Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

darko02112021.jpg

Во Бутел се потрошени два милиони евра за четири години за предвремени вработувања, тврди Костовски кој се пофали дека чисти депонии

Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел во гостување во емисијата Топ тема на ваша страна на ТВ Телма вели дека со првото доаѓање на позицијата констатирал дека околу 40тина луѓе биле на платен список а не доаѓале на работа, додавајќи дека претходниот градоначалник од СДСМ пробал да го заташка ова со исклучување на системот за куцање.Тоа што деновиве го констатирав е дека околу 40тина луѓе биле на платен список а не доаѓале на работа. Пробал претходниот градоначалник да го заташка тоа со неговиот тим, па го стопирале системот за куцање последните два месеца не работел и собирам информации за да има одговорност во однос на ова прашање, бидејќи станува збор за околу 1 милион евра потрошени за 4 години за овие привремени вработувања. Навистина тоа се средства со кои би се реализирале минимум два капитални проекти во општина Бутел, рече тој.Во Бутел се потрошени два милиони евра за четири години за предвремени вработувања. Согласно систематизацијата има 77 вработени и плус 130 , 140 предвремени вработувања од кои 50тина се примени како хигиеничари, значи 50 на список од кои само 15 доаѓаат на работа, другите се фиктивни кои што земаат само плата. Има таков пример и во администрацијата со околу 20тина, додаде Костовски.Костовски најави дека општинската каса е во лоша состојба, нагласувајќи дека веќе од утре започнува со реализација на еден од клучните проекти кои што ги ветил во предизборната кампања.Општинската касата е во една лоша состојба, за жал. Но тоа не беше причина за денеска да не започнеме жестоко со работа. Денеска почнавме да ги чистиме 12те големи депонии кои што беа направени последните 4 години, а утре ексклузивно најавувам дека ќе започнеме на еден од трите носечки проекти кои што ги најавував во предизборната кампања и ќе покажеме како треба да се работи, нагласи Костовски.На прашањето како ќе ја спречи бетонизацијата посочи дека веќе дал предлог за стопирање на изградба на згради, се со цел изградба на паркови на тоа место.Апсолутно тоа е мој политички став. Нема да дозволам изградба на згради согласно новиот план кој што се дава со новиот ГУП на тие места каде што мојот претходник планираше згради, јас веќе дадов насока да се пушти предлог да бидат паркови и сметам дека тој начин на силување на бетонизација кој што се случуваше во Бутел е еден од главните столбови врз кој што се потпре овој пораз на Смилевски. И во таа смисла контра на бетонизацијата е зелен Бутел и мислам дека тоа за многу скоро во пракса ќе го докажеме, објасни Костовски.

Скопје | пред 4 години

12102021_PVRSM_Zaev_pres-konferencija_2

Кабинетот на Заев одговори на прозивките дека оставката ќе ја даде во декември или јануари

Од кабинетот на претседателот на Владата велат дека не е точно дека планот на премиерот е да ја одолжува оставката до декември.„Оставката е јасен чин на преземање одговорност“, велат од кабинетот на Заев.Како што посочуваат, во тек се консултации преку кои органите на партијата, како и коалициските партнери, со целосна поддршка од премиерот Заев, работат на решенија и одлуки со кои парламентарното мнозинство се одржува стабилно, а со цел обезбедување Влада што го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.

Македонија | пред 4 години

antonijo-antonio-milososki-milosovski

Милошоски: Оставката на Заев е потврда дека политиките на владата се неуспешни

Најчесто во партиите кога има избори освен првиот човек што се случувало и претходно, по однос на партиската хиерархија, одговорност понесува и шефот на Изборниот штаб по правило и тоа би требало да биде ако има некоја аналогија на нештата да биде шефот на изборниот штаб на СДСМ Љупчо Николовски, вели Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.Милошоски истакна дека прашање е дали со оставката Заев сака да прикрие нечија одговорност се со цел во иднина оние лица кои ќе ги прикрие да му бидат добри чувари во рамки на партијата имајќи во предвид дека тој и во минатото најавувал оставка од позицијата, но не го одржал зборот.Но, прашање е дали Заев со неговата оставка сака да покрие и нечија друга одговорност за во иднина да може тие кои што ќе ги покрие во иднина да му бидат добри чувари на грбот во рамките на партијата, рече тој.Милошоски потенцираше дека со самиот чин на оставка, Заев признал дека политиките кои што ги водеше владата изминатиот период се неуспешни, додавајќи дека се согласува со изјавата на претседателот на ЛДП и коалициски партнер на СДСМ, Горан Милевски дека одговорност треба да понесат сите министри.Заев сепак со овој чин што го направи, тој самиот го призна она што беше јасно, дека политиките на владата се неуспешни и констатацијата на претседателот на ЛДП Горан Милевски дека треба да има нова влада со нови министри, дека сите треба да ја понесат одговорноста, сметам дека е правилно. Но, не сум сигурен дека сите коалициони партнери тоа ќе го испочитуваат, или дека одговорноста ќе ја сподели секој министер кој што водел одреден ресор, објасни тој.Милошоски вели дека апсурдно е Заев да го пренесува неговиот изгубен легитимитет на друг човек, додавајќи дека само народот може да одлучува за тоа кој ќе има легитимитет да ја води владата.За големи проекти од ваков калибар, не може еден политичар кој што оценил дека го изгубил легитимитетот како Зоран Заев сега да го пренесе легитимитетот на некој друг кој што ќе биде избран за премиер. Тоа е апсурд затоа што тој што го изгубил легитимитетот го изгубил легитимитетот од народот. Народот може да даде на нов човек легитимитет, не може вие да го префрлите вашиот изгубен легитимитет на новиот премиер кој што ќе биде заеднички усогласен, изјави Милошоски.

Македонија | пред 4 години

kovid-ambulanta-klinika-infektivna

Почина 16-годишна девојка од корона, за која беше кажано дека нема коморбидитети и е во тешка состојба

Младата девојка од тетовско чија здравствена состојба пред три дена беше тешка како последица на коронавирусот, денеска починала. Таа имаше тешка клиничка слика, за што информираше и директорката на Инфективната болница во Скопје, Милена Стевновиќ. За неа, во тој момент, немаше информации дека има коморбидитети.Министерството за здравство информираше, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.391 тестирања, а регистрирани се 593 нови случаи на КОВИД-19. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.

пред 4 години

klinika-brza-pomos

14 починати и 593 нови од корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:· Направени се 3.391 тестирања, а регистрирани се 593 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 272, Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8, Кратово – 7, Радовиш и Делчево – по 6, Демир Хисар – 5, Берово и Валандово – по 4, Гостивар и Гевгелија – по 3, Струмица и Крушево – по 2, Охрид, Струга, Свети Николе, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.· Регистрирани сe 415 оздравени пациент од: Скопје – 253, Прилеп – 23, Куманово – 21, Велес – 19, Тетово – 12, Кочани – 11, Крива Паланка, Штип и Пробиштип – по 9, Кавадарци и Струмица – по 8, Свети Николе – 6, Богданци – 5, Битола и Радовиш – по 4, Неготино – 3, Гевгелија и Виница – по 2, Кратово, Делчево, Демир Хисар, Валандово, Гостивар , Ресен и Македонска Каменица – по 1.· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (70г, 71г, 84г и 85г), по едно починато лице од Гостивар (77г), Кавадарци (81г), Прилеп (83г), Охрид (81г), Кочани (72г) и Штип (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.Регистрирани се по едно починато лице од Свети Николе, Крива Паланка, Прилеп и Штип на возраст од 46 до 87 години,од кои две се починати во болнички услови ,а две се починати во домашни услови.· Направени се 3.391 тестови преку: ИЈЗ-294, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-59,ЦЈЗ Тетово–63, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–5, Жан Митрев (Филип Втори)-79, Авицена-147, Биотек-207, Систина-69, лабораторија Лаор-105, Синлаб-16, Ремедика-15, Плодност–45, Генеа-10, Никоб лаб-302, ВФВ Медикал-51, Ели Медика-25, Ројал Медика –7, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.671.Досега во земјата се направени вкупно 1.390.369 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.298, бројот на оздравени пациенти е 189.264, на починати е 7.159, а бројот на активни случаи изнесува 6.875.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 89039, активни 3414Куманово 12334, активни 431Тетово 11045, активни 152Прилеп 9544, активни 305Гостивар 8008, активни 24Битола 7503, активни 279Велес 6850, активни 329Кавадарци 6347, активни 258Штип 6198, активни 209Охрид 6177, активни 187Струмица 5915, активни 113Кичево 4115, активни 80Струга 3844, активни 44Кочани 3608, активни 182Гевгелија 2567, активни 89Неготино 2404, активни 56Свети Николе 2024, активни 77Крива Паланка 1675, активни 151Радовиш 1607, активни 51Ресен 1596, активни 50Дебар 1453, активни 3Берово 1261, активни 41Делчево 1176, активни 50Виница 1094, активни 36Пробиштип 1035, активни 67Валандово 862, активни 28Кратово 657, активни 37Богданци 586, активни 19Крушево 551, активни 15Демир Хисар 499, активни 44Македонски Брод 478, активни 3Демир Капија 410, активни 1Македонска Каменица 362, активни 38Пехчево 324, активни 5Дојран 150, активни 7

пред 4 години

zaev-z-9

Објавено кога ќе стигне оставката на Заев

Премиерот останува на ставот да си поднесе оставка на функцијата, но најверојатно ќе ја пролонгира за два месеци. Помалите коалициони партнери на синоќешниот состанок не успеале да го разубедат Заев во намерата што ја најави на изборниот ден. Но, му предложиле и тој начелно прифатил, официјално оставката да ја поднесе кон крајот на годината или на почетокот на јануари, објави Телма.Еден од помалите коалициони партнери, кој синоќа присуствуваше на состанокот, за Телма брифираше дека, би било несериозно од Заев сега да се предомисли, но исто така сите се согласиле дека мора да се заштитат виталните државни интереси.Причина за тоа, вели нашиот извор, се и надежите кои им ги соопштил премиерот, за решавање на спорот со Бугарија и можна меѓувладина конференција со ЕУ на средината на декември.Иако синоќа ДУИ и БЕСА биле категорично против оставката на Заев, на состанокот бил оставен простор за негов можен наследник, а за мислењето на коалиционите партнери околу ова прашање ќе се разговара оваа недела, најверојатно во петок.

Македонија | пред 4 години

02102021_PVRSM_Zaev_poseta-na-manifestacija-vo-Kocani_2

Оставката на Заев е пораз за ЕУ, пишува германски весник

Храброста, сепак, не се наградува, или во најдобар случај ѝ беше доделена утешна награда – членство во НАТО. Но, Заев не ја оствари својата основна политичка цел – почеток на преговорите за влез во ЕУ. Не е тој виновен. Напротив, оценува весникот.Поразот на Зоран Заев на локалните избори може да се смета и како пораз на ЕУ и нејзината политика за проширување кон Западен Балкан, а тоа е и лош предзнак за реформите кои и се неопходни на Северна Македонија, ги сублимира Дојче Веле оценките на печатот во Германија и Швајцарија.– Во мај 2017 година, Зоран Заев стана премиер на Македонија. Во октомври 2021 година, тој ја најави својата оставка. Северна Македонија – членка на НАТО од март 2020 година, во голема мера беше оставена сама на себе во безбедносната политика. Вака би можеле да се опишат изминатите четири и пол години во таа балканска земја, како и наследството на Заев. Но, тука недостига еден важен аспект: на мандатот на Заев влијаеше не само тоа што му успеа, туку, пред се, она што му беше ускратено, наведува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.Според германскиот весник, точно е дека Заев успеа да ја преименува Македонија во Северна Македонија и со тоа да ја убеди Грција повеќе да не го блокира приемот на земјата во НАТО, што на домашен план беше храбар, речиси смел маневар.– Храброста, сепак, не се наградува, или во најдобар случај ѝ беше доделена утешна награда – членство во НАТО. Но, Заев не ја оствари својата основна политичка цел – почеток на преговорите за влез во ЕУ. Не е тој виновен. Напротив, оценува весникот.Случајот на Заев, додава „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, може да биде пример во регионот и можно е премиерот на Северна Македонија во заминување долго време да биде последниот премиер во регионот кој бил подготвен да преземе голем политички ризик заради т.н. европски перспективи на својата земја.– Затоа поразот на Заев може да се гледа како пораз на ЕУ и нејзината политика на проширување на Балканот, заклучува авторот на текстот Мајкл Мартенс.На настаните во Скопје на сличен начин гледа и швајцарски „Ноје Цирхер Цајтунг“.– Исчезнувањето на европската перспектива за земјите од Западен Балкан има многу жртви. Последен е премиерот на Северна Македонија во оставка. По поразот на неговата Социјалдемократска партија на локалните избори, Зоран Заев се огласи и поднесе оставка на функцијата премиер и претседател на партијата. Како резултат на тоа, оваа мала земја во Југоисточна Европа се лизга во владина криза, чиј исход е тешко да се предвиди, оценува швајцарскиот весник.Заев рече дека неговата партија ќе предложи нов кандидат за таа функција на шефот на државата Стево Пендаровски, сепак, посочува весникот, неизвесно е дали тој ќе добие поддршка во Парламентот.– Коалицијата на социјалдемократите и двете партии на албанското малцинство има само мало мнозинство. Лошите резултати на локалните избори може да доведат до разрешување на некои пратеници. Претседателот на националистичката опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара нови избори во неделата навечер, наведува „Ноје Цирхер Цајтунг“.Швајцарскиот весник наведува дека во Северна Македонија владее „огромна фрустрација поради секогаш новите пречки во европската интеграција – што го крие фундаменталното одбивање на проширувањето од страна на еден број членки на ЕУ“. Тоа растечко незадоволство „се повеќе беше насочено против Заев, па дури и многу негови симпатизери сметаат дека промената на името не се исплатела. А националистичката опозиција и онака секогаш го отфрлаше договорот со Грција“.Но, како што пишува швајцарскиот весник, „Заев и дома не успеа да ги исполни политичките очекувања, бидејќи неговата изборна победа од 2017 година не се сметаше само за раскинување со зовриениот национализам на претходната влада на Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, туку и како бунт против распространетата корупција“.– И навистина Владата на Заев набрзо ги започна првите реформи. Груевски беше осуден и успеа да ја избегне казната само со спектакуларно бегство во Унгарија. Во принцип, Северна Македонија сè уште се издвојува како позитивен пример во еден се поавтократски регион. Сепак, набрзо се појавија сомнежи дали новата Влада навистина може да ги реши далекусежните проблеми по однос на прашањето на владеењето на правото. Дури и шефицата на Специјалното обвинителство, поддржана од Заев, стана предмет на корупциски скандал во 2019 година, наведува весникот„Ноје цирхер цајтунг“ додава дека минатата година, Северна Македонија падна на 111-то место на ранг-листата на Транспаренси Интернешнл, што е најлоша оценка што земјата некогаш ја добила во оваа област.– Дополнително, тука е и лошото управување за време на пандемијата: вакцинирањето започна доцна затоа што земјата, за разлика од нејзиниот поголем сосед, Србија, целосно се потпираше на ЕУ и доцна ги доби вакцините, наведува весникот.Авторот на текстот, Волкер Пабст, ги цитира и зборовите на аналитичарката Влора Речица од истражувачкиот центар на Институтот за демократија во Скопје, која вели дека надежта што беше поврзана со изборот на Заев пред четири години, испарила. Тоа, вели таа, се гледа по слабата излезност на локалните избори, што е лош знак за реформите кои се уште се потребни – без разлика кој ќе владее со Северна Македонија во иднина.Берлинскиот „Тагесцајтунг“ во коментар настаните во Северна Македонија од страна на нивниот новинар Ерих Ратфелдер вели дека е „чесно да се каже оти некој што се обиде да ја модернизира, демократизира и реформира својата земја поднесе оставка во неделата“.– Социјалдемократот Зоран Заев е еден од ретките балкански политичари кој сериозно ја насочи својата земја на патот на интеграцијата во Европската Унија. Но, за возврат, тој доби премалку поддршка. Заев не успеа, популарноста му се намалуваше. Дополнително, неговиот претходник Груевски се обиде да влијае на кампањата за локалните избори, со поголеми суми на пари и со поддршка од Унгарија. Социјалдемократите изгубија на изборите, а Заев поднесе оставка. Но, кој го познава знае дека тој ќе продолжи да се бори, заклучува германскиот новинар.

Македонија | пред 4 години

krmov

Не ја чекајте оставката на Заев, неа ДУИ планираат да ја влечкаат до нова година, порача Крмов од Левица

„Какво е чуството да си најомилениот премиер на политичката партија која произлезе од УЧК? Не ја чекајте оставката на Заев, неа ДУИ (подржани од структури на СДС) планираат да ја влечкаат до нова година, ако не и подолго. Носењето на буџетот веќе се користи како изговор, иако двете работи немаат врска една со друга“, пишува пратеникот на Левица, Борислав Крмов.„Посебно ДУИ не сакаат да го изгубат Заев по никоја цена, бидејќи таков политичар „трговец поединец“, кој е спремен да тргува со СЕ и да продаде СЕ, кој им ги даде најбитните ресори во државата и со врзаните потписи практично ги направи власт ,тешко дека пак ќе најдат. Оставката и денес не е доставена до Собранието, а народот чека.. #ОставкатаДаЈаВидиме #СоЉубовОдУЧК“, додава тој.

Коментари | пред 4 години

Kovacki

Ковачки: Дали оставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа одбегне одговорност?

„Зоран Заев самиот изјави дека доколку ги загуби овие избори дека ќе си поднесе оставка. Заев убедливо загуби во целата држава и изјави дека се повлекува. Од таа изјава до денес гледаме како клиентелистите и неговите послушници готват амбиент за неповлекување и неподнесување на одговорност. Зоран Заев повторно блефираше и остана на фејсбук оставка, но не ја достави со допис до Парламентот. Оттука се гледа дека оставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност. СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните. Политиките на Заев и неговиот систем се жестоко поразени. Народот гласаше за промени. Ова што сега го гледаме од СДСМ е препелкање во сопствената кал и продлабочување на поразите“, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Заев е човек кој не држи до сопствениот збор. Дали на повидок е уште една голема лага на Зоран Заев? И дали Заев нема да си опстои и на ова свое ветување? Дали на овој начин ќе избега од одговорност за бруталните злоупотреби, изборни нерегуларности и притисоци? Доста е со поигрување со волјата на граѓаните. Владата повеќе нема никаков кредибилитет и истата е детронизирана. Системот на Заев е поразен. Време е за промени“, додаде тој.

Македонија | пред 4 години

mnr-5

МНР: Потпишувањето изјави со називот Република Македонија сериозно го нарушува меѓународниот углед на државата

Министерството за надворешни работи изрази загриженост откако советниците од Левица во Штип и Аеродром потпишаа свечени изјави со називот Република Македонија. Од МНР повикуваат на доследна примена на уставните одредби во согласност со Договорот од Преспа и велат дека потпишувањето изјави со називот Република Македонија сериозно го нарушува меѓународниот углед на државата.Од Министерството потсетуваат дека од јануари 2019 година уставното име на државата е Република Северна Македонија и дека сите државни институции и единици на локалната самоуправа се должни да го почитуваат Уставот и да ги усогласат сите акти кои ги донесуваат со Уставот.„Имено, секаде каде што името Република Македонија е наведено во законите и подзаконските акти на државните органи и единиците на локалната самоуправа, вклучително и во свечената изјава, од денот на влегување во сила на горенаведените акти се користи уставното име Република Северна Македонија. Министерството за надворешни работи, следејќи ги ваквите појави по завршувањето на локалните избори и при конституирањето на определени совети во општините, повикува на доследна примена на уставните одредби во согласност со Договорот од Преспа, имајќи предвид дека непочитувањето на Уставот и на ратификуваните меѓународни договори сериозно го нарушува меѓународниот углед на државата и го поткопува правниот поредок на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението на МНР.Од таму упатија апел до надлежните институции и особено до Министерството за локална самоуправа, соодветно да реагираат согласно нивните надлежности и апел до сите советници во општините доследно да го почитуваат Уставот, како што е наведено и во самата свечена изјава.

Македонија | пред 4 години

DSC_0288

Пронајдена марихуана во такси

На 01.11.2021 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода И.М.(33) од Кичево и О.Т.(34) од прилепското село Коњаре, затоа што при контрола на такси возило со кое се превезувале, кај нив била пронајдена и одземена марихуана.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

migranti

Фатени 13 мигранти од Сирија, ги превезувале две млади лица од Богданци

На 02.11.2021 околу 01.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Д.Ј.(24) и Ѓ.Б.(21), двајцата од Богданци. На автопатот Гевгелија–Скопје, кај клучка „Миравци“, во возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Ј., а совозач бил Ѓ.Б., биле пронајдени 13 лица мигранти од Сирија.Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг во Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-3

Тешка сообраќајка во Скопје, едно лице пренесно на Клинички

На 01.11.2021 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, пред железничкиот надвозник, товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(78) од Скопје, удрило во пешакот Ф.Т.(44) од с.Семениште, скопско.Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

240704659_536418067474676_7317527048721981219_n

Заев нема доставено оставка ниту денеска

Собранието се уште ја нема добиено одтавката поднесена од премиерот Зоран Заев, најавена откако завршија изборите. Собраниските служби велат дека од Влада немаат добиено никаков допис.Со оставката на Зоран Заев од премиерската функција, во оставка е и целата влада. Тоа го предвидува членот 93 од Уставот. Прв услов за тоа е најавената оставка на прес-конференцијата во неделата, Заев да ја достави и на писмено до претседателот на Собранието Талат Џафери. Додека тоа не се случи, формално-правно, премиерот и актуелната влада можат да продолжат со работа.„(...) Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата“, се наведува меѓудругото во членот 93 од Уставот.Процедурата потоа е слична како и при изборот на нов состав на Собранието. Имено, шефот на државата е должен во рок од десет дена мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.Потоа, мандаторот има рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесе програма и да го предложи составот на Владата.

Македонија | пред 4 години

09092021_VRSM_Vonrednasednica-3

Владата си закажа седница за денеска, објавени точките за дискусија и гласање

Владата на Република Северна Македонија, денеска, ќе ја одржи редовната 117-та седница со повеќе точки од својата програма за работа.„Владата денеска ќе ја разгледа и ќе ја стави на усвојување и Националната стратегија за вработување 2021-2027 година со вклучен Акциски план за вработување.На дневниот ред на оваа седница, меѓу другото, е Информацијата за напредок во имплементацијата на Вториот проект за подобрување на општинските услуги заклучно со септември 2021 година.На предлог на Министерството за надворешни работи, денеска пред министрите ќе се најде и Предлог-законот за ратификација на договорите меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини, како и Предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за црноморска економска соработка.За донесените одлуки и заклучоци од Владината седница, со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена“, велат оттаму.

Македонија | пред 4 години

avion

Патник заразен со коронавирус починал на летот од Истанбул до Хамбург, сите мислеле дека спие

Екипажот на патнички авион, кој летал од Истанбул за Хамбург, при слетувањето открил дека еден од патниците починал, за кој подоцна се покажало дека е заразен со коронавирус.Откако сите патници го напуштиле авионот по слетувањето на аеродромот во Хамбург, еден патник останал на негово место, па екипажот, според весникот „Велт“, дури тогаш забележал дека тој починал.Настанот се случил на 25 октомври, пренесуваат агенциите. Станува збор за 51-годишен патник, кој сам се качил во авион во Истанбул, и го зазел неговото место во авионот. Според медиумите, тој имал неколку различни болести, но бил заразен и со коронавирус. Во текот на летот никој не ја забележал неговата смрт.„Патуваше сам и седна на место покрај прозорецот. Веројатно ја навалил главата на прозорецот и ги затворил очите, поради што сите мислеле дека спие“, соопшти полицијата.Според германските написи, починатиот патник имал акутна инфекција со коронавирус. Поради овој факт, германските власти иницираа следење на контактите на пациентот.Прашање што го анализираат упатените е како патникот заразен со Ковид можел да се качи во авионот. Имено, во моментот, за патување од ризични земји, вклучително и Турција, за влез во Германија, лицето морало да поседува потврда за вакцинација, потврда за Ковид-19 или негативен тест.Тој бил заразен и можел да се качи во авионот со потврда за вакцинација, бидејќи на повеќето аеродроми немало планирано мерење на температура, што би можела да ја открие неговата инфекција, велат експертите.

Актуелно | пред 4 години

ambasada

Се огласи САД по изборите и оставката на Заев

САД очекуваат да ја продолжат соработката со Северна Македонија во областите од заеднички интерес, соопшти Стејт департментот за Гласот на Америка, одговарајќи на барањето да ја искоментираат оставката на премиерот Зоран Заев по локалните избори.„Американската амбасада ги следи настаните по вториот круг локални избори, вклучувајќи ја и најавата за оставка од премиерот Зоран Заев“, се вели во изјавата од портпаролот на Стејт департментот.Во изјавата се нагласува дека „САД ја сметаат Северна Македонија како доверлив и ценет партнер во регионот, и со нетрпение очекуваат да продолжи соработката со Владата на Северна Македонија во областите од заеднички интерес додека го продолжува напредокот што го постигна кон евроатлантската интеграција“.

Македонија | пред 4 години

opstina-aerodrom-

Свечена изјава без “северна” туку со Македонија, Левица потпишале и во Општина Аеродром

Освен во Штип, свечена изјава со името „Република Македонија“ советниците на Левица потпишале и во Советот на Општина Аеродром, соопштија вечерва од партијата.-Меѓудругото, се бориме за се’ помасовна употреба на уставното име усвоено со Референдумот од 1991 година, коешто формално правно е, и мора да биде во употреба, бидејќи промената на името после неуспешниот Референдум во 2018 е противуставна и спротивна на изразената волја на граѓаните!Поради ова, на денешната седница во Општина Штип, претставникот на Левица во Советот, остро застана зад позициите на ставот на Партијата – свечената изјава да биде потпишана како што е пропишана во Законот за локална самоуправа – односно, со името Република Македонија! Освен во Општина Штип, свечена изјава со правилното име – Република Македонија, беше потпишана и од страна на советниците на Левица во Општина Аеродром!, велат од Левица.

Скопје | пред 4 години

zaev-micko

Губитникот Заев треба да си поднесе оставка, потребно е расветлување на серијата изборни нерегуларности, вели ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев овие локални избори ги загуби убедливо.СДСМ и губитникот Заев не победи во ниту една голема општина, во исто време кога тврдеа дека се најдобри.Во градови како Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Велес , Гевгелија и останатите општини СДСМ и губитникот Заев доживеаја дебакл и затоа треба да си одат. Народот им испрати порака дека е незадоволен, разочаран и ја порази политиката на поделби и конфликти.Заевизмот како систем мора да падне. На овие избори имаше и брутални изборни нерегуларности, притисоци и закани од луѓето од власта, како и злоупотреба на државни ресурси, пред се полицијата за партиски цели.Мора да има одговорност за таквите нарушувања и злоупотреби.Губитникот Заев и во поразот е нечесен и треба барем еднаш да си држи до сопствениот збор и ветување, наместо преку платените клиентелисти да создава атмосфера за продолжување на мандатот. Оваа влада нема кредибилитет за водење на државата.

Македонија | пред 4 години

stip-sovet

ВМРО-ДПМНЕ и Левица го вратија името Република Македонија во советот на општина Штип

Свечена конститутивна седница на Советот на Општина Штип денеска имаа само 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ и еден на Левица, додека деветмината советниците од опозициската СДСМ ја напуштија седницата.На првата седница мнозинството и опозицијата ги скара писмената свечена изјава, на којашто наместо да стои уставното име на државата Република Северна Македонија, стоеше Република Македонија.Маријана Рогожарска-Поповска, советник од СДСМ истакна дека не треба да се оди против Уставот и побара правно толкување од службите.Откако мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ им го одбија барањето тие ја напуштија седницата.Свечена изјава дадоа 13 советници на ВМРО ДПМНЕ и еден на Левица, онака какошто службите им ги подготвиле со Република Македонија.Мнозинството советници без присуство на опозицијата денеска за претседател на Советот на Општина Штип ја избираа Весна Карагунова-Кожинкова.

Македонија | пред 4 години

51527416724_29ef17fba6_c

Груби изнесе инфо за средбата со Заев, ќе ја повлече ли премиерската оставка

Сите партнери кои учествуваат во Владата беа апсолутно против оставката на Зоран Заев зошто сметаат дека беше избрзана и дека граѓаните очекуваат да продолжи со политиките, порача вицепремиерот од редовите на ДУИ, Артан Груби, по средбата што ја имаа партнерите во владината коалиција. На неа не присуствувал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Груби беше придружуван од министрите Бујар Османи и Фатмир Бесими.Тој беше дециден дека Заев треба да ја повлече оставката.-Не смееме да си дозволиме авантури во овие кршливи моменти за државата. На државата не и треба нестабилност и несигурност, рече Груби. Тој дообјасни дека ова се локални, а не парламентарни избори, дека добиле мандат да ја водат земјата на евроатлантскиот курс и дека сите сметаат дека само оваа влада може да ги реши проблемите со Бугарија, да го гарантира Преспанскиот договор, да ги гарантира меѓуетничките односи и да обезбеди напредок во евроинтеграцијата.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-01-at-19.02.33

(ВИДЕО) Јакимовски прославува победа: За вас е само к*р громовски

„Како ме е*е, како ме е*е Стевчо Јакимовски, за вас е само к*ур громовски“ се слуша на прославата на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.Музичарите кои ги забавувале присутните на забавата, направиле своја верзија од песната „Постела рози“ од групата Куку Леле, па наместо „за неа само постела рози“, пејат „за вас само к*р громовски“.На забавата присутен е и градоначалникот Јакимовски кои се забавува со присутните поддржувачи и пее заедно со нив.КЛИКНИ ТУКА ЗА ВИДЕО

Скопје | пред 4 години

01112021_PVRSM_sredba_Koalicija-3

Влада: Претставници на сите партии од парламентарното мнозинство потврдија дека мнозинството во Собранието е стабилно

Денеска на покана на премиерот Заев во Владата се одржа средба на претставници на сите политички партии кои го сочинуваат парламентарното мнозинство во Парламентот.Сите партнери од парламентарното мнозинство беа присутни на средбата и изразија поддршка на влада од ова парламентарно мнозинство. Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот.Заеднички се констатираше дека на Северна Македонија и на граѓаните на земјата не и се потребни предвремени парламентарни избори и дека такви избори единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции на Северна Македонија.Коалиционите партнери од парламентарното мнозинство се едногласни дека на Северна Македонија и е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза, со јасен евроатлантски курс на дејствување.

Македонија | пред 4 години

vlada-sednica23

Собранието чека на Заев, за оставката да стигне до Пендаровски

Оставката на премиерот Зоран Заев сè уште не е официјално испратена до Собранието.Од Собранието информираат дека премиерот на ја доставил оставката, па затоа на денешната координатива средба кај претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, не станало збор за следните чекори.На средбата во Собранието се зборувало за тоа колку пратеници станаа градоначалнници и за констатацијата на нивните оставки и влез на нови пратеници на нивното место. Станува збор за четворица пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ,еден од СДСМ и еден од Беса.

Македонија | пред 4 години

modularna-bolnica

13 лица го загубија животот поради короната, 309 оздравеа, 153 заболеа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.549 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 108, Куманово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 6, Битола – 5, Крива Паланка – 4, Виница – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе, Берово, Делчево и Пробиштип – по 1.Регистрирани сe 309 оздравени пациент од: Скопје – 120, Куманово и Велес – по 26, Кочани – 20, Штип – 18, Кавадарци – 16, Прилеп – 13, Битола – 11, Тетово – 9, Македонска Каменица – 7, Крива Паланка и Свети Николе – по 6, Гостивар – 4,Струмица, Кичево и Берово – по 3,Виница, Неготино, Делчево, Пробиштип, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 2, Ресен, Крушево, Демир Хисар и Пехчево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: по 2 починати лица од Прилеп (54 г и 63 г), Кавадарци (49 г и 70 г), и Демир Хисар (74 г и 77 г), по едно починато лице од Скопје (69 г), Кичево (58 г), Битола (61 г), Гевгелија (69 г) и Велес (79 г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени две починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021. Регистрирани се по едно починато лице од Скопје и Крива Паланка на возраст од 61 до 80 години,од кои еден е починат во болнички услови ,а еден е починат во домашни услови.Направени се 1.549 тестови преку: ИЈЗ – 31, ЦЈЗ Скопје – 10, ЦЈЗ Битола – 0, ЦЈЗ Прилеп – 0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8 Септември – 0, Институт за микробиологија – 0, Жан Митрев (Филип Втори) – 58, Авицена – 52, Биотек – 77, Систина-57, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност– 0, Генеа – 0, Никоб лаб – 226, ВФВ Медикал – 25, Ели Медика – 28, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 983.Досега во земјата се направени вкупно 1.386.978 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849, на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 88767, Активни 3399Куманово 12295, Активни 413Тетово 11025, Активни 144Прилеп 9505, Активни 291Гостивар 8005, Активни 23Битола 7465, Активни 245Велес 6823, Активни 321Кавадарци 6322, Активни 242Охрид 6176, Активни 187Штип 6183, Активни 205Струмица 5913, Активни 119Кичево 4105, Активни 70Струга 3843, Активни 43Кочани 3586, Активни 172Гевгелија 2564, Активни 88Неготино 2396, Активни 51Свети Николе 2023, Активни 83Крива Паланка 1654, Активни 140Радовиш 1601, Активни 49Ресен 1595, Активни 50Дебар 1453, Активни 3Берово 1257, Активни 37Делчево 1170, Активни 45Виница 1094, Активни 38Пробиштип 1027, Активни 68Валандово 858, Активни 25Кратово 650, Активни 31Богданци 586 24Крушево 549, Активни 13Демир Хисар 494, Активни 40Македонски Брод 477, Активни 2Демир Капија 410, Активни 1Македонска Каменица 361, Активни 38Пехчево 323, Активни 4Дојран 150, Активни 7

пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања