесоа промени во собранискиот состав откако четворица пратеници победија во првиот круг од изборите. Тоа се Костадин Костадинов од СДСМ, кој сега е градоначалник на Струмица. На негово место треба да дојде Љубица Спасова со реден број 12 од листата на партијата на минатите избори.Тимчо Муцунски е нов градоначалник на Општина Аеродром. На негово место доаѓа Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше на осмото место на листата на партијата и коалицијата во првата изборна единица.Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ стана градоначалник на Општина Бутел. Во собраниските купи ќе го замени Зоран Коцевски, кој на листата на пратеници во втората изборна единица беше на осмото место.Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Штип, и на неговото место во Собранието доаѓа Драган Ковачки од третата изборна единица.Во вториот круг од локалните избори градоначалници станаа и Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и Биљал Касами од БЕСА во Тетово.На дневен ред на 51 седница се вкупно 14 точки, меѓу кои Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, предлог-законите за Академија за судии и јавни обвинители, за адвокатура, за граѓанска одговорност за навреда и клевета, сите во прво читање.

Македонија | пред 4 години

zaev-micko

Губитникот Заев ги има најголемите порази во историјата на плурална Македонија, време е за промена на централната власт и нова иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Губитникот Заев ги има најголемите порази во историјата на плурална Македонија, време е за промена на централната власт и нова иднина. Губитникот Заев е поразен со над 100.000 гласови разлика, владата треба да падне и брзи избори што поскоро. Зоран Заев каже дека доколку изгуби ќе си даде оставка. Заев изгуби, а оставката веќе 5 ти ден никако да стигне во собранието“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев треба веднаш да ја поднесе оставката, а веднаш потоа да се организираат и брзи предвремени избори. Огромно мнозинство на граѓани одбраа промени. Ставот на граѓаните кои тие го изразија на избори минатата недела не соодвествува со состојбата во собранието, затоа се потребни избори кои ќе го ефектуираат ставот на народот во пратенички мандати. Само нови избори ќе овозможат волјата на народот да биде пресликана во собранието, а потоа да има и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја стави државата на брза трака кон ЕУ, со потребните реформи и забрзан развој“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

„Ги исплакав сите деца, а сега го плачам моето“ – ММС со Сања Тодоровска за ретката болест на петгодишната Елеонора

Ги исплакав сите деца, а сега го плачам и моето, вели скопјанката Сања Тодоровска, која како мајка се труди да го направи невозможното за нејзината петгодишна ќерка Елеонора, која, за жал, боледува од многу ретка болест- леукодистрофија. Трета година по ред Тодоровски ги отвораат вратите од болниците за да се обидат колку што е можно и помогнат на нивната ќеркичка, која иако се родила како здраво и право бебе, сепак, сега се бори за живот.ММС ја контактираше Сања, која ја раскажа голготата низ која поминуваат за да најдат лек и на Елеонора и го олеснат животот, бидејќи како родители не можат да гледаат како им се мачи детето. Но, за тоа се потребни средства, кои тие веќе ги немаат бидејќи за овие години, со оглед на нашиот стандард, тоа што го имале сочувано го потрошиле.-Никогаш не знае човек што ќе го снајде во животот. Искрено, како медицинска сестра кога ќе ми донесеа дете болно од церебрална парализа викав Господи мајка вакво нешто да не доживее, не дај Боже. Сите деца ги исплакав, нема дете кое не сум го исплакала, таков тип сум. И сега велам на цело плачење и страв и на толку луѓе што сум помогнала, зошто ова ми се случува. Само еден Господ знае. И не ми се случува ова само на мене, се случува на цело семејство, а најмногу на Елеонора, на неа и е најтешко. Маката е нејзина, а ние покрај неа.Ова е болест на цело семејство, навистина. Сега само се надеваме, бидејќи немаме друг избор. Цела надеж ни е само на матичните клетки дека колку толку ќе и помогнат. Никој не може да гарантира дека ќе се врати како што била ама дека може да има подобрување-да. Има луѓе на кои многу им помогнале матичните клетки. Со Божја помош и чудо се може да се случи. Должност на нас како родители ни е да се обидеме се, затоа и бараме помош, ни рече тажно Сања.Детали на ММС.мк каде е објавена целата сторија

Македонија | пред 4 години

hodza

Хоџа од Беса се заканува со уривање на владата откако ДИК

Генералниот секретар на Беса и министер за земјоделство, Аријанит Хоџа, вечера преку социјалните мрежи упати порака дека Желино може да ја урне владата.„Желино, место во кое се роди една партија (движењето БЕСА), може да биде и Желино кое растура една Влада“, напиша Хоџа во кратката порака на Фејсбук.Оваа порака од генералниот секретар на Беса доаѓа додека Државната изборна комисија (ДИК) вечерва на седница одлучува за приговорите поднесени од учесниците на изборите за гласањето во вториот круг од локалните избори. Меѓу приговорите, има и два од ДУИ кои се однесуваат на две избирачки места во Желино.Еден од приговорите е за избирачкото место со број 2107, кој од ДУИ го поднеле по два основи: поради несовпаѓање на бројот на гласачи кои биле идентификувани со уредите со бројот на гласачи кои се потпишале во избирачкиот список и поради тоа што едно лице гласало со истечена лична карта. Овој приговор ДИК го прифати, што значи дека, според моменталната одлука, на ова избирачко место ќе има прегласување. Меѓутоа, конечната одлука би можел да ја има и Управниот суд доколку за решението на ДИК се поднесе тужба.

Македонија | пред 4 години

lugje-karpos-esen-korona-1

550 новозаболени и 12 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.029 тестирања, а регистрирани се 550 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 214, Битола – 58, Куманово – 30, Кавадарци – 27, Велес – 26, Тетово – 23, Штип – 22, Прилеп – 19, Кочани – 18, Крива Паланка – 15, Пробиштип – 11, Кичево – 9, Струмица и Неготино – по 8, Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 7, Берово и Крушево по – 6, Охрид, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар – по 5, Валандово – 4, Струга и Македонска Каменица – по 2, Богданци – 1.Регистрирани сe 390 оздравени пациент од: Скопје – 167, Куманово – 45, Велес – 27, Кавадарци – 21, Тетово и Штип – по 16, Кочани – 15, Прилеп, Битола, Охрид и Струмица – по 10, Гевгелија – 7, Свети Николе и Крива Паланка – по 5, Кичево, Струга и Валандово по – 4, Радовиш, Виница и Кратово – по 3, Неготино и Богданци – по 2, Пробиштип - 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (32г, 70г, 70г,  87г и 88г), 2 лица од Куманово (75г и 86г) и по едно починато лице од Велес (64г), Крива Паланка (69г), Струмица (63г),  Кочани (87г) и Тетово (85г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четри починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 30.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Куманово(1), Битола(1), и Пробиштип (1) на возраст од 73 до 81 години, од кои 1 е починато во болнички услови , а 3 се починати во домашни услови.Направени се 3.029 тестови преку: ИЈЗ-313, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-35,ЦЈЗ Тетово–57, ЦЈЗ Куманово-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–164, Жан Митрев (Филип Втори)-58, Авицена-136, Биотек-159, Систина-71, лабораторија Лаор-62, Синлаб-83, Ремедика-17, Плодност–40, Генеа-4, Никоб лаб-259, ВФВ Медикал-29, Ели Медика-27, Ројал Медика –13, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.275.Досега во земјата се направени вкупно 1.396.992 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 204.416, бројот на оздравени пациенти е 189.947, на починати е 7.194, а бројот на активни случаи изнесува 7.275.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 89486, Активни 3508Куманово 12406, Активни 424Тетово 11081, Активни 170Прилеп 9594, Активни 336Гостивар 8011, Активни 27Битола 7601, Активни 358Велес 6895, Активни 335Кавадарци 6400, Активни 281Штип 6248, Активни 236Охрид 6192, Активни 191Струмица 5932, Активни 108Кичево 4136, Активни 96Струга 3846, Активни 42Кочани 3644, Активни 198Гевгелија 2585, Активни 92Неготино 2421, Активни 69Свети Николе 2036, Активни 80Крива Паланка 1700, Активни 164Радовиш 1616, Активни 56Ресен 1600, Активни 54Дебар 1453, Активни 3Берово 1273, Активни 53Делчево 1194, Активни 67Виница 1094, Активни 33Пробиштип 1049, Активни 74Валандово 867, Активни 28Кратово 669, Активни 42Богданци 592, Активни 18Крушево 559, Активни 23Демир Хисар 505, Активни 49Македонски Брод 479, Активни 4Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 367, Активни 43Пехчево 324, Активни 5Дојран 151, Активни 7

пред 4 години

Screenshot-2021-11-04-at-16.50.43

ВИДЕО: Ѓорче го доби новиот состав на Советот со жена претседател: По формалноста, следуваше и работа

Новиот состав на Советот на општина Ѓорче Петров денеска ја одржа првата, конститутивна седница на која за претседател беше изгласана Ленче Нелоска, првата жена во историјата на општинскиот совет која ќе го води ова тело.Освен верификација на мандатите на членовите на Советот на дневен ред на денешната седница беше и изборот на Комисија за мандатни прашања, избор и именувања.Градоначалникот Александар Стојкоски им честиташе на новоизбраните советници и им посака успешна работа. Стојкоски истакна дека заедно се исправаат пред огромен предизвик – Ѓорче Петров да биде убаво место за живеење, зелено, урбано и чисто.-Чест ми е што заедно со вас ќе имам можност да впишам историја во револуционерните позитивни урбанистички чекори кои ќе ги забележи оваа општина. Приоритет ќе биде заедно да делуваме во насока на чисто Ѓорче, улиците со кал конечно да заминат во историјата, парковите да го надвладеат бетонот, децата да добијат образование по сите стандарди, а најмалите повеќе место за рекреација. Наш императив мора да бидат граѓаните, рече Стојкоски.По формалниот дел и завршување на седницата, 23-цата советници заедно со Стојкоски на симболичен начин, со засадување дрвца, го означија старот на мандатот.Локацијата каде се садеше е бул.„Македонска војска“ каде во моментов дополнително се зазеленува нова површината и се гради нова урбана зона. Со тоа, овој комплекс ќе добие целосно нов модерен изглед.

Скопје | пред 4 години

sdsm

Кој е во игра за претседател на СДСМ

Се шпекулира дека во игра за нов лидер на владејачката партија, за кои веќе на големо се лобира, се Петре Шилегов, ексградоначалникот на Скопје, потоа заменичката на Заев, Сања Лукаревска, потпретседателот на партијата Венко Филипче, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, но и функционери што не се од скопското крило, како генералниот секретар Љупчо Николовски и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, пишува Слободен печат.И покрај обидите да добиеме потврда дали имаат амбиција да седнат во партиското столчето на Заев, тие или не одговараа или одбија да коментираат. Аргументите на дел од нив се дека прво е важно да се усогласи кој ќе биде новиот мандатар, а потоа ќе следува постапката за избор на нов партиски лидер.Интересно е дека Шилегов се врти во комбинација и за можен мандатар, но и за кандидат за нов лидер на социјалдемократите. Шпекулациите се засилија откако Шилегов беше присутен на првата средба на Заев со коалициските и со владините партнери по неговата оставка. Кога станува збор за мандатар, тој не би бил спорен за албанските партнери во Владата, со оглед на поддршката што од нив ја доби за локалните избори. Во контекст на можен мандатар и партиски лидер се споменува и Шекеринска.

Македонија | пред 4 години

IMG_4387

Скринингот во училиштата дава резулати, објавен бројот на позитивни ученици

Министерството за здравство информира дека во тек е скринингот на учениците од основните и средни училишта во Република Северна Македонија. Скринингот го вршат Центрите за јавно здравје во 496 средни и основни училишта на територија на цела држава. Министерството за здравство ги објавува досега обработените податоци, од спроведениот скрининг во првите денови. Од тестирани 1323 ученици во средни и основни училишта на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, 725 се основци од 1 до 9 одделение, а 598 се средношколци. Од нив само 6 основци биле позитивни на Ковид 19, а 1317 ученици биле негативни на тестот. ЦЈЗ при детектирање на позитивен ученик, постапуваат согласно донесениот Алгоритам за училиштата во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот. За поголем дел од Центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а крајните резултати Центрите мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица. По обработката на податоците Министерството за здравство ќе ја објави целосната анлиза со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот Ковид 19 меѓу учениците во училиштата.Министерството за здравство информира дека во моментов во РСМ, 885 деца на возраст од 0-17 години, се активни, а 15 се позитивни на Ковид 19. На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9-16 години. Еден пациент е на О2, а сите останати се со лесна клиничка слика. Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.Според податоците од националниот систем Мој Термин досега во земјата 5800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза вакцина за Ковид 19, а ревакцинирани се 4860 малолетници.

пред 4 години

flaer-3

#SellSafe - кампања за подигнување на свеста за купување преку интернет под покровителство на eComm 2021

Република Северна Македонија е една од земјите учеснички во годишната кампања под покровителство на Акцијата за е-трговија за 2021 година (eComm 2021) предводена од Европол и австриската Служба за криминалистичко разузнавање (Bundeskriminalamt), насловена како #SellSafe (продавај безбедно) и #BuySafePaySafe (купувај безбедно, плаќај безбедно), чија цел е подигање на свесноста за измами при купопродажба на интернет. Кампањата претставува заедничко јавно-приватно партнерство на органите надлежни за спроведување на законот, трговските субјекти и финансискиот сектор, за справување со криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат купувањето преку интернет, притоа предизвикувајќи значителни финансиски загуби.Учество во eComm 2021 ќе земат и надлежните агенции за спроведување на законот од сите земји учеснички со нивни истражни мерки и нивна поддршка за eComm 2021 за подигнување на свеста преку годинешната кампања наречена „Продавај безбедно“ (SellSafe). Пријавените случаи ќе се селектираат во Европол и ќе бидат означени со eComm 2021 за да им се даде приоритет.Имено, Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, во соработка со Европол и „Стопанска Банка“ АД Скопје се вклучија во оваа кампања, во која органите за спроведување на законот од огромен број земји се здружија со Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол за да споделат практични совети за безбедно купување преку интернет, односно како да се надмудрат криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат овој начин на купување.Годинешната кампања пособено се фокусира на е-трговците, помагајќи им подобро да откријат измама на нивните платформи и оспособувајќи ги да преземат чекори за заштита на својот бизнис и на клиентите од вакви напади.

Македонија | пред 4 години

1-5

СДСМ: Излезе на виделина лагата на Мицкоски, нема ново парламентарно мнозинство

Со месеци Христијан Мицкоски го лажеше народот дека само што не формирал ново парламентарно мнозинство. Вчера излезе на виделина лагата на Мицкоски, ново парламентарно мнозинство нема, соопштија од владејачката СДСМ.Оттаму потенцираат дека парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот.„ Ова парламентарно мнозинство нема да ја става државата на ризик и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори. Мнозинството ќе се посвети на реформите за државата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, и почеток на преговорите со ЕУ.СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го загрозуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и на тој начин да ја вратат државата назад во темното минато на режимот“ се наведува во соопштението.

Македонија | пред 4 години

IMG_4715

Попладне промена на времето

Претпладне вдолж Повардарието со магла и значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а особено вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.Максималната температура ќе достигне од 18 до 23 степени.Во Скопје претпладне магливо и со значителна облачност, која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени.

Македонија | пред 4 години

vakcini-2

Британска студија: Веројатноста невакцинираните да умрат од Ковид-19 е 32 пати поголема од вакцинираните

Веројатноста невакцинираните луѓе да умрат од Ковид-19 е 32 пати поголема во споредба со луѓето вакцинирани со две дози, покажаа резултатите од новата британска студија.„ Стапката на смртност од ковид е значително помала кај оние кои се вакцинирани со две дози во споредба со оние кои се вакцинирани со една доза или воопшто не се вакцинирани“, соопшти Британското национално биро за статистика (ONS).Во истражувањето и анализата на ONS биле користени стапките на смртност приспособени според возраста, кои ги земаат предвид разликите во возраста и бројот на членовите на возрасните групи, за да се добие валидна споредба на различни вакцинирани и невакцинирани групи.Резултатите покажале дека во периодот од 2 јануари до 21 септември годинава стапката на смртност кај невакцинираните била 849,7 на 100.000 жители, јавуваат англиските медиуми.Меѓу вакцинираните со две дози, стапката била само 26,2 на 100.000 луѓе, а за оние кои биле вакцинирани со една доза, стапката била 105,3.„ Ова се убедливо најдобри достапни податоци за ефикасноста на вакцините и спречување на најтешките исходи од ковид“, вели д-р Питер Инглиш, поранешен советник на националното тело за контрола на заразни болести.Тој додаде дека вакцините не се 100% ефективни, па некои ќе се заразат или ќе умрат иако се вакцинирани.„ Но, важна порака од ова истражување е дека вакцината е многу ефикасна против смртта од Ковид-19. Имате 32 пати помали шанси да умрете од ефектите на ковид ако сте вакцинирани, а една доза ви дава одредено ниво на заштита, иако не како заштитата од две дози“, истакна тој.

пред 4 години

06102021_PVRSM_Zaev_Brdo-Kranj-1

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја втурна Македонија во енергетска криза

Заев ја втурна Македонија во енергетска криза, а МЕПСО само за еден месец треба да плати 15 милиони повеќе, обвини ВМРО-ДПМНЕ.„ Неизвесно е како ќе се произведува струја во зимскиот период. Хидро акумулациите се празни. Термоелектраните ќе увезуваат скап јаглен, за кој уште не знаеме и дали и по која цена ќе биде увезен. Додека ТЕЦ Неготино е неподготвена.Заев ги испразни хидро акумулациите и тие се под минимумот.Во РЕК не се копаше јаглен и претпријатието е оставено без залиха со јаглен за само неколку дена до две недели. Сега таа своја неспособност и трчање по тендери ќе ја плаќаме со увоз на скап јаглен од странство, кој ќе треба да се транспортира со камиони до РЕК Битола, тоа се 400 – 500 камиони на ден, кои ќе го оштетуваат патот, но и ќе влијаат лошо на животната средина заради целата прашина која ќе биде присутна при превозот на јагленот.ТЕЦ Неготино не е подготвено, и се е оставено на случајности.Власта нема план, а тоа се гледа и по кражбата на струја од европскиот систем која само за еден месец ќе не чини 15 милиони евра како држава. Со оваа власт не чека енергетска неизвесност и криза. Оваа влада нема капацитет да се справи со кризата“ се наведува во соопштението.

Македонија | пред 4 години

DSC_0363

Тече пријавувањето за вакцина против сезонски грип, пет возрасни групи можат да ја добијат

Министерството за здравство соопшти дека и оваа година набавиле 40.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип за следните ризични групи:– Стари лица (над 65 години)– Лица со хронични заболувања– Здравствени работници– Бремени жени– Децата на возраст од 6 месеци до 5 години„ Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е бесплатна. Поради зголемената побарувачка на вакцини против грип на глобално ниво, се прават напори количините на вакцини да пристигнат во што побрз рок. Нагласуваме дека не е доцна, граѓаните да се вакцинираат против грип во ноември или декември, бидејќи согласно епидемиолошките податоци, оваа болест во последните десетина сезони го достигнува пикот кон крајот на месец февруари“ велат од Министерството за здравство.Пријавувањето за вакцинација против сезонски грип ќе започне од денеска преку страницата vakcinacija.mk Со пополнување на формата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин.„ Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, по пат на смс ќе добиете информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата“ додаваат од министерството.Како што се наведува, вакциницијата против грип не штити од Ковид-19, но истата е многу значајна во услови на пандемија со Ковид 19 и влијанието на здравствениот систем.Се предупредува дека во состојба на олабавување на рестриктивните мерки кога се враќаат социјалните контакти и патувањата се зголемува ризикот од ко-циркулација на Ковид-19 и грип. Со тоа може да се очекува оптоварувањето од сезонскиот грип да биде надополнето со оптоварувањето од Ковид-19. Ризичните групи за грип, се истите кои се под најголем ризик и од Ковид-19, поради што се препорачува вакцинација против грип на истите. На тој начин ќе се избегне и дополнително оптоварување на здравствениот систем, бидејќи лицата заболени од грип би се хоспитализирале во ковид центрите, појаснуваат од министерството.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-soobrakajka

Починаа 12 пациенти, а нови 568 заболеа од коронавирус

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.594 тестирања, а регистрирани се 568 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 230, Куманово – 44, Битола – 39, Прилеп – 29, Кавадарци – 27, Штип – 26, Велес – 19, Кочани – 18, Тетово – 16, Делчево – 13, Кичево – 12, Гевгелија – 11, Охрид и Струмица – по 10, Неготино и Крива Паланка – по 9, Свети Николе– 7, Берово – 6, Богданци – 5, Гостивар, Ресен и Кратово – по 4, Радовиш, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Крушево и Демир Хисар – по 2, Валандово, Македонски Брод, и Дојран – по 1.Регистрирани сe 293 оздравени пациент од: Скопје – 173, Куманово – 28, Струмица – 11, Велес – 10, Прилеп – 9, Битола и Гевгелија – по 8, Кавадарци и Штип – по 7, Крива Паланка – 6, Богданци и Пробиштип – по 5, Свети Николе и Кратово – по 4, Кочани – 3, Охрид, Неготино, Радовиш, Валандово и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (44г, 74г, 75г, 82г и 82г), 2 лица од Кавадарци (69г и 87г) и по едно починато лице од Тетово (16г), Неготино (77г), Куманово (79г), Кочани (77г) и Демир Хисар (90г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени седум починати лица со датум на смрт од 14.10.2021 до 31.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Куманово(2), Кичево(1), Делчево(1) и Велес (1) на возраст од 61 до 75 години, од кои 5 се починати во болнички услови ,а 2 се починати во домашни услови.Направени се 3.594 тестови преку: ИЈЗ-321, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-87, ЦЈЗ Прилеп-41,ЦЈЗ Тетово–66, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–152, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Авицена-153, Биотек-163, Систина-65, лабораторија Лаор-121, Синлаб-22, Ремедика-19, Плодност–45, Генеа-4, Никоб лаб-265, ВФВ Медикал-42, Ели Медика-33, Ројал Медика –16, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.749.Досега во земјата се направени вкупно 1.393.963 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.866, бројот на оздравени пациенти е 189.557, на починати е 7.178, а бројот на активни случаи изнесува 7.131.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 89272, Активни 3467Куманово 12376, Активни 442Тетово 11058, Активни 164Прилеп 9575, Активни 327Гостивар 8011, Активни 27Битола 7543, Активни 311Велес 6869, Активни 337Кавадарци 6373, Активни 275Штип 6226, Активни 230Охрид 6187, Активни 196Струмица 5924, Активни 111Кичево 4127, Активни 91Струга 3844, Активни 44Кочани 3626, Активни 196Гевгелија 2578, Активни 92Неготино 2413, Активни 63Свети Николе 2031, Активни 80Крива Паланка 1685, Активни 155Радовиш 1609, Активни 52Ресен 1600, Активни 54Дебар 1453, Активни 3Берово 1267, Активни 47Делчево 1189, Активни 62Виница 1094, Активни 36Пробиштип 1038, Активни 65Валандово 863, Активни 28Кратово 662, Активни 38Богданци 591, Активни 19Крушево 553, Активни 17Демир Хисар 500, Активни 44Македонски Брод 479, Активни 4Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 365, Активни 41Пехчево 324, Активни 5Дојран 151, Активни 7

пред 4 години

Нема фотографија

Парламентарното мнозинство нема да гласа за брзи предвремени избори бидејќи државата е поважна од разулавеноста на Мицкоски, велат од СДСМ

„СДСМ и владината коалицијата освоија повеќе гласови за советници од опозицијата, парламентарното мнозинство нема да гласа за брзи предвремени избори бидејќи државата е поважна од разулавеноста на Мицкоски Уште еднаш се потврди дека најавите за ново мнозинство од Христијан Мицкоски се нереални и нечесни кон граѓаните. Денеска тие паднаа во вода. Го лажеше Мицкоски народот до само пред три дена дека има ново мнозинство и еве ја вистината јавноста ја гледа денеска. Кога ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се повикуваат на изборните резултати, еве им ја математиката. Партиите од владината коалиција на советничките листи овие избори освоија над 419.180 гласови, што е за 19.090 повеќе од гласовите на партиите од опозицијата. Или изразено во освоени советнички мандати, СДСМ и владината коалиција имаат 664 советнички места, што е 61 повеќе од советничките места кои ги освоија ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот“, велат од СДСМ.„Христијан Мицкоски не може да направи парламентарно мнозинство бидејќи има опасни планови за државата. Во име на гласовите на граѓаните кои ги освои владината коалиција кои се повеќе од гласовите на опозицијата, во име на нужноста земјата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, во име на потребата да ги вложиме сите напори да ги почнеме преговорите со ЕУ, ова парламентарно мнозинство нема да ја става државата на ризик и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори. СДСМ, коалицијата и демократското мнозинство граѓани нема на бранот на еуфоријата да му дадат на Мицкоски поголема власт од оваа која ја освои на локалните избори. Државата е многу поважна од разулавеноста на Мицкоски и неговата желба за власт. На граѓаните им е потребна Влада која испорачува резултат, особено во време на пандемија и енергетска криза, Влада која има евроатлански курс на дејствување и која нема да го закочи евроинтегративниот процес. СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 4 години

sela-1

Партијата на Села за предвремените избори: Не можеме да зборуваме за декомратија додека гласовите се купуваат и ркадат

Алијанса за Албанците на Зијадин Села смета дека не може да има слободни парламентарни избори ако ДУИ е на власт. Тие обвинуваат за изборни нерегуларности.„Ние цениме дека не може да има слободни избори со ДУИ на власт. Оваа Влада, во последните циклуси докажа дека нема ниту капацитет ниту подготвеност за слободни, фер и демократски избори. Не можеме да зборуваме за демократија кога целата држава е ставена во служба на владејачките партии, граѓаните се загрозени и уценувани, додека гласовите се купуваат и крадат“, велат од Алијанса за Албанците.

Македонија | пред 4 години

kovid-ambulanta-klinika-infektivna

Детали за смртта на 16-годишното девојче: Имала тешка белодробна тромбемболија, се лекувала дома, па во тетовската болница и починала на скопска Инфективна

Младата пациентка од тетовско која имаше 16 години и почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје, била донесена во многу тешка состојба. Починатата девет денови се лекувала дома, по што, три дена е третирана во тетовската Клиничка болница. Девојката немала никакви претходни заболувања.„Според медицинскиот извештај од КИБФС, станува збор за исклучително тежок случај, кислородно зависна со тешка ковид пневмонија. Во текот на хоспиталниот престој од анализите е потврдена и белодробна тромбемболија. Во текот на лекувањето доаѓа до брзо прогресивно влошување на респираторната функција. Пациентката е мултидисциплинарно лекувана поради развиените компликации. Во текот на вчерашниот ден дојде до драматично влошување на виталните параметри што доведе до срцево белодробно попуштање“, велат од Министерство за здравство.Според болничкиот извештај, младата пациентка не била вакцинирана. Инаку ова е втор случај за два месеци, каде млад пациент ја губи битката со коронавирусот. Претходно, почина 18-годишна девојка од Гевгелија. Таа, според болничкиот извештај и информациите на Министерство за здравство имала три хронични заболувања.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-skopje

Колку вакцинирани има во Македонија и кои категории се најзастапени

Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 9.009 дози вакцини, од кои 1.873 се аплицирани како прва доза, 1.580 се ревакцинирани, а 5.536 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 02 ноември вкупно се вакцинирани 806.781 граѓани, ревакцинирани се 777.655, а трета доза примиле 36.424 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57% , а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

пред 4 години

Hristijan-Mickoski

И за Мицкоски „северна“ е реалност која ќе сака да ја промени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека новото уставно име Република Северна Македонија е реалност и дека врз основа на таа реалност моментално функционира и државата. Тој потенцираше дека името не му се допаѓа и дека ќе работи нејзе да ја промени, откако би дошол на власт.„Тоа што се случува во советите е бидејќи законот за локална самоуправа не е усогласен со уставот. Затоа изјавите се такви какви што се. Дали од тоа некој сака да направи дефокус од падот на Владата, е друга тема. Суштината е дека треба да имаме брзи парламентарни избори со оставка на Владата и да ги решаваме. Ако ме прашувате дали е реалност, па ние функционираме. Таа нова реалност ја донесе Зоран Заев, ние сме се произнеле за таа нова реалност. И новите градоначалници се произнесоа. Дали реалноста ни се допаѓа, не ни се допаѓа. Ако не се почитува таа реалност, има други последици, како Обвинителство и судство. Ќе работиме таа реалност да се промени. Таа реалност е болна и понижувачка за сите нас кои ја чувствуваме Македонија“, кажа Мицкоски.Прашан како би ја променил реалноста, односно би го вратил старото уставоно име, Мицкоски рече: „Ова e понижување, кога ќе седнеме на маса со нашите пријатели, ќе кажеме дека оваа реалност за граѓаните е понижувачка. И тоа е тоа“.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-03-at-12.10.28

ВИДЕО: Мицкоски бара превремени и брзи избори, веднаш

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бара брзи и предвремени парламентарни избори. Ваквото барање го образложува со кризата која вели дека ќе ја зафати Македонија. Тој очекува зголемување на последиците од коронавирусот, бидејќи има потфрлање во менаџирањето на процесите, за што, според него, потврда се повеќе од 7.000 починати. За интеграциите во ЕУ, лидерот Мицкоски кажа дека дури и да се започнат, потребни се коренити реформи кои ќе ги спроведуваат институции со слаб квалитет. Дополнително посочи и дека државата влегува во енергетска криза каде може да има рестрикции, но и дека следува ценовен шок и голема инфлација.„Ова се причини кои говорат дека се потребни крупни одлуки кои мора да се носат овој период. Народот кажа дека не верува дека Владата може да се справи со овие последици. Не само што легитимитетот е доведен во прашање, туку и мотивацијата на Владата да се справи со овие проблеми. Прва опција е формирање на ново парламентарно мнозинство. Во овој момент најдобро решение за Македонија е без одлагање, брзи предвремени парламентарни избори, со почитување на роковите кои ќе обезбедат цврста и стабилна Влада. Брзи избори за кои не треба алтернатива, бидејќи е потребна стабилна влада која ќе се справи со проблемите. Изборите се светлото на крајот од тунелот. Брзите избори треба да донесат Влада која ќе спроведува ефикасни политики“, кажа Мицкоски.Тој смета дека ако не предвремени парламентарни избори значи дополнителен криминал и корупција и неефикасни институции додавајќи: „Доколку владата ја одбие понудената рака за предвремени избори, енергетската криза која тропа на порти, ковид пандемијата, жестокиот пад во економијата, енергетската криза, ќе бидат на товар на оваа Влада во заминување. Подаваме рака бидејќи наш интерес се граѓаните“.„Јасно е дека Зоран Заев дури и да си поднесе оставка, министрите ќе продолжат да го претставуваат неговиот корумпиран систем, кој на овие избори, двапати беше поразен. Дури и Зоран Заев да си оди, а Владата да остане, Венко Филипче ќе остане министер кој има најмногу починати, Љупче Николовски ќе е нефункционален министер, Мила Царовска ќе продолжи да го уништува образованието. И самиот Зоран Заев ја стави во влог неговата кариера, а изборите беа референдум за владата. Оттука прашањето кое е легитимно, дали ќе има ново парламентарно мнозинство и без избори да се формира нова Влада или пак, нови избори за Влада со нов кредибилитет. Пред да одговорам, да потенцирам дека Македонија ја очекуваат кризни времиња, следува ценовен енергетски шок, каде прашањето не е дали, туку колку ќе поскапи струјата. Поскапувањето на струјата значи шок кој ќе се прелее на сите производи, што значи зголемена инфлација и зголемена сиромаштија“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

marihuana2

Уапсени четири лица бидејќи со себе носеле марихуана

На 02.11.2021 во 20.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на ул.„Лазар Личеноски“ ги лишиле од слобода К.Ш.(28) од Кичево и М.И.(23) од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 03.11.2021 во 00.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Стопански двор ги лишиле од слобода З.С.(24) и А.А.(24), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

korona-sertifikat-patuvanja

Црногорец заврши во полициска станица бидејќи фалсификувал сертификат за вакцинација

На 03.11.2021 во 02.15 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода M.J (31) од Црна Гора, затоа што по извршена контрола било констатирано дека потврдата за извршена вакцинација против ковид-19 е фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

0000traktor

Трагедија, загина маж од струмичко: Се симнал, но не го закочил тракторот по што бил прегазен

На 02.11.2021 во 15.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „Илија Ајдински“ во Ново Село, струмичко, С.П.(69) од Ново Село застанал со трактор „имт 539“ на тротоар и се симнал од него, но не го закочил, по што тракторот почнал да се движи и го удрил. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.П., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања